Page 1

Број 124

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

 Од уредникот

Во овој број:

a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Летните месеци не се „предвидени“ за напорна работа туку за користење на заслужениот годишен одмор. Но од друга страна, превземените договорни обврски мора да се завршат на време. Во исто време треба да се договорат нови работни задачи за да се обезбеди финансиска стабилност... што станува се потешко! Многу нé радува комуникацијата со учесниците во секторот на енергетиката во Македонија и надвор од неа. Од таа причина ја прикажуваме кусата порака од Стопанската комора на Северо - Западна Македонија. Убаво е кога ги потенцираме добрите работи и достигнувања. И затоа бараме да нѝ испраќате ДОБРИ вести за постигнати УСПЕСИ. А ние покрај добрите и понатаму ќе се обидеме да бидеме „совест“ на определени институции, но совест која не спие туку „гризе“ како што се неколкуте примери подолу. Прв проблем: Во минатиот број Ве поканивме да нѝ испратите „бисери“ од јавните повици (тендери), кога се предвидуваат „генијални“ предуслови за да се обезбеди определена предност „за пријателската“ организација. Еве уште еден мал пример во таа насока: се бара учесниците да имаат овластување А, а целиот обем на работа се покрива со (по ново) овластување Б (или Ц според старата класификација). Што можеме да направиме? Лесно да го поништиме тендерот, со жалба до Второстепената комисија, заради несоодветни услови (според законот за јавни набавки). Втор проблем: Неусогласеност на Законот за градење и Комората на инженери и архитекти. Комората издава овластувања за проектирање, ревизија и надзор за Заштита од пожар, а во Законот и правилниците секаде се користи зборот ЕЛАБОРАТ. Според мене, за елаборат не треба овластување! Комората, на која и плаќаме членарина треба да реагира и да се усогласи со Законот. Некоректно е да се издаваат овластувања (кои се плаќаат), а да не се води сметка дали се тие потребни. Еве еден пример од добиена документација: Основен проект - Елаборат за заштита од пожар... Трет проблем: Дампинг цена која се остварува на електронските аукции. Законот вели ако понудената цена е под реалната вредност на обемот на работа, тој економски оператор може да се казни... Но тука е „закачката“, што Комората нема донесено важечки правилник-ценовник на усуги, што е нивна основна задача. Но сите мораме да плаќаме членарина... Продолжува успешната соработка со Светската здравствена организација... Продолжува и активноста со кредитната линија за проекти од енергетска ефикасност (GGF)... Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Изразување благодарност на Стопанската Комора нa Северо-Западна Македонија Почитувани читатели, Минатиот месец, на нашата порака испратена до сите вас со нашиот билтен, добивме одговор од г-дин Решат Нагавци, раководител на сектор во Стопанската комора на Северо-Западна Македонија. Бидејќи МАЦЕФ особено ја цени работата и проактивноста на Стопанската комора на Северо - Западна Македонија, со задоволство го објавуваме одговор на г-дин Нагавци во овој број на ИнфоМАЦЕФ:

„Информациите кои се однесуваат во врска со енергетиката, се многу важни во сегашното време кога таа станува битен елемент во економијата, бидејќи без неа и не може. Истовремено нејзината цена на чинење многу влијае во работењето на секоја компанија како и во сената на секој производ. Поради тоа секоја информација која може да помогне во пронаоѓањето на алтернативни извори на енергијата, многу помага во развојот на стопанството. Благодариме за соработката.“ Ви благодарим е за покаж аниот интерес, г-дин Нагавци! Искрено се надеваме дека Вашето писмо ќе биде поттик за многумина и ќе отвори можност за идна соработка и заедничко делување со цел подобрување на условите во нашата земја!

Активности од проектот „RE – SEEties“ од Програмата за ЈИЕ Продолжуваат тековните активности на МАЦЕФ за проектот „RE – SEEties“. МАЦЕФ посветено работи на реализација на задачите кои се однесуваат на секој работен пакет од проектот. На 3-ти Јули во просториите на МАЦЕФ се одржа работна средна со колешките партнери на проектот од Град Скопје, г-ца Емилија Цветковска и г-ѓа Мирјана Апостолова.

Целта на состанокот беше утврдување на активностите за средбата на проект партнерите во Скопје, хотел Арка, од 1012 Септември, 2013г. Настаните за тој период ќе бидат

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 124

Страница 2

следни: На 10-ти Септември ќе се одржи работилница меѓу партнерите за рецензија на досега сработениот материјал, за следниот ден е закажана Пленарната конференција, за која МАЦЕФ превзема обврска да ја реализира и средба на Управувачкиот одбор на проектните партнери. За последниот ден, 12-ти Септември, закажана е Третата работилница за експерти. Повеќе детали за Конференцијата во следниот број на списанието. Повеќе информации за проектот може да прочитате на http://www.re-seeties.eu/ (ЗТ) Соработка со претставниците на СЗО – РКМ Минатиот месец, во просториите на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ се одржа средба меѓу претставниците на Центарот и претставниците од Македонскиот огранок на Светската здравствена организација. На оваа средба присуствуваа претседателот на МАЦЕФ проф. д-р Константин Димитров и г-ца Маргарита Спасеновска, национален проектен координатор. Средбата ја истакна потребата од идната заедничка соработка меѓу двете организации на полето на промовирањето и превземањето активности во врска со енергетската ефикасност, ефикасната употреба на ресурсите, намалувањето на огромните енергетски трошоци и заштитата на животната средина во здравствените објекти и комплекси. Во таа насока СЗО Канцеларијата започнува проект за подготовка на соодветни материјали за обука на менаџерите на здравствените институции, за искористување на можностите и придобивките кои ги нуди енергетската ефикасност во здравствениот сектор. Во состав на заедничката соработка, изработката на материјалите за ваквата обука ќе бидат дел од идните активности на МАЦЕФ. Со ова се продолжува повеќегодишната соработка меѓу МАЦЕФ и Канцеларијата на СЗО во Македонија. (ЖИ) Соработка на МАЦЕФ со GDFSUEZ Во рамките на соработката со поголем број европски институции, МАЦЕФ оствари соработка со реномираната компанија GDFSUEZ. Соработката се однесува на помош на македонските компании при подготовка на проекти за енергетика и ефикасност на користење на енергетски ресурси. Помеѓу повеќе силни конкуренти, конзорциумот претставуван од GDFSUEZ беше избран од страна на ЕБРД да биде задолжен за реализацијата на програмата. После подготвителниот период, активностите во Македонија (МАЦЕФ е национален координатор) ќе започнат во 2014 година. Во меѓувреме престои период на подготовка за спроведување на програмата на регионално ниво. МАЦЕФ ангажиран од УСАИД проектот за меѓуетничка интеграција во образованието Врз основа на претходна пријава за услуги кон овој проект, и врз основа на пријава за конкретни задачи, МАЦЕФ е избран да реализира надзор при реконструктивни зафати во две средни училишта опфатени со проектот. Имено, се работи за надзор на реконструкција на котларата во СОУ Кочо Рацин во Велес, при што ќе биде извршена модернизација на дистрибутивната мрежа, како и реконструкција на објектот на СОУ „Ванчо Прке“ во општина Виница, каде ќе бидат спроведени градежни зафати. МАЦЕФ продолжува со техничката помош на кредитната линија „Зелено за развој“ (GGF) Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на

топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. МАЦЕФ со задоволство констатира дека користењето на „зелените кредити“ за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во Македонија се повеќе зема замав. Еко Кредит + на Халкбанка, како дел од кредитниот фонд Зелено за развој (Green for Growth) се одлична можност за компаниите да направат конечно нешто добро за нивниот бизнис. Бидејќи со спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност тие стануваат попрофитабилни и поконкурентни на пазарот. За повеќе информации за техничката поддршка која ја нудиме, контактирајте нé на телефон, маил или директно во нашите канцеларии. (ЗТ)

ПРАШ АЊ А – ОДГОВОРИ Корисни совети Сигурно се прашувате како е поврзана потрошувачката на вода со потрошувачката на енергија? Факт е дека проблемот со водата не го сфаќаме сериозно и многу ја трошиме, а таквото однесување не само што и штети на животната средина, штети и на домашниот буџет. Затоа и со водата рационално! Во овие жешки денови кога водата ни е повеќе од потребна ви препорачување да примените некои од советите: Чувајте шише со вода во фрижидер! На тој начин може да се напиете чаша ладна вода, без непотребно долго да се пушта водата да тече од славина со цел да се постигне задоволителна температура. Проверете го бојлерот! Доколку површината на бојлерот е жешка или топла, тоа значи дека дел од енергијата за загревање на водата се губи. Обвиткајте го бојлерот со изолациски материјал, при тоа придржувајќи се до упатството на производителот. Проверете ги чешмите и вентилите во вашиот дом! Доколку прокапуваат, веднаш заменете ги. Дали сте знаеле дека со една капка вода во секунда во текот на цела година непотребно се губи 9000 литри вода?! Туширајте се, наместо да се бањате во када полна со вода! Со 5мин туширање ќе потрошите помалку од 38 литри топла вода за разлика кога би ја полнеле кадата и би потрошиле 57 – 95 литри вода. Правилно користете и одржувајте го бојлерот! Не загревајте ја водата во бојлерот повеќе од 60 °C. Еднаш годишно исчистете го грејачот на бојлерот од наслаги од бигор. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 124

Страница 3

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ПРОДАЖБА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 99/2013 од 12.07.2013 УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ ФИНАНСИРАНИ ОД КОМПОНЕНТА V – ИПАРД ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ ИПА „Службен весник на РМ“ бр. 95/2013 од 04.07.2013 ПРАВИЛНИК ЗА ЕНЕРГЕТСКА КОНТРОЛА(*) ПРАВИЛНИК ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗГРАДИТЕ(*) „Службен весник на РМ“ бр. 94/2013 од 04.07.2013

НА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 93/2013 од 03.07.2013 ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ, ОБНОВУВАЊЕ, ОДЗЕМАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА И ЗА НАДЗОРЕН ИНЖЕНЕР, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ОВЛАСТУВАЊАТА, КАКО И ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕТО НА РЕГИСТАРОТ ЗА ИЗДАДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ОВЛАСТУВАЊА „Службен весник на РМ“ бр. 101/2013 од 17.07.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Вклучувањето во Јужен тек ќе ја забрза гасификацијата на Македонија Вклучувањето на Македонија во проектот Јужен тек со потпишувањето на меѓудржавниот Договор во Москва ќе ја забрза гасификацијата на земјава. Во Договорот за вклучување во Јужен тек се предвидува Газпром и македонската државна компанија Македонски енергетски ресурси заеднички да работат на техничкото решение од која страна ќе доаѓа кракот од гасоводот за Македонија и како технички ќе биде изведен. Очекуваме во блиска иднина тоа да биде завршено и Република Македонија да добие дополнителни количини на гас. Со овој проект е поврзана и изградбата на националната гасна мрежа во Македонија. Тоа се два различни проекти, но се поврзани. Со самото тоа што преку Јужен тек ќе обезбедиме дополнителна количина и стабилен извор на гас до македонската граница, се создаваат можности да се реализира и проектот за изградба на внатрешната гасификациска мрежа. Со реализацијата на двата проекти, приклучувањето на Македонија во Јужен тек и гасификацијата на државата, практично ќе се донесе гасот до сите македонски домаќинства и до сите индустриски капацитети што ќе придонесе за подобра цена на гасот во Македонија заради зголемениот конзум. (ИП) Повеќе... Обновливи извори на енергија во пограничната област Во Општина Зрновци започна да се реализира проектот „Валоризација на обновливите извори на енергија во пограничната област“, финансиран од Европската унија преку

ИПА Програмата за прекугранична соработка, во партнерство со општината Белица од Република Бугарија. Целта на проектот е да промовира одржлив економски развој и свест за животната средина преку валоризација и ефикасна употреба на обновливите извори на енергија во регионот. Проектот е финансиран со средства од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка со фонд од 95 илјади евра, истакна на денешната средба со новинарите Кети Николова, финансиски раководител на проектот во општина Зрновци. (МК) Повеќе... 1/3 Поевтини сметки за греење во о. Центар со новите фасади Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и директорот на „Хабитат“ Македонија Зоран Костов, потпишаа Меморандум за обновување на фасадите. На јавниот повик се пријавија 32 колективни станбени згради кои обезбедиле прелиминарна согласност за промена на прозорците и балконските врати од најмалку 70% од сопствениците. Во првата фаза ќе се менуваат фасадите на 15 објекти. Ќе се задржи првобитниот облик на фасадите, освежен со нови бои, без притоа да се менува нивниот надворешен изглед. Оние згради кои не влегуваат во оваа бројка, автоматски конкурираат за наредната година. Во рамки на реализацијата на проектот Општина Центар самостојно презема обврска со свои средства да изврши реконструкција на фасадите на избраните станбени згради, за која цел, специјализиран изведувач избран од страна на Општина Центар, ќе постави фасада со термичка изолација на зградата согласно постоечките стандарди за енергетска ефикасност на станбените згради. (ДР) Повеќе... Клинички центар ќе се гасифицира Почнаа градежните работи за гасификација на Клиничкиот центар, проект кој ќе чини 48 милиони денари. Клиничкиот центар е еден од поголемите потрошувачи на мазут кој исфрла повеќе од 100 тони сулфур диоксид во воздухот годишно и претставува една од клучните причини за загадувањето на овој дел од Скопје. Вториот аспект е финансиската заштеда. Со инвестицијата во гасификацијата Клиничкиот центар годишно ќе заштедува минимум 300000 до 350000 евра со поврат на инвестицијата од 2,2 години и од тој аспект секоја година ќе остануваат средства кои ќе можат да се пренаменат за други инвестиции за подобрување на здравствениот сектор. Со правење гасификациска мрежа од речиси 1,5 километар и пренамена на котлите кои се на мазут во комбинирани котли кои ќе може да работат на мазут и на гас. (ДР) Повеќе...

Новости од светот Радикални промени во секторот згради Градежните експерти и креирачите на политики во ЕУ донесоа одлука за промена на типот на зградите наменети за домување и јавните објекти. Новата одлука се однесува на проширување на фокусот за енергетската ефикасност на објектите, насочувајќи се кон одржливоста на објектите. Притоа, одржливоста на објектите во предвид ќе ги земе еколошките, социјалните и економските влијанија кои ги имаат објектите врз околината. Иницијатор за проширувањењто на фокусот е секторот за екологија при Европската Комисија, кој моментално работи на новата стратегија за Одржливи објекти. Новата стратегија ќе се насочи кон подобрување на еколошката одржливост на објектите, со што ќе се поместат границите на моменталната стратегија за ЕЕ објекти со разглобување на енергијата која се користи во објектите, искористувањето на водата, градежните материјали и отпадот кој притоа се создава. При разгледување на енергијата која се користи во зградите во предвид ќе биде земена целокупната енергија која е потребна за нејзино создавање, со што ќе се укаже на нејзиното влијание врз климатските промени. „Целта е да се намали еколошкото влијание кое ги имаат објектите, а се надеваме на економски придобивки за социјалниот и градежниот сектор.“ изјави г.Мисига, одговорен на одделението за екологија при

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 124

Страница 4

Европската Комисија. Притоа, фокусот ќе биде на ресурсите кои се користат само во секторите домување и јавни објекти, (со исклучок на индустриските објекти и инфраструктурата). (ДТ) Повеќе... Новите факти за енергијата ги побиваат митовите Соодветните одлуки за енергетските политики задолжително треба да се темелат врз прецизни информации и неможат да се потпираат на застарени знаења и недоразбирања. Европската коалиција на невладини организации за развој и екологија „Counter Balance“ - формирана од Европската банка за инвестиции, изработи нови брошури кои можат да дадат одговор на бројни прашања поврзани со енергијата. Брошурите претставуваат резултат на бројните митови и факти за производството на енергија, европските енергетски политики и финансиските активности на меѓународните финансиски институции. Брошурите ги обработуваат следните теми: европскиот пазар за тргување со јаглеродни емисии, Европа и јагленот, Европа и енергетската сигурност, ЕУ политиката и нуклеарната енергија, гас од шкрилци, обновливи извори на енергија, кредити за енергија на европската банка за инвестиции, проектни обврзници во време на криза и енергетски инфраструктурни инвестиции за опоравување на економијата. (ДТ) Повеќе... Германија може да биде казнета од ЕУ Германија се наоѓа под закана од казна од Европската комисија за прекршување на правилата за конкурентност заради својата политика за развој на обновливите енергетски извори Еврокомесарот за конкурентност Хоакин Алмуња, најмногу го има предвид фактот дека германските потрошувачи плаќаат, преку таксите, за развојот на овие обновливи енергии. Европската комисија ќе отвори казнена процедура против Германија заради оваа помош, според кој Брисел планира и да побара враќање на доделената помош вредна милиони евра, пишува германскиот неделник „Шпигел“. (МК) Повеќе... „Подравка“ инвестира 9,9 милиони евра во подобрување на енергетската ефикасност Хрватската компанија „Подравка“ ќе инвестира 9,9 милиони евра во подобрување на сопствената енергетска ефикасност, благодарение на одобрениот заем од Европската банка за обнова и развој. Со заемот ќе се финансираат инвестиции во подобрување во фабриките и зградата во која е сместено седиштето. Се очекува со овој зафат да се остварат значителни заштеди. Претседателот на Управата на Подравка, истакнува дека средствата од заемот планираат да ги инвестираат во енергетска ефикасност и преку оптимална потрошувачка на енергенси да го намалат влијанието врз животната средина. Со тоа ќе го подигнат досегашното ниво на ефикасно работење на ниво на нивните конкуренти со кои секојдневно се натпреваруваат. Вложувањето во енергетска ефикасност е дел од пошироките настојувања на компанијата да ја зајакне конкурентноста на меѓународниот пазар, велат од Подравка. (ДР) Повеќе...

Занимливости Светилки погонувани со помош на гравитацијата Евтин и нов извор на светлина кој би можел да биде алтернатива на газиените ламби и сончевите светилки во руралните средини. Направата гравитациски погонува LED светилка наречена „Гравита-циска Светилка“ работи на принципот на прикачување на тежинска торба под неа. Како торбата полека се спушта, тежинската енергија се претвора во енергија со што се обезбедува до 30 минути светлина зависно од тежината на торбата. Секоја од направите доаѓа во пакет со празна кеса која може да се наполни до 12 килограми со било каков материјал, на пример земја, камења или песок. Позадината на идејата за гравитациската светилка е со цел да се надминат ограничувањата кои ги имаат сончевите

светилки и керозинските ламби кои создаваат загадување во затворена просторија и кои се скапи за користење. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org ЕУ

Интернет страна на месецот – www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

RE - SEEties

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации 9-ти Меѓународен саем на енергетика 9-ти до 12-ти Октомври, 2013г., Белград, Србија На саемот традиционално учествуваат најважните фирми и институции од енергетскиот сектор во Србија, а во послдниоте години претставува лидер и место каде се собираат фирми од регионот и Југоисточна Европа од енергетскиот сектор. Покрај излагаќкиот дел на саемот ќе има и пропратен стручен програм составен од конференцја, актуелни предавања, тркалезни маси и сл. Темите на кои ќе се дискутира се: јаглен, нафта и гас, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. (ДР) Повеќе... 3-ти Меѓународен саем и конференции за обновлива енергија и енергетска ефикасност - RENEXPO® Полска 16-ти до 17-ти Октомври, 2013г., Варшава, Полска RENEXPO® Poland не само што е еден од најголемите и најзначајни настани за обновливи извори на енергија во Полска, исто така претставува и креатор на енергетската програма на земјата. Саемот, кој полека станува традиција, заедно со конференциите покажува како во иднина производството, снабдувањето и користењето на енергијата може да биде едноставно и еколошко. (ДР) Повеќе... 6-ти Балкански енергетско финансиски форум 16-ти до 17-ти Октомври 2013, Загреб, Хрватска На форумот ќе учествуваат повеќе од 200 учесници од 25 земји, на кој ќе се соединат клучните играчи од енергетската индустрија заедно со приватниот и јавниот сектор. Фокусот на овој форум ќе биде на националната и регионалната политика, мобилизацијата и алокација на јавните и приватни фондови. Форумот ќе обезбеди фокусирана анализа на можностите во обновливата енергија. (БК) Повеќе... Меѓународен конгрес за енергетската ефикасност енергетски материјали 5-ти до 12-ти Октомври 2013г., Анталија, Турција Традиционален годишен конгрес наменет за научници. научната програма, вклучувајќи широк спектар на теми очекува да се постигне голем успех како и можност комуникација помеѓу реномирани специјалисти и колеги областа од целиот свет. (БК) Повеќе...

и Со се за во

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски, М. Крушаров и Д. Ристовски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

124 infomacef