Page 1

Број 129

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Декември 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во име на вработените и во мое лично име Ви ја честитам Новата 2014 Година и празниците кои се надоврзуваат по неа. Покрај желбите за лична среќа и успех во работата пожелуваме таа да биде ЕФИКАСНА на сите полиња, но се разбира, особено во делот на енергетиката. Декември е месец напрегнат со завршување на обврските од целата година, приготвување на документи за завршна сметка, но и другарување со деловните партнери во неделата пред Нова Година. Од оваа шема и ние не можевме да одбегнеме – многу работни задачи, нервози но и пријатни моменти при средбите со нашите колеги. Тековните работи ги реализираме со полна пареа, а вашето внимание сакаме да го насочиме кон следните информации: Годишно собрание на МАЦЕФ и избор/реизбор на раководните структури Активностите при реализација на проектот IRECo Потпишан договор со Електростопанство на Хрватска Пријава на јавен повик за организирање обука на енергетски контролори Со големо задоволство Ве информираме дека членовите на МАЦЕФ ќе учествуваат во реализацијата на 3 проекти финансирани преку Inteligent Energy програмата на Европска Унија. И за нас претставуваше пријатно изненадување кога ја добивме информацијата дека од четири пријави за учество во оваа ЕУ програма, три се прифатени. Бројот на редовно ангажирани во МАЦЕФ (8) е недоволен за реализација на сите обврски, така да, од експертската листа на наши членови, ќе побараме да ги ангажираме и нивно активно учество. Потпишување на потребната документација треба да се оствари во првиот квартал од 2014 година. На годишното собрание, за претседател е избрана Јасминка Димитрова Капац, еден од основачите на здружението. На овој начин, раководењето се препушта на следната генерација, но и ние и понатаму ќе учествуваме активно во секојдневните обврски. Очекуваме да бидеме овластени за обука на енергетски контролори од повеќе причини. Очекуваме во 2014 година уште повеќе да се зголеми ангажирањето на членовите на МАЦЕФ, затоа што се повеќе, во свеста на целото општество е присутна констатацијата дека МЕРКИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОТ СЕ НАЈДОБРИОТ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРС ЗА МАКЕДОНИЈА. ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НЕ Е ОБВРСКА, ТУКУ ПОТРЕБА, НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ. А сега, почитувани колеги и пријатели, со чаша вино (може и ракија) да наздравиме за почетокот на Новата Ефикасна 2014 Година - Наздравје

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Годишно собрание на МАЦЕФ На 24-ти декември, во просториите на МАЦЕФ се одржа годишно собрание на МАЦЕФ, единаесетто по ред. На собранието присуствуваа членови и вработени на МАЦЕФ, а дискусијата се одвиваше по следниов дневен ред: 1.Избор на работно претседателство и записничар 2. Годишни извештаи за 2012 и 2013 година 3. Предлог програм за работа во 2014 година 4. Статутарни одредби – (дополнување на Статут) 5. Ангажирање/вработување 6. Одлуки за дневници 7. Избор на претседател и членови на работни групи 8. Дискусија На овогодинешното собрание на МАЦЕФ се донесе одлука за нов претседател на МАЦЕФ. Г-ѓата Јасминка Димитрова Капац го замени проф. д-р. Константин Димитров во неговата функција и стана новиот претседател на здружението. Според тоа, новото претседателство е во состав од претходните членови: академик проф. д-р Глигор Каневче и проф. д-р Константин Димитров и новиот претседател. Се избраа/реизбраа и нови членови и раководители на работните тела на собранието, имено, проф. др. Тодорка Самарџиоска од Градежниот факултет во Скопје, активен соработник и член на МАЦЕФ е избрана за раководител на работното тело - ЕКОЛОГИЈА. Новиот раководител на извршниот одбор е м-р Огнен Димитров. Д-р Ѓорѓе Качурков е избран за раководител на групацијата за енергетска ефикасност и за член на Управниот одбор. Како претседател на научниот совет е реизбран ректорот на Универзитетот Американ Колеџ проф. д-р Марјан Бојаџиев . Проф. д-р Арсен Арсенов е реизбран да ја организира и раководи групацијата ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, а г-дин Горан Капац е одговорен за Одделението за проектирање и дијагностички мерења, како и член на управниот одбор. Покрај изборите, на собранието се презентираа и годишниот извештај за 2013 година, како и предлогот за работа во 2014 година. Се донесоа и одлуки во однос на работењето на МАЦЕФ, ажурирање на списокот на членови, потребата и начинот на вработувањето и ангажманот на членовите, дефинирање на патни и дневни трошоци при реализација на меѓународни проекти, а сето тоа ќе влезе како промена во Статутот на здружението. (ЗТ)

Проф. д-р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 129

Страница 2 доставиме и насоките за собирање на информации кои ги препорачува ASHRАE (САД). Основни проекти за искористување Југозападниот плански регион

на

ОИЕ

за

Посета на ОOУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

Јасминка Димитрова Капац, претседател (кус профил) Јасминка Димитрова Капац, еден од основачите на здружението МАЦЕФ е дипломиран машински инженер, насока термоенергетика. Ги има прослушано и положено испитите од последипломските студии на Универзитетот Американ Колеџ, и е во фаза на изработка на магистерската теза со што треба да се стекне со титулата МБА. „Била ангажирана како секретар на International Geothermal School on Direct Application of Geothermal Energy“. Подолг период била вработена во Македонија Проект. Има изработено голем број проекти од секторот на термоенергетиката и термотехниката, а за одбележување се проектите за фабриката „Сокотаб“ (преработка на тутун), во Битола и Музејот на Холокаустот, во Скопје. Била ангажирана како помлад асистент во ГЕФ проектот на Светска банка. Била национален координатор на проектот WEBSEFF I, три години. Сега е раководител на меѓународниот проект IRECo, ЕУ проект за прекугранична соработка со Албанија. Ги поседува сите А овластувања за проектирање, ревизија, надзор и изведба на градби, сертификат за тренер на енергетски контролори, сертификат за завршена обука за ЦДМ проекти. И честитаме на изборот и ѝ пожелуваме многу успех во работата со МАЦЕФ! Потпишан договор со HEP-OI и EIHP После неколкумесечни подготовки за учество на тендер и преговори, потпишан е договор со Хрватското електростопанство во соработка со енергетскиот институт “Хрвоје Пожар“. Предметот на работа е дефинирање на реалниот енергетски потенцијал на обновливи извори, условите за инвестирање, законска регулатива, конкуренција, потенцијал за заедничко инвестирање во регионот. Предвидена е интензивна работа во траење од 6 месеци, а проектот трае цела година. Јавен повик за организирање обука на енергетски контролори Агенцијата за енергетика, во согласност со своите законски обврски, распиша јавен повик за пријавување на институции за организирање на обука на енергетски контролори. Очекуваме да бидеме овластени за обука на енергетски контролори од повеќе причини и тоа:  во тимот за обука ангажирани се професори од техничките факултети;  ангажираните обучувачи имаат меѓународни лиценци за тренери на енергетски контролори;  имаме искуство од спроведени поголем број на обуки за енергетски контролори и обука за енергетска ефикасност;  имаме договор за користење на меѓународен софтвер за енергетска контрола;  имаме договор за соработка со Институтот „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, кои се лиценцирани обучувачи во Хрватска. Откако Агенцијата ќе ја објави листата на овластени институции за обука на енергетски контролори, ќе ги известиме сите заинтересирани за плановите на МАЦЕФ во таа насока. Ние веќе обезбедивме потребна литература од Хрватска, а ќе ги

Како дел од обврските кон Центарот за развој на југозападниот плански регион за истражување на потенцијалите за искористување на ОИЕ, тимот на МАЦЕФ во месец декември изврши посети во различни објекти во неколку општини од Југозападниот плански регион, Струга, Вевчани и Пласница. Цел на посетата во Струга беше увид во основното училиште Браќа Миладиновци и неговите системи, за потребите на изработка на основен проект за пренамена на системот за греење со користење на биомаса. Увидот беше успешно извршен и во тек е изработката на проектот. (ИП)

Посета во ЈУДГ „Планински цвет“ во општина Вевчани

На 10-ти декември беше посетена градинката „Планински цвет“ во општина Вевчани. Ова беше втора посета на овој објект со што беше дефинирана изработката на основни проекти за искористување на ОИЕ. При посетата собрани се потребните податоци за изработка на основен проект за реконструкција на постоечка котлара во ЈУДГ „Планински цвет“ во општина Вевчани, со вградување на котел на биомаса – пелети. Посетата беше искористена и за средба со претставници на општината Вевчани, и за средба со претставниците на Центарот за развој на Југозападниот плански регион на Република Македонија. (СП)

Посета на училишта во општина Кичево и општина Пласница

На 12-ти декември тимот на МАЦЕФ го посети објектот во кој се сместени средните училишта „Мирко Милевски“ и „Дрита“ во општина Кичево. При посетата, тимот на МАЦЕФ беше придружуван од претставници на локалната самоуправа од општина Кичево, како и претставници на самиот објект. Целта на посетата беше да се оцени состојбата на објектот во целина, како и подетално да се анализираат системите во состав на објектот. Од овие системи, најголемо внимание беше посветено на системот за греење, затоа што кај овој систем од страна на сопственикот и корисниците на објектот беше забележано дека постојат определени проблеми. Крајна цел од оваа посета е изготвување на документ кој ќе ја дефинира енергетската состојба на објектот и ќе понуди решенија за остварување на енергетски и финансиски заштеди со целосна техно-економска анализа на понудените решенија. (ЖИ) Истиот ден беше посетено основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во општина Пласница. При посетата собрани се потребните податоци за изработка на основен проект за Реконструкција на постоечка котлара во училиштето, со вградување на котел на биомаса – пелети.(БК) Проект ИРЕКо - Отворено предавање Во рамките на меѓународниот проект ИРЕКо помеѓу Република Македонија и Албанија предвидена е реализација на 4 отворени предавања за зголемување на ЕЕ и искористување на ОИЕ, односно по 2 предавања на двете страни. На 17-ти декември, во Охрид, се одржа првото отворено предавање. Предавањето свечено го отворија лидерот на проектот Г-ѓа Јасминка Димитрова Капац и раководителот на Центарот за развој на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 129

Страница 3

Југозападниот плански регион, г-ѓа Мирјана Лозаноска. Предавачи беа тројца реномирани професори од техничките факултети, и тоа: проф. д-р Тодорка Самарџиоска - Градежен факултет Скопје, проф. д-р Славе Арменски - Машински факултет Скопје и проф. д-р Арсен Арсенов - Факултет за електротехника и информациски технологии од Скопје. Целни групи за кои се наменети овие предавања се: граѓаните, малите и средните претпријатија и општинската администрација. Целта на предавањата е да се доближи тематиката до целните групи, а и да се поттикне потребата од совесно и правилно искористување на енергијата и поголемо учество на ОИЕ во задоволувањето на секојдневните потреби за енергија. На предавањето имаше присутни претставници од сите три профили кон кои беше насочено ова предавање, кои во текот на предавањата активно се вклучија со свои забелешки и коментари. Значајно е да се спомене дека присутните беа добро упатени во обработуваните области, следствено на тоа, ги споделија и своите лични искуства при искористувањето на ОИЕ и искуствата во ЕЕ. На крајот од предавањето, на покажан интерес од присутните, лидерот на проектот г-ѓата Јасминка Димитрова Капац го најави второто предавање кое е предвидено да се одржи во општина Кичево. (ДТ) Тимот на МАЦЕФ заинтересиран за ИПА повикот за прекугранична соработка со Косово На 12-ти декември во Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, дел од тимот на МАЦЕФ присуствувше на официјалното јавно промовирање, а воедно и инфоден за ИПА повикот за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Косово. Во рамките на овој повик на двете страни на располагање им се 3,5 милиони евра. Министерот за локална самоуправа, г-дин Тахир Хани изрази задоволство од можноста и овој прекуграничен регион да биде корисник на средства од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка. На настанот говореа и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав, како и косовскиот мини-стер за локална администрација, Слободан Петровиќ. По официјалното отворање, претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Куманово, ги презентираа насоките за пријавување на повикот, кој е отворен до 20-ти јануари 2014г.. МАЦЕФ изразува интерес за оваа програма и се надева дека истата ќе придонесе кон поголем економски развој на прекуграничниот регион, особено во полето на енергетската ефикасност. (ЗТ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Правилник за формата и елементите кои треба да ги содржи мислењето за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата

„Службен весник на РМ“ бр. 171/2013 од 10.12.2013

Одлука за донесување на Енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2014 до 2018 година

„Службен весник на РМ“ бр. 185/2013 од 27.12.2013

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас

„Службен весник на РМ“ бр. 185/2013 од 27.12.2013

Закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина

„Службен весник на РМ“ бр. бр. 187/2013 од 30.12.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Утврдена Програмата за енергетска ефикасност на Крива Паланка за 2014г. Намалување на потрошувачката на енергијата под општинска управа и уличното осветлување во општина, намалувањето на буџетските трошоци, зголемување на инвестициите, како и позитивно влијание од аспект на заштитата на животната средина, се основните цели на Програмата за активности во областа на енергетската ефикасност на општина Крива Паланка за 2014 година. За спроведување на Програмата предвидени се активности со обука на вработените од општинската администрација и од локалните институции за енергетска ефикасност, замена на дел од уличното осветлување со штедливи и енергетски ефикасни светилки, реконструкција на кров, столарија и греење во детската градинка „Детелинка“, доизградба на енергетски ефикасна општинска зграда, замена на кровна конструкција во училиштето во село Луке и воведување централно греење во училиштето во село Мождивњак. За оваа намена потребно е да бидат обезбедени средства во висина од 11.900.00 денари кои ќе се обезбедат од ЕЛС, ЗЕЛС, Агенција за енергетика, МТСП, ИПА-Програмата, ЕУфондови и Министерството за образование. Повеќе (СП) Македонија ќе отвори фонд за ЕЕ Следејќи го примерот на голем број земји членки на ЕУ кои имаат оформено фонд за ЕЕ, Министерството за економија работи заедно со Светската банка на формирање на ваков фонд. Овој фонд ќе биде наменет за спроведување на мерки за зголемена енергетска ефикасност во јавните објекти. Финансиските средства кои ќе можат да се користат, ќе бидат обезбедени од повеќе страни, и тоа како инвестиции од државата и локалната самоуправа и како кредити од меѓународните финансиски институции. Се претпоставува дека инвестицијата за подобрување на енергетската ефикасност кај јавните објекти би била 95 милиони евра, а 12 милиони евра би требало да се вложат во енергетската контрола на објектите и подготовка на потребната документација. Повеќе... (ДТ)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 129

Страница 4 Анализа

Изолацијата може да направи заштеди во индустријата од 3,5 милијарди евра годишно Подобра изолација може да скуси 4% од вкупната потрошувачка на гориво и емисии во европската индустрија или заштеда од вкупно 3,5 милијарди евра годишно, вели необјавениот извештај на Ecofys консултантската куќа. Вкупниот потенцијал на енергетските заштеди изнесува 620 petajoules (PJ), што е еквивалент на 37 милиони тони на емисии на јаглероден двооксид, се вели во трудот „Заштита на климата со брзо време на поврат на средства“. „Ниската свест за потенцијалот на заштеда на енергија од индустриска изолација е изненадувачки“, вели директорот на Фондацијата за европска индустриска изолација. Студијата ги проценува трошоците на почетната инвестиција за изолирање на „голи“ индустриски површини и поправката на оштетената индустриска изолација на околу 900.000.000 евра. Но, времето на поврат на средства за поголемиот дел од таквите инвестиции беа под една година, а понекогаш и само неколку месеци. „Кога ќе се спомене изолација најчеста асоцијација што ја имаат луѓето се згради и фрижидери, но многу топлина се губи во индустриски процеси, бидејќи цевките и другата опрема не се воопшто изолирани или пак се изолирани, но не доволно“, вели научниот директор на Еcofys. Студијата заклучува дека максималната енергетска ефикасност или исплатливоста на трошоците во однос на изолацијата во индустријата се ретко земени во предвид. Повеќе... (ЗТ)

Новости од светот Гасоводот ТАП ќе започне со изградба во 2015г. Во 2014 година се планира објава на тендер за изградба на Транс-јадранскиот гасовод (ТАП), проект кој треба да пренесува гас од каспискиот регион, преку Турција во Европа, а изградбата е планирано да започне една година подоцна. Повеќе... (ИП) Владите на ЕУ не успеаа да се договорат за ограничувања на суровините за биогорива Министрите за енергетика од 28-те земји-членки на ЕУ не успеаа да се договорат за компромисен договор за да се ограничи употребата на транспортни горива направени од земјоделски култури кои се користат како храна. Критичарите велат дека употребата на овие култури за производство на биодизел, ги крева цените на храната и прави повеќе штета отколку добро за животната средина. Повеќе... (ИП) Донесена е конечната одлука за дистрибуција на гас од Азербејџан Гасот ќе биде дистрибуиран од гасното поле Шах Дениз 2 во Азербејџан преку Турција, Грција и Албанија па сѐ до Италија. Притоа, се предвидува дека вкупната инвестиција ќе чини околу 30 милијарди евра, а се очекува дистрибуцијата на гасот да започне на крајот од 2019 година и годишно во Европа ќе се дистрибуира 10 милијарди m3 гас. Еден од предусловите за потпишување на спогодбата беше и изборот на Транс јадранскиот гасовод за дистрибуција на гасот во Европа. Претседателот на Европската комисија, г-динот Хозе Мануел Баросо го поздрави потпишувањето на спогодбата и нагласи дека оваа спогодба претставува стратешки потег со кој се отвора уште една врата за поголема енергетска сигурност на Европа. Повеќе... (ДТ)

МАЦЕФ Ви препорачува

продолжува од предходниот број...

Зелена канцеларија Со примена на мерки за енергетска ефикасност при вашето работење, ќе трошите помалку енергија (гориво) за вршење на истата работа. Енергетската ефикасност во никој случај не е заштеда на енергија која што се одразува на квалитетот на работењето и на комфорот на вработените, туку паметна употреба на ресурси која не ги нарушува работните услови. Сите овие мерки се во насока на намалување на потрошувачката на енергија за добивање на иста количина на производ/услуга, која

резултира со пропорционално намалување на трошоците. • Ако бирате деловен простор без разлика дали тоа е купување или изнајмување, бидете сигурни дека објектот е енергетски ефикасен; • Заменете го осветлувањето. Почетната инвестиција во LED осветлување е значителна, но дефинитивно се исплаќа за определен период; • Редовно чистете ги светлосните тела со цел тие да бидат ефикасни. Поради нечиста светилка се добива понизок квалитет на светлина и послаб интензитет, а со иста потрошувачка на енергија; • Постојат голем број на можности за намалување на потрошувачката на гориво; • Исклучувајте ги светилките кога не се потребни. Често, светилките остануваат вклучени во текот на денот кога не постои потреба за тоа, а поради невнимание се случува да останат вклучени дури и кога вработените ќе си отидат дома. Постојат системи за управување со осветлување, кои можат да помогнат вашето осветлување да бидат поефикасно. (МК) Дали магијата од светилки може да стане кошмар?! Македонка Димитрова, генерален секретар на МАЦЕФ, ги советува граѓаните за опасноста од празничните светилки и дава совети за нивно безбедно користење за порталот Фактор мк.

“Покрај декоративната улога електричната енергија од светилките има и штедлива функција. Па така ако зборуваме за заштеда на електрична енергија, диодите штедат повеќекратно електрична енергија и векот на траење е многу подолг во споредба со обичните. Препорака би било да се внимава на класата на потрошувачка на енергија на украсните светилки како и на потеклото и угледот на произведувачот. За илустрација, квалитетни светилки и продолжни кабли може да чинат и до 10 повеќе во зависност од карактеристиките“. - вели

Димитрова. Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Изложба и форум на ЈИЕ за ЕЕ и Обновлива енергија 5-ти до 7-ми Март 2014г., Софија, Бугарија Оваа манифестација се одржува секоја година, веќе 10 години по ред. Организатор на настанот е Via Expo. Тема на настанот е подобрување на политиките за енергетска ефикасност и „зелена“ енергија на земјите од ЈИЕ. Повеќе... (ЗТ) FUCOTECH 2014 – Конференција за технологии кај горивата и согорувањањето 29-ти до 31-ти мај 2014г., Истанбул, Турција На оваа конференција ќе се истакнат неколку важни теми: подобрување на квалитетот на животот и заштитата на животната средина со ниски емисии на CO2, ефикасни технологии и апликации за ниска енергетска потрошувачка и постигнување на високи перформанси, конкурентно обновливо алтернативно гориво, нови технологии на мотори за согорување или нови извори на енергија. Повеќе... (БК) Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

129 infomacef