Page 1

Број 143

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Февруари 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец февруари предизвика една динамика во секторот на енергетски контролори, која не ја посакувавме. Во период од 3 недели беше донесен и усвоен предлогот за измена на Законот за енергетика. Со него се суспендираат енергетските контроли на постоечки објекти кои се издаваат или продаваат СЕ ДО ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ!!! А ние верувавме, и сеуште веруваме дека овој закон, усогласен со европската добра праска ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ЗАШТИТИ ПОТРОШУВАЧИТЕ т.е. луѓето, студентите, фамилиите кои немаат сопствен стан и живеат под кирија, или купуваат стан на старо. Верувавме и уште веруваме и тврдиме дека КУПУВАЧОТ МОРА ДА ЗНАЕ КОЛКУ ЕНЕРГИЈА ТРОШИ ЗГРАДАТА. Ако купите пегла, ладилник, телевизор – ќе најдете етикета на која е означено во која енергетска класа припаѓа. Кога купувате автомобил, едно од битните прашања е колку гориво троши на 100 километри. Ако сакате да купите/изнајмите стар стан нема да добиете информација колку ќе ве чини живеењето во него т.е. трошоците за енергија, иако е десетина пати поскап од автомобилот. Дел од нас, инволвираните се обидовме да објасниме дека донесувањето на оваа одредба не е добар потег. Формиравме Иницијативен одбор, добивме поддршка од значителен број овластени енергетски контролори и лиценцирани организации, но нашиот напор не вроди плод. И повторно за оваа тема. Министерството за економија (групата задолжена за оваа задача) закажа испити за енергетски контролори за 27.02.2015 година, а прашањата кои требаше да бидат (според закон) јавно достапни барем еден месец пред тоа, беа објавени на 28.02. Но не и задачите. Тие „задоцнија“ уште малку. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон: Редовни активности на меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB. Формирање на Иницијативен одбор за асоцијација на енергетски контролори. Во меѓувреме остваривме неколку разговори за вклучување на МАЦЕФ во еден дел од ИПА Проектот за зајакнување на капацитетот на АЕРМ и Министерството за економија. Нашите очекувања се позитивни т.е. очекуваме да оствариме соработка. Обуката на енергетските контролори се одвива со предвидениот ритам. Во делот на тековните активности, реализираме неколку енергетски контроли, како и потврди за добивање на градежни дозволи. Во ПРЕСИНГ, списанието на Комората на овластени архитекти и инженери, објавена е статија на К. Димитров од секторот на користење на природниот гас. Можете да го превземете и од нашата интернет страна. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Иницијативен одобор за струково здружување На 23.02. Формиран е Иницијативен одобор за струково здружување на 1. Лиценцирани правни лица за енергетска контрола; 2. Лиценцирани обучувачи на енергетски контролори; 3. Овластени енергетски контролори; и 4. Работни организации, институции и асоцијации кои се вклучени во секторот на примена на мерки за енергетска ефикасност. Нашата цел е оваа нова дејност која треба да им обезбеди на граѓаните кои купуваат или изнајмуваат станови, да добијат правилна информација за енергетскиот квалитет на станот кој го купуваат или изнајмуваат. И на овој начин ги покануваме заинтересираните колеги да нѝ се јават. Потенцијални можности се: да бидеме дел (здружение) на Стопанската комора на Македонија, или партнер (ако се здружиме над 50 правни лица) во Сојузот на стопански комори. Проект REACH - Подготовка на прирачник за енергетски советници Во месец февруари активностите на проектот REACH беа насочени кон подготовката на прирачникот за енергетски советници со цел негово адаптирање на македонските услови и стандарди. Како дополнителна активност на проектот е и подготовката на планот на предавања за енергетски советници кој ќе се спроведува со присуство на учениците на „ЕТУЦ“ СУГС „Михајло Пупин“ чиешто раководство покажа голема поддршка кон целите на проектот. Во февруари веќе се пријавени и првите заинтересирани домаќинства за учество, со што полека, но сигурно се заокружува процесот за спроведување на посетите. Се надеваме дека во месец март веќе ќе може да ги забележиме и првите посети по домаќинства со што проектот ќе ја покаже својата практична улога. (ЖИ) Проект Улично осветлување – ЕПЦ (Streetlight EPC) Во текот на изминатиов месец тимот за должен за реализација на проектот Streetlight-EPC се насочи кон дефинирање на работните задачи кои произлегуваат од проектните активности 3 и 4. Во рамки на проектната активност 3 на 11.02 во канцелариите на Град Скопје беше организиран работен состанок со проектниот партнер Град Скопје. На состанокот беше направен кус преглед на завршените проектни активности и идните активности. Во рамки на третата активност е предвидено да се направат неколку настани, првиот настан е договорено да биде на крајот од месецот Април и да биде во форма на конференција. Предвидено е да се направи спој на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 143

Страница 2

сите три заинтересирани страни, односно учество на општините, приватните компании од областа на уличното осветление и финансискиот сектор. Во тек е дефинирање на сите поединости околу организирањето на овој настан. Проектната активност 4 претставува истражување на финансиските можности во Република Македонија, за реализација на проект за реконструкција на јавното осветление во кој ќе бидат вклучени приватните компании и општините по принципот на ESCo. Согласно работната задача беа направени вкупно 6 средби со различни потенцијални финансиски чинители. Сите 6 средби беа одржани во кус временски период од 13 до 26 февруари, и тоа со: Светска Банка, КфВ, Охридска банка-Сосиете Џенерал, Проект за подобрување на општинските услуги-Министерство за Финансии на Република Македонија, ТАМ-БАС програмата во рамки на ЕБОР и НЛБ Тутунска банка. (ДТ) Нови активности на проектот RePublic_ZEB Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Во изминатиот месец, завршен е еден извештај од работниот пакет 3: Проценка на ситуацијата и анализа на можностите за реконструкција на јавните објекти. Како дел од работниот пакет 3, завршен е првиот извештај со наслов „Критериуми за дефинирање на nZEB во јавни објекти“. МАЦЕФ придонесе во овој труд преку изработка на поглавје за постоечките nZEB дефиниции, методологија за дефинирање на nZEB и дефинирање на нумерички индикатори. (СП) Повеќе Училишен проект

Училишниот проект на ЕВН Македонија, МАЦЕФ го спроведува одлично на терен заедно со учениците од Зелените енергетски клубови во ОУ „Марко Цепенков“, Зелениково и ОУ „Димитар Македонски“ во нас. Лисиче. Редовно секој понеделник се одржуваат работилници во Зелениково, а секој четврток во нас. Лисиче. За жал, наставата во Боговиње сеуште не е започната. Бидејќи се наближуваат потопли денови, се планираат отворените денови на училиштата во кој активно учество ќе земат учениците, наставници, а ќе бидат поканети и претставници на општините. (ЗТ)

МАЦЕФ на Обука за набавки во рамки на проекти финансирани од ЕУ На 23 и 24 февруари во хотел Порта, Скопје се одржа Обука за набавки во рамки на проекти финансирани од ЕУ, во организација на ГТС од Струга и ЕУ делегација. Обуката беше во два дела, теорија и практични вежби, а предавачи на обуката беа претставници од проектот CBIBplus. Целта на обуката беше да се запазат документите кои се користат и начинот на спроведување на постапката при процесите на набавки во рамки на проектите финансирани од ЕУ. На обуката се даде голем

акцент на тоа дека при вршење на набавките да се обезбедат 3 понуди без разлика на висината на набавката, како и тоа дека при набавка на материјални добра важно е да се внимава да се обезбеди Сертификат за потекло на поизводот- кој мора да биде од земјите на ЕУ и земјите кандидатки за членство во ЕУ, подготовка на тендерска документација, избор на најдобра понуда, начин на преговорање и подготовка на договор. (ДТ) Комората на овластени архитекти и овластени инженери и одделението за енергетска ефикасност организираше предавања на тема: МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ЕФИКАСНОСТ

АСПЕКТ

НА

ЕНЕРГЕТСКАТА

Предавањето беше отворено со обраќање на претседателот на одделението за енергетска ефикасност, Доц. д-р Даме Димитровски, УКИМ Машински факултет, Скопје Учество земаа реномирани професори, на тема: Енергетска сиромаштија – Европски и светски трендови на распределба на енергетските ресурси. Проф.д-р Ф.Восниакос, Технички универзитет Александрис, Солун. Аспекти на примена на гасни горива во котларници, хаварии во гасни котларници од проф.д-р Доне Ташевски, Машински факултет Скопје. Акустички карактерстики на градежните материјали од аспект на енергетска ефикасност на конструкциите проф.д-р Тодорка Самарџиоска, Градежен Факултет Скопје Радиоактивност на градежни материјали - проф.д-р Ф. Восниакос, Технички универзитет Александрис, Солун. Предавањата се одржаа на 27 февруари 2015, со почеток во 10:30 часот во амфитеатарот на Технолошко-Металуршки факултет при УКИМ во Скопје. (ЈДК) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Одлука за дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија Неготино, во државна сопственост, Неготино

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 143

Страница 3

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2015 од 09.02.2015

Прaвилник за изменување и дополнување на Правилникот за енергетска контрола Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2015 од 09.02.2015

Програма за полагање на стручен испит за енергетски контролор „Службен весник на РМ“ бр. 18/2015 од 09.02.2015

Одлука за изменување и доплнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 21/2015 од 13.02.2015

Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности MАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост „Службен весник на РМ“ бр. 21/2015 од 13.02.2015

Програма за инвестиции во животната средина за 2015 година „Службен весник на РМ“ бр. 22/2015 од 16.02.2015

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за повластени производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија „Службен весник на Република Македонија“ бр. 25/2015 од 19.02.2015

Програма за унапредување на животната средина за 2015 година „Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/2015 од 24.02.2015

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање „Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2015 од 26.02.2015

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Меморандумот за соработка во енергетскиот сектор тема на разговор меѓу Македонија и Албанија Министерот за економија Беким Незири за време на официјалната посета на Тирана оствари средба со министерот за енергетика и индустрија г-дин Дамјан Џикнури. Меѓу темите за разговор меѓу двајцата министри акцентот беше ставен на проектот - 400 kV интерконективен далекувод Битола – Елбасан, проектот Луково Поле и Меморандумот за соработка во енергетскиот сектор помеѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика и индустрија на Република Албанија, кој наскоро треба да биде потпишан од двете страни. „Република Албанија има големи водени ресурси и заедно со Република Македонија можеме да имаме одлична соработка на ова поле. Експерти од двете држави имаат редовни состаноци, а изградбата на овој далекувод овозможува ние, како мали држави, да бидеме активни на енергетскиот пазар, па на оваа тема разговарано е и со норвешките власти за можноста за имплементација на ’скандинавскиот модел’ во Западен Балкан“, рече Џикнури. Во делот на гасификацијата, министерот Џикнури потенцираше дека со оглед на фактот што овој процес е во напредна фаза во Република Македонија, Република Албанија е заинтересирани да го имплементира „македонскиот модел“. „Во заеднички интерес е реализацијата на проектот ТАП, кој набрзо ќе почне со реализација во албанскиот дел, каде постои можност да се отвори крак кон Република Македонија, во што гледам одлична шанса за цел регион“, објасни Џикнури. (СП) Повеќе

Конечно намалување Македонија

на

цената

на

гасот

во

Во првиот квартал од годинава, цената на природниот гас во Македонија е намалена за дури 19%, споредбено со лани. Од почетокот на 2015, домашниот пазат на овој енергенс е либерализиран, односно Регулаторна комисија повеќе не ја диктира продажната цена. Познавачите на бизнисот очекуваат во вториот квартал годинава ново намалување за 20-тина

проценти. Намалувањето на цената на гасот значи поефтин гас не само за потрошувачите во земјава, туку и за големите индустриски капацитети кои го користат овој енергенс. Инаку, до неодамна Македонија плаќаше дури 564 долари за 1.000 кубни метри за гасот кој го увезува од Русија, што претставуваше највисока цена во Европа. (РГ) Повеќе...

Новости од светот

ЕУ воведува нови правила за „позелено готвење“ Најновиот пакет на правила познат како „политика за екодизајн“, со кои ќе се воведат поефикасни апаратите за домаќинства , стапи на сила. Европската комисија соопшти дека со замена на старите неефикасни апарати сметките за електрична енергија на ниво на домаќинство ќе се намалат за 50 евра годишно, а заштедите на ниво на унијата ќе бидат на ниво на милијарди евра годишно. (ИП) Повеќе... Загадувањето на воздухот ќе убие илјадници луѓе во Европа, предупредува ЕАЖС Стотици илјади Европејци ќе страдаат од прерана смрт во следните две децении, како резултат на неуспехот на владите да се дејствува на загадувањето на воздухот, предупреди европската агенција за животна средина. (ИП) Повеќе... Министерството за економија на Хрватска доделува милиони за енергетската ефикасност Министерството за економија на Хрватска објавува два јавни повици за поттикнување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија. Првиот повик е во вредност од два милиони куни и е наменет за непрофитните организации, додека другиот е наменет за локалната самоуправа и е со вредност од седум милиони куни. Основните проектни активности се: Инвестирање во развојот, набавка на нови технологии и нова технолошка опрема со која ќе се обезбеди заштеда на енергијата од обновливите извори на енергија, како и замена на употребата на фосилните горива со употребата на обновливите извори на енергија, градење на капацитети за континуирано и самоодржливо управување со енергијата, подготовка и изработка на проектна документација за објектите во кои ќе се спроведе енергетска реконструкција, воведување на софтверски решенија и алатки за следење и анализа на потрошувачката на енергија, воведување на систем за управување со квалитетот, стандарди и знаци за квалитет како и маркетинг активности за поттикнување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија. (БК) Повеќе...

МАЦЕФ Анализа

Анализа на IEA за побарувачката на нафта во светот Скокна цената на нафтата после 6 години пад се до јануари оваа година. За време на пишување на оваа анализа ICE Brent тргуваше со $ 58,25 за барел, односно околу 50% пониско во однос на Јуни 2014. Глобалните залихи на нафта опаднале за 235 kb/d достигнувајќи 94,4 mb/d на продукти во земјите од OPEC и продукти во земјите кои не се дел од OPEC. Намалувањето на капиталните расходи го намали проектираниот

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 143

Страница 4

раст на залиха на продукти во земјите кои се членки на OPEC на 800 kb/d. Производството во САД во 2015 година е за 200 kb/d пониско за она од последниот извештај, па изнесува 12,4 mb/d просечно. Производството на сурова нафта во земјите членки на OPEC опадна за 240 kb/d во јануари па сега изнесува 30,31mb/d, предизвикано од загубите во Ирак и Либија. Производството од Саудиска Арабија, Кувајт, Ангола и Нигерија е при крај. Надолните ревизии за прогнозата за понудата од земјите кои не се членки на OPEC за втората половина на 2015, им дава знак на OPEC за нешто повисоки залихи односно 30,2 mb/d наспроти планираните 30 mb/d. Прогнозите за светската побарувачка на нафта за 2015 не се променети од последниот извештај, односно 0,9 mb/d што доведува до годишна побарувачка од 93,4 mb/d. Растот е очекуван за да се добие на интензитет од скромни 0.6 mb/d во 2014, до благо подобрување на макроекономската перспектива. Индустријата за акции OECD се намали за 5,3 mb во декември, околу една десетина од пет-годишниот просек кој што бил предходно зацртан. Како резултат на тоа вишокот на залихите порасна од 16 mb на 65 mb. Прелиминарните податоци укажуваат на сезонски 22,7 mb создадена резерва во јануари. Глобалната сурова моќ на рафинериите повторно ги зголеми резервите во декември за 1.1 mb/d и достигна 79.1 mb/g, пред да се зауздаат активностите во јануари. Продуктивноста се предвидува да падне на 77,6 mb/d во првиот квартал од 2015 година. Повеќе...

Занимливости

ИКЕА во нов енергетски проект за искористување на ветерната енергија во Полска Икеа продолжува да прави напредок на својот пат кон задоволување на 100% од своите енергетски потреби, со употребата на обновливите извори на енергија до 2020 година. Како што покажува неодамнешната најава дека има започнато нов енергетски проект за искористување на ветерната енергија во Полска. Спецификите на договорот не се јавно објавени, но проектот за искористување на ветерната енергија најверојатно е лоциран во близина на селото Wroblew. Компанијата веќе се обврзала да се здобие со уште две ветерни фарми во градовите Gizalki и Lubartow, кои според изјавите на компанијата ќе ги направи „енергетски независни“ до крајот на годината. Енергетската независност на компанијата Икеа во овој случај, всушност, не значи дека нема да добиваат електрична енергија од енергетската мрежа. Едноставно само што ќе произведува повеќе електрична енергија отколку што се користи со нејзиното работење. Една неодамнешна изјава за медиумите во врска со набавката гласи: „Полска им се придружува на групата ИКЕА во Шведска и САД, со што се во тек со енергетската независност. Ова е дел од целта на групата ИКЕА да стане енергетски независна на глобално ниво до 2020 година“. Со новите инвестиции, ИКЕА цели да поседува шест проекти за искористување на ветерната енергија во Полска до крајот на годината – со целосно производство од приближно 473 гигаватчасови (GWh) на електрична енергија годишно. Претставник на компанијата ИКЕА коментира: „Трите нови ветерни фарми вкупно на годишно ниво ќе произведуваат електрична енергија од околу 339 GWh. Во 2011 година компанијата ИКЕА купи три ветерни фарми во регионот Podkarpacie (во Rymanów, Bukowsko и Leki Dukielskie), кои што произведуваат вкупно околу 134 GWh електрична енергија на годишно ниво“. Кога се ќе се земе заедно, тоа е доволна енергија за да се обезбедат потребите на околу 225 000 домаќинства во Полска. (БК) Повеќе... Обновлива енергија добиена од отпадна вода Истражувачите од Универзитетот Autònoma de Barcelona смислиле ефикасен начин да се добие електрична енергија и водород со употреба на процес на третирање на отпадната вода. Предложениот систем користи бактерија која што го конзумира органскиот материјал и воедно произведува електрична енергија која што произведува водород, енергетскиот вектор на иднината. Добиените резултати насочуваат кон понатамошен развој на оваа технологија на индустриско ниво. Овие технологии вклучуваат високи енергетски трошоци, главно во

аерација и испумпување и зголемените на економските трошоци во третирањето на талогот кој е оставен од процесот на третирањето на отпадната вода. Отпадната вода содржи зголемена количина на хемиска енергија во форма на органски загадувачи. Со цел да се искористи оваа енергија, истражувачите ширум светот ги проучуваат начините за претворање во форма на водород. Процес кој што ефикасно ја отстранува органската материја од отпадната вода. Не само што ја намалува количината на енергија која што е потребна за времетрање на процесот, исто така добива енергија од произведениот водород. Клучот во постигнувањето на сето ова е со помош на употреба на микробиолошки електролитни ќелии. Она што е потребно е специфичен вид на бактерија, која е способна за оксидирање на органски материјали и произведување на електрична енергија со која што се прроизведува водород. (БК) Повеќе... Енергетската ефикасност на објектите ќе го намали загадувањето на воздухот во Сараево Со оглед на фактот што многу истражувања го посочуваат Сараево како најзагаден град во Европа, неодамна во главниот град на БиХ беше одржана стручна дебата на тема „Поддршка на медиумите за објективно информирање за состојбата на квалитет на воздухор во Кантонот Сараево“. Притоа претседателот на (CETEOR) Кнежевиќ, потенцира дека загадувањето на воздухот во Сараево во 60-тите и 70-тите години било до 2,5 пати поголемо од денес, а тоа се должело на начинот на греење. Се смета дека денешното загадување може да се намали со енергетска санација на зградите, при што нивната употреба на енергија ќе се намали за неколку пати, па на тој начин многумина ќе ги замената јагленот и дрвата со гас како попрактично гориво и на тој начин да се намали емисијата на штетни гасови како продукт од согорување на гориво за греење на домаќинствата. (РГ) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Одржлив развој и планирање 2015 19ти до 21ви мај 2015г., Истанбул, Турција Конференцијата за регионален развој на интегриран начин во согласност со принципите на одржливост. Веќе стана јасно дека еколозите, архитекти, инженери, креаторите на политики и економисти треба да соработуваат заедно, со цел осигурување дека сегашното планирање и развој би ги задоволиле нашите сегашни потреби без загрозување на способноста на идните генерации. Повеќе... Меѓународна конференција за обновливи извори на енергија и животната средина 4-ти до 6-ти јуни 2015г., Прага, Република Чешка Главната цел на конференцијата е да обезбеди платформа за научници, инженери, академици, како и професионалци од индустријата од целиот свет да ги презентираат своите истражувачки резултати и развојни активности во Хемискиот инженеринг и инженерство на животната средина. Повеќе... Мегународна конференција - Енергетски ресурси: Технологија и политика 10-ти до 14-ти јуни 2015г., Бургас, Бугарија Прва меѓународна конференција за енергетските ресурси: технологии и политики, која ќе се одржи во хотел во Бугарија. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б.Калиманов, Д. Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски, Р. Гаврилов.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

143 infomacef