Page 1

Број 131

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Февруари 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik  Од уредникот

Во овој број:

a  Активности на МАЦЕФ

 Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Од посебна важност за МАЦЕФ е решението на Агенцијата за енергетика да бидеме назначени како соодветни за обучување на енергетски контролори. Со ова се овозможи продолжување на повеќегодишната активност за обука во секторот на енергетската ефикасност на различни нивоа – од експерти, општинска администрација до основно училиште и градинки. Активности на кои сакаме да го привлечем вашето внимание се: ОБУКА НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ Реализација на проектот ИРЕКо Активности од проект РЕ-СЕЕтиес Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Но тоа не значи дека другите активности се во втор план. Продолжуваат редовните активности при надзорот на хотел Мериот во Скопје. Интензивно се работи на студијата за потенцијалот на обновливи извори во Македонија, за потребите на ХЕП ОИЕ Хрватска. Два члена на МАЦЕФ добија финансиска поддршка од фондацијата Конрад Аденауер да приготват специфична документација за политиката во енергетиката. Ние сме особено горди што членови на МАЦЕФ остваруваат квалитетна соработка со оваа реномирана фондација. МАЦЕФ учествуваше на јавниот повик за изработка на студија за когенерација за потребите на Клинички центар Скопје. За овој повик организиравме конзорциум со Приватната научна иституција Рударски Институт. Сметаме дека заради нашиот минат труд во проектирањето и советничките услуги при изградба на КОГЕЛ Север, овој повик ќе го добиеме и реализираме квалитетно. Месец март ќе биде исполнет со активности поврзани со обуката на енергетските контролори и ќе ве известуваме како се одвива овој програм. Потенцијалните кандидати, кои не се пријавија до сега, можат дополнително да се пријават, а ние ќе организираме и втор круг на обука, веројатно со настава во петок и сабота, за да се овозможи пристап и на колеги кои не гравитираат кон Скопје. Како и секогаш ве повикуваме да нѝ испратите вести за вашите успеси. Со задоволство ќе ги претставиме на нашите читатели. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net

- Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

ОБУКА НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ Со решение на Агенцијата за енергетика, врз основа на пријавата на јавниот повик, МАЦЕФ е прифатен да реализира обука и испити за енергетски контролори. Во подготвителниот период за оваа задача МАЦЕФ потпиша спогодба за соработка со врвни институции и тоа:  Градежен факултет Скопје  Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ Загреб  Македонски Институт за квалитет  Рударски институт Скопје  РЕХАУ  ВИНТ (претставник на Филипс)  ЈУБ дооел Скопје. Обуката ќе ја реализираат истакнати стручни и академски лица:  Проф. д-р Константин Димитров (машински факултет)  Проф. д-р Арсен Арсенов (електротехнички факултет)  Проф. д-р Тамара Теофилова Бојаџиева (архитектонски факултет)  Проф. д-р Тодорка Самарџиоска (градежен факултет)  М-р Саша Максимовски (економски факултет)  Асс. М-р Огнен Димитров (Универзитет Американ колеџ Скопје)  Јасминка Димитрова Капац (лиценца за тренер на енергетски контролори и софтвер ЕАБ). МАЦЕФ објави повик за пријавување на потенцијални учесници на 19.2.2014г. Почетокот на обуката е предвиден за 3 март 2014. Во предвидениот рок се пријавија поголем број кандидати, а ќе учествуваат 65 колеги. Ги известуваме сите останати колеги дека ќе организираме и втор круг на обука. Проект ИРЕКо Во текот на месец февруари тимот на МАЦЕФ задолжен за реализација на проектот ИРЕКо успеа да ги реализира следните проектни активности: Активности хармонизација и изработка на студија за ЕЕ и ОИЕ – на почетокот на месецов беше потпишан договор за „Хармонизација, утврдување на моменталната состојба во Југозападниот регион за зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија во однос на постоечката законска регулатива за тој регион и подготовка на студија за искористување на ОИЕ и зголемување на ЕЕ за меѓуграничниот регион на Република Македонија и Република Албанија“. Договорот беше потпишан помеѓу Проектот ИРЕКо - реализиран од страна на здружението МАЦЕФ Скопје и реномираната Научна установа Рударски Институт Скопје. Според потпишаниот договор реализацијата на наведените активности ќе се одвива во следните 4 месеци. Активност обуки за општинската администрација - во рамките на оваа активност изготвени се двата прирачници потребни за обуките. Моментално се подготвува курикулумот наменет за обуките, следен чекор ќе биде дефинирање на местата и датумите за реализација на оваа активност. Со обуките ќе бидат

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 131

Страница 2

опфатени сите девет општини кои се дел од југозападниот регион на Република Македонија, а учесниците на обуката ќе бидат претставници од соодветните одделенија/сектори за Енергетика и Урбанизам од општините. Активност отворено предавање – на 28-ми февруари во ресторанот „Атва“ во Кичево се одржа второто отворено предавање за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Значајно е да се напомене дека настанот имаше одлична посетеност и беше медиумски покриен. На настанот имаше претставници од пошироката јавност, претставници од малите и средни претпријатија, од општинската администрација, наставници, студенти и др. Реализацијата на настанот беше според предвидената програма, а на крајот од предавањата се разви дебата во траење од еден час. (ДТ) Проект РЕ-СЕЕтиес Симпозиум „Одржливи заедници во југоисточна Европа“, во Атина На 25-ти февруари, се одржа симпозиумот „Одржливи заедници во југоисточна Европа“ во хотелот Плаза во Атина. Симпозиумот беше дел од проектот „РЕ-СЕЕтиес: Кон ефикасна употреба на ресурси во урбани заедници во ЈИЕ“, на кој партнери се МАЦЕФ и Град Скопје. Симпозиумот го отвори Јоанис Маниатис, министер за животна средина, енергија и климатски промени на Грција. Потоа се одржаа две сесии. Првата сесија беше на тема „Технологии за поголема ефикасност на ресурси во Европските градови“, на која презентерите беа од неколку европски градови како Птуј, Потенца и Будимпешта. Втората сесија беше на тема „Општински акциски планови за поголема ефикасност на користење на ресурси“. Презентерите на оваа сесија беа од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, РЕГЕА од Хрватска, КРЕС од Грција и ИКЛЕИ – Глобалната мрежа на градови. На симпозиумот се одржаа и две паралелни тркалезни маси на теми „Премостување на бариерите до енергетска ефикасност во јавни згради“ и „Вклучување на локалните засегнати страни и националните донесувачи на обуки во процесот на одржлив развој“. Центарот за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ требаше да ја модерира втората тркалезна маса. За жал, МАЦЕФ и Град Скопје поради технички проблеми, не беа во можност да присуствуваат на овој настан. Повеќе... Трет состанок на Управен одбор и четврта работилница за транснационални експерти на РЕ-СЕЕтиес во Атина Во Атина, на 26-ти и 27-ми февруари, се одржаа два состаноци на РЕ-СЕЕтиес проектот. На состаноците присуствуваа претставници од 8 држави, меѓу кои и претставници на ИКЛЕИ – Глобалната мрежа на градови со седиште во Германија. Организатори на настаните беа КРЕС – Центарот за обновливи извори на енергија и заштеди од Грција. Најпрво, на 26-ти се одржа состанокот на управниот одбор на проектот, на кој се дискутираше досега сработеното и идните обврски на проектот, меѓу кои и методологијата за локалните медиумски кампањи кои следуваат, како и под - порталот за ефикасно користење на ресурси кој го раководи Град Скопје. Потоа на 26-ти и 27-ми, се одржа четвртата работилница за транснационални експерти на кој се дискутираше за техничките обврски во секој работен пакет поединечно. Поголемо внимание се посвети на изработката на физибилити студиите за потенцијалот од обновливи извори на енергија и локалните стратегии и акциони планови кои треба да ги изработат сите 8 градови партнери на проектот. РЕ-СЕЕтиес одбележи една година успех Првата година од РЕ-СЕЕтиес се постигнаа импресивни достигнувања, здружувајќи партнери од осум земји во Југоисточна Европа. Во изминатата година одржавме четири проектни состаноци и организиравме три транснационални работилници за експерти, помагајќи да се обезбеди непречено спроведување на проектот. Како резултат на состаноците и работилниците, постигнавме голем број на суштински резултати за проектот. На пример, партнерите од тимот на

професионалните институции на проектниот составија извештај за прогнозирање на потрошувачката на ресурси и ефикасното користење на ресурсите, после направеното испитување на Европските методологии и практики. Врз основа на собраните материјали, градовите партнери во РЕ-СЕЕтиес беа во можност да се започнат со собирање на податоци, да ги образложат своите профили на студии на случај, да се развијат патокази за одобрување на резултатите. Ние исто така видовме уште неколку успеси на ниво на градовите, па дури и инспириравме дополнителни градови за да се приклучат на иницијативи во однос на ефикасно користење на ресурсите.(СП) Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Во тек е новата фаза на Училишниот проект финансиран од ЕВН Македонија, а реализиран од 5 здруженија од земјава (МАЦЕФ, КОНЕКТ, МСО Охрид, ПЛАНЕТУМ- Струмица и Жетва на знаење – Прилеп. Новите материјали оваа година се со нов лик и се збогатени со уште еден дополнителен прирачник за водење кампања. Прирачникот ќе им служи на учениците да организираат мини-кампањи за едукација на соучениците, семејствата, соседството за заштеда и заштита од електрична енергија. МАЦЕФ го изработи Едукативниот прирачник за Зелените енергетски клубови и го ревидираше прирачникот со предвидени активности и експерименти на тема разумно користење на енергијата. Покрај новите прирачници, децата добиваат и нови елементи во сетот – папка, распоред на часови и календар, сет боички и специјални лепенки. На располагање се и бонеки и постери од предходните сезони. МАЦЕФ е во тек на организација на работилници во три подрачни училишта на ОУ„Дитурија“ од Сарај и тоа во: с. Грчец, с. Љубин и с. Крушопек. Работилниците се изведуваат на албански и македонски јазик. (ЗТ) GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус на Халкбанк! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК , а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Придобивките од овие кредити се следниве: − Намалување на ризикот на инвестицијата преку проверка на валидноста на проектот (енергетска ревизија). − Намалување на потрошувачката на енергија резултирајќи во намалени трошоци за енергија и зголемена профитабилност. − Модернизација на технологијата и опремата резултирајќи во поголем капацитет за производство и подобрен квалитет на производот. − Подобрена вредност и имиџ на компанијата поради придонесите кон намалувањето на емисиите на CO2 и кон Стратегијата на Македонија за Енергетски Развој до 2030 година. − Достапна техничка поддршка за енергетска ревизија и дизајнирањето на концептот врз основа на големината и сложеноста на проектите. Единствената најдобра понуда на експертска помош ја добивате само од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 5,5%, со рок на отплата до 5годни, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се во МАЦЕФ на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178. (ЗТ) кредитите

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 131

Страница 3

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Закон за изменување и дополнување на Законот за градење „Службен весник на РМ“ бр. 27/2014 од 05.02.2014 Ценовник за висината на надоместокот за мислењата за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита „Службен весникна РМ“ бр. 28/2014 од 06.02.2014 Одлука за донесување на Измени и дополнувања на Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија „Службен весникна РМ“ бр. 30/2014 од 10.02.2014 Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на лиценците за управител на градба, проектирање на градби, ревизија на проектна документација, изведувач на градби, надзор на изградбата на градби и управител на одржување на објекти како и потребната документација „Службен весник на РМ“ бр.33/2014 од 13.02.2014 Правила за пазарна електрична енергија „Службен весник на РМ“ бр. 38/2014 од 24.02.2014 Тарифен систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи „Службен весник на РМ“ бр. 38/2014 од 24.02.2014 Закон за изменување на Законот за основање на Агенцијата за енергетика на РепубликаМакедонија „Службен весник на РМ“ бр. 41/2014 од 27.02.2014 Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика „Службен весникна РМ“ бр. 41/2014 од 27.02.2014 Закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција „Службен весникна РМ“ бр.41/2014 од 27.02.2014 Закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина „Службен весник на РМ“ бр. 41/2014 од 27.02.2014 Исправка на Правила за пазарна електрична енергија објавени во „Службен весникна РМ“ бр. 38/2014 бр. 42/2014 од 03.03.2014

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Инсталирани сончеви топлински колектори во детските градинки во Битола Во изминатиот период, со инвестиција на општина Битола во двете централни градинки, ЈОУДГ Мајски Цвет и ЈОУДГ Естреа Овадија Мара беше реализиран проектот „Примена на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност со примена на сончеви термални колектори“. Општина Битола инвестираше во комбиниран систем за загревање на санитарна топла вода во двете најголеми градинки во кои се сместени и реонските кујни за сите градинки, каде како главен извор на топлинска енергија е сончевата енергија. Од особено значење е што системот има можност кога нема сонце да се загрева преку централниот систем за греење кој работи на нафта. Со овој систем за загревање се овозможи снабдување со голема количина на топла вода како и користење на санитарна топла вода и во тоалетите за дечињата што досега не беше случај. Вкупната вредност на инвестицијата во двете градинки изнесува над 2,6 мил. денари, односно во ЈОУДГ Мајски Цвет Битола имаме инвестиција од околу 1,1 мил. денари, а вградени се 8 сончеви колектори. Заштедата на енергија, зависно од временските прилики, може да достигне 12000 KWh/годишно, а заштедата на финансиски средства и до 90000 денари. Веќе размислуваме ова да го прошириме и во другите градинки и училиштата“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. (СП) Повеќе...

Новости од светот Најголемата соларна електрана на светот ги повредува крилјата на птиците Најголемата сончева електрана на светот „Ајванпах“, која беше отворена во четвртокот во калифорниската пустина Мохаве, може да произведе доволно енергија за да снабди 140000 домаќинства. Но, се појави еден голем проблем - огромната топлина од сончевите панели буквално им ги пржи крилјата на птиците кои ги надлетуваат. Комплексот вреден 2,2 милијарди долари е составен од 300000 сончеви плочи, кои покриваат површина од речиси 13 квадратни километри, како и три кули за собирање на светлина. Сопствениците „НРГ Енерџи“, „Гугл“ и „Брајтсорс енерџи“ се најдоа на удар на критиките на активистите за заштита на животните, откако се појавиле фотографии на птици со повредени крилја. (МК) Повеќе... EnBW и Borusan со најголем доделен договор во турскиот енергетски пазар со ветерна енергија На компаниите Borusan EnBW Enerji им е дадено зелено светло за понатамошен развој на пет проекти за ветерни фарми со вкупни 207 MW. Потпишан е рамковен договор со производителот на ветерни турбини Vestas. Договорот комбиниран со понатамошниот развој на ветерни фарми, го означува најголемиот проект за ветерни електрани на компанијата EnBW. Исто така претставува најголемиот проект за ветерни електрани во целиот турски пазар на ветерна енергија. Првичниот проект вклучува зголемување на ветерната фарма Bandrima, каде

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 131

Страница 4

вкупно 67 Vestas V112 ветерни фарми ќе бидат изградени во фази на пет локации во Турција. Секоја ветерна трубина ќе има висина од 84 метри, со дијаметар на рототрот од 112 метри и моќност од 3 MW. Очекуваното годишно производство од крајот на 2015 година би изнесувало 721 гигават часови, што е доволно за снабдување на 200000 домаќинства со електрична енергија. (БК) Повеќе...

МАЦЕФ Анализа

Создавање на подобрен геотермален систем врз база на магма во Исланд Во 2009 година дупчењето на дупка во Крафла, североисточен Исланд, како дел од Исландскиот Проект за Длабоко Дупчење (IDDP), неочекувано навлезе во магма (стопена карпа) со температура од 900-1000 Целзиусови Степени на само 2100 метри длабочина. Дупката IDDP-1, беше првиот во серијата пробиени бунари од страна на IDDP во Исланд. Целта беше да се пронајдат геотермални ресурси со висока температура. Статија во интернационалниот магазин Geothermics за јануари 2014 е посветена на научните истражувања и инженерските резултати кои произлегуваат од оваа необична појава. Дупчењето во магма е голема реткост на светско ниво и ова е втор познат пример, додека првото дупчење било извршено во Хаваи во 2007 година. IDDP , во соработка со националната енергетска компанија на Исланд која е сопственик на геотермалната централа во Kрафла, одлучи да продолжи со понатамошни испитувања на дупката притоа преземајќи значителен дел од трошоците. Соодветно на тоа, челично куќиште перфорирано во долниот дел кој е најблиску до магмата, беше зацементирано во бунарот. Потоа на дупката и беше овозможено полека да се загрева и конечно беше овозможено струење на пареа со висока температура во следните две години, заклучно со јули 2012 година, кога бунарот беше затворен со цел да се замени дел од опремата на површината. Успехот на ова дупчење и истражувачки проект во иднина може да доведе до револуција во енергетската ефикасност кога станува збор за геотермалните ресурси со висока темерпература во областите низ целиот свет. Во овој проект се постигнати неколку важни цели: • и покрај определени потешкотии, извршено е успешно контролирано дупчење во стопена магма; • извршено е поставување на челично куќиште на дното од дупката, кое овозможи дување на загреана пареа со висок притисок и температура поголема од 450 Целзиусови Степени, • создаден е нов светскиот рекорд во секторот на експлоатација на геотермална топлина со висока температура; • пареата од IDDP -1 и можеше да се користи директно во постоечката електрана во Крафла; • IDDP -1 покажа дека геотермален систем со висока енталпија може успешно да се користи. Во суштина, IDDP -1 го создаде првиот подобрен геотермален систем врз база на магма во светот. Овај уникатно дизајниран геотермалем систем е прв систем во светот кој овозможува снабдување со топлина директно од стопена магма. (МК) Повеќе...

Занимливости

Лист кој создава електрична енергија Научниците од Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) направија вештачки лист кој ќе им овозможи на луѓето своите домови да ги претворат во елекрани. Листовите кои се со големина на карти за играње, го имитираат процесот на фотосинтеза кој растенијата го користат за претворање на сончевата светлина и вода во енергија. Научниците се убедени дека пронајдокот ќе биде решение за третата светска енергетска криза, која е во пораст. Вештачкиот лист би можел да биде

евтин извор на електрична енергија за домовите на сиромашните луѓе во земјите во развој. Овие лисја немаат никакви сличности со лисјата на дабовите, јаворите и другите зелени растенија, кои научниците ги користеле како модел за развој на овој нов тип на сончеви ќелии. Тој е составена од силициум, електроника и катализатори, супстанции кои ги забрзуваат хемиските реакции кои инаку не би биле изводливи или би биле побавни. Сместен во четири литри вода, при јака сончева светлина, овој лист може да произведе доволно електрична енергија за задоволување на еднодневните потреби на една куќа со просечна големина. Производствениот процес на енергија кај листот вклучува разложување на водата на водород и кислород ,носење на водородот и кислородот во комори за согорување и производство на електрична енергија од согорувањето на водородот во истите. Овој изум е широко достапен, работи многу лесно и е многу стабилен. Имено, тој може постојано да работи најмалку 45 часа. (МК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Меѓународна конференција за напредокот во инженерските науки и применетата математика 4-ти до 5-ти мај 2014г., Истанбул, Турција Оваа меѓународна конференција цели да ги собере на едно место водечките академски научници и истражувачи за меѓусебно споделување на своите искуства и истражувачки резултати, во сите аспекти на инженерските науки и применетата математика. Како и отворена дискусија за практичните предизвици кои се среќаваат и соодветно прифатените решенија. (БК) Повеќе... Првата Југоисточно Европска конференција за Одржлив развој, водените системи и животната средина 29-ти јуни до 4-ти јули 2014г., Охрид, Македонија Првата конференција SEE SDEWES Охрид 2014г. обезбедува место за истражувачите од југоисточниот регион, но исто така и за истражувачите и специјалисти пошироко во светот како и останатите заинтересирани лица да дознаат нешто повеќе за одржливоста во развојот. Да ги претстават напредоците во своите истражувања и да се отвори дискусија за идните насоки и приоритети во различни области на одржливиот развој и регионалната интеграција. (БК) Повеќе... Чекорење кон одговорно истражување и иновација во глобалната економија 5-ти до 7-ми јуни 2014г., Констанца, Романија Целта на оваа конференција е споделувањето на експертиза помеѓу учесниците, воедно и воспоставување на атмосфера која е погодна за идна соработка и партнерство на заеднички економски проекти. Конференцијата ќе опфати 5 тематски области: глобалната економија, социјалните и политички проблеми, менаџмент и маркетинг, економија и регионален развој, сметководство и финансии, прашања за животната средина и неконвенционалните енергетски извори. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

131 infomacef