Page 1

Број 127

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Октомври беше исполнет со настани поврзани со енергетиката, кои мораше да ги реализираме со зголемена динамика. Меѓународните проекти во кои сме вклучени како партнери или како раководители, се одвиваат според предвидувањата со висока посветеност на учесниците. Не се помали и задачите кои ги реализираме во Македонија. Особено е од значење ангажирањето на стопанството во испитување на новите материјали што се нудат на нашиот пазар, а се од секторот на енергетската ефикасност. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон неколку наши активности: Завршни работи во изработката на студијата за ОИЕ за ЈЗПР Термографско испитување на нови материјали Изработка на концепт методологија за енергетска проверка на болници Активности од проектите „RE-SEEties“ и „IRECo“ И како секогаш ве повикуваме да ни испратите вести за ваши УСПЕСИ. Не сакаме да пишуваме за лоши работи. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Студија за примена на алтернативни извори на енергија во Југозападниот плански регион на Р. Македонија Активностите и подготовката на студијата за определување на потенцијалот за искористување на ОИЕ во Југозападниот регион во месец октомври се случуваат со забрзано темпо. МАЦЕФ ја подготвува оваа студија заедно со еминентни познавачи на обновливите извори на енергија, професори - екперти од неколку технички факултети од нашата земја, како и организации кои долго време работат во

оваа дејност. Во активностите за подготовка на студијата учествуваат и самите општини кои со своите ресурси помагаат во локалното истражување и прибирање на дополнителните податоци. Се очекува до средината на месец ноември оваа студија веќе да биде финализирана при што нејзините резултати би биле презентирани пред Центарот за развој на Југозападниот плански регион и претставниците на општините од регионот. (ЖИ) Подготовка на концепт методологија за енергетски проверки во болници Кон крајот на месец октомври, беше финализирана нацрт методологијата за енергетски проверки во здравствените институции, која во претходните два месеца беше подготвувана од страна на МАЦЕФ. Оваа нацрт методологија е подготвена на барање на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Македонија со цел да се создаде поттик, но и да се направи напор за поголема ангажираност на раководството на здравствените установи во процесот на енергетската ефикасност и подобрување на работните услови во здравствените установи. За подготвување на документот се искористени досегашните искуства и методи на работа користени од МАЦЕФ, потоа искуства и методологии од повеќе европски земји, како и искуства и методолошки подлоги од повеќе земји од светот. Се надеваме дека нацрт методологијата за енергетски проверки во здравствените установи ќе биде прифатена и редовно употребувана од оние за кои е наменета, и дека сета оваа активност ќе придонесе за подобрување на условите во нашето здравство. (ЖИ) Термографско снимање на ѕид со различни видови на топлинска изолација На 24.10.2013г, во Маврово, за потребите на инвеститорот ТЕТРАКТИС стручни лица од тимот на МАЦЕФ спроведоа дијагностички мерења со термовизиска камера на испитна инсталација во вид на затворена просторија, составена од три урнеци на надворешна изолација. Беше извршено термографско снимање на загуби на топлина преку температурски полиња и беше извршена анализа на состојбите во зависност од добиените резултати. Целта на овие мерења беше да се испитаат топлинските (изолациони) карактеристики на нов вид на градежен материјал – малтер. Мерењата, како и севкупната анализа беше успешна и притоа се добија значителни вредни резултати. (ИП) WEST BALKANS INVESTMENT FRAMEWORK STRATEGY На 8-ми октомври се одржа Семинар „Опции за финансирање со цел реализирање на Акцискиот план за енергетска ефикасност“. Носители на семинарот беа Секретаријатот на Енергетската заедница од Виена и IFI Coordination Office. Основни теми беа: - Преглед на клучните аспекти и очекувања од вториот НАПЕЕ и потреби за финансирање; - Обврски во рамки на Договорот за основање на Енергетската заедница и Акциските планови за енергетска ефикасност (АПЕЕ) на Република Македонија - Финансирање на обврските за енергетска ефикасност: * Финансиски и фискални механизми * Реализација на целите за енергетска ефикасност: Механизми за јавниот и приватниот сектор * Промоција на енергетската ефикасност: Јавни институции

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 127

Страница 2 комунален отпад на Нитра, Иванич Град, општина Потенца, јавниот сервис за енергетско управување на Харгита, од Романија и др. На настанот од МАЦЕФ присуствуваа г. С. Паневски, проектен раководител и Ј.Димитрова Капац, технички експерт во проектот. Членовите на МАЦЕФ, како и во Птуј, Словенија, ја претставија студијата на случај на Град Скопје и СЕАП на градот. Членовите на МАЦЕФ исто така земаа активно учество на дискусијата која произлезе во рамки на состанокот. (СП)

Претседателот на МАЦЕФ, проф. К. Димитров ја презентираше програмата на вториот НАПЕЕ, како носител на овој проект, а подготвен за потребите на министерството за економија.

Активности на МАЦЕФ во проектот RE – SEEties Работен состанок „Рецензија и состанок со засегнати страни“ во Птуј, Словенија На 2-ри октомври 2013 година се одржа работен состанок со наслов „Рецензија и Состанок со засегнати страни“. Состанокот се одржа во хотелот „Мјузикафе“ во Птуј, Словенија. Организатор на овој настан беше ЗРЦ Бистра Птуј од Словенија. Состанокот е дел од проектот РЕСЕЕтиес – Кон поефикасна употреба на ресурси во урбани заедници во Југоисточна Европа. Партнери на проектот се организации од осум држави, меѓу кои и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Град Скопје. На состанокот присуствуваа словенечките засегнати страни во проектот РЕ-СЕЕтиес, меѓу кои и претставници на општината на Птуј, Јавната служба на Птуј, ЗРС Бистра Птуј, Град Нитра, Иванич Град, јавниот сервис за енергетско управување на Харгита од Романија итн. На настанот од МАЦЕФ присуствуваа г. С. Паневски, проектен раководител и Ј. Димитрова Капац, технички експерт во проектот. Тие има своја презентација за Студија на случај за Град Скопје и стратешкиот документ на градот, СЕАП на Град Скопје. Членовите на МАЦЕФ земаа најактивно учество на дискусијата која произлезе во рамки на состанокот. (СП) Посета на депонијата „Церо Гајке“ во Птуј, Словенија Во рамки на посетата на членовите на МАЦЕФ во Птуј, Словенија, на 2-ри октомври 2013 година беше направена посета на службата за собирање и транспорт, како и обновување и отстранување (депонирање) на комуналниот отпад во регионот околу градот Птуј – Церо Гајке. Вработените во Церо Гајке при посетата го објаснија работењето на службата во сите фази – собирање и транспорт на комуналниот отпад, рециклирање, преработка, намалување и депонирање на комуналниот отпад. Намалувањето на отпадот кој се депонира е од клучно значење, затоа што истиот, поради капацитетите, се носи на обработка во Австрија. Поради тоа, ова прашање има многу битно значење и за истото се посветува значително внимание во Словенија. Научените практики од оваа посета е пожелно да се применат и во останатите земји од регионот на Југоисточна Европа. (СП) Работен состанок „Рецензија и Состанок со заинтересирани страни“ во Нитра, Словачка На 29-ти октомври 2013 година се одржа работниот состанок со наслов „Рецензија и состанок на засегнати страни“. Состанокот се одржа во хотелот „Микадо“ во Нитра, Словачка. Организатор на настанот беше градот Нитра од Словачка. На состанокот присуствуваа словачките засегнати страни од проектот РЕ-СЕЕтиес, меѓу кои и градоначалникот на Нитра, г. Јозеф Двонч, претставници на Словачкиот Универзитет за земјоделство, Енергетскиот центар од Братислава, претставник на асоцијацијата за земјоделска биомаса, Услуги за

Посета на постројка за компостирање и пречистителната станица за отпадна вода на градот Нитра Во рамки на посетата на Нитра во Словачка, на 29-ти октомври тимот на МАЦЕФ ја посети постројката за компостирање на градот Нитра. Постројката е новоизградена и има капацитет за обработка на 16000 тони материјал и произведува 9000 тони компост. Компостот не се продава, туку градот го користи како дополнително ѓубриво за јавните области, паркови итн. Технологијата која е користена е иновативна и ги следи најновите трендови во областа. Компостот се создава на повисока температура и релативно брзо. Постапката трае осум недели. Како материјал се користат органските материјали кои се добиваат при одржување на јавните области и паркови, како и од дворовите на жителите. Постројката за компостирање е позиционирана веднаш до пречистителната станица за отпадни води. Поради тоа, приликата беше искористена да се направи посета на истата. Пречистителната станица е значително модернизирана во 2004 преку проект финансиран од Европската Унија (ИСПА). Сегашниот зголемен капацитет е 212000 еквивалентни жители. Интегриран дел од пречистителната станица претставува и добивањето на биогас и истиот се користи во постројки за когенерација кои се дел од станицата. Топлината која притоа се добива, се користи за процесите во пречистителната станица. (СП)

Активности на МАЦЕФ во проектот „ИРЕЦо“

Во периодот од 8-ми до 9-ти октомври во Елбасан, Република Албанија се одржа обука за раководење на проекти финансирани од ЕУ, во организација на Заедничкиот технички секретаријат од Елбасан (Joint Technical Secretariat Аntena – Elbasan). Предавачи на обуката беа претставници од Европската делегација во Скопје, Европската делегација во Тирана, Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и околу триесетина организации од двете држави како потписници и спроведувачи на проекти. Главната цел на обуката беше запознавање на организациите спроведувачи на меѓународните проекти, со обврските кои произлегуваат од самите проекти. МАЦЕФ на обуката учествуваше со свои претставници, кои се дел од тимот задолжен за реализација на меѓународниот проект „Зголемување на енертската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија во меѓуграничниот регион (ИРЕЦо)“. Овој проект е дел од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, во реализацијата на проектот се вклучени 4 организации од двете држави, и тоа од Република Македонија МАЦЕФ како лидер на проектот, Центарот за развој на Југозападниот плански регион - Република Македонија и две организации од Република Албанија Албанија: ЕУ Центар за енергетска ефикасност – ЕЕЦ и Регионалниот совет на регионот Корча. (ДТ)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 127

Страница 3

Проект ИРЕЦо - Почетен состанок и конференција за медиуми На 24-ти октомври во хотел Милениум Палас, Охрид се одржа почетен состанок и првата конференција за медиуми за меѓународниот проект „Зголемување на ЕЕ и искористување на ОИЕ во меѓуграничниот регион“ (ИРЕЦо). Организацијата на настанот беше на МАЦЕФ и Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а присуствуваа и претставници од здружението „Албанија - ЕУ Центар за енергетска ефикасност – ЕЕЦ“ од Република Албанија. Настанот беше медиумски покриен од страна на неколку локални и национални медиуми. Состанокот започна со конференција за медиуми, а продолжи со работниот дел од настанот. На конференцијата за медиуми лидерот на проектот, г-ѓа Јасминка Димитрова Капац од МАЦЕФ ги претстави целта на проектот, планираните активности кои ќе се спроведат во двете држави, целните групи кон кои е насочен проектот, како и резултатите кои се очекува да бидат постигнати на крајот од проектот. Истотака, изјава за медиумите даде и г-ѓата Мерита Ламлари, правен советник во здружението Албанија - ЕУ Центар за енергетска ефикасност – ЕЕЦ. Во работниот дел од настанот од страна на претставниците од партнерските организации беа направени куси презентации за секоја од организациите вклучени во проектот. Целта на состанокот беше подетално запознавање на партнерските организации и распределба на работните обврски, потоа беа дефинирани почетните активности и временските периоди во кои ќе се реализираат истите. Првите активности на проектот на кои активно се работи, се спроведување на кампања и обуки за општинската администрација на општините во меѓуграничниот регион. Почетокот на кампањата е предвиден со спроведување на анкета за моменталната состојба во областите примена на мерки за ЕЕ и искористувањето на ОИЕ, вклучително и областа заштита на животната средина во меѓуграничниот регион. На крајот од состанокот беше договорено во месец декември да се организира еден состанок во регионот Корча во Албанија, каде што ќе се направи презентација на проектот во Република Албанија. (ДТ) Работилница – лица одговорни за програм за неформално образование во рамките на мрежата на Сојузот за развој на образование на возрасни во Република Македонија З. Таревска од МАЦЕФ учествуваше на тродневна работилница

финансирани од ЕУ достапни за Македонија; Практични примери (предизвици) од претставници на организации кои веќе акредитирале или верификувале програми. (ЗТ)

Училиш ен проект на ЕВН М акедонија

Координативен состанок на партнерите во проектот На 29-ти октомври во просториите на партнерската организација КОНЕКТ, се одржа почетниот координативен состанок на Училишниот проект на ЕВН Македонија. МАЦЕФ, заедно со КОНЕКТ, Младински совет од Охрид, Планетум од Струмица и Жетва на знаење од Прилеп се долгогодишни партнери на овој проект и соработката ја продолжуваат и оваа година. На состанокот се разговараше за овогодинешниот тек на спроведување на активностите. Проектот ќе се реализира преку основање на училишни клубови – секции во 12 основни училишта во општините Сарај, Струга, Кичево, Ресен, Босилово, Струмица, Прилеп, Долнени. Секциите ќе бидат отворени за сите ученици од 4-то до 6-то одделение, кои ќе сакаат да се приклучат. Основањето на секциите ќе биде потпомогнато од страна на едукаторите од партнерските организации во проектот. Во текот на учебната година ќе се реализираат 15 работилници во секоја секција. Учениците во секцијата, покрај работилниците ќе вршат следење на трошењето на електрична енергија во училиштето. На база на наодите од мерењата, учениците ќе може да следат колку нивното училиште троши енергија и ќе бидат охрабрувани да предлагаат и спроведуваат активности за разумно користење на електричната енергија. Новитет од оваа година е тоа што во рамки на активностите учениците ќе спроведуваат јавна кампања за енергетска ефикасност/заштеда на електрична енергија. Секој ученик ќе добие брендиран комплет за учење, којшто ќе се состои од новоподготвени проектни материјали и тоа: Прирачник што ќе го содржи едукативниот материјал од работилниците; Водич за правење кампања што ќе содржи насоки за обмислување на кампањата како и претходно подготвени проектни материјали што се достапни во потребните количини и други подароци. Во рамки на проектот, а на наше големо задоволство, на почеток од месец октомври, ОУ „Дитурија“ од Сарај, како победници на националниот квиз од предходната сезона ја добија својата награда - посета на ХЕЦ Матка. МАЦЕФ е горд на учениците за покажаниот интерес и успешноста на училиштето. (ЗТ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

наменета за организациите кои работат на полето на образованието на возрасни/неформално образование/ доживотно учење, од 7-ми до 9-ти октомври во Охрид. Сојузот за развој на образование на возрасни заедно со Институтот за развој на заедницата од Тетово ја организираа работилницата со цел вмрежување, запознавање со активностите на организациите кои работат во областа на образованието на возрасни и неформалното образование, како и размена на практики и искуства. На работилницата учество земаа претставници на организации и институции понудувачи на неформално образование кои се директно вклучени во спроведување на програми за неформално образование и доживотно учење. МАЦЕФ е дел од организациите кои нудат неформално образование и надоградба на возрасни и млади, но е заинтересиран официјално да ја верифукува својата програма. Со таа цел и обезбеди присуство на оваа работилница. Учесниците на работилницата беа запознаени со следниве теми: Законска рамка и институции за образование на возрасни во Република Македонија; Процедури за верификација на програми за неформално образование; Акредитација на програми од страна на Министерството за образование и наука; Програми

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 127

Страница 4

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ ВИДОВИ НА ПОСЕБНИТЕ ИЗВОРИ НА БУЧАВА КАКО И УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПОСТРОЈКИТЕ, ОПРЕМАТА, ИНСТАЛАЦИИТЕ И УРЕДИТЕ КОИ СЕ УПОТРЕБУВААТ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР ВО ПОГЛЕД НА ЕМИТИРАНАТА БУЧАВА И СТАНДАРДИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД БУЧАВА(*) „Службен весник на РМ“ бр. 142/2013 од 17.10.2013 УРЕДБА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ И УСЛОВИТЕ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ПРИРОДЕН ГАС, НАЧИНОТ НА СНАБДУВАЊЕ СО ПРИРОДЕН ГАС ВО ОВИЕ УСЛОВИ, МЕРКИТЕ ШТО СЕ ПРЕЗЕМААТ ВО СЛУЧАЈ НА КРИЗНА СОСТОЈБА, КАКО И ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ДЕЈНОСТИ „Службен весник на РМ“ бр. 1143/2013 од 21.10.2013 ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ „Службен весник на РМ“ бр. 145/2013 од 24.10.2013 ДОГОВОР ЗА УРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУСЕБНИТЕ ПРАВА И ОБВРСКИ НА ОПШТИНИТЕ ВЕЛЕС, ГРАДСКО, ДЕМИР КАПИЈА, КАВАДАРЦИ, ЛОЗОВО, НЕГОТИНО, РОСОМАН И ЧАШКА КОИШТО ФОРМИРАЛЕ ЗАЕДНИЧКО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ „Службен весник на РМ“ бр. 146/2013 од 25.10.2013 ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИДЕЕН ПРОЕКТ, ЗА ИЗМЕНИ ВО ТЕКОТ НА ИЗГРАДБАТА, ЗА ПРОМЕНА НА ИНВЕСТИТОР, ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ, ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ГРАДБИТЕ ОД ЧЛЕН 73 ОД ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ, ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА, ПРЕНАМЕНА, АДАПТАЦИЈА И ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА УПОТРЕБА ЗА ГРАДБИТЕ ОД ПРВА КАТЕГОРИЈА СОГЛАСНО ЧЛЕН 57 ОД ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ НАЧИН „Службен весник на РМ“ бр. 150/2013 од 31.10.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Формирано заедничко одделение за енергетска ефикасност на општините од вардарскиот плански регион 8-те општини од Вардарскиот плански регион, со заедничка одлука на градоначалниците, формираа заедничко одделение за енергетската ефикасност. Одделението ќе има надлежност за спроведување активности од областа на енергетската ефикасност за општините Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Градско, Д.Капија, Росоман и Лозово. (ИП)

И м честитам е на опш тините од вардарскиот плански регион и ги повикувам е останатите опш тини од М акедонија да го следат нивниот прим ер!

Конференција „Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот“ На 9-ти октомври во хотел Stone Bridge во Скопје, фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организацијата „Аналитика“ одржаа конференција на тема: „Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот“. Целта на конференцијата беше да овозможи заедничка платформа на која државните институции, општините, граѓанските организации, донаторите, фирмите од Македонија ќе дискутираат за значењето на снабдувањето со енергија во Македонија и регионот, за политиките, можностите и решенијата за справување со истата на ефикасен и соодветен начин. Намерата на оваа конференција беше да придонесе кон зголемување на свеста кај политичките субјекти и пошироката јавност за важноста на ова прашање и за потребата од негово решавање на ефикасен начин. (БК)

Анализа

Aнкета на ЕУ открива „огромни разлики“ во националните политики за енергетска ефикасност Експертска студија откри големи разлики во амбициите и природата на политиките за енергетска ефикасност кои се спроведуваат во 28-те членки на ЕУ. Студијата со наслов „Еnergy Efficiency Watch analysis“, која беше спонзорирана од Европската Унија, интервјуираше 80 експерти и собра 655 прашалници пред да заклучи дека „огромна разликата“ помеѓу политиките на европските држави треба да се надмине со хармонизација и интеграција на политиките. Во некои земји членки спознавањето на економските, социјалните, политичките и придобивките за животната средина од енергетската ефикасност повлекува амбициозна легислатива и програми за финансирање“ се вели во извештајот, „додека други земји членки одвај го реализираат минимумот пропишан според Европските Директиви (а понекогаш дури и помалку од тоа)“. (МК) Повеќе...

Новости од светот

Земјите кандидати за членство во ЕУ составија листа на потребни енергетски инфраструктурни проекти на балканот Министрите на Енергетската заедница задолжени за енергетика, отсликувајќи еден неодамнешна иницијатива на ЕУ со која се идентификувани 248 проекти од заедничко значење за Унијата, усвоија листа на 35 енергетски проекти во регионот на балканот. Повеќето од 35те избрани проекти се од важност за повеќе од една од балканските земји, и се однесуваат на производство на електрична енергија и инфраструктура поврзана со електрична енергија, гас и нафта. Некои од проектите се однесуваат на соседите - земји членки на ЕУ, како што се Грција, Романија и Италија.(ИП) Повеќе...

Занимливости

Корисни информации за енергијата од ветерот • Во својот животен век од околу 20 години, ветерната турбина има „фактор на искористување“ помеѓу 3000 % и 8200%. Тоа значи дека турбината произведува 30 до 82 пати повеќе енергија отколку што е потребно за нејзината изработка, доставување, користење и размонтирање. • Бучавата од ветерните електрани на оддалеченост од 350 метри вообичаено има интензитет како шепотењето на луѓето и не е штетна за околината. Турбина со висина од 78 m при брзина на ветер од 12-14 m/s произведува звук со јачина од околу 41 dB (за споредба: нормалниот разговор генерира звук со јачина од 50 dB). • Птиците не летаат во близина на ветерните велектрани. • Ветерните електрани се енергетски постројки кои имаат нулта емисија на штетни гасови. • Енергијата од ветерот во Европа се користи повеќе од 800 години. (МК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.re-seeties.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Конгрес и саем за енергетската ефикасност и обновлива енергија за Југоисточна Европа 5 - 7 март 2014, Софија, Бугарија Овој конгрес за енергетска ефикасност и обновлива енергија овозможува на едно место да се соберат сите релевантни учесници од регионот: од енергетскиот сектор, енергетски оператори, градежната индустрија, финансиската и државната администрација. Ќе се потенцираат најдобрите еколошки практики и ќе се обликуваат предизвиците кои го очекуваат енергетскиот сектор во Југоисточна Европа. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски, М. Крушаров и Д. Ристовски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

127 infomacef