Page 1

Број 153

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Декември 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  МАЦЕФ истражува за Вас  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Исто како и минатата година Ви ја честитаме Новата Енергетски Ефикасна 2016 Година, придружена со сите празници. Декември е месец кога се средуваат завршните сметки, си ги честитаме успесите или се тешиме кога не сме добиле некоја работна задача, а силно сме ја посакувале. Но тоа е реалниот живот и така треба да биде! Како и досега, сакаме Вашето внимание да го насочиме кон нашите активности: На редовното годишно собрание, заклучивме дека 2015 година беше финансиски поповолна во споредба со претходната, но и дека 2016 ќе биде доста “напорна“ за да успееме да го реализираме финансискиот план. Успешно реализирана обуката на членовите на Агенцијата за енергетика за пресметка на заштеди на енергија според методите Од горе-надолу и Од доле-Нагоре. Редовни активности на меѓународните проекти Продолжува изработката на Програм за Енергетска ефикасност и Акционен план за општина Велес. На 3.12. во хотелот Александар Палас имаше грандиозна прослава на јубилејот од работата на Фондацијата Конрад Аденауер. За одбележување е идејата за организирање на средби за дискусија во Скопје и Берлин. МАЦЕФ успешно соработува со оваа Фондација и како Асоцијација и индивидуално преку своите членови и вработени. Со мало задоцнување и честитаме на проф. д-р Тодорка Самарџиоска на издавањето на книгата “Градежни материјали“, која е корисен прирачник не само за студентите, туку и за сите енергетски контролори! Ја приготвивме длабинската анализа на потрошувачка на енергија за објектот на болницата Филип Втори, во однос на применетите мерки за енергетска ефикасност. Се покажа дека планирањето и проектирањето можат ДВОЈНО да ја намалат потрошувачката на енергија и при услови на екстремни барања за потребите на болницата (и до 20 измени на воздух, сушење/влажење на воздух и сл.). Во Собранието на Македонија се заложивме за донесување одредба со која граѓаните ќе можат да си поставуваат фотоволтаични колектори (без голема администрација), како и враќање на законот за енергетска контрола на државните објекти и станови кои се изнајмуваат и продаваат! Иако сме загрижени како ќе се одвиваат работите во Македонија во 2016 година, сепак ние ќе ги реализираме сите наши обврски, исполнети со оптимизам дека работата и квалитетот секогаш ќе бидат ценети и наградени! А сега е време да наздравиме со Најдоброто од Македонија – чашка вино или ракија! Наздравје!!!! Поздрав до следниот број

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Годишно Собрание на МАЦЕФ за 2015 година на здружението МАЦЕФ На 29ти декември се одржа редовното Годишно собрание за 2015 година. Присуствуваа членови, симпатизери и соработници на здружението МАЦЕФ, а дел од поканетите заради неодложни работни обврски, посакаа успешна работа преку пораки. Во согласност со дневниот ред, собранието го отвори претседателот г-ѓата Јасминка Димитрова Капац, а генералниот секретар г-ѓата Македонка Димитрова ги презентираше реализираните активности. Членот на Претседателството проф. д-р Константин Димитров ги претстави годишниот финансиски извештај, финансискиот план за 2016 и програма за работа за 2016 година. На годишното собрание беа предложени и воедно изгласани измени и дополнувања на Статутот на здружението.

Планирано е да се купи дополнителна специјализирана опрема за дијагностички мерења. Планирано е целосно усвојување на две софтверски алатки кои служат за пресметка и верификација на заштеди на енергија одмерките за енергетска ефикасност M&V платформата, како и програмот LEAP кој нѝ служи за прогноза на потребите за енергија во сите сектори на општеството, вклучувајќи ги и обновливите извори на енергија. (КД) Заврши обуката за користење на методи Top-Down и Bottom-Up Обуката во период од еден месец, а со времетраење од 90 часа, ја завршија 5 кандидати. Сите добија уверенија за стекнатата обука. Сега очекуваме да се прифати од страна на Министерството за економија платформа за следење, пресметка и верификација (М&V&Е) на заштедите на енергија со мерки за Енергетска ефикасност. Да потсетиме дека енергетската ефикасност е најчистиот, најефтиниот ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРС на Македонија. (КД)

Проф. д-р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 153

Страница 2

Собрание на Република Македонија На 22 декември, на иницијатива на граѓанските здруженија, се одржа расправа во однос на иднината на политиката за енергетика во Македонија, со посебен осврт кон Нацрт Стратегијата за енергетика до 2035 година. Во дискусијата проф. К. Димитров се заложи за следново: 1. На граѓаните да се дозволи поставување на фотоволтаични сончеви колектори за сопствени потреби, без замрсена администрација; 2. Да се врати во сила законската одредба за енергетски контроли на сите згради што се продаваат или изнајмуваат, како и за државните објекти, која беше дискредитирана со законски амандман донесен итно, без јавна расправа во месец март 2015. (КД) Проект Streetlight-EPC На 9-ти декември се одржа вториот настан во рамки на проектот, а беше дел од овогодинешната манифестација Денови на енергетика 2015. Настанот го отворија г-ѓата Јасминка Димитрова Капац, проектен менаџер со воведна презентација за можностите и препреките на ЕСКо-моделот и г. Јовица Георгиевски кој укажа на најчестите пропусти во досегашните тендерски постапки во делот улично осветлување. Д-р Саша Максимовски ги претстави најразличните концепти за изводливи и одржливи ЈПП модели за модернизација на системите, г-динот Сашо Трајков и г-динот Александар Санев ги презентираа придобивките од направените реконструкции во општините Гази Баба и Кочани, а придобивките од направената реконструкција во општина Кочани ги претстави г-динот Валентин Топузов, од компанијата Раде Кончар-Контактори и Релеи. Настанот се одржа во организација на проектните партнери МАЦЕФ и Град Скопје. Темите кои беа презентирани на настанот побудија голем интерес и плодна дискусија кај присутните претставници од околу 15-тина општини од Република Македонија. Во тек се подготовките за редовниот состанокот на проектните партнери кој треба да се одржи во втората половина од месец јануари 2016 година во Брисел. Целта на овој состанок е утврдување на динамиката на реализација на проектните активности во периодот што следи. (ДТ) Повеќе... Проект REACH Во месец декември за реализација на работните активности се премина на изработка на тендерска документација за избор на институција и подготовката на договор за експертски услуги во делот на организација на посети на енергетски сиромашните домаќинства. Беа одржани и неколку состаноци со релевантните институции кои работат во секторот на социјална работа со енергетски сиромашни домаќинства со цел да се изнајде модел за спроведување на најголемиот дел на посетите кај овие домаќинства. Се одржаа и редовни интернет состаноци меѓу партнерите во проектот со цел подготовката на промотивната конференција за проектот РЕАЦХ во Брисел, но и за останатите тековни случувања. (ЖИ) Повеќе... Активна работа на РеПублик_ЗЕБ проектот МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Во минатиот месец проектот почна со подготовка на наредниот партнерски состанок, кој ќе се одржи на 18 и 19 февруари 2016 година во Хотелот Арена ди Сердика, Софија, Бугарија. Исто така, во изминатиот период МАЦЕФ продолжи со работата на анализата за прилагодување на софтверска алатка за

моделирање на оптимални пакети на мерки во однос на трошоци. (СП) Повеќе Активна работа на МултЕЕ проектот multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Во минатиот месец проектот почна со подготовка на наредниот партнерски состанок, како и состанокот на советодавното тело, кој ќе се одржи на 14 и 15 април 2016 година Сараево, Босна и Херцеговина. Во изминатиот период се продолжи работата на работниот пакет 2 – дефинирање на основните големини во методологијата Оддоле-Нагоре, како и работниот пакет 3: Препораки за поединечни држави за механизмот за координација. (СП) Повеќе GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк МАЦЕФ по втор пат е избрано како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund ili ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозоци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ) Училишен проект Во месец декември во рамки на проектот Училишен сервис се спроведоа две предавање во ОУ Вера Цири Вири Трена општина Карпош. Темата која беше обработена на двете предавањата беше: Разумно користење на електричната енергија и заштита, а присуствуваа две групи на ученици од различна возрасна група. Интересно е да се напомене дека двете групи имаа свои видувања и свои забелешки во однос на начините на создавање на електричната енергија во Република Македонија и во светот, како и разумното користење на енергијата воопшто. (ДТ) Изработка на Програма за ЕЕ и АП за Општина Велес Во месец декември двата тима на енергетски контролори на здруженито МАЦЕФ успеаа да ги посетат сите објекти кои се предмет на анализа на тригодишната програма за енергетска ефикасност (20162018). При посетата на објекти е направена детална проверка на системот за греење, системот за осветлување, елементите на обвивката на објектот и воедно беа направени термовизиски снимки. Во периодот што следи ќе бидат изработени сите 24 енергетските контроли, програмата за енергетска ефикасност и акциониот план за спроведување на предложените мерки за енергетска ефикасност на објектите и инсталациите. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 153

Страница 3

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 215/15 од 07.12.2015 година  Закон за дополнување на Закон за енергетика „Службен весник на Република Македонија“ бр. 217/15 од 11.12.2015 година  Закон за изменување и дополнување на Законот за градење „Службен весник на Република Македонија“ бр. 226/15 од 25.12.2015 година  Закон за дополнување на Законот за градење

Новости од Македонија

Стартуваше системот за греење од обновливи извори на енергија во ООУ ,,Вера Циривири Трена’’ Од оваа грејна сезона стартуваше системот за греење од обновливи извори на енергија во ООУ ,,Вера Циривири Трена’’. По тој повод, на 15.12.2015 се сретнаа раководителот на Одделението за енергетска ефикасност од општина Карпош, гдинот Љупчо Димов и членот на истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ, д-р Наташа Марковска, кои беа во заедничка обиколка на топлинската потстаница за греење со термални пумпи која функционира во рамките на ова училиште. По работната средба, г-динот Љупчо Димов ги образложи придобивките од ваквиот систем на греење кој функционира во ова основно училиште. - Ние сме една од ретките, а можеби и единствена локална самоуправа која има во план сите објекти кои се во надлежност на Општината, кои досега користат фосилни горива за загревање, да се преориентираат кон користење на обновливи извори на енергија. Тоа значи дека општина Карпош ќе ги редуцира трошоците за греење дури до 70%, но ќе има и огромно намалување на емисии на CO2 во воздухот. Новина во овој проект е тоа што студентите од Машинскиот факултет тука ќе оддржуваат практични вежби. На тој начин го шириме менталитетот и сознанијата за овие новитети, коишто ние во општината ги применуваме. Би додал дека во моментов, во рамки на нашата локална самоуправа, постојат 68 објекти кои користат ладење и загревање со вакви системи на обновливи извори на енергија – истакна Димов. (СП) Повеќе

Потпишан меморандум за соработка меѓу Македонија и Албанија во областа на енергетиката Македонија и Албанија се мали држави и имаат потреба од меѓусебно енергетско поврзување што е од интерес на двете земји. Овие проекти значат и нов регионален пазар во енергетиката што е добро за двете земји, но и за целиот регион, заклучија министерот за економија на Република Македонија Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Албанија, Дамиан Ѓикнури на средбата на 14.12.2015 во Струга, на која беше потпишан и меморандум за соработка меѓу двете држави во областа на енергетиката. Потпишувањето на овој договор ги потврдува сегментит на соработка во сферите на енергетска ефикасност, нафта и нафтени продукти, производство на електрична енергија преку мали хидроелктрани и ветерници. Преку потпишувањето потврдуваме дека ваквата соработка ќе продолжи и понатаму“, изјави Незири. (СП) Повеќе Нов проект на општина Битола „БИОФОС“ Овој проект се реализира преку ИПА-фондовите заедно со општината Битола. Проектот се состои во тоа што работи на принципот на преземање на топлинската енергија од теремоцентралата во Аминтео, со која со топлинска енергија се снабдува целата област. Со реализацијата на проектот „Биофос“, енергијата што ќе се добива од отпадната биомаса Битола ќе ја користи за производство на топлина за затоплување на спортската сала „Младост“, а не е исклучена можноста на тој начин да се користи енергијата и за загревање на некои училишта во Битола - вели Талески. Инаку, дека во Битола сериозно се размислува за решавање на проблемот со централното греење и искористувањето на топлинската енергија од термоблоковите на РЕК-Битола најдобра потврда е што во АД ЕЛЕМ во завршна фаза е изработката на проектот за централно греење на Битола, Новаци и Могила. (СП) Повеќе

Новости од светот Самит на првите 10 држави кои најмногу ја искористуваат обновливата енергија Светските лидери беа собрани во Парис со цел да се согласат за нов наследник на Кјото Протоколот. Целта е да се задржи зголемувањето на глобалните температури на максимум од 2 oC, притоа голем дел од лидерите бараат уште построги цели од 1,5 oC. Еден начин како да се постигне оваа цел е преку масовно распоредување на обновливата енергија. Неодамнешниот извештај од Меѓународната Агенција за енергертика (IRENA) откри дека постигнувањето на 36 % удел на обновливите извори на енергија до 2030та година би придонело за двојно намалување на емисијата на стакленичките гасови за задржување на сегашните цели од 2 oC. Соединетите Американски Држави имаат поволни можности да бидат водачи во употребата на обновливите извори на енергија. (БК) Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 153

Страница 4

Нова ветерна електрана во Полска Водечката светска компанија во искористувањето на обновливите извори на енергија, шпанската компанија Ацциона енергија (Acciona Energia) ја пушти во функција ветерната електрана Пониец II во Полска. Инсталираната моќност на ветерната електрана изнесува 30 MW, а годишното производство до 82 GWh. Компанијата Ацциона енергија (Acciona Energia) веќе има инсталирано три ветерни електрани во Поска, со вкупна моќност од 101 MW, а најавува и нови инвестиции во обновливите извори во Полска. (БК) Повеќе... Хрватска бележи ефикасност

пораст

во

секоторот

енергетска

Хрватска бележи пораст од 7,4% на извршените градежни работи на средните и мали претпријатија во третото тромесечје во однос на минатата година. Според податоците добиени од Државниот завод за статистика на Република Хрватска најголем удел има сообраќајната инфраструктура (35%), нестанбените згради со учество од (31,6%), а потоа следат цевководите, комуникациските и енергетските водови (16,9%) на станбените згради. Во ресорното министерство велат дека за порастот на градежните работи најмногу придонесла енергетската реконструкција на јавните згради. (БК) Повеќе...

Занимливости

Нова хибридно соларна технологија Компаниите Џабил (Jabil) и Гола Енергија (Naked Energy) развија нова технологија – Вирту со која може да се „зароби“ дури 85% од достапната сончева енергија, а се заснова на нов невообичаен топлински изменувач. Новата технологија вклучува соларни фотоволтажни ќелии кои што се инсталирани во вакуумски цевен колектор. Ова резултира со повисок електричен излез и подобри термички перформанси, додека пак производството на топлина и енергија од истата опрема резултира со поефикасна употреба на просторот, подобрена ефикасност, како и намалување на емисиите на јаглероден диоксид. Системот може да биде инсталиран на кос, закривен или рамен покрив како и на вертикални фасади и ѕидови. Неговиот дизајн ја отстранува потребата од дополнителни рамки, со што се искористува просторот, а воедно се влијае за намалување на трошоците за негова инсталација. Системот за интелегентна контрола им овозможува на корисниците да ги задоволат своите потреби за енергија според нивните барања. Двете компании започнуваат со производство на соларниот систем за потрошувачите во Велика Британија, Европа и Северна Америка. Првата инсталација на комерцијални пилот проекти е предвидена во почетокот на 2016та година, а со комплетно комерцијален пазар во текот на годината.(БК) Повеќе... Иновативна нова ветерна турбина од Исланд е доволно цврста за најсилните ветрови Исланд веќе функционира со употреба на 100 проценти од своите потреби за енергија со употреба на обновливи извори на енергија. Поголемиот дел од обновливата енергија во Исланд е од геотермалните извори, но научниците веќе подолго време работат на изнаоѓање нови начини со цел искористување на високиот енергетски потенцијал на ветровите. Пронаоѓачот г-дин Саетор Асгеирсон дошол до заклучок дека традиционалните ветерни турбини би се вртеле

без контрола. Според него единствениот начин да се реши овој проблем било да се создаде сосема поинаков вид на ветерна турбина. Овој тип на ветерна турбина CW1000 е поставена на вертикална основа со закривени лопатки. Уникатниот дизајн на лопатките и дозволува на ветерната турбина да ја искористи енергијата на ветерот на таков начин што нема да се врти со голема брзина што и претставува главен проблем кај традиционалниот изглед на ветерните турбини. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.reachenergy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/www.rec.org www.energy.eu www.republiczeb.org www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.rehau.com.mk www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk

Манифестации

Министерство за економија на Република Македонија 15 јануари 2016 Скопје, Македонија “Примена на платформата за мерење и верификација (MVP) во управувањето со политиките за енергетска ефикасност" – интелектуална работилница организирана од Агенцијата за енергетика во соработка со Министерството за еконмија и ГИЗ. Учествуваат експерти од Македонија и Хрватска. Самит и конференција за градско планирање и урбан дизајн на градовите/Градовите и градските планови: Минатото и иднината 8ми до 9ти април 2016 Истанбул, Турција Конференцијата ќе даде осврт на сегашноста, минатото и иднината како и на идните градови ширум светот за да се овозможи споредлив преглед. На конференцијата ќе може да се направи преглед урбаниот изглед на градовите почнувајќи од основното реконструирање на светската економија, па се до влијанието кое го имаат климатските промени врз градовите, предизвиците на планирањето се променија драматично. (БК) Повеќе... Оптимални иновативни стратегии, паметни енергетски мрежи 11ти до 13ти април 2016 Берлин, Германија На оваа конференцијата за прв пат во Европа ќе се отворат најгорливите прашања со коишто се соочуваат енергетските централи, прикажувајќи реални показни примери. Дали е помудро да се задржи фокусот на централизирани енергетски централи или да се премине на мешавина на децентрализирани технологии за производство на енергија? Ова е едно од многуте прашања на кои би можело да се добие одговор на настанот, овозможувајќи им на присутните слушатели да се стекнат со дополнителни познавања за тоа како да станат доверливи снабдувачи на енергија со дополнителни суштински услуги на своите корисници. (БК) Повеќе... Меѓународен научен и експертски состанок на експертите од областа на гасот 4ти до 6ти мај 2016 Опатија, Хрватска Тридневената меѓународна конференција за гасот, а воедно и саем, претставува еден од најголемите годишни настани посветени на гасот како енергенс во југоисточна Европа. На настанот ќе земат учество околу 500 експерти и менаџери од околу 200 компании, организации и институции од Хрватската енергетска и гасна индустрија и од околу 20тина други држави. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик:Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

153 infomacef