Page 1

Број 121

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Април 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

 Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје -

Активности на М АЦЕФ

ОТВОРЕН ДЕН „Купи сончев колектор – аплицирај за субвенција“

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Веруваме дека имавме доста среќа со изборот на денот за промоција на топлинските сончеви колектори – прекрасен пролетен ден исполнет со сонце. Привлече посетители кои се со се повисоко ниво на знаење од технички аспект. Покрај присуството на Министерството за економија со напатствие за пријавување за добивање финансиски субвенции, забележително беше и присуството на една банка, која и овде си бара свои клиенти. Оправдано и за пофалба – банките кон потрошувачите! Имаше многу активности и ние успеваме да одбележиме неколку на кои сакаме да го насочиме вашето внимание:

Соработка со општините – помош при изработка на ЕЕ Програми Јавен дијалог Македонија-Косово во секторот на енергетската ефикасност Обука на службениците од ХалкБанка за промоција на кредити во секторот на енергетската ефикасност (ГГФ кредитна линија) Зелени енергетски клубови – отворени денови – продолжува соработката со ЕВН Македонија насочена кон училиштата ОРФ-ЕЕ програма – започнува следење на мерките за енергетска ефикасност и нивно прикажување врз заедничка основа – нов проект на ГИЗ УСАИД – промоција на Балкански центар за чиста енергија, технологии и услуги

Сакаме вашето внимание да го насочиме и кон случувањата т.е. собирите од секторот на енергетската ефикасност и природниот гас во Загреб и Истанбул. Ќе пренесеме информации од овие значајни настани во следниот број. Нашите промотивни активности привлекуваат внимание и кај домашните производители на печки на биомаса. Тие имаат интересен предлог да се организира отворен ден и за нивна презентација. Идејата заслужува особено внимание и ќе се обидеме да ја релизираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources)

Дел од тимот на МАЦЕФ со министерот за економија г. Сарачини

Дел од изложувачите производители (ЛЕОВ Компани и КАМЕЛ Солар)

На 13-ти април (сабота), на плоштадот Скендербег во Старата скопска чаршија, општина Чаир, МАЦЕФ организираше отворен ден под мотото „Купи сончев колектор – аплицирај за субвенција“. Настанот беше под покровителство на Министерството за економија на Р. Македонија. На отворениот ден свое излагање имаа четири македонски производители на сончеви колектори и тоа: ЛЕОВ Компани, ЕТЕРНА СОЛАР, ЕУРОТЕРМ и КАМЕЛ СОЛАР. Свое место имаше и ПроКредит Банка, одлична можност да го промовираат „зелениот“ кредит. Целта на овој промотивен настан беше промоција на употребата на сончеви колектори во домаќинствата и искористување на сончевиот потенцијал на нашата земја, како обновлив извор на енергија, како и информирање и промовирање на поволностите од употребата на топлинските сончеви колектори. Настанот го посети и министерот за економија на Р. Македонија, г. Ваљон Сарачини. Настанот им овозможи на граѓаните да добијат бесплатни совети за тоа како работат сончевите колектори, за заштедата на енергија што се постигнува со нив и како максимално да се искористи македонското сонце. МАЦЕФ е горд што по вторпат организира настан и дружење од ваков тип и тоа со тема „Македонско сонце“, како да научиме да го користиме правилно, ефикасно и економично. Се надеваме дека отворените денови на тема сонце и сончеви колектори ќе прераснат во традиција. (ЗТ)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 121

Страница 2

Изработка на Програми за енергетска ефикасност и Акциски планови на општините од Вардарски плански регион МАЦЕФ учествуваше во реализацијата на проектот на Центарот за развој на Вардарски плански регион за подготовка на Програми за енергетска ефикасност и Акциски планови на шест општини од Вардарскиот плански регион: Кавадарци, Неготино, Росоман, Лозово, Демир Капија и Градско. Како дел од проектот се одржаа обуки за собирање на податоци, користење на софтверски решенија за анализа на податоците и пресметки и изработка на самите програми и Акциски планови. Општините, во соработка со МАЦЕФ ги собраа сите податоци и потоа врз основа на истите, подготвени беа првите четири нацрт Програми за енергетска ефикасност на општините Росоман, Лозово, Демир Капија и Градско. Подготвени беа и Акциските планови за 2013 година за истите општини, со што се земаа во предвид и финансиските можности и планови на општините, како и можностите за надворешни финансирања и јавноприватни партнерства. Програмите и Акциските планови беа изработени од членовите на МАЦЕФ и општинските работници од гореспоменатите општини. (СП) Презентирање на ОПЕЕ на општините од Вардарски плански регион На 23-ти април, во собраниската сала на општина Неготино, се одржа работилница на која се презентираа подготвените програми за енергетска ефикасност за општините од Вардарскиот плански регион. На оваа работилница со свои презентации се претставија г. Александар Бузалков и г. Марко Колев од Центарот за развој на Вардарски плански регион (ЦрВПР), г. Трајче Андреевски и г. Боран Ивановски од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), г. Панче Атанасовски од Агенција за енергетика на РМ, како и претставниците на општините од Вардарскиот плански регион. На работилницата присуствуваше и директорот на Агенцијата за енергетика на РМ, г. Лазар Гечевски. Тој ја искористи оваа можност на присутните да им го промовира Упатството за подготовка на општинските програми за енергетска ефикасност заедно со претставникот на ЦЕПРОСАРД, коишто се изработувачи на истото. Презентациите на оваа работилница ги прикажаа досегашните активности на ЦрВПР во областа на енергетската ефикасност во Вардарскиот регион, тековните и идните планови за развој. Во таа насока, пак, претставниците од УНДП ја прикажаа поддршката од оваа организација кон активностите во сферата на енергетиката и енергетската ефикасност на општинско и на ниво на развојните плански региони. Претставниците од општинските тимови кои учествуваа во изработката на Програмите и Акционите планови ги прикажаа резултатите добиени од анализите на општинските објекти како и едногодишните планови за реализацијата на мерките за енергетска ефикасност. Воедно, беа прикажани и потенцијалните финансиски и енергетски заштеди од овие планови, како и нивото на намалување на стакленичките гасови. (ЖИ) ЈАВЕН ДИЈАЛОГ – Надминување на проблемите во спроведување на легислативна рамка за ЕЕ На 18 април, во Битола се одржа “Јавен дијалог за надминување

на проблемите при имплементацијата на легислативната рамка за енергетска ефикасност” организиран од Центарот за

креирање на политики (CRPM) и Техничкото друштво за меѓународна соработка (GIC). На настанот своја презентација инаше и проф. Димитров (МАЦЕФ) насловена: „Инструменти за

институционална соработка во спроведувањето на енергетската ефикасност на општинско ниво“.

ЈАВЕН ДИЈАЛОГ: Македонија - Косово На 23-ти април, во просториите на Холидеј Ин се одржа расправа на тема „Јавен дијалог за надминување на проблемите

при имплементацијата на легислативната рамка за енергетска ефикасност“, во присуство на претставници од Македонија,

Хрватска и Косово. Расправата беше организирана од страна на CRPM, GIC, Konrad Adenauer Stiftung и PIPS Настанот имаше за цел да иницира регионална јавна дебата помеѓу релевантни претставници од Македонија и Косово во врска со клучните предизвици во овој сектор, како и потребата од усогласување на различните интереси од заинтересираните страни во дијалогот за креирање на политики за енергетска ефикасност. Во рамките на овој настан се разменија искуства и знаења помеѓу македонските и косовските експерти за енергетска ефикасност, а беа презентирани гледиштата на претставниците од локалната власт на двете земји. Проф. Димитров (МАЦЕФ) презентираше реферат со наслов

„Енергетска сиромаштија: одговорите на политиката на локално ниво“.

Обука за тимот на Халкбанка за втората фаза на фондот GGF На 25-ти и 26-ти април во стопанската комора на Македонија беше спроведена обука на кредитните службеници од Халкбанка за втората фаза од кредитната линија на фондот „Зелено за развој“ (GGF). Целта на обуката, која беше спроведена од страна на консултантската куќа „Energy Saving Group“ е запознавање со новите услови на фондот кој Халкбанка го спроведува преку кредитната линија „ЕКО ПЛУС КРЕДИТ“. Инаку кредитната линија финансира проекти за енергетска ефикасност и ОИЕ во мали и средни претпријатија, земјоделство, транспорт и индустрија. Техничка поддршка на оваа кредитна линија е МАЦЕФ. (ИП) Состанок со националниот контролор на проектот RESEEties RE-SEEties е европски проект чии активности се во насока на ефикасно користење на ресурсите во урбани средини, кој наметнува еден интегриран пристап за два важни елементи – енергијата и отпадот. Спроведувачи на проектот во Македонија се МАЦЕФ и Град Скопје. На 22-ри април во просториите на МАЦЕФ членовите на тимот од МАЦЕФ и Град Скопје остварија средба со националниот контролор на проектот, г. Звонко Кочовски од компанијата за ревизија БДО д.о.о. Скопје, назначен од Министерството за локална самоуправа. Состанокот се одржа поради завршувањето на првиот период за известување на Транснационалната програма за соработка во Југоисточна

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 121

Страница 3

Европа на Европската Унија и имаше информативен карактер. (СП) Училишен проект – Зелени енергетски клубови Отворени денови Во рамки на училишниот проект предвидени се и отворени денови на Зелените енегретските клубови. Последната недела од месец Април се покажа идеално време за реализација на отворените денови во шестте основни училишта за кои МАЦЕФ е задолжен да работи. Од 23-ти до 30-ти април се одржаа шест отворени денови во дворот на шест училишта, и тоа: 26.04. ОУ„Крсте Мисирков“ – Куманово, 24.04. ОУ „ Исмаил Кемали“ – Гостивар, 25.04. ОУ „Лирија“ – Тетово, 26.04. ОУ „Дитурија“- с. Сарај, 29.04. ОУ „Скендербег“ - с.Арачиново, 30.04 ОУ „Лирија“ Скопје нас. Чаир. Отворените денови на зелените клубови претставуваат одлична можност за учениците да претстават што работеле со едукаторите, што научиле и како тоа го примениле. Целта на отворените денови е јавно да се презентираат сите трудови и активности на клубовите, пред се за соучениците, наставниците и родителите, но и останатите граѓани на заедницата. Со ваквиот начин на претставување на клубовите, се влијае на свеста кај останатите соученици и другите индиректно засегнати групи за разумно користење на енергијата, за значењето на енергијата и обновливите извори на енергија. Следно што се подговтвува е националниот квиз за енергија кој ќе се одржи во рекреативниот центар на Црвен крст во Струга, хотел „Солферино“ во првата половина од месец Јуни. (ЗТ) Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручниот тим на МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Програма за реализација на стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за периодот од 2013 до 2017 година „Службен весник на РМ“ бр. 50/2013 од 03.04.2013

Одлука за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините за 2013 година „Службен весник на РМ“ бр. 50/2013 од 03.04.2013 Уредба за повластени тарифи за електрична енергија „Службен весник на РМ“ бр. 56/2013 од 01.03.2013 Одлука за вкупната инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија произведена од секој одделен обновлив извор на енергија „Службен весник на РМ“ бр. 56/2013 од 01.03.2013 Правилник за содржината на регионалниот план за управување со отпад „Службен весник на РМ“ бр. 63/2013 од 01.03.2013 Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за повластени производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија „Службен весник на РМ“ бр. 63/2013 од 01.03.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Воведна работилница и промоција на проект на ГТЗ ОРФЕ програмата На 11-ти април во хотелот „Арка“ се оддржа промоција и воведна работилница на проектот „Регионална размена за воспоставување на мониторинг платформа за енергетска ефикасност“. Клучни институции за спроведување на активностите на проектот се бидат Министерството за економија и Агенцијата на Енергетика на Република Македонија, со кои за време на настанот беше потпишана изјава за соработка. Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), преку Отворениот регионален фонд на југо-источна Европа за енергетска ефикасност (GIZ ORF-EE), финансирано од Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој обезбеди техничка и советодавна помош за спроведување на проектот. Истиот се спроведува во рамките на соработката со Секретаријатот на Енергетската Заедница, поточно со согласно работната програма на Координативната група за енергетска ефикасност. Главна цел на проектот е воспоставување на софтверска платформа за мониторинг и верификација на спроведувањето на Националниот акционен план за енергетска ефикасност, заснована на препораките на Европската комисија. (ИП) УСАИД – Тркалезна маса Во знак на поддршка на приоритетите на претседателот Обама и државниот секретар Кери за решавање на глобалните климатски промени, како и промовирање на инвестиции во чиста енергија, технологии и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 121

Страница 4

услуги, УСАИД ја разгледува можноста за соработка меѓу Владата на САД, НВО од секторот енергија/животната средина и САД компании од секторот на чиста енергија за формирање на Балкански центар за развој на чиста енергија и инвестиции. Господинот Mr. Jonathan Hale, Заменик асистент администратор за Европа и Евроазија, ја претстави оваа идеја пред присутните експерти. Обука за енергетска ефикасност на Сојузот на стопански комори на Македонија Сојузот на стопански комори на 30-ти април во просториите на Центарот за култура АСНОМ, Гостивар одржа обука за енергетска ефикасност. Обуката за енергетска ефикасност се организираше со цел да се подигне јавната свест за енергетската ефикасност и да се влијае на промената на навиките во користењето на потрошувачката на енергија, со цел заштеда на електрична енергија и намалување на трошоците за истата. Обуката е дел од проектот Енергетска ефикасност на малите и средни претпријатија кој го спроведува Сојузот на стопански комори во соработка со АД МЕПСО и со експерти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (СП) Повеќе... Македонија има воден потенцијал за уште 15 големи брани Според академикот и експерт за енергетика, Глигор Каневче, во Македонија има простор да се изградат барем уште 15 големи брани и плус многу мали. Според официјалните статистики, водниот потенцијал во Македонија е искористен со нешто повеќе од 26%, што е многу мала бројка. Од вкупно 8.863 гигават-часови теоретски потенцијал на македонските реки, досега се искористени само 1.471 гигават-час. На најголемиот производител на електрична енергија во Македонија, државната компанија ЕЛЕМ, само 15% од произведената енергија и е од хидроцентралите. Акад. Г. Каневче, вели дека иако во Македонија во моментов е двојно зголемено производството на хидроцентралите поради брзото топење на снегот, не треба да му се радуваме на овој факт, бидејќи е краткорочен. Тој предлага што побрза изградба на предвидените хидроенергетски капацитети за да може да се искористат максималните бенефити од овој воден потенцијал. (МК) Повеќе...

Новости од светот

Темпото со кое се зголемува употребата на чиста енергија е пребавно за да го ограничи глобалното затоплување, предупредува ИЕА Поради тоа што владите недоволно ја промовираат зелената енергија, врвни научници тврдат дека напорот да се одржи зголемувањето на температурата под 2 степени Целзиусови овој век веќе не е успешен. Искористувањето на енергија со ниски емисии на јаглерод двооксид напредува пребавно за да го ограничи глобалното затоплување, изјави претставник на Меѓународната агенција за енергетика. Најголем дел од енергијата сеуште се добива од јаглен, а и владите не инвестираат во чиста енергија. Иако светските лидери многу дебатираат на оваа тема и користењето на обновлива енергија значително се зголеми минатата декада, просечната единица енергија произведена во денешно време е во основа нечиста како што беше и пред 20 години. (МК) Повеќе... Албанија со рекордно производство на електрична енергија Поради исклучително поволната хидролошка состојба на реката Дрим, Албанија постигнува рекордно производство на струја. Лани е извезена електрична енергија во вредност од 2,5 милиони евра, а за месецов се планира извоз од осум милиони евра. „Производството на електрична енергија достигна историски рекорд од 30 милиони киловат часови дневно, благодарение на обилните и интензивни дождови, топењето на снегот во планините, но секако и на подготвеноста на ХЕЦ-овите што работат со максимален капацитет, тврдат од албанската електрокорпорација (КЕШ).Ако се има предвид кој се учествуваше во овој проект, нагласи тој, ова е показател како треба да функционира една држава. (МК) Повеќе...

Занимливости

Високо-концентраторски фотоволтаично-топлински систем од компанијата IBM ветува дека може да постигне 80% ефикасност Конкуретен фотоволтаичен систем кој е способен да ја концентрира сончевата светлина за 2000 пати и потоа да прифати 80% од концентрираната сончева енергија се развива од истражувачите од компанијата IBM Research, Airlight Energy, ETH Zurich и Меѓународниот Универзитет за Апликативни Науки Buchs NTB, после добиениот три годишен грант од Швајцарската комисија за Технологија и Иновација во вредност од 2,4 милиони долари. Покрај производството на електрична енергија самиот ситем може да врши отсолување на водата како и да го кондиционира воздухот. Ова се корисни карактеристики за сончевите и далечни региони за кои и е дизајниран системот. Прототипниот систем се состои од голема параболична чинија која се состои од одреден број на огледала кои се така поврзани да го следат сончевото зрачење. Сончевата светлина која паѓа на огледалата се одбива од нив на одреден број микроканални течно ладени приемници со фотоволтаични чипови. Секој од овие чипови може да претвори 200-250 вати во просек, на еден типичен осумчасовен денски временски период во сончев регион. А постојат сототици вакви чипови во системскиот дизајн, со кои се обезбедуваат вкупно околу 25 kW на електрична енергија. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ Интернет страна на месецот – MACEF Facebook www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.motorchallenge.org/ www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Енергија, Развој, Демократија Успешен пристап за нова енергетска иднина во Југоисточна Европа Загреб, Хрватска 13-ти Мај 2013 5-ти Меѓународен симпозиум INGAS – Природен гас, Истанбул, Турција, 29-30 Мај 2013 Проф. Димитров покрај презентацијата на својот повикан реферат, ќе ја води и сесијата со наслов Global Energy Supply Security and P lace of N atural Gas Повеќе... 8-ма конференција за одржлив развој на енергијата, водата и животната средина 22 до 27 септември, Дубровник, Хрватска 8-мата конференција за одржлив развој на енергијата, водата и животната средина која ќе се одржи во Дубровник е посветена на подобрувањето и проширувањето на познавањата на методите, политиките и технологиите за зголемувањето на одржливоста на развојот. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

121 infomacef