Page 1

Број 141

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Декември 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Ви ја честитаме Новата Енергетски Ефикасна 2015 Година, придружена со сите празници. Декември е месец кога се средуваат завршните сметки, си ги честитаме успесите или се тешиме кога не сме добиле некоја работна задача, а силно сме ја посакувале. Но тоа е реалниот живот и така треба да биде! Во јануари го започнуваме ТРЕТИОТ КУРС ОБУКА НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ! Информации на нашата интернет страна. На редовното годишно собрание, заклучивме дека 2014 година беше значително поповолна финансиски во споредба со претходната година. За одбележување се неколку дејности: Активно учество во меѓународната поделба на трудот. Стекнување лиценци за обука на енергетски контроли (реализирани обуки) и лиценца за приготвување енергетски сертификати за згради. Успешно изработена Студија за инвестирање во ОИЕ за потребите на Хрватско електростопанство, во осработка со ЕИХП Високата оценка на Студијата за трансформација на котларата на Клинички центар Скопје во когенеративна енергана, за која Владата донесе одлука за реализирање. Во минатиот број прикажавме и случај на НЕГАТИВНА ПРАКСА! Еве уште еден пример: Топлификација Инженеринг ПОБЕДИ на јавниот повик на град Скопје и доби задача да изработи Програма и Акциски план за ЕЕ, како и да приготви енергетски контроли на јавните објекти во сопственост на градот (со над 140 000 m2 површина) за вкупна сума од околу 3000 ЕВРА. Под претпоставка дека 30% од сумата се нужни за изработка на Програмот и Акцискиот план за ЕЕ, останува дека контролите се изработуваат за околу 0,9 денари/m2. Не спориме дека секоја организација, во согласност со своите политики, може да ДОНИРА свои услуги. Единствено го поставуваме прашањето – дали ќе се сочува МИНИМАЛНИОТ ПОТРЕБЕН квалитет? Контролата е веќе задача на Министерството за економија и Агенцијата за енергетика. Од оваа причина, на годишното собрание, најавивме иницијатива за формирање КОМОРА на енергетски контролори. Во исто време, од двата Правилника и Законот за енергетика, ги извлековме елементите од кои треба да се состои една Општа енергетска контрола, како минимум материјал. Тоа ќе го доставиме на увид до Министерството и до Агенцијата, како наш придонес во желбата да не се дозволи деградирање на институцијата Енергетски контролор. Тргнувајќи од ставот дека со Енергетската контрола се утврдува безбедноста на објектот и инсталациите, како и потребата да се обезбедуваат комфорни услови – иако не е јасно наведено, сметаме дека и при Општата енергетска контрола мора да се спроведат минимални мерења и тоа – температура и влажност на воздухот во просторот, ниво на осветленост и ниво на звук. Очекувам коментар од енергетските контролори – дали сметате дека ова се доволни мерења при општа енергетска контрола, дека се непотребни, или дека треба да се зголемат?

Оваа дискусија треба да ја водиме сега пред да се внесат очекуваните дополнувања/измени на Правилниците. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Годишно собрание на МАЦЕФ

На 26-ти овој месец МАЦЕФ го одржа дванаесеттото годишно собрание со почеток во 13:00ч, во своите простории. На собранието присуствуваа сите членови на органите на Здружението, членовите на претседателството, членови на МАЦЕФ, симпатизери, соработници и пријатели. Во доволоен број на присутни со собранието претседаваше Јасминка Димитрова Капац, претседател на МАЦЕФ. Годишниот извештај за 2014г. и програмот за 2015г. беа едногласно прифатени од присутните. Притоа се разви дискусија со предлози и сугестии, а сето тоа се заврши со здравица и убава мисла. Неколку активности ја карактеризираат оваа година и тоа: 1.Активно учество во меѓународната поделба на трудот, со учество во 3 проекти во ЕУ програмата Интелигентна Енергија Европа, соработка со Институтот „Хрвоје Пожар“ во изработката на студијата за Потенцијал за инвестирање во секторот на обновливи извори на енергија во Македонија, за потребите на Хрватското електростопанство (позитивно оценет нацрт документот).

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 141

Страница 2

2. МАЦЕФ е лиценциран за реализирање на обука за енергетски контролори (обуката ја завршија успешно над 80 кандидати) и лиценциран за изработка на енергетски контроли. При тоа на кандидатите им се приготви литература на македонски јазик (над 400 страници) како и соодветни помошни софтверски алатки. 3. МАЦЕФ ја приготви Студијата за реконструкција на котларата во Клиничкиот центар во Скопје, во когенеративна постројка. Владата на Република Македонија (декември 2014) донесе одлука оваа програма да се реализира! 4. Редовно го приготвуваме овој Информативен билтен ИнфоМАЦЕФ, во кој ги пренесуваме информациите кои сме ги стекнале. 5. Повторно излеговме на „сцена“ со учество на саемска манифестација заедно со партнерот МАЦЕФ Инт, со презентација на опремата на Финската компанија ОИЛОН. Учество на работилница за подобрување на локалните платформите за акција На 12.12.2014 год. во Битола, во организација на Центарот за истражување и креирање на политики се одржа работилница насловена за подобрување на локалните платформите за акција. Работилницата е дел од проектот „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“ и во него континуирано земаат активно учество претставници на МАЦЕФ. На настанот во Битола свое излагање на тема „Предизвици и мерки за одржливо и рационално користење на енергијата во РМ, со посeбен акцент на општинско (локално) ниво“ имаше Игор Петрушевски. Покрај посочувањето на недостатоците и потребните активности за зголемување на мерките за ЕЕ и искористување на ОИЕ, г. Петрушевски имаше кратко претставување на концепт на фонд за енергетска ефикасност соодветен за нашата земја.

Главните заклучоци од работилницата беа: потребата од подигање на свеста за ЕЕ и ОИЕ, особено кај раководните лица (градоначелници), потребата од вмрежување, како и потребата за воведување на еколошка такса со цел обезбедување на финансиски средства за спроведување на проекти за ЕЕ и ОИЕ.(ИП) RePublic_ZEB (ИЕЕ Програма) Достигнувања во 2014 година! Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетси Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Во досегашното реализирање на проектот, направени се неколку извештаи и резултати како база на јавни објекти со енергетски карактеристики на истите, состојба и можности за спроведување на директивата за енергетски карактеристики на објеките и воспоставување на законска рамка за „речиси нула“ енергетски објекти итн.

Досега се одржаа два состанока на проектниот тим, во Милано, Италија и Лондон, Велика Британија, на кои присуствуваше и МАЦЕФ. Очекувајте ги следните резултати од овој проект во наредната година! Повеќе... (СП) Проект ЛЕД – ЕПЦ (ИЕЕ Програма) Во изминатиов месец тимот на МАЦЕФ задолжен за спроведување на овој проект ги заврши сите работни задачи од работниот пакет 2 согласно предвидената динамика. Беа изработени Прирачник чекор-по-чекор и Регионален прашалник со одговори, и извештајот за динамиката на работа за овие 8 месеци, со што официјално беше завршен работниот пакет 2. Прирачникот чекор-по-чекор е наменет за општините и компаниите кои нудат енергетски услуги, а претставува насока за полесно спроведување на ЕПЦ-проекти за улично осветлување. Во прирачникот се наведени соодветните правила на набавки, информации за финансиски инструменти и 3 постоечки примери на ЕПЦ-проекти за улично осветлување во Република Македонија. Во периодот што следи прирачникот ќе биде проследен до сите општини во Република Македонија и до компаниите кои нудат услуги од областа на енергетиката, воедно ќе биде испратен и регионалниот прашалник со одговори. Во регионалниот прашалник се наведени најчесто поставуваните прашања од страна на општините, а кои се однесуваат на ЕПЦ-проектите. Повеќе... (ДТ) МАЦЕФ и МАЦЕФ Инт на меѓународен саем за климатизација, греење и ладење 45-от меѓународен конгрес и изложба за климатизација, греење и ладење се одржа од 3-5 ДЕКЕМВРИ, 2014 во Белград, Србија. Изложбата имаше за цел да ја воведе и информира стручната јавност за новите производи кои се користат во зградите и за снабдувањето со енергија на истите. Овој пат фокусот беше ставен на производите кои користат нови технологии, на новите елементи кои се применуваат во областа на климатизација, греење и ладење, како и успешни примери, како нераскинлив дел од експертската средба. Тоа е можност во исто време и на исто место да се сретнат проектанти, градежници, производители, научници, претставници на компании - сите посветени на истата заедничка задача: енергетска ефикасност на зградите. Оваа година, МАЦЕФ Инт беше присутен како застапник на реномираната финска компанија ОИЛОН за производство на горилници, како за комерцијална така и за индустриска примена. На изложбата учество земаа околу 90 компании. (ЈДК) МАЦЕФ на Генерално собрание на Универзитет Американ Колеџ Скопје На 12.10.2014 се одржа Генерално Собрание на УАКС Универзитет Американ Колеџ Скопје. г-дин Aнтони Пешев даде осврт за информации за работата на Деловниот Совет на УАКС. Д-р Марјан И. Бојаџиев, ректор на УАКС, ги презентираше достигнувањaта на УАКС во 2013-2014 година. Се одржа и аукција на слики од УАКС од студенти и професори, чии средствата беа наменети за фонд за стипендирање на студенти, кои не можат да си дозволат школување. (ЈДК)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 141

Страница 3

МАЦЕФ на средба со IМЕ и Швајцарска амбасада На 12-ти Декември во хотел Дувет се одржа состанок за планирање која го организира Швајцарската амбасада во врска со новиот IME (Increasing Market Employability) проект кој е во моментов нивни најголем проект за економски развој кој е насочен на приватниот сектор. Еден од секторите е Зелена економија и состанокот е на стратешко ниво со цел да се разгледаат идните активности кои ќе започнат од април 2015 и ќе траат најмалку уште четири години. Состанокот го отвори Катарина Штокер од швајцарската амбасада, потоа проектниот менаџер Розанди Лов ја презентираше 10 годишната програма. Учесниците активно се вклучија во дискусијата. Претставник од МАЦЕФ беше Јасминка Димитрова Капац. (ЈДК)

Колективен договор за енергетика

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување.

Одлука за донесување на Енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2015 до 2019 година

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

„Службен весник на РМ“ бр. 182/2014 од 11.12.2014 година

Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на когенеративна постројка за производство на електрична енергија и топлинска енергија за греење и за техничка пареа „Службен весник на РМ“ бр. 184/2014 од 15.12.2014 година

Закон за изменување и дополнување на Законот за градење „Службен весник на РМ“ бр.187/2014 од 18.12.2014 година

Одлука за донесување на Измени и дополнувања на Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија „Службен весник на РМ“ бр. 189/2014 од 22.12.2014 година

Измени и дополнување на Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/12, 30/14 и 161/14) „Службен весник на РМ“ бр. 189/2014 од 22.12.2014 година

„Службен весник на РМ“ бр. 192/2014 од 24.12.2014 година

Програма за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2015 година „Службен весник на Република Македонија“ бр. 194/2014 од 25.12.2014 година

Правила за изменување и дополнување на Правилата за пазар на електрична енергија „Службен весник на Република Македонија“ бр. 194/2014 од 25.12.2014 година

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај.

Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Правила за изменување и дополнување на Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија „Службен весник на Република Македонија“ бр. 177/2014 од 01.12.2014 година

Тарифен систем за изменување и дополнување на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на мали потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје

Службен весник на Република Македонија“ бр. 177/2014 од 01.12.2014 година

Тарифен систем за изменување и дополнување на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи „Службен весник на РМ“ бр. 177/2014 од 01.12.2014 година

Закон за изменување и дополнување на Законот за водите „Службен весник на РМ“ бр. 1 180/2014 од 05.12.2014 година

Поврзување на македонскиот и српскиот електропреносен систем Во месец декември беше означен почетокот на изградбата на новиот 400 kV далекувод со кој ќе се поврзат македонскиот и српскиот електропреносен систем. Новиот далекувод ќе претставува електроенергетска врска со српскиот електропреносен систем и ќе ги поврзува 400/110 kV трансформаторските станици во Штип и во Врање, а ќе биде со вкупна должина на трасата од 70 километри. Инвестициската вредност на овој проект е 9,7 милиони евра. Со спроведувањето на овој проект се очекува да се зголемат капацитетите за пренос на електрична енергија и поголема стабилност и доверливост на електроенергетските системи на регионално ниво. Трансформаторската станица Штип е најголема инвестиција во преносната електроенергетска мрежа во источна Македонија во изминативе 70 години, со инвестициска вредност од 13 милиони евра која ќе ги задоволи потребите на овој регион за идните 20 години. Значајно е да се напомене дека изградбата на трасата на територијата на Република Србија е започната во декември 2012 година и е во завршна фаза. Со поврзувањето на Република Македонија и Република Србија, се очекува капацитетот на дистрибутивната мрежа во двете држави да се зголеми за 250 MW. Повеќе... (ДТ) Обука на наставниците на тема „Енергетски ефикасна Општина“ На 17.12.2014г., во просториите на централното училиште ОУ „Дебрца“ беше реализирана едукативна обука за вработените. Обуката имаше за цел да ги запознае вработените со работата

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 141

Страница 4

за енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија во рамки на СПАРЕ програмата за наставници. Генерална цел на ова обука беше преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови. Требеништа доби енергетски ефикасни прозорци, врати, ламинантни подови и обновена е фасадата на училишната зграда. Повеќе (СП) Конференција за зелената градба во Македонија Во организација на Македонскиот совет за зелена градба со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), на 22-ри декември 2014 се одржи Првата конференција за зелена градба во Република Македонија. Зелената или т.н. одржлива градба, се однесува на структура и употреба на процес кој е еколошки одговорен и енергетски ефикасен во текот на целиот животен циклус на една зграда, од дизајн, изградба, работење, одржување, реновирање, како и уривање. Зелената градба вклучува изнаоѓање баланс помеѓу градењето и одржливата енергија, што пак бара соработка меѓу архитектите, инженерите и клинетот во сите фази на проектот. Повеќе... (СП) УСАИД му помага на Пехчево да заштеди и да ги ублажи климатските промени Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн на 18.12.2014 беше во посета на општина Пехчево. Целта на средбата на која присуствуваше денес Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн беше завршувањето на проектот „Енергетска ефикасност во општина Пехчево“, која опфаќа енергетско-ефикасни реновирања и надградби во општинската зграда, ООУ Ванчо Китанов, ЈУДГ 7 Септември, спортска сала Јане Сандански и Домот на културата Јане Сандански. Преку подобрување на термоизолацијата и инсталирање на системи за греење како и преку користење енергетски-ефикасни улични светилки, општината ги намали трошоците и емисиите на стакленички гасови. Активностите беа дел од Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени. Повеќе... (СП)

Новости од светот

Енергетската ефикасност на зградите е „Апсолутен приоритет“ во климатскиот пакет до 2030 Одглавување на потенцијалот за заштеда на енергија на старите згради во Европа, ќе биде од клучен приоритет на европската политика во следната година. Најавите велат дека она што ќе биде превземено е освежување на директивата за екодизајн и екоетикети при што ќе се воведе етикетирање на поголем број на производи поврзани со потрошувачката на енергија, како на пример прозорците. Исто така, се очекуваат нови насоки кои ќе ги дефинираат барањата за „Речиси нулта енергетски згради“ до 2021г. Повеќе... (ИП)

Анализа

Техничка анализа - Субвенционираните мерки за енергија и нивното влијание врз иновациите во секторот обновлива енергија во Европа Европската агенција за животна средина (European Environment Agency-EEA) и конзорциумот од експерти воден од CE Delft, изработи ја извештај во кој е направен осврт на неколку клучни теми: - Нивото и типот на мерки кои се превземени до 2012 година, а се за поддршка на производството и потрошувачката на енергија во 32 земји во Европа. - Нивото на напредок на земјите во Европа, во однос на иновации во секторот обновлива енергија, според бројот на пријавени на патенти во Европскиот завод за патенти (European patent office-EPO) за различни технологии за искористување на обновливата енергија. - Врската помеѓу мерките за поддршка на обновливата енергија и степенот на вработеност во двата најразвиени

сектори на обновлива енергија во Европа (ветер и соларни фотоволтаижни панели). Главните заклучоци од извештајот се дека и покрај зголемениот интерес за промоција на обновливата енергија, сепак во 2012 година значителен дел од превземените мерките за поддршка на ниво на Европа, ги опфаќаат на фосилните горива и секторот нуклеарна енергија. Воедно земјите со значително поголема даночна стапка за CO2-емисиите, имаат поголема стапка на пријавени технолошки иновации-патенти за искористување на обновливата енергија. Мерки за поддршка на енергијата, 2012 година, ЕЕА-32

40,5%

6,2%

Обновлива енергија

53,3%

Процесот на иновации во секторот обновлива енергија зависи од неколку клучни фактори: политичката желба за да се насочи фокусот кон секторот обновлива енергија, претходно постоечките способности за иновации, нивото на инвестиции за истажувања и развој на технологии за обновлива енергија и политика за обновлив дизајн. За изработката на анализата е направен избор на 4 целни држави: Чешка, Холандија, Шпанија и Швајцарија. За избраните држави се изработени детални студии за развојот на иновации и политиката која ја спроведуваат во однос на мерките за енергија. Целта на техничката анализа е да се даде балансирана дискусија за различните форми на поддршка за сите извори на енергија кои моментално се применуваат во Европа, како и нивната улога во поттикнувањето на иновации во секторот обновлива енергија. Повеќе... (ДТ)

Занимливости

Нова генерација на обновливи енергетски технологии Младинци кои што играат на новоинсталирано игралиште во едно од предградијата на РиоДе Жанерио сега се користи за обезбедување на електрична енергија на уличното осветление во соседството со секој поминат чекор. Нивните движења по теренот се претворени од кинетичка енергија во електрична енергија со употребата на 200 скриени плочки кои ја прифаќаат енергијата направени од лондонската компанија Pavegen. За нивното инсталирање било потребно помалку од една недела време. Компанија основана од Laurence Kemball-Cook во 2009-та година, компанијата ги извезува своите плочки за претворање на енергијата во 20 земји ширум светот. Повеќе... (БК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Меѓународна конференција за науката во областа на животната средина и инженерингот 24 - 25 април 2015г., Истанбул, Турција Основната цел на конференцијата е промовирање на истражувачките и развојни активности во Науката за животната средина и инженерингот. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, Д.Трпковска, С. Паневски, Ж. Илиевски и И. Петрушевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

141 infomacef