Page 1

Број 139

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месецот октомври беше исполнет со многу различни дејности. На некои се задржуваме подетално, а одредени активности само ќе ги споменеме. На состанокот со колегите од општина Ранковце, предводена од градоначалникот, се договоривме да превземеме директни активности поврзани со мерки за ЕЕ. Со колегите од Приштина (г-дин Мухаџери), кои работат во овој сектор, по одржаната средба, договорени се елементите за заедничко настапување во однос на трети лица. МАЦЕФ веќе изработува ИЗЈАВИ за усогласеност на проектна документација со Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Вашето внимание сакаме да го насочиме и кон активностите: Заврши обуката за енергетски контролори, втор циклус Дијалог: Каде сме и што треба да направиме – Дијалог за енергетска ефикасност Проектот РЕ СЕЕ заврши! Енергетски контроли за потребите на Југозападен плански регион – проект ИРЕКо Информации за активностите од 3 проекти од програмата Интелигентна енергија Европа. Почитувани, потребно е да нагласиме дека ЕУ преку Советот на 23.10. изгласа нови задачи и цели до 2030 година во секторот на енегетиката. Овие нови задачи се следните: Смалување на емисија на СО2 до 2030 год 40%. Зголемување на примена на обновливи извори на енергија 27%. Зголемување на мерки за ЕЕ до 2030 година 27%. Со други зборови, досегашната цел на ЕУ до 2020 година која беше 20-20-20 се менува и станува 40-27-27. Од другата страна на океанот во Америка, општеството сака до 2030 година ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ДВОЈНО ЕНЕРГЕТСКАТА ПРОДУКТИВНОСТ НА СТОПАНСТВОТО со максимална примена на мерки за енергетска ефикасност. Основна цел – поефтини производи, поголема конкурентност на нивните производи, отварање нови работни места. Во бројки: 1,3 милиони нови работни места, 327 милијарди $ заштеда преку енергија, смалување на трошоците за енергија во индивидуални куќи за 1000$/годишно; заштеда во деловниот сектор од 169 милијарди, смалување на увоз на енергија за 100 милијарди годишно, смалување на емисија на СО2 за една третина. Импресивни бројки! Со други зборови – како и досега енергијата е потреба, двигател на стопанскиот развој. Се заострува состојбата – сите сакаат да се ослободат од увоз на енергија, или да обезбедат сигурно долгорочно снабдување со енергија. Во оваа насока Македонија МОРА да обезбеди сигурно долгорочно снабдување со природен гас (гасоводот Јужен поток). Без него во иднина состојбата е драматична. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Заврши вториот циклус обука за енергетски контролори Обуката за енергетски контролори во овој циклус е завршена. Посебно сме пријатно изненадени од целосниот ангажман на учесниците кои побараа и реализираа дополнителни вежби во просториите на МАЦЕФ. Создадена е цврста колегијална врска меѓу учесниците која ќе им биде потребна во понатамошната работа. При изработката на практичниот пример - контрола на еден објект, покажано е високо ниво на професионализам. Убедени сме дека сите кандидати ќе покажат солидни знаења на испитот. „Зајакнување на дијалогот за енергетска ефикасност: Каде сме и што треба да направиме?“ Во рамките на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер, на 30.10.2014 во организација на ЦРПМ, свои презентации имаа претставниците на МАЦЕФ проф. д-р Константин Димитров (Правна рамка на ЕУ: Стратегии, Директиви и Планови; Актуелни состојби и предизвици;) и Игор Петрушевски (Постоечка легислатива во РМ и состојба во контекст на

енергетската ефикасност, Одржливото користење на енергијата и ОИЕ; Релевантни чинители и инволвирани страни). Во присуство на Агенцијата за енергетика, Министерството за економија, ГИЦ, УНДП, ЗЕЛС, повеќе асоцијации и економски аташеа на амбасади, се разви долга дискусија. Како заклучок претставниците на ЦРПМ треба да достават предлог до Собрание на РМ да се дискутира за препораките од оваа средба.

Проект IRECo Испратена е отворена покана за доставување на понуда за изработка на 4 енергетски контроли во Југозападниот плански регион до 6 правни лица кои имаат добиено лиценца за вршење на енергетска контрола. На отворената покана позитивно одговорија 3 правни лица кои испратија понуди за реализација на работната задача. Од 3 члена комисија направена е евалуација на понудите, по што е избрано правното лице – ДЕЛТА Проект. Потпишан е договор за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 139

Страница 2

реализација на енергетските контроли за јавни објекти од југозападниот плански регион: Општина Центар Жупа; Општина Струга; Општина Дебрца, н.м. Требеништа; и Општина Охрид – населба Долно Лакочереј. (ДТ)

Проект Улично осветлување (Streetlight EPC)

Од 1-2 октомври 2014 година, во Велс-Австрија се одржа првата работна сесија на проектот EPC. На оваа работна сесија беа презентирани европските можности за финансирање на ваков тип проекти, и презентација на слични искуства и слични проекти во улично осветлување во горна Австрија. Беа презентирани ЛЕД технологии од страна на региналниот претставник за Европа од компанијата Филипс и проектот за улично осветление на градот Велс. За време на престојот беа посетени два проекта за улично осветление во градот Кремсмунистер и проект за далечинско греење со био маса на еден манастир. Двата проекти се финансирани и реализирани како ЕСКо проекти. Вториот работен ден беше резервиран за евалуација на проекти за улично осветлување во сите градови партнери во овој проект. На состанокот од МАЦЕФ присуствуваше претседателот и лидер на овој проект, г-ѓа Јасминка Димитрова Капац. (ЈДК) На 10-ти Октомври се одржа вториот работен состанок помеѓу тимовите на МАЦЕФ и Град Скопје, партнери во овој проект, задолжени за реализација на проектот Улично осветлување-ЕПЦ. Целта на состанокот беше координација на активностите кои се во тек, како и реализација на понатамошните проектни активности. На состанокот беа дефинирани наредните чекори кои треба да се направат до крајот на оваа година. Во изминатиот период за работниот пакет 2 беше изработена анкета, која им беше испратена на неколку општини од Скопје и на општината Демир Капија. Целта на анкетата беше да се утврди моменталната состојба во општините со уличното осветление, осврт на проектите кои биле спроведени или моментално се спроведуваат за постигнување на енергетска ефикасност кај уличното осветлување, како и дефинирање на идните чекори за подобрување на уличното осветлување или кај јавните објекти. Истотака, акцент во оваа анкета беше даден на соработката на општините со приватни компании по принципот Јавно приватно партнерство за реализација на проекти за енергетска ефикасност во осветлувањето. По спроведувањето на анкетата беше подготвен извештај врз база на добиените резултати од анкетата, според кои соработката помеѓу општините и приватните компании единствено е возможна преку принципот на јавно приватно партнерство, иако овој принцип на соработка постои неколку години наназад и постојано се склучуваат нови партнерства на разни проекти сепак се јавуваат потешкотии при самата реализација на проектите. Според законот за енергетика е предвидена соработка со компании кои нудат услуги од областа на енергетиката, во практика доаѓа до потешкотија за точно дефинирање на условите под кои ќе се направи таа соработка и начинот за распределба на финансиските заштеди од спроведениот проект/мерка за енергетска ефикасност. (ДТ)

Заврши проектот РЕ-СЕЕтиес

Успешнoто спроведување на двегодишниот проект RE-SEEties, „Кон ефикасна употреба на ресурси во урбани заедници во Југоисточна Европа", кој се однесуваше на проблемот на неефикасна употреба на ресурси во градовите, дојде до самиот крај. Општините во регионот на ЈИЕ често се соочуваат со предизвици кои се во насока на ефикасно користење на ресурсите, но повеќето градови не се добро подготвени да се

справат со ова прашање на интегриран начин - т.е. да ги земат во предвид и да ги обединат достапните технологии, алатките за креирање политики, стимулации и методологии како и подигнување на свеста. Проектот RE-SEEties беше инициран со цел подобрување на надлежностите во процесот на креирање политики и стратешко планирање на општините во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и проценка на отпадот. Во партнерството на овој проект беа вклучени осум општини од Југоисточна Европа и неколку професионални стручни институции. Соработката и размената на знаења меѓу експертските институции и градовите беше од важна помош за секоја од општините. Повеќе (СП)

Проект RePublic_ZEB

Првиот технички состанок на овој проект се одржа во Ватфорд и Лондон – Велика Британија на 18-19 Септември 2014 г. МАЦЕФ е партнер во овој проект, а на состанокот присуствуваше гѓа Јасминка Димитрова Капац. Работниот дел се состоеше од преглед на резулатите постигнати до сега според работните пакети, предводени од проектните лидери. Покрај состанокот се направи и посета на технолошко-иновативниот парк во Ватфорд. Овој технолошко-иновативен парк е основан од компанијата BRE од Ватфорд. BRE е независна и делумно истражувачки насочена компанија која се занимава со консултантски услуги, тестирање, сертифицирање и обука на организации, која нуди експертиза во секој домен на зградарството и сродните индустрии во зградарство, повеќе информации на www.bre.co.uk. BRE иновативниот парк во Watford е дом на некои од светските најнапреднати технологии за одржливост во зградите, околината и стотици иновативни ниско емитивни материјали и технологии. Од отворањето во 2005, BRE иновативниот парк во Watford, континуирано привлекува илјадници посетители-60000, како и кралското семејство, политичари и новинари. Посетителите имаат можност и пристап до најнови технологии и иновативни пристапи за одржлив дизајн и конструкции кои ја унапредуваат животната средина. Партнерите на паркот ги тестираат нивните нови технологии и можности, што им овозможува на посетителите во живо да ги иксусат показните примери на новите технологии и градби. Повеќе информации на www.bre.co.uk/innovationpark. (ЈДК)

Интернет страницата на проектот RePublic_ZEB е во функција! Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. Од тоа произлегуваат три основни цели: Процена на базата на јавни згради по најнови принципи преку евалуација на потрошувачката на енергија и СО2 емисија направена во зависност од државата; Дефинирање на референтни згради; и - Развој на заедничка рамка и хармонизирана методологија за дефинирање на nZEB концептот за јавни објекти. РеПублик_ЗЕБ ќе ги постигне тие цели преку следните шест работни пакети: Анализа на базата на јавни згради и дефинирање на референтни објекти; Проценка на сегашната состојба и анализа на можностите за обнова на јавните објекти кон nZEB; Анализа на трошоци и придобивки на „пакети на мерки“ за обнова кон nZEB; Стратегии и насоки кон

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 139

Страница 3

nZEB; Комуникација и ширење на резултатите. За повеќе информации за проектот, посетете ја интернет страницата http://www.republiczeb.org/.(СП)

Предавање на IMI Hydronic Engineering

На 02.10.2014 год. (четврток) во Бизнис Сала, Скопски Саем се одржа предавање на фирмата IMI Hydronic Engineering. На настанот беа покриени следните проблематики: Проектирање на системи со променлив проток; Одредување на авторитет на регулациони вентили; Балансирање и регулација на мали топлински единици (вентилаторски конвектори, радијатори, соларни системи); и Карактеристики на пумпи со променлив број на вртежи. Исто така, беа презентирани производите за регулација на компанијата IMI Hydronic Engineering. На настанот присуствуваа претставници од МАЦЕФ, за кои ова предавање беше вовед во една нова проблематика. (ИП)

Нова сезона Македонија

на

Училишниот

проект

на

ЕВН

Во рамките на Училишниот проект за разумно користење на електричната енергија финансиран од ЕВН Македонија во изминатите седум години од неговото спроведување, опфатени се сите основни училишта низ земјава со едукативни работилници за разумно користење на електричната енергија. Дополнително се основани 40 училишни секции. Се вклучија 25 општини. За спроведување на работилниците и непосреден контакт во Состанок со градоначалник на о.Боговиње, г. Хазби Идризи северо-западниот регион е одговорна партнерската организација МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија. Во учебната 2014/2015 проектот ја продолжува практиката на основање училишни секции, па во оваа фаза се селектираа дополнителни 12 основни училишта од земјава во кои ќе се оформи секција за енергетска ефикасност. Имено, оваа учебна година за МАЦЕФ се избрани училиштата од општините Зелениково, Боговиње и Аеродром, односно основните училишта „Марко Цепенков“, „Абдил Фрашери“ и „Димитар Македонски“.За таа цел, во втората половина од месец октомври, МАЦЕФ заедно со претставници од ЕВН и партнерската организација КОНЕКТ остварија средби со градоначалниците на трите избрани општини за МАЦЕФ и директорите на основните училишта. Проектот предвидува, формирање на „Зелен енергетски клуб“ односно секција за енергетска ефикасност. Во секцијата можат да учествуваат сите заинтересирани ученици од IV, V и VI одделение. Лидер на секцијата ќе биде еден наставник назначен од директорот на училиштето. Со цел наставниците-лидери на секциите од сите 12 избрани училишта подробно да се запознаат со проектните активности, нивната улога во нив, како и можностите за идна примена на едукативната програма, Училишниот проект организира Работилница за наставници. До крајот на учебната година зелениот енергетски клуб ќе организира отворен ден, ќе обмисли и ќе спроведе кампања за разумно користење на електрична енергија. Пет избрани ученици од секцијата ќе го претставуваат училиштето на национален квиз што ќе се организира на крајот од учебната 2014/2015 (локација:Охрид или Струга) имајќи можност да го покажат своето знаење и да освојат награди. Ќе се спроведат вкупно 15 работилници до крајот на учебната година во рамки на овој проект. Двајца стручни едукатори од МАЦЕФ ќе ги спроведуваат работилниците. На секциите, учениците ќе бидат мотивирани да делуваат за намалување на трошоците на

електрична енергија и вода во училиштето и да вршат редовни проверки за користењето на истите. Ќе се запознаат и со значењето од енергетска ефикасност. За секој учесник во секцијата се обезбедени и едукативни материјали, а тие ќе спроведат и локална кампања согласно она што ќе го научат на работилниците во соработка со стручно лице од областа на односи со јавност и маркетингот. (ЗТ) Проект REACH Втор координативен состанок На 15-ти и 16-ти октомври, се одржа вториот координативен состанок на проектот REACH. Овој состанок, според планираното, во траење од два дена, се одржа во Пловдив, Република Бугарија. На состанокот присуствуваа претставниците на партнерските организации кои учествуваат во активностите на проектот REACH, меѓу кои и г. Жарко Илиевски, лидер на проектот и претставник на МАЦЕФ. Главна цел на состанокот беше да се согледаат досегашните остварени активности и резултати и да се координираат следните. Беше ставен акцент, различни согледувања и можни решенија на активностите кои временски заостануваат во однос на планираниот временскиот распоред. Како дел од состанокот беа изведени и интерактивни вежби со цел подобро запознавање на партнерите со активностите кои се дел од работниот пакет бр.6. Освен работните обврски, овој состанок на партнерите од REACH проектот им овозможи да го посетат стариот град, како и да ги разгледаат археолошките наоѓалишта во подрачјето на Пловдив, еден од најстарите европски градови. (ЖИ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Правила за изменување и дополнување на Правилата за пазар на природен гас „Службен весник на РМ“ бр. 143/2014 од 29.09.2014 година

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас „Службен весник на РМ“ бр. 143/2014 од 29.09.2014 година

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 139

Страница 4

Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух(*) „Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/2014 од 10.10.2014 година

Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/2014 од 10.10.2014 година

Закон за изменување и дополнување на Законот за градење „Службен весник на РМ“ бр. 150/2014 од 14.10.2014 година

Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика „Службен весник на РМ“ бр. 151/2014 од 15.10.2014 година

Правилник за формата, содржината и начинот на доставување на предлог-планот за постигнување на техничките барања за заштита на животната средина „Службен весник на РМ“ бр. 153/2014 од 20.10.2014 година

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Продолжуваат инвестициите за решавање на проблемите со отпадот Поставувањето на подземните контејнери низ градските општини беше најавено уште во 2012 година, како решение за расфрланото ѓубре што ги задушуваше скопските улици. Првите контејнери беа поставени во 2013 година, во општините Центар и Чаир, а сега властите одлучија да го прошират проектот и на територија на општината Кисела Вода. Граѓаните позитивно реагираа на подземните контејнери. Во општината Кисела Вода беше промовиран системот за поставување подземни контејнери за одложување комунален отпад. Со почнувањето на градежите работи ќе му се стави крај на ѓубрето што од разни причини завршуваше на тротоарите и на улиците. Повеќе... КНАУФ презентација Во Бизнис салата на Скопски саем, на 28ми минатиот месец, беше презентирана софтверската алатка KnaufTerm 2 Pro, софтверско решение за пресметка на енергетската класа на градежните објекти. Презентацијата опфати приказ на начинот на користење на алатката, редослед на работни активности за пополнување, излезни прикази и стандарди и правилници според кои алатката ги пресметува енергетските класи на градежните објекти. (ЖИ) Крива паланка зема 32 илјади евра кредит за енергетска ефикасност Општина Крива Паланка ќе се задолжи со краткорочен заем од 32 илјади евра за потребите при имплеменација на проектот „Јавните институции-енергетски ефикасни“, поддржан од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Заемот ќе биде обезбеден преку Македонската банка за поддршка на развојот. Повеќе Објавен десеттиот повик за користење средства од ИПАРД Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави 10-от јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош

за рурален развој на Европската Унија. Огласот трае до 10 декември годинава. Повеќе

Новости од светот

Средствата од аукција со емисии на Хрватска ќе и користат за проекти за прилагодување кон климатските промени Хрватска во Европскиот систем на тргување со емисиските единици се проценува дека ќе одржи тендер за емисиските единици за периодот од 2014та до 2016та година со што на располагање ќе имаат 688 милиони куни. Тие средства ќе се искористат за да се финансираат проекти чијашто цел е намалување на емисиите на стакленички гасови и прилагодување на климатските промени. Повеќе...

МАЦЕФ Анализа

Домаќинствата полека ја намалуваат потрошувачката на енергенти Намалена потрошувачка на електрична енергија кај домаќинствата, но и намалено учество на обновливите извори на енергија во бруто-финалната потрошувачка на енергија регистрира Државниот завод за статистика во енергетскиот биланс за 2013 година. Намалувањето на потрошувачката на енергија кај домаќинствата, според енергетичарите, се должи и на поскапувањето на струјата, но и на современите апарати во домаќинствата, кои трошат помалку енергија од претходните. - Домаќинствата купуваат нова технологија, која е направена да троши помалку енергија. Само со менување на една светилка во штедлива се заштедува многу, а камоли пак со промена на телевизор, шпорет или фрижидер. Дополнително и енергетската ефикасност придонесува за намалување на потрошувачката на енергија, што придонесува и за намалување на трошокот што семејството го издвојува - вели професорот Константин

Димитров од МАЦЕФ.

Најголеми потрошувачи на енергија се индустријата со 31 отсто, сообраќајот со 27,5 отсто и домаќинствата со 25 отсто. Наместо да се намалува, енергетската зависност на нашата земја во текот на 2013 година се зголемила за 0,5 отсто во споредба со претходната година. Во истиот извештај може да се забележи дека бруто-производството на обновлива енергија од 279 илјади тое во 2012 г., пораснало на 304 илјади во 2013 година. Статистика регистрира и зголемено учество на eлектрична енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија, и тоа од 16,7 на 26,1 отсто. Повеќе...

Занимливости

Гласајте за Скопје, како дел од натпреварот за најдобар проект за надворешно осветлување. Спонзор е PHILIPS. Дајте го својот глас на следниот линк http://www.peoplechoiceaward.eu/

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.republiczeb.org www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Трет самит и саем - Светски интелигентни градови 10 до 11ти декември 2014, Истанбул, Турција http://www.wicsummit.com

Конференција CODATU XVI 2 до 5ти февруари 2015, Истанбул, Турција http://www.codatu.org/agenda/2-5-february-2015-codatu-xvi-istanbul

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, Д.Трпковска, С. Паневски, Ж. Илиевски и И. Петрушевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

139 infomacef