Page 1

Број 126

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

 Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ – НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА 2013  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси и совети  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Септември е исполнет со настани поврзани со енергетиката, а можеби тоа е единствено наш заклучок, заради големиот број наши реализирани обврски во овој месец. Основен настан, кој нé преокупираше во изминатите месеци беше организирањето на традиционалната манифестација „Недела на енергетика“. Традиционална затоа што ја организираме по 9-ти пат! Горди сме што успеваме да го привлечеме вниманието на колегите од овој сектор. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон неколку наши активности:

Недела на енергетика 2013 – „Енергија и енергетско искористување на отпад во урбани заедници“ Дебатата за Усогласеност на законите со подзаконската регулатива Унапредување на енергетската ефикасност кај претпријатијата Активности од проектот „RE – SEEties“ Студија за искористување на ОИЕ за Југозападниот плански регион. ИПА II

- Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

„НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА 2013“

Конференција „Енергија и енергетско искористување на отпад во урбани заедници“ и Дебата „Усогласеност на законите со подзаконската регулатива“ На 11-ти септември, во хотел Арка во Скопје, се одржа конференцијата „Енергија и енергетско искористување на отпад во урбани заедници“, која претставуваше и централен настан на традиционалната манифестација „НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2013“. Традиционално, по деветти пат МАЦЕФ ја организира оваа манифестација која од година в година е сé повеќе посетена, а тоа зборува за значењето на настанот и темата. Конференцијата ја отворија и ги поздравија присутните, министерот за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија, г. Абдилаќим Адеми, градоначалникот на Град Скопје, г. Коце Трајановски и оперативниот раководител на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија г. Мартин Клауке. Говорниците се согласија и истакнаа дека градскиот смет за Р. Македонија не е ѓубре туку вредна енергетска суровина. Со спроведување на мерките за подобра животна средина, градот Скопје со своите стратешки документи (СЕАП) и програма за ЕЕ, придонесува за подобрување на животната средина во градот. Основна цел на конференцијата беше да се овозможи подобра видливост за потребата и можноста за енергетски ефикасно искористување на отпадот во урбаните заедници преку најдобри практики, со презентирање на локалниот стратешки документ СЕАП на Град Скопје.

Ја започнавме изработката на студијата за потенцијалот на обновливи извори на енергија во југозападниот плански регион. Посебен предизвик е изработката на 5 основни проекти за користење на овие ресурси на 5 различни локации. Од посебно значење за Македонија е новиот циклус за користење на финансиски средства од ЕУ, преку претпристапните фондови. Ако се приготвиме на време како друштво, секој со своите надлежности и капацитети, сигурно ќе успееме да привлечеме значителни финасиски средства како поддршка на развојот на нашето стопанство. И како секогаш, Ве повикуваме да ни испратите вести за ваши УСПЕСИ. Не сакаме да пишуваме за лоши работи. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net

Галерија НЕМ 2013 Задача на оваа конференција беше и развивање на дискусија за можноста за подобрување на надлежностите на општините во Југоисточна Европа, за интегриран начин на креирање политики и стратешко планирање во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и искористувањето на отпадот. Конференцијата поттикна размислувања во насока на промена на начините на потрошувачка и промени во побарувачката со иновативни решенија, алатки и стимуланси во однос на енергетското користење на отпадот. Настанот привлече голем број на засегнати страни во однос на темата како експерти, претставници на министерства и локалната самоуправа, претставници од невладиниот сектор, финансиски институции,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 126

Страница 2

донатори и регулатори. Посетата и интересот за настанот зборуваа за актуелноста на темата и предизвикот пред кој се наоѓа Република Македонија за да се справи со сметот во урбаните заедници по пример на големите градови. Настанот е дел од активностите на меѓународниот проект „РЕ – СЕЕтиес“ финансиран од ЈИЕ програмата на ЕУ. (ЗТ)

(МАЦЕФ) ги прикажа добрите пракси кои се реализирани или треба да се реализираат во Македонија (а е добро да се повторат) кај потрошувачите/производителите на топлинска енергија. Три компании презентираа успешна реализација на проекти за ЕЕ. Во вториот дел беше претставена можноста за финансирање со ваучери (Агенција за поддршка на претприемништво), проектот за индустриски менаџмент (УСАИД) и проектот за ЕЕ во индустријата (ГЕФ/УНИДО). 6 домашни банки ги претставија своите програми за финасирање на проекти од секторот на енергетската ефикасност. Следуваше многу корисна дискусија.

Дебата „Усогласеност на законите со подзаконската регулатива“ Завршен настан на овогодинешната манифестација „Недела на енергетика Македонија 2013“ беше дебатата за усогласеноста на законската со подзаконската регулатива, особено дефинирањето на разликите меѓу елаборатите и проектите, а се одржа на 18-ти Септември во Свечената сала на Град Скопје. Настанот беше под покровителство на Министерството за економија, а го организираше МАЦЕФ во соработка со Град Скопје. Настанот се одвиваше во два дела, првиот дел претставуваше едночасовно излагање на темата од страна на поканетите говорници, а во вториот дел се разви дискусија помеѓу присутните. На настанот учествуваа Проф. Д-р Константин Димитров, претседател на МАЦЕФ, г-дин Андон Киров, Сектор за енергетика при Министерството за економија, г-дин Зоран Бошев, раководител на одделението за оцена на влијание врз животна средина од Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, и Доц. Д-р Даме Димитровски, претставик од Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Главна цел на оваа дебата беше да се поттикнат надлежните министерства да усогласат одредени обврски кои произлегуваат од Законските одредби а се разработени во повеќе Правилници, Уредби и сл. Се укажа на значителна недоследност и преклопување на надлежности, како и неусогласеност на овластувањата кои ги администрира Комората на овластени инженери и архитекти. Во дискусијата со свои размислувања се вклучија поголем дел од присутните на настанот. Дел од дискутантите нагласија дека во Република Македонија потребно е да се воведе посебен закон за енергетска ефикасност; беше поставено прашањето кои профили на инженери ќе можат да добијат сертификат за енергеткси контролор, како и тоа дали таквиот сертифициран енергетски контролор ќе може да изработува елаборат за ЕЕ или пак ќе треба да поседува лиценца од Министерството за економија; дали тоа ќе биде елаборат или проект. Г-динот Бошев во неколку наврати се обиде да ја објасни разликата помеѓу проект и оценка за животна средина, како и тоа дека е потребно да се направи разлика помеѓу уверенијата кои ги издава Министерството за животна средина и овластувањата кои се добиваат од Комората на овластени архитекти и овластени инженери. (ДТ) Повеќе за настаните може да прочитате на energyweek.mk

Состанок на Управниот одбор на РЕ-СЕЕтиес, во Скопје Дел од настаните беше и состанокот на Управниот Одбор на проектот кој се одржа во хотел Арка на 11-ти септември. На состанокот присуствуваа дванаесет партнери на проектот од осум држави, меѓу кои пет беа претставници на градските администрации во своите држави. На состанокот се дискутираше за досегашните активности, како и активностите кои следуваат во наредниот четиримесечен период (до крајот на оваа календарска година). Се дискутираа и останатите административни обврски, како и процесот на Стратегијата за капитализација на Програмата за транс-национална соработка во Југоисточна Европа. Проектот РЕ-СЕЕтиес е носител на една приоритетна оска во овој процес на капитализација. Името на оваа оска е „Заедници со ниска емисија на јаглерод“. Повеќе за овој процес можете да дознаете од следниот линк. (СП)

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ПРЕТПРИЈАТИЈАТА Во организација на Министерството за економија и ЕВН Македонија, на 12-ти септември, во Александар Палас, се одржа работилница со горниот наслов. Првиот дел беше предвиден за дефинирање на мерки за подобрување на ЕЕ кај претпријатијата, а вториот за можностите за финансирање на овие мерки. После поздравните говори на министерот Валон Сараќини и претседателот на УО на ЕВН Македонија Вернер Хенгст, беше презентирана законодавната рамка поврзана со ЕЕ во индустријата од страна на претставникот на Министерството за економија, како и трендовите и предизвиците кои се пред ЕВН. Стручниот дел го започна проф. д-р Горан Рафајловски (ФЕИТ), со примери од делот на примена на ЕЕ кај електромоторните погони. Проф. д-р Константин Димитров

Трета транснационална експертска работилница на проектот РЕ-СЕЕтиес Како дел од активностите на проектот, на 11-ти и 12-ти септември се оддржа третата транснационална експертска работилница насловена како „Вградување на резултатите од проектот во националните и ЕУ политики“. На настанот присуствуваа претставници од сите партнери вклучени во проектот. Лидерите на работните пакети ги презентираа резултатите од сите досегашни активности на проектот, како и насоките за работа во следниот период. Притоа, документот кој го приготвија членовите на тимот

Активности од проектот „RE – SEEties“ Состанок на засегнати страни Во периодот од 10-ти до 12-ти септември 2013 година, во Скопје се одржаа неколку активности на проектот РЕ-СЕЕтиес, во кој локални спроведувачи за Македонија се МАЦЕФ и Град Скопје. На 10-ти септември се одржа работилница на засегнати страни. На работилницата беа претставени стратешките документи на Градот Скопје и државата, Студијата за енергетска ефикасност на Град Скопје и Стратегијата за енергетска ефикасност на Македонија. Презентирани беа веќе спроведените активности и мерки за енергетска ефикасност на Градот Скопје како подобрениот јавен сообраќаен транспорт. Беа наведени и предлози за подобрување на сообраќајот за велосипедистите кои ќе придонесат за зголемување на употребата на овој вид на транспорт и намалување на емисијата на штетни гасови. Беше претставен и проектот кој го спроведува „Хабитат Македонија“, во соработка со општините „Енергетската ефикасност во колективното домување во Македонија“, на што беше даден предлог за стимулација на граѓаните со обезбедување на 3050% од финасиите за енергетски ефикасни згради, како што е тоа примерот со Општина Карпош. Настанот разви нови идеи за можни активности за подобрување на енергетската ефикасност на Градот Скопје и беа отворени низа прашања.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 126

Страница 3

од МАЦЕФ, ѓ-ца Зоја Таревска и г. Саше Паневски – „EU state-ofart on resource efficiency“, беше посочен како одлично приготвен материјал и беше препорачан како пример за останатите членови на проектниот тим. Заклучокот од состанокот е дека активностите се одвиваат со предвиденото темпо, и покрај измената во структурата (еден од партнерите го откажа своето учество во проектот), проектот се развива успешно. (ИП) Студија за искористување на ОИЕ за Југозападниот плански регион На 19-ти септември беше потпишан договорот за изработка на студијата за искористување на алтернативните извори на енергија во Југозападниот плански регион меѓу Центарот (нарачателот) и МАЦЕФ (економски оператор) со што започнаа планираните активности. Оваа студија има за цел да даде конкретна слика за можностите кои ги нуди овој регион за искористување на чистите енергетски извори. За таа цел, на 27 септември се одржа и прв состанок меѓу договорните страни при што беа договорени почетните чекори за остварување на целите на проектот меѓу кои и формирањето на комисијата за следење на работата на проектот соствена од вработени во општините од регионот. На првиот состанок од страна на тимот на МАЦЕФ беше прикажан динамичкиот план за изработка на студијата, разгледан и коментиран анкетниот лист кој што треба да го пополнат сите општини во регионот, а беа означени и потребните стратешки документи кои треба да се достават од страна на општините со цел добивање на поточни информации за Југозападниот плански регион. Од страна на присутните беше прикажана заинтересираност за поголема вклученост во проектот и желба за успешна соработка во претстојниот период. Посебна заинтересираност предизвика темата за дефинирање локација за изработка на 5 основни проекти како и нивната намена.(ЖИ) МАЦЕФ на јавен дијалог за одржливо користење на енергијата во југо-источна Европа

овој настан беше и доближување на сите чинители во сферата на ЕЕ, вклучително и невладиниот сектор и компаниите кои работат во оваа сфера, а сѐ со цел детектирање на пречките на патот кон поефикасна импелемнтација на ЕЕ механизмите, но и лоцирање на потенцијалот за идни заеднички активности и проекти. (ЈДК) МАЦЕФ на состанок за ИПА II организиран од СЕП на Р. Македонија На 26-ти септември, се одржа воведен состанок за објаснување на целите на ИПА 2, заради натамошно вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во работните групи во програмирањето на продолжението на Инструментот за предпристапна поддршка. Состанокот се одржа во Конференциската сала при Владата на Република Македонија. Состанокот ги опфати следните теми на дискусија: статус во утврдување на основните документи за ИПА 2 (Национален стратешки документ); Временска рамка за планирање на ИПА 2 и начин на организирање на натамошната соработка помеѓу граѓанскиот сектор и Владата на Република Македонија во делот на ИПА 2. Состанокот го отвори и го водеше Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, Фатмир Бесими. Присуствуваше и раководителот на операции при Делегацијата на Европска Унија во Република Македонија, г. Мартин Клауке. На состанокот беше прикажан Националниот Стратешки документ (нацрт) и беше дефиниран начинот на кој граѓанскиот сектор ќе може да се вклучи во работните групи за програмирање на ИПА 2. На состанокот присуствуваа повеќе од сто претставници на граѓанскиот сектор во Република Македонија, меѓу кои и претставник од МАЦЕФ. (СП) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

На 18-ти септември се одржа јавна дебата во мотел Игнатиа во Гостивар во рамки на темата „Поттикнување на јавен дијалог за енергетска ефикасност на локално ниво 2013, како дел од регионалниот проект „Јавен дијалог за одржливо користење на енергијата во југо-источна Европа“. Дебатата во воведниот дел се фокусираше на три теми и тоа: Алатки за институционална соработка во спроведувањето на енергетската ефикасност на општинско ниво; Поттикнување на користењето на обновливите извори на енергија на локално ниво: политики и институции и Енергетска сиромаштија. Г-ѓа Јасминка Д. Капац од МАЦЕФ, даде теоретско и практично објаснување за поимот „енергетска сиромаштија“. Како причини за високото ниво на енергетска сиромаштија г-ѓа Капац ги спомена лошите економски услови во земјава, високата стака на невработеност, ниската свест за ЕЕ, немањето пристап до други енергенти освен електрична енергија и ограничените финансиски извори за ЕЕ инвестиции. Настанот беше организиран од страна на Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП), а подржан од ГИЗ ОРФ ЕЕ. Средбата беше свикана со цел да ја поттикне општествената дискусија за подобрување на енергетската ефикасност на локално ниво, како и да се идентификуваат проблемите на општините во спроведувањето на тригодишните програми за енергетска ефиксаност, но и да се дефинираат теми за понатамошна дискусија и реформи. Причина за одржување на

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2013-2015 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 122/2013 од 04.09.2013 ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ УСЛОВИ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАДБА НА ВОЗДУХОПЛОВ И ИЗМЕНА НА ВОЗДУХОПЛОВ, МОТОР, ЕЛИСА И ОПРЕМА НА ВОЗДУХОПЛОВ, ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА НА ГРАДБАТА И ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКОТЕХНОЛОШКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ИСПИТУВАЊЕ ЗА ОЦЕНА НА СООБРАЗНОСТ И НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЛОВИДБЕНОСТ, КАКО И ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, ЕВИДЕНЦИЈАТА И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ, ПРОДОЛЖУВАЊЕ, ОБНОВУВАЊЕ И ПРОМЕНА НА УВЕРЕНИЈАТА ЗА ГРАДБА, ЗА ТИП, ПЛОВИДБЕНОСТ, БУЧАВА И ЕМИСИЈА НА ГАСОВИ „Службен весник на РМ“ бр. 122/2013 од 04.09.2013 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ ОДНОСНО ПРОГРАМИ „Службен весник на Република Македонија“ бр. 129/2013 од 19.09.2013

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 126

Страница 4

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Сончева централа од 1 MW близу Битола

Кон средината на 2012 година во околината на селото Гермијан, општина Битола, компанијата Мега Солар ја пушти во работа централа со инсталиран капацитет од 1MW, која произведува електрична енергија со помош на фотонапонски панели. Оваа централа, во која се инсталирани околу 4000 фотонапонски панели се проценува дека на годишно ниво ќе произведува околу 1650 MWh. Иако после неколку години од првичната идеја, после трновитиот пат и многу затворени врати, централата е изградена со поддршка на Светската банка и финансиски значително поткрепена од локалната подружница на Сосиете Женерал. Во моментов, освен производството на енергија, централата служи и како едукативен и истражувачки центар за техничкиот факултет во Битола, каде што студентите може да вршат истражувања од областа на обновливите извори на енергија. (ЖИ) Повеќе...

Анализа

Двете најголеми нафтени компании во Македонија бележат загуби Во анализата објавена во специјалната годишна едиција на магазинот Капитал се тврди дека државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО остваруваат највисок профит помеѓу најголемите енергетски, додека нафтените гиганти Окта и Макпетрол продолжуваат да работат со загуби. Според Окта и Макпетрол, главната причина за нивната лоша реализација треба да се бара во нестаблилните цени на светскиот пазар на нафта и деривати, како и намалената побарувачка поради кризата. Првата половина од годинава беше одбележана со уште едно одложување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија и почетокот на процесот на гасификација на Македонија во енергесткиот сектор. Во областа на производство и пренос на електрична енергија, според приходите остварени од продажба во 2012 година, во групата 200 најголеми и најуспешни влегуваат девет компании. Најголеми приходи има приватниот дистрибутер на електрична енергија до крајните корисници, ЕВН Македонија. По него следуваат Државниот производител на електрична енергија- Електрани на Македонија и Државниот електропреносен систем оператор – МЕПСО. За разлика од нив, Окта прикажала загуба од безмалку 10 милиони евра, што е речиси 9 пати повеќе од загубата во претходната година. ...Повеќе за ова прочитајте во специјалниот додаток на најновиот број на КАПИТАЛ. (МК)

Корисни совети

Корисни совети за поефикасно затоплување на домаќинствата за време на грејната сезона Централно греење (на масло или гас) Еднаш годишно пред почетокот на грејната сезона јавете се на сервисер за да ги провери инсталациите и горилникот. Нечистиот горилник предизвикува недоволно согорување на горивото, но и помало ефикасно функционирање на целиот систем; Пред почетокот на грејната сезона јавете се на овластено лице за да ги провери топлинските изменувачи. За да се искористи топлината произведена во котелот, потребно е топлинските изменувачи да бидат чисти од бигор. Слој на бигор и со мала дебелина го намалува преминот на топлина и апаратот работи помалку ефикасно. Во таков случај ќе се потроши поголема количина на гас, а просторот ќе се загрева побавно; Обезбедете непречено движење на воздух околу котелот. Не оставајте предмети, особено запаливи во близина на котелот; Не ги прикривајте радијаторите со завесите и мебелот, бидејќи тоа го намалува нивниот топлински ефект;

Редовно чистете ги радијаторите, бидејќи нечистотијата го намалува преносот на топлина; Греење на дрва Печката на дрва мора да има капацитет кој одговара на големината на просторијата и мора да биде професионално инсталирана; Ако имате камин затворете ја вратата кога не е во функција за да го спречите губењето на топлина низ оџакот; Складиштето за дрва мора да биде суво бидејќи во спротивно дрвата ќе се навлажнат и потешко ќе горат; Немојте да го преполнувате ложиштето со дрва. Искористеноста ќе биде подобра ако ложиштето го полните со помали количини на дрво; За да има подобро согорување и ефикасност, дрвата што ги ставате во печката не треба да имаат пречник поголем од 1015 cm; Ако ja замените старата печка на дрва сo поефикаснa нова печка или сo котел на дрва, можете да заштедите и до 50% на огревно дрво;

Новости од светот

Цените на храната ги притисна ЕУ пратениците да стават рампа на растот на биогорива Европскиот парламент гласаше да се ограничи употребата на горива направени од земјоделски култури кои се користат како храна поради стравувањата дека биогоривата можат да предизвикаат раст на цените на житото или оштетување на климата. Пратениците поставија гранични квоти на употребата на горива на 6% од целокупните потреби на гориво во транспортниот сектор на ЕУ во 2020 година. Дополнително го поддржаа амандманот со кој се присилија енергетските компании од 2020 година да водат сметка за индиректните емисии предизвикани од биогорива добиени од земјоделски култури, кои ја зголемуваат вкупната побарувачка за земјиште, и како резултат на тоа, се зголеми уништувањето на дождовните шуми. Со цел да се обиде да го надомести недостатокот создаден со овие ограничувања, парламентот одлучи дека ЕУ треба да постави нова цел со која за 2,5% ќе се зголеми користењето на напредни горива произведени од алги или земјоделски отпад. (ИП) Повеќе...

Занимливости

Машина за перење алишта која штеди вода На универзитетот во Лидс, Велика Британија е направена машина за перење алишта која користи само 10 % вода во споредба со конвенционалните машини за перење. За процесот на перење оваа машина наместо вода користи илјадници ситни пластични зрнца кои ја привлекуваат и апсорбираат нечистотијата во влажни услови. (ДР) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu www.re-seeties.eu Интернет страна на месецот – Недела на енергетика 2013 www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.motorchallenge.org/ www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конференција за одржливоста на животната средина, културната, економската и социјалната одржливост 22-ри до 24-ти јануари 2014, Сплит, Хрватска Повеќе... Енергија 13 13-ти до 14-ти ноември 2013, Љубљана, Словенија Повеќе... RENEXPO југо-источна Европа 20-ти до 22-ри ноември 2013, Букурешт, Романија Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски, М. Крушаров и Д. Ристовски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

126 infomacef