Page 1

Број 132

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Mарт 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Овој месец се карактеризира со интензивна дејност на МАЦЕФ во два основни сектора – Обука на енергетски контролори и започнување на активностите во програмата Интелигентна енергија, која полека се трансформира во програма ХОРИЗОН 2020. Ги известуваме ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КАНДИДАТИ кои имаат намера да се пријават за обука, да нѝ достават пријава за намера за присуство на обука. Во согласност со бројот на пристигнатите пријави, ќе побараме од Агенцијата за енергетика, да пристапиме кон втор круг на обука! Потенцијалните кандидати доволно е да испратат пријава за намера по електронски пат на нашата адреса: macef@macef.org.mk. Интензивно се работи на проектот за прегугранична соработка со Албанија - ИРЕКо, како и проектот од програмата СЕЕ насочен кон енергетската ефикасност на урбаните средини РЕ-СЕЕтиес. Не сме ги запоставиле и претходните обврски – завршна фаза на подготовка на две енергетски контроли за производни процеси во две стопански организации (ГГФ-финансиска подршка на проекти за енергетска ефикасност), со изработка на студии за користење на фотоволтажна постројка за производство на електрична енергија во едната, и постројка за производство на биогас во дигестор и производство на електрична енергија од него. ОБУКА НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ Почеток на проектот RePublic_ZEB Почеток на проектот REACH Почеток на проектот LED-EPC Активности од проектот IRECo Продолжуваат редовните активности при надзорот на хотел Мериот во Скопје. Превзедовме обврска за надзор при градба и на хотелот ИБИС во Скопје (термотехнички инсталации и заштита од пожар). Сакаме да го одбележиме и Бизнис форумот кој се одржа на 11ти март во Скопје, за инвестициски проекти и можности во сектори енергетика и инфраструктура во Македонија, организиран од Агенцијата за промоција на Италијански компании, како и презентацијата на Третиот национален план за климатски промени. Во Стопанската комора на Македонија беше реализирана и презентација на студијата за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас во Македонија.

Во согласност со законската обврска МАЦЕФ ги известува своите членови кои што сеуште не ја исполниле оваа обврска, дека е потребно да ја платат годишната членарина во износ од 120 денари на сметката број 300000001623525.

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијација на Консултантски организации на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Започна обуката за енергетски контролори Во согласност со Планот и Програмата за обука, во месец март се реализираше обука на која присуствуваа 61 кандидат. Предавањата се организираа во согласност со програмата дефиниран во Правилникот за енергетски контроли. Наставата се одржуваше 4 денови во неделата, во траење по 4 часа, со почеток во 17 часот, во просториите на Градежниот факултет.

Во согласност со планот за реализација на обуката, се оствари стручна посета на енергетски ефикасен објект во Струмица – објектот на ЕКСПРО, со предавање за елементите кои се битни за изградба (градежен дел) на објектот, изолацијата (КНАУФ) и пасивното користење на сончевата енергија. Во вториот дел предавањето беше насочено кон инсталациите за греење, ладење и вентилација, од страна на фирмата РЕХАУ.

Беа претставени карактеристиките на неколку софтверски програми: ENSI EAB, МСМ ЕКО1, како и програмот за упростена пресметка на енергетски карактеристики на објектите, приготвен од МАЦЕФ. Вежбите за примена на софтверската алатка се реализираа во неколку групи, во компјутерската лабораторија.

За карактеристиките на фасадата презентација имаше фирмата ЈУБ, а за карактеристиките на енергетски ефикасните светилки презентација имаше фирмата ВИНТ (претставник на ФИЛИПС).

Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

Во согласност со планот за реализација на обуката наставата ја спроведуваа проф. д-р Тодорка Самарџиоска (градежен дел,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 132

Страница 2

градежна физика, софтвер), проф. д-р Тамара Бојаџи (архитектура), проф. д-р Арсен Арсенов (електротехника), м-р Саша Максимовски (економија), а проф. д-р Константин Димитров, асс.м-р Огнен Димитров и Јасминка Капац (дел инсталации). Проект ИРЕКо Во текот на месец март тимот на МАЦЕФ активно работеше на подготовка на двете обуки кои е предвидено да се одржат во наредниот период. Првата обука е предвидено да се одржи во Дебар и на неа ќе присуствуваат следните општини: Дебар, Центар жупа, Струга и Вевчани, ќе бидат вклучени претставници од соодветните одделенија/сектори за Енергетика и Урбанизам од општините. Обуките за општинската администрација ќе бидат поделени во два дела, теориски и практичен дел. Во теорискиот дел ќе бидат опфатени следните теми: Енергетска ефикасност во објекти-во однос на обвивката на објектот и системите со кои располага објектот и можностите за поставување на системи за искористување на обновливите извори на енергија во објектите, а во практичниот дел на општинските претставници ќе им биде презентиран начинот на пополнување на една инспекциска листа за потрошувачката на енергија во еден објект. Досега за оваа активност се подготвени курикулумот наменет за обуките и 2 прирачници. (ДТ) Средба со Заедничкиот технички секретаријат од Струга На 18-ти март тимот на проектот ИРЕКо имаше состанок со претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Струга задолжен за ИПА меѓуграничната програма помеѓу Албанија и Македонија. Состанокот претставуваше контрола – увид за начинот и текот на одвивање на проектните активности. Претставниците од Заедничкиот технички секретаријат беа детално запознаени со реализираните активности, активностите кои се во тек и она што е планирано да се реализира во следниот квартал. (ДТ)

Почеток на проектот „RePublic_ZEB“

Почетен состанок во Милано, Италија Проектот РеПублик_ЗЕБ преку своите активности цели кон „Близу нула – енергетските објекти“ (nZEB). Тој преку своите активности се фокусира на економски прифатливи стратегии и политики ја помогне реконструкцијата на јавните објекти кон nZEB ниво. Партнерите на проектот доаѓаат од 11 земји, меѓу кои и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Лидер на проектот е Италијанскиот комитет за термотехника енергија и животна средина – CTI од Милано. Состанокот беше искористен за подобро да се запознаат партнерите и да се разработи план за спроведување на проектот. На почетокот на состанокот, преку видео конференција, своја презентација имаше г-ѓа Натали Кликот од Брисел, програмски раководител на Извршната агенција за мали и средни претпријатија на Европската комисија – EASME која е програмски раководител во на овој проект. Г-ѓа Кликот ги изрази своите очекувања од проектот, но исто така даде и препораки кои се многу важни за успешно спроведување.

Во наредните броеви на ИнфоМАЦЕФ ќе бидете во можност подетално да се запознаете со овој проект и неговите активности во Македонија и регионот. (СП) Почеток на проектот „REACH“ На 1-ви Март официјално започнаа активностите на проектот „Намалување на употребата на енергијата и промена на навиките“ (анг. Reduce Energy use And Change Habits - REACH), во кој покрај Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ учествуваат и НВО Фокус (Република Словенија), Енергетската агенција од Пловдив (Република Бугарија) и НВО Друштво за одржлив развој (Република Хрватска). Проектните активности се планирани да покријат период од 3 години, заклучно со Март 2017 кога овој проект ќе ги презентира постигнатите резултати. Овој проект, финансиран преку програмата Интелегентна Енергија Европа (IEE), со своите активности примарно ќе се фокусира на проблематиката со енергетската сиромаштија во земјите кои имаат свои претставници во проектот, при што ќе се посвети посебно внимание на правилното дефинирање на оваа реалност, нејзино претставување на општата и експертската јавност како и вклучувањето во општествените програми со крајна цел нејзино намалување. Поради тоа, проектот е поставен во 8 работни целини преку кои истиот ќе ги опфати сите гореспоменати активности. (ЖИ) Почеток на проектот „LED-EPC“ Досега, во повеќето европски региони, договори за гарантирање на енергетски карактеристики (ДГЕК) не биле во можност значително да се развијат. Освен заради некои законски пречки, ова се должи на недостаток на разбирање и доверба во ДГЕК, отсуството на искусни ЕСКО компании, без кои не може да се развие пазарот на ДГЕК. Уличното осветлување е добра основа за „учење и тестирање“ за ДГЕК, пред се заради техничка и економска поедноставеност (во споредба со вистински развој на проект за ДГЕК). Неодамнешното воведување на пазарот на LED технологијата за улично осветлување нуди високи заштеди со релативно краток поврат на инвестицијата. Ова создава единствена можност да се обединат три различни цели во исто време: • да се воспостави ДГЕК пазар што ке предизвика развој на пазар за вакви проекти • да се поддржи пазарот на воведување технологии за ефикасно осветлување и • Да се поддржат општините во намерата за „елиминација“ на неефикасните светилки за улично осветлување, проекти кои вообичаено тешко може да се финансираат (според Регулативата на ЕК 245/2009, речиси 80 % од сите светилки кои во моментов се користат за улично осветлување ќе бидат отстранети до 2017). Проектот ќе создаде побарувачка и понуда за ДГЕК проекти во 9 региони, со обезбедување на некои олеснителни околности и услуги. Овие услуги ќе обезбедат сеопфатна поддршка и на општините (кои се оператори на улично осветлување), со фокус на помалите општини, и на малите и средни претпријатија како потенцијални ЕСКО компании. Како основна дејност, партнерите на проектот ќе имплементираат 36 ДГЕК проекти за улично осветлување во текот на времетраењето на проектот. Ова ќе овозможи зголемено знаење и доверба во ЛЕД технологијата и други релевантни енергетски ефикасни светилки за улично осветлување, како и во самиот ДГЕК модел. Проектниот тим вклучува 9 регионални агенции/организации кои ќе обезбедат поддршка на ДГЕК и 9 општини кои се обврзани за спроведување ДГЕК проекти. Дополнителни, 19 (потенцијални) ЕСКО дадоа писма за поддршка. Деветте региони кои покриваат повеќе од 4000 општини - ќе овозможат создавање на критична маса за развој на дополнителни помали и поголеми проекти. (ЈДК)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 132

Страница 3

Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Во тек е новата фаза на Училишниот проект финансиран од ЕВН Македонија, а реализиран од 5 здруженија од земјава (МАЦЕФ, КОНЕКТ, МСО Охрид, ПЛАНЕТУМСтрумица и Жетва на знаење – Прилеп. МАЦЕФ е во тек на реализација на работилници во три подрачни училишта на ОУ„Дитурија“ од Сарај и тоа во: с. Грчец, с. Љубин и с. Крушопек. Работилниците се изведуваат на македонски и албански јазик, секој четврток и петок до крајот на полугодието. (ЗТ) GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Придобивките од овие кредити се следни:  Намалување на ризикот на инвестицијата преку проверка на валидноста на проектот (енергетска ревизија).  Намалување на потрошувачката на енергија резултирајќи во намалени трошоци за енергија и зголемена профитабилност.  Модернизација на технологијата и опремата резултирајќи во поголем капацитет за производство и подобрен квалитет на производот.  Подобрена вредност и имиџ на компанијата поради придонесите кон намалувањето на емисиите на CO2 и кон Стратегијата на Македонија за Енергетски Развој до 2030 година.  Достапна техничка поддршка за енергетска ревизија и дизајнирањето на концептот врз основа на големината и сложеноста на проектите. Единствената најдобра понуда на експертска помош ја добивате само од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 5,5%, со рок на отплата до 5годни, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се во МАЦЕФ на z.tarevska@momee.org.mk или на 3090 178. (ЗТ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА)

„Службен весник на РМ“бр. 43/2014 од 04.03.2014г.

Тарифен систем за пренос и за пазар на електрична енергија

„Службен весник на РМ“ бр. 44/2014 од 05.03.2014

Тарифен систем за дистрибуција на електрична енергија за потрошувачите приклучени на дистрибутивниот систем на ЕВН Македонија АД Скопје

„Службен весник на РМ“ бр. 44/2014 од 05.03.2014

Одлука за давање согласност нa Извештајот за работа на Агенцијата за енергетика нa Република Македонија за 2013година

„Службен весник на РМ“ бр. 52/2014 од 18.03.2014

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Туристички електромобили во Скопје Покрај пајтонот и панорамските автобуси сега туристите, но и граѓаните, ќе можат да ги разгледуваат спомениците и зградите од проектот „Скопје 2014" возејќи се електромобили. Во електромобилите ќе има можност да се возат четворица. Тие работат на електрична енергија, односно во нив се вградени акумулатори кои се полнат со електрична енергија. Од ЈП „Градски паркинг" се уште не знаат колкава ќе биде цената за изнајмување. Сега за сега познато е дека ќе можат да се изнајмуваат секој ден од 10 до 23 часот. Инаку, електромобилите ќе имаат возач кој освен што ќе ги вози патниците, ќе работи и како туристички водич. (ЗТ) Повеќе... Бизнис план - натпревар во рамки на Платформата за енергетска ефикасност на Министерство за економија и ЕВН Македонија Во тек е пријавувањето за учество на бизнис план натпреварот во рамки на платформата за енергетска ефикасност. Се работи за активност која има за цел да овозможи спој на образованието со практиката и да ја поттикне соработка на студентите од техничките и економските факултети. Студентите ќе се натпреваруваат со креирање на бизнис планови со интегрирани елементи на енергетска ефикасност. Идејата е да се подигне свеста за значењето на енергетската ефикасност во секојдневнто работење и да се создаде навика овој сегмент да се интегрира во стратешкото планирање. Пријавувањето ќе трае од 24.03.2014 до 10.04.2014 година. Право на учество имаат сите студенти од било која студиска година од техничките и економски факултети низ Македонија. Ќе бидат наградени со парични награди од 30000, 18000 и 9000 денари, соодветно. (СП) Повеќе

Новости од светот Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Уделот на рускиот гас во ЕУ се зголемил во 2013 Уделот на рускиот гас во вкупната потрошувачка на 28-те држави на Европската унија скокна минатата година за 4%, на 27 отсто, што русија ја прави водечки странски добавувач на гас, покажуваат европските податоци.Според пресметките на агенцијата AFP, рускиот удел во увозот на гас се зголемил од 30% на околу 40%, иако во последните години бележеше

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 132

Страница 4

надолен тренд. Наспроти зачестените барања за намалување на зависноста на Европа од руски гас, во последно време и поради кризата во Украина, аналитичарите предупредуваат дека тешко ќе успее ЕУ во краток рок да го намали увозот од Русија. На второ место се наоѓа Норвешка, чиј удел во 2013 година е зголемен за 1%, на 23%. Од друга страна, уделот на алжирски гас во потрошувачката на Европа бележи намалување за 1%, на 8,0%, а падна и уделот на Катар, за 2%, на 4,0%. (МК) Повеќе...

МАЦЕФ Анализа

Дали биомасата е на праг на експанзија? Традиционалната биомаса задоволува околу 9 проценти од вкупните светски енергетски потреби. Нејзиниот удел е поголем од уделот на сите современи обновливи извори на енергија заедно. Сепак, современите обновливи извори а со нив и современата биомаса брзо го зголемуваат своето учество. Уделот на горивата од традиционална биомаса остана прилично непроменет во текот на последните две децении, додека уделот на современите обновливи извори на енергија се зголеми. Обновливата енергија е најбрзо растечки извор за производство на електрична енергија, според истражувањата на Меѓународната Агенција за Енергетика, кои предвидуваат просечен раст од 2,8 проценти на годишно ниво во периодот од 2010-2040. Меѓутоа, додека употребата на традиционалната биомаса останува непроменлива, значително се зголемува побарувачката на биоенергија во современите апликации. Причината за зголемување на побарувачката за биоенергија потекнува од високите цени на нафтата, климатските промени, како и политиката за користење на обновливи извори на енергија. Затоа што биоенергијата се добива од широк спектар на ресурси почнувајќи од дрво и пелети па се до енергетски насади и отпадни текови, таа нуди различни и често лесно достапни извори на енергија. Биоенергијата, исто така претставува можност за рурален развој, особено за земјоделскиот сектор, помагајќи да се исполнат клучните општествени развојни цели. Присуството на биоенергија дава знаци за оформување на значаен нов пазар за земјоделските производители.Како и со секој млад пазар, постојат неизбежни проблеми кои треба да се надминат за да биоенергија вистински напредува. На пример, одгледувањето на земјоделски култури, како пченка со цел да се користи за биоенергија предизвика несогласувања од типот храна наспроти гориво како и дебати за одржливоста и количината на стакленички гасови кои потекнуваат од некои енергетски насади како што се плантажите за палмино масло. Покрај прашањата за одржливост, се јавува и потреба за понатамошен развој на флексибилен меѓународните трговски пазар за биомаса и сродни производи, како што се пелетите, за да се усогласат понудата и побарувачката во различни глобални пазари. Заедно со хидроенергијата и геотермалната енергија, електрична енергијата и топлината од биомаса е сепак, меѓу најзрелите обновливи енергетски технологии, со големи потенцијални пазари за втората генерација на биогорива од земјоделски и шумски отпад и од енергетски култури одгледувани на земјиште кое што не може да се искористи на друг начин.(МК) Повеќе...

Занимливости

Природно осветлување - заштеда на енергија Во денешно време многу луѓе веруваат дека цената на електричната енергија е превисока. Затоа што голем дел од потрошената електрична енергија отпаѓа на осветлување, во последниве години многу популарно е наоѓањето и спроведувањето на алтернативни решенија за осветлување. Природната светлина има многу предности. Најпрво, таа заштедува енергија и пари, и е најефикасна од енергетска гледна точка. Покрај тоа, таа ја намалува емисијата на штетни гасови во атмосферата, ја подобрува видливоста во собите и го прави престојот во затворено попријатен и поздрав. При донесување на одлуки за природно осветлување, важно е да се стремиме да постигнеме оптимален интензитет на светлина.

За да ја намалат јачината на светлината, луѓето се служат со голем број на решенија. Некои користат ролетни или завеси, додека други се одлучуваат за малку понеобични начини на заштита, како што се т.н. интелигентни прозорци, специјално дизајнирани застаклени простори, стаклени ѕидови , итн. Со употреба на интелигентно управување на фасадни ролетни може да заштедите до 30 % енергија за греење и ладење. Фасадните ролетни во комбинација со изолација на фасада се енергетски најефикасно решение. Сите оние кои ќе се одлучат за природен начин на осветлување мора да водат грижа за многу детали. Некои работи треба да се предвидат пред изградбата на објектот. На пример, многу е важно пред изградбата да одлучите за големината на вашите прозорски отвори како и за големината на другите светлосни отвори. Важни се страните на светот кон кои ќе бидат свртени прозорците, како и распоредот на внатрешните преглади кои ќе ја рефлектираат светлината во внатрешноста. Јасно е дека секој кој ќе сака да постави природно осветлување ќе мора да изврши обемен градежен зафат. Ако наидете на тешкотии, побарајте стручен совет. На крај сигурно ќе бидете задоволни од причина што вашиот дом ќе добие посебен изглед, а уште поважно, ќе заштедите енергија.(МК) Транспарентно декоративни сончеви ќелии во разни бои Транспарентни сончеви ќелии во разни бои, во иднина би можеле да се употребуваат за правење на обоени стаклени прозорци, декорации па дури и засенчувања кои ја претвораат енергијата на сонцето во електрицитет. Ќелиите се верува дека се првите полутранспарентни, фотоволтаици во боја кои имаат потенцијал за широка употреба на енергетскиот извор, изјавува професор по микромолекуларна наука и инженеринг во Универзитетот Мичиган.Еден квадратен метар би можел да произведе доволно електрицитет за погонување на флуоресцентни светилки како и помали електронски уреди. Врвните технолошки органски ќелии во истражувачките лаборатории, грубо се со 10% ефикасност.(БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конференција за енергија и менаџмент 5-ти до 7-ми јуни 2014г., Истанбул, Турција Целта на овој настан е да се соберат истражувачи од полето на енергетиката како и приватните и јавни компании кои се во дејноста на енергетскиот сектор и да ги споделат своите знаења на скорешните трендови, научни развои и нови енергетски менаџерски методи. Повеќе... Екологија и безбедност 2014 8-ми до 12-ти јуни 2014г., Бургас, Бугарија Повеќе... Загадување на воздухот 2014-та 7-ми до 9ти јули 2014г., Опатија, Хрватска Целта на оваа конференција е да се соберат истражувачите кои се активни во проучувањето на загадувачите на воздухот како и размена на информации преку презентација и дискусија на реферати со различни теми. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

132 infomacef