Page 1

Број 130

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јануари 2014

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Јануари е најдолг месец во годината – во однос на трошоците за прослава на големиот број празници (Нова Година, Бадник, Божиќ, Василица т.е. Стар-Нова Година, Водици...) и голем број на неработни денови (зимски распуст на учениците и родителите користат дел од одморот заради зимување). Би требало да се очекува смален интензитет на ангажираност, но не е така – и овој месец изобилува со активности. Ја потцртуваме веста за разрешување од должност на досегашниот в.д. директор на Агенцијата за енергетика на република Македонија, г. Лазар Гечевски. Наше очекување е новиот директор да оствари плодна соработка со институциите во Македонија, со странските инвеститори и да се одбегнуваат судски спорови заради непочитување на законитоста. Во тој период два големи проекта беа одземени од Агенцијата, од кои првиот ГЕФ/Светска Банка во висина од 5 милиони долари беше пренесен на управување во Министерството за економија, а донацијата на Австриската влада од 1,5 милиони евра, беше целосно укината. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон неколку активности: Реализација на проектот ИРЕКо. Пријава за прекугранична со работка меѓу Македонија и Косово. Зелени енергетски клубови. Ние се пријавивме да организираме ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ. За жал, директорот на Агенцијата за енергетика, неоправдано нé „испушти“ од списокот на избрани институции. МАЦЕФ ги исполнува сите законски предуслови, располага со врвен кадар од повеќе дисциплини на техниката предвидени за обука, со големо искуство во спроведување на обуките и врвна соработка со институции од странство. Убедени сме дека овој „пропуст“ на разрешениот директор Гечевски, ќе биде исправен. Од таа причина ние сме приготвени да започнеме со предвидената обука. Имаме Спогодба за соработка со Институтот „Хрвоје Пожар“, акредитиран за обука на енергетски контролори. На учесниците во обуката ќе им дадеме на располагање листи за собирање информации (во ексел формат) кои се приготвени од страна на Американската асоцијација на инженери ASHRE, како и софтвер од ENSI – Energy Saving International AS. Од секторот на техниката: Завршена e ревизијата на проектната документација (машинство, електрика, ППЗ, градежништво) за две котларници на природен гас, изработена од страна на Енергосистем Скопје, за потребите на град Скопје. Надзорот при градба на хотелот Мериот се остварува редовно. Исто така и реализацијата на студијата за потребите на Хрватска електроприведа. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект ИРЕКо Тимот на МАЦЕФ работи на реализација на неколку активности кои се дел од работниот план на проектот ИРЕКо. Активностите - хармонизација и студија за ЕЕ и ОИЕ се дел од активностите во рамки на проектот ИРЕКо и се однесуваат на утврдување на фактичката состојба во југозападниот регион на Република Македонија и регионот Корча во Република Албанија при искористување на ОИЕ и зголемување на ЕЕ, а споредено со постоечката законска регулатива за овие региони. Потоа врз база на добиените документи ќе следи изработка на стратешки документ - студија за искористување на ОИЕ и зголемување на ЕЕ за меѓуграничниот регион на Република Македонија и Република Албанија. Во месец јануари беше отворена постапката на прибирање на понуди за реализација на споменатите активности. Постапката за прибирање на понуди се темелеше врз принципот на отворена покана за достава на понуда, при што беа поканети три институции. За реализација на активности беше избрана реномираната приватна научна установа Рударски Институт Скопје. Активност отворено предавање – во тек се подготовките за реализација на второто отворено предавање за ЕЕ и ОИЕ наменето за граѓаните, малите и средни пертпријатија и локалната самоуправа. Предавањето ќе се одржи на 28-ми февруари, во хотел „АТВА“ во општина Кичево. Активност обуки за општинската администрација – моментално се работи на изработка на прирачниците кои ќе бидат наменети за претставниците на општините кои се во меѓуграничниот регион, односно во Југозападниот плански регион. Прирачниците ќе ги содржат сите потребни елементи за утврдување на енергетската ефикасност на објектите и можноста за искористување на ОИЕ. (ДТ) Подготовка на предлог проект за прекугранична соработка меѓу Република Македонија – Косово Покрај тековните активности, МАЦЕФ подготвуваше и пријава за Првиот ИПА повик за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Косово во рамки на првата мерка. Во предлог идејата, МАЦЕФ аплицира заедно со општина Гази Баба (од македонска страна) и општина Клокот и здружението „Еко Интернационал“ (од косовска страна). Со цел подготовка на квалитетна апликација, партнерите остварија неколку меѓусебни средби. Заедничката средба на сите партнери се одржа на 08.01.2014г. во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 130

Страница 2

просториите на МАЦЕФ. На состанокот се разговараа деталите околу предлог темата и обврските на секој партнер во реализација на активностите. Подготовката на пријавата се заврши пред крајниот рок и на 27.01.2014г. и се предаде во Заедничкиот секретаријат (JTS) во Куманово. Очекуваме повратна информација за успешно подготвена апликација и проектна идеја што заслужува да се спроведе. Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Училишниот проект финансиран од ЕВН Македонија, а реализиран од 5 здруженија од земјава (МАЦЕФ, КОНЕКТ, МСО Охрид, ПЛАНЕТУМ- Струмица и Жетва на знаење – Прилеп) продолжува и оваа сезона. Со цел да се задржи интересот на најмладите и оваа сезона, има новитети во однос на материјалите (прирачници за изведба на активностите) и изведбата на работилниците. Имено, МАЦЕФ го изработи Едукативниот прирачник за Зелените енергетски клубови и го ревидираше прирачникот со предвидени активности и експерименти на тема разумно користење на енергијата. По зимскиот распуст, во втората половина на месец февруари ќе започне и реализацијата на работилниците. МАЦЕФ ќе ги реализира работилниците во трите подрачни училишта на ОУ„Дитурија“ од Сарај и тоа во: с. Грчец, с. Љубин и с. Крушопек. Предавањата ќе бидат на албански и македонски јазик. Во тек е изработка на работен план за изведба на 15 работилници во периодот кој следи. (ЗТ) GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК , а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Придобивките од овие кредити се следниве: − Намалување на ризикот на инвестицијата преку проверка на валидноста на проектот (енергетска ревизија). − Намалување на потрошувачката на енергија резултирајќи во намалени трошоци за енергија и зголемена профитабилност. − Модернизација на технологијата и опремата резултирајќи во поголем капацитет за производство и подобрен квалитет на производот. − Подобрена вредност и имиџ на компанијата поради придонесите кон намалувањето на емисиите на CO2 и кон Стратегијата на Македонија за Енергетски Развој до 2030 година. − Достапна техничка поддршка за енергетска ревизија и дизајнирањето на концептот врз основа на големината и сложеноста на проектите. Единствената најдобра понуда на експертска помош ја добивате само од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 5,5%, со рок на отплата до 5годни, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се во МАЦЕФ на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178. (ЗТ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2014 година

„Службен весник на РМ“ бр. 6/2014 од 10.01.2014 г.

Програма за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2014 година

„Службен весник на РМ“ бр. 7/2014 од 13.01.2014 г.

Програма за инвестирање во животната средина за 2014 година

„Службен весник на РМ“ бр. 7/2014 од 13.01.2014 г.

Програма за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2014 година

„Службен весник на РМ“ бр. 8/2014 од 14.01.2014 г.

Одлука за изменување на Одлуката за вкупната инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија произведена од секој одделен обновлив извор на енергија

„Службен весник на РМ“ бр. 10/2014 од 16.01.2014 г.

Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа

„Службен весник на РМ“ бр. 10/2014 од 16.01.2014 г.

Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на овластувањата за изработка на проектна документација, за ревизија на проектна документација, за инженер за изведба и за надзорен инженер

„Службен весник на РМ“ бр. 12/2014 од 22.01.2014 г. Правила за пазар на природен гас

„Службен весник на РМ“ бр. 16/2014 од 27.01.2014 г. Одлука за давање согласност на Програма за работа на Агенција за енергетика на Република Македонија за 2014 година

„Службен весник на РМ“ бр. 17/2014 од 28.01.2014 г.

Правилник за формата и елементите кои треба да ги содржи мислењето за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата

„Службен весник на РМ“ бр. 171/2013 од 10.12.2013

Одлука за донесување на Енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2014 до 2018 година

„Службен весник на РМ“ бр. 185/2013 од 27.12.2013

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас

„Службен весник на РМ“ бр. 185/2013 од 27.12.2013

Закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина

„Службен весник на РМ“ бр. бр. 187/2013 од 30.12.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 130

Страница 3

Новости од Македонија

Отварање на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“ На 30-ти јануари 2014г., во Стопанската Комора на Македонија беше офици-јално отворен проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, финансиран од Норвешката Амбасада во Белград, а имплементиран од Центар за климатски промени со подршка на Агенција за енергетика на Република Македонија, Машински Факултет од Скопје и Стопанска Комора на Македонија. Проектот ќе допринесе кон подобрување на енергетските перформанси и перформансите во животната средина кај малите и средни претпријатија од македонската прехрамбена индустрија. Воедно ќе ги унапреди нивните капацитети со цел намалување на енергетската потрошувачка и ќе овозможи полесна идентификација на мерки за штедење на енергија. Проектот предвидува неколку активности: - Информативни семинари за енергетски менаџмент; - Тримесечна техничка обука за енергетски менаџмент; - Техничка помош за воведување на системот за управување со енергија; -Изработка на прирачник за енергетски менаџмент во прехранбената индустрија. Освен индустријата, во проектот предвидено е да се вклучат и млади инженери и студенти од техничките факултети кои ќе добијат пракса за воведување на стандардот, со што ќе се зајакнат нивните капацитети во понатамошната имплементација на практики за управување со енергијата. (ИП) Македонија ќе оформи фонд за ЕЕ Следејќи го примерот на голем број земји членки на ЕУ кои имаат оформено фонд за ЕЕ, Министерството за економија работи заедно со Светската банка на формирање на ваков фонд. Овој фонд ќе биде наменет за спроведување на мерки за зголемена енергетска ефикасност во јавните објекти. Финансиските средства кои ќе можат да се користат, ќе бидат обезбедени од повеќе страни, и тоа како инвестиции од државата и локалната самоуправа и како кредити од меѓународните финансиски институции. Се претпоставува дека инвестицијата за подобрување на енергетската ефикасност кај јавните објекти би била 95 милиони евра, а 12 милиони евра би требало да се вложат во енергетската контрола на објектите и подготовка на потребната документација. (ДТ) Повеќе...

Анализа

Eвропа размислува за укинување на обврзувачките цели за обновливи извори на енергија до 2030 година Загриженоста околу високитe трошоци за енергија во Европа ja поткопува поддршка за обврзувачките цели за обновливи извори на енергија на кои се гледаше како на едно од најзначајните достигнувања во доменот на животната средина во ЕУ. Европските политичари размислуваат за укинувањето на целите до 2030 гоидна, потег кој би ги задоволил големите компании за производство и снабдување со енергија, но би ги разбеснил друштвата за заштита на животната средина. Целите за енергијата и клима, кои комисијата треба да ги предложи на 22 јануари, поттикнуваат огорченост меѓу земјите и меѓу политичарите и се предмет на интензивно лобирање. Целта што ја дефинира количината на енергија која европските земји треба да ја ползуваат од обновливи извори е една од најжестоко дебатираните од пакетот цели за обновливи извори на енергија. Велика Британија, која ја зголемува употребата на нуклеарната енергија, се противи на обврзувачка цел. Германија, која ги гаси своите реактори, е најмоќниот поддржувач на задолжителна

цел. Предложениот компромис, кој произлезе во текот на дискусиите околу пакетот за 2030, предвидува целта за обновливи извори на енергија до 27 % да биде необврзувачка. Отстапката ќе ги претвори обврзувачките мерки во мерки кон кои само ќе се тежнее. За периодот до 2030 година се предвидуваат построги и квантитативни мерки кои ќе бидат фокусирани на повеќе технички аспекти за надградба на инфраструктурата. (МК) Повеќе... Министерството за економија ја презентираше физибилити студијата за гасификација на општина Чаир Министерството за економија на 13.01.2014г. ја презентираше физибилити студијата за гасификација на општина Чаир. Согласно студијата, проценетата вредност на инвестицијата е речиси 5 милиони евра, од кои 860 илјади ЕУР е предвидено да се инвестира во примарната дистрибутивна мрежа, а 1,6 милиони ЕУР во секундарната дистрибутивна мрежа. Преостанатиот дел од инвестицијата во износ од 2,3 милиони ЕУР е инвестиција за изградба на приклучоци и адаптација на постоечката опрема. Обезбедувањето на вкупната инвестиција е обврска на приватниот партнер и согласно Студијата е предвидено да се реализира преку кредитни средства во износ од 70% од инвестицијата и 30% преку сопствено учество на приватниот партнер. Сараќини потенцираше дека јуни месец годинава Владата ќе отпочне процедура за изнаоѓање на концесионер за општината. (СП)Повеќе... Преку директни средби со компаниите, до поголемо искористување на крeдитните линии на ЕБОР Кредитните линии во рамки на регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан беа тема на средбата одржана на 31.01.2014 на министерот за економија Ваљон Сараќини со директорката на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, Анка Јоана Јонеску. Регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан се однесува на земјите Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска и Македонија. Максималниот износ на кредитот изнесува 2 милиони евра за проекти од приватниот сектор, а 2,5 милиона за проекти од јавниот сектор, при што може да се финасираат сто проценти од инвестиционите трошоци. Притоа, многу значајно е и тоа што, доколку со верификацијата се потврди дека проектот е реализиран согласно бизнис планот, тогаш ЕБОР на компаниите - кредитоприматели им исплаќа грант во висина до 10% од износот на кредитот, односно на општините 10%-15% од износот на инвестицијата. Реализацијата на овие проекти ќе придонесе за зголемување на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија, намалување на емисијата на стакленички гасови, како и зголемување на бројот на работни места. (СП) Повеќе...

Новости од светот Рускиот гасовод Јужен тек, успеа да осигури големи договори Големиот Руски проект, гасоводот „Јужен тек“, за транспорт на гас до јужна Европа, направи голем чекор напред, откако три компании обезбедија договори вредни 1 милијарда евра, за снабдување на дел од своите офшор секции. Гаспром вели дека 2400 километри долгиот гасовод ќе биде целосно оперативен до 2018 година, и ќе биде во можност да обезбеди скоро 15% од годишната побарувачката на гас во Европа, со транспорт на руски гас преку Црното Море во југоисточна Европа. (ИП) Повеќе... Секторот на сончевите фотонапонски централи во Италија, пример за остатокот од светот Италија во моментов е еден од главните производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија во Европа. Сончевите фотонапонски централи кои се наоѓаат во јужниот дел на Италија може да работат повеќе од 1500 часа годишно, што доведе до големи инвестиции од целиот свет во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 130

Страница 4

јужна Италија и овозможило да се изградат некои од најголемите светски сончеви фоотнапонски паркови. Но, бидејќи Италија запре со повластените тарифи на 6-ти јули, се стравува дека идните инвестиции во сончева енергија може да бидат во опасност, па дури и да бидат стопирани. Отприлика 13810 GWh беа генерирани од фотонапонските централи во периодот од јануари до јули 2013 година, додека 7,3 % од енергетскиот состав претставува сончева енергија, вториот најголем заеднички извор на обновлива енергија во употреба во Италија. Во првите седум месеци од 2013 година, хидроенергијата генерираше 32922 GWh, од турбини на ветер 9666 GWh, геотермална 3061 GWh. Во текот на истиот период, конвенционалните електрани во Италија генерирале 104668 GWh електрична енергија, додека обновливите извори на енергија, вклучувајќи хидро, ветер, геотермална енергија, и сончева енергија, генерирале вкупно 59459 GWh. Во моментов, Италија се напојува со 57,2 % од обновливи извори на енергија, што е добар пример за остатокот од светот. (ЈДК) Повеќе... Русија е најголем производител на нафта на светот Експлоатацијата на нафта во Русија минатата година е зголемена на 1,4 отсто на 10,51 милион барели дневно (1 барел = 159 литри), наведе денеска руското министерство за енергетика. Во декември 2013 година производството достигна 1 0,63 милиони барели дневно, што исто така е регион во постсоветска ера. Руската експлоатација веројатно и натаму ќе остане поголема од производството во Саудиска Арабија, во која во октомври и ноември минатата година беа вадени приближно 9,7 милиони барели дневно. Податоците за декември не се достапни. Речиси сите големи руски нафтени компании минатата година го зголемија производството, вклучително и Лукоил, вториот по големина произведувач на „црно злато“ и најголемата приватна нафтена компанија, која во изминатите години бележеше пад на производството. Повеќе...

МАЦЕФ Ви препорачува

Забавни факти за заштеда на енергија • Слојот на прашина врз светилката може да ја намали нејзината емисија на светлина и до 50%. • Енергетски ефикасната светилка може да користи и до 75% помалку енергија од светилката со вжарено влакно, а може да трае повеќе години. • Неисправна славина за топла вода низ која протекува една капка во секунда може да потроши дополнителни количество на вода еднакво на количеството на вода кое една личност би го користела две недели. • Автоматското гасење на екранот на вашиот компјутер заштедува енергија. • Машините за миење на садови употребуваат дури 22 литри помалку топла вода во споредба со рачното миење на истата количина на садови. • Машините за перење алишта кои се енергетски ефикасни, за една година може да заштедат повеќе вода отколку што една личност може да испие во текот на целиот живот. • Секој пат кога ќе ја отворите вратата на фрижидерот, може да излезе до 30% од студениот воздух. (МК)

Занимливости

ПАМЕТЕН ПОКРИВ - ефикасен сончев систем Сончевиот систем всушност претставува стаклени плочи кои ги заменуваат класичните ќерамиди од глина. Ваквите сончеви системи се познати и како паметни покриви. Идејата за ваков тип на сончеви системи тргнува од фактот дека во текот на целата година енергијата што покривот ја апсорбира од сонцето е приближно 5 пати повеќе од енергијата која ја троши едно просечно семејство. Структурата на овие сончеви системипаметни покриви е следна: под стаклените плочи на носечката покривна конструкција се поставени модули; модулите се исполнети со специјален течен апсобер чија цел е да ја апсорбираат енергијата од сонцето; модулите помеѓу себе се поврзани со носечка лајсна со цел да се зголеми апсорбирачката површина на системот; сите модули меѓусебе се поврзани и на тој начин создаваат еден комплетен систем на сончев колектор.

Собраната сончева енергија понатаму се собира во еден специјален резервоар кој е поврзан со централниот систем за греење на објектот. Ваквата форма на овозможуваат сончеви системи искористување на голем дел од енергијата која се добива од сонцето. Овој систем е доста флексибилен, може да се поврзе во мрежата на сите досега познати системи за греење, како што се далечинско греење, систем на геотермална енергија, топлински пумпи со топлиноносители воздух – вода, систем за централно греење со котел на пелети, дрва, екстра лесно масло за горење или електрична енергија. (ДТ) Повеќе... Создаден нов метод за производство на електрицитет Група научници од Универзитетот Харвард откриле начин како со помош на бактерија да се искористи енергијата на водата којашто испарува. Новите начини на производство на електрицитет потенцијално би можеле да се користат за искористување на енергијата која се ослободува во пристаништа, езера, како и други водени површини кои се загреваат под дејство на сонцето со што се создава испарување. Новосоздадените типови на генератори функционираат со помош на движењето на лист од гума којшто е обложен од страна со бактериски спори. Како што се суши листот тој се витка. Како се зголемува влажноста тој се враќа во првобитната права положба. Енергијата од овие движења се употребува за погонување на генератор. „Испарувањето на водата е еден од

најголемите енергетски извори во природата. Сончевата светлина го загрева океанот со што енергијата која се создава при тоа мора да се претвори во испарување. Постои енергија во процесот на испарувањето, но сепак е толку суптилен што ние не го гледаме“ – Велат научниците. Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Telecoms - Форум за енергетска ефикасност 10-ти до 11-ти април 2014г., Истанбул, Турција На овој форум ќе се претстават можните начини за максимизирање на достапноста на енергијата, оптимизирање на енергетските мрежи, воведување на нови енергетски ефикасни технологии, значајно намалување на енергетската потрошувачка и подобрување на профитабилноста во секторот. Повеќе... (БК) Меѓународна конференција за животна средина и обновлива енергија 7-ми до 8-ми мај 2014г., Париз, Франција Целта на оваа конференција е промоција на економски одржливи извори на енергија кои се исто така безбедни за животната средина, создавање на теоретска основа за употребата на обновливите енергетски извори и нивно спроведување. Повеќе... (БК)

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

130 infomacef