Page 1

Број 142

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јануари 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Јануари беше исполнет со многу прослави, со многу празници, а и со доста „главоболка и мамурлук“. Но, тоа не значеше дека интензитетот на работењето треба да се смали – туку напротивсите празнични денови нѝ предизвикаа натрупување на обврските. Сакаме да го насочиме вашето внимание на следните активности: Почетокот на третиот курс за обука на енергетски контролори, на кој се пријавија поголем број кандидати од сите краеви на Македонија. Интензитетот на нашата работа во истражувачките проекти REACH, EPC-LED и RePublic_ZEB, финансирани од ЕУ, е на високо ниво. Бизнис иновативниот Форум организиран и успешно реализиран од страна на општините Гази Баба и Тетово Започна со работа и Училишниот проект, за кој приготвивме убави прирачници. Во сила влегоа измените во Законот за градење и измените на Правилникот за енергетски карактеристики на згради. На прашањето дали законската регулатива е целосно усогласена – ние ќе одговориме дека не е, но полека се надополнува. За нас е крајно понижувачка експресната промена на Правилникот за максимална цена за надоместок за изработка на Потврдата и Сертификатот за енергетски карактеристики. Такво деградирање на вредноста на интелектуалниот труд до сега не е видено на нашиот простор. Да не коментираме дека сега се во сила два Правилника – со едниот се вели дека цената за изработка на Општа енергетска контрола е 30 денари по метар квадратен, а со новата 5 (и со букви) пет денари по метар квадратен за станбени и 10 денари за јавни и комерцијални објекти. Дали Министерството за економија (т.е. државата) сака да се печатат потврди и сертификати без квалитет, т.е. еднаков на предвидената цена за трудот? За да разберете што значи ова: за стан од 100 метри квадратни, смеете да наплатите максимално 500 денари. А извештајот се приготвува врз основа на посета и контрола на објектот, на триесет страни, со детални пресметки и цртежи, во три печатени примерока и три електронски верзии. И сето тоа за 500 денари!?! Ако е објектот поголем т.е. 1000 метри квадратни, е... ќе се офајдите со 5000 денари (помалку од 100 евра зар не!?). Ама затоа имате можност, при негативна аукција, да ја смалите вредноста на својот труд и пониско! Аферим ефенди... Што нѝ преостанува? Ние нема да го намалиме нашиот квалитет на услуга, а и не смееме (високи казни за неквалитетна/ погрешна контрола). Едноставно нема да се нафатиме да работиме за овие цени, т.е. апсурдно: лимитирани цени и слободен пазар (убавина на некогашното единство на спротивности).

Ние ќе се организираме и ќе пружиме отпор кон ваквото понижувачко вреднување на нашиот труд. А со нашата работа треба да се обезбеди определен однапред дефиниран минимален квалитет на зградите и заштита на купувачите. Спинот дека овие цени се да ги заштитат купувачите од поскапување НЕ ПОМИНУВА. Дури да е цената на оваа контрола едно евро а не 5 денари, во однос на 900 евра за метар квадратен е ЗАНЕМАРЛИВА. Почитувани колеги, особено овластените енергетски контролори. Итно треба да се организираме и да се договориме за нашите заштитни чекори. ОЧЕКУВАМ ВАШИ ЈАВУВАЊА И КОМЕНТАРИ. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ – ТРЕТ ЦИКЛУС

Во согласност со планот за работа го започнавме третиот курс за обука на енергетски контролори. Обуката ја остваруваат реномирани професори и лиценцирани тренери. Наставниците ги покриваат сите потребни профили за обуката и тоа: проф. д-р Константин Димитров (машинство), проф.д-р Тодорка Самарџиоска (градежен), проф.д-р Тамара Бојаџиева (архитектура), проф.д-р Арсен Арсенов (електро), асс.м-р Огнен Димитров (УАКС), м-р Саша Максимовски (економија) и Јасминка Димитрова Капац (климатизација, софтвер). Пријавени се 30 кандидати од кои повеќето од половина доаѓаат надвор од Скопје. Кандидатите ги добиваат сите предавања, Прирачникот за енергетска контрола (440 страници), и неколку прирачни софтвери. Наставата и вежбите планирано е да завршат кон крајот на месец март. Ако постои интерес, подготвени сме да организираме следен курс со почеток во средината на месец април. На нашата интернет страна редовно има информации за обуките.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 140

Страница 2

Проект REACH

Активностите на проектот REACH во јануари се концентрираа на промовирање и повеќестрано ширење на информациите за неговото делување кај организациите и институциите кои работат со социјалните категории на граѓани. Во таа насока, беше остварен контакт со Црвениот крст на Град Скопје, Мобилитас Скопје - здружение за хендикепирани лица, и неколку пензионерски организации на локално ниво. На овие средби се договорија и начините за комуникација на овие организации со енергетски сиромашните домаќинства со цел остварување на зацртаните цели на проектот. Во истиот период беше контактирано и со неколку технички училишта од регионот на Скопје. Претставниците на училиштата беа заинтересирани за учество во проектните активности со што и би се придонело за зголемување на знаењата и нивото на комуникација на учениците од овие училишта. (ЖИ) Проект Улично осветлување – ЕПЦ (Streetlight EPC) Третиот проектен состанок на проектот ЛЕД-ЕПЦ се одржа во Марибор-Словенија на 14-ти и 15-ти јануари 2015 година. Претставник на состанокот беше г-ѓа Јасминка Димитрова Капац. На работниот состанок се говореше за проектните активности, целите на проектот и временскиот распоред на проектните активности. Се обработија подетално проектните пакети WP1, WP5, WP7, WP3 и WP6. Партнерите се согласија дека со крајот на 2014 година проектниот пакет WP2 заврши успешно. Краен производ од тој пакет е преводот на документот насловен „Прирачник за советници за ДЕК“, изработка на „Чекор по чекор прирачник за ДГЕК - улично осветлување“ и анкетниот прашалник „Кусо упатство за ДГЕК – улично осветлување“. Сите овие документи можете да ги најдете на http://www.macef.org.mk/mk/EPC.html Учесниците на проектниот состанок во Марибор имаа можност да ја посетат фабриката за производство на ЛЕД светилки СЛОЛУКС. Повеќе информации на www.sloluks.com. (ЈДК) Нови активности на проектот RePublic_ZEB Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Во изминатиот месец, завршени се два извештаи од работниот пакет 2: Анализа на јавните згради и дефинирање на референтни објекти и работниот пакет 3: Проценка на ситуацијата и анализа на можностите за реконструкција на јавните објекти. Како дел од работниот пакет 2, завршен е вториот извештај со наслов „Дефинирање на национални референтни објекти“. Секоја земја учесник на проектот избра две до три референтни објекти врз база на претходната анализа на јавните објекти и изработената методологија. За Македонија, избрани беа една градинка, едно основно училиште и една административна зграда. Како дел од работниот пакет 3, завршен е првиот извештај со наслов „Досегашна имплементација на Директивата за енергетски карактеристики на објекти“. МАЦЕФ придонесе во овој труд преку изработка на

поглавје за досегашната имплементација на директивата преку меѓународни проекти, како и поглавје за мерките и политиките за промоција на нЗЕБ. (СП) Повеќе Бизнис иновативниот Форум 2015 Во периодот од 22-25 јануари се одржаа манифестациите организирани од општина Гази Баба, општина Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа и ЕМКИЦЕ. Во присуство на бројни претставници од земјата и странство Форумот го отвори вице премиерот Владимир Пешевски. Во делот кој се однесуваше на улогата на академскиот сектор како и консултантските и другите граѓански здруженија, панелист беше и проф. д-р Константин Димитров. Оваа иницијатива на локалната самоуправа е од особена важност за овозможување на подобра соработка меѓу повеќето сектори: држава, стопанство, академски институции, граѓанскиот сектор. Училишен проект Почетокот на второто полугодие значеше и почеток на работилниците за Разумно користење на енергијата во Зелените енергетски клубови во ОУ „Крсте Мисирков“, Зелениково и ОУ „Димитар Македонски“ во нас. Лисиче. Одржани се по две работилници во двете училишта од вкупно 15. Досега наставата се одвива во одличен ред и со голем интерес од учениците и поддршка од одговорните во училиштата. За жал и штета на учениците, во основното училиште во с. Боговиње наставничкиот кадар штрајкува и не може да започнеме со активности. Се надеваме дека во следниот период ќе се надмине таа состојба. (ЗТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 140

Страница 3

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Одлука за дополнување на Статутот на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје, во државна сопственост „Службен весник на Република Македонија“ бр.

Правилник за изменување на Правилникот за енергетски карактеристики на зградите(*)

Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2015 од 16.01.2015 година

Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на доставување на извештајот за увезени и/или извезени супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка, како и за производите кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка (*) „Службен весник на РМ“ бр. 11/2015 од 26.01.2015 година

Правилник за максималната висина на надоместокот за издавање на потврда со која се потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во основниот проект се во согласност со минималните барања за енергетска ефикасност како и за максималната висина на надоместокот за издавање на сертификат за енергетските карактеристики на зграда „Службен весник на РМ“ бр. 12/2015 од 27.01.2015 година

Статут на операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 3/2015 од 28.01.2015 година

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Општина Кисела Вода успешно ја реализираше ОПЕЕ 2010-2014г. Како резултат на спроведените мерки за енергетска ефикасност, општина Кисела Вода бележи значителни заштеди во однос на трошоците за енергија, а воедно и зголемен комфор за корисниците. Добиените информации од Одделението за Енергетска ефикасност при општината се следни: Вкупните финансиски зашеди како резултат од реализација на ОПЕЕ за период 01.1.2010-31.12.2014г. изнесуваат 1,759,329 евра. Во однос на потрошувачката на енергија - 16,047 MWh и дури 4,252 тон СО2eq помалку во атмосферата. Честитаме на општина Кисела Вода и се надеваме дека и останатите општини ќе го следат нивниот пример и ќе се трудат да ги спроведуваат мерките за ЕЕ кои се пропишани во нивните ОПЕЕ. (ЗТ) Ефтината нафта ги поефтини производите на ВИТАМИНКА Македонската компанија за прехранбени и кондиторски производи Витаминка од Прилеп објави дека ги намалува цените на своите производи како резултат на намалувањето на производствените трошоци по падот на цената на енергенсите. „Овој пат, како резултат на светскиот тренд на намалување на цената на енергенсите, во последниве неколку недели Витаминка забележа пад на трошоците за производство. Намалувањето на цената на производите во моментов е реакција на случувањата на глобално ниво и поради намалените трошоци, за нас како компанија се отвори можноста за корекција на цените во надолна линија, а краен бенефит ќе

имаат нашите потрошувачи“, изјавија од Витаминка АД Прилеп. „Витаминка“ е меѓу првите македонски производители која ги намали цените на своите производи по двојното намалување на цената на нафтата на светските берзи. (ЗТ) Повеќе... ЈАВЕН ОГЛАС на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2015 година Министерството за економија, со цел за стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Македонија, на купувачите на сончеви топлински колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2015 година, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви топлински колекторски системи до 30 %, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност, под услов купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви топлински колекторски системи во својот дом врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013 година и 2014 година. На 6 јуни 2015 година во просториите на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ, Скопје ќе се одржи јавно извлекување на лицата кои ќе може да се стекнат со правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден сончев колектор. Огласот, програмата, заедно со барањето за надоместување на трошоците, можете да ја најдете на следниот линк Повеќе (СП) Состојбата со системот за отпадни батерии и електричниот и електронски отпад во Република Македонија Министерството за животна средина на крајот од месец јануари одржа прес-конференција посветена на „Состојбата со системот за отпадни батерии и електричниот и електронски отпад во Република Македонија“. Точните бројки за собраните количини на отпадни батерии и акумулатори ќе ги имаме по март годинава, кога согласно Законот ќе бидат доставени годишните извештаи од колективните постапувачи. Заменик министерот за животна средина го искажа очекувањето, градоначалниците, кои се непосредни чинители во овој процес, активно да продолжат со активностите започнати во изминатиот период за воспоставување на структурата за имплементација на Законот. (ДТ)Повеќе...

Новости од светот Бритиш петролеум: Ниски цени на нафтата во наредните три години Според директорот на британскиот нафтен гигант Бритиш Петролеум Боб Дадли ниските цени на нафтата може да потраат и во наредните три години. Тој за британските медиуми истакна дека иако цените на нафтата често се менуваат и во минатото имало случаи кога и по неколку години останувале на многу високо или на многу ниско ниво. „Сепак треба да имаме план за ниски цени. Не знаеме кое е тоа нови, но извесно е дека ќе трае со години, а веројатно две или можеби три“ смета Дадли. Цените на нафтата во јуни минатата година изнесувале околу 100 долари, додека оваа година паднаа под 50 долари по барел.(ЈДК) Повеќе... ЕУ со нови предлог мерки за ЕЕ во домаќинствата Европската унија излезе со нови предлог мерки за зголемена енергетска ефикасност во домаќинствата стапија во сила од 1 јануари 2015 година. Со новите мерки едно домаќинство ќе заштеди дополнителни 45 Евра/год, а воедно се очекува да се намалат емисиите на CO2 од околу 15 милиони тони годишно. Новите мерки за енергетска ефикасност ги опфаќаат уредите за готвење, кафематите и мрежни уреди. Дополнително, етикетите за енергетска ефикасностна корисниците ќе им овозможуваат проверка на енергетската ефикасност на производите кои се

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 140

Страница 4

продаваат преку интернет. Новите мерки за ЕЕ се: поставување на етикета за енергетска ефикасност на новите печки на гас и кујнски аспиратори со капа; дополнителна функција кајновите кафемати која ќе овозможува после одреден временски период уредотавтоматски да сепрефрли во режим на мирување (standby); дополнителна функција на автоматски режим на мирување ќе ја имаат и новите модеми, приемници/декодери, поврзани телевизори и печатачи; и последната мерка етикета за енергетска ефикасност за интернет продажбите-продавачите ќе мора да ја постават целата етикета за енергетска ефикасност на уредите кои ги продаваат преку интернет, а не само да ја назначат енергетската класа на уредот. (ДТ) Повеќе...

Анализа Анализа на Европската комисија за пазарот на гас и електрична енергија Европската комисија ја објави последната најнова анализа за пазарот на европскиот гас и електрична енергија за 2014 година. Во продолжение се дадени неколку важни факти од направените извештаи: Гас-во првата половина од 2014 година, во европската унија за 20%е намалена потрошувачката на гас во однос на истиот период во 2013 година, следствено за 9%намален е и увозот на гас. Меѓутоа, иако во првите три квартали од 2014 година увозот на природен гас во ЕУ е намален за 7%, во Велика Британија увозот на природниот гас е зголемен за 22%, а во Шпанија после три години опаѓањеколичините на природниот гас беа стабилни. Во третиот квартал од 2014 годинацената на гасот во Европските центри се зголеми за 10-15%, сепак во повеќето центривосептември 2014 година цените на гасот беа на ниво од 20-30 евра/MWh - што е за 30% помалку во споредба со минатата година. Во цела ЕУ во периодот помеѓу првата половина од 2013 година и првата половина од 2014 година, продажната цена на гасот за индустрија падна за 4%, а за домаќинствата за 2%. Електрична енергија-во периодот од јуни до август во 2014 година потрошувачката на електричната енергија во ЕУ се зголеми за 1,5%. Истотака, во мај и во јуни забележан е пораст на прекуграничните текови на електричната енергија за 20%, во споредба соистиот период во 2013 година. Ваквата состојба ја прикажува зголемената интеграција и подобрената ликвидност на Европските големопродажни пазари за електрична енергија. Во северозападниот регион на Европа постои значајна разлика во цените на електричната енергија, најнискa ценaво овој квартал ево Франција од 29 евра/MWh, a највисоката е во Латвија и Литванија 57 евра/MWh. (ДТ) Повеќе...

Движ ење на цената на електричната енергија на берзата во период 4-10.2.15

9,5%. Во 2015 година се очекува Германија да го надмине инсталираниот капаците на Обединетото кралство од минатата година, и да го превземе првото место. Значајно е да се напомене дека Обединетото кралство има поголем инсталиран капацитет од ветерни крајбрежни турбини, во споредба со сите останати држави во светот, но во 2014 година државите од Европската унија направија доста сериозни инвестиции токму во овој сектор. (ДТ) Повеќе...

Занимливости Специјалната облека „Nanowire“ со можност подобро да го одржува нивото на топлина кај луѓето, без дополнително загревање на околината Научниците развиле нов вид на „nanowire“ превлака за облека која покрај тоа што ќе создава топлина таа исто така успева на подобар начин да ја зароби топлината која ја ослободува нашето тело, за разлика од користењето на обичната облека без дополнителни превлаки. Тие развиле лесен, флексибилен и мрежаст материјал кој што го пропушта воздух и може да се примени кај нормалната облека. Во споредба со обична облека, „nanowire“ материјалот ја заробува телесната топлина на поефикасен начин. Поради тоа што навлаките се направени од спроводнички материјали, тие исто така можат да се затоплат со помош на извор на електрична енергија за дополнително покачување на нивото на топлина. Научниците пресметале дека со нивната топлинска ткаенина може да се заштедат околу 1,000 kWh од човек за една година, тоа е еднакво со потрошувачката на електрична енергија за еден месец на едно просечно американско семејство. (БК) Повеќе... Ајфеловата кула и енергетската ефикасност Амбициозниот проект за реконструкција на Ајфеловата кула кој е започнат во 2012 г. од архитектонското студио Moatti-Riviere, покрај делот кој ја опфаќа целосната реконструкција на објектот, има за цел да го претвори првиот кат од Ајфеловата кула во дел во кој ќе ги користи алтернативните извори на енергија од соларната енергија и од енергијатa на ветерот. Освен тоа целиот прв кат се предвидува да има вградено лед осветлување за да се зголеми енергетската ефикасност на целата кула. Предвидени се четири ветерогенератори со вертикални оски кои ќе ги придвижуваат пумпите за снабдување со вода. Исто така се предвидува да се собира и користи и дождовната вода која ја има во изобилство ради честите врнежи. (ЗТ) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Саем „ЕнерџиТех“ (EnergyTech) 12-ти до 15-ти февруари, 2015г. Солун, Грција Саем за обновлива енергија и конвенционални извори на енергија. Повеќе...

Пад на ветерната индустрија во Европа Според извештајот на Европската крајбрежна ветерна индустрија во 2014 година е забележан пад од 5,34%, или намалување на инсталираниот капацитет за 84 MW, во однос на 2013 година. Повеќе од половина од новиот инсталиран капацитет е на Обединетото кралство или 54,8%, Германија е втора со 35,7% инсталиран капацитет и последна е Белгија со

РЕНЕКСПО за Западен Балкан (RENEXPO®) 22-ри и 23-ти април 2015г. БелЕкспо центар Белград, Србија Втор меѓународен саем и конференции за ОИЕ и ЕЕ. http://www.renexpo-belgrade.com/index.php?id=7&L=1 Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б.Калиманов, Д.Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски и И. Петрушевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

142 infomacef