Page 1

Број 136

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Минатиот број Ви го доставивме единствено како можност да го превземете од интернет – АКО ИМАТЕ ЖЕЛБА ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ СО НЕГОВАТА СОДРЖИНА. Сега ги очекуваме вашите реакции – дали оваа форма на испраќање на овој Информатор е поприфатлива за вас, или сметате дека е подобро да го испраќаме Информаторот до секого директно во PDF формат. Енергетски контроли! После завршување на првиот циклус на обука на енергетски контролори и реализацијата на испитите, нашиот заклучок, кој што можеме да го документираме со факти е дека ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ е НЕПРИМЕНЛИВ, заради многу недоследности, грешки и недостатоци. Очекуваме Министерството за економија и Агенцијата за енергетика ИТНО да пристапат кон корекција/доработка на овој правилник. Очекувам од учесниците во изработката на Правилникот да го негираат ова тврдење, па да се сретнеме на отворена трибина – секој со своите аргументи! Заврши Јавниот повик за изработка на прашања и задачи за полагање на испитот за енергетски контролор, според условите кои ќе стапат на сила во декември оваа година. Ставот на наставниците кои ја спроведоа обуката во МАЦЕФ беше дека периодот за подготовка на така сериозен материјал од 30 календарски денови, е недоволен. Не е јасно дефиниран ниту обемот на задачите кои треба да се приготват. Не е јасно дали во иднина испитот ќе се состои од три дела: изработка на енергетска контрола на еден објект (кој ќе ја проверува???) полагање на тест со прашања од теоријата (на компјутер), решавање задачи и одговарање на прашања поврзани со задачите (на компјутер). Ако е намерата на Законот за енергетика испитот да се реализира целосно по електронски пат, останува да „виси“ прашањето за практична изработка на енергетска контрола на еден објект! Интензивно работиме на студијата за когенеративно производство на енергија во Клинички центар Скопје. Паралелно е изработен проектот за еден хотелски комплекс – машинство и ППЗ. Убедени сме дека голем дел од колегите се на заслужен одмор. А да не Ви биде досадно – отворете го делот со анализите, новостите и занимливостите. Ви пожелуваме сончеви денови за одмор и разонода !

Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект ИРЕКо Во месец јули реализацијата на проектните активности течеше според предвидената динамика, така што беа организирани и реализирани Отворени денови – за ЕЕ и ОИЕ во три градови низ Југозападниот регион. Отворените денови се дел од проектната активност 2, „Кампања за подигање на свеста на граѓаните за ЕЕ и ОИЕ“, а беа реализирани во општините Струга, Дебар и Охрид. Настаните се одржаа на 8-ми јули во градот Струга, на 24-ти јули во Дебар и на 25-ти јули во Охрид, а притоа беа и медиумски покриени. Целта на овие отворени денови беше преку непосредни средби да се запознаат граѓаните со можностите за намалување на потрошувачката на енергија во домот со спроведување на мерките за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија. Насекаде настаните наидоа на голема заинтересираност кај граѓаните, особено последниот настан на кој учествуваа и 4 реномирани компании од областите на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија: Шешо Инженеринг, Јове Охрид, Групацијата ЈУБ и Рехау. Во однос на проектните активности 5 и 6 изработени се два документи кои ја опфаќаат проблематиката за енергетскиот потенцијал на обновливи извори на енергија и можностите за примена на мерките за енергетска ефикасност во југозападниот регион од Република Македонија како и хармонизацијата на европската легислатива и легислативата на Република Македонија во однос на ЕЕ и ОИЕ. Во завршна фаза е и последниот документ планиран со овие активности кој ќе претставува спој на претходните два со акцент на ЕЕ потенцијалот во регионот. Во тек е реализација и на активностите со кои се предвидува реализација на енергетски контроли за четири јавни објекти од различни општини во Југозападниот плански регион. За таа цел остварен е контакт со сите општини од регионот, по што секоја од општините поднесува документација за еден обејкт кој е во нивна сопственост. Следен чекор е формирање на комисија која детално ќе ги разгледа документациите и ќе одлучи на кои објекти ќе биде направена енергетска контрола. На крајот ќе следи избор на лиценцирано правно лице кое ќе ги реализира овие енергетски контроли. На 17ти јули се одржа редовен состанок со претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Струга задолжен за ИПА Меѓуграничната програма помеѓу Албанија и Македонија. Целта

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 136

Страница 2

на состанокот беше увид за начинот и текот на одвивање на проектните активности. Претставниците од Заедничкиот технички секретеријат беа детално запознаени со реализираните активности, активностите кои се во тек и она што е планирано да се реализира во последниот квартал. Проект REACH Минатиот месец продолжија активностите од вториот работен пакет на проектот „Намалување на користењето на енергијата и менување на навиките - REACH“ кои опфаќаат истражување на степенот на енергетската сиромаштија на ниво на нашата држава и на регионот на главниот град Скопје. Притоа, во истражувањето се користени досегашните искуства и истражувања, како и релевантни статистички податоци и теренски информации достапни за проблематиката. Се очекува извештаите од ова истражување да бидат финализирани во почетокот на месец октомври оваа година како што е и планирано со проектните активности. Следствено, голем дел од административните задачи за целосно стартување на проектот се пред завршна фаза или се веќе комплетирани. Проект RеPublic ZEB Проектот „Реновирање на фондот на јавни згради кон нЗЕБ RеPublic ZEB“ во месец јули го одбележаа неколку активности. Меѓу споменатите активности, визуелниот израз на самиот проект веќе го доби и конечното решение со што се отвори можност за креирање на интернет страната која е веќе во подготвителна фаза. Во истиот период, почна разработката на веќе постоечката алатка за пресметка на финансиски оптималните мерки за зголемување на ЕЕ и употреба на ОИЕ во јавните згради. Приготвен е модел (ексел формат софтвер) во кој се обработуваат податоци кои се преклопуваат во голема мерка со потребните информации за изработка на енергетска контрола на објекти. Од таа причина, за МАЦЕФ тоа претставува дополнителен предизвик, да се споредат барањата во нашите Правилници со овој модел, затоа што има вработено 5 овластени енергетски контролори. Веднаш утврдивме дека овој модел е знатно пообемен во однос на содржината на нашите Правилници, пред се затоа што се дадени нормативи за потрошувачка (во нашите правилници целосно недостасуваат) и тоа не само за топлинската енергија за зградите, туку и за потрошувачка за ладење и вентилација т.е. токму како што треба и кај нас да се работи – ама во иднина, кога ќе се преработи Правилникот за енергетски контроли. Како дел од јулските активности на проектот кои се во голема завршени, е и подготовката на извештајот за инвентарот на јавни згради на партнерските земји. Во јули се допрецизирани датумите за идните состаноци на партнерите со што ќе се зголеми ефикасноста и координираноста на проектот во целост. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Oдлука за престанување на важење на методологија за пресметка на цените на пресметковните елементи по кои производителот на електрична енергија ја испорачува електричната енергија на снабдувачот на електрична енергија за тарифни потрошувачи и снабдувачот во краен случај со електрична енергија „Службен весник на РМ“ бр. 101/2014 од 07.07.2014 година

Правилник за дополнување на правилникот за начинот и постапката за издавање, обновување и одземање на лиценците за проектирање на градби, ревизија на проектна документација, управител на градба, изведувач на градби, надзор над изградбата на градби и управител на одржување на објекти, формата и содржината на образецот на лиценците како и формата и содржината и начинот на водењето на регистарот „Службен весник на РМ“ бр. 101/2014 од 07.07.2014 година

Правила за изменување и дополнување на правилата за снабдување со електрична енергија. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2014 од 10.07.2014

Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на елаборатот за заштита на животната средина согласно со видовите на дејностите или активностите за кои се изработува елаборат, како и согласно со вршителите на дејноста и обемот на дејностите и активностите кои ги вршат правните и физичките лица, постапката за нивно одобрување, како и начинот на водење на регистарот за одобрени елаборати. Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/2014 од 24.07.2014

Правилник за постапката за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола „Службен весник на РМ“ бр. 112/2014 од 25.07.2014 година

Тарифен систем за изменa и дополнување на тарифниот систем за продажба на топлинска енергија „Службен весник на РМ“ бр. 113/2014 од 29.07.2014 година

Тарифен систем за изменување и дополнување на Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија за потрошувачите приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 113/2014 од 29.07.2014 година

Тарифен систем за продажба на електрична енергија на мали потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 113/2014 од 29.07.2014 година

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Турска и италијанска фирма со понуди за гасификација на Скопје Една турска и една италијанска фирма се пријавиле на повикот на државата за склучување договор за јавно приватно

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 136

Страница 3

партнерство за гасификација на Скопје. Моментално се проверува дали и двете компании ги исполнуваат бараните услови и доколку се утврди дека се во ред, ќе се премине на следната фаза, а тоа е спроведување постапка на дијалог, во која првично ќе се разговара за тоа која компанија што нуди, за потоа преговорите да продолжат до конечен избор на онаа со која ќе биде склучен договор, а што се очекува да биде направено во септември. Повеќе... ЈП „Куманово Гас“ ја шири мрежата Јавното претпријатие „Kуманово гас“ го подготвува основниот проект за западниот дел од градот кој ги опфаќа улиците „Никола Вапцаров“, дел од улицата „11 Ноември“, околу општата болница до основното училиште „Толи Зордумис“. Надлежните ги информираат граѓаните во овој дел од градот кои се заинтересирани за приклучување кон гасоводната мрежа, директно да се информираат за да започне фаза за нивно приклучување. Од претпријатието нагласуваат дека моментално се фокусирани на приклучување на Општата болница „Kуманово“, со која „Kуманово гас“ потпишало енергетскотехнички и економски услови. Надлежните од претпријатието се надеваат дека наскоро ќе ја приклучат оваа јавна здравствена установа кон гасоводниот систем. Досега кон гасоводната мрежа приклучени се четири од вкупно шесте објекти на градинката „Ангел Шајче“, библиотеката, Домот за стари лица, „ЕВН Kуманово“, општината, комуналното претпријатие „Водовод“, како и неколку основни училишта. ЈП „Kуманово гас“ досега има изградено 11 километри гасоводна мрежа. Повеќе...

Новости од светот Снабдувањето на Украина со руски гас од Европа може да донесе неизвесна зима Најавите дека Русија може да ги намали испораките на гас кон Европа поради планот Украина да се снабдува со овој енергент од европските држави повторно ги поткренаа тензиите и стравот дека многу земји зимава може да останат без овој енергент. Особено оние од поранешна Југославија, како и Бугарија, кои се исклучиво зависни од транзитот кој доаѓа преку Украина. Испораките за Украина, на која во лето и не и треба гас се прекинати, но нормално се одвиваат оние во транзит за останатите европски земји. Повеќе... Побарувачката на нафта ќе се зголеми за 14% во 2015 година - ИЕА Светската побарувачка на нафта се очекува да се зголеми на 1,4 милиони барели дневно (мб/ден) во 2015 година во споредба со 1,2 мб/ден во 2014 година, изјави Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во својот извештај. Цената на нафтата се задржа на 108 $ /BBL по подигање на 115 $ / BBL откако довербата порасна поради извештаите дека "јужните нафтоносни полиња под Багдад ќе останат недопрени и дека се подобруваат изгледите за закрепнување на либискиот извоз", се вели во документот. Повеќе... Ќе се градат подвижни нуклеарни централи Подружница на руската држава нуклеарна енергетска компанија „Росатом“со кинеската „CNNC New Energy“ потпишаa договорот за изградба на подвижни нуклеарни централи. „Дизајнот овозможува две опции - самоодни или шлеп монтирани пловечки нуклеарни централи“. Овој тип на нуклеарни објекти би можеле да се поврзат со далечниот исток на Русија или на арктичката крајбрежна инфраструктура. Повеќе...

МАЦЕФ Анализа Големотo прашање: Може ли една држава своите потреби за енергија стопроцентно да ги задоволува од обновлива енергија? Неколку држави, вклучувајќи ги Шкотска и Филипините, неодамна ги објавија своите импресивни планови кои предвидуваат нивните потреби за енергија целосно да ги задоволуваат од обновливи извори на енергија. Имајќи во предвид дека повеќето држави си поставуваат многу пониски цели во тој домен, овие големи аспирации ја разбрануваа индустријата и предизвика дебата. Кои се главните препреки со кои ќе се соочат оние земји, кои имаат за цел да стигнат до 100 проценти обновливи извори на енергија – Дали оваа цел е секогаш остварлива или пожелна? Поединечните амбиции и цели треба да и служат на една поголема цел и да бидат двигател за постигнување на истата. Сепак, постои разлика помеѓу амбиција и цел. Амбицијата треба да обезбеди инспирација за одредена цел. Целта од друга страна, треба да биде практична и мерлива активност која е потребна за да се постигне одредена амбиција. Фосилните горива се во ограничени количини. Затоа, преминот кон економија која работи на одржливи извори на енергија е неопходен и неизбежен. Сепак, замислата "100 проценти обновливи извори" ризикува да привлече повеќе критики отколку поддршка. Пореален пристап би бил пристапот кој се фокусира на голем удел (поголем од 50 проценти) на обновливите извори, кој ќе обезбеди поефикасен пат кон одржлива енергетска иднина. Благодарение на технолошкиот напредок и намалувањето на трошоците за користење на обновливите технологии во последната деценија, обновливите извори на енергија веќе заземаат голем удел во снадбувањето со енергија во се повеќе и повеќе делови од светот. Заедно со нив, напредокот на технологијата во доменот на енергетската ефикасност го намалува количеството на енергија кое треба да се искористи за да се постигне одредена цел. Автоматското управување при користењето на енергијата од обновливи извори е од суштинско значење поради големата непревидливост на инјектирање на енергија во електроенергетскиот системот од истите. Развојот на евтината паметна електроника во последната деценија нуди можност за реализација на претходно наведеното управување со енергијата. Останатите предизвици се создавањето на регулаторна рамка, стандарди, и стимуланси за да се овозможи лесен премин на економиите од необновливи на обновливи извори на енергија како и да се инвестира потребниот капитал за истото. Иако потребниот инвестициски капитал е значителен, придобивките вклучуваат економски развој и создавање на нови работни места. Напојување на една држава од обновливи извори на енергија во целост може да звучи инспиративно, а може да биде и постигнато таму каде што животната средина поседува изобилство на обновливи извори кои можат да се користат безбедно, сигурно и ефикасно - како што е Исланд. Но, една држава треба да се преиспита зошто сака да постигне цел стопроцентно напојување од обновливи извори. Дали ова е најдобрата цел за да се постигне поголема амбиција? Исланд не се напојува целосно од обновливи извори на енергија поради одредена цел. Едноставно, тоа е нејзината најдобра варијанта имајќи ги во предвид локалните услови. Всушност, државите треба да имаат амбиции да направат се што е во нивна моќ за да го решат проблемот со глобалното затоплување за сегашните и идните генерации, а една (од многуте) цели да биде и создавање на енергетски систем со ниски емиисии на јаглерод двооксид, кој истоистовремено ќе обезбедува и доверливост, безбедност и финансиска исплатливост. Разновидното снабдување со електрична енергија кое ги користи локалните ресурси и регионалните/ прекуграничните преносни мрежи е доказ дека таков систем успешно функционира. Решенијата кои нудат стопроцентно снабдување со енергија од обновливи извори засега се решенија кои не успеваат соодветно да ги препознаат техничките, општествените, и финансиските ризици поврзани со таа апсолутна цел - без оглед на обновливата технологија која се користи.(МК)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 136

Страница 4

Ветерната енергија во Европа не се развива така брзо како што беше очекувано Инсталираниот капацитет на ветерна енергија во Европа ќе се зголемува со помал интензитет до крајот на оваа деценија отколку што беше претходно проценето. Земјите од Европската Унија заеднички ќе имаат 192,4 GW на инсталиран енергетски капацитет на ветерна енергија до 2020-та година што претставува за 64% повисоко ниво од состојбите во 2013та година, изјавува Европската Асоцијација за ветерна енергија (EWEA) во својот извештај. Сепак, ова е за речиси 40GW пониско од претходната проценка на Европската асоцијација (EWEA) пред пет години од 230 GW до 2020 година, што е потенцијално разочарување за производителите на ветерни турбини, како што се компаниите Vestas, Siеmens и Enercon. Претходните сценарија за ветерна енергија на Европската Асоцијација за ветерна енергија (EWEA) кои беа објавени во 2009-та година следејќи го прифаќањето на Директивата за обновлива енергија на Европската Унија, во сценаријата за развојот на ветерната енергија до 2020та година опфатени се заедно и годишните и кумулативните нивоа на инсталации на ветерни централи. Европската Комисија очекува крајната енергетска потрошувачка во 2020-та година да биде за 11% пониска од нивото што беше во 2009-та година (2956 TWh бруто финална потрошувачка во земјите на Европската Унија E27, наместо 3336 TWh). Сепак во реалност Европската Комисија не очекува побарувачката на енергија на Европската Унија да се зголеми над врвните нивоа од 2008-ма година се дури после 2020та година. Оваа економска реалност имаше влијателен удел во побарувачката за нови инсталации на енергетски централи за сите генерации на технологии. Влијанието беше значајно и на инвестициските планови, инвестициските одлуки кои веќе беа започнати и постоечките инсталации на пазарот ширум Европа. Ретроактивните промени на регулаторните и пазарни рамки имаа делумно негативно влијание на секторот за ветерна енергија особено во одредени пазари. Европската Агенција за ветерна енергија предлага три нови сценарија до 2020та година. Според новото главно сценарио на (EWEA) се очекува 192GW на инсталиран капацитет на ветерни централи да произведе 442TWh задоволувајќи 14,9% од електричната потрошувачка во 2020-та година. Главното сценарио ќе резултира со кумулативни инсталации за временски период од седум години од 75GW и инвестиции во ветерни фарми во финансиски рамки од 90 и 124 билиони евра, со што водечките пазари би биле во добро познатите земји Германија, Франција, Обединетото Кралство, Полска и Италија. До 2020-та година 354000 лица (до 253000 денес) ќе бидат вработени во Европската ветерна индустрија. (БК)

Занимливости

Потенки лед светилки произведени од компанијата Dialight Компанијата Dialight произведе потенки LED светилки. Овие помали и полесни светилки се полесни за инсталација. Тие обезбедуваат 7000 лумени, односно 106 [lm/W] и имаат животен век од преку 100000 часови. Со новиот тенок дизајн на LED светилките и намалената тежина на истите не само што се лесни за инсталација, туку се соодветни за места каде е потребен поголем слободен простор за нормалното вршење на секојдневните процеси. Поради нивната мала големина, новите LED светилки се погодни за употреба во предизвикувачки средини како хемиски, петрохемиски и опасни локации како на копно така и на нафтени платформи. Повеќе... Енергија од песок: Подобра батерија Напредокот во нано-технологијата е движечката сила која стои позади долготрајните литиумски батерии. Досега, литиумските батерии се користени како извор на енергија за секојдневните технолошки уреди како што се мобилните телефони, компјутерите, камерите. Нивниот енергетски извор е графитна анода која е базирана на јаглерод. Животниот век на батеријата

секогаш претставувал голем проблем кај литиумските батерии. Решението е на овој проблем е најраспространетото соединение на земјата: SiO2, или повеќе познато како песок. Следната генерација на батериската технологија користи песок како извор за производство на нано-силикон, материјал за производство на анодата кај литиумските батерии. Истражувањата покажале дека батериите кои се базираат на силикон SiO2 имаат поголем енергетски капацитет и нивните аноди се проценува дека траат до 3 пати повеќе од животниот век на батериите кои се базираат на јаглерод. Како додаток на очигледната придобивка, силиконските литиумски батерии полесно се полнат и се со помала тежина од традиционалните литиумски батерии. Што се однесува до процесот на прочистување на песокот за употреба кај батериите, резултатите се малку груби. Изворниот материјал можеби е ефтин, но со процесот на подготовката тоа не е случај – создадените наноструктури во процесот сеуште не се финансиски исплатливи за да бидат произведени на ниво на килограм. Сепак песокот е материјал кој е мошне достапен, не е токсичен и е решение кое е пријателски настроено кон животната средина. Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Energy Market South East Europe 2014 18-ти и 19-ти септември, Приштина, Косово Обезбедување на сигурно, економски исплатливо и еколошко снабдување со енергија е голем предизвик за Југоисточна Европа. Конференцијата „Енергетски пазар во Југоисточна Европа 2014“ обезбедува платформа за размена на информации, во кој носителите на одлуки од енергетската индустрија и политиката разговараат за предизвиците во спроведувањето на барањата на ЕУ, за потенцијалот на обновливите извори на енергија на Балканот и за можностите за инвестирање, односно за спроведените или планирани проекти. Повеќе... Меѓународна конференција REMOO-2014 „Развојот на енергетската инфраструктура“ 12-ти до 13-ти ноември 2014, Љубљана, Словенија Целта на овогодишната конференција е да се обезбеди меѓународна платформа и форум за дискусија на прашањата кои се поврзани со инфраструктурата на одржливата енергија во регионот, со фокус на подобрувањето на техничката, економската и регулаторната конкурентност на различните технологии. Повеќе... EXPROM 2014 19-ти до 21-ви ноември 2014, Букурешт, Романија Меѓународни експерти ќе се состанат на RENEXPO® ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА со цел да разменат know-how, сегашни искуства од практичното работење, како и да понудат совети кои се стекнати преку истражувања, при што ќе се обезбеди брзо префрлање на овие знаења во акција. Конференцијата за иновации се одвива во текот на три дена паралелно со одржување на саем. Повеќе... CONST ENG '14 / Конференција за структури, материјали и градежно инжинерство 20-ти до 22-ри ноември 2014, Истанбул, Турција Конференцијата Const ENG '14 / структури, материјали и градежно инжинерство ги повикува сите научници и претставници од различни компании да ги презентираат своите неодамнешни истражувања и бизнис искуства поврзани со изработка на студии за градежништвото. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

136 infomacef  
136 infomacef  
Advertisement