Page 1

Број 138

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! На крајот на месец септември можеме да заклучиме дека беше исполнет со многу обврски и реализирани задачи. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон следниве настани: Меѓународна конференција Energy Market SEE 2014 која се одржа во Приштина, на 18 и 19 септември, во присуство на значителен број учесници од повеќе земји на ЕУ и регионот. МАЦЕФ оствари голем број извонредно корисни средби. Очекуваме брза соработка со колегите од Косово, како и отварање на нов регионален проект Втор циклус обука на енергетски контролори. Обуката се одржува во попладневните часови, а присутни се 17 кандидати. За кандидатите приготвен е Прирачник (400 страни), како и помошни материјали од ASHRАE и Универзитетот од Вашингтон. Недела на енергетика 2014. Прославивме мал јубилеј – организирање и реализација на 10-та по ред манифестација, која во себе содржеше 4 настани. Завршни активности на проектот РЕ-СЕЕтиес. Состаноци во Загреб и Иваниќ Град. Учество на конферецијата “Енергија и животна средина - кон одржлива иднина“ Интензивни активности на проектот ИРЕКо. Организирано учество на саем на достигнувања во Тирана. Подготовка на повик за реализација на 4 енергетски контроли на објекти во Југозападен плански регион. Новостите за реализираните задачи од проектите REACH, EPCLED и RеPublic ZEB, и информациите од состаноците во Англија и Австрија, ќе ги претставиме во идниот број на нашиов информатор. Добивме информација дека повикот за прекугранична соработка со Косово не е поништен. Тоа значи дека сепак, определен број на успешно пријавени проекти ќе бидат прифатени за финансирање. Очекуваме да добиеме информации за ваши успеси, кои со радост ќе ги претставиме достапни на широката јавност преку нашиве страници. Поздрав до следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА 2014 Во рамки на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2014 се одржаа низа настани кои ја одбележија оваа традиционална манифестација во организација на МАЦЕФ и Град Скопје ОТВОРЕН ДЕН На плоштадот „Македонија“, на 15.9.2014г. во Скопје на граѓаните им беа делени брошури и летоции со теми поврзани со ефикасното искористување на енергетските ресурси и правилното третирање на отпадот. (ЗТ) РАБОТА СО НАЈМЛАДИТЕ На 29.9 (понеделник) во градинката „Срничка“, објект „Лале“,општина Аеродром, Саше Паневски и Зоја Таревска од МАЦЕФ заедно со претставници од Град Скопје одржаа работилница со најмладите за значењето на енергијата и изворите на енергија. Учениците преку игри се запознаа со обновливите и необновливите извори на енергија. Работилница за генерирање на проектни идеи Во рамки на Недела на енергетика Македонија 2014 се одржа Работилница за вмрежување и генерирање на проектни идеи по конкретни повици од областа на ефикасно користење на ресурси и заштита на животната средина. Настанот се одржа на 24-ти Септември 2014г. (среда) од 10:00ч. во НВО инфоцентарот на Град Скопје. Предавач беше г. Ристо Иванов. Целта на работилницата бешее вмрежување на центрите за развој на регионите и невладиниот сектор во Република Македонија. Учесниците работеа во групи на генерирање проектни идеи од областа на ефикасното користење на ресурсите и животната средина по конкретни актуелни повици. На настанот учествуваа и се здобија со знаење 20 учесници од погореспоменатите групи. (ЗТ) Конференција „Придобивки и стекнати искуства преку меѓународна соработка“ На 30.09 (вторник) се одржа централниот настан на манифестацијата, конференција „Придобивки и стекнати искуства преку меѓународна соработка“ во Свечената сала на град Скопје со почеток од 10:00ч. Целта на конференцијата беше споделување на позитивни искуства од меѓународна соработка кои вродиле со плод, а се од значење за граѓаните и заедницата. На едно место се сплотија стекнатите искуства и показните примери од успешни практики, со цел продлабочување на соработката во меѓународни проекти од областа на животната средина и ефикасното искористување на ресурсите. Настанот беше целосно поддржан од проектот „РЕ-СЕЕтиес“ и е во согласност со целите и резултатите на проектот - подобра видливост за енергетско ефикасното искористување на отпадот во урбаните заедници преку најдобри практики – а е во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 138

Страница 2

согласност со стратегиите и акциските планови за животна средина ефикасно искористување на ресурсите на градот Скопје. Програмата на конференцијата понуди и поттикна размислувања во насока на нови идеи преку успешни меѓународни проекти во полето на заштита на животната средина и меѓусебно вмрежување за искористување на успешните резултати. Настанот привлече голем број засегнати страни во однос на темата, експерти, претставници на министерства и локалната самоуправа, претставници од невладиниот сектор, финансиски институции, донатори и регулатори. Конференцијата ја отворија и свечено и се обратија на јавноста, градоначалникот на Град Скопје, г. Коце Трајановски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, г. Стево Темелковски, програмскиот раководител за животна средина, клима и енергетика на ЕУ Делегацијата во Република Македонија, г-ѓа Надја Бергамино и проф.д-р. Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија. Главните говорници и присутните се согласија и истакнаа дека стекнатите искуства од меѓународна соработка за Р. Македонија се од големо значење. Со спроведување на проекти за подобра животна средина во меѓународна соработка, градот Скопје со своите стратешки документи (СЕАП) и програма придонесува за подобрување на животната средина во градот. На конференцијата свое обраќање имаа чинители кои се релеаванти за темата. Тие го пренесоа своето искуство од работата на меѓународни проекти и резултатите од истите. Energy Market SEE 2014 - Приштина На 18-ти и 19-ти септември, во присуство на значителен број претставници од повеќе земји, во Приштина се одржа Втората Меѓународна Конференција, со неколку современи теми поврзани со енергетиката. Проф. д-р Константин Димитров, имаше забележително учество и тоа со повикан реферат со наслов „The Impact of South

Stream Project to Energy Security and Economical Development of the Region“.

Професорот учествуваше во панел дискусија од сесијата со тематска содржина „Strategic infrastructure development and the security of energy supply for the electricity and gas market in South East Europe“. Колегите од Албанија и Норвешка го потцртаа значењето на хидро-енергијата за развојот на енергетиката на Албанија. Димитров ја насочи дискусијата кон користењето на природниот гас, изработката на проектна документација за мали когенеративни постројки и потенцијалната можност за снабдување на Косово со компримиран гас од Македонија. Ова побуди посебен интерес и кај Министерот за економија на Косово, како и потенцијалната можност да се искористи постоечкиот цевковод СкопјеПриштина-Косовска Митровица, за транспорт на гас. Во паузите, се користеа можностите за продлабочување на врските и особено за потенцијалот да се отвори регионален проект во рамките на ИПА програмата. Особено беа корисни сугестиите добиени од г-дин Francjozef Schafhausen, (Federal Ministry for the Environment, Nature Conservation, Building and Nuclear Safety, Berlin – Director General „Climate Change Policy, European and International Policy“). Втор циклус обука за енергетски контролори На 19-ти септември започна вториот циклус обука на енергетски контролори. Предавањата ги следат редовно 17 кандидати, а обуката се реализира во просториите на МАЦЕФ. Наставата ја реализира истиот тим од претходниот курс – Проф. д-р Константин Димитров (машинство), проф. д-р Арсен Арсенов (електротехника), проф. д-р Тамара Бојаџиева (архитектура), проф. д-р Тодорка Самарџиоска (градежништво), м-р Саша Максимовски (економија), асс. м-р Огнен Димитров (енергетика) и Јасминка Димитрова Капац (климатизација). Испити за енергетски контролори

Писмениот дел од септемвриската испитна сесија заврши со целосен успех на сите пријавени кандидати. Сега се приготвуваат за практичниот дел од испитот кој ќе се одржи на 9.10.2014 год. во просториите на МАЦЕФ. Проект RE - SEEties Проект РЕ-СЕЕтиес: Конференција „Енергија и животна средина - кон одржлива иднина“ На 9-ти септември во Загреб, Хрватска се одржа конференција „Енергија и животна средина - кон одржлива иднина“. Конференцијата беше во организација на Регионалната агенција за енергетика на северозападниот дел на Хрватска, РЕГЕА, а финансирана од ЕУ проектот РЕ-СЕЕтиес во кој и МАЦЕФ е партнер. На настанот присуствуваа проектните раководители на проектот од МАЦЕФ, Саше Паневски, Зоја Таревска и Игор Петрушевски заедно со претставници на Град Скопје, како партнери. На конференцијата се презентираа резултатите од областа на одржливо стратешко планирање во градовите на Југоисточна Европа. Сите земји од Европската унија, особено земјите од Југоисточна Европа се соочуваат со проблемот на зголемување на потрошувачката на енергија и неконтролирано создавање на отпад. Постигнувањето на 2020 целите на Европската Унија е директно поврзано со улогата на локалните власти и нивното влијание врз поттикнување на промените во однесувањето на граѓаните. Затоа, носителите на одлуки на локално ниво се клучните засегнати страни RE-SEEties проектот.(ЗТ) Проект РЕ-СЕЕтиес: Посета на Иванич Град, град партнер во проектот На 10-ти Септемви, проектниот тим беше во посета на Иванич Град. Заменик градоначалникот г.Жељко Посиљович им се обрати на проектните партнери, изразувајќи го своето задоволство за учеството во проектот и стекнатото искуство и знаење. (ЗТ) 6-та транснационална работилница Вториот работен ден беше резервиран за транснационалната работилница на проектот. Од страна на водечкиот партнер беше направена рекапитулација на целокупниот проект, по што сите партнери дадоа свое видување на изминатите активности. При тоа, од страна на секој партнер беа посочени корисните искуства кои тие ги стекнале од проектот, како и активностите кои ќе ги превземат во иднина за да обезбедат одржливост во иднина. Интересно е да се напомене дека иако активностите беа идентични, сите партнери имаат различни позитивни искуства од проектот, заради различните општествени услови. Ставот на МАЦЕФ беше дека проектот беше од голема корист во однос на искуствата со справување со отпадот и дека во иднина ќе се вложат напори кај нас да се спроведат позитивните искуства од другите земји, а се однесуваат на оваа проблематика. (ИП) 4-ти состанок на управен одбор на РЕ-СЕЕтиес проектот во Загреб На 11-ти септември се одржа 4-тиот и последен состанок на управниот одбор во рамки на „РЕ-СЕЕтиес: Кон поефикасна употреба на ресурси во урбани заедници во ЈИЕ“ проектот. Овој проект опфаќа осум градови и пет професионални организации од Југоисточна Европа. Проектот во Македонија го спроведуваат Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Град Скопје. Проектот „РЕ-СЕЕтиес: Кон поефикасна употреба на ресурси во урбани заедници во ЈИЕ“ е во својот последен месец од реализацијата и повеќето резултати се постигнати. На овој состанок најголемо внимание се посвети на начинот на ширење на резултатите и можноста да се користат истите во останатите општини и градови како дел од работниот пакет 2.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 138

Страница 3

Следно на дневниот ред беше продолжување на работата после завршување на проектот, како обврски, така и можности кои произлегуваат од проектот. Организацијата КРЕС – Центар за обновливи извори на енергија, одржа тренинг за ИКЛЕИ алатката за предвидување на потрошувачката на енергија во општини и градови. ИКЛЕИ е водечка светска асоцијација на градови и локални самоуправи, во која членуваат 12 мега градови, 100 супер градови и урбани региони и 900 останати градови и региони. Состанокот заврши со обука за користење на ZeroWaste софтверот од страна на Бистра Птуј, Словенија. (СП) Проект IRECo Спроведувањето на проектот ИРЕКо во дополнителниот продолжен период, оди според предвидената динамика. Во овој дополнителен период е предвидено да се спроведе последната активност која вклучува изработка на 4 енергетски контроли за 4 јавни објекти од Југозападниот Плански регион. Во моментов одредени се четирите објекти, и се работи на подготовка на повикот за избор на правно лице кое ќе ги изработи овие енергетски контроли. Според Законот за енергетика на Република Македонија енергетските контроли можат да ги изработат само сертифицирани енергетски контролори, а енергетските контроли мора да бидат заверени единствено од правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола. Изработката на овие енергетски контроли ќе претставува помош за општините при исполнување на законските обврски за изработка на општинска програма за енергетска ефикасност. (ДТ)

Саем на организации/институции кои спроведување проекти од ИПА програмата

работат

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

на

На 23-ти септември 2014 година во Тирана, Република Албанија се одржа саем за проекти од ИПА програмата, а беше во организација на Заедничкиот технички секретаријат од СтругаРепублика Македонија и Заедничкиот технички секретаријат од Елбасан - Република Албанија. Настанот претставуваше официјално затворање на ИПА 1 програмата 2007-2013, и најава на новата ИПА 2 Програма 2014-2020. Настанот започна со обраќање на почесните гости на настанот г-ѓата Клајда Ѓоша, министер за Европски интеграции на Република Албанија, гдинот Лирим Шабани, министер за Локална самоуправа на Република Македонија и г-динот Ингве Енгстром, генерален директор на Европската делегација во Република Албанија. На настанот главно место заземаше саемот на проекти финансирани од оваа програма. Сите проекти имаа посебни штандови каде што од страна на проектните партнери од двете страни беа изложени постигнатите резултати од спроведувањето на овие проекти. Тимот на МАЦЕФ беше дел од овој саем и заедно со проектниот партнер од Република Албанија ги презентираше материјалите кои се направени во рамки на проектот. После, официјалниот дел - отворањето на настанот, почесните гости ги посетија сите штандови и подетално се информираа за целта на проектите и остварените резултати. Во вториот дел од настанот беа орагнизирани три тркалезни маси на кои беше дискутирано за пречките со кои се соочиле спроведувачите на проектите при пополнување на проектната пријава, наоѓањето на соодветна партнер-организација од другата страна, спроведувањето на проектите и изработката на финалните извештаи, како и за недостатоците на самата ИПА 1 програма. Целта на овие тркалезни маси беше да се утврдат сите потешкотии со кои се соочуваат спроведувачите на проектите, за да може тие потешкотии да се отстранат или поедностават условите на работа во новата ИПА 2 програма. (ДТ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Новости од Македонија

Работилница за ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови На 26-ти септември 2014 година во хотел Карпош, Скопје на иницијатива на одговорните лица од ИПА програмата за прекугранична соработка Република Македонија-Република Албанија, од Европската делегација и Заедничкиот технички секретаријат од Струга, се беше организирана работилница за „ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови“. На работилницата учествуваа г-динот Мухедин Авдиќ, Раководител на сектор за услуги на даночни обврзници и г-ѓа Мимоза Трајаноска од Секторот за услуги на даночни обврзници и даноци кои ги презентираа новите правила во однос на изработка на фактури од страна на вршителите на промет кон проекти кои се финансирани од Европската Унија, како и новината при Евиденција на фактури која треба да ја водат спроведувачите на проектите. (ДТ) Со проект на УСАИД и Хабитат Македонија - две згради добија нова дограма во Прилеп Општина Прилеп веќе една година работи на спроведување на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефикаснот за секторот домување“ во рамки на кој е воспоставен обновлив фонд. Досега беше извршена промена на дограма во две згради. Во процес на потпишување се договори со зграда од населбата „Димо Нареднико“ каде покрај промена на дограмата во договор со станарите е регулирано и промена на фасадата, стакларниците и промена на кровната конструкција. Средствата за реализација на овие градежни активности кои за 30% ја подобруваат енергетската ефикасност на објектите, се од обновливите фондови на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија во форма на поволни заеми и истите се исплаќаат за временски период од три до десет години во зависност од условите и економската состојба на станарите. Општина Прилеп е вклучена во реализација на овој проект со тоа што ќе субвенционира до 50 % од средствата за промена на фасада во зградите каде што има социјално загрозени семејства. Повеќе... Македонија ги претстави енергетските проекти на состанокот на ЕЗ во Киев Заменик министерот за економија Христијан Делев ги претстави преземените активности на полето на енергетиката во Република Македонија на 12-от Состанок на Министерскиот

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 138

Страница 4

совет на Енергетската заедница (ЕЗ). Се дискутираше за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница. Покрај тоа, беше претставен и текот на активностите поврзани со имплементацијата на проектите кои се од интерес на Енергетската заедница. Заменик министерот Делев во своето обраќање на состанокот, го информираше Министерскиот совет за преземените активности во Македонија во изминатата година, како и за предизвиците во делот на енергетиката за наредниот период. Повеќе...

Новости од светот Без нуклеарен отпад: гориво на иднината произведенo во Руска високотехнолошка подземна фабрика Револутивниот енергетски проект на Русија овозможува затворен нуклеарен циклус и иднина без радиоактивен отпад. Првата група на нуклеарно гориво со мешан оксид (MОХ) е произведен за единствената индустриска нуклеарна централа во светот. Реакторите со брза фисија се решение на проблемот со нуклеарен отпад во форма на осиромашен ураниум. Тие можат да „согоруваат“ не само „класичен“ ураниум 235, (чии резерви во светот се при крај), туку и ураниум 238, кој го има во изобилство, и ги проширува резервите на нуклеарно гориво во светот за околу 50 пати. За овие реактори може да се произведе гориво дури и од нуклеарен отпад, што од еколошки аспект е бесценета предност. Повеќе... (ИП) Во Германија се отвора првата постројка за складирање на обновлива енергија Германија ја отвори првата и најголема во Европа комерцијална батериска станица, која ќе помогне за складирање на електричната енергија произведена од обновливи извори. Новата фабрика, која ја отвори компанијата „Wemag АG“, ќе има капацитет од пет мегавати - доволно за напојување на околу 2500 домови. Земјата во моментов околу 25 отсто од својата енергија ја произведува од обновливи извори. Повеќе... (ИП)

МАЦЕФ Анализа Меѓународната агенција за енергетика открива дека енергетската ефикасност претставува основа за економскиот развој Европската Унија не прави доволно за намалување на потрошувачката на енергија, сигурноста во снабдувањето со енергија како и намалувањето на влијанието врз климатските промени, вели новата студија која е спроведена од Меѓународната агенција за енергетика, повикувајќи се на големиот потенцијал на енергетската ефикасност. „Во рамките на постоечките политики, две третини од економски одржливиот потенцијал за енергетска ефикасност кој е на располагање помеѓу периодот од сега па до 2035 година ќе остане нереализиран“, изјавува г-ѓа Maria van der Hoeven извршен директор на Меѓународната агенција за енергетика. „Тоа, исто така, важи и за ЕУ“, посочува г-ѓата van der Hoeven, „Тие може да направат многу повеќе. Тие ја потценуваат вредноста на енергетската ефикасност“. Често енергетската ефикасност е само на периферијата на дебатите поврзани со заштитата на климатската средина, којшто наместо да се фокусираат на прашањата како намалувањето на емисиите на CO2, зголемувањето на користењето на обновливите извори и намалување на потрошувачката на фосилните горива. Кога се води дискусија за енергетската ефикасност, многу земји се двоумат соодветно да инвестираат во мерките за енергетска заштеда. Повеќе... (БК)

Занимливости

Започнува изградбата на најголемата во светски рамки пловечка сончева електрана Компанијата Kyocera TCL Solar LLC ќе развие и управува со пловечките соларни електрани кои ќе ги користат Ciel et Terre’s Hydrelio пловечките платформи на две соларни инсталации со вкупно 2,9MW. Електраната од 1,7MW на езерото Nishihira ќе биде најголемиот во светски рамки соларен енергетски систем кој е поставен на вода. Инсталацијата на пловечките соларни

електрани на водените површини на езерата Nishihira и Higashihira ќе вклучат инсталирање на 11256 модули со 255 вати на компанијата Kyocera со вкупен производствен капацитет од 3300 MWh годишно, што е еднакво на потребите за енергија на 920 типични домаќинства. Повеќе... (БК) Нова анализа на трошоците покажува дека несубвенционираните обновливи извори на енергија се зголемен ривал на фосилните горива Обновливите извори на енергија во енергетскиот сектор без двоумење стануваат поефтини. Но колку е сепак тоа во однос на конвенционалните горива? Ако се користи заеднички систем за цената на енергијата односно метричкиот систем, обновливите извори на енергија всушност започнуваат да бидат ривали на фосилните и нуклеарните горива на несубвенционирана основа, според најновите пресметки од финансиската консултантска компанија Lazard. Според најновите податоци и анализата на енергетските технологии, компанијата Lazard открива дека широк спектар на обновливите извори на енергија во некои случаеви се директно конкурентни на јагленот, гасот и нуклеарната енергија без државната даночна поддршка. Заедничкиот систем за цената на енергијата претставува цената на еден мегават час за одредена технологија дадена во долари. Повеќе... (БК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конференција REMOO-2014 „Развојот на енергетската инфраструктура“ 12-ти до 13-ти ноември 2014, Љубљана, Словенија Целта на овогодишната конференција е да се обезбеди меѓународна платформа и форум за дискусија на прашањата кои се поврзани со инфраструктурата на одржливата енергија во регионот, со фокус на подобрувањето на техничката, економската и регулаторната конкурентност на различните технологии. Повеќе... EXPROM 2014 19-ти до 21-ви ноември 2014, Букурешт, Романија Меѓународни експерти ќе се состанат на RENEXPO® ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА со цел да разменат know-how, сегашни искуства од практичното работење, како и да понудат совети кои се стекнати преку истражувања, при што ќе се обезбеди брзо префрлање на овие знаења во акција. Конференцијата за иновации се одвива во текот на три дена паралелно со одржување на саем. Повеќе... CONST ENG '14 / Конференција за структури, материјали и градежно инжинерство 20-ти до 22-ри ноември 2014, Истанбул, Турција Конференцијата Const ENG '14 / структури, материјали и градежно инжинерство ги повикува сите научници и претставници од различни компании да ги презентираат своите неодамнешни истражувања и бизнис искуства поврзани со изработка на студии за градежништвото. Повеќе... ENTECH '14 / Енергетски технологии 22-ри до 24-ти декември 2014, Истанбул, Турција Конференцијата Енергетски технологии ENTECH '14 ќе биде во можност да ги консолидира и комуницира со учесниците за виталната неопходност од синергија на научната и техничката способност со познавање на влијанијата на животната и социјална средина. На учесниците конференцијата ќе им обезбеди јасна визија на тоа како иднината на енергијата во светот би можела да изгледа. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, Д.Трпковска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

138 infomacef