Page 1

Број 140

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Со ноември завршија и активностите со проектот за прекугранична соработка ИРЕКо (нашиот дел). Албанскиот партнер, кој го раководи д-р Едмонд Хидо, продолжува со работата, затоа што почнаа со задоцнување. Но во исто време, со гордост соопштуваме дека е прифатен за финансирање проект преку ЕУ Фондот ХОРИЗОН 2020 кој го раководи ГИЗ (ГТЗ) во кој учествува и МАЦЕФ (единствени од регионот). Дека не сме прифатени како “украс“ т.е. “правична застапеност“ зборува изјавата за Енергетската Заедница од страна на раководителот на ГИЗ секторот за фондови г-дин

Johannes Elle: : "We are very happy about the European Commission’s decision for financing our proposal. This sends a clear message that know-how transfer between EU countries and the European periphery is not a one-way street. Innovative solutions developed in the Western Balkans are interesting for EU members states as well, which are facing in many ways similar problems regarding multilevel governance for energy efficiency." Вториот циклус на обука и испити за енергетски контролори заврши. 21 кандидат ги положија испитите и сега треба да добијат овластување за енергетски контролори. А во рамките на успешно реализираната обука сите заеднички се провеселивме во ресторантот Македонска Куќа. Третиот циклус обука на енергетски контролори го организираме во месец јануари. Заинтересираните треба да се пријават за да можеме да ги известиме за почетокот на званичното поднесување документи за следење на обуката. МАЦЕФ ја исполни обврската кон Австриската Агенција за Енергетика, приготвувајќи ги потребните информации за енергетиката во Македонија во рамките на меѓународниот проект – мрежата enerCEE.net. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон неколку наши активности: Проекто ИРЕКо - завршница Продолжување на училишниот проект за енергетска ефикасност финансиран од ЕВН Активности на проектот REACH Активности на проектот Streetlight EPC Во рамките на редовните активности, продолживме со изработка на неколку ИЗЈАВИ за исполнување на барањата за енергетски карактеристики на згради, за добивање на градежни дозволи. НЕГАТИВНА ПРАКСА. Одбележуваме дека ГЕИНГ успеа да победи на јавниот повик за да изработи Енергетска контрола и Проект за реконструкција на училиште во општина Кисела Вода за 0.01 денар! Се надеваме дека квалитетот на Енергетската контрола нема да биде еднаков со договорената сума. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект ИРЕКо - затворање Ноември е последниот месец од вкупно 15–те месеци резервирани за спроведување на проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија во меѓуграничниот регион“-ИРЕКо. Во овој месец, тимот на МАЦЕФ успеа да ги спроведе сите предвидени работни задачи со кои се означи затворањето на проектот. Она што го одбележа овој месец беше успешната реализација на последната активност 7и одржувањето на Завршната конференција. Во рамки на последната активност 7 беа изработени 4 детални енергетски контроли за 4 јавни објекти во Југозападниот плански регион и 1 финален извештај, а беа опфатени 4-те општини: Охрид, Струга, Центар Жупа и Дебрца. Изработката на енергетските контроли претставува помош на општините и поттикнување на истите за целосно исполнување на нивната законска обврска за изработка на енергетски контроли на јавните објекти со кои располагаат и изработка на општинска програма за енергетска ефикасност и 3 годишен акционен план за спроведување на предвидените мерки за енергетска ефикасност. Успешното спроведување на проектот беше заокружено со „Завршна конференција“, која се одржа на 25 ноември во хотел Дрим, Струга. На конференцијата беа прикажани постигнатите резултатите од спроведувањето на сите 7 проектни активности, а свое обраќање имаа г-ѓата Јасминка Димитрова Капац-лидер на проектот и г-ѓата Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион и воедно локален партнер на проектот. На настанот присуствуваа претставници од општините: Охрид, Струга, Вевчани, Центар Жупа и Дебрца, г-ѓата Ардита Истрефи од Заедничкиот Технички Сектретаријат –Струга, претставници од компанијата која беше избрана за изработка на енергетските контроли, како и новинари од медиумите ТВМ и МТРВ. На завршната конференција беше промовирана и Студијата за утврдување на потенцијалот за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во прекуграничниот (Југозападниот плански) регион, која е резултат од спроведувањетио на активностите 5 и 6. (ДТ)

Здружението МАЦЕФ како функционален водечки партнер на проектот ИРЕКо, официјално се заблагодарува на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, општините од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 140

Страница 2

регионот, сите организации, компании, експерти и физички лица кои учествуваа и придонесоа за успешно спроведување на овој проект. Со надеж дека нашата соработка штотуку почнува. МАЦЕФ на обука за изработка на Финален извештај (ИПА проекти - ИРЕКо) На 26.11.2014г. во хотел Порта, Скопје се одржа целодневна обука за изработка на Финален извештај на организациите кои се задолжени за спроведување на проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка, финансирани од Европската унија. Обуката беше организирана од страна на Заедничкиот технички секретаријат – Струга, а предавач на обуката беше г-динот Денис Слатина, претставник од проектот ЦБИБ+ (CBIB+). Целта на обуката беше детално објаснување на начинот на кој се изработува финалниот извештај, кој се содржи од два дела описен (наративен) и финансиски, како и изгледот на извештајот и дополнителните материјали кои треба да се подготват. Обуката беше интерактивна и се состоеше од две сесии, кои беа поврзани со работен ручек, во рамки на двете сесии присутните ги споделеја личните искуства од спроведувањето на проектите. Додека пак за време на работниот ручек учествуваа претставници од Европската делегација од одделите финансии и набавка, кои одговараа на конректни прашања. На настанот беше претставен и проектот ИРЕКо од г-ѓата Јасминка Димитрова Капац- лидер на проектот и г-ѓата Даниела Трпкоска технички асистент (МАЦЕф). (ДТ) МАЦЕФ на Втора тркалезна маса за проектите од ИПА програмата На 03.11.2014г. во канцелариите на Европската Делегација се одржа втората редовна средба наменета за организациите спроведуваат проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка, финансирани од Европската Унија. Средбата беше во организација на Заедничкиот технички секретаријат – Струга и Европската делегација во Скопје, целта на средбата беше да се утврди динамиката на спроведувањето на проектите, споделување и изнаоѓање соодветни решенија на тековните проблеми со кои се соочуваат организациите при спроведување на проектите, како и споделување на личните искуства меѓу организациите. На крајот од обуката сите организации потврдија дека ваквите средби придонесуваат за полесно совладување понатамошното спроведување на проектите, како и тоа средбите да се одвиваат на месечно ниво. МАЦЕФ - функционален водечки партнер на проектот ИРЕКо, учествуваше на средбата со свои претставници, г-ѓа Јасминка Димитрова Капац - лидер на проектот и г-ѓа Даниела Трпкоска технички асистент на проектот. Oбука за ISO 50001: 2011 стандард за систем за управување со енергија и системите за мониторинг/управување со потрошувачка на енергија Во рамките на Проектот за индустриски менаџмент на УСАИД Македонија, во соработка со УНИДО, на 27-28 ноември 2014 година се одржа обука за систем за управување со енергија. Обуката беше наменета за лицата кои се задолжени за раководење на енергетските системи во компаниите (енергетски менаџери), како и за лицата кои се бават со воведување на стандардот ISO 50001 (консултанти за енергетски менаџмент). На обуката беа покриени роблематиките на развивање на информации и планови за потрошувачка на енергија, Финансирање на проекти за мониторинг/управување со потрошувачка на енергија, хардвер и софтвер за систем за мониторинг/управување со потрошувачка на енергија. На обуката присуствуваа и претставници од МАЦЕФ кои се стекнаа со искуства, алатки и онлајн помош од наведената проблематика. (ИП)

Училишен проект на ЕВН Македонија Крајот на месец ноември значеше ново продолжение на Училишниот проект. На почетокот од декември МАЦЕФ ги започна подготовките за реализација на работилниците во основните училишта во о.Зелениково, о.Аеродром и о. Боговиње. Новата сезона ја освеживме со нов дизајн на помошните материјали кои секој ученик од зелениот клуб ќе ги добие. (ЗТ) Проект REACH Во овој месец, целиот опсег на активностите на проектот „Намалување на користењето на енергијата и менување на навиките“ (REACH) беше фокусиран на привршувањето на резултатите од вториот работен пакет. Со завршување на месец ноември беше финализиран националниот извештај за енергетска сиромаштија, локалниот извештај за енергетска сиромаштија за подрачјето на градот Скопје, како и локалниот акциски план за намалување на енергетската сиромаштија согласно временскиот распоред. Исто така, во ноември е поставена и македонската верзија од интернет страната на проектот (http://reach-energy.eu/mk/) со што е достапна за пошироката јавност. Подготвени се и промотивните материјали за потребите на комуникација меѓу реализаторите на активностите и целните групи и клучните актери. Во следниот период од месец декември и јануари претстојат средби и обуки на терен на клучните актери со цел оформување на целосниот круг на активности. (ЖИ) Завршува првиот период на проектот RePublic_ZEB На крајот на ноември, заврши првиот период на реализација на RePublic_ZEB проектот. Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останати партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетси Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Во досегашното 9 месечно реализирање на проектот, направени се извештаи и резултати како база на јавни објекти со енергетски карактеристики на истите, состојба и можности за спроведување на директивата за енергетски карактеристики на објеките и воспоставување на законска рамка за „речиси нула“ енергетски објекти итн. Досега се одржаа два состанока на проектниот тим, во Милано, Италија и Лондон, Велика Британија, на кои присуствување и МАЦЕФ. Повеќе (СП) Проект Улично осветлување – ЕПЦ (Streetlight EPC) Месец ноември не го изостави и овој проект на МАЦЕФ, тековните активности кои произлегуваат од работните пакети на проектот бараа работа и посветеност. Имено, ноември го посветивме на надополнување и креирање прирачник за ЕПЦ олеснувачи(EPC facilitators). Во прирачникот се поместени одговори на сите прашања кои се јавуваат кога се прават ЕПЦ договори. Опишани се условите и начинот на кој олеснувачот/советникот може да помогне на јавните и приватните институции за започнување на ЕПЦ договор и негова

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 140

Страница 3

реализација. Прирачникот е од вториот работен пакет. Во понатамошните активности следи негово печатење, а и печатење на други материјали кои ќе произлезат како резултат. (ЗТ) МАЦЕФ на конференција „ЕНЕРГЕТСКА БЕЗБЕДНОСТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН - ПОЛИТИКИ И ПРЕДИЗВИЦИ“ На 5-ти овој месец во хотелот Стоун Бриџ во Скопје, се одржа конференција за Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици, во организација на фондацијата Конрад Аденауер и тинк-танк организацијата Аналитика. Бидејќи темата е во делокруг и интерес на МАЦЕФ, со задоволство имавме и наш претставник г-ца Зоја Таревска, која активно се вклучи во дискусијата и заклучоците на конференцијата. Настанот понуди платформа на која се дискутираше за енергетската безбедност од гледна точка на јавни политики и геополитика која е релеватна за регионот од западен балкан. Настанот покрена дискусија за предизвиците на енергетската безбедност и за внатрешната подготвеност за справување со истите. Говорници беа проф.Хаџи Јанев од Воената академија, претставници од ЕВН Македонија и Регулаторната комисија за енергетика на Македонија. Настанот се одржи во две сесии, модерирани од Аналитика. Генералниот заклучок беше дека енергетската безбедност е суштински дел од националната безбедност на нашата држава и државите во Западен Балкан, но во голема мера зависи и од геополитиката на државата. Земјите од Западен Балкан сеуште се ранливи на прекини на снабдување со електрична енергија и природен гас и се соочуваат со низа надворешни и внатрешни ризици при подобрување на својата енергетска безбедност. (ЗТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Одлука за донесување на Измени и дополнувања на Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија „Службен весник на РМ“ бр. 161/2014 од 03.11.2014 година

Правилник за начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот за ракувачи со енергетски уреди и постројки и формата и содржината на уверението за положен стручен испит за ракувачи со енергетски уреди и постројки „Службен весник на РМ“ бр. 170/2014 од 19.11.2014 година

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Претставен ветерен атлас за балканот KfW Банка го претстави ветерниот атлас за балканот „Wind Atlas Balkan“ во Скопје. Овој атлас е помогнат од германското министерство за економска соработка и развој (BMZ) за потребите на KfW, а всушност е изработен од консултантската куќа Sander + Partner Institute. Презентацијата за атласот беше во две сесии, првата сесија беше наменета за инвеститорите, законодавците и корисниците на атласот, кој воедно е и преведен на македонски јазик. Втората сесија беше наменета за директните корисници на овој атлас, со целосна презентација на софтверот за неговите можности и детално образложение кои влезни информации се употребени. Воедно беше нагласено за да се изработи детална физибилити студија потребни се и мерења на самата локација, бидејќи овој атлас користи стохастички вредности. Претставници од МАЦЕФ земаа активно учество во вториот дел од презентацијата. (ЈДК) Денови на енергетска ефикасност на Град Скопје Градот Скопје со организирањето на Деновите на енергетика од 25-ти до 27-ми ноември, ја потврдува намерата за реализација на проектите од областа на енергетската ефикасност. Во рамки на манифестацијата, се одржуваа неколку настани на различни локации низ Скопје. Презентација на динамо-велосипеди (полнење на мобилни телефони), како и презентации на средношколки проекти во развој, мапата за велосипедски патеки и на апликацијата Патувај зелено, што се одржаа во Средното училиште на Град Скопје „Боро Петрушевски“, во рамки на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје. Интересен настан од оваа манифестација е филмскиот фестивал на тема Енергетска ефикасност, што се одржа на 26ти ноември во Младинскиот културен центар, Скопје. Повеќе (СП) Подземни контејнери и во општина Аеродром На 17-ти ноември беше промовиран системот за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на булеварот Јане Сандански, пред ТЦ „Три бисери“. Подземните контејнери

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 140

Страница 4

имаат зафатнина од 3м3, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина. Повеќе (СП) Градинка во општина Кисела Вода, прв јавен објект на биомаса Клон „Перуника“ во рамки на градинката „Весели цветови“ е првиот објект кој за греење користи биомаса. Објектот е реконструиран во текот на летото и е високо енергетски. Сменети се прозорците, кровот и фасадата. Системот за загревање е заменет со биомаса кој овозможува 80 процентна заштеда во енергија, а нула проценти испуштање штетни гасови во воздухот. Уште две градинки во Драчево – Пеперутка 1 и 2 ќе добијат вакви системи, истакна градоначалничката на кисела вода, појаснувајќи дека тие реализираат со финансиска поддршка на УНДП. Општина Кисела Вода е лидер во енергетска ефикасност. Повеќе (СП)

Новости од светот Албанија и Светската банка потпишаа договор за подобрување на систестемот на електрична енергија Албанија потпиша договор за 150.000.000 $ заем со Светска банка за да се подобри енергетскиот дистрибутивен систем на електрична енергија. Заедно со заемот од Светската Банка, албанската влада ќе понудат преку 125 милиони долари неопходни за инфраструктурни проекти до 2020та година. Кои ќе се искористат за одржување на енергетскиот сектор. Приближно околу 95 милиони долари пакет на средства од Светската Банка ќе бидат искористени за обезбедување на нови броила за потрошена електрична енергија на 300 000 корисници од севкупно 1,1 милион корисници и да се зголеми капацитетот на трансформаторите во регионот на Тирана, каде живее една третина од албанското население. Други инвестиции ќе обезбедат кабли за ниска и висока волтажа за околу 2600 километри и нов платежен систем кој би опфатил 50% од корисниците. Повеќе... (БК) General Electric ги обезбедува првите ветерни турбини во Хрватска Компанијата General Electric на производителот на електрична енергија од обновливи извори на енергија, компанијата RP Global од Виена ќе им испорача дванаесет GE 2.85-103 ветерни агрегати за ветерната електрана Rudine. Првата ветерна електрана во Хрватска којашто користи опрема од таа компанија. Проектот на инсталиран капацитет од 35 MW е развиен во соработка со компанијата Adria Wind Power и ќе биде сместен во близината на Дубровник. Ветерната електрана Rudine може да произведе повеќе од 85 GWh на електрична енергија на годишно ниво. Во побарувачката на ветерните агрегати вклучува и договор за одржување на рок од 15 години. Повеќе... (БК)

Анализа

ЕУ го зголемува притисокот врз COP 20-конференцијата Конференцијата за климатски промени, се одржува до 12 декември во Лима, каде што претставници од 196 земји учеснички имаат задача да воспостават основи за нов климатски договор, кој би стапил во сила по истекот на Протоколот од Кјото. Со почетокот на конференција за клима на ОН во Лима, ЕУ ги изложи своите ставови со амбициозен повик за „мерливи и споредливи“ национални обврски за намалување на емисиите на CO2. Оваа позиција е одбиена од страна на некои од земјите во развој, кои гледаат на оваа иницијатива како неповолна за нив. Тие го критикуваа предлог текстот на резолуцијата како

„неурамнотежен“. Нивниот став е дека со резолуцијата посиромашните земји не се на еднакво рамниште со побогатите земји, и дека нивните барања не се застапени. Повеќе... (ИП)

Занимливости

Необичен согорувач/претварач на отпад во енергија од Данска Заинтересирани сте да видите поинаков пристап кон дизајнот на изгледот на една електрана? Скоро комплетираната електрана со дизајн од холандски архитект. Објектот функционира на тој начин што претвора значајни количини на отпад во електрична или топлинска енергија, со помош на согорување на 260 000 до 350 000 тони отпад годишно. Искористувајќи ги “најновите технологии кои се достапни“. Повеќе... (БК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Работилница за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата 12-ти декември 2015 Хотел Милениум, Битола

Работилницата е во организација на ЦРПМ од Скопје. На Работилницата своја презентација ќе има и г-дин Игор Петрушевски од МАЦЕФ за успешните искуства во полето на енергетската ефикасност. Специјален меѓународен Симпозиум за енергетската безбедност во земјите од Медитеранот и Евроазија 30-ти март до 2-ри април 2015 Атина, Грција ATINER претставува независна асоцијација со мисија да постане форум, кадешто академиците и истражувачите од ширум светот би имале место во Атина каде да се соберат и да ги разменат своите идеи од своите истражувања како и да дискутираат за идниот развој на нивната дисциплина. Повеќе... RENEXPO® Western Balkans 22-ри и 23-ти април 2015г. БелЕкспо центар, Белград, Србија Втор меѓународен саем и конференции за ОИЕ и ЕЕ. Повеќе... Energy fair Budva Од 23-ти до 27-ми септември 2015г. Белград, Србија Саем во времетраење од 5 дена. Фокусот на настанот е за последните технологии и алатки на пазарот во енергетската индустрија. Повеќе... European Nearly Zero Energy Buildings Conference 26-ти и 27-ми февруари 2015г. Велс, Австрија Конференцијата ќе се одвива во две панел сесии. Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, Д.Трпковска, С. Паневски, Ж. Илиевски и И. Петрушевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

140 infomacef