Page 1

Број 128

Ноември 2013

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец Ноември, очекувано, беше исполнет со многу манифестации од областа на енергетиката и енергетската ефикасност. Пред сe, ја информираме јавноста дека во тимот на МАЦЕФ е вработен во редовен работен однос уште еден млад колега гдин М артин Круш аров, дипл. ел. инж ., кој е при крај со изработката на својата магистерска работа. Му пожелуваме срдечно добредојде во нашата „фамилија“ (иако претходно веќе беше „на контрола“ како волонтер) и успешна соработка со колегите и нашите клиенти. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон неколку манифестации, а и наши задачи кои ги реализираме со голема посветеност: Активностите при реализација на проектот IRECo Недела на енергетска ефикасност - Карпош Европскиот ден на претприемачот Училишниот проект со ЕВН Македонија Во меѓувреме се реализираа голем број состаноци од кои ја одбележуваме презентацијата на: „СЗО прирачник за анализа на економските влијанија на климатските промени” и „Пилот студијата за проценка на економските влијанија на климатските промени во градот Скопје” (RAMSES), во организација на Светската здравствена организација, која се организираше на 14.11.2013г. Ние се приготвуваме за Годишното собрание кое е закажано за 20-ти декември во просториите на МАЦЕФ, но и интензивно ги реализираме обврските со меѓународниот проект РЕ-СЕЕтиес. Со посебен интерес вработените во МАЦЕФ го следеа предавањето на колегата Славко Митовски, кое се однесуваше на програм за пресметка на топлински загуби и добивки за згради и преставува еден голем чекор кон изработка на Македонски програм за користење при изработка на енергетски контроли. Веќе сме во декември, а динамиката се зголемува! Тоа е добро! Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Активности

на

МАЦЕФ

во

проектот

„ИРЕКо“

Во месец ноември тимот на МАЦЕФ продолжи со реализација на активностите од проектот ИРЕКо.

Активност 2 - Кам пања за подигнување на свеста на граѓаните во Југозападниот регион

По реализираниот прв состанок на партнерските организации, започнато е со реализација на предвидената кампања за подигнување на свеста на граѓаните за енергетската ефиксаност и искористувањето на обновливите извори на енергија во Југозападниот регион. Во моментов се работи на реализација на анкета на истата тема. Со оваа анкета се означува почетокот на кампањата. Резултатите од анкетата директно се поврзани со реализацијата на останатите активности (предавања, отворени денови и сл.) и претставуваат основа за формување на содржината на дел од печатените материјали кои ќе бидат изработени, како и за низа настани кои следат.

Активност 3 - Предавања за пош ироката јавност

Паралелно се работи на организирање на првото предавање наменето за пошироката јавност. Предавањето е поврзано со темата - Зголемување на ЕЕ и Искористување на ОИЕ. Предавањето ќе го одржат универзитетски професори еминентни во својата област, а ќе се одржи на 17-ти декември во Охрид. Во месец декември ќе биде реализиран и вториот состанок на партнерите во регионот Корча, Република Албанија.

И нф орм ативен состанок секретаријат“ од Струга

со

„Зедничкиот

технички

Тимот од МАЦЕФ кој е задолжен за реализација на проектот ИРЕКо, на 25-ти ноември одржа информативен состанок со претставници од Зедничкиот технички секретаријат од Струга (Joint Technical Secretariat Struga - JTS). Секретаријатот е задолжен за реализација на проектите од ИПА програмата помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Целта на состанокот беше запознавање на претставниците од JTS Струга со начинот и текот на реализацијата на активностите. (ДТ) Недела на енергетска ефикасност во о. Карпош Неделата на енергетската ефикасност, организирана од општина Карпош, а финасиски поддржана од ГИЗ, се одржуваше на неколку локации. Во богатата содржина во текот на целата недела активно беа вклучени и членовите на МАЦЕФ. Панел сесијата организирана од МАЦЕФ за Финансирање на проекти за енергетска ефикасност се одржа на 28-ми ноември. Модератор на оваа панел сесија беше проф. д-р Константин Димитров, чија задача беше да обезбеди и соодветни учесници, но и да презентира кои се Потенцијалите,

потребата и пречките при спроведување на мерките за енергетска ефикасност.

Учесници во дискусијата, со претходни куси презентации беа:

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 128

Страница 2

М-р Саша Максимовски со тема „Можности за финансирање и проектен менаџмент во енергетскиот сектор преку моделот на јавно приватно партнерство“; г-дин Стефан Поп Дучев со тема „Искуства од користење на ESCO и EPC модели – Проекти за искористување на биомаса“;

г-дин Здравко Стефановски со презентацијата „Финансирање на ЕЕ проекти – имплементација на GEF WB

проект“;

Д-р Љубиша Николовски, со тема „Потенцијал на Агенција

за поддршка на претприемништвото за Финансирање со ваучери“; и г-дин Драган Спировски (Finance-in-motion) и г-ѓа Соња Тасевска (ХАЛКБанка) со презентации на „Кредитни линии наменети за мерки за енергетска ефикасност“.

Европски ден на претприемачот и Недела на мали и средни претпријатија Под мотото „Паметно претприемништво“, на 31-ви октомври 2013г. по осми пат се одржа манифестацијата „Европски ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни претпријатија“. Настанот беше во организација на Европската бизнис асоцијација, како дел од глобалниот проект кој го организира Европската Унија на европско ниво. Целта на проектот е промоција на претприемништвото, креативноста и иновативноста, како и појаснување на претприемачите за поддршката која им е достапна преку разни форми за нивен развој достапни во националните, локалните и програмите на ЕУ. Со организацијата на Европскиот ден на претприемачот започна Европската недела на мали и средни претпријатија. Енергетската ефикасност – клуч за конкурентска предност на малите и средни претпријатија На 1.11.2013г., во рамките на Европскиот ден на претприем ачот , Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија организираше советување со горниот наслов. Покрај другите учесници од Универзитетите и ЕБРД, Проф. д-р К. Димитров имаше своја презентација со наслов „Единство на енергетската ефикасност/конкурентноста/ претприемништвото“.

Училишен проект на ЕВН Македонија

Надградба и подобрување на прирачници За оваа сезона на проектот се подготвуваат новитети и промени со цел да се подобри квалитетот на програмата и да се привлече интересот кај учениците. За таа цел МАЦЕФ направи дополнување и измена на материјалите за едукација. Се работи за два прирачника и нивно „освежување“. Направена е измена и дополнување на прирачникот за олеснето изведување на активностите, а во подготовка е и прирачникот за едукација, во кој се поместени теми за енергетска ефикасност, разумно користење на електричната енергија и извори на енергија. Прирачниците ќе бидат дел од „пакетчето за учење“ што ќе го добие секој ученик од Зелените енергетски клубови. Средба со градоначалникот на општина Сарај Со цел успешно спроведување на проектот и активно вклучување на сите целни групи, на 11ти ноември, МАЦЕФ заедно со партнерската организација КОНЕКТ и ЕВН Македонија остварија состанок со градоначалникот на општина Сарај, раководителот на КЕЦ за општина Сарај и директорот на училиштето „Дитурија“. Целта на состанокот беше одговорните детално да се запознаат со работните активности кои учениците ќе ги имаат во текот на полугодието, заедно со едукаторите од МАЦЕФ. Штедливи светилки за ОУ„Лирија“ – Скопје, за освоено 3-то место на национален квиз за енергетика На 20-ти ноември тимот на Училишниот проект му додели на ОУ „Лирија“ од Скопје штедливи светилки за осовоено 3-то место на

националниот квиз за енергетика. Квизот се одржа на 6-ти јуни во Струга и претставува последна активност на секоја сезона од проектот. Освен светилките, училиштето доби пофалница и благодарница за учеството во проектот. Благодарница доби и одговорниот наставник на зелениот енергетски клуб, а учениците кои учествуваа на квизот добија дипломи за освоено 3-то место. Честитки! (ЗТ) Посета на ЈУОДГ „Брешија“ во Дебар Како дел од обврските кон центарот за развој на југозападниот плански регион за истражување на потенцијалите за искористување на ОИЕ, тимот на МАЦЕФ беше во посета на општина Дебар. Целта на посетата беше увид во градинката Брешија и нејзините системи, за потребите на изработка на основен проект за систем за подготовка на СТВ со сончеви колектори. Увидот беше успешно извршен и во тек е изработката на проектот. (ИП) Обука за софтвер за енергетски анализи На 8-ми ноември, во просториите на МАЦЕФ, г.Славко Митровски, дипл.маш.инж, од општина Кисела Вода одржа предавање и презентација на софтвер за пресметка на енергетски параметри. Можностите кои ги поседува софтверот е определување на меѓусебното влијание на основните параметри потребни за енергетски пресметки на идни и постоечки објекти. Резултатите во софтверот се дадени како потреба од енергија, употреба на енергија и со коефициенти на пренос на топлина. Заштедите софтверот ги дава одделно за секој од мерките. Софтверот е лесен за користење и овозможува внесување на параметрите кои влијаат на употребата на енергија за секој од елементите кои го сочинуваат енергетскиот буџет. При вршењето на пресметки, секоја од зградите може детално да биде моделирана и притоа да се симулираат алтернативни решенија и мерки (МК). Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика

„Службен весник на РМ“ бр. 164/2013 од 27.11.2013

Закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција

„Службен весник на РМ“ бр. 164/2013 од 27.11.2013

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 128

Страница 3

Програма за обука и полагање на испити на енергетски контролори

„Службен весник на РМ“ бр. 161/2013 од 21.11.2013

Правилник за изменување на Правилникот за техничките прописи за изградба, одржување и безбедно функционирање на гасоводни системи од полиетиленски цевки за работен притисок до 10 BAR

„Службен весник на РМ“ бр. 157/2013 од 14.11.2013

Тарифник за максималната висина на надоместокот за вршење на енергетска контрола

„Службен весник на РМ“ бр. 145/2013 од 24.10.2013

Одлука за одобрување на Тарифникот за максималната висина на надоместокот за вршење на енергетска контрола

„Службен весник на РМ“ бр. 151/2013 од 04.11.2013

Одлука за одобрување на Тарифникот за максималната висина на надоместокот за учество на обука и полагање на испит и максималната висина на надоместокот за учество на обука за усовршување на енергетските контролори

„Службен весник на РМ“ бр. 151/2013 од 04.11.2013

Правилник за начинот на спроведување на постапките за одобрување на идеен проект, за измени во текот на изградбата, за промена на инвеститор, за издавање на одобрение за подготвителни работи, за издавање на решение за градбите од член 73 од Законот за градење, за реконструкција, пренамена, адаптација и за издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија согласно член 57 од Законот за градење на електронски начин

„Службен весник на РМ“ бр. 150/2013 од 31.10.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Презентација на публикација „Зелени работни места: Случајот на Република Македонија“ На 20-ти ноември во бизнис салата на скопскиот саем се одржа презентација на публикацијата Зелени работни места: Случајот на Република Македонија, подготвена од проф. Пеце Недановски. Изработката на публикацијата е дел од активностите на проектот „Енергетска ефикасност за секторот домување“, кој го спроведува „Хабитат Македонија“ со поддршка на УСАИД. (ИП) Потпишан меморандум помеѓу „Хабитат“ и Општина Прилеп за проектот на УСАИД за енергетска ефикасност на станбениот простор Градоначалникот на општина Прилеп, г-дин Марјан Ристески потпиша меморандумот за соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат“ кое го спроведува проектот на УСАИД за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување. Со примената на овој проект кој има тригодишна иницијатива за подобрување на резиденцијалната енергетска ефикасност во осум општини во Македонија, ќе им се помага на македонските домаќинства да го подобрат животниот стандард преку енергетското ефикасно домување. (СП) Повеќе...

Прес конференција за активностите поврзани со спроведувањето на Правилникот за енергетска контрола и Правилникот за енергетски карактеристики на згради Министерот за економија Ваљон Сараќини и директорот на Агенцијата за енергетика М-р Гечевски Лазар одржаа прес конференција за активностите поврзани со спроведувањето на Правилникот за енергетска контрола и Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Активноста пред сé, се однесува на реализацијата на Правилникот за енергетска контрола и Правилникот за енергетски карактеристики на згради, донесени од Министерството за економија во јуни 2013 година, односно на отпочнување на процесот на селекција на правните лица кои ќе спроведуваат обуки за физички лица т.е. енергетски контролори, односно ќе спроведуваат и дообуки за лицата кои се стекнале со звањето овластен енергетски контролор. Со донесување на Тарифникот за максималната висина на надоместокот за обука и полагање на испит како и усовршување на енергетските контролори, врз основ на компаративна анализа во која се опфатени пред се земјите во регионот, се утврдуваат надоместоците по горенаведените активности. (СП) Повеќе... Проект - опремување на лаборатории за научно истражувачка и апликативна дејност на Министерството за образование и наука на Република Македонија Свечено се промовираа лабораториите добиени од Владата на Република Македонија. Како дел од овој проект, набавени се 80 лаборатории од следните области: информатика, техничко технолошки, природно математички, Медицински, биотехнички, хуманистички, општествени науки. Меѓу лабораториите, има и лабораторија за мерење на еколошките параметри, лабораторија за контрола на природен гас, нафта, нафтени деривати и биодизел, како и лабораторија за испитување на енергетска ефикасност на објекти. (СП) Повеќе... Зголемена соработката помеѓу Република Македонија и Република Албанија во секторот енергетика На 28-ми ноември министерството за економија имаше средба со делегацијата на Албанија, односно со министерот за енергетика и индустрија Дамиан Ѓикнури. Целта на средбата беше преземање на взаемни активности за поттикнување на идна соработка на енергетски и инфраструктурни проекти, размена на искуства во делот на политиките и мерките во областа на индустриската политика во функција на зголемување на конкурентноста на индустриските субјекти, но и за актуелните и идни инвестициски проекти кои можат да придонесат за подобрувањето на економските односи помеѓу двете држави. (ДТ) Повеќе... Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница во посета на Република Македонија Директорот на Секретаријатот, заедно со министерот за еконимија, г. Сараќини, разговараа за повеќе теми од областа на енергетиката и тоа за имплементација на третиот пакет на законодавство на Европската унија за внатрешен пазар на електрична енергија и природен гас, активности во делот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, развој на инфраструктурни проекти и други енергетски проекти. (ДТ) Повеќе...

Анализа Нови напори на ЕУ да се оживее пазарот на кредити за емисии на стакленички гасови Дипломатите на ЕУ се согласија да започнат разговори за законскиот текст за поддршка на цените на кредитите за емисии на стакленички гасови на пазарот за тргување со емисии на Унијата (ЕТЅ), со што направија голем чекор напред. Функционерите од земјите членки ќе започнат преговори со Европскиот парламент и извршната Европска комисија околу планот за рамнотежа, кој има за цел да ја одложи продажбата на 900 милиони дозволи до крајот на оваа деценија.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 128

Страница 4

Комисијата сака да ја подигне цената на кредитите на пазарот, која сега е на ниво под 5 евра за тон, со цел да ги поттикне компаниите да ги намалат нивните емисии на стакленички гасови. (ИП) Повеќе...

• Користете

Како кoмпаниите за енергетска ефикасност им ја земаат работата на компаниите за производство и пренос на енергија Анализа покажува дека со подобра изолација, тројно застаклување и ефикасни котли за греење, новите домови може да ја намалат употребата на енергија до 90% и ова се добри вести за потрошувачите, но лоши за компаниите кои заработуваат од продажба на енергија. Незапирливиот нагон за ефикасност поттикнат од законските прописи во ЕУ и националните стратегии им поставува дилема на компаниите за производство и пренос на енергија. Дали да бараат профитабилен начин да им помогнат на потрошувачите да штедат енергија или да се обидат да го одбранат нивниот традиционален бизнис модел? Производите кои ги намалуваат сметките за греење, а со тоа и профитот на компаниите за производство и пренос на енергија вклучуваат топлински пумпи и котли со кондензат од познати германски производители, материјали со многу добри изолациони карактеристики од Белгија и прозорци со тројно застаклување кои ја задржуваат топлината од Франција. Според експертите, потрошената сума пари за енергија во домаќинствата не е сменета, туку само е распределена на различни снабдувачи. Се проценува дека во Германија, четирите големи компании ќе изгубат околу третина од нивните годишни профити од производство, или околу 2,5 милијарди евра до 2020 година поради промената на начинот на кој парите за енергија ќе се трошат. Тие веруваат дека новиот профит од извори за независно производство на енергија и енергетска ефикасност ќе изнесува од 3 до 4 милијарди евра годишно до 2020 година, но профитот на компаниите за производство и пренос на енергија во тој сектор најверојатно ќе биде помал од третина од таа сума, а остатокот ќе оди кај стручни институции за енергетска ефикасност и услуги. Слични се предвидувањата и проценките и за останатите држави во Европа. (МК) Повеќе...

• •

Новости од светот Самит за клима во Варшава На конференцијата на ОН за клима во Варшава учествуваа околу 200 делегации кои се обидуваа да се договорат во борбата против глобалното затоплување и помошта за земјите од Јужната хемисфера. На претставниците од 194 држави им требаше ден повеќе од предвиденото за да се усогласат околу завршниот документ. Спогодбата за придонесот на земјите беше конечно постигната на 23-ти ноември, по маратонските преговори. Со спогодбата се поставува темелот за ограничување на глобалното затоплување до два степена целзиусови во Париз во 2015 година. На преговорите успеа да се постигне консензус меѓу богатите и сиромашните држави за распределба на напорите во борбата против глобалното затоплување. Една од мерките што беше усвоена беше спогодбата за нови правила во заштитата на тропските шуми, кои го апсобираат јаглеродот двооксид со растот на дрвата. Преговарачите на крајот се согласија дека сите земји треба да дејствуваат за намалување на емисијата на штетни гасови, прикажувајќи го својот „придонес“. (МК) Повеќе...

МАЦЕФ Ви препорачува

Зелена канцеларија Со примена на мерки за енергетска ефикасност при вашето работење, ќе трошите помалку енергија (гориво) за вршење на истата работа. Енергетската ефикасност во никој случај не е заштеда на енергија која што се одразува на квалитетот на работењето и на комфорот на вработените, туку паметна употреба на ресурси која не ги нарушува работните услови. Сите овие мерки се во насока на намалување на потрошувачката на енергија за добивање на иста количина на производ/услуга, која резултира со пропорционално намалување на трошоците.

• •

• •

• •

• •

ги двете страни на хартијата кога печатите документи; Не фрлајте отпадна хартија во корпата за отпадоци, собирајте ја и фрлете ја во специјалните корпи наменети само за хартиени отпадоци; Избегнувајте печатење во боја секогаш кога тоа е можно; Сите работни верзии на документите печатете ги во „draft mode“ (со што се намалува потрошувачката на боја) При набавка на хартија, обидете се да купите рециклирана хартија или хартија која во најголем дел е направена од рециклирана хартија; Рециклирајте ги тонер касетите, не мора секогаш да купувате нови; Официјалната комуникација вршете ја преку e-mail (нема потреба да се печататат меморандуми и по пошта да се испраќаат сите работни верзии); Закачете ги на интернет страната сите упатства и правилници во „.pdf“ формат, наместо да ги печатите; Ако е возможно, обезбедете им на вработените колективен превоз до работа (ова е поефикасно, а и на вработените ќе им биде полесно); Ако имате потреба од набавка на службени автомобили, разгледајте ја можноста за купување на хибридни автомобили; Секогаш кога постои можност за организирање на видео конференција, искористете ја, наместо да патувате до далечни дестинации; Јавете се на компаниите овластени за собирање електронски отпад и предадете ги старите уреди наместо да ги фрлате во ѓубре или непотребно ги складирате; При купувањето на опрема направете паметен избор . Купувајте опрема која е со висок квалитет и која нема брзо да застари; Инсталирајте термостатски вентили на радијаторите и на тој начин може да заштедите до 20% енергија; Регулирајте ги системите за греење и ладење. Често, во канцелариите во зима е премногу топло, а во лето е премногу ладно, тоа е непотребно и неповратно се трошат огромни количини на енергија, а вработените ги отвораат прозорците за регулирање на внатрешната температура; продолжува... (МК)

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Форум - паметни енергетски мрежи и паметни градови 27-ми до 28-ми февруари 2014г. Варшава, Полска Истражете ги врвните студии изработени за градови кои се водечки во светот на одржливиот развој и енергетската ефикасност. Откривање на можностите за соработка на објектите и градовите кон создавање на паметни градови.(БК) Повеќе... 6-ти Форум за енергетска ефикасност 10 до 11 април 2014 Истанбул, Турција Темата на овогодишната конференција е откривањето на можните начини кон максималната достапност на енергијата, оптимизирање на енергетските мрежи, воведување на врвни енергетски ефикасни технологии. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

128 infomacef