Page 1

Број 133

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Април 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

Активности на МАЦЕФ

Енергетски контролори - Обука Обуката на енергетските контролори е во завршна фаза. Ние ја поставивме како апсолутен приоритет во однос на предавањата, вежбите и пред се комуникацијата со кандидатите.

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Април сите нé опфати со предизборните активности на предвремените парламентарни избори. Но тоа не влијаеше на нашите активности (можеби малку – кога ги приготвувавме нашите прогнози за изборните резултати). Обуката за енергетски контролори е завршена. Кандидатите се приготвуваат за завршните испити (тест и практична работа). Очекуваме да се најават заинтересирани кандидати и од внатрешноста на Македонија - ќе организираме настава во петок и сабота, за да можат редовно да ги посетуваат предавањата. Активностите со реализацијата на проектите од програмата Интелигентна енергија Европа го забрзуваат своето темпо, по одржувањето на почетните состаноци (Kick-off meeting). Се зголемува и динамиката на реализација на проектот од прекуграничната соработка со Албанија, како и изработката на студијата за потребите на Хрватското електростопанство. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон неколку теми, иако се надеваме, сите содржини ќе го побудат вашиот интерес. Заврши наставата за енергетски контролори Косово – Академија за ЕЕ и ОИЕ IRECo, REACH, RE-SEEties Продолжуваат редовните активности поврзани со нашите технички обврски (надзор при реализација на хотелите Мериотт и ИБИС). Ги информираме сите членови кои не ја подмириле годишната членарина (законска обврска) дека е потребно да ја платат

годишната членарина во износ од 120 денари на сметката број 300000001623525. Ова се однесува и за новопријавените

62 кандидати - машински, електро, градежни и архитектонски инженери се сериозни учесници кои активно учествуваа во обуката. Приготвен е Прирачник (440 страници) во кој се внесени проширени предавања, усогласени со наставниот програм предложен од Агенцијата за енергетика. Ритамот на наставата беше напорен – 16 часа неделно, 4 дена во неделата во попладневните часови.

Практичните сознанија беа презентирани од претставникот на ФИЛИПС за светилките и на ЈУБ за фасадите. Испитот ќе се одржи во месец мај. Очекуваме да се пријават заинтересирани кандидати за вториот циклус на обука за Енергетски контролори АКАДЕМИЈА за енергетска ефикасност - Косово Во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, банката KfW, Асоцијата на општините на Косово, во соработка со Асоцијацијата за обновливи извори и енергетска ефикасност на Косово, продолжува со активна обука на учесниците во оваа дејност.

членови на МАЦЕФ. Редовно се обраќаме до Вас, почитувани читатели, да не информирате за Вашите успеси. Сакаме тоа да го споделиме со поголем број луѓе – за нас добрата вест е вест (за разлика од новинарството). Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Тридневната обука со наслов „Development of Energy Efficiency and Renewable Energy Sources on the local level in Kosovo“. Во наставата, на покана на организаторот, учествуваше и проф. д-р К. Димитров со тема „Енергетска политика“. Проект ИРЕКо Во рамките на месец април тимот задолжен за проектот ИРЕКо ги финализираше подготовките за реализација на обуките наменети за општинската администрација. Освен што се изработени потребните материјали, дефинирани се двете општини Дебар и Македонски Брод каде што ќе бидат реализирани обуките. Реализацијата на обуките беше одложена за месец мај. Предавачи на обуката ќе бидат тројца реномирани

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 133

Страница 2

професори од техничките факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, и тоа Проф. д-р Тодорка Самарџиоска, Проф. д-р Славе Арменски и Проф. д-р Арсен Арсенов - Факултет за електротехника и информациски технологии Скопје. Целта на овие обуки е да се прикажат во скратена форма обврските кои ги имаат општините во секторот на енергетска ефикасност (ЕЕ), како и патиштата за реализација на оптимални мерки со кои ќе се намали потрошувачката на енергија, ќе се остварат финансиски заштеди, ќе се отворат можности за нови работни места, ќе се зголеми конкурентноста на производите и ќе се намали загадувањето на животната средина. Во подготовките за реализација на обуките, тимот на МАЦЕФ е во постојана комуникација со тимот од локалниот проектен партнер Центарот за развој на Југозападниот Плански Регион. На 14.04.2014г., тимот на МАЦЕФ одржа видеоконференциски состанок со проектниот партнер од Република Албанија. Целта на состанокот беше да се направи увид во веќе реализираните проектни активности и проектните актвности кои следат, како и меѓусебна координација за надминување на пречките при реализација на проектните активности. Воедно, на состанокот беше договорено на 21 мај да се одржи состанок во Регионот Корча. (ДТ) Проект REACH - Почетен состанок на партнерите На 23-ти минатиот месец, во седиштето на НВО „ФОКУС“ од Словенија, се одржа почетниот состанок на партнерите од проектот REACH (анг. Reduce Energy Use and Change Habits, мак. Намалување на потрошувачката на енергија со менување на навиките) кој е кофинансиран од Програмата „Интелентна Енергија Европа“. На почетниот состанок, кој беше организиран од проектниот лидер, Здружението за одржлив развој - ФОКУС од Љубљана, Словенија, присуствуваа претставници на трите партнерски организации: Друштво за обликување на одржлив развој - ДООР (Хрватска), Енергетската агенција од Пловдив – ЕАП (Бугарија) и Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ (Македонија). Сите партнери присуствуваа со двајца свои претставници, така што од МАЦЕФ на овој состанок зедоа учество Жарко Илиевски и Бојан Калиманов. Состанокот беше првиот дел од тридневната програма во која се одржа Конференција за проблематиката на енергетска сиромаштија во Европа како и обука за енергетски мониторинг на домаќинства за претставниците на организации од повеќе балкански земји кои се занимаваат со оваа проблематика. На почетниот состанок беа разгледани сите работни пакети на проектот, при што, целосно беа апсолвирани нејаснотиите кои се појавија околу одредени проектни активности. Согласно временската рамка за активностите на проектот, беше заклучено дека во наредните шест месеци големо внимание ќе биде посветено на дефинирањето на енергетската сиромаштија во земјите учеснички во проектот, како и нивото на нејзина застапеност на општествено ниво. Како резултат на овие активности планирано е да се изготви соодветен документ кој дополнително ќе ја разјасни оваа проблематика. Проектот ќе трае во наредните 3 години, се до март 2017 за кога е планирано и завршувањето на планираните активности. Во проектот, како соработници е планирано да бидат вклучени организации од сферата на образование, социјална работа, како и организации кои се занимаваат со енергетски дејности. (ЖИ)

Конференција: Енергетска состојба и решенија

сиромаштија

во

Европа-

На конференцијата, која беше дел од тридневниот настан на проектот REACH, во Љубљана, беа присутни говорници и учесници кои ги разменија своите информации, знаења и искуства во областа на енергетската сиромаштија во ЕУ, особено во новитe земји-членки. Конференцијата се осврна и на дефиницијата на енергетската сиромаштија, структурните пристапи и практични мерки за решавање на енергетската сиромаштија и увид во моменталната состојба и решенија во областа на енергетската сиромаштија. Помеѓу 50 и 125 милиони луѓе во ЕУ (околу 10-25%) се соочуваат со енергетска сиромаштија. Ситуацијата е уште полоша во земјите од источна Европа: 30% или повеќе од домаќинствата се соочуваат со енергетска сиромаштија. ЕУ развива решенија за проблемот, но уште не се достапни одредени клучни елементи, како што се дефинирање на енергетската сиромаштија, редовно следење на широчината и длабочината на проблемот и јасна политика во однос на акција против енергетската сиромаштија. (БК) Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Во рамки на Училишниот проект на 25-ти Април во просториите на ЕВН Македонија, се одржа Работилница за наставници. Работилницата беше наменета за наставниците кои се одговорни за енергетските клубови во училиштата кои се опфатени оваа година. Работилница од ваков тип е новитет оваа сезона и е од особена важност за вклученоста на одговорните наставници кои претставуваат вистински партнери на едукаторите во спроведувањето на 15-те работилници што се одржуваат во рамки на секцијата. Наставниците имаа можност на оваа работилница подробно да се запознаат со проектните активности, нивната улога во нив, како и можностите за идна примена на едукативната програма. Секоја од организациите вклучени во проектот имаа своја презентација, од МАЦЕФ излагање на тема „Енергетска ефикасност преку едукација“. До крајот на учебната година зелените енергетски клубови ќе организираат отворени денови, ќе обмислат и ќе спроведат кампања за разумно користење на електрична енергија. По пет ученици од секој енергетски клуб ќе го претставуваат училиштето на национален квиз што ќе се организира на крајот од учебната 2013/2014 имајќи можност да го покажат своето знаење и да освојат награди. ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ, ОБЈАВЕН Е КОНКУРС ЗА ЛИТЕРАТУРНИ И ЛИКОВНИ ДЕЛА ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА СО ТЕМА „ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: ЗНАЧЕЊЕ, ШТЕДЕЊЕ И ЗАШТИТА“. (ЗТ) Заедничка трибина на проектите РЕ-СЕЕтиес и ЕЛЕКТРА за Електромобилноста во Скопје Во салата на советот на Град Скопје, на 10.4.2014 се одржа трибина на тема „Електромобилност во Скопје“. На трибината говореа Мирјана Апостолова од Секторот за меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации на Град Скопје, којашто го претстави проектот Ele.C.Tra – Електричен градски транспорт, Ненад Тониќ од Сектор за сообраќај на Град Скопје за анализата на транспортни модели и електромобилноста во Скопје, за можностите за Воведување на електричен транспорт во Скопје зборуваше Борче Јакимовски, директор на ЈП „Градски паркинг“, за Електромобилноста во ЕУ и Македонија зборуваше Кирил Минанов, од НВО „Електромобилност“, а се говореше и за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 133

Страница 3

влијание на ваквиот транспорт врз квалитетот на животната средина во Скопје. Учесниците на настанот го изнесоа своето размислување во насока на: одржлив транспортен систем во град Скопје, промена на возниот парк, улогата на транспортот и влијанието врз животната средина, подигнување на свеста и промената на навиките на корисниците. На состанокот придонесоа претставници од јавни претпријатија, општини, приватни компании и од невладиниот сектор, со цел темелен и детален пристап на проблематиката, но и да се поттикне размислување во насока на промена на начините на потрошувачка и промени во побарувачката со иновативни решенија, алатки во однос на енергетско ефикасно искористување на ресурсите во урбаните заедници. (ЗТ) Стручна презентација-предавање од компанијата HERZ Armaturen, Feniks BB, PWE Pricon water energy На 4-ти април во просториите на Конгресниот центар на Скопски Саем компанијата HERZ Armaturen ја претстави својата производна палета на производи и услуги во областа на системите за греење. Следеше обраќање на г-динот Иван Здравковиќ, од секторот за техничка поддршка во компанијата, со презентација за производната програма на Herz Armaturen, обновливи извори на енергија. Бојан Калиманов како претставник на МАЦЕФ зема активно учество на настанот. Во почетното обраќање беше наведено дека ќе се организираат нови стручни презентации кои ќе произлезат од барањата од областа на техниката од претставници на компании кои се бават со дејноста на проектирање на системите за греење, ладење и кондициониорање на објекти. Во презентацијата беше претставена програмата на котли на пелети, сечки и дрва до 1,5 MW, топлински пумпи до 20 kW (систем вода/вода, воздух/вода и земја/вода), акумулатори на топлина до 5k litri, како и бојлери за санитарна топла вода до 1k litri, комплетна опрема за подно и ѕидно греење, радијаторска и регулациона арматура. (БК) Промоција на производна програма на Alfa Laval На покана на колегата Венко Стоилоски од компанијата КРАС, член на МАЦЕФ, присуствуваше на презентација на програмата за топлински изменувачи за HVAC апликации од производната програма на реномираната компанија Alfa Laval. Презентацијата на Alfa Laval програмата се одржа во хотел Гранд Плаза на 3 април, пришто беа презентирани повеќе производи од широката палета на овој реномиран производител. Беа прикажани можностите и карактеристиките на Alfa Laval PHE изменувачите, BHE лимените изменувачи, но и други изменувачи како AlfaNova, Compablock, Spiral, Welded, топлински изменувачи за потстаници. (ЖИ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Правила за изменување и дополнување на Правилата за пазар на електрична енергија „Службен весник на РМ“, бр. 57/2014 од 31.03.2014

Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање дозвола, како и формата и содржината на дозволата за вршење на дејност оператор на инсталација за горење или согорување на отпад „Службен весник на РМ“, бр. бр. 68/2014 од 29.04.2014

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Привршува ревитализацијата на хидроенергескиот систем Во ХЕЦ Вруток се изведуваат завршните монтажни работи на агрегатотот кој е последен во проектот за ревитализација на оваа хидро централа. Овие работи се во рамките на проектот за ревитализација на седум хидроцентрали на ЕЛЕМ со кредит на КфВ банката од Германија и учество на ЕЛЕМ, се со цел зголемување на моќноста на електраните, зголемено производство на електрична енергија како и смалување на загубите на вода во системите. Проектот треба да заврши кон средината на оваа година. Повеќе... (СП) Студија за оцена на влијание врз животната средина Проект на МЕПСО Инвеститорот АД МЕПСО, Скопје ja достави на увид Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот: „Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2 македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид” до Министерството за животна средина и просторно планирање и општините: Новаци, Битола, Ресен, Дебарца, Охрид и Струга. По тој повод во периодот од 7-ми до 23-ти април на покана на МЕПСО се одржаа 6 јавни расправи во споменатите општини. Студијата е достапна за пошироката јавност на следната интернет страна Повеќе... (ДТ)

Новости од светот Јапонија повторно вложува во атомската енергија И покрај атомската катастрофа во Фукушима и големите задршки меѓу населението Јапонија и во иднина ќе вложува во атомската енергија. Со ова владата ја ревидира одлуката за откажување од овој вид енергија. Откажувањето од атомската енергија, кое го најави претходната влада во Јапонија, сега е дефинитивно одбиено од десноконзервативната влада на премиерот Шинзо Абе. Новиот долгорочен енергетски план усвоен денеска (11.04.) ја дефинира атомската енергија како важен извор за покривање на енергетските потреби на земјата. Претходно надзорните власти ќе треба да ја утврдат сигурноста на секој поединечен реактор, соопшти владата. Новиот енергетски план, кој го усвои кабинетот, предвидува уделот на атомската енергија да се намали колку што е можно повеќе, со развој на обновливите енергетски извори. Повеќе... (МК) Реализацијата на Јужен тек не е под закана Александар Медведев, директор на Гаспром експорт, фирмаќерка на енергетскиот гигант Гаспром, одговорна за транспорт на гас, во две интервјуа за италијански и германски весник,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 133

Страница 4

највува дека плановите за изградба на гасоводот Јужен тек остануваат непроменети и покрај заладените односи на Русија и ЕУ. Медведев, во интервјуата изјавува, дека Гаспром е способен да го изгради и да го пушти во употреба гасоводот во утвредниот рок, со цел да обезбеди на Европа безбедни и стабилни испораки на гас. Тој истакнува, дека Јужен тек воопшто не е под закана, а на европскиот регион му се потребни дополнителни и алтернативни маршрути за достава на гас, така да тој мора да биде поддржан, а не блокиран. Имајќи во предвид дека Македонија го потпиша договорот со Гаспром, а и според интервјуто на г. Медведев, може да се заклучи дека реализацијата на Јужен тек ќе се одвива според планот. Повеќе... (ЗТ) Регионален центар за координација на сигурна работа на преносните системи Преносните систем-оператори МЕПСО – Република Македонија, ЕМС – Република Србија и ЦГЕС – Република Црна Гора ќе формираат Регионален центар за координација на сигурна работа на преносните системи. Оваа активност е дел од иницијативата за координација на сигурна работа на преносните системи СЕЕ РСЦИ. На одржаната средба високите претставници на преносните системи се договорија седиштето на новиот регионален центар да биде во Белград, како и центарот да работи во рамки на Регулацискиот блок на системоператори на Македонија, Црна Гора и Србија. (ДТ)

МАЦЕФ Анализа

Инвестициите во обновлива енергија се намалуваат - и тоа е во ред Финансирањето на сончева, ветерна и другите типови на чиста енергија падна за 14% во 2013, воглавно затоа што сега е поефтино прилагодувањето на новите технологии, но тоа не значи дека преминувањето кон обновлива енергија целосно запре. На прв поглед, новите бројки во глобалната индустрија за обновливи извори на енергија во 2013 година не изгледаат добро за планетата. Инвестициите во обновлива енергија паднаа за 14% во 2013 година, до 214,4 милијарди долари според заедничкиот нов извештај на Центарот за климатологија и финансирање на одржлива енергија од Франкфурт, програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP) и Блумберг – финансирање на нова енергија. Овој пад доаѓа по една година, кога инвестирањето во обновлива енергија веќе опаѓаше - тоа сега изнесува 23% помалку од рекордните нивоа на инвестиции забележани во 2011 година. Со оглед на тоа дека неодамнешните извештаи од Меѓувладината панел-дискусија за климатски промени (IPCC) ја подвлекуваат очајната потреба да се зголеми преминувањето од фосилни горива кон извори на енергија кои имаат ниски емисии на CO2, како Сонцето или нуклеарната енергија, двогодишниот пад на инвестициите не е добра вест. Но, повнимателно проучување на бројките дава подобра димензија на целата приказна. Точно е дека инвестициите во обновлива енергија опаѓаат, но тоа според Мајкл Либрих од Блумберг - финансирање на нова енергија, воглавно се должи на брзото опаѓање на цената на сончевите фотонапонски системи. Просечната цена на инсталирање на сончев панел се намали за 60% во САД, што значи дека со помалку пари може да се купи повеќе сончева енергија. На глобално ниво, обновливите извори на енергија, не земајќи ги во предвид големите хидроцентрали, изнесуваат 43,6% од вкупните нови инсталирани енергетски капацитети додадени минатата година, исто како и во 2012 година. Што преведено во бројки, изнесува 81 гигават. Ова го подигна уделот на обновливата енергија во вкупното производство на електрична енергија од 7,8% на 8,5%. Освен тоа, повеќе компании за чиста енергија може да повлекуваат финансиски средства од јавен капитал. Индексот на компаниите со чиста технологија се зголеми за 54% на берзата во 2013 година. Најголем пад доживеа енергијата во форма на биогориво, и таа секоја година изгледа се помалку зелена. Дури и со намалување на

инвестициите, преминот кон свет напојуван со извори со ниско ниво на емисии на CO2 не запира. Најголемата промена на глобалната сцена беше во Европа, каде инвестициите опаднаа за 44% во споредба со претходната година (Инвестициите во САД се намалија за 10%). Дел од тој пад се должи на здоцнетите ефекти на економското забавување во Европа, кое во земји како што се Шпанија и Бугарија доведе до ретроактивно намалување на субвенциите за постоечките проекти за обновлива енергија, а ова намалување целосно ги поттисна инвестициите. Обновливата енергија останува високо субвенционирана во поголемиот дел од светот, што ја прави исклучително ранлива на несигурноста во политиката. „Во последните неколку години се појави огромна несигурност во политиката, дури и во срцето на Европа“, вели Либрих. „На повидок се многу прочистувања во законските регулативи“. Повеќе...(МК)

Занимливости

Батерија од варен компир Варениот компир исечен на парчиња може да произведе и до 10 пати повеќе енергија од неварениот компир. Причината за одбирање на компирот за овој експеримент е неговата голема распространетост и можноста за долгорочно складирање. За батеријата од компир потребни се две метални електроди и клеми. Клемите кои се закачени на конктактите на светилката, се споени со електродите преку жици. На тој начин се добива електрична енергија која може да служи за осветлување или за напојување на електрониката во домаќинствата. Овој изум особено би нашол широка практична примена во сиромашните делови од светот, пред се затоа што не е скап, но и затоа што компирот им е лесно достапен на сите. Колку за споредба, фенерите на газија се 6 пати поскапи од батеријата која се добива од варен компир, а трошоците кои се потребни за да се направи ваква батерија се само една десетина од трошоците потребни за производство на типична АА батерија. (МК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Дизајн и природа 2014та 9 до 11ти јули 2014, Опатија, Хрватска Конференцијата цели да привлече истражувачи од целиот свет, кои работат на студии коишто ја вклучуваат природата и нивното значење во модерната научна мисла и дизајнот. Повеќе... Прва меѓународна конференција за биомаса и биоенергија 11 до 12 јуни 2014, Белград, Србија Како прва конференција од овој вид во Република Србија, меѓународната конференција биомаса/биоенергија 2014та на RENEXPO® саемот Западен Балкан ќе биде насочен кон преставување на правната рамка, конкретни случаи на искористување на биомаса во можности за инвестирање во искористувањето на биомасата во Република Србија. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

133 infomacef