Page 1

Број 135

Јули 2014

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Минатиот број ви го доставивме единствено како можност да го превземете од интернет – АКО ИМАТЕ ЖЕЛБА ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ СО НЕГОВАТА СОДРЖИНА. Нашата намера е да не ги оптоваруваме вашите сметачки машини, ако не чувствувате потреба да го читате нашиот билтен. Со оваа пракса ќе продолжиме и понатаму, при што кај вас ќе се гледа најават и содржината. Во исто време секој може да го превземе билтенот и од нашата интернет страна. Како што е редот (и историски докажано) месец јуни изобилува со обврски, средби и бројни манифестации. Бројни се средбите во секторот на енергетиката, особено што во овој месец и на европско ниво се спроведува реализацијата на Неделата на енергетика во рамките на мрежата на Sustainable Energy Week. Вашето внимание почитувани членови на МАЦЕФ и уште повеќе симпатизери и читатели на овој билтен сакаме да го насочиме кон редовните активности – реализацијата на проектите во рамките на истражувачката програма на ЕУ Интелигентна Енергија. Нашето задоволство, како организатори на обуката за ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ е уште поголемо што и втората група од 18 учесници успешно ги завршија своите обврски со обуката. Следниот циклус на обука ќе го организираме во септември оваа година. Од декември системот за обука и полагање на испит ЌЕ БИДЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОСЛОЖЕН. Ви пожелуваме ефикасна работа во месец јули, но и убави денови за одмор и разонода на тие кои го користат овој месец за „полнење на батериите“ за следниот работен период.

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Конференција и промоција на публикација На 24-ти јуни во ЕУ Инфо центарот се одржа конференција на тема „Енергетските политики - потреби (Гасификација, правна рамка)“ во организација на МАЦЕФ и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), како дел од Европската недела на одржлива енергија. На конференцијата се промовираше и публикацијата

„Енергетска политика на Република Македонија: Гасификација и правна рамка – преглед“ од авторите

проф.д-р. Константин Димитров и Зоја Таревска. На конференцијата свое обраќање имаа претставници од релевантни институции кои се засегнати од темата, односно од Министерство за економија, Регулаторна комисија за енергетика, Струмица ГАС, Македонска енергетска заедница и претставник од Косово – Здружение за ОИЕ и ЕЕ. Целта на настанот беше да се претстави компаративна анализа за состојбата на енергетскиот сектор во Република Македонија и во Косово и усогласување со ЕУ регулативите, во споредба со другите земји во регионот. Се говореше за ситуацијата во енергетската политика во регионот, како и искуствата и придобивките за земјите во секторот на гасификација. Темата на конференцијата побуди голем интерес кај присутните и се разви одлична дискусија. (ЗТ)

Енергетски контролори И втората група од 18 учесници успешно ги положија предвидените испити и практичната работа. Усмениот испит и одбраната на практичниот дел беа пред 3-члена комисија со претставник од Агенцијата за енергетика.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 135

Страница 2

Следниот циклус на обука го предвидуваме за месец септември. На фотографијата се дел од втората група на учесници по доделувањето на Уверенијата за положен испит. Сега треба да ги поднесат пропишаните документи до Агенцијата за енергетика и да го добијат овластувањето Енергетски контролор. На сите учесници им пожелуваме успешна реализација на обврските при издавањето на енергетски пасоши на зградите и контролата на проектната документација! Проект ИРЕКо Во месец јуни беа реализирани двете обуки наменети за општинска администрација на тема „Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија“. Обуките се одржаа во две различни општини од Југозападниот плански регион, првата обука се одржа на 10-ти јуни во Салата на Советот на општина Дебар, а втората обука беше на 19-ти јуни во Салата за свечености на општина Македонски Брод. На двете обуки имаше значителен број на посетители кои со голем интерес ги следеа предавањата, а на крајот од обуките имаше и плодна дискусија за енергетскиот потенцијал кој го нуди Југозападниот плански регион со акцент за можностите кои произлегуваат од Биомасата-цврстиот отпад и отпадното дрво. Обуките се одвива во две сесии по две предавања, првата сесија беше наменета за две предавања во кои на кратко беа разгледани правата и обврските кои ги имаат општините во секторот на енергетската ефикасност (ЕЕ) и можностите за искористување на потенцијалот на обновливите извори на енергија со кои располага регионот. Во втората сесија се одржа третото предавање за енергетската ефикасност која може да се оствари при осветлување на објектите, последното предавање всушност претставуваше насока за пополнување на инспекциски листи за собирање на податоците за обврските кои ги имаат општините со секторот енергетска ефикасност. За двете обуки беа направени две прирачници, според кои беа дефинирани темите за предавањта на обуките. Воедно тимот задолжен за реализација на проектот паралелно работи на неколку проектните активности: 1. Во завршна фаза е реализацијата на проектните активности 5 и 6, кои се однесуваат на изработка на студија. Студијата ќе опфати усогласување со ЕУ и националното законодавство, како и анализа на податоците за утврдување на потенцијалот за обновливи извори на енергија и имплементација на мерки за енергетска ефикасност; 2. Организација на 3 отворени денови – како дел од втората проектна активност наменета за кампањата за подигање на свеста на населението за енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Трите отворени денови ќе се оджат во месец јули во три различни општини во Југозападниот плански регион. (ДТ) Проект REACH

Во изминатиот месец, активностите во проектот REACH беа насочени кон подготовката на драфт документот за оценка на ефектите од предвидените проектни активности и кампањи. Ова е дел од работниот пакет 6 на овој проект и според работниот план истиот треба да се реализира до крајот на месец јуни. Исто така, во изминатиот месец започнаа активностите за подготовка на документот кој ги

содржи потребните информации за остварување на комуникациската и информативно медиумска кампања на проектот насловен како комуникациски план. Се очекува очекува овој документ во рамките на проектот да биде завршен кон средината на месец јули. Во тек е подготовката на интернет страната за овој проект каде подетално ќе може да се согледаат досегашните и тековни активности и резултати од опсегот на делување на овој проект. Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Летна школа и национален квиз Со националниот квизнатпревар за енергетска ефикасност кој се одржа во Хотел „Силекс“-Охрид на 11.6.2014г. се заокружи и крајот на оваа сезона на Училишниот проект на ЕВН Македонија. На квизот учествуваа претставници на зелените енергетски клубови односно секции формирани во 12 основни училишта низ Македонија. Тие го покажаа она што го научиле низ целата учебна година, а се натпреваруваа во повеќе игри. Специјално за нив игрите ги креираа младинци на летна школа од повеќе средни училишта и факултети низ цела Македонија, меѓу кои и штитеници на домот „11 Октомври“ од Скопје. Победници на детскиот квиз-натпревар се учениците од ОУ „Мите Богоевски“ од Ресен, второто место го освои ОУ „Видое Подгорец“ од Струмица, а на третото место се пласираа учениците ОУ „Ѓорче Петров“ од с. Ропотово. Победниците добија богати награди, а сите учесници подароци од ЕВН Македонија. МАЦЕФ како партнер во овој проект и оваа година беше задолжен за креирање и успешно реализирање на игрите на квизот и модерирање на настанот. Останати партнери во проектот се: Здружение Конект, Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица. Може да се заклучи дека и оваа година проектот имаше успешен крај прорпратен со забава и едукација. (ЗТ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Правила за изменување и дополнување на Правилата за пазар на природен гас „Службен весник на Република Македонија“ бр. 91/2014 од 13.06.2014 година

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 135

Страница 3

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Форумот на чинители и засегнати страни во областа на Обновливи извори на енергија Форумот ја одржа третата средба во Стопанската комора на Македонија. Дел од основните теми за дискусија беа и:

Презентација и дискусија на можните сценарија за развој на енергетскиот сектор со акцент на ОИЕ и Презентација и дискусија на предлозите за целосно усогласување на Законот за енергетика со Директивата на ЕУ за ОИЕ.

Зелен Развој на Македонија – Светска банка Во просторијата на ЕУ делегацијата во Македонија, во присуство на заменик премиерот г. Владимир Пешевски, директорот на канцеларијата на Светска Банка Г-ѓа Елен Голдштеин, амбасадорот на Шведска во Македонија и претставници на ЕУ делегацијата во Македонија пред стучната јавост Светска банка го презентираше Извештајот за Зелен Развој на Македонија во наредниот период. Штуловиот универзитет со одржлив концепт на греење Новата грејна сезона Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (ЈИЕУ) ќе ја дочека со сосема нов систем за затоплување, со кој од употреба ќе се исфрли мазутот, а наместо него, за добивање топлинска енергија ќе се користи биомаса, односно пелети. Со ова, од една страна, ќе се заштедуваат годишно околу 100.000 евра, а од друга, значително ќе се придонесе за намалување на емисијата на стакленички гасови. Ова е втор проект што го спроведува Универзитетот во рамките на активностите за енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија бидејќи од лани е во функција фотоволтаична централа за сопствено производство на електрична енергија со капацитет од 100 киловати, со која се задоволува дел од потрошувачката на струја. - Универзитетот во 2010 година изработи Kлиматски акционен план (KАП) со кој предвиде обврска за во период од 10 години да изврши намалување на емисијата на стакленички гасови за 35 отсто. За негово спроведување веќе се изгради фотоволтаична централа, која го користи сонцето за производство на електрична енергија, а во план е нејзиниот капацитет до 2020 година да се зголеми на 500 киловати. Втор чекор е замена на употребата на фосилни горива, односно

масло за греење со гориво од обновливи извори, односно со биомаса – објаснува Дарко Спировски, вработен во Институтот за животна средина и здравје при ЈИЕУ, одговорен за реализација на проектот. (СП) Извор: Порта 3 Повеќе... Промовирана реконструираната општинска зграда на Ресен На 27.06.2014 г. на платото пред Општина Ресен беше извршена промоцијата на реконструираната зграда, која приврши по неколкумесечна интензивна работа со примена на најсовремените мерки на енергетската ефикасност, овој објект, не само што сега има целосно нов изглед, туку веќе ги генерира очекуваните заштеди. Реконструкцијата на објектот е овозможена благодарение на финансиската и техничката поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро. Годишните заштеди од спроведените мерки, со проценета вредност од околу 15,000 евра, Општината Ресен има намера да ги користи во обезбедување на одржливо функционирање на езерската мониторинг станица во с. Стење. Работата на мониторинг станицата, чијашто изградба е во тек, ќе биде од еден од клучните елементи на идната заштита на Преспанското Езеро. Овој реконструкциски потфат, со вкупна вредност од околу 100 илјади евра, вклучува целосна изолација на објектот со примена на најсовремена термоизолациона фасада, комплетна промена на столаријата (прозорци и врати) и реконструкција на покривот со примена на дополнителна изолација. Дополнително, променети се старите азбестцементни покривни плочи со нови, од природни материјали. (СП) Извор: Општина Ресен Повеќе...

Новости од светот Украина и компании од ЕУ и од САД ќе управуваат со украинскиот гасовод Украина планира да формира единствен оператор со гасоводниот систем на земјата, кој ќе управува со магистралниот гасовод и подземните складишта. Во него 51 отсто од сопственоста ќе биде на украинската држава, а 49 отсто ќе може да добијат инвеститори од Европската Унија и од САД. Ќе се создаде компанија-оператор, чиј контролен пакет ќе биде во рацете на државата, а 49 отсто може да припадне на компании од земјите-членки на Унијата, од оние што членуваат во Европската енергетска заедница или на американски компании. На овој начин ќе може да се модернизира украинската гасна мрежа и да се инвестира во неа, со што ќе се зголеми нејзината вредност. Истотака гасоводниот систем и подземните складишта ќе останат во државна сопственост. Украинскиот премиер смета дека создавањето таков оператор ќе создаде нови услови за транзит на рускиот гас за Европа, со што ќе се добие можност за запирање на изградбата на гасоводот „Јужен тек“, со кој би се пренасочиле големи количини гас од Украина кон новиот гасовод. (МК) Повеќе...

МАЦЕФ Анализа Eвропа се соочува со ограничување во производството на обновлива енергија за да спречи преоптоварување на електричната мрежа Стремежот на Европа кон создавање електроенергетски систем базиран на обновливи извори на енергија отиде до таму што производството на енергија од истите за неколку месеци веројатно ќе мора да се намали поради опасност од преоптоварување на системот. Мрежните оператори, најверојатно ќе го запрат производството на сончевата и ветерната енергија во периодите на ниска потрошувачка на енергија, за да се спречат оштетувањата на регионалната мрежа на далноводи, во должина од 302557 km.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 135

Страница 4

Уделот на обновливата енергија ќе порасне речиси двојно, достигнувајќи 18% до 2020 година според Energy Brainpool GmbH & Co KG, консултантска фирма од Берлин. Петкратниот пораст на зелената енергија во Европа во изминатата деценија ги турна цените на девет-годишен минимум и ја намали пазарната вредност на класичните компании за производство и пренос на електрична енергија за 400.000.000.000 долари. Има толку многу енергија на располагање во ветровитите и сончевите денови во Германија и Австрија што бројот на часови кои производителите мораа да им ги плаќаат на потрошувачите за да ја користат, двојно се зголеми во првите пет месеци на 2014 година. Системот е скап и потребни се интелигентни решенија за справување со проблемот на вбризгување на преголемо количество на електрична енергија во горенаведените периоди. Експанзијата на обновливите извори на енергија е тесно поврзана со целта на Европската унија да ги намали емисиите на јаглерод диодсид од 20 % од нивоата во 1990 година до крајот на деценијата. Владите во блокот од 28 држави дебатираат и за забрзување на намалувањата и до 40 % до 2030 година. Европската унија треба да го стави количеството на произведена енергија од обновливи извори под контрола. Колку повеќе обновливи извори на енергија се додаваат во системот, толку повеќе пари се одделуваат за субвенции. Европските влади поделиле 57000000000 долари во 2012 година за проекти со обновлива енергија, повеќе од половина од глобалната сума од 101.000.000.000 долари издвоена за таа намена, според Меѓународната агенција за енергија. Производителите на обновлива енергија обично добиваат финансиски средства за да прекинат со производство на определено. Според британската национална компанија за производство и пренос на електрична енергија, исплатите кои таа им ги испорачува на ветерните паркови за да го прекинуваат производството достигнала 79.500.000 долари. Фармите со ветерници ги добиваат овие средства за време на поправики на мрежата, силни ветрови или ниска побарувачка. Според некои експерти, пазарот на електрична енергија од обновливи извори би можел подобро да биде осмислен. Да се плаќаат субвенции за да се градат обновливите извори на енергија, а потоа да се плаќа за истите да не произведуваат енергија кога побарувачката е ниска, воопшто не е економски исплатливо. (МК) Повеќе...

корисни локални информации, како што е моменталниот квалитет на воздухот. Клупите се дизајнирани од три млади иниженерки кои работата на еден старт-ап на МИТ. "Сакаме градовите да ги апдејтираме за нашата генерација," вели една од нив објаснувајќи ја идејата за клупите на кои со енергија ќе можат да се наполнат и луѓе и нивните мобилни миленичиња. Компанијата Циско се понудила бесплатно да се грижи за поставување и одржување на овие супер интересни градски

Занимливости

Меѓународен конгрес за енергетска ефикасност и материјали поврзани со енергијата 16 до 19ти октомври 2014, Олудениз-Фетихје, Турција Оваа конференција е наменета за широка публика и заинтересирани страни за областа на енергетската ефикасност. Повеќе...

Куќа изградена од отпад Оваа необична куќа е изградена во Британија, во рамките на проектот и проектната работилница за одржлив развој на Универзитетот во Брајтон. Изградена е со цел да се докаже дека практично не постои отпад, туку само погрешен предмет на погрешно место. Куќата содржи над 85% отпаден материјал преземен од блиските градилишта и домови, а вклучува и стари фармерки, видеокасети и дури 20.000 четкички за заби. Waste House служи како отворено истражувачко студио за студентите од Универзитетот во Брајтон, а достапна е и на други училишта, факултети и здруженија кои се занимаваат со теми од областа на одржливи градби. Самата изградба траела една година, а целосно е завршена во април 2014. (СП) Извор: Порта 3 Повеќе... Клупи на сончева енергија Во парковите на главниот град на Масачусетс ќе се постават соларни клупи кои ќе служат и за полнење мобилни телефони и таблети. Клупите исто така безжично ќе добиваат и пружаат

реквизити. По Бостон, планот е вакви клупи да добие и Сан Хозе во Калифорнија.(ЗТ) Повеќе... Сончев пат - замена за асфалт и сообраќајна сигнализација Сончеви шестоаголни панели во блиска иднина би можеле да го заменат асфалтот или бетонот и истовремено да ја акумулираат сончевата енергија. Поточно, американскиот пар (Скот и Џули Брусов) од државата Ајдахо изработи повеќенаменски сончеви плочи, а неодамна на јавноста и го претстави прототипот на паркингот кој е стациониран пред нивната лабораторија и е покриен со сончевите плочи кои тие ги изработија. Технолошките карактеристики на сончевите плочи се такви што тие можат да издржат оптоварување од 120 тона, во зима акумулираат топлина и го топат снегот и ледот, а имаат и вградени ЛЕД екрани за сообраќајна сигнализација. Ваквите сончеви патишта би можеле да служат како децентрализирана електрична мрежа која ќе напојува домови и деловни објекти, а нивното поставување е поисплатливо и попродуктивно на меѓурадски патишта и на автопати. (МК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации ЕУ Проектот ИРЕКо организира ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ за ЕЕ и ОИЕ За граѓаните на Дебар – 25 јули 11:00 – 15:00ч., градски плоштад Охрид – 15 јули 11:00 – 15:00ч., градски плоштад

Конференција за локални обновливи извори на енергија 22 до 24ти октомври 2014, Фрајбург, Германија На конференцијата ќе се разгледа соработката со локалните чинители, вредноста на технолошките иновации како и да се идентификува изворот на финансии за локалните извори на обновлива енергија. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

135 infomacef