Page 1

Број 137

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Aвгуст 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Август е традиционален месец за годишни одмори. Но и ние, кои останавме во Скопје, не се „прегреавме“. Не се повтори традицијата Скопје да има „жешко лето, кочан зима“. Но загревање имаше – стандардно се покачи цената на електричната енергија – најмногу за корисниците од административно-комерцијалниот сектор. Со новите сметки на ЕВН ќе ја почувствуваме разликата. Во септември МАЦЕФ најавува организирање на ОБУКА НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ со почеток на настава на 19 септември. Наставата ќе се одржува во петок и сабота за да можат да присуствуваат и учесници кои не живеат во Скопје. Во МАЦЕФ сé по старо – редовна реализација на обврските од меѓународните проекти. Во завршна фаза е студијата за когенеративно производство на енергија во Клинички центар. Резултатите се позитивни – на годишно ниво, може да има остаток на ниво од 200 000 Евра, што треба да се подели меѓу Клинички центар и евентуалниот инвеститор. МАЦЕФ, преку своите вработени, ќе се грижи за обработка на податоците за висината на заштедите на енергија во Македонија, преку проектот ОRF EE MOP. Може да предизвика кај вас интерес следното: Летна школа Фојница 2014 – енергетско планирање ЕУ делегацијата одобри продолжување на проектот ИРЕКо Завршни подготовки за состанокот во Лондон - RеPublic ZEB Се интензивираат активностите со подготовките за изградба на дистрибутивната мрежа во Македонија, без оглед на состојбите во Украина. Нашиот материјал за учество на конференцијата Energy Market South East Europe 2014, Приштина 18-ти и 19-ти септември е приготвен. Во Министерството за економија во завршна фаза се изработките на лиценците за енергетска контрола за Правни лица. МАЦЕФ ќе распише јавен повик за изработка на енергетски контроли на 4 објекти, веднаш по добивањето на лиценците. МАЦЕФ е инвеститор, во согласност со меѓународниот проект не може сам за себе да ги реализира енергетските контроли. Колегата Мартин Крушаров, веќе не е вработен во МАЦЕФ – ги користи средствата на Владата за отварање сопствен бизнис. Му пожелуваме многу успех и целосно спроведување на неговите планови во секторот на автоматиката. Но, нашата соработка продолжува и понатаму. Почитувани, Ви пожелуваме убави денови и другарување со нашиот Информатор

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Летна школа „Напредно енергетско планирање“, 24 – 30 Август во Фојница, Босна и Херцеговина Младите колеги од МАЦЕФ, Зоја Таревска и Саше Паневски учествуваа на 10-та Летна школа за „Напредно енергетско планирање“ во Фојница, БиХ со целосна стипендија. Летната школа се одржуваше во период 24-30 Август, во комплекс РЕУМАЛ во Фојница, во близина на Сараево. Школата е во организација на Регионалниот центар за образование и информирање за одржлив развој за Југоисточна Европа (REIC http://www.reic.org.ba/) во соработка со факултетот Менаџмент на ресурси, a финансирана од GIZ. Целна група на школата се студенти на пост-дипломски студии или кандидати за докторски студии од земјите од Југоисточна Европа. Оваа година учество земаа вкупно 12 студенти и тоа од: Србија, Албанија, БиХ, Хрватска и Македонија. На школата се обработуваа неколку области поврзани со тематиката на школата, како на пример: Разбирање на проблемот климатски промени и креирање политики, ЕУ политики, цели и стратегии за постигнување на 20 20 20 целите, Енергетско планирање итн. Целите на летната школа се во насока на едукативна поддршка на студентите од Југоисточниот Регион на Европа во полето на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, ширење на најдобри европски практики, градење на капацитети и генерирање идеи и теми корисни за мастер или докторски тези. Пристапот кон темите од страна на предавачите беше темелен и дискутиран интерактивно. Покрај едукативниот дел, учесниците на летната школа имаа можност да стекнат нови пријателства, контакти и да поминат пријатни мигови. МАЦЕФ поддржува вакви активности и им овозможува на своите членови да се надоградат. (ЗТ) Проект RE - SEEties МАЦЕФ присуствуваше на работилницата „Тематско вреднување во ЈИЕ“ во Фојница, Босна и Херцеговина Работилницата се одржа на 27-28 август 2014, во комплексот „Реумал“ во Фојница, Босна и Херцеговина. Главната цел на настанот беше вмрежување на организациите во Југоисточна Европа, создавање проекти идеи и нивно развивање под водство на четири експерти од Италија и Унгарија. Организатор на настанот беше тематската оска за ниска емисија на јаглерод

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 137

Страница 2

на ЈИЕ, која е водена од проектот РЕ-СЕЕтиес, во кој локален партнер е МАЦЕФ и Град Скопје. На настанот присуствуваа претставници од организации од сите балкански држави. Претставниците на МАЦЕФ, заедно со претставници на КРЕС од Грција, РЕИЦ од Босна и Херцеговина и АП Војводина од Србија развиваа проектна идеја на тема енергетска сиромаштија. Настанот беше придружен со предавања за новите европски програми, можностите кои ги нудат истите и нивните приоритети. Повеќе... Проект ИРЕКо

Тимот на МАЦЕФ кој е задолжен за спроведување на проектот ИРЕКо во месец август испрати официјално барање до ЕУ делегацијата за продолжување на временскиот рок за спроведување на овој проект. После две рунди разговори со претставници од ЕУ Делегацијата во Скопје задолжени за проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка, беше одобрено барањето за продолжување на временскиот рок за спроведување на проектот од вкупно 3 месеци. Причините заради кои беше побарано ова продолжување на временскиот рок се заради тоа што во официјалниот рок немаше можност за целосно спроведување на последната активност. Односно, последната проектна активност 7 претставува изработка на 4 енергетски контроли на јавни објекти од Југозападниот плански регион, притоа овие енергетски контроли според Законот за енергетика на Република Македонија може да ги спроведат само сертифицирани енергетски контролори, а пасошот за енергетските карактеристики на објектите го издава единствено лиценцирано правно лице. Заради овие ограничувања и заради тоа што сеуште нема лиценцирано правно лице кое може да ги спроведе овие енергетски контроли, непостоеше можност за целосна реализација на оваа активност во официјалниот временски рок. Во продолжениот временски рок ќе биде формирана комисија која што ќе ги одбере 4-те јавни објекти, од 4 различни општини од Југозападниот плански регион, за кои ќе бидат изработени енергетски контроли. Потоа ќе се биде избрано лиценцираното правно лице кое ќе пристапи кон изработка на енергетските контроли. Изработката на овие енергетски контроли ќе претставува помош за општините при исполнување на законските обврски за изработка на општинска програма за енергетска ефикасност. При спроведувањето на проектот ИРЕКо беше утврдено дека постои потреба да се направи истражување за моменталната состојба во однос на достигнувањата на општините при исполнување на законските обврски во областа на енергетската ефикасност. Втората причина заради која беше побарано продолжување на временскиот рок, беше да се направи ова истражување кое истотака ќе претставува значаен придонесе за утврдување на фактичката состојба во однос на мерките за енергетска ефикасност и да се дадат насоки за понатамошно дејствување во општините, а со тоа и во регионот. Во продолжениот период во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе биде утврден методот за спроведување и на оваа дополнителна активност. (ДТ) Проект REACH Иако месец на годишни одмори, август изобилуваше со голем број на активности од проектот REACH. Подготовката на националниот и извештајот за енергетската сиромаштија на локално ниво е во полн ек со што се извршуваат и соодветните активности од вториот работен пакет. Се очекува кон крајот на месец септември да бидат завршени сите активности од овој работен пакет. За промовирање на проектните активности веќе е изготвен флаер кој во наредниот период треба да биде преведен на јазиците на проектните партнери, додека интернет страната е во завршна фаза и се очекува наредните денови целосно да функционира во нејзината англиска верзија. Евалуционите алатки за успешноста на проектните активности се подготвени во нивната првична форма, при што во следниот

период ќе се работи на нивна дообработка и значително усовршување. Проект RеPublic ZEB МАЦЕФ ќе присуствува на вториот состанок на РеПублик_ЗЕБ проектот во Лондон и студиската посета на БРЕ Иновацискиот парк. РеПублик_ЗЕБ е тригодишен проект, кофинансиран од Европската Комисија, дел од Интелегентна Енергија Европа (ИЕЕ) програмата. Проектот преку своите активности ќе придонесе кон зголемен број на „близу нула“ енергетски објекти (ЗЕБ) и ќе им помогне на медитеранските држави во исполнувањето на зацртаните цели кои произлегуваат од Директивата 2012/27/EU за енергетска ефикасност. Проектот ќе развие економски исплатливи пакети на мерки, во зависност од условите и државата. Проектот е активен 6 месеци. На состанокот во Лондон ќе се разгледуваат завршените активности во првите шест месеци и ќе се подготви план за наредните шест месеци. БРЕ иновацискиот парк, кој се наоѓа во Ватфорд, е дом на некои од светски најодржливите објекти, показни примери за надворешно проектирање, најнови технологии. Во паркот се прикажуваат идните објекти со ниска – кон нула – емисија. Студиската посета на овој парк има за цел да придонесе кон резулатите на проектот РеПублик_ЗЕБ преку технологии кои се достапни или во блиска иднина ќе бидат достапни за реновирање на објектите кон ЗЕБ. Проект РЕ-СЕЕтиес – Завршна конференција во Загреб Проектот РЕ-СЕЕтиес влезе во последниот месец од неговата реализација. Во изминатите две години, преку проектот беше подготвен методолошки алатник – збир на методологии, програми, показни примери и насоки за акциски планови за ефикасно користење на ресурси, кои можат да им помогнат на општините во создавање на самиот акциски план. Користејќи го алатникот, осум градови во регионот на Југоисточна Европа подготвија Стратегија и акциски план за ефикасно користење на ресурси. Во процесот на креирање на документот, вклучени беа и засегнатите страни, беа подготвени дополнителни анализи за правилно насочување на целите на градовите и беа вклучени граѓаните преку разни настани. На 9.9.2014 во Загреб ќе се одржи финалната конференција, каде ќе бидат претставени резултатите од овој проект. МАЦЕФ и Град Скопје, како локални партнери на РЕ-СЕЕтиес, ќе присуствуваат на конференцијата со свои претставници. Потоа, на Недела на енергетика Македонија 2014, резултатите од проектот ќе бидат претставени и во Македонија. Недела на енергетика Македонија 2014 ќе се одржи во последната недела од Септември. Ве очекуваме!

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 137

Страница 3

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Закон за изменување и дополнување на Законот за градење „Службен весник на РМ“ бр. 115/2014 од 01.08.2014 година

Правилник за изменување на Правилникот за постапката за добивање А - интегрирана еколошка дозвола (*) „Службен весник на РМ“ бр. 116/2014 од 04.08.2014 година

Новости од Македонија Владата ја усвои студијата за изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас Министерот за економија Беким Незири, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одржаа заедничка прес конференција, на која информираа за усвоената физибилити студија за склучување јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас во источна и западна Македонија. „За Владата на Република Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура. Природниот гас е исклучително корисен енергент бидејќи неговата употреба има широк опсег, и тоа во домаќинствата, во индустријата и сообраќајот, како и за производство на електрична енергија и топлина“, истакна министерот Незири, потенцирајќи дека бенефитот од снабдувањето со природен гас ќе биде огромен, особено од економски аспект. Имено, индивидуален станбен објект од 240 метри квадратни, доколку наместо екстра лесно масло премине да користи природен гас заштедата би била помалку и тоа за 45%. Додека пак колективен станбен објект, наместо екстра лесно масло премине да користи природен гас тогаш заштедата би изнесувала 24%. Како што информира вицепремиерот Владимир Пешевски, јавните повици ќе бидат објавени до крајот на идниот месец. Дистрибутивната мрежа го опфаќа и скопскиот регион за кој се веќе распишани јавните повици, на кој се пријавиле две компании, а евалуацијата е во тек. Повеќе... Реконструирана градинка во Неготино со помош од американската амбасада Со финансиска помош од Американската амбасада во Република Македонија комплетно е реновиран клон на градинката Фемо Кулаков од Неготино, кој беше пуштен во употреба на 26.08.2014 година. Проектот вреден 35 илјади долари опфати промена на надворешните прозори и врати и се зголеми енергетската ефикасност во градинката. Претставникот на американскиот народ мајор Џефери Ван Сикл, шеф на канцеларијата за воена соработка на САД во Македонија, изјави дека замената на вратите и прозорците ја извршија претставници на македонската и американската армија. Повеќе...

Политичката несигурност се заканува да го забави импулсот за обновливи извори на енергија Прогнозите на Меѓународната енергетска заедница (IEA) сметаат дека обновливите извори на енергија во однос на цените, се конкурентна опција во сé поголем број на случаи, но се соочуваат со растечки ризици за глобално искористување на среден рок. Политичката несигурност и ризиците за интеграција на мрежата се главна причина за забавување на глобалното искористување на ОИЕ, особено во економиите на ОЕЦД. Среднорочната прогноза на МЕА за 2014 за обновлива електрична енергија предвидува годишна стапка на раст од 5,4% до вкупни 7310 TWh до 2020 година – или пад од 0,6% во однос на минатогодишната прогноза. Според извештајот, производството на електрична енергија од обновливи извори како што се ветерот, сончевата, хидроенергијата значително се зголеми во 2013 година, достигнувајќи речиси 22% од глобалното производство, и беше на исто ниво со електричната енергија произведена од гас, кое остана релативно стабилно. Глобалното производство од обновливи извори расте со стапка од 45% и се предвидува дека ќе сочинува речиси 26% од глобалното производство на електрична енергија до 2020 година. Повеќе... Комплексот на згради познат како „Коцки“ ќе започне процес на енергетска обнова Министерство за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Агенција за промет и посредување во недвижен имот (APN) и загребската компанија Reflex потпишале договор за енергетска ефикасност за енергетска обнова на комплексот на згради познат како „Коцки“. Во наредниот период од година дена ќе биде изработен проект на чијашто основа ќе биде спроведена енергетска обнова на објектите. После обновата на зградите која нема да го промени нивниот изглед се очекува намалување на потрошувачката на енергија. Годишните трошоци на Министерството за енергија за комплексот згради изнесува 3,35 милиони куни, а по обновата на зградите треба да изнесуваат 1,58 милиони куни, годишниот надоместок на компанијата која го изведува енергетското обновување изнесува 1,46 миниони куни, Министерството ќе има заштеда од 123,7 илјади куни годишно. По истекот на единаесеттата година ќе плаќаат само 47,7% од сегашните трошоци за енергија, со целосно реконструирани згради. Во структурата на таа инвестиција, најголем дел се однесува на обновата, односно извршување на работи, надзор, сертифицирање и други услуги што опфаќа финансиски средства од речиси 20,5 милиони куни. Во самата инвестиција 7,7 милиони куни се средства од Фондот за заштита на животната средина и енергетската ефикасност, а 12,8 милиони куни се средства на компанијата Reflex. Повеќе...

МАЦЕФ Анализа Данскиот начин - Како Данска зазеде водечка улога во Европа во доменот на реновирање на градежниот сектор Со член 4 од Директивата за енергетска ефикасност, ЕУ бара земјите членки да воспостават долгорочна стратегија за инвестиции во доменот на реновирање на станбените и деловните објекти. Пред истекот на рокот за поднесување на националните стратегии до Европската комисија, многу земјичленки се обидоа да ги исполнат целите кои им беа поставени, но студијата за надгледување на енергетската ефикасност финансирана од ЕУ пронајде огромни разлики и недоследности во националните политики за енергетска ефикасност низ 28-те земји членки на ЕУ. Во студијата, исто така се наведува дека постои "недостаток на политичка волја и јасна стратегија за дејствување", но во исто време се поздравува стратешкото планирање на Данска. Имено, според студијата Данците се на врвот во ЕУ кога станува збор за енергетска ефикасност.

Која е позадината на оваа успешна приказна?

Новости од светот

Данска се издвојува од другите земји членки поради три клучни причини:

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 137

Страница 4

 Јасна долгогодишна посветеност на заштеда на енергија и постигнување на енергетска независност.  Силна политичка волја и поддршка помеѓу главните партии и  Единство во општествените кругови Долги години енергетската политика во Данска се базира на договори и спогодби меѓу политичките партии и вклучување на сите клучни засегнати страни во процесот. Ова помогна да се изгради општо разбирање меѓу граѓаните за потребата да се реагира кога станува збор за промени. Но исто така е важно да се напомене дека населението во целина е загрижено за климатските промени и дека политиките за ефикасност и намалување на емисиите на штетни гасови се насочени и кон зголемување на економскиот раст и создавање на нови работни места во данската индустрија. Данска веќе подолго време е посветена на поставување на амбициозни климатски цели. Политиките за енергетска ефикасност имаат долгогодишна традиција, посебно фокусирајќи се на градежниот сектор. Данскиот Енергетски Договор формулиран во 2012 година, обезбедува долгорочна цел за данската енергетска политика: До 2050 година да ја направи Данска независна од фосилни горива. Ова значи дека целиот енергетскиот систем кој се протега низ зградите, индустријата и транспортот треба истите да ги напојува само од обновлива енергија. Намалувањето на побарувачката на енергија со зголемување на енергетската ефикасност во сите сектори е клучот за постигнување на оваа цел. Данската влада е многу амбициозна и сака Данска до 2020 година да биде една од трите енергетски најефикасни земји кои членуваат во Организацијата за економска соработка и развој (ОECD). Ова ја дава следната причината зошто Данска е успешна во пракса. Политиките кои се однесуваат на енергетската ефикасност во зградите се конзистентни во подолг временски период и покрај политичките промени. Политичката волја која ги остварува овие политики се чини дека постојано е присутна и покрај менувањето на владите и партиските припадности. Така, поддршката низ целиот политички спектар се преслика во извонредна стабилност на енергетската политика. Но оваа меѓузасебна поддршка не може да опстојува како единствен одлучувачки фактор. Единството и поддршката од општествените кругови, која главно се должи на комбинацијата од високи енергетски даноци и информативни кампањи, оди рака под рака со политичката посветеност. (МК)

Занимливости Лигнин: Нов процес кој помага во надминувањето на пречките за производство на обновливи горива и хемикалии Студијата од Секторот за енергетика на Националната лабораторија за обновлива енергија (NREL) демонстрира концепт кој обезбедува можности за успешно претворање на лигнинот во различни обновливи горива, хемикалии како и материјали за одржлива енергетска економија. Истражувачкиот проект на NREL истражува иновативен метод за надградба на лигнин. Процесот за конвертирање на глукоза од биомаса во гориво како што е етанолот е веќе широко познат. Сепак растенијата исто така содржат значајна количина на лигнин, до 30% од нивните клеточни ѕидови. Лигнинот е хетероген ароматичен полимер коишто растенијата го користат за зацврстување на клеточните ѕидови, но тоа обично се смета за пречка за рентабилно добивање јаглехидрати и остатокот на лигнин често се гори за процесот на топлина, бидејќи е тешко да се деполемизира и да се надгради во корисно гориво или хемикалија. „Биорафинерии кои ја претвораат целулозната биомаса во течни транспортни горива произведуваат повеќе лигнин одколку што е потребно за погонување на процесот“, изјавува г-динот Gregg Beckham кој е инженер во NREL и коавтор на студијата. „Стратегиите кои ги вклучуваат новите пристапи за претворањето на остатокот на лигнин во повеќето различни и вредни производи се очајно потребни“. Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Забележете си во Вашите календари НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2014 23-30 Септември 2014 Во организација на МАЦЕФ и Град Скопје

Нацрт агенда:

24-ти - Работилница за развивање проектни идеи 26-ти - Отворен ден во центарот на градот 29-ти - Работилница со најмладите во градинка 30-ти - Централен настан – Конференција http://energyweek.mk Energy Market South East Europe 2014 18-ти и 19-ти септември, Приштина, Косово Обезбедување на сигурно, економски исплатливо и еколошко снабдување со енергија е голем предизвик за Југоисточна Европа. Конференцијата „Енергетски пазар во Југоисточна Европа 2014“ обезбедува платформа за размена на информации, во кој носителите на одлуки од енергетската индустрија и политиката разговараат за предизвиците во спроведувањето на барањата на ЕУ, за потенцијалот на обновливите извори на енергија на Балканот и за можностите за инвестирање, односно за спроведените или планирани проекти. Повеќе... Меѓународна конференција REMOO-2014 „Развојот на енергетската инфраструктура“ 12-ти до 13-ти ноември 2014, Љубљана, Словенија Целта на овогодишната конференција е да се обезбеди меѓународна платформа и форум за дискусија на прашањата кои се поврзани со инфраструктурата на одржливата енергија во регионот, со фокус на подобрувањето на техничката, економската и регулаторната конкурентност на различните технологии. Повеќе... EXPROM 2014 19-ти до 21-ви ноември 2014, Букурешт, Романија Меѓународни експерти ќе се состанат на RENEXPO® ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА со цел да разменат know-how, сегашни искуства од практичното работење, како и да понудат совети кои се стекнати преку истражувања, при што ќе се обезбеди брзо префрлање на овие знаења во акција. Конференцијата за иновации се одвива во текот на три дена паралелно со одржување на саем. Повеќе... CONST ENG '14 / Конференција за структури, материјали и градежно инжинерство 20-ти до 22-ри ноември 2014, Истанбул, Турција Конференцијата Const ENG '14/структури, материјали и градежно инжинерство ги повикува сите научници и претставници од различни компании да ги презентираат своите неодамнешни истражувања и бизнис искуства поврзани со изработка на студии за градежништвото. Повеќе... ENTECH '14 / Енергетски технологии 22-ри до 24-ти декември 2014, Истанбул, Турција Конференцијата Енергетски технологии ENTECH '14 ќе биде во можност да ги консолидира и комуницира со учесниците за виталната неопходност од синергија на научната и техничката способност со познавање на влијанијата на животната и социјална средина. На учесниците конференцијата ќе им обезбеди јасна визија на тоа како иднината на енергијата во светот би можела да изгледа. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, Д.Трпковска, С. Паневски, Ж. Илиевски М. Крушаров, И. Петрушевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

137 infomacef