Page 1

Број 125

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Август 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

 Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Започнува ИПА проектот „Зголемување на ЕЕ и искористување на ОИЕ во меѓуграничниот регион МКАЛБ“

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Иако август традиционално е „топ“ месец за годишни одмори, активностите во секторот на енергетиката се одвиваат во континуитет. Но, сепак со смален интензитет. Во минатиот број на ова место, при коментирање на примарната и секундарната законска легислатива, го навестивме проблемот со „Дампинг цена“ која се остварува при електронските аукции, за време на негативното наддавање. Но, последното случување, кога ГРУПАЦИЈАТА ТОПЛИФИКАЦИЈА, преку својата фирма ќерка Топлификација Инженеринг, на јавна аукција, ги превзема работите за 0 (нула) денари, веќе не станува збор за конкуренција, туку за нарушување на конкуренција и ЗЛОУПОТРЕБА на доминантнатa позиција во споредба со конкурентите, особено со оглед на финансискатa моќ (член 10 и 11 од Закон за заштита на конкуренција). Се надеваме дека Комисијата за заштита на конкурентност ќе превземе соодветни мерки. При потпишување на договор за НУЛА денари, со што ќе гарантира извршителот, рок и квалитет? Кој елемент од законот за облигација е правосилен во овој случај? Крајно време е во Законот за јавни набавки да се внесат дополнувања за да се спречи превземање на работи кои немаат никаква економска логика, а после тоа се создаваат услови за неквалитетни проекти и сомнителна реализација, која инвеститорот ќе ја плаќа за време на експлоатацијата на објектите и опремата. Како што сте информирани, на 18-ти Септември, во свечената сала на град Скопје, ќе имаме можност да продискутираме за усогласеноста на законите со подзаконската регулатива – правилници, уредби и сл. Сигурни сме дека заклучоците од панел дискусијата ќе најдат пат до надлежните министерства. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на

Проектот „Зголемување на ЕЕ и искористување на ОИЕ во меѓуграничниот регион“ е дел од третиот повик на програмата на Европската Унија за погранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Партнери од Република Македонија се МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија, како водечки партнер на целиот проект и Центарот за развој на Југозападниот плански регион на Македонија. Од страна на Република Албанија, партнери на проектот се ЕЕЦ – ЕУ Центар за енергетска ефикасност на Албанија, како водечки партнер за Албанија и Регионалниот совет на Корча. Проектот започнува со работа на 1-ви септември 2013 година, а завршува на 1-ви септември 2014 година. Во рамките на проектот ќе се направат неколку медиумски конференции, 4 обуки за општинската администрација на двата региони со теми за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, 6 отворени денови пропратени со кампања за поширокото население, стратегија за искористување на ОИЕ и ЕЕ која ќе биде заедничка за двата региона, како една интегрирана единица. На крајот на проектот, ќе бидат изведени 2 пилот проекти, кои ќе се изберат на основа на добиените резултати од претходните активности на проектот. (СП) МАЦЕФ приготви документација за пријава на три јавни повици Првиот јавен повик се однесуваше за вршење на стручно технички надзор при инсталирање на нова опрема за пренамена и гасификација на централна котларница во комплекс Клиники „Мајка Тереза” – Скопје. Договорен орган за овој тендер е Министерството за здравство на Република Македонија. Втората пријава која ја поднесе беше за јавен повик за консултански услуги за потребите на проектите: „Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко – угостителски објекти во Пелагонискиот регион”, „Патокази кон потпелистерските села за унапредување и промоција на туристичките потенцијали на општините Битола и Ресен’’ и „Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”. Договорен орган е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Третиот тендер се однесуваше на поддршка на ЕЛС за подобрување на енергетската ефикасност преку изработка на програми и акциони планови за енергетска ефикасност. Договорен орган е Центарот за развој на Скопски плански регион. (СП)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 125

Страница 2

МАЦЕФ активно ги следи повиците кои се однесуваат на енергетска ефикасност и животна средина Кон крајот на месец август, претставништвото на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ во Република Македонија, го објави повикот за поднесување на пријави за консултантски услуги во однос на RED програмата (Програма за регионален економски развој). Потенцијалните консултанти на оваа програма ќе учествуваат во дооформувањето на проектните идеи и документации кои до GIZ RED програмата ќе бидат пријавени од страна на сите осум центри за развој на планските региони. Центарот за енергетска ефикасност на Македонија на овој повик пристапи со пријава на повеќечлен екпертски тим од сферата на енергетска ефикасност, обновливи извори и животна средина. (ЖИ) МАЦЕФ продолжува со техничката помош на кредитната линија „Зелено за развој“ (GGF) Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. МАЦЕФ со задоволство констатира дека користењето на „зелените кредити“ за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во Македонија се повеќе зема замав. Еко Кредит + на Халкбанка, како дел од кредитниот фонд Зелено за развој (Green for Growth) се одлична можност за компаниите да направат конечно нешто добро за нивниот бизнис. Бидејќи со спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност тие стануваат попрофитабилни и поконкурентни на пазарот. За повеќе информации за техничката поддршка која ја нудиме, контактирајте нé на телефон, маил или директно во нашите канцеларии. (ЗТ) Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

„Службен весник на РМ“ бр. 109/2013 од 05.08.2013 ОДЛУКА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА КОМИТЕТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЗДРАВЈЕ КАКО МЕЃУРЕСОРСКО ТЕЛО „Службен весник на РМ“ бр. 116/2013 од 21.08.2013 ПРЕГЛЕД НА ИЗЈАВИ/ПОДНЕСОЦИ НА ЕУ (БРИСЕЛ) ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ КОН КОИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ИМА ПРИДРУЖЕНО ВО ПЕРИОДОТ 1 ЈАНУАРИ – 30 ЈУНИ 2013 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 117/2013 од 23.08.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

МАЦЕФ АНАЛИЗА Истражување на ЕУ покажа дека во националните политики за енергетска ефикасност има „огромни разлики“ Резултатите од експертската студија на Energy Efficiency Watch analysis, финансирана од ЕУ, ги откри големите разлики меѓу амбицијата и природата на политиките за енергетска ефикасност кои се спроведени во 28 земји членки на Европската Унија. Врз основа на предходно спроведено истражување, експертите дојдоа до заклучок дека всушност постои огромна разлика меѓу ЕУ земјите и таа треба да се надмине преку поголема хармонизација и интегрирање на политиките во однос на енергетската ефикасност. „Во некои земји членки, препознавањето на економските, социјалните, политичките и еколошките ползи од енергетската ефикасност водат кон амбициозно законодавство и програми за финансирање, додека другите го прават само потребниот минимум кој се бара со Европските директиви, а понекогаш дури и помалку од тоа“, се вели во извештајот. Законодавството на ЕУ бара од државите да ги достават Националните Акциски Планови за Енергетска Ефикасност (NEEAPs) во годините 2007, 2011 и 2014, во чии планови стои дека ќе се постигнат индикативни цели од 9% заштеди на финална енергија до 2016 година, како што се бара од страна на Директивата. Дури и необврзувачките цели на Директивите рутински се игнорирале, се избегнувале или биле само „навидум“ хармонизирани служејќи се со законодавни „трикови“, изјавиле поранешни владини претставници од различни земји на ЕУ. Г-дин Ралф Шуле од Вупертал институтот кој помогна во надзорот на НЕАП – те на земјите членки, вели дека особен напредок е направен во секторот на градежни објекти и со заштеда на енергија во јавните набавки. Но, мерките кои се однесуваат на другите сектори се често неусогласени едни со други или немаат јасна структура во однос на нивното спроведување на државно ниво во земјите членки. Според извештајот модалните поместувања во транспортот и кохерентните политки за индустрија - вклучувајќи го и превозот на стоки - исто така треба да се решат. Насекаде во светот, најмала „амбиција“ во мерките за заштеда на енергија е посочена во секторот транспорт.

Недостаток на политичка волја

Авторите на извештајот проблемот го наоѓаат во „недостатокот на политичка волја и јасната стратегија да се дејствува“. Анкетата од приватниот сектор, јавниот сектор, Агенцијата за енергетика и академските актери во областа, покажа на недостаток на долгорочна стратегија или визија по 2020 година.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 125

Страница 3

Данска и Бугарија се за пофалба во однос на стратешкото планирање, додека плановите за јавниот сектор во Франција и Велика Британија беа пофалени за нивната јасна визија. Но, Италија, Чешка и Словачка се трите земји во кои политиките за енергетска ефикасност напредуваа, во најмала рака уште од првиот НАПЕЕ. Стефан Томас, директор на Институтот за енергија и климатска поделба, изјави дека клучните чекори до поефикасни и интегрирани политики за заштеда на енергија подразбира „основање институции и инфраструктури кои промовираат енергетската ефикасност, како на пример агенции за енергетика и климатскa заштитa, воспоставувањето на обврските за енергетска ефикасност, фондови за енергетска ефикасност и создавање на поволни рамковни услови за енергетски услуги.“ Само мал број од земјите членки на ЕУ направија јасна врска меѓу климата на долг план, енергетика и Стратегијата за енергетска ефикасност, се истакнува во извештајот. За сега, целокупната слика за европскиот континент во однос на ефикасноста останува „некако неурамнотежен“, се вели во извештајот. Следни чекори кои треба да се завршат во блиска иднина се: • До крајот на 2013г. : Дискусија за целите кои се очекуваат до 2030г. • Јуни 2014 г.: Европската комисија да ги разгледа националните цели во насока на задоволување на целите за енергетска ефикасност до 2020 • Април 2014: Краен рок за поднесување на Националните Акциски Планови за Енергетска Ефикасност (НЕАП) во Брисел • 2014г., 2016г.: Ревизија на Директивата за енергетска ефикасност од страна на Европската Комисија. • 2020: Краен рок за земјите членки на ЕУ за доброволно да ја исполнат целта за 20% енергетска ефикасност Повеќе... Митови и факти за користење на уредите за климатизација Во последната деценија значително е зголемена секојдневната употреба на уредите за климатизација како во летниот така и во зимскиот период. Ваквиот тренд на користење на овие уреди за ладење и греење на просториите значително влијае врз зголемување на побарувачката на електрична енергија, воедно и на сметките за електрична енергија. При тоа, кога ќе се направи споредба на потрошените kWh електрична енергија помеѓу летните и зимските месеци лесно може да се утврди дека добиената разликата е многу мала, за разлика од порано. Начинот на користење на овие уреди е пропратен со низа неправилности, кои негативно влијаат во однос на енергетска ефикасност во просториите, а со тоа и кон намалување на комфорот. Во продолжение се наведени дел од митовите и фактите за користењето на овие уреди во летниот период: Мит 1: Кога нема никој во домот поефикасно е уредот за климатизација да остане вклучен на најниско ниво во текот на денот, отколку да биде исклучен и потоа повторно да биде вклучен. ФАКТ 1: Колку помалку се користи уредот за климатизација, толку е помала потрошувачката на електрична енергија. Нивото на кое е вклучен уредот за климатизација не придонесува за помала потрошувачка на електрична енергија, трошењето на електричната енергија започнува со самото вклучување на уредот. Кога уредот е исклучен потребно е сите прозорци да бидат затворени, со цел да не дојде до значителна промена на постигнатата температура а истовремено да не се зголеми нивото на влага, истотака значителен придобивка кон зачувување на постигнатата температура потребно е домот да биде добро изолиран.

Мит 2: Ако сите врати од просториите во домот се отворени, тогаш ладниот воздух ќе циркулира поефикасно. ФАКТ 2: Уредот за климатизација работи поефикасно доколку се затворени сите врати и отвори за вентилација кон просториите кои не се користат. Ладниот воздух се упатува онаму каде што е топлината. Ако во некоја просторија (која не се користи) воздухот е топол, уредот за климатизација ќе се „труди“ да го олади топлиот воздух. Со затворање на отворите за вентилација кон останатиот дел од домот, ладењето во домот ќе биде поефикасно. Мит 3: За побрзо ладење на домот, треба да се подеси термостатот 5 до 7 степени пониско од температурата која треба да се постигне, сé додека не се олади домот. ФАКТ 3: Подесувањето на термостатот на пониска температура не значи дека уредот за климатизација ќе работи побрзо при ладење на домот. Уредот за климатизација работи на тој начин што од домот го извлекува топлиот воздух кон надвор и го заменува со ладен. При тоа уредот за климатизација за одреден временски период врши замена на точно утврдена количина топол воздух со ладен. Мит 4: Ако уредот за климатизација на просторот е поголем, тогаш ладењето во домот е подобро. ФАКТ 4: Уредите за климатизација го ладат просторот и го одвлажнуваат. Ако таквиот уред е предимензиоран домот побрзо ќе биде оладен, но поради честите циклуси на вклучување и исклучување на уредот нема да има доволно време за извлекување на влагата па воздухот во домот ќе остане влажен. Правилно димензионираниот уред за климатизација работи подолго во текот на најтоплите денови во летниот период, па на тој начин се извлекува влагат од просторот. При тоа мора да се нагласи дека иако правилно димензионираниот уред работи подолго, тој сепак ќе биде поефикасен и ќе троши помалку енергија. Мит 5: За правилно димензионирање на систем за климатизација е потребно да се знае само големината на домот (куќата). Факт 5: При правилното димензионирање на систем за климатизација за една куќа се земаат во обзир типот на прозорците, начинот на нивно отворање/затворање, засенчувањето на прозорците, изолацијата на таванот, типот на ѕидовите и подот, како и бројот на лицата кои престојуваат. Ако при димензионирањетто на системот се користи само провршината на куќата, тогаш скоро секогаш ќе се добие предимензиониран систем. (ДТ) Новости од Македонија Во Македонија ќе се гради првата термоелектроцентрала на биогас. Во селото Требош, општина Желино, поставен е каментемелник на првата термоелектроцентрала на биогас, под иницијатива на компанијата „Електро Шари ДООЕЛ“, а како проект на компанијата „Везе Шари“. На настанот присуствуваа министерот за економија Ваљон Сараќини, министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Компанијата „Електро Шари“ реализира инвестиција за изградба на термоелектроцентрала, што како погонско гориво користи биогас, со планирана моќност од 999 kW и планирано производство од 7 950 000 kWh/ год. При тоа министсерот за економија г-динот Ваљон Сараќини нагласи дека: „Во Република Македонија, како земја претендент да стане дел од Европската Унија, пропишана е повластена тарифа за производство на електрична енергија од термоелектроцентрала што како погонско гориво користи биогас, која во изминатиов период на неколку наврати е зголемена со цел поголеми инвестиции во овој сектор. Повластената тарифа за електричната енергија произведена и испорачана од термоелектроцентрали што користат биогас изнесува 18 (€¢/kWh) и истата е со времетрање од 15 години“. Додека пак министерот за животна средина и просторно планирање г-д Абдулаќим Адеми укажа на еколошките придобивки од изградбата на овој тип постројки. (ДТ) Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 125

Страница 4

Зградите во центарот на Кавадарци ќе добијат „термофасади“ Ќе се реконструираат фасадите на станбените згради во центарот на Кавадарци. Со тоа ќе се подобри ликот на центарот на градот, а граѓаните ќе добијат енергетски ефикасни станови и ќе заштедат. Oпштината потпиша меморандум за реализација на проектот со УСАИД и Хабитат Македонија. „УСАИД покрај учеството во јавниот сектор за прв пат во Кавадартци учествува и во приватниот сектор. На улица Илинденска ќе пристапиме кон реконструкција на фасадите. Луѓето добиваат заштеда на електрична енергија и добра изолација, а центарот на градот модерен лик. Граѓаните кои ќе се вклучат во овој проект во исто време ќе можат да ги заменат и своите прозорци и врати. Општината ќе го подржи проектот со 20 отсто во делот на финансиската конструкција.“ изјави градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Испитувањата што ги има направено УСАИД покажале дека со изолација на надворешните ѕидови домаќинствата ќе заштедат од 30 до 40 отсто од топлинската енергија. Токму и затоа овој проект на УСАИД и Хабитат се фокусира на енергетската ефикасност во домувањето кај семејствата со ниски примања преку низа на активности наменети за подобрување на животниот стандард на семејствата со ниски примања, кои живеат во згради за колективно домување. (ДР) Повеќе...

Новости од светот Во Германија изградена најголемата фотонапонска електрана на покрив Германската компанија WIRSOL ја заврши изградбата на најголемата фотонапонска електрана поставена на покрив. Електраната со вкупна моќност од 8,1 MW се наоѓа во јужна Германија. Проектот се наоѓа на покривот од дистрибутивниот центар на компанијата Pfenning logistics, во местото Хедешеим, а составен е од 33000 фотонапонски модули поставени на површина од 0,11 km2. Електраната минатиот месец е приклучена на главната електродистрибутивна мрежа. Со работа на оваа електрана ќе се намали емисијата на CO2 во атмосферата за 5171 тон. (ДР) Повеќе... Рекордна побарувачка на фотонапонски панели во Кина и Јапонија Побарувачката за фотонапонски панели во Кина и Јапонија во второто полугодие од оваа година може да достигне 9 GW, што претставува 100% повеќе во однос на првото полугодие, односно 70% повеќе од втората половина на 2012 година. Општо, побарувачката за фотонапонските панели во азископацифичкиот регион ќе достигне 16 GW, што е 90% повеќе од 2012 година, т.е. претставува 40% од вкупната светска побарувачка за овој извор на енергија. Светската побарувачка оваа година ќе ја предводи Кина каде што државата го стимулира инсталирањето на фотонапонски панели, а посебно атрактивен е и јапонскиот пазар со раст од 150% и проценка од 5 GW кои би требало да бидат инсталирани до крајот на идната година. (ДР) Повеќе... Занимливости Годинава повеќе се штедело електрична енергија Во мај оваа година бруто домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 599 996 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пад од 8,77 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 12,79 отсто, додека бруто-домашното производство со 87,21 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај оваа година, во Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 2 512 мил.mn3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пoраст од 14,48 отсто. (МК) Повеќе...

Светската побарувачка за енергија ќе се зголеми за 56 отсто до 2040 година US Energy Information Administration објави најнови анализи во кои се дадени предвидувања поврзани за пораст на побарувачката и производството на енергија како и штетни гасови до 2040 година. Тие даваат проекција дека користењето електрична енергија на светско ниво ќе се зголеми за 56 отсто до 2040 година. Растот ќе биде воглавно поттикнат во економиите во пораст, вклучувајќи и зголемена благосостојба во Кина, се вели во извештајот. Светската нето произведена електрична енергија до 2040 година би требала да се зголеми до импозантни 93 отсто – од 20,2 билиони kWh во 2010 на 39 билиони kWh. Обновливите извори на енергија ќе бидат најбрзо растечки извор за производство на електрична енергија со раст од 2,8 отсто годишно до 2040 година. Природниот гас и нуклеарната енергија ќе бидат втор најбрзо растечки извор на енергија со зголемување од 2,5 отсто годишно до 2040 година. Производството на електраните на јаглен и понатаму ќе биде најголем светски извор на електрична енергија до 2040 година и покрај зголемување од 1,8 отсто годишно. (МК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org ЕУ

Интернет страна на месецот – www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

RE - SEEties

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

8-ма конференција за одржлив развој на системите за енергија, вода и животна средина 22-ри до 27-ми Септември, 2013г. Дубровник, Хрватска Конференцијата е наменета за подобрување и ширење на знаењето на методите, политиките и технологиите за подобрување на одржлииот развој. Повеќе... Конференција HECOTECH'13 23-ти до 25-ти Декември 2013г. Истанбул, Турција На конференцијата HECOTECH се бараат реферати за истражувања ширум светот, на темата HVAC системи и апликации како и дизајни за греење и ладење, енергетско моделирање и програма за ефикасност на згради. Повеќе... ENTECH '13: Конференција за енергетски технологии 25-ти до 27-ми Декември 2013г. Истанбул, Турција На конференцијата ќе се дискутира за виталноста на неопходната синергија помеѓу научната и техничката способност со познавањата за влијанието на животната и социјална средина. Коференцијата ќе им овозможи на учесниците визија на тоа како би изгледала иднината на енергијата. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски, М. Крушаров и Д. Ристовски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

125 infomacef