Page 1

Број 134

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Maj 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец мај беше исполнет со повеќе активности. Сакаме да одбележиме дека дел од нив беа и завршна фаза од подолготраен ангажман. Особено е важно да Ве информираме дека се реализира и јавната расправа во однос на Вториот Акциски План за Енергетска Ефикасност на Македонија, при што МАЦЕФ беше носител на активностите при неговата подготовка. Со задоволство Ве информираме дека се одржаа првите испити за енергетски контролори. Првата група ги заврши и писмениот и усмениот дел од испитот и се стекна со Уверение за положен испит. Втората група го помина првиот дел од испитот – писмен дел тестови. Сега изработуваат енергетски контроли на јавни објекти, како практичен дел од усмениот испит. Трите проекти кои се финансирани преку програмата на Интелигентна енергија „го забрзуваат темпото“, иако се со траење од 3 години. Проектот од прекуграничната соработка со Албанија (ИРЕКО) веќе ги сумира резултатите од деветмесечната работа. И двегодишниот ИПА проект РЕ СЕЕ е во фаза на подготовка на завршните документи, со чести средби со партнерите од повеќе земји на ЕУ.

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Енергетски контролори После редовното следење на наставата на првата сесија од писмениот дел од испитот се пријавија 36 кандидати кои успешно го положија. Во согласност со законската обврска, во рок од 12 дена секој кандидат приготви енергетска контрола на јавен објект (една градинка, и објектот на ЗЕЛС беа предмет на анализа). Своите „домашни работи“ кандидатите ги бранеа пред тричлена испитна комисија, составена од 2 члена од предавачите и еден надворешен член (претставник на Агенцијата за енергетика). Знаеме дека испитот беше стресна состојба за сите учесници, кои подолго се отсутни од школските клупи. Но сериозноста на кандидатите и нивната посветена работа ја уверија испитната комисија дека го совладале материјалот и дека ќе можат да се докажат како енергетски контролори.

Вашето внимание сакаме да го насочиме кон следниве теми: Усвојување на вториот АПЕЕ во завршна фаза Уверение за положен испит на енергетските контролори Активности во меѓународните проекти Квиз на крајот од училишниот проект Зелени енергетски клубови МАЦЕФ Анализа Тоа не значи дека другите информации нема да го побудат вашиот тинтерес! Иако учествуваме во повеќе истражувачки проекти, веќе учествуваме во подготовката на Пријава за проектот ХОРИЗОН 2020. Нашите очекувања се многу оптимистички, не заради одличните партнери, туку заради сериозниот професионален пристап кон приготвувањето на Пријавата од страна на меѓународен тим, со средби во Виена, Рига и т.н. Ве информираме дека во рамките на ЕУ манифестацијата Одржлива енергија, МАЦЕФ и фондацијата Конрад Аденауер организираат Конференција „Енергетски политики – потреби (Гасификација, Правна рамка)“ на 24.06.2014 (вторник) во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, со почеток во 11:00 часот. Довидување до вторник на оваа конференција

Проф. д-р Константин Димитров

На сликата се дел од учесниците, по доделувањето на Уверенијата за положен испит. Сега треба единствено да ги поднесат пропишаните документи до Агенцијата за енергетика и да го добијат овластувањето Енергетски контролор. Втор Акциски План за Енергетска Ефикасност Во рамките на реализацијата на енергетската политика на Македонија, во 2013 година МАЦЕФ доби задача да го приготви Вториот Национален Акциски План за Енергетска Ефикасност (АПЕЕ). Оваа задача беше финансиски помогната преку УСАИД, во организација на канцеларијата на компанијата ВИНРОК (САД), како и канцеларијата на ГИЗ (ГТЗ). Вторит АПЕЕ беше приготвен во согласност со препораките на Енергетската Заедница на ЕУ, каде Македонија е член и ги исполнува рамноправно своите обврски. Приготвениот документ беше испратен за коментари до Светска банка, УСАИД/АСЕ, канцеларијата на ЕЗ и сите министерства и јавни претпријатија од секторот на енергетиката во Македонија.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 134

Страница 2

Препораките и сугестиите беа внесени во нацрт документот, кој потоа е преведен на македонски јазик и испратен на јавна дискусија до голем број учесници во Македонија – од секторот на енергетиката, академските институции, невладиниот сектор, коморите и другите здруженија. Документот доби „виза“ од страна на Министерството за животна средина, затоа што предвидените мерки се во целост во согласност со добрата пракса.

На сликата се дел од учесниците на плодната јавна расправа која се одржа во рамките на Министерството за економија. Овој документ не би можел да биде изработен квалитетно без големата поддршка од страна на вработените во Министерството за економија – сектор Енергетика. Агенцијата за енергетика, канцеларијата на ГИЗ (Германска меѓународна соработка) и се разбира вработените во канцеларијата на ВИНРОК. Проект ИРЕКо Почетен состанок во Корча, 2122.05.2014 Во периодот 21-22.05, во Корча, Република Албанија се одржа почетниот состанок на проектот во Република Албанија. На настанот, од МАЦЕФ, присуствува менаџерот на проектот и техничкиот асистент. На настанот претставниците од МАЦЕФ активно учествува со презентации за македонските проектни партнери, на Од Албанска страна на настанот присуствуваа претседателот, заменик претседателот и директорот на Советот на Регионот Корча и останати претставници од Советот на Регионот Корча, двајца градоначалници на општини од овој регион, претставници од неколку организации од Невладиниот сектор, а меѓу присутните беа и тројца претставници од Заедничкиот технички секретеријат од Елбасан. Едмонд Хидо, претседател на организацијата Албанија – ЕУ Центар за енергетска ефикасност (ЕЕЦ), на присутните им ги претстави општата цел на проектот, проектните активности и очекуваните резултати. Настанот заврши со интерен состанок помеѓу проектните партнери, на кој беше дискутирано за начинот на реализација на почетните активности кои албанскиот партнер треба да ги реализира во следните 3 месеци во регионот Корча Проект REACH Почетни активности Соодветно на планираните проектни активности, минатиот месец од страна на МАЦЕФ беше подготвен нацрт документот за студијата за проценка на енергетската сиромаштија, кој како урнек ќе биде користен за подготовка на истоимената студија за земјите вклучени во REACH проектот – Македонија, Словенија, Хрватска и Бугарија. При подготовката на нацрт рамката на овој обемен документ беше користена голема лепеза на документи која вклучуваше достапни извори на податоци од Заводот за статистика на Република Македонија, податоци од НВО секторот блиску поврзан со оваа проблематика, достапни податоци од социјалните служби во нашата држава и веќе докажани искуства. Целта на подготовката на оваа студија претставува

чекор напред во осознавање на една проблематика која е сеприсутна на општествено ниво, но никогаш не е докрај дефинирана и согледана, па дури и јавно дебатирана. Како дел од нејзината подготовка ќе бидат користени и информациите и заклучоците од неколку јавни трибини кои веќе се имаат одржано кај нас, но, и на оние кои допрва се планирани да се одржат. Финалната фаза на изработката на студијата, односно нејзиното завршување е планирано да биде во месец септември кога и истата ќе и биде целосно достапна на јавноста. Во месец мај, од страна на партнерите, беше дефиниран и визуелниот приказ на самиот проект како дел од активностите на проектот за негово јавно искажување. (ЖИ) Проект РЕ-СЕЕтиес 5-та транснационална работилница за експерти во Миркуреа Чук, Романија На 28 и 29.05, во Миркуреа Чук се одржа 5-тата транснационална работилница за експерти во рамки на „РЕ-СЕЕтиес: Кон поефикасна употреба на ресурси во урбани заедници во ЈИЕ“ проектот. Овој проект опфаќа осум градови и пет професионални организации од Југоисточна Европа. Овој настан имаше за цел да се договори продолжението на проектот, како и да се изврши квалитативна контрола на нацрт стратегиите на осумте градови партнери. Нацрт стратегиите беа изработени како дел од проектот РЕ-СЕЕтиес. Конечните верзии на локалните стратегии на градовите се очекува да биде завршено до крајот на месец Јуни. Квалитативната контрола на нацрт стратегиите на градовите беше направена преку дискусии во мали групи, во кои присуствуваа по еден професионален партнер и два града. МАЦЕФ учествуваше во дисусиите со два претставника заедно со општините - Реон 18 во Будимпешта од унгарија, Миркуреа Чук од Романија, Потенца од Италија и Нитра од Словачка. Освен квалитативната контрола на стратегиите, МАЦЕФ имаше уште некопку презентации за локалната медиумска кампања „Заедно штедиме повеќе“, АСГ извештајот со препораки за локалните стратегии, како и за Физибилити студија за обновливи извори на енергија. Наредниот настан на проектот РЕ-СЕЕтиес ќе биде Завршна Конференција, во Загреб во месец Септември. (СП) Повеќе Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Летна школа и национален квиз Со националниот квизнатпревар за енергетска ефикасност кој се одржа во Хотел „Силекс“-Охрид на 11.6.2014г. се заокружи и крајот на оваа сезона на Училишниот проект на ЕВН Македонија. На квизот учествуваа претставници на зелените енергетски клубови односно секции формирани во 12 основни училишта низ Македонија. Тие го покажаа она што го научиле низ целата учебна година, а се натпреваруваа во повеќе игри. Специјално за нив игрите ги креираа младинци на летна школа од повеќе средни училишта и факултети низ цела Македонија, меѓу кои и штитеници на домот „11 Октомври“ од Скопје. Победници на детскиот квиз-натпревар се учениците од ОУ „Мите Богоевски“ од Ресен, второто место го освои ОУ „Видое

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 134

Страница 3

Подгорец“ од Струмица, а на третото место се пласираа учениците ОУ „Ѓорче Петров“ од с. Ропотово. Победниците добија богати награди, а сите учесници подароци од ЕВН Македонија. МАЦЕФ како партнер во овој проект и оваа година беше задолжен за креирање и успешно реализирање на игрите на квизот и модерирање на настанот. Останати партнери во проектот се: Здружение Конект, Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица. Може да се заклучи дека и оваа година проектот имаше успешен крај прорпратен со забава и едукација. (ЗТ) Предлог проект за програмата „ХОРИЗОН 2020“ МАЦЕФ, како дел од конзорциум, во месец мај учествуваше во подготовка на пријава за предлог проектот „Олеснување на управувањето со енергетска ефикасност на повеќе нивоа – multEE“, наменет за програмата „ХОРИЗОН 2020“. Со цел формирање на проектниот тим, на 9.05, во просториите на Австриската агенција за енергетика, се одржа состанок на партнерите, претставници на 10 институции од 9 земји, под водство на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ. На состанокот беа дефинирани целите на проектот, кои до крајот на месец мај беа разработени во комплетна пријава, која беше успешно поднесена до европската комисија. Се надеваме дека идејата ќе биде прифатена и наградена (ИП). Стручна презентација – ЈУБ Академија На 22.05.2014г., во бизнис салата на скопски саем се одржа стручна презентација на тема енергетска ефикасност, организирана од ЈУБ академијата во Скопје. Фокусот на презентацијата беше топлинската изолација на надворешни ѕидови, како дел од мерките за енергетска ефикасност. Претставник од МАЦЕФ, имаше изложување на тема „Енергетска ефикасност, значењето на спроведувањето мерки во целокупниот развој на државата“. Презентацијата предизвика голем интерес кај присутните, особено во делот на законските одредби и обврски, при што беше развиена опширна дебата (ИП). Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај.

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење „Службен весник на РМ“бр. 73/2014 од 08.05.2014

Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија „Службен весник на РМ“ бр. бр. 82/2014 од 23.05.2014

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Energy Globe Award 2014 за основното училиште Партенија Зографски Енергетската обнова на основното училиште „Партенија Зографски“ ги исполни критериумите на Фондацијата „Енерџи Глоуб“ и ја понесе наградата Најдобар еколошки проект од Македонија за 2014 година. На советникот за енергетска ефикасност од општина Кисела Вода, Славко Митовски, наградата му ја врачи трговското аташе на Република Австрија во Република Македонија, Герхард Шлатл. Свесни за својата општествена одговор-ност, во општина Кисела Вода спроведуваме еколошки концепт кој нуди заштеда на ограничените природни ресурси. Нашата цел е да создадеме стандарди кои во прв момент ќе можат да ги следат сите општини, а потоа и пошироко. Токму затоа сме многу задоволни што токму објект од нашата општина и вработен во нашата општина, Славко Митовски, е избран за годинешната награда на фондацијата Енерџи глоуб за Македонија – истакна Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода. (СП) Повеќе

Новости од светот Велика Британија и Франција за пет години ќе останат без нафта, гас и јаглен Извештајот на Институтот за глобална одржливост покажува дека недостатокот на овие енергенси ќе ја зголеми зависноста од Норвешка, Катар и Русија. Цела Европа би требало да се сврти кон обновливите извори на енергија како што се ветерот, плимата и сонцето, смета Виктор Андерсон од Институтот. Иако британската влада смета дека целосната енергетска независност е непотребна, според ова истражување Велика Британија има резерви од нафта за уште пет и пол години, јаглен за четири и пол години, додека без гас ќе остане за три години. Слична е ситуацијата и во Франција, чии резерви на фосилни горива ќе бидат исцрпени за само една година. Од друга страна, Русија, според важечките проценки, има нафта за повеќе од 50 години, гас за повеќе од 100 години и јаглен за дури 500 години. (МК) Повеќе

Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 134

Страница 4

МАЦЕФ Анализа Развојот на технологијата ја прави ветерната енергија поконкурентна Подобрувањата на опремата која се користи за производство на енергија од ветер се актуелни веќе некое време. Постојат добри причини за тоа. Излезната моќност се зголеми, столбовите се повисоки, перките се подолги. Дијаметрите на рототорот истотака се зголемија. Менувачите, генераторите и лежиштата имаат поголема доверливост. Вградените сензори се поефикасни во мерењето и снимањето на податоци. Овие и други подобрувања во опремата ја зголемија способноста за прифаќање на енергија на турбините и ја направија нивната работа поефикасна. Тоа пак, за возврат, дава поттик за развивање на повеќе ветерни фарми и го прави нивното финансирање поатрактивно за банките и другите кредитни институции. Технолошките достигнувања влијаат и врз индустријата. Тие исто така го прават развојот и работењето на ветерните фарми поефикасно, и на тој начин профитабилно. Иако технологијата одамна ги надмина хартиените записи, некои организации се уште се потпираат врз хартија и чуваат документи во тврда форма за евиденција на нови задачи поврзани со развојот и работењето на фармите со ветерници. Тоа е неефикасно користење на персонал, ресурси и канцелариски простор. Заклучувајќи го ова , многу организации се свртеа кон софтверски табеларни уредувачи за работа со информациите за компанијата и проектот. Сепак, табеларните пресметки бараат му земаат премногу време на персоналот, кој рачно ги внесува и ажурира информациите. За да ги избегнат овие потешкотии, организациите сега имаат можност за надградба на нивната технологија со бази на податоци. Зголемен бројот на ветерни компании се свртуваат кон централизирана база на податоци и веб-базирани софтверски решенија за чување, добивање и надградба на организациски и проектни информации. Ваквите системи се побрзи и поефикасни. Тие можат да помогнат во напредокот на ветерните проекти низ секоја фаза од развојот и работењето. Некои веббазирани системи во просек заштедуваат до 35 проценти од трошоците преку зголемување на организациската ефикасност и ефикасноста на проектот. Добар прв чекор кон надградба на технологија е миграција на податоци. Размислете за количината на организациски и проектни информации кои една компанија ги собира со тек на време. Јасно, информациите се едни од највредните средства на една организација. Сепак, премногу организации ги чуваат своите информации во форми кои зафаќаат голем дел од канцеларискиот простор, добивањето информации од нив одзема многу време и се неефикасни за ажурирање и користење. Виталните податоци се подложни на оштетување, тешко пронаоѓање или губење. Миграцијата на податоци ја елиминира потребата од складирање на информациите во застарени формати. Водење на евиденција е стандардизирано со конзистентен формат. Откако податоците ќе се преместат во централен регистар и софтверскиот систем ќе се надгради, ефикасноста при развивањето и работењето на фармите со ветерници се зголемува драстично. Шаблоните на ветер, топографијата, постојната инфраструктура, владините регулативи, густината на населението, користењето на земјиштето, близината до трафостаниците, трошоците за подготовка на локацијата се само некои од огромниот број на прашања кои влијаат врз одредувањето на соодветна локација за фарма на ветерници. Веб-базираниот софтверски систем на ветерната организација кој поседува можност за работа со географски информациски системи (ГИС), обезбедува ефективни технолошки алатки кои помагат во определувањето на одговорите на претходно наведените прашања. Ваквите системи овозможуваат поврат на значителен дел од инвестициите неопходни за фарма на ветерници. Секоја од претходно наведениве постапки работи на принципот проба-и-грешка, одзема многу време и е неефикасна. Веројатноста да се добијат најдобрите локации за поставување на ветерни турбини со ваква постапка е многу мала. Определувањето на најдобрите локации за една или повеќе метеоролошки кули и конечно, индивидуални турбини на ветер е од суштинско значење за

максимизирање на повратот на инвестицијата. Повторно, технолошкиот напредок обезбеди решение за насочување на процесот за избор на локација и донесување на најдобрите можни одлуки за локација. (МК) Повеќе

Занимливости Студент осмислил начин за чистење на 20 милијарди тони пластичен отпад од морињата во светот Студент од холандскиот технолошки универзитет Делфт, осмислил начин за чистење на 20 милијарди тони пластичен отпад од морињата во светот. Имено флота од пловечки платформи, кои би биле енергетски автономни, т.е. би работеле со помош на енергијата од сонцето и водата, би го собирала пластичниот отпад од површината на морињата. Овој начин освен што е еколошки, е и профитабилен затоа што собраниот отпад би можел да се продаде за релативно добра цена. За чистење на овој отпад секако се потребни милиони долари на годишно ниво, а според информациите на веб-страницата на младиот студент, неговиот систем ќе донесе и до 500 милиони долари во приходи, многу повеќе отколку што би чинела неговата изработка. (МК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации EU Sustainable Energy Week МАЦЕФ и Фондација Конрад Аденауер

КОНФЕРЕНЦИЈА Енергетскa политикa - потреби (Гасификација, Правна рамка) 24-ти јуни (вторник), во 11:00ч. ЕУ Инфо Центар, Скопје Меѓународна конференција за енергија и истражување на животната средина 18-19 јули 2014г., Мадрид, Шпанија Конференцијата претставува настан кој се фокусира на состојбата на врвните технологии кои се однесуваат на истражувањата поврзани со енергијата и животната средина. Апликациите во истражувањата на енергијата и животната средина во области како астрономија, биологија, едукација, геонауки, безбедност и здравствена грижа се темите кои се релевантни за конференцијата. (БК) Повеќе... Конференција за медицината, науката и технологијата – Дубровник 2014 4 до 5 август 2014, Дубровник, Хрватска Главната цел на конференцијата е да се добие јасна слика за најновите трендови и теми во академското истражување во рамките на пошироката област. Проширување на знаењето поврзано со постоечките трендови кои водат кон нов развој, продукти, техники, методологии и идеи со потенцијал за подобрување на пошироката самоодржливост. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

134 infomacef