Page 1

Број 145

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Април 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ

 Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! После обемни претходни подготовки се одржа првиот состанок на тимот од проектот финансиран преку ХОРИЗОН 2020 multEE, Во кој покрај 6 земји членки на ЕУ, Македонија, преку МАЦЕФ е единствен претставник во овој проект, вреден 1,981,743 Евра (јасно дека овие средства не се единствено за МАЦЕФ ). Како и секогаш, обврските се реализираат успешно и на време, некогаш порелаксирано, а некогаш со тензии. Во завршна фаза се подготовките за 2 предлог-проекти во рамките на ХОРИЗОН 2020. Реализиравме средба со АЛФА Банка, со дискусија за меѓусебна соработка. Заедничка цел е потенцијалните клиенти да се информираат за можните поволни кредити од секторот на енергетската ефикасност. За активностите од трите проекти од програмот на Интелигентна енергија можете да видите во прилозите. „Kick-off Meeting“ Прв состанок на проектот multEE, кој се одржа во Каунас, Литванија Редовни активности на меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB. Кредитни погодности за мерки за ЕЕ преку АЛФА Банка Во меѓувреме, успешно завршија преговорите за вклучување во ИПА проектот „Зајакнување на административниот капацитет на

Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика, со општата цел да се постигне конкурентен пазар на енергија и интеграција во регионалниот енергетски пазар“. Наша задача е организирање на обука во

делот на подготовка на стратегиски документи, како и нивно следење и верификација на достигнувања во секторот на ЕЕ, како и подготовка на Акционен план за ЕЕ во станбениот сектор. Превземавме обврска да приготвиме енергетски контроли на две колективни згради за домување, кои имаат реализирано мерки за ЕЕ преку проектната финансиска поддршка на Хабитат Македонија. Нас ни е јасно дека техничките лица не седнуваат лесно да ги претстават своите достигнувања но како и секогаш, Ве покануваме да испратите свои коментари или убави примери за ваши реализирани успеси. Да споделиме информации за успешни достигнувања! Поздрав до следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources)

- мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на М АЦЕФ

ХОРИЗОН 2020: Олеснување на раководење со ЕЕ на повеќе нивоа m ultEE Како што претходно веќе најавивме, како единствен учесник од регионот МАЦЕФ е партнер во овој проект заедно со членките на ЕУ Германија, Данска, Грција, Латвија, Литванија и Словачка. Проектот е предвидено да трае 30 месеци, а предвидената сума за него е 1,981,743.75 Евра. Основна цел на проектот е да обезбеди заеднички систем за следење и верификација на заштедите од мерките за ЕЕ, врз основа на методологијата Од Долу-Нагоре (Botom-Up). На првиот работен состанок на сите учесници, кој се реализираше во Каунас (литванија), беа детално дефинирани задачите на сите учесници, начинот на комуникација и соработка. Врз основа на претходните реализирани студии при дефинирање на методологијата, нашето учество е од посебен интерес на целиот тим. И на крајот, групна фотографија од првиот состанок. Проект Streelight-EPC Во рамки на проектот Streelight-EPC текот на месец април беа извршени сите потребни подготовки за одржување на првиот настан за промоција на овој проект, а на крајот од месецот се одржа и настанот. На 28-ми април 2015 година, во Салата на Советот на Град Скопје се одржа конференцијата „Улично осветлување ЛЕД можности, финансирање и инвестиции“, во организација на МАЦЕФ и Град Скопје. Конференцијата започна со свечено обраќање на Градоначалникот на Град Скопје, г. Коце Трајановски, а потоа проектниот менаџер, г-ѓа Јасминка Димитрова Капац пред присутните ги презентираше целите на проектот, очекуваните резултати, проектните активности и целните групи кон кои е насочен проектот. На конференцијата со свои презентации учествуваа компаниите Филипс, Минел Шредер, Електроизградба и Елтра, како и финансиските институции Министерство за финансии - Проект за подобрување на општинските услуги, Охридска Банка АД Скопје и НЛБ Тутунска Банк АД Скопје. Сите презентации предизвикаа доста голем интерес кај присутните, па така на крајот од настанот се отвори плодна дискусија за можностите за далечинско следење на системот за улично осветлување, односот на вложената инвестиција наспроти очекуваните заштедите на енергија и финансиски средства, можностите за склучување на ESCo договори, како и финансирањето на ваквите договори. На конференцијата имаше претставници од повеќе од 30 општини од Република Македонија, претставници од компаниите кои се занимаваат со производство, увоз и дистрибуција и одржување на системите за улично осветлување. Настанот беше и медиумски покриен од страна на медиумите. Презентациите од настанот ќе бидат поставени на интернет страната на МАЦЕФ.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 145

Страница 2

РеПублик_ЗЕБ проектот одржа 4 состаноци со засегнатите страни во Македонија Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Тимот на МАЦЕФ, на 26.03.2015, одржа состанок со Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Целта на состанокот беше Агенцијата да се информира за изминатите активности на проектот РеПублик_ЗЕБ. На состанокот беа дискутирани и идните активности на проектот во наредниот период, како и можностите за користење на резултатите во исполнувањето на стратешките цели на Република Македонија. Потоа тимот на МАЦЕФ, на 06.04.2015 одржа состанок со претставници на Град Скопје – Одделение за Eнергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и претставници на Балкан Енерџи Груп. На овој состанок, освен претходните резултати и идните активности на проектот, разговарано беше и за локалните цели за реконструкција на јавните згради, напорите кои овие две организации ги преземаат кон остварување на истите на локално ниво. Тимот на МАЦЕФ, на 08.04.2015 одржа состанок и со Министерството за економија - Сектор за Енергетика и Одделение за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Целта на состанокот беше да се информира Министерството за економија на Република Македонија за изминатите активности на проектот РеПублик_ЗЕБ. На состанокот беа дискутирани и активностите на проектот во наредниот период, како и можностите за користење на резултатите во исполнувањето на стратешките цели на Република Македонија. (СП) Училишен проект Во месец април беа извршени сите предвидени активности во рамки на Зелените енергетски клубови, со што работата на клубовите беше успешно спроведена. Во првата половина од месец мај ќе се спроведат 3-те отворени денови во секое од училиштата учесници. На овие отворени денови предвидено е учениците од секое училиште да излезат и да ги подели материјалите кои беа изработени во рамки на активноста. Како и секоја година, на крајот од учебната година ќе се одржи летен камп и национален квиз во кој ќе учествуваат сите 12 училишта од Република Македонија кој учествуваа во овој циклус од проектот. Предвидено е квизот да се одржи на 19-ти мај во Струга. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола.

Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

М АЦЕФ ИСТР АЖ УВА за ВАС Правилник за формата и содржината на Програмата за обука за правилно ракување, сервисирање, собирање, обновување и рециклирање на средствата за ладење и/или со производи кои со држат средства за ладење, поблиските услови што треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат обука за постапување со средства за ладење и/или со производи кои со држат средства за ладење, како и начинот за овластување за вршење на обука за постапување со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење „Службен весник 23.04.2015година

на

Република

Македонија“

бр.

65/2015

од

Правилник за изменување на Правилникот за обновливи извори на енергија (*) „Службен весник 06.05.2015година

на

Република

Македонија“

бр.

73/2015

од

Правилник за изменување на Правилникот за високоефикасни комбинирани постројки (*) Службен весник 06.05.2015година

на

Република

Македонија“

бр.73/2015

од

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од М акедонија Промоција на новата ИПА меѓугранична програма помеѓу Македонија и Албанија 2014-2020 На 15-ти април во хотел „Дрим“, во Струга беше промовирана новата ИПА меѓугранична програма помеѓу Македонија и Албанија 2014-2020. Настанот беше во организација на Заедничкиот технички секретеријат од Струга и беше поделен на два дела. Во првиот дел со свечени говори се обратија Министерот за локална самоуправа на Република Македонија, г. Лирим Шабани, Министерот за европска интеграција на Република Албанија, г-ѓата Клајда Ѓоша, Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Аиво Орав и Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Албанија, г. Роман Влахутин.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 145

Страница 3

Во своите говори сите четворица говорници ја поздравија новата ИПА програма, потенцирајќи дека оваа програма се темели врз успешно реализираните проекти од претходната програма. Во вториот дел од настанот беа организирани три различни тркалезни маси поделени според темите во кои се пријавени веќе спроведените проекти. На тркалезните маси најпрво беа презентирани по два успешни проекти, а потоа беше отворена дискусија во која сите претставници од организациите корисници на грантовите ги споделуваа своите искуства. Целта на овие работилници беше да се утврдат недостатоците и проблемите со кои се соочиле сите организации при реализација на проектите од претходната програма, и истите тие да се избегнат или пак ублажат во новата ИПА програма. На настанот МАЦЕФ учествуваше со свои две претставнички, кои беа директно задолжени за спроведување на проектот „Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија во меѓуграничниот регион“ - ИРЕКо. (ДТ) ОБУКА на тренери за инсталатери на греење и ладење – вештини за енергетска ефикасност

На 2-ри април, во организација на ЗБК Креација Скопје, како дел од проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ (BUILD UP Skills BEET), започна обука на тренери за вештини за енергетска ефикасност на инсталатери за греење и ладење. На обуката учесниците ќе се здобијат со продлабочени знаења за водење на 10 дневни семинари за работници, како и за оценување на пријави на работници/ инсталатери на греење, ладење и вентилација за препознавање на претходно учење, што ќе резултира со сертифицирање на работниците. На обуката учествува и Игор Петрушевски од МАЦЕФ, кој по завршување на истата ќе биде сертифициран тренер за вештини за енергетска ефикасност. (ИП) Соработка со Алфа Банка

На 16-ти април, во просториите на МАЦЕФ се оддржа заедничка средба со АЛФА Банка, при што беа дискутирани можностите за меѓусебна соработка. Заедничка цел е потенцијалните клиенти да се информираат за можните поволни кредити од секторот на енергетската ефикасност, особено продуктот „Алфа Зелен кредит“, кој нуди мошне поволни услови за користење.

Alpha Зелен кредит Ви овозможува иновативно штедење на долгорочен период и со одлични услови, преку инвестирање во: • соларни системи; • нови врати и прозорци со термичка изолација; • иновативни системи за греење и ладење на домот; • покривна изолација; • други уреди и системи кои работат на обновливи извори на енергија Повеќе информации за кредитот можете да дознаете на следниот линк.

Се одржа настанот „Енергетска ефикасност во градежништвото - Зелена градба“ Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Македонскиот совет за зелена градба и Бизнис Центарот на Скоп-ски Плански Регион, на 21.04.2015 орга-низираа настан на тема: „Енергетска ефикасност во градежништвото - Зелена градба“. На настанот компаниите членки на ССК, пред се од градежниот сектор, во соработка со општините од Скопски Плански регион и надлежните институции, дискутираа на теми за заеднички да придонесат во промоција и поголема примена на енергетска ефикасност - зелената градба во градежништвото. Извршниот директор на ССК, Митко Алексов, изјави дека: „Зелената градба e светски тренд преку кој се зголемува свеста кај компаниите и граѓаните, во праксата од европските држави излегоа резултати од кои трошоците за живот се значително намалени, а во исто време се намалува влијанието врз животната средина, предизвик со кој и Македонија се соочува во последните години“. „Трошоците при зелена градба се само од 1 до 5 % повисоки и корисникот на станбениот или деловниот простор преку заштедите кои ќе ги оствари, ги враќа овие средства во првата година, бидејќи заштедата на електрична енергија е околу 30%, додека на вода околу 40% на годишно ниво“, изјави Алексов. Преку контактите со светскитете лидери на ова поле, се отвора можност за споделување и размена на идеи и ресурси со регионалните и светските мрежи за зелена градба. Така ќе имаме уникатна можност во пренесување на најсовремени искуства во нашата земја, во одржување на стручни обуки, семинари, се со цел да се рашири зеленото делување, кое е светски тренд. Исто така, ќе имаме можност и за учество и делување во проекти на глобално ниво“, изјави г. Сеад Кочан, претседател на Македонскиот совет за зелена градба и додаде дека целта на Светскиот совет за зелена градба е да создаде глобална заедница на лидери во зелена градба, управувани на национално ниво, кои преку заедничко делување ќе имаат поголем кредибилитет, подобар пристап до ресурси, а со тоа и поголемо влијание во трансформација на градежниот сектор кон поголема одржливост. На настанот се обрати и директорот на Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион, Анета Лозаноска Раввлинсон, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, државниот секретар во министерство за локална самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска, како и експерти од областа на заштита на Повеќе... животната средина. (СП) Пет згради добија нова дограма со проект на УСАИД и Хабитат Македонија Со проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефикасност за секторот домување“ во кој е вклучена и Општина Прилеп, пет згради добија нова дограма. Повеќе од една година Општина Прилеп работи на спроведување на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија во рамки на кој е воспоставен обновлив фонд. Досега беше извршена промена на дограма во две згради и тоа едната на ул. „Борис Кидрич“ бр.16 а другата на ул.„Јоска Јорданоски“ бр.3. Исто така во две гради во населбата „Димо Наредникот“ и една во населбата „Точила“ покрај промена на дограмата во договор со станарите е регулирано и промена на фасадата, стакларниците и промена на кровната конструкција. Средствата за реализација на овие градежни активности кои за 30% ја подобруваат енергетската ефикасност на објектите, се од обновливите

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 145

Страница 4

фондови на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија во форма на поволни заеми и истите се исплаќаат за временски период од три до десет години во зависност од условите и економската состојба на станарите. Општина Прилеп е вклучена во реализација на овој проект со тоа што субвенционира до 50 % од средствата за промена на фасада во зградите каде што има социјално загрозени семејства, истакна градоначалникот Повеќе... Ристески. (СП)

електростатски конвертер на ветерна енергија. Оваа технологија беше развиена од конзорциумот вклучувајќи ги го TU Delft и Универзитетот Wageningen во контекст на владината програма за иновација. Во основа поддржувачите на предлогот ќе се потпрат на употребата на турбина којашто ја претвора ветерната енергија со рамка на челични цевки, во електрицитет без движечки механички делови. (БК) Повеќе...

Новости од светот

Термографијата помага во борбата против ракот! Меѓународниот симпозиум за греење, ладење и климатизација „Интерклима“ собра научници и експерти во областа на термотехниката и термографијата од Хрватската и од странство, како и голем број на студенти во високообразовните институции кои во нивните програми ги покриваат овие области. После првиот дел од настанот каде се прикажани бројни претставувања од областа на применетата термодинамика, термотехника, градежништво, енергетската ефикасност, обновливите извори во рамките на конференцијата за термографија главен акцент е даден на примената на термографските методи во медицината. Воедно како што напоменува еден од главните модератори на настанот, за првпат земаат учество претставници од медицинската професија. Секако треба да се спомене и претставувањето на претставникот на Клиниката за тумори Клинички болнички центар ‘Сестри на милосрдието’ во Загреб кој покажува како термографските методи можат успешно да се искористат во откривањето на ракот како и претставувањето на претставникот од Стоматолошкиот факултет во Загреб за примената на инфрацрвената термографија во стоматолошката медицина. Секако освен примената во медицината, прикажани се и некои достигнувања од примената на термографијата во градежништвото но и во заштитата од експлозија. (БК) Повеќе...

Прва ветерна електрана во Црна Гора Изградбата на првата ветерна електрана во Црна Гора започнува во мај, на ридот Крново. На Крново ќе се изградат 30 ветерни генератори со вкупна моќност од 72 MW. Очекуваното годишно производство на електрична енергија од ветерните електрани на Крново изнесува околу 160 гигават часови. Ако како пример земеме дека едно домаќинство во просек троши околу 1 MW електрична енергија, со изградбата на овие ветерни електрани би можеле да се задоволат потребите за скоро 20000 домаќинства во Црна Гора или околу 70000 лица. После изградбата, ветерната електрана ќе биде приклучена директно на енергетската мрежа. (БК) Повеќе... Новата постројка за складирање на енергија може да го „револуционизира“ обновливиот сектор За неколку недели во Ирска ќе започнат основите за постројка за складирање на енергија, која што може да предизвика „револуционерна” интеграција на обновливите извори на енергија во снабдувањето со електрична енергија. Постројката ќе користи моторно погонуван замаец којшто ќе ја искористува кинетичката енергија од енергетската мрежа во времето на поголемо производство на електрична енергија отколку што е потребно. Оваа енергија подоцна ќе се ослободи од потопените турбини во времето кога има недостатоци во снабдувањето со електрична енергија. Проектот во Rhonde областа Offaly се очекува да започне со работа во 2017та година, со вкупен оперативен капацитет од 20MW. Иако системот првично ќе се погонува од целата енергија од енергетската мрежа – има потенцијал за решавање на дилемата на системските оператори на енергетската преносна мрежа, за тоа како големи количини на енергија коишто се создаваат за време на ветеровити или сончеви временски услови за моментална употреба кога има промени на временските услови. Во моментот, ваквиот вид на енергетски недостатоци се компензира со употребата на енергетските централи на јаглен или гас или пак акумулациите на хидроцентралите. За разлика од конвенционалните централи на гас или јаглен коишто имаат ефикасност од 35-40%, моторно погонуваниот замаец има ефикасност од 85-90%. (БК) Повеќе...

Заним ливости Ветерната енергија како туристичка атракција Ова можеби е еден од најсмелите предлози за создавање на туристичка атракција. Но компанијата Dutch Windwheel верува дета е тоа возможно, нивниот предлог врвна уметност "Ветерно тркало" нема да постане само победнички произведувач на енергија, но исто така и иконски пример за холандската технологија на чиста енергија. Она што е сигурно е дека дури гледано и на хартија, сето ова изгледа зачудувачко. Дизајнот којшто компанијата сака да го изгради во Ротердам, се состои од два тридимензионални прстени со светло, со конструкција на челик и стакло и поради основата се наоѓа под вода, сето тоа изгледа како „Ветерното тркало“ да лебди. Поддржувачите на предлогот велат дека конструкцијата со двојните прстени нуди различни функции. Во надворешниот прстен ќе бидат сместени 40 ротирачки кабини на систем со шини (во основа мошне уникатен, џиновски тобоган), додека внатрешниот прстен претставува ветерница во која е сместен панорамски ресторан од прва класа и хотел, апартмани и комерцијални простори. Една од иновациите кои што поддржувачите на овој предлог велат дека е возможно да се развие технологија на

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.reachenergy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.republiczeb.org www.worldbank.org www.rec.org www.motorchallenge.org www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.europeustainableenergy.com www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk www.alphabank.com.mk

М аниф естации Менаџмент на природните ресурси, одржлив развој и еколошки непогоди 1 до 3-ти јули 2015г. , Опатија, Хрватска На конференцијата ќе се дискутира за целта за постигнување одржливост во рамките на различни дисциплини, со цел да се дојде до оптимални решенија. Повеќе... Меѓународна конференција Истражувањата во инженерството, технологијата и науките 13 до 14август 2015г., Истанбул, Турција Конференцијата обезбедува одлична платформа за дискусии поврзани со истражувањето, меѓународното вмрежување, објавување на истражувањата во меѓународни списанија. Повеќе... Енергетско тргување 2015 17 до 18 јуни 2015г., Будимпешта, Унгарија Конференцијата има за цел да ги истражи можностите за тргување во рамките на и надвор од националните граници, и да се поттикне дебата околу најголемите проблеми во регионот. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, Д.Трпкоска,С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

145 infomacef