Page 1

Број 123

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јуни 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ a  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Со објавувањето на 120-от број на редовно издавање на ИнфоМАЦЕФ, потврдивме дека со труд и посветеност кон струката и поставената цел, ние 10 години опстојуваме и растеме. Овој билтен има за цел да Ве информира што ние работиме, колку сме вклучени во овој сектор, но во исто време и да пренесеме определена информација која може да биде од Ваш интерес. Сакаме да ги добиеме Вашите прилози, информации за Вашите успешно реализирани проекти, настапи на саеми. Иако јуни е месец кога веќе на големо се користат годишните одмори, ние добивме сериозна задача – да учествуваме во подготовката на вториот НАПЕЕ, финансиран од УСАИД, преку компанијата Винрок. Ве покануваме да ги прегледате следните неколку информации, се разбира, покрај сите останати: Подготовка на вториот Национален Акционен План за Енергетска Ефикасност. Младински камп како финале на училишните зелени клубови, проект финасиран од ЕВН Македонија. Јавен дијалог за надминување на проблемите при имплементација на легислативната рамка за енергетска ефикасност. Очекуваме секој ден да бидат и официјално објавени во Службен весник „Правилникот за енергетска контрола“ и „Правилникот за енергетски карактеристики на зградите“. По нивното објавување веднаш ќе ве информираме за основите од овие два Правилника, многу важни за секторот енергетска ефикасност. Сакаме да Ве поканиме на јавна дискусија во врска со воспоставената пракса на јавните тендери – таканареченото „негативно наддавање“. Кога не се предвидуваат реални критериуми за проценка на квалитет и споредување во однос на претпоставен квалитет, тогаш се предвидуваат изненадувачки „иновативни“ ОБВРЗУВАЧКИ услови за да се елиминираат непожелните конкуренти. Ќе наведам некои од нив: - „за изработка на студија/проект за дистрибутивна гасификациска мрежа“ – потребно е да има обврзувачки „изработено проект за минимум 20 километри дистрибутивна мрежа“ (не може десет, петнаесет); - „за изработка на проект за котлара на гас“ – покрај другото, минимален услов е проектантот да има „усвоено стандард за

систем за квалитет: Стандард за безбедност и здравје при работа OHSAS 18001:2007“ (многу битно при проектирање!!??)

- „за изработка на комплетен проект за јавно осветлување“ – основен критериум е (копирам од текстот на јавниот повик): „Носителот на набавката е должен да ги заврши набавката

од денот на предмет на договорот во рок 3 дена склучување на договорот за јавна набавка“.

Претпоставувам дека и Вие, почитувани читатели, сте се сретнале со вакви „бисери“. Ако нѝ ги доставите, со задоволство ќе ги објавиме. Особено кога при овие наддавања (во минус) се почнува со стартна сума со ниво од 20000 Евра, а проектот се зема за 2000. Нешто не е добро во овој систем. Треба да се подобри – очекуваме предлози, а ние ќе ги доставиме до соодветните институции и до комората на инженерите, ако бидеме здружени. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Училишен проект на ЕВН Македонија

Младински камп и национален квиз за енергетска ефикасност

На самиот крај од училишната година по успешно спроведените работилници со Зелените енергетски клубови во 15 основни училишта низ Македонија се одржа националниот квиз за енергетска ефикасност и разумно користење на енергијата. Концептот на проектот, оваа година е надополнет со нова активност која му предходеше на националниот квиз, тоа е младинскиот камп на волонтери. Целта на младинскиот камп беше логистичка поддршка за националниот квиз, односно подготовка на се што е потребно за успешна реализација на квизот. Младинскиот камп и националниот квиз се одржаа од 4-ти до 6ти јуни во рекреативниот центар на Црвениот крст, хотел „Солферино“ во Струга. Во кампот учествуваа 16 волонтери – средношколци од различни градови на Македонија. МАЦЕФ се погрижи за ангажирање на волонтерите од Скопје. Волонтерите беа координирани од четворица модератори кои се дел од партнерските организации на проектот. Од МАЦЕФ, во улога на модератор на кампот и водител на квизот беше Зоја Таревска. Деновите на кампот беа исполнети со работа, забава и дружење. Волонтерите и модераторите одговорно и посветено си ги исполнија задачите за денот на квизот.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 123

Страница 2

Националниот квиз се одржа на 7-ми јуни и имаше пред се забавен карактер, но со натпреварувачки дух. Учествуваа 13 училишта, од секое училиште по 5 претставници придружувани со одговорен наставник. Учениците се натпреваруваа во 4 игри и секое училиште имаше еднаква шанса да биде победник без отпаѓање. Победници беа учениците од ОУ „Дитурија“ од скопската општина Сарај, на второ место се пласираа учениците од ОУ „Братство Единство“ од Охрид, а трети беа основците од „Лирија “ од општина ЧаирСкопје. Посета на хидроцентрала е наградата за прво место, посета на телефонскиот центар на ЕВН Македонија за учениците со второ место и штедливи светилки за училиштето на трето место. Со ова се заокружи и седмиот циклус на проектот, успешно и одговорно кон заедницата. Да потсетиме, ЕВН Македонија, училишниот проект го спроведува во соработка со МАЦЕФ, здружението Конект, Младински Совет Охрид, Планетум од Струмица и Жетва на знаење од Прилеп. Се надеваме дека одличната соработка ќе продолжи и во наредната училишна година. (ЗТ) Втор Национален Акционен План за Енергетска Ефикасност (НАПЕЕ) Македонија, како потписник на повелбата од Енергетската Заедница (ЕнЗ) (Energy Community) има обврска да направи анализа на остварените резултати со Првиот НАПЕЕ и да го изработи и достави вториот НАПЕЕ до секретаријатот на ЕнЗ до крајот на месец јуни. Остварените резултати, врз основа на податоците со кои располага Министерството за економија и Агенцијата за енергетика (збогатени со дополнителни информации од ангажираните учесници), беа собрани и обработени во месец мај, финансирано од ГИЦ (German International Cooperation). Компанијата Винрок (УСА) која спроведува повеќегодишен проект во Македонија, финансиран од страна на УСАИД, го ангажираше МАЦЕФ како консултант да биде носител при изработката на овој документ. Работната група е составена од претставници на Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, ГИЦ, Винрок и експерт консултант од АЅЕ (Aliance to Save Energy – USA). За одбележување е што вториот НАПЕЕ значително се разликува од првиот, затоа што се внесени и секторот на производство на енергија и секторот енергетски услуги. Овој документ е изработен на време и проследен на верификација до секретаријатот на ЕнЗ. По верификацијата и евентуалните забелешки, документот ќе биде ставен на јавна расправа во Македонија и по внесување на евентуалните забелешки и дополнувања, ќе биде усвоен како официјален документ. Средба на ГИЦ канцеларии во Скопје Во Скопје, во рамките на завршувањето на првиот циклус на проектот ОРФ ЕЕ и започнувањето на вториот циклус, се одржа состанок на вработените од сите канцеларии на ГИЗ во регионот, а на свечената вечера беа поканети и поедини долгогодишни соработници. Ова беше убава можност претседателот на МАЦЕФ, проф. д-р К. Димитров да му ја предаде плакетата на директорот на фондот Г-дин Јоханес Еле, која што беше доделена на ГИЗ за успешната долгогодишна соработка. Оваа плакета е доделена единствено на 4 институции по повод 10 годинината од основањето на МАЦЕФ. МАЦЕФ и Недела на енергетска ефикасност – 24.06. Европската недела на одржлива енергија е клучен настан на Европско ниво со кој се промовира употребата на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Оваа година ЕУ неделата се одржа од 24-ти до 28-ми јуни и еколошкото здружение Гоу Грин по трет пат го организира официјалното отворање на неделата. Настанот е подржан од Амбасадата на Република Франција и Фондација Конрад Аденауер - Штифтунг во Македонија. На 24-ти овој месец, во просториите на ЕУ Делегацијата, се одржа панел дискусија „Како изгледа енергетската иднина на Македонија и како изгледа енергетската иднина на ЕУ” на која воведни дискутанти беа Г-ѓа Лилјана Поповска (ДОМ), проф. д-р К. Димитров (МАЦЕФ) и Л. Гечев (АЕ). МАЦЕФ на јавен дијалог за надминување на проблемите при имплементација на легислативната рамка за енергетска ефикасност На 20 јуни во Охрид - хотел Белведере се одржа Јавна дебата „Јавен дијалог за надминување на проблемите при имплементацијата на легислативната рамка за енергетска ефикасност”. На настанот учествуваше г-ѓа Јасминка Димитрова Капац од МАЦЕФ со своја презентација на тема – Енергетска сиромаштија. Темата побуди интерес и дискусија, а настанот имаше за цел да иницира дебата за клучните предизвици во овој сектор како одраз на проблемите во однос на правната рамка која ја регулира оваа област, институционалниот капацитет за спроведување на правната рамка за енергетска ефикасност како и потребата од усогласување на различните интереси од заинтересираните страни во дијалогот за креирање на политики за енергетска ефикасност во земјата. Овој настан е дел од проектот „Поттикнување на јавен дијалог за енергетска ефикасност на локално ниво 2013“. Проектот има за цел да воспостави и одржи јавен дијалог помеѓу локалната власт, бизнис секторот, медиумите и граѓанското општество за одржливо користење на енергијата, со примарен акцент на енергетската ефикасност. Клучните активности на проектот се следните: • Создавање на политичка волја преку воспоставување на платформи за дијалог; • Зголемување на капацитетите на клучните чинители да се приклучат на јавниот дијалог за одржлива употреба на енергија, со фокус на спроведувањето на енергетската политика на локално ниво; • Мобилизирање на учество на сите чинители во општеството: ангажирање на граѓанското општество, како и претставници на бизнис секторот и медиумите во дијалогот за прашањата поврзани со енергетската ефикасност на локално ниво; Проектот е реализиран од страна на Центарот за истражување и креирање политики, а поддржан е од Канцеларијата на ГИЗ Отворен Регионален Фонд за Југо-источна Европа во Македонија. (ЈДК) Активности од проектот „RE – SEEties“ од Програмата за ЈИЕ - Средба со учесниците од Град Скопје МАЦЕФ продолжува со реализација на обврските и активностите за проектот „RE – SEEties“. За нивна реализација, неопходно е консултирање и редовни средби со партнерот – Град Скопје, со кој патем, имаме одлична соработка и до сега одлично ги усогласуваме активностите. На 12-ти јуни раководителите на проектот од МАЦЕФ, Саше Паневски и Зоја Таревска, остварија средба со г-ца Емилија Цветковска, асистент на проектот од Град Скопје. Тема на состанокот беа идните активности и првиот финансиски извештај за првото тромесечие. Се утврдија идеите и плановите за претстојната конференција и средба на проектните партнери, што ќе се одржи од 10-ти до 13-ти септември во Скопје. Се разговараше и за документот, „Roadmap for endorsement“, се утврди содржината и темите за разработка. МАЦЕФ и Град Скопје континуирано се во соработка и комуникација во однос на проектот. Следен заеднички предизвик е да се покажеме како добри домаќини на настаните во септември. (ЗТ)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 123

Страница 3

Средба со Делегацијата на Европската Унија во Македонија за проекти од ИПА Програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Албанија Претставници на МАЦЕФ и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, JTS за програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Албанија одржаа состанок. Темата на состанокот беше финално усогласување на проектот „Increasing energy efficiency and utilization of renewable energy sources in the crossborder region“ кој треба да започне во скоро време. Овој проект ќе го спроведуваат МАЦЕФ (како носител на проектот) и Центарот за развој на Југозападниот плански регион во Македонија, како и ЕЕЦ – Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност, како и Советот на регионот Корча во Албанија. Активностите од овој проект ќе траат една година. (СП) МАЦЕФ продолжува со техничката помош на кредитната линија „Зелено за развој“ (GGF) МАЦЕФ со задоволство констатира дека користењето на „зелените кредити“ за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во Македонија се повеќе зема замав. Еко Кредит + на Халкбанка, како дел од кредитниот фонд Зелено за развој (Green for Growth) се одлична можност за компаниите да направат конечно нешто добро за нивниот бизнис. Бидејќи со спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност тие стануваат попрофитабилни и поконкурентни на пазарот. (ИП) МАЦЕФци на хуманитарен турнир во мал фудбал

Здружението „Младите можат“, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и општина Ѓорче Петров, а во соработка со Младинскиот образовен форум и Сојузот на извидници на Македонија го организираа првиот „Турнир во мал фудбал на граѓански организации“. Турнирот се одржа во салата во Христо Батанџиев -Ново Село (Општина Ѓорче Петров) во периодот од 11 до 22 Јуни. Турнирот беше со хуманитарна цел и собраните средства беа наменети за поддршка на гладни преку здружението „Банка за храна“. Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ учествуваше на турнирот со своја екипа. Одиграа четири натпревари и достојно го завршија своето учество во групите со шест постигнати гола. (СП) Повеќе Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС 6 нешта кои не сте ги знаеле за сончевата енергија Сончевата енергија е најзастапен извор на енергија на земјата 173000 теравати сончева енергија постојано доаѓа на површината на Земјата. Тоа е 10000 пати повеќе од вкупната употреба на енергија на светско ниво. 1. Првата силиконска сончева ќелија, претходник на сите уреди кои се напојуваат од сончева енергија, била направена во Bell Laboratories во 1954 година. На првата страница од своето издание од 26-ти април 1954 година, весникот The New York Times ова го опишал како, „Почеток на нова ера, што на крајот ќе одведе до реализација на еден од најголемите соништа на човештвото - искористување на речиси неограничената енергија на Сонцето за потребите на цивилизацијата.“ 2. Вселенската индустрија била ран корисник на сончевата технологија. Во 1960 година вселенската индустрија почнала да користи сончева технологија за да обезбеди енергија во вселенските летала. Vanguard 1 - првиот вештачки сателит на Земјата напојуван од соларни ќелии останува најстариот вештачки сателит во орбитата – изминувајќи повеќе од 6 милијарди милји. 3. Побарувачката за сончева енергија е повисока од било кога. 4. Како што цените на технологијата продолжуваат да паѓаат, сончевата енергија се повеќе станува економичен избор за снабдување со енергија на сопствениците на куќи и бизниси. Сепак, најголемата пречка за продорот на сончевата енергија остануваат трошоците како издавање на дозволи, зонирање, и приклучувањето на сончевиот систем на електричната мрежа. 5. Во Калифорнија во Мохаве пустината, се гради најголемиот проект за сончева енергија. Проектот се потпира на технологија позната како сончева топлинска енергија. Електраната се состои од 350000 огледала кои ќе ја фокусираат сончевата светлина врз котли кои произведуваат водена пареа. Понатаму процесот е ист како во класична термоцентрала со парна турбина. Се предвидува проектот да обезбедува чиста обновлива енергија за 140000 домови. (МК)

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Енергетска ефикасност за секторот домување На ден 26-ти јуни во Дипломатик салата на Скопски саем се одржа презентација на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефикасност за секторот домување“ каде беа презентирани досегашните резултати на проектот. Поздравен говор одржа г. Мајкл Стивеитер, директор на канцеларијата за демократија и локална самоуправа на УСАИД Македонија и извршниот директор на ХАБИТАТ Македонија г. Зоран Костов. На истиот настан се презентираа наодите на студијата за потенцијалите за отварање на „зелени“ работни места во Македонија. Проектот на УСАИД и Хабитат Македонија се фокусира на енергетската ефикасност во домувањето кај семејства со ниски примања преку низа активнсоти, наменети за подобрување на животниот стандард на семејствата со ниски примања, кои што живеат во згради за колективно домување. Овие активности ќе резултираат со намалени емисии на стакленички гасови и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 123

Страница 4

намалена потрошувачка на енергија во секторот домување. До крајот на проектот предвидено е енерегтски ефикасни мерки да се преземат во околу 30 згради за колективно домување или кај 600 домаќинства во седум општини (Карпош, тетово, Куманово, Струмица, Кавадарци, Струга и Прилеп). (ЈДК)

Enercon GmbH и секоја од турбините е висока 108 метри со дијаметар на роторот од 82 метри. Компанијата Nelja Energia е најголемата компанија за ветерна енергија на Балтичките држави. (БК) Повеќе...

Повелба за пристапување кон градови со енергетска ефикасност Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски потпиша повелба за пристапување кон градови со енергетска ефикасност. Повелбата ќе биде испратена во Брисел. „Ова е едно глобално движење, а европската заедница направи една асоцијација. Со сите наши проекти треба да успееме да ја намалиме емисијата на јаглероден двооксид на помалку од 20 проценти, да направиме мониторинг на најголемите загадувачи и аналогно на тоа да дадеме препораки за отстранување на истите“ – изјави г-дин Дамјановски. (СП) Повеќе

Корисни интернет адреси

Електричните возила сеуште непознати за Македонија На 27-ми јуни, Р.Македонија беше домаќин на меѓународна конференција за електрични возила, на која беше потпишана и првата Декларација за е-мобилност во земјава. Посетителите можеа да ги разгледаат трите електрични возила од Словенија и од Бугарија, македонскиот електричен скутер на иноваторот Васко Ацковски и два вида на полначи за електрични автомобили. Настанот беше организиран од страна на здружението „Електромобилност Македонија“, со поддршка од Машинскиот факултет од Скопје и државната компанија МЕПСО. (ЗТ) Повеќе... Енергетски ефикасен менаџмент Стопанската комора на мал бизнис на Република Македонија го претстави проектот Еурем Плус - Зголемување на енeгетската ефикасност во производството на малите и средни претпријатија со проширување на европската EnergyManager мрежа за обука, финансиран од Intelligent Energy Europe Program. Донацијата е на European Commission Executive Agency for Competitiveness and Innovation (EACI), проектот е раководен од индустриската стопанска комора на Нинберг-Германија, а е подржан од Министерството за економија на РМ, и Стопанската комора на мал бизнис на РМ. Целта на проектот е воспоставување на мрежа од 15 меѓународно лиценцирани енергетски менаџери во РМ и основање на конзорциум од македноски претпријатија и организации. Од 2014 година овој конзорциум треба да стане официјален македонски партнер на интернационалната ЕУРЕМ (EUREM www.eurem.net) мрежа од 3000 сертифицирани енeргетски менаџери во 32 земји. (ЈДК)

Новости од светот

Меркел: Потребно е да се дејствува против растечките цени на електричната енегрија Ангела Меркел изјави дека Германија мора да ги ограничи субвенциите во областа на обновливите извори на енергија. Таа смета дека наместо тоа, потребно е да се унапреди електромрежата и да се дејствува против растечките цени на електричната енегрија. Бумот во секторот за обновлива енергија кој веќе произведува една четвртина од електричната енергија во Германија, предизвика големи проблеми во енергетската инфраструктура, која е изградена со капацитет за големи енергетски електрани, наместо за илјада мали обновливи извори. (МК) Повеќе...

Занимливости Компанијата „Nelja Energia“ ја отвора најголемата ветерна фарма во Литванија Nelja Energia е компанија која ја отвора најголемата ветерна фарма во Литванија, во близина на Балтичкото море. Се состои од 17 ветерни турбини со вкупен капацитет од 39,1MW. Објектот е завршен уште во 2012-та година и се очекува да произведува 108GWh електрична енергија на годишно ниво, што претставува доволно за снабдување со енергија на 27000 домаќинства. Компанијата инвестирала околу 57,5 милиони евра во развојот на ветерната фарма која покрива територија од 800 хектари. Ветерните турбини се произведени од германската компанија

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org ЕУ

Интернет страна на месецот – www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

RE - SEEties

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конференција за индустриски инженеринг и заштита на животната средина 30 октомври 2013, Зрењанин, Република Србија Конференцијата обезбедува форум за дискусија и размена на искуства помеѓу претставниците од владата, државните агенции, универзитети, истражувачки институции и практичари од индустријата. (БК) Повеќе... EREC2013 - Конференција за Европска политика за обновливи извори на енергија 28 ноември, 2013, Брисел, Белгија EREC2013 ви нуди живописни можности за мрежно поврзување, можност да се изгради профилот на вашата компанија, да добиете знаења од клучните креатори на политики и да откриете нови бизнис можности. Можете да дознаете повеќе за: потреба и можности за раст, работни места и иновации за Европа, кои ќе се постигнат преку инвестиции во секторот за обновлива енергија; прашањето дали Европа е на добар пат во однос на 2020 амбициите; улогата на амбициозната 2030 регулаторна рамка за обезбедување на стабилност и предвидливост за инвеститорите. Повеќе... 4-та Годишна конференција Обновливи извори на енергија 2013 26-28 август, Берлин, Германија Настанот претставува средба на донесувачите на одлуки вклучени во креирање на пазарот на електрична енергија и германскиот акт за обновливи извори на енергија (ЕЕГ) 2.0. Раст на пазарот за индустрија и енергетскиот пазар. На него, меѓу другото, ќе се разговара и за следните теми: Обновливите извори на енергија во Германија, Европа и целиот свет: информации за рамковните услови, можности за инвестирање и финансирање опции за обновливи извори на енергија. - Инструменти за субвенционирање: Кој е моменталниот статус на процесот на хармонизација? - Проширување на мрежата: Како ова ќе биде спроведено во Европа? - Инвестиции и раст: Кои земји нудат најдобри можности за обновлива енергија? Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски, М. Крушаров и Д. Ристовски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

123 infomacef