Page 1

Број 148

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  МАЦЕФ Анализа  МАЦЕФ истражува за Вас  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец јули е месец на годишни одмори. Дел од вработените на МАЦЕФ го користат заслужениот одмор, а преостаните, засилено ги реализираме сите обврски, со зголемен напор и интензитет. Може да се види дека колешката Д. Трпкоска е најангажираниот член при подготовката на овој билтен – сите пофалби на нејзино име. Нашиот ред за одмор ќе биде во август! Заради годишните одмори, собирањето на информациите од институциите се одвива со зголемен напор и се одолговлекува. Но работата на анализата на оправданост за когенерација во блокот објекти околу болницата 8 Септември се одвива во континуитет. Меѓународната активност се реализира со несмалено темпо: Редовни активности на меѓународните проекти multEE, REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB. GGF – Green for Growth Fund На 14 јули во Министерството за Економија се одржа завршната дискусија за освежување и дополнување на Правилникот за енергетски контроли на згради, кој го изработи и презентира работна група составена од учесници од 4 земји: Англија, Грција, Хрватска, Србија (ECA, LDK Conultant, EIHP, Energy Saving Group, BRE) преку Европскиот здружен фонд за Западен Балкан. Земавме активно учество во првиот ден и се надеваме дека препораките ќе бидат внесени во завршниот документ. Отворивме и многу дилеми кои останува самите ние да си ги решаваме. Вториот ден беше посветен на детално објаснување на софтверот за пресметка на енергетски карактеристики на згради, приготвен на македонски јазик. Присуствуваа и двајца вработени од МАЦЕФ на оваа обука-објаснување. Овој софтвер, после неговото званично усвојување треба да биде прифатен како Национален софтвер за пресметка на енергетските карактеристики на зградите и со негова помош да се изработуваат потребните сертификати за енергетска ефикасност. Редовно се одвиваат работите и на хотелскиот комплекс Мериот. Како стандард многу често се појавуваат недоразбирања меѓу надзорот (нашата задача) и реализаторите во однос на квалитетот и обебзедување на потребните сертификати. Изградбата е во завршна фаза. Наша желба беше да ангажираме млади невработени кадри преку можноста која ја понуди Владата, имавме интервју со 3 млади перспективни машински инженери, но за жал, не ги исполнуваме пропишаните условите кои се бараат. Нашата перспектива е во зголемување на бројот на вработени во МАЦЕФ, како и на привлекување на млади инженери и студенти како волонтери, за заедничка полза. Очекуваме Ваше јавување Поздрав до следниот број

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект Streelight-EPC Во месец јули во рамки на проектниот работен пакет 3 беа остварени дополнителни контакти со неколку општини од Република Македонија. Во третиот работен пакет е предвидено да се направат листи за светилките и комплетното улично осветление во општините кои дале согласност за учество во проектот. Откако ќе бидат направени листите, МАЦЕФ како консултант за секоја општина посебно ќе направи анализа за замена на старите светилки и реконтрукција за системот за осветлување. Во анализата ќе даде јасна слика за нивото на заштеда на енергија, колку изнесува потребната инвестиција и за колку години ќе се направи повратот на инвестицијата. Освен тоа, дополнителна активност за МАЦЕФ овој летен период е изготвувањето на првиот извештај за проектот. Во овој извештај ќе бидат опфатени сите активности кои се направени досега и постигнатите резултати. (ДТ) Повеќе... Проект REACH Активностите на проектот REACH во месецот јули беа фокусирани на подготовка на два документи кои се основа за планирање на подоцнежните активности во проектот. Првиот од документите претставува Акциски план за намалување на енергетската сиромаштија на национално ниво, додека вториот документ претставува Акциски план на ниво на земји учеснички во проектот. Првиот се подготвува од страна на претставниците на МАЦЕФ, додека вториот документ претставува документ кој во една целина ги соединува македонските и меѓународните искуства во борбата против енергетската сиромаштија. Во тек се посети и на првите 100 енергетски сиромашни домаќинства кои се пријавени во проектот од страна на енергетските советници од ЕТУЦ „Михајло Пупин“.(ЖИ) Повеќе... РеПублик_ЗЕБ Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ

Проф. д-р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 148

Страница 2

од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Во меѓувреме, посетете ја интернет страната на проектот на http://www.republiczeb.org/ и преземете ги извештаите кои се подготвени како дел од активностите на овој проект! (СП) Проект МултЕЕ МултЕЕ проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Партнери на проектот, покрај Центарот за енергетска ефикасност на Македонија се и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (Германија), Универзитетот од Роскилде (Данска), Еколошки Институт (Германија), Агенција за енергетика на Австрија (Австрија), Енергетски институт Хрвоје Пожар (Хрватска), Институт за физичка енергетика (Латвија), Енергетски институт на Литванија (Литванија), Центар за обновливи извори на енергија и заштеди – КРЕС (Грција) и Агенција за енергетика и иновации на Словачка (Словачка). Општата цел на multEE е да се подобри квалитетот на следење на мерките за енергетска ефикасност и заштедите на енергија и хиерархиското ниво на реализацијата (monitoring). (СП) GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк Во рамки на изминатото тромесечие беше интензивирана соработката помеѓу МАЦЕФ и ХАЛКБАНКА, во однос на реализација на ГГФ Проектот во Република Македонија. Заинтересираноста на бизнис секторот за искористување на можностите кои ги нуди оваа кредитна линија е на повисоко ниво, па така беа изработени повеќе енергетски извештаи од страна на МАЦЕФ и воедно истите беа одобрени од страна на ХАЛКБАНКА. Здружението МАЦЕФ по втор пат е избрано како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој!ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозоци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ) Проект на УНИДО Во месец јуни започна новиот проект „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија“. Целите на проектот се: Намалување на емисиите на стакленички гасови од страна на индустријата во Македонија. Со проектот ќе се придонесе кон забрзана трансформација на пазарот во однос на енергетската ефикасност. Извршни партнери се: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика и Македонската банка за поддршка на развојот, РЕЦ канцеларија во Македонија, Македонски индустриски компании, Технолошко- металуршки факултет, USAID/Timel Proekt, USAID/Winrock Internat. Буџет на проектот изнесува USD 1 400 000, плус USD 5900000 за кофинансирање на мерки за ЕЕ. Времетраење на проектот: 2015-2018. Имплементациона агенција: UNIDO. ЗА УНИДО-Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО) е специјализирана агенција на Обединетите нации. Нејзиниот мандат е да се промовира и да се забрза одржлив индустриски развој во земјите во развој и економии во транзиција. Во последниве години, УНИДО ја презеде улогата во агендата за глобален развој, со фокусирањена нејзините активности за намалување на сиромаштијата, инклузивната глобализација и одржливост на

животната средина. Програмата на УНИДО Индустриска Енергетска Ефикасност е структурирана околу следните тематски области: системи и стандарди за управување со енергија; Оптимизација на енергијата на системот; Ниско ниво на емисивност на јаглерод и напредни процесни технологии; Заробување на јаглерод и складирање за индустриска примена. Проектна Структура:Компонента 1 Институтции & Закони: Се фокусира на Енергетска ефикасност, Законски Програми, Сертифициран кадар за големите енергетски потрошувачи, Потикнување за имплементација на EnMS/ISO 50001, Информација за IEE најдобри практични решенија и дисеминација,Индустриска енергетска алатка за управување со податоци, Проценка на индустриите, Зајакнување на институционалната експертиза за EE. Компонента 2 : Пазарни услуги, Вештини и Имплементација-Обука на локални IEE консултанти, Систем за управување со енергија (EnMS) во согласност со ISO50001, Оптимизација на систем на пареа (SSO), Оптимизација на системи за компримиран воздух (CASO), Обука на компании, Имплементација на EnMS, SSO and CASO, Интеграција на ISO50001и ISO14001. Компонента 3: Подобрување во секоторот на инвестициите-Техничка подршка при подготовка на IEE инвестициони предлози и проценка, Обука на локални IEE консултанти, Обука на службеници од македонски банки.(ЈДК) „Физибилити студија за изградба на когенеративна постројка за производство на електрична енергија, топлинска енергија за греење и техничка пареа“ Здружението МАЦЕФ во месец јуни започна со реализација на проектот изработка на „Физибилити студија за изградба на когенеративна постројка за производство на електрична енергија, топлинска енергија за греење и техничка пареа ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје со сите придружни спортски содржини во комплексот, Здравствен дом – Поликлиника Букурешт, ПЕТ Центар и други објект“-финансиран од Министерството за здравство на Република Македонија. Во изминативе два месеци активно се работи на собирање и анализа на податоците за потрошувачката на енергија во овие објекти. (ДТ)

МАЦЕФ Анализа

Можности на технологиите за концентрирање на сончевата светлина при производство на електрична енергија во Македонија Република Македонија е една од земјите која настојува да излезе во пресрет на европските политики за искористување на обновливите извори на енергија од сите видови со цел да ги намали емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата и да ја намали зависноста од фосилните горива. За таа цел Република Македонија се приклучи кон стратегијата за одржлив развој Европа 2020 која вклучува 5 амбициозни цели меѓу кои развој на иновации, ограничување на емисиите на стакленични гасови, упортеба на обновливи извори за 20% од домашните портеби за електрична енергија како и зголемување на ефикасното искористување на електричната енергија за 20%. Според истражувањата спроведени на територијата на Република Македонија во изминатите години, од сите обновливи извори на енергија како извори со најголем потенцијал се истакнуваат сончевата и хидро енергијата. Меѓутоа, теоретскиот потенцијал на сончевата енергија е далеку поголем од хидропотенцијалот. Кога станува збор за сончевата енергија, во светот постојат многу технологии за експлоатирање на овој неисцрпен, природен и обновлив ресурс. Овие технологии се делат на технологии кои директно го трансформираат сончевото зрачење во електрична енергија како и технологии кои го користат топлинскиот потенцијал на сончевото зрачење па преку термодинамички процеси произведуваат електрична енергија. Од технологите кои директно го претвораат сончевото зрачење во електрична енергија најпознати се фотонапонските панели, а од технологиите кои ја искористуваат сончевата топлина најпознати се концентрационите системи за производство на електрична енергија како и сончевите колектори за загревање вода. Концентрационите системи најчесто користат огледала

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 148

Страница 3

или леќи за да концентрираат голема површина сончево зрачење или сончева термална енергија во помал соларен приемник. Најпознати од овие технологии се параболичните корита, соларните кули, рамните рефлектори и концентраторите со стирлинг мотори. Првите идеи за овие технологии потекнуваат од средината на минатиот век. Првиот ваков проект почнал да се реализира во 1970-та година под името Solar One во пустината Мохаве, Калифорнија. Овој проект на почетокот користел многу огледала кои го концентрирале сончевото зрачење во единечна точка на врв на кула каде што се произведувала топлина која пак придвижувала парна турбина. Проектот бил функционален во 1981 година и имал капацитет од 10 МW, користел 18000 хелиостати, секој со зафатнина од 4m2. Вкупната површина на сите хелиостати била 72600m2. По неколку години, со развојот на технологијата, проектот бил надграден во Solar Two. Поради големиот успех, шпанската компанија Solar Tres Power Tower ја искористила оваа технологија за комерцијално производство на електрична енергија. Од тогаш секоја година капацитетите базирани на концентрирање на сончевото зрачење се зголемуваат.Според последните истражувања овие технологии се поконкурентни од фотонапонските панели поради тоа што се поевтини. Фондација финансирана од Европската Унија, Desertec, има во план да ги здружи силите со повеќе држави во светот за да се изградат повеќе концентрациони и ветерни електрани со инсталиран капаитет на секоја од нив од неколку гигавати. Тие се планирани да бидат изградени во пустината Сахара и би произведувале енергија за поголемиот дел од Европа и регионот (Desert power 2050).Овие технологии исто така имаат повеќе предности кои ги прават да бидат конкурентни помеѓу останатите технологии. Некои од поважните предности се: сонцето е обновлив извор на електрична енергија кој е бесплатен, одржлив и флексибилен; исто така лесно може да се предвиди аголот, времетраењето и интензитетот на сончевото зрачење; овие технологии имаат потенцијал да произведуваат електрична енергија само од сонце, без емисија на гасови, со полн капацитет и до 24 часа на ден; можат да се постават на жешки, суви и терени каде што нема жив свет; Користи добро позната технологија која е развиена и многу достапна (мотор, турбина, огледала); оперативните трошоци се ниски; висока ефикасност; скалабилност; редуцираат емисии на стакленични гасови; високите температури можат да се искористат и за други намени како на пример греење; овие технологии од ден на ден се повеќе се развиваат, а инсталираната моќност во изминатите години расте експоненцијално. Токму овие карактеристики ги прави многу конкурентна технологија за имплементирање во Македонија, но и поради нискиот интерес за фотоволтаици како и ограничените фидинг тарифи. Александар Димески, Студент на ФИНКИ

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС „Службен весник на Република Македонија“ бр. 110/2015 од 30.06.2015 • Одлука за одобрување на регулиран максимален приход за вршење на регулирана енергетска дејност производство на електрична енергија на АД ТЕЦ НЕГОТИНО во државна сопственост, Неготино за 2015 година • Одлука за одобрување на регулиран максимален приход и цена за вршење на регулираната енергетска дејност производство на електрична енергија на АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје за 2015 година • Одлука за одобрување на регулиран максимален приход, регулирана просечна тарифа и тарифи за пресметковни елементи за 2015 година, како и основен приход за 2015, 2016 и 2017 година за вршење на регулираната енергетска дејност дистрибуција на електрична енергија на ЕВН Македонија АД Скопје • Одлука за одобрување на регулиран максимален приход и регулирана просечна тарифа за 2015 година за вршење на регулираната енергетска дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, АД МЕПСО Скопје • Одлука за одобрување на основен приход за 2015, 2016 и 2017 година, регулиран максимален приход за 2015 година, регулирана просечна тарифа и тарифи за пресметковни елементи за 2015 година за вршење на регулираната енергетска дејност пренос на електрична енергија на Операторот на електропреносниот систем на Македонија АД МЕПСО – Скопје

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Република Македонија дел од Регионалната иницијатива за гасно поврзување На 10 јули Министерството за економија на Република Македонија го потпиша Меморандумoт за разбирање за Заеднички пристап за решавање на диверзификација на природниот гас и предизвиците на безбедноста на снабдување. „Иницијативата за гасно поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC) има за цел унапредување на диверзификацијата на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот, по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, преку заедничко ангажирање на сите земји членки на ЕУ и на Договорните страни на Енергетската заедница. Со неа практично ќе се обезбеди снабдување со потребните количини на природен гас на сите потрошувачи во регионот на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Република Македонија“, истакна министерот Беким Незири на прес конференцијата која се одржа по тој повод. (ДТ) Повеќе... Договор за изработка на Национална стратегија за заштита на природата На 29.7.2015 беше потпишан Договорот за за изработка на Национална стратегија за заштита на природата. Според договорот, покрај Националната стратегија за заштита на природата, ќе биде изработена и Студија за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија. Изработката на Национална стратегија за заштита на природата претставува само една компонента од проектот „Програма за зачувување на природата во Македонија“, кој има за цел да поддржи активности за зачувување на биолошката разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивно одржливо управување и користење. Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект координиран од „Helvetas Swiss Intercooperation“ од Швајцарија и „Фармахем“ од Скопје, а е финасиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во Македонија. Изготвувањето на Стратегијата за заштита на природата е предвидено и во Стратешкиот план на МЖСПП

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 148

Страница 4

(2015-2016г.), во Националниот еколошки план (НЕАП 2) и во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, во делот за природа (2015г.).(ДТ) Повеќе... МЕПСО заврши 75% од градежните работи на македонско-српскиот 400 kV далекувод Целосно се монтирани 80 столбови од 400 kV далекувод од ТС Штип до македонско-српската граница, а досега се завршени околу 75% од сите предвидени градежни работи, констатира работната група од МЕПСО предводена од м-р Синиша Спасов, генералниот директор на компанијата во работната посета долж трасата на далекуводот. Досега се подигнати вкупно 100 столбови од кои во целост се монтирани 80 столбови, а на 20 столбни места во тек е финална фаза на монтажа на конзолите на челично решеткастите столбови. (ДТ) Повеќе... Паркот на ветерни електрани „Богданци“во редовно производство на електрична енергија На почетокот на месец јули, паркот на ветерни електрани „Богданци“ лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, официјлано влезе во редовно производство на електрична енергија по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси. Во периодот од вклучувањето во пробна работа во април 2014 година, до почетокот на јули 2015 година, паркот на ветерни електрани кон електроенергетскиот систем на земјава испорача повеќе од 135 GWh електрична енергија. Овој енергетски капацитет само во првите 11 месеци од работењето го испорача проектираното годишно производство од 100 GWh електрична енергија. Во првата половина од годинава ветерниот парк „Богданци“ произведе 65 GWh електрична енергија односно 70 % од вкупно планираното производство за годинава.(ДТ) Повеќе...

Новости од светот

Европската комисија со нови мерки за енергетска ефикасност Европската комисија во месец јули усвои пакет мерки за заштеда на енергија кои се дел од стратегијата на Европската Унија. На 15-ти јули беше одржана конференција на која беа презентирани предлозите за нов договор за корисниците на енергија, редизајн на европскиот пазар на електрична енергија, ажурирање на етикетата за енергетска ефикасност и ревидирање на системот за тргување со емисии. Според Европската комисија пакетот мерки претставува главен чекор кон спроведување на стратегијата за енергетската унија, а е во согласност со политиката за климатските промени. Дадените предлози го истакнуваат принципот „енергетска ефикасност на прво место“ и ги става домаќинствата и компаниите во центарот на европскиот енергетски пазар. (ДТ) Повеќе...

Занимливости

Најчесто поставувани прашања за електричните автомобили Зошто комерцијалните автомобили исчезнаа за повеќе од половина век?- Има две големи причини: дометот и цената за производство. Автомобилите напојувани од бензин можат да патуваат многу подалеку од нивните конкуренти - електричните автомобили. Исто така работата на Хенри Форд за масовно производство на Модел Т ги направи бензинските абтомобили поевтини. Резултатот речиси ги избриша електричните автомобили од историјата за речиси 100 години. Дали електричните автомобили се навистина по пријателски за околината отколку бензинските автомобили? Ова е комплицирано прашање но генерално одговорот е да. Батериите на електричните автомобили мора да бидат наполнети и таа електрична енергија мора да дојде од некаде. Ако електричната енергија доаѓа од термоцентрала на јаглен, тогаш електричниот автомобил е сеуште дел од циклусот на загадување иако самиот не произведува стакленични гасови. Како и да е, многу е полесно да се контрилира загадувањето на една точка (кај термоцентралата), отколку кај флота возила. Исто така овие возила можат да се полнат и од обновливи извори на енергија како што се фотонапонските панели и хидро енергијата. Колку далеку може да вози електричниот автомобил со едно полнење? Зависи од автомобилот, но просечно дометот на еден автомобил е 130 km со едно полнење. На пример

електричниот автомобил Tesla Model S може да достигне и до 480 km со едно полнење. Кој е рокот на траење на електричните автомобили? Тоа зависи од типот на батеријата која ја користите. Батериите со киселина (акомулатори) кои се наоѓаат во бензинските автомобили максимум може и да траат една година. Додека пак, литиумжелезо-фосфатните батерии кои се наоѓаат во електричните автомобили можат да траат и до 10 години.Зошто електричните автомобили се скапи? Најголем дел од цената на електричните автомобили е батеријата. Доколку сакате да ја замените, тоа би чинело неколку илјади евра. Големо влијание има и малата побарувачка за разлика од бензинските автомобили, електричните автомобили сеуште не можат да добијат намалување на цената поради економија на обем. Но, во иднина се очекува цените драстично да се намалуваат. Александар Димески, Студент на ФИНКИ

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.reachenergy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/www.rec.org www.energy.eu www.republiczeb.org www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.comwww.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

8-ми Балкански форум за финансирање во енергетскиот сектор 20 до 21 октомври 2015 год. Белград, Република Србија 8миот Балкански форум има за цел да ги обедини клучните лица од приватниот и јавниот сектор од Енергетската индустрија, воедно да ги поттикне прашањата со кои се соочува развојот на пазарот во однос на тековните трансформации и безбедноста при снабдување со енергија. (ДТ) Повеќе... Европски стратешки определби: Градење на просперитет и безбедност 5 до 7 ноември 2015 год. Берлин, Германија Целта на оваа конференција е да се отвори дијалог помеѓу политичарите, бизнис лидерите и академиците, за тоа како Европските земји ќе одговорат поединечно или заеднички на глобалните предизвици. Истотака, ќе се направи увид на развојот помеѓу Европа и нејзините соседи во однос на 3 теми: безбедност, просперитет и енергија.(БК) Повеќе... Балкански форум за финансирање во секторите енергетика и инфраструктура 10 до 11 ноември 2015 год. Загреб, Хрватска Главни теми на настанот се: Националните и регионалните стратегии за развој на енергетиката и инфраструктурата; Финансиски можности за енергетски и инфраструктурни проекти; Инфраструктурни долгови и финансирање на проекти;Правни аспекти на развој на енергетски и инфраструктурни проекти во Хрватска и на Балканот; ЈПП проекти – потенцијал или замка. (БК) Повеќе... Конференција за млади истражувачи 24 до 25 февруари 2016 год. Велс, Австрија Оваа конференција е посветена на следната генерација на професионалци и експерти, каде што ќе се претстави работата и постигнувањата на младите истражувачи во областа на енергетската ефикасност и енергија генерирана од биомаса. Конференцијата за Млади Истражувачи ќе се одржи во рамките на World Sustainable Energy Days во Велс/Австрија. Организаторот ги покрива трошоците за сместување, оброци, учество и локален превоз за 60 избрани учесници. (ЈДК) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, А. Димевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

148 Infomacef