Page 1

Број 147

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јуни 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:  Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Пред се се извинуваме што нашиот веб портал не е во вункција определено време. Причина е промената на провајдерот (пререгистрација) и потребата целиот веб да го оформиме со нов пристап, за полесна меѓусебна комуникација. Во меѓувреме следете не’ на фејсбук ! МАЦЕФ продолжува со својата дејност во секторот на когенерација. Во рамките на изработката на Студијата за когенерација, остварени се технички посети на објектите кои треба да бидат опфатени и тоа: Болницата 8 Септември, спортската сала “Борис Трајковски“ (со придружните содржини – пливачки базен и аква-парк), поликлиниката “Букурешт“ (придружена со објектот на Брза помош), како и документацијата за ПЕТ центарот. Првите показатели се дека постои знатна потреба за топлинска енергија во зимскиот период, но во летниот период значително помалку, единствено за потребите на Болницата. Понатамошната техно-економска анализа треба да покаже дали е економски оправадано да се вгради когенеративна постројка и со кој капацитет. Нашата меѓународна активност се реализира со несмалено темпо: Редовни активности на меѓународните проекти HORIZON 2020 -multEE, и во проектот Inteligent Energy: REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB. Во рамките на ЕУ проектот “Strengthening the Administrative Capacity of the Energy Department in the Ministry of Economy and the Energy Agency“, организиравме 4 дневна, целодневна обука со претставниците на Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Стопанска комора на Македонија – Прв состанок на Здружение за енергетика - Енергетските предизвици на Република Македонија. Во меѓувреме го продолживме договорот за учество во проектот GGF (Green for Growth). Нашата услуга за Инвеститорот е бесплатна. Посебно треба да се одбележи манифестацијата која беше организирани од страна на здружението ЗЕМАК, насочена кон потенцијалите и потребите за други политики во секторот на искористувањето на резервите на јагленот во Македонија. На сите што ќе ги користат деновите од летниот одмор во месец јули им пожелуваме квалитетен одмор т.е. „да ги наполнат батериите“. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко.

МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект Streetlight-EPC Во рамки на петиот работен пакет во месец јуни беа остварени дополнителни контакти со Општината Кратово во врска со пополнување на прашалникот за моменталната состојба на системот за улично осветлување во општината , а на 15ти јуни во Општината Демир Капија се одржа работен состанок помеѓу претставници од проектот Streetlight-EPC и претставници од општина Демир Капија. На состанокот беше дефинирано во рамки на проектот за општината да бидат изработени два документи, и тоа: една нацрт тендерска документација за јавна набавка реконструкција на уличното осветлување и нацрт договор за јавната набавка помеѓу општината и приватна компанија. Тендерската документација ќе опфаќа реконструкција на уличното осветлување со замена на постеочките светилки со ЛЕД Светилки. Во наредниот период тимот ќе биде ангажиран за изработка на споменатите материјали за општината Демир Капија, воедно се надеваме дека ваквата соработка ќе ја прошириме и со другите општини. (ДТ)Повеќе... Подготовка на потребни документи за целите на REACH Активностите на проектот REACH изминатиот месец беа реализирани со цел изготвување на потребните документи согласно работниот план. Во таа насока, членовите на МАЦЕФ кои се дел од овој проект ги изготвија редовните полугодишни извештаи за веќе спроведените активности, административните протоколи и соодветните документи од предметната проблематика. Во тек е привршувањето на прирачникот за енергетски советници кој подоцна треба да биде одобрен од соодветното тело на Македонското министерство за образование и наука. Во таа насока паралелно ќе се приготвува информатор за останатите средни училишта којшто ќе има и едукативен и промотивен карактер. Во тек се и првичните активности за подготовка на краток видео клип кој ќе се реализира за целите на промоција кај домаќинствата учесници кои се предмет на овој проект, но и пред пошироката јавност.(ЖИ)Повеќе... РеПублик_ЗЕБ – Втор информатор на проектот Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 147

Страница 2

сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Вториот информатор ќе го добиете во текот на месец Јули. Истиот ќе ги содржи резулататите на проектот во изминатите шест месеци, како и информации за 2 објекти, показни примери за нЗЕБ, кои проектните партнери ги посетија на последниот состанок во Атина. Во меѓувреме, посетете ја интернет страната на проектот на http://www.republiczeb.org/ и преземете ги извештаите кои се подготвени како дел од активностите на овој проект!(СП) Проект multEE multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт 2020 програмата. Партнери на проектот, покрај Центарот за енергетска ефикасност на Македонија се и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (Германија), Универзитетот од Роскилде (Данска), Еколошки Институт (Германија), Агенција за енергетика на Австрија (Австрија), Енергетски институт Хрвоје Пожар (Хрватска), Институт за физичка енергетика (Латвија), Енергетски институт на Литванија (Литванија), Центар за обновливи извори на енергија и заштеди – КРЕС (Грција) и Агенција за енергетика и иновации на Словачка (Словачка). Општата цел на multEE е да се подобри квалитетот на следење на мерките за енергетска ефикасност и заштедите на енергија и хиерархиското ниво на реализацијата (monitoring). Во последниот месец, проектот multEE подготви анкета истражување на целни групи, која преку одбрани прашања имаше за цел да го истражи нивото на квалитет на информациите, во зависност од нивниот извор. Целта на истражувањето беше да се подобри нивото на квалитетот на информациите кои целните групи ги добиваат, а се неопходни за нивната работа.(СП) Здружение за енергетика при Стопанската комора На 17.6.2015 г. Здружението за енергетика при Стопанската комора на Македонија, во рамките на своите активности ја организираше Првата промотивна конференција на тема Енергетските предизвици на Република Македонија. Конференцијата ја отвори претседателот Д-р Ристо Јанев, а свои презентации имаа г-дин Дејан Бошковски (ген.дир. ЕЛЕМ), г-дин Синиша Спасов (ген.дир. МЕПСО), г-дин Штефан Петер (претседател на ЕВН Македонија), проф. Д-р Константин Димитров (МАЦЕФ) со тема Енергетска ефикасност, предизвици и законска регулатива, гдин Крсто Миладинов, (дир. МЕР) Училишен проект – проект ЕВН Во рамки на летниот период активностите на Училишниот проект за организациите кои се вклучени во спроведувањето на проектот продолжуваат, со изработка на Финалниот годишен извештај и организација на последните активности за овогодинешните учесници во Зелените клубови. Во месец септември се предвидени следните активности: посета на ХЕЦ Матка за учениците кои освоија прво, второ и трето место на квизот и доделување на благодарниците за сите ученици во зелените енергетски клубови. (ДТ)

GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк Здружението МАЦЕФ по втор пат е избрано како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! Придобивките од овие кредити се следни: Намалување на ризикот на инвестицијата преку проверка на валидноста на проектот (енергетска ревизија); Намалување на потрошувачката на енергија резултирајќи во намалени трошоци за енергија и зголемена профитабилност; Модернизација на технологијата и опремата резултирајќи во поголем капацитет за производство и подобрен квалитет на производот. Подобрена вредност и имиџ на компанијата поради придонесите кон намалувањето на емисиите на СО2 и кон Стратегијата на Македонија за Енергетски Развој до 2030 година; Достапна техничка поддршка за енергетска ревизија и дизајнирањето на концептот врз основа на големината и сложеноста на проектите. Единствената експертска поддршка ја добивате од МАЦЕФ. Нашата услуга за Инвеститорот е бесплатна. ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е 5,5%, со рок на отплата до 5 години, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит... и до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредити... За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија- МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk.(ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија. Годишна членарина: 24 000 денари ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 147

Страница 3

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Од месец јуни 2015 година започна реализацијата на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии“. Целта на проектот е спроведување на конкретни мерки во примената на системите за управување со енергијата и енергетските ресурси, за намалување на емисиите на стакленички гасови од страна на индустрискиот сектор. Според заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски спроведувањето на овој проект се очекува да придонесе кон зајакнување на националните капацитети и зајакнување на политиките за енергетска ефикасност во индустријата, како и дополнување на постојната законска рамка во оваа сфера. Со тоа ќе се создадат услови за зголемено инвестирање во енергетска ефикасност во индустријата. Проектот се спроведува од Програмата на Обединетите Нации UNIDO во соработка со Регионалниот центар за животна средина – канцеларија во Македонија, а корисници на проектот се Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика и Македонската банка за поддршка на развојот. Проектот е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд (GEF).(ДТ) Повеќе... Адаптацијата и митигацијата во фокусот на Втората меѓународна конференција за климатски промени Втората меѓународна конференција за климатски промени се одржа од 8 – 10 јуни во х. Инекс Горица во Охрид. На отворањето на конференцијата свое обраќање имаа министерот за животна средина и просторно планирање, г. Нурхан Изаири, амбасодорот на САД, Н.Е. Џес Бејли и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Според министерот, конференцијата се организира во вистинско време, во услови кога сеуште се справуваме со еколошките, социјалните и економските последици предизвикани од неодамнешните екстремни временски непогоди кои ја зафатија не само Македонија, туку и регионот во целина и кога Република Македонија, како дел од меѓународната заедница презема напори за успешен климатски Договор во Париз на крајот годината. Конференцијата беше во организација на Милиеуконтакт Македонија, во рамките на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени. Овој проект овозможува креирање на локални стратегии за климатски промени во 10 општини во државава, со што националната агенда се преточува во локални акции. Конференцијата отвори можност за размена на искуства и знаења со меѓународни активисти, експерти и практичари од областа на адаптацијата и митигацијата кон климатските промени, со експерти за одржлив развој и со граѓански организации од државата и од регионот. Ваквата соработка е од клучно значење за унапредување и координација на активностите во областа.(ДТ)Повеќе... Општина Центар поставува нова, енергетски ефикасна фасада на зградата кај Сава-Крањ Општина Центар ја започнува реконструкцијата на осмата фасада на зградата која се наоѓа кај Сава-Крањ (спроти Т.Ц. Рамстор), на булевар Мито Хаџивасилев – Јасмин бр. 30. Во консултација со жителите, избрано е богато, колоритно решение кое го задржува автентичниот изглед на фасадата. Жителите се задоволни бидејќи, конечно ќе биде заменет долгогодишниот урнисан изглед на фасадата, која велат дека е градена во далечните 50-ти години од минатиот век. Зафатот, кој го прави општина Центар, е на 4200 m2. Граѓаните, освен нова модерна фасада, на зима ќе добиваат и за 1/3 пониски сметки за греење. Ова е дел од проектот за изработка на термички фасади со енергетска ефикасност на станбените објекти на територија на општина Центар.(СП)Повеќе

Реконструкција на училиштето „Круме Кепески“ Општина Кисела Вода Општина Кисела Вода ќе го реконструира училиштето “Круме Кепески”. Проектот, има за цел да овозможи подобрување на условите во основното училиште, преку примена на мерки за енергетска ефикасност, што е стратешка насока на оваа локална самоуправа. Воедно, ова е проект, што ќе се спроведе како дел од програмата на Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода, а во кој средствата за негова реализација, во износ од вкупно 11.300.000 денари, се обезбедени од три субјекти. Ќе се искористат буџетски средства на општината, парични средства од приватна компанија и од меѓународна институција. За замена на постојните со нови фасадни столарски и браварски елементи и замена на дел од застаклените површини, општина Кисела Вода ќе инвестира од сопствениот буџет околу 4 милиони денари. Паричните средства за изведба на фасадна топлинска изолација, во вредност од 3.800.000 денари ги обезбедува АД Цементарница Усје, како дел од нивната стратегија за општествена одговорност. Оваа компанија, преку ставањето на потписот за уште една соработка со општината, во спроведувањето на мерките за подобрување на условите за живот и работa на жителите на Кисела Вода, во случајов, учениците од ООУ „Круме Кепески“, уште еднаш ќе ја потврди својата политика на одговорно корпоративно општествено работење. Третата фаза од обновата на објектот на училиштето опфаќа замена на постојниот покрив и топлинска изолација на кровната плоча, што ќе се работи во финансиско партнерство со УНДП. Со оваа меѓународна институција, општина Кисела Вода веќе има остварено повеќе успешни проекти на полето на енергетската ефикасност. За можноста преку уште една соработка, да се поддржи и инвестира во енергетската ефикасност, како стратегија за развој на општината, овие две институции веќе го потпишаа договорот, кој е во вкупна вредност од 3.500.000 денари. Градежните активности за реконструкција на објектот на ООУ „Круме Кепески” ќе течат во текот на летниот период, за време на летниот распуст, со што, учениците кои тука посетуваат настава, новата учебна година ќе ја започнат во реконструиран објект. ООУ “Круме Кепески” е изградено во 1961-та година. Во него настава посетуваат околу 700 ученици.(СП) Повеќе Карпош прва општина со регистар на станбени згради и управители, како и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на станбениот фонд Карпош е првата македонска општина со регистар на станбени згради и регистар на управители на станбени згради. Регистарот денеска свечено беше презентиран пред 14-те претседатели на урбаните и месните заедници на територија на општина Карпош. На почетокот на април годинава „Хабитат Македонија“ и општина Карпош започнаа со собирање податоци за регистар на станбени згради и регистар на управители, како и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на станбениот фонд во општината. Оваа комплексна активност се спроведе во рамките на проектот на УСАИД и „Хабитат Македонија“ за енергетска ефикасност за секторот домување, каде општина Карпош е една од трите пилот-општини во кои се спроведува и е првата во која активностите успешно завршија. Посебен акцент на проектот е ставен на унапредување на квалитетот на домување во колективни станбени згради.Повеќе Во ЈИЕ поисплатливо е да се вложи во обновливи извори на енергија Според енергетскиот модел за седумте земји од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), меѓу кои и Македонија, се покажа дека технички е изводливо во ЈИЕ да се постигнат ЕУ климатските цели за 2050-та (намалување на емисиите за 80 отсто до 2050 година). За да се

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 147

Страница 4

постигнат овие ЕУ цели за 2050 треба да се затворат термоелектраните и истите да се заменат со обновливи извори на енергија. Втор значаен резултат од моделот е дека за земјите од ЈИЕ поевтино е да ги применат климатските цели на ЕУ за 2050 отколку да продолжат да инвестираат во термоелектрани. Моделот исто така покажува дека со следење на климатските политики на ЕУ до 2050, земјите од регионот не само што ќе ги намалат своите емисии, туку ќе оневозможат дополнителни здравствени трошоци како последица од климатските промени. Енергетскиот модел, исто така, покажува дека со регионална соработка визијата да се постигнат климатските цели на ЕУ и со тоа да се има одржлива енергетска реалност со нови работни места може да стане реалност. Моделот кој развива нискоемисивни сценарија до 2050 година, е подготвен во рамките на проектот СЕЕ СЕП, во кој Аналитика учествува од самиот почеток, и се темели на јавни податоци и консултации со над 500 чинители. Енергетскиот модел првобитно е развиен од Одделот за енергија и климатски промени на Обединетото Кралство. Искуствата од таму укажуваат дека дискусијата за енергетските прашања е поквалитетна ако истата е отворена. За таа цел овој модел е од отворен карактер и секој чинител или граѓанин може да го погледне и да го користи. Овој модел, беше презентира нво рамки на конференцијата во Европската комисија во Брисел како дел од Енергетската недела на ЕУ.(ЖИ) Повеќе...

Новости од светот

Подобри изменувачи на топлина користејќи кеси за отпадоци Пластиката која што се користи за да се направат кеси за отпадоци создава добра основа за создавање на ниско температурни изменувачи на топлина. Г-динот Joshua Pearce којшто е истражувач на Технолошкиот Универзитет во Мичиген, соработуваше со група којашто е финансирана од Енергетската агенција за напредни истражувачки проекти. Неговиот тим помогна во дизајнирањето и создавањето на изменувачите на топлина засновани на пластика кои би можеле да се користат во енергетските централи. Клучот е во експандирањето на микро структури, вели г-динот Pearce којшто е вонреден професор за материјални науки и инженеринг заедно со компјутерски и електричен инженеринг на Универзитетот во Мичиген. Ги конструира слоевите на изменувачот поединечно слој по слој со помош на ласерски заварувач. Со тоа се создаваат микро канали кои им овозможуваат на воздухот или водата да поминат низ нив, а со тоа се пренесува топлината од жешката страна на студената страна на изменувачот на топлина.(БК) Повеќе...

Занимливости Започна повик за кофинансирање на проекти за заштита на животната средина од програма Life Објавен е јавен повик за доставување на барања за кофинансирање на проекти од ЕУ програмата Life за 2015та година. „За одржливиот развој на Хрватска важни се сите извори од кои што може да се финасираат проекти за заштита на животната средина. Преку ЕУ програмата Life до 2017-та година на располагање се околу 155 милиони куни. Програмата е наменета за развој и спроведување на проекти за заштита на животната средина. За кофинансирање на овие проекти потребно е да се обезбедат и 40% финансиски средства од сопствени извори. За да се олесни спроведувањето на овие проекти на носителите на проектите им е дадена можноста да половината од учеството на сопствени финансиски средства да се користат од Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност“. – изјавува министерот за заштита на

природата и животната средина г-дин Михаел Змајловиќ. (БК)Повеќе... Половина од електричната енергија на Европа предвидено е да биде од обновливи извори на енергија до 2030та година Се поверојатно е дека Европа своите потреби за електрична енергија да ги добива од обновливи извори на енергија до крајот на следната декада ако европските земји ги постигнат своите климатски заложби. „Постигнувањето на енергетските и климатски цели на Европската Унија до 2030-та година значи дека учеството на обновливите извори на енергија е веројатно да постигне 50% од инсталираниот капацитет на електрична енергија”. “Ова значи дека измените на системот за електрична енергија во корист на намалување на емисиите на јаглерод диоксид треба да се постигнат уште побрзо”. Европската Унија си постави цел за намалување на емисиите на јаглерод диоксид до 2030-та година за 40% во однос на нивоата во 1990-та година како и учество од 27% на обновливите извори на енергија во енергетскиот систем ширум Европа, што ги вклучува секторите како што е транспортот, земјоделството и градежништво што не мора да значи дека треба да зависат од електричната енергија. Околу една четвртина од електричната енергија во Европа се добива од обновливи извори на енергија. Г-динот Oliver Joy, портпарол на Европската асоцијација за ветерна енергија го поздравува предлог документот но нагласува дека целта од 27% за 2030-та година била необврзувачка и некои земји најверојатно не би ги постигнале своите поставени цели за 2020-та година кои што се обврзувачки. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.reachenergy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/www.rec.org www.energy.eu www.republiczeb.org www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.comwww.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Меѓународен самит за енергетски сурови материјали и енергија 1ви до 3ти октомври 2015 Истанбул, Турција Техничкиот универзитет, Фондацијата за развој на турското рударство и организацијата Clarion Турција, заеднички организираат научен и технолошки насочен самит, насловен “Меѓународен самит за енергетски сурови материјали и енергија”. (БК)Повеќе... Меѓународен конгрес за енергетска ефикасност и материјали поврзани со енергијата 19ти до 23ти октомври 2015 Ölüdeniz/Fethiye, Турција Овој конгрес претставува традиционален годишен конгрес наменет за научници во областа на енергетската ефикасност и материјали поврзани со енергијата од кој што се очекува да собере широка публика на учесници и слушатели. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за обновливата енергија и конверзијата 29ти до 31ви октомври 2015 Букурешт, Романија Сите прифатени трудови ќе бидат објавени во Весникот за Чисти енергетски технологии. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

147 infomacef