Page 1

Број 122

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Мај 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ a  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец мај нѝ донесе прекрасни денови, но и обврски кои секој од нас ги остварува во рамките на своите можности. Со гордост Ве потсетуваме дека ИнфоМАЦЕФ излегува 10 години НЕПРЕКИНАТО секој месец. Не ја објавивме оваа информација во јубилејниот 120ти број, веројатно да се сочуваме „од уроци“. Целиот тим на МАЦЕФ е вклучен во оваа активност, во рамките на своите можности. Ги пренесуваме (воглавно) нашите активности, но се обидуваме и да испратиме определени информации од општ интерес. И да предизвикаме расправа, иако тоа не нѝ оди најуспешно. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон неколку случувања, имено Интернационалниот симпозиум за природен гас, на кој се дискутираше за геополитичката сигурност за снабдување со овој енергент, и правците за проток од „Исток кон Запад“. Посебно внимание се посвети на потенцијалот на новите наоѓалишта на гас во овој дел од светот. Нашата активност во работата на меѓународниот проект РЕ СЕЕ, во соработка со град Скопје, се интензивира. Интернационален симпозиум за гас, Истанбул „РЕ СЕЕтиес“ активности во Италија Упатство за изработка на Програм за енергетска ефикасност Една тема заслужува посебно внимание и потребно е да се подигне на повисоко ниво – електронските аукции. Сведоци сме дека при сегашното економско опкружување, компаниите се борат да преживеат – било да се од секторот на услугите или изведување на работите. Поединечни компании, особено ако имаат договори со испорачатели на опрема, подготвени се интелектуалната услуга (проектирање) да ја понудат за ЕДНО ЕВРО (а некои дури и да платат), затоа што профитот се остварува преку пласманот на опремата. Очекуваме да го добиеме вашето размислување, позитивно или негативно искуство, коментар поврзан со електронските аукции! Поздрав од редакцијата,

Активности на МАЦЕФ INGAS 2013, 5th International Symposium on Natural Gas На 29 и 30 мај во Истанбул се одржа Меѓународниот симпозиум кој на едно место „собра“ над 500 учесници од 10 земји. Работата се одвиваше на пленарни и паралелни сесии. Тематиката (www.ingas.com.tr). беше насочена кон геополитичките односи при снабдување со природен гас. На овој симпозиум беше презентиран реферат приготвен од проф. д-р К. Димитров и Ј. Д. Капац (МАЦЕФ) и О. Димитров (град Скопје) со наслов Development оf

тhe Application/Use оf Natural Gas, Geopolitics of Natural Gas and Supply Security (приложен на нашата интернет страна).

Проф.Димитров раководеше со работата на една од сесиите со наслов Intellectual Capital and

Talent Management in Natural Gas. На нивно барање

оствари редица состаноци со ген. дир. на ИГДАШ (компанија која дистрибуира гас до над 5 милиони корисници во Истанбул) г-дин Б. Аслан, со менаџерот за инвестиции во странство Д-р Т. Вејсел, како и со директорот на центарот за обука УГЕТАМ С. Келешер и проф. У.Д. Аринч. Прекрасна плакета му врачи г-дин Б. Аслан на проф. Димитров, за повеќегодишната успешна соработка, со желба да се продлабочи и ефектуира со присуство на оваа компанија и на македонската сцена.

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Движење на цените на енергентите во Македонија Активности од проектот „RE – SEEties“ од Програмата за ЈИЕ Конференција „Синергии и капитализација ефикасни заедници“ во Потенза, Италија

за

енергетски

Конференција „Синергии и капитализација за енергетски ефикасни заедници“, која беше организирана како дел од проектот RE-SEEties, се одржа на 27 мај 2013, во хотелот Гранде Алберго во Потенза, Италија. Партнери од Македонија на овој

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 122

Страница 2

проект се и МАЦЕФ и Град Скопје. Г-ца Зоја Таревска и г. Саше Паневски го претставуваа МАЦЕФ на оваа конференција. На конференцијата зборуваше градоначалникот на Потенза, г. Вито Сантасиеро; претставникот на Националната асоцијација на италијански општини, д-р Гиада Мајо; претставник на CONAI – Италијански национален конзорциум за амбалажи, д-р Фабио Костарела, претставник на ЗЕС Бистра Птуј, г. Данило Чех; претставник на Регионалната енергетска агенција – SEL, д-р Игназио Петроне и други. На конференцијата учествуваа многу организации од цела Југоисточна Европа и истиот беше искористен за вмрежување и проширување на соработката на организациите. (СП) Повеќе Се одржа втората транснационална работилница на експерти на проектот RE-SEEties

Работилницата се одржа на 27-ми и 28-ми мај 2013 година во просториите на хотелот Гранде Алберго во Потенза, Италија. Присутните гости беа претставници на шест градови и пет професионални организации од осум земји, меѓу кои и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Најбитните точки кои беа дискутирани беа документите Мапа за вклучување на заинтересирани страни во процесот на креирање на локални стратегии и акциони планови, почеток на креирањето на методологија за локалните стратегии и акциони планови и Студиите на случај за осум градови во југоисточна Европа, меѓу кои и Град Скопје. Г. Саше Паневски и г-ца Зоја Таревска имаа свои презентации за горенаведените теми, на кои ги претставуваа изработените документи од страна на проектот РЕ-СЕЕтиес кои се однесуваа на Скопје. Исто така, дискутирана беше идната работа на проектот РЕ-СЕЕтиес на транснационално ниво, со пресликување на резултатите на локално ниво. (СП) Повеќе Прва работилница за менаџерите на засегнатите страни од проектот (Stakeholder Мanagerс Тraining)

Работилницата

се

одржа

на 29-ти мај 2013 година во просториите на хотелот Гранде Алберго во Потенза, Италија. На работилницата присуствуваа менаџерите за засегнатите страни од сите проектни партнери. Од МАЦЕФ претставници беа г. С. Паневски и г-ца З. Таревска. Работилницата беше мошне плодна и корисна. Целта на тренингот беше да се обучат менаџерите како да ги водат работните сесии и тркалезни маси со чинителите од областа која е засгната со проектот. Беа направени и неколку симулации на тркалезни маси со сите релевантвни чинители кои би требало да присуствуваат на состаноците. Исто така беа дефинирани и целите на работините состаноци кои би ги имале менаџерите со чинителите во секој град партнер во проектот. Платформата за менаџерите на засегнатите страни е дел од работниот пакет бр.6 и е особено важен за резулатите на проектот. (ЗТ)

Тимот на МАЦЕФ како почесни гости на „Парадата на Турците“ во Потенза, Италија

При престојот во Потенза, по завршетокот на сите работни состаноци и средби, тимот на МАЦЕФ (г.С.Паневски и г-ца З. Таревска) заедно со проектните партнери од Унгарија и Р. Словачка беа поканети од градоначалникот на Потенза, да учествуваат на традиционалната парада на градот, „Парадата на Турците“. Парадата се одржува во чест на светецот Сант

Џерардо. Според легендата, група Турци пристигнале до брегот на Јонското море и навлегле во шумата на Базиликата со цел да го освојат градот Потенза. Тоа го забележал светецот Сант Џерардо и испратил ангели да го осветлат градот и да ги направат војниците

на Потенза доволно силни за да се справат со непријателот. Италијанската војска ги поразила Турците уште пред да влезат во градот. Затоа во чест на Сант Џерардо, секоја година се одржуваа оваа парада, која е исклучително важна за жителите на ова мало место, а воедно и голем дел од жителите ангажирани или учесници во парадата. Тимот од МАЦЕФ, маскирани во автентична облека доделена од општината, беше дел од главната поворка водена од градоначалникот г. Вито Сантасиеро. Ви доловуваваме неколку моменти преку фотографии. Мора да признаеме, мошне интересно и необично искуство! (ЗТ) МАЦЕФ продолжува со техничката помош на кредитната линија „Зелено за развој“ (GGF) МАЦЕФ со задоволство констатира дека користењето на „зелените кредити“ за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во Македонија се повеќе зема замав. Имено месецов беше подготвен уште еден извештај за енергетска проверка и беше дадено зелено светло за користење на Еко Кредит + на Халкбанка, како дел од кредитниот фонд Зелено за развој (Green for Growth). Се надеваме дека овие примери ќе ги следат и останатите компании, бидејќи со спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност тие стануваат попрофитабилни и поконкурентни на пазарот. (ИП) Енергија. Развој. Демократија Претставници на МАЦЕФ учествуваа на втората интернационална конференција „Енергија. Развој. Демократија“, која се одржа на 13ти Мај 2013, во Загреб, Хрватска. Конференцијата беше организирана во рамките на иницијативата за јавен дијалог при иницијативата на одржливата употреба на енергија во југоисточна Европа и се спроведува од страна на повеќе организации од регионот. Целта е да се подигне нивото и отворениот дијалог за одржливото користење на енергијата помеѓу претставниците на парламентот, владите, бизнис заедницата, медиумите и граѓанското општество. Модератори на конференцијата беа истакнати претставници од национални иституции, советот на ЕУ, амбасадори и членови на парламенти. Работата на оваа конференција ја поздрави г. Јанез Копач директор на ЕУ Енергетската заедница. На конференцијата учествуваа проф. Др Константин Димитров и Јасминка Димитрова Капац од МАЦЕФ, кои со своите дискусии дадоа квалитетен придонес во дебатите и воопшто на конференцијата. (JДK) Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручниот тим на МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 122

Страница 3

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на зaверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи „Службен весник на РМ“ бр. 81/2013 од 03.06.2013 Закон за изменување и дополнување на Законот за градење „Службен весник на РМ“ бр. 79/2013 од 31.05.2013 Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика „Службен весник на РМ“ бр. 79/2013 од 31.05.2013 Правилник за изменување и дополнување на правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности „Службен весник на РМ“ бр. 78/2013 од 29.05.2013 Правилник за изменување и дополнување на правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности „Службен весник на РМ“ бр. 78/2013 од 29.05.2013 Одлука за давање на согласност на Годишниот извештај за работа на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија за 2012 година „Службен весник на РМ“ бр. 74/2013 од 20.05.2013 Правилник за информациите кои се на располагање на потрошувачот за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 во однос на продажбата на новите патнички возила (*) „Службен весник на РМ“ бр. 65/2013 од 07.05.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

ОзонАир на меѓународен саем во Приштина Македонската компанија ОзонАир продолжува со успешното претставување на меѓународната сцена. Во периодот 08-11.05.2013, компанијата ги претстави своите производи на меѓународниот саем во Приштина. Интересот за производите на компанијата е потврден со

склучување на договори со домашните фирми, а потврда на квалитетот се добиените признанија. Генералната забелешка на ОзонАир од овој саем е дека интересот за употреба на системи за заштеда на енергија кај косовските инвеститори, се зголемува секоја година. (ИП) Национална промоција на проект за искористување на дрвен отпад На 20-ти минатиот месец, во просториите на хотелот „Континентал“ во Скопје се одржа националната промоција на проектот „Намалување на емисиите на CO2, преку замена на фосилно гориво со биомаса - дрвен отпад“ раководено од Националното здружение на сопственици на приватни шуми (НЗСПШ) од Берово. Проектот се реализира со финансиска поддршка од страна на ГЕФ-ПМГ (Глобален Еколошки Фонд – Програма за Мали Грантови) со половина од финансиите потребни за реализација на проектните активности, а како партнери во проектот се и ЦНВП подружница во Македонија и Општина Берово. Вкупниот буџет за овој проект изнесува 61000 долари, а крајниот рок за реализација на сите предвидени проектни активности е крајот на месец мај 2013 година. Во основа, целта на овој проект е да се замени постоечкиот систем за греење во училиштето во селото Двориште - Општина Берово, каде како извор на енергија претходно е користено фосилно гориво (Екстра лесно масло – ЕЛ1). Замената е реализирана преку инсталирање на систем кој работи на дрвен „чипс“ (дробено дрво), кој ќе биде произведен од членовите на НЗСПШ. Со завршувањето на проектот директно ќе се намалат емисиите на CO2 за 16,14 тони/год. Проектот е одржлив, бидејќи носи заштеда од неколку илјади долари на годишно ниво што ќе претставува поттик и за други субјекти во иста општина и други општини да се реплицира овој проект. Овој проект ќе обезбеди приход и за НВО и руралното население (сопствениците на приватни шуми, сопственици на мали пилани) преку продажба на дрвен отпад или шумски отпад кој останува по примарната преработка на дрвото. Исто така обезбедува корист за локалната заедница во намалувањето на трошоците за греење и намалување на емисиите на CO2 (здрава животна средина). (ЖИ) Изработка на програми за ЕЕ На 9 април, во салата на Владата на РМ, Агенцијата за енергетика организира средба на експерти за да се дискуситира Нацрт Упатство за изработка на Програми за Енергетска ефикасност на општините. Основен заклучок кој произлезе од оваа средба е дека Упатството треба да се преработи/доработи за да се усогласи со НАПЕЕ (Националниот Акционен План за ЕЕ). Напорот на УНДП да го подигне нивото на обученост на општинската администрација е за поздравување. Експертите сметаат (врз основа на стекнатото искуство) дека администрацијата сеуште не е оспособена самостојно да ги приготвува овие Програми Планови за ЕЕ, кои се законска обврска, и дека им е потребна експертска поддршка. Енергетска контрола на јавните згради Државните јавни институции ќе мора да ја следат потрошувачката на енергија во зградите каде што ја вршат дејноста, а општините ќе го контролираат и јавното осветлување. На сите јавни згради во рок од три години ќе се направи енергетска контрола, со што ќе се знае колку точно

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 122

Страница 4

електрична енергија трошат и колку се енергетски ефикасни. Ова се предвидува со измените на Законот за енергетика, кој е во собраниска процедура. - Првпат се воведува т.н. енергетски пасош. За таа цел, односно за проценка на потрошувачката на енергија во објектите на владините и на јавни институции, ќе се формира комисија која воедно ќе има обврска да изготвува и извештај, кој точно ќе покаже каде треба да се интервенира за намалување на трошоците на потрошувачката на енергија - вели министерот за економија Ваљон Сараќини. (МК)Повеќе... Рускиот гас ќе го намали увозот на електрична енергија Евтиниот гас кој од Русија кој треба да дојде преку крак од Јужен тек ќе ја намали зависноста на Македонија од скапиот увоз на електрична енергија бидејќи комбинираните гасни централи КОГЕЛ и ТЕ-ТО конечно ќе почнат да работат со полн капацитет, сметаат експертите. Сепак, според нив, мора да се инвестира и во преносните системи и во енергетската ефикасност. „ЕВН има сериозни планови за намалување на загубите во дистрибуцијата што значи значителна заштеда. И стратегијата за енергетска ефикасност ќе придонесе за намалување на потребите за дополнителни капацитети за електрична енергија“ изјави академик Глигор Каневче. Државниот електропреносен систем ќе вложи 50 милиони евра во нови 165 километри високонапонско поврзување со Албанија и со Србија, како и во обнова на постојната мрежа на далноводи. „Овие проекти се дел од европскиот мега план во кој се опфатени повеќе од 100 проекти вредни 104 милијарди евра наменети за ревитализација и изградба на над 50000 километри далноводи низ Европа“ вели Синиша Спасов, генерален директор на МЕПСО. (МК) Повеќе...

Новости од светот Инвеститорите почнуваат да одговараат на прописите за ЕЕ на објектите Европските регулативи за енергетски карактеристики на згради почнуваат да влијаат на одлуките за инвестирање на пензиските фондови и други финансиски институции. Инвеститорите сфаќаат и чувствуваат дека прописите и барањата за стандарди за реновирање на зградите, нивната постојана обнова и одржување ќе влијае на долг рок на вредноста на нивниот недвижен имот. Студија изработена од „Institutional Investors Group on Climate Change“ открива дека сертификатите за нискоенергетски објекти се повеќе се користат за да се намалат цените на недвижностите на пазарите во Европа. (ИП) Повеќе... Европскиот парламент го подржа планот за ефикасност на горивата за автомобили, вклучувајќи „супер-кредити“ Комитетот за животна средина при Европскиот парламент, гласаа за строги цели на емисиите на јаглерод од патничките автомобили во Европа, со цел да се постигнат целите до 2020 година. Од 2020 година, сите нови автомобили во ЕУ не треба да емитираат повеќе од 95 грама СО2 на километар (g/km) и од 2025 година, таа бројка ќе падне на помеѓу 68 и 78 g/km. Одлуката за точната бројка треба да се донесе пред 1 јануари 2017 година. Но, доколку гласањето на комитетот за животна средина биде поддржан подоцна од страна на сите институции на ЕУ, ќе им овозможи производителите на автомобили некои подобности да ги исполнат овие цели преку користење на „супер кредити“. (ИП) Повеќе... Пуштен во употреба новиот уред за искористување на енергијата од морските бранови Новата направа наречена „Waveline Magnet“ - енергетски конвертор на енергијата од морските бранови е пуштена во морето од компанијата „Sea Wave Energy Lt“. Направата може да произведе 1MW енергија за помалку од £1.5 милиони фунти, наспроти околу £5 милиони за 1MW кој е типичен за останатите направи за искористување на енергијата на брановите. Повеќе... (БК)

Занимливости

Започна првата студентска конференција „ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ“ На 16-ти мај 2013 година, во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии и ИАЕСТЕ Македонија започна Првата студентска конференција на тема Енергетска ефикасност и одржлив развој. Со оваа студентска конференција се овозможува развој на научни вештини и квалификации за истражување на студентите кои ќе придонесат до оформување на поквалитетни академски кадри во областите на енергетска ефикасност и одржлив развој. На конференцијата се одржаа четири работни сесии на кои беа презентирани истражувања од областите на: Обновливите извори на енергија, Енергетска ефикасност во градежништво и архитектура, Социјални, економски и еколошки аспекти на одржливиот развој и Енергетски ефикасни уреди и материјали. Конференцијата траеше до 18 мај 2013 година. Во овој период своите истражувања ги претставија педесет автори на трудови. (СП) Повеќе

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ Интернет страна на месецот – MACEF Facebook www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.motorchallenge.org/ www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Иновации во енергијата, енергетските и електрични машини 5-ти до 7-ми Септември 2013г. Истанбул, Турција Конференција која цели кон зголемување на соработката помеѓу истражувачите и учесниците со заеднички интерес за подобрување на енергијата, енергетските и електрични машини преку научни и технолошки публикации. Научните здруженија имаат намера да ја подобрат врската меѓу истражувачите од енергетскиот сектор. (БК) Повеќе... Саем за енергија - Турција 11-ти до 12-ти Септември 2013г. Истанбул, Турција Саемот за енергија е поддржан од здруженијата Турска асоцијација на енергетски трговци, Европската федерација на енертетски трговци и Турската индустрија и бизнис асоцијација. Национални и меѓународни изложувачи ќе ја имаат можноста да се сретнат со донесувачите на одлуки, врвните менаџери, влијателни и експертски лица од енергетскиот сектор низ целиот регион. (БК) Повеќе... Конференција за развојот на европската енергетска мрежа и начинот на складирање на енергијата 16-ти до 17-ти Септември 2013г. Хамбург, Германија На конференцијата ќе се дискутира за предизвиците со стабилноста на енергетската мрежа и потрошувачката на енергија како и за обновливите извори на енергија и нивна одржливост. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Јасминка Д. Капац, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

122 infomacef