Page 1

Број 151

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  МАЦЕФ истражува за Вас  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! После подолго чекање, го добивме одговорот од страна на Министерството за Економија, а се однесуваше на ПОТРЕБА ЗА ИЗРАБОТКА ПРОЕКТИ ЗА ЕЕ при барање дозвола за градба. Иако го предвидуваме одговорот, сепак ни’ требаше и званична потврда. А тоа е НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРИГОТВУВААТ ТАКВИ ПРОЕКТИ. Не е законска обврска. Ако некој го постави прашањето “А зошто ги вадевме овластувањата за проектирање,

ревизија, надзор и градба на проекти и градби од секторот на ЕЕ“ одговорот е дека е тоа лично право и задоволство на секој

проектант да има голем број на овластувања, иако тие ни ги захтева законот, а Комората ги исполнува барањата на своите членови и им приготвува секакви овластувања. Со посебно внимание очекуваме било каква реакција на поставеното прашање во минатиот број т.е. коментар во смисол треба или не треба овластување за изработка на елаборати како дел од основен проект за градба. А особено ако е проследено и со поткрепа на својот став. Како и досега, редовно, сакаме Вашето внимание да го насочиме кон нашите редовни активности: Редовни активности на меѓународните проекти multEE, REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB. Недела на енергетика - Подготовка на акциски планови за адаптација на климатските промени. Во овој месец интензивно се подготвуваме за меѓународните средби – Меѓународната конференција за Снабдување со гас во Софија, како и средбата во Атина во рамките на проектот multEE при што реализацијата на задачите ќе биде контролирана т.е. на увид на меѓународниот Надзорен одбор. Не издвојуваме простор за коментари за “климатските промени во политиката“, затоа што сепак ние сме сериозна асоцијација. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Недела на енергетика: Подготовка на акциски планови за адаптација на климатските промени Во рамките на редовните Недели на енергетика кои МАЦЕФ ги организира, оваа година се пристапи кон нова форма – обука на целна група! На 08.10.2015 се одржа интелектуална работилница на тема

“Подготовка на акциски планови за адаптација на климатските промени“. Овој

акциски план е продолжение на СЕАП, преку кој општината подготвува мерки за адаптација на климатските промени, како надополнување на мерките за намалување на климатските промени дефинирани во СЕАП-от. Настанот е наменет за општините во Република Македонија. На настанот присуствуваа претставници на Град Дарувар од Хрватска, кој е еден од првите потписници на иницијативата „Градоначалниците Адаптираат“ (Mayors Adapt) на Европската Унија, како и обучувачот Виктор Гулаш, Будимпешта, Унгарија. Активно учество во земаа околу 30 претставници на општините во Македонија. Настанот беше во организација на фондацијата Конрад Аденауер и здружението Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Голема благодарност до фондацијата Конрад Аденауер за финансиската поддршка. (СП) Проект Streetlight-EPC Во месец октомври во рамки на проектот беше изработен проект за реконструкција на уличното осветлување во Општина Демир Капија. Изработката на овој проект спаѓа во рамките на работниот пакет 5 и е во согласност со зацртаните цели на работниот состанок во Сантандер, Шпанија. Воедно, во месец октомври се работеше на доработка на дел од проектни материјали од работните пакети 2 и 3, кои се дел од првиот проектен извештај. Во меѓувреме се работи на подготовките за организирање на вториот настан во рамки на проектот. Настанот ќе претставува работен состанок кој е предвидено да се одржи во втората половина на месец ноември. (ДТ) Повеќе... Четврт проектен состанок на проектот REACH На 13-ти и 14-ти октомври во Загреб се одржа четвртиот проектен состанок на партнерите од проектот REACH. На овој состанок присуствуваа претставници од ФОКУС Словенија, ДООР Хрватска и ЕАП Бугарија и секако МАЦЕФ од Македонија. Даниела Трпкоска и Жарко Илиевски беа претставници на Центарот за енеретска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Главната тема на состанокот беа активностите за креирање на плановите за ширење на политиките кои ги промовира проектот. Соодветно на програмскиот редослед, тоа се активностите од работните пакети 5 и 6. Исто така, во агендата на состанокот беа и разгледувањето на изминатите активности и проценка на постигнатите резултати со што се определија и повеќето индикатори за успешноста на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook

151 infomacef