Page 1

Број 120

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Март 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

 Од уредникот

Во овој број:

a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Овој месец е исполнет со немилосрдната војна (иако очекувавме натпревар) помеѓу двете македонски партии. Нема да се задржуваме на начинот на комуникацијата, но сакам да нагласам дека во пораките многу често се спомнува ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ. Е тоа е добро – натпревар: кој повеќе ќе предвиди финансиски средства за таа намена. Вашето внимание сакам да го насочам кон една куса вест – обезбедувањето на квалитетни услови за живеење и работа (се мисли на добра изолација на просторот и системите за греење и ладење) обезбедуваат 40% помалку заболувања кај народот. Оваа проблематика беше исто така повеќе пати спомената и на состанокот на интерсекторската комисија за климатски промени и влијание врз здравјето. А ние во МАЦЕФ сме преокупирани со редовното извршување на работните обврски. Полека го надокнадуваме изгубеното време во работата на меѓународниот проект РЕ-СЕЕ, а причина беше задоцнетото плаќање на котизацијата од страна на Државата. Фаќаме приклучок... Интензивирање на проектот РЕ-СЕЕтиес Јавен дијалог за енергетска ефикасност во Призрен Климатските промени и здравјето Внимавајте, условите на живеење влијаат на здравјето Посебно сме задоволни што учествувавме во изработката на документацијата потребна за спроведување на проектот за улично осветлување во општината Гази Баба. Резултатите од овој реализиран проект, освен извонредното подобрување на светлосните услови, покажува и забележителни финансиски придобивки. Добар проект, потребно е да се повтори и во другите општини. Го најавуваме и Отворениот ден – Сакам сончев колектор, кој ќе се одржи на 13-ти април во Скопје. Ќе бидат претставени неколку успешни македонски производители – со производи со врвен сертифициран квалитет. Производи кои успешно се продаваат и надвор од Македонија! Очекуваме компаниите кои настапуваат на меѓународните саеми и слични информации да ни ги испратат. Ние ќе ги пренесеме до колегите кои немале можност да ги посетат тие манифестации. Со нетрпение ќе очекуваме сите ветувања на идните градоначалници за примена на мерки за ЕЕ, да ги применат после изборите. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Подготовка на ОПЕЕ на општините од Вардарски плански регион

Презентација на софтвер за пресметка на мерки за ЕЕ, г. Саше Паневски МАЦЕФ

Во изминатиот период на месец март, тековните активности од проектот за подготовка на Програмите за енергетска ефикасност на шесте општини од Вардарски регион се одвиваа во насока на прибирање на податоци за постоечките општински објекти и пополнување на формуларите за објектите, јавното осветлување и возниот парк. Во изминатиот период на подрачјето на регионот се анализирани податоците за 50 објекти. Како дел од проектните активности, на 14.03.2013 година, во просториите на МАЦЕФ, се одржа втората обука за претставниците на ЕЕ тимовите од општините кои припаѓаат на Вардарскиот плански регион (Велес, Чашка, Демир Капија, Росоман, Лозово, Кавадарци, Неготино, Градско), претставници на Центарот за развој на Вардарскиот Плански регион и УНДП. На обуката беа претставени два софтвера за пресметка на мерките за енергетска ефикасност на Македонија, како и начинот на подготовка на финалниот документ за програмот за енергетска ефикасност на општините. Целта на обуката беше да се обучат општинските работници да ги користат софтверите за пресметка на мерки за енергетска ефикасност, како и процесот на обработка на добиените податоци и подготовката на самата Програма за енергетска ефикасност. Предавачи на обуката беа проф. д-р Константин Димитров, г. Саше Паневски и г. Жарко Илиевски од МАЦЕФ. Преку оваа обука, општините се оспособија самите да можат да си ги исполнат законските обврски, поврзани со енергетската ефикасност. Целта е општините да имаат кадар кој може да одговори на предизвиците на секојдневното управување и спроведување на Програмите за енергетска ефикасност. Со крајот на месец Март заврши и процесот на собирање на потребните податоци, при што следува нивно анализирање и предложување на соодветни мерки за заштеда на енергија. Со предложените мерки и проценети заштеди и инвестиции до средината на месец април ќе се оформи финалниот документ на програмот и акциониот план за енергетска ефикасност. (ЖИ/СП)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 120

Страница 2

Oдржан втор состанок за студијата за ОИЕ за Скопски плански регион На 22-ри Март во просториите на Центарот за развој на скопскиот плански регион се одржа вториот состанок на групата задолжена за подготовка на студијата за потенцијалите за искористување на обновливите извори на енергија во скопскиот плански регион. На состанокот од претставниците на МАЦЕФ беше презентирана работната верзија на студијата, при што беше истакнато дека најголем потенцијал за искористување во скопскиот плански регион имаат сончевата енергија и биомасата. Беше утврдено дека како пилот проекти кои ќе бидат изработени за објектите ќе се однесуваат на овие два вида на ОИЕ. (ИП) Изработка на програм за енергетска ефикасност на општина Аеродром Како дел од од подготовката на програмата за енергетска ефикасност на општина Аеродром во периодот меѓу 10 и 15 март 2013 година, кога амбиенталната температура во главниот град беше на нивото под 10 степени, во реонот на општината Аеродром се извршени 17 термографски снимања на општинските објекти. Овие анализи на општинските објектите претставуваат начин за одредување на недостатоците во фасадата на секој објект пооделно. Дополнителната корист е одредувањето на можноста за поставување на термо изолациони фасади на објектите каде што тоа е најпотребно. (ЖИ) Проект РЕ-СЕЕтиес - Ефикасно користење на ресурси и за предвидувања на потрошувачка на ресурси Партнерите на проектот РЕ-СЕЕтиес, дел од програмата за транснационална соработка во Југоисточна Европа, во кој учествуваат МАЦЕФ и Град Скопје, подготвија два извештаи со приказ на најсовремени практики. Едниот извештај се однесува на ефикасно користење на ресурси во урбани заедници со осврт на политиките на Европската Унија во однос на енергија и отпад , како и најдобри практики кои треба и може да бидат применети во регионот на Југоисточна Европа. Вториот извештај се однесува на предвидувања на потрошувачка на ресурси со осврт на политиките на Европската Унија во однос на нивното ефикасно користење и анализа на урбаниот систем. Овие документи можат да бидат од корист на неколку засегнати страни, како на пример општините и поединците кои имаат потреба да го зголемат своето знаење во областа на ефикасното користење на ресурсите или да ги проверат најновите технологии кои можат да се применат во регионот. (СП) Училишен

проект

Зелени

енергетски

клубови

Продолжува успешно да се реализира проектот за најмладите. Оваа година се формирани 15 енергетски клубови, во исто толку основни училишта во различни региони од републикава. МАЦЕФ се грижи за работата на шест енергетски клубови во шест различни општини од северозападниот регион на Македонија. До крајот на полугодието, предвидени се за реализација вкупно 15 работилници во секое од училиштата. Волонтерите на МАЦЕФ неуморно се вложуваат во изведбата на активностите со цел кај учениците да се побуди поголем интерес. Веќе 10 работилници се реализирани, во текот на месец Април и во првата половина на Мај ќе се заокружи реализацијата на активностите од При-

рачникот наменет за работа на зелените енергетски клубови. Паралелно со изведбата на активностите, во втората половина на месец Април, ќе се организираат отворени денови во секое од училиштата за кои се грижи МАЦЕФ. Тоа се енергетските клубови во следниве основни училишта: „Лирија“ – о.Чаир, „Дитурија“- о.Сарај, „Скендербег“- о.Арачиново, „Исмаил Кемали“ – Гостивар, „Лирија“ – о. Тетово и „Крсте Мисирков“ – Куманово. По завршување на активностите од прирачникот и отворените денови, на почетокот на месец јуни, пред самиот крај на учебната година, ќе се одржи до сега најголемиот, национален, интерактивен квиз за енергија финансиран од ЕВН Македонија. За подготовка на квизот ќе биде организиран летен камп на кој ќе учествуваат голем број волонтери – средношколци кои ќе работат на логистиката на квизот и негова реализација. (ЗТ) МАЦЕФ на Јавна дебата „Јавен дијалог за енергетска ефикасност“ во Призрен, Р. Косово На 27-ми Март во Призрен, Република Косово се одржа јавна дебата на тема „Јавен дијалог за енергетска ефикасност“ на која присуствуваше проф.д-р. Константин Димитров и г-ца Зоја Таревска од МАЦЕФ. Настанот беше со цел да иницира регионална јавна дебата помеѓу релевантни претставници од Македонија и Косово во врска со клучните предизвици во овој сектор, како и потребата од усогласување на различните интереси од заинтересираните страни во дијалогот за креирање на политики за енергетска ефикасност. Исто така, настанот беше организиран за да се воспостави и одржи јавен дијалог помеѓу локалните власти, бизнис секторот, академската заедница и граѓанското општество за одржливо користење на енергијата, со примарен акцент на енергетската ефикасност. Темите кои се дискутираа на дебатата беа следниве: Разбирање за управување со енергијата на локално ниво и на ниво на заедница (Косово), Енергетска ефикасност на локално ниво (Косово), Поттикнување на употребата на обновливи извори на енергија на локално ниво: политики и институции (Македонија)Енергетска сиромаштија: одговорите на политиката на локално ниво (Македонија),Улогата на Агенцијата за енергетска ефиксаност во спроведувањето на политиките за ЕЕ на локално ниво (Косово), Спроведување на методологијата „од доле кон горе“ и други политики на локално ниво кои произлегуваат од Директивите на ЕУ (Косово), Улогата на граѓанското општество во иницирањето и спроведувањето на политиките за енергија. Свој придонес во дебатата даде и проф. Димитров, со свои заклучоци. Имено, тој истакна, дека двете земји, Македонија и Косово, ако не исти, имаат многу слични проблеми, имаат подгвотвено Стратегии, НАПЕЕ и донесено стратешки документи во однос на енергетската политика. Македонија и Косово, треба да работат на зајакнување на регионалната соработка, да се партнери во меѓународни проекти и да се унапреди меѓусебната комуникација. Општиот заклучок на дебата беше дека постои добра основа за соработка меѓу двете држави, како на национално, така и на локално ниво и одлична основа за соработка на локалните власти со граѓанските организации. (ЗТ) Климатските промени и здравјето На 29-ти март, во организација на Светската Здравствена Организација и Министерството за Здравство се одржа тркалезна маса на тема Интерсекторска соработка помеѓу здравствениот сектор и останатите сектори

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 120

Страница 3

при спроведувањето на мерките за адаптација кон климатските промени како и резултати од евалуација на Стратегијата за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени во Р. Македонија. Проф. Димитров, член на оваа комисија, ја потенцираше улогата на првентивата при користење на мерките за борба со климатските промени т.е. смалување на потрошувачката на енергија во сите сектори, преку мерки за енергетска ефикасност, а во секторот на здравството – итна санација на објектите и промена на навиките на корисниците на објектите. Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручниот тим на МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Одлука за изменување на Одлуката УП1 бр. 08-167/12 од 27.07.2012 година во врска со Одлуката за примена на цена за вршење на дејноста производство на топлинска енергија на Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛ-КАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 32/2013 од 01.03.2013 Одлука за изменување на Одлуката УП1 бр. 08-166/12 од 27.7.2012 година во врска со Одлуката за примена на цена за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија на Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛ-КАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 32/2013 од 01.03.2013 Одлука за изменување на Одлуката УП1 бр. 08-162/12, УП1 бр. 08-165/12 и УП1 бр. 08-168/12 од 27.07.2012 година во врска со Одлуката за примена на цената за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија на Друштвото за снабдување со топлинска енергија СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛ-КАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 32/2013 од 01.03.2013 Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на регулиран максимален приход за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за греење и тарифни ставови за 2013 година на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода СКОПЈЕ СЕВЕР АД Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 32/2013 од 01.03.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Објектот на ЕКСПРО во Струмица прогласен за најреферентен објект на годината Објектот на ЕКСПРО во Струмица, кој воедно е и прв пасивен објект во Република Македонија е прогласен за најдобар референтен објект. Имено, по меѓународна процедура на оценување, спроведена од централата на Рехау, се врши рангирање на референтни објекти за 2012 година, од објекти изградени во 2011/12г. Објектот на ЕКСПРО ја доби првата награда во меѓусекторската категорија, која ги опфаќа сите сегменти на енергетската ефикасност и ја доби титулата „Top Reference of the Year 2011“. Им честитаме на добиената награда која претставува и потврда за визионерството на оваа компанија и им посакуваме уште многу вакви спроведени проекти и во иднина! (ИП) Започна изградбата на хидросистемот „Бошава“ На 16-ти март се започна со изградба на хидросистемот „Бошава” во Кавадарци. „Бошава“ е еден од најинтересните проекти кои се спроведуваат во Република Македонија. Тој претставува спој на неколку значајни компоненти. Инвестицијата е вредна над 13 милиони евра и ќе се реализира со јавно приватно партнерство. Станува збор за проект за искористување на природните потенцијали кои ги има државата. Со овој проект ќе се произведува електрична енергија од обновливи извори на енергија што значи заштита на животната средина, а се решаваат и потребите од инфраструктурата на граѓаните од неколку општини. Ќе има доволно вода за пиење и рестрикцииите во водоснабдувањето ќе станат минато за овој крај. Но, ќе има и вода за наводнување во земјоделството – истакна вицепремиерот на Р. Македонија, г. Пешевски. (МК) Повеќе... Општина Илинден го реализира проектот „Енергетска ефикасност во јавните општински установи“ Во соработка со Светска банка, Општина Илинден успешно го реализира проектот "Енергетска ефикасност во јавните општински установи“, како дел од проектите што Општината ги реализира во насока на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергија во јавните општински установи, односно јавните објекти во сферата на образованието, детската заштита, културата, спортот и општинската зграда, како и заштита на животната средина. Уште пред неколку години ваков систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи беше инсталиран во ОУ „Браќа Миладиновци“. (МК) Повеќе... Одржана презентација на Проектот за енергетска ефикасност на општина Гази Баба На 7-ми Март во салата за состаноци на општина Гази Баба, се одржа презентација на Проектот за замена на уличните светилки со штедливи. На подрачјето на Општина Гази Баба во текот на изминатиот период беа заменети 5700 улични светилки со штедливи, со што на годишно ниво ќе се заштедат финансиски средства за потрошена електрична енергија во висина од 300.000,00 евра. На презентацијата присустуваа претставници од компаниите Минел Шредер, Електро изградба, проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ (МАЦЕФ ја приготви потребната документација за овој успешен проект) и директорот на Агенција за енергетика на Република Македонија.(ДР) Повеќе...

Годишна членарина: 24 000 денари

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 120

Страница 4

Преку заштеда на енергија ќе се поттикнува конкурентноста На 25-ти Март во просториите на Стопанска комора беше промовиран проектот за индустриски менаџмент 2013-2015 чија цел е „Зголемување на конкурентноста на компаниите преку поттикнување на заштедата на енергија“. Според статистичките податоци, индустријата во вкупната потрошувачка на електрична енергија учествува со 29,3%. Од тој дел металургијата троши повеќе од 59%. Експертот за енергетска ефиканснот Данчо Узунов рече дека фирмите во иднина ќе треба да воведат енергетски менаџмент, многу сличeн како финансискиот и менаџментот за човекови ресурси. (МК) Повеќе...

Новости од светот

Внимавајте, условите на живеење влијаат на здравјето

“Сметам дека главна порака е дека подобрувањето на станбените услови може да го подобри здравјето, особено ако подобрувањата на подрачјето на енергијата и топлината се спроведат во станбени единици во кои живеат луѓе со респираторни проблеми”, вели Хилари Томсон, шеф на истражувањето од

„Medical Research Council“ во Глазгов. За да утврдат дали унапредувањето на топлинските услови во станот може да резултира со „опипливо“ подобрување на здравјето на станарите, британскиот тим ги анализирал резултатите од 39 претходни меѓународни студии. Утврдиле дека на пример во зграда во која е поставена надворешна топлинска изолација, бројот на лица со лоша здравствена состојба се намалил за 40 отсто. Распишан е конкурсот за Наградата за енергетска ефикасност 2013! Меѓународниот натпревар за „Energy Efficiency Award 2013“ е отворен до 30 јуни 2013 година за сите претпријатија кои успешно спроведуваат мерки за енергетска ефикасност и во значајна мерка ја намалиле енергетската потрошувачка. Наградата е 30.000,- евра. Посебно добредојдени се апликации од средни и мали претпријатија. Повеќе информации на веб страната на Германската амбасада во Скопје или тука. (СП) Пуштена во употреба најголемата сончева електроцентрала во светот „Шамс-1“ Најголемата сончева електроцентрала во светот „Шамс-1“ беше пуштена во употреба во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Претседателот на ОАЕ, шеик Ал Нахајан, изградбата на централата ја оцени како најголемото постигнување во процесот на разноликост на економијата на емиратот. Се очекува сончевата електроцентрала, со моќност од 100 МВ да им обезбедува енергија на 20.000 домаќинства. (МК) Повеќе... Необврзувачките цели за заштеда на енергија се предмет на трикови и злоупотреба Необврзувачките цели за енергетска ефикасност треба да бидат третирани со почит, но тие рутински се игнорираат, отфрлаат или се цел на законодавни измами, тврдат екс-владини претставници од земјите членки на ЕУ. ЕУ треба да извлечат поука од искуствата од спроведувањето на Директивата за енергетски услуги (ESD) од 2006, чија цел беше да се намали потрошувачката на енергија. ЕУ усвои три климатски цели за подобрување од 20% до 2020 година на: емисиите на CO2 на континентот, употребата на обновливите извори на енергија, и енергетска ефикасност. Но, енергетската ефикасност е единствената цел која не е задолжителна и заради тоа неповолните мерки за заштеда на енергија беа рутински прескокнувани. (ИП) Повеќе...

Занимливости

Сончев панел ја надминува границата на ефикасност наречена „третина од сонцето“ Производителот на фотоволтаични панели Amonix неодамна објави дека го надминал рекордот за ефикасност на соларен модул, станувајќи првиот производител чијшто модул успеал да претвори повеќе од една третина од влезната светлина во електрична енергија - цел наречена "една третина од сонцето". При тестирањата модулот на Amonix постигнал ефикасност на

претворање на сончевата енергија во електрична енергија од 33,5 проценти. (ЖИ) Повеќе... Македонците се „најенергични“ Интересна занимливост која се однесува на употребата на енергетски пијалоци. Со оглед на денешното темпо на живот, на човекот понекогаш брзо му треба пијалак кој му ја крева енергијата. Институтот за истражување на пазарот и медиумите Медиана реши да направи анализа со цел да дознае на кој во регионот од Западен Балкан најмногу му недостига енергија и затоа пие најмногу енергетски пијалаци. Според спроведените истражувања што ги направи институтот, верувале или не, Македонците се на прво место по конзумирање на енергетски пијалоци. Речиси секој петти Македонец пие енергетски пијалок барем два пати неделно. При истражувањето земени се во предвид спецификите на пазарот, како и разликите во стилот на животот кои влијаат врз консумирањето на овие пијалаци. Погледнете ги статистиките споредбено со останатите земји од регионот и прочитајте повеќе тука. (ЗТ)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ Интернет страна на месецот – MACEF Facebook www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.motorchallenge.org/ www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации ОТВОРЕН ДЕН „Користи го македонското сонце“ 13.04.2013г. во 10:00ч Плоштад Скендербег, општина Чаир

МАЦЕФ, под покровителство на Министерството за економија на Р. Македонија, организираат ОТВОРЕН ДЕН за промоција на употребата од сончеви колектори во домаќинствата и искористување на сончевиот потенцијал на нашата земја како обновлив извор на енергија. На настанот свое изложување ќе имаат неколку фирми за сончеви колектори, ќе се претстават и комерцијалните банки со „зелените“ кредити линии, свое изложување ќе имаат и Министерството за економија на Р.Македонија. Секако, ќе се делат и бесплатни совети за тоа како да се штеди енергија и како максимално да се искористи македонското сонце. ПОВЕЛЕТЕ, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ! (ЗТ) Нуклеарната енергија во Европа 26-ти до 27-ми јуни 2013г. Варшава, Полска Оваа конференција се фокусира на прашањата во однос на местото кое Европа го зазема во контекст на развојот на енергетската политика за нуклеарната енергија на глобално ниво. Како може да напредува и успее нуклеарната енергија? Кои се развојните планови, состојбата и постигнувањата досега? (БК) Повеќе... Конференција IEEE EUROCON 2013 01-ви до 4-ти јули 2013г. Загреб, Хрватска EURCON 2013 ќе се одржи на Електротехничкиот факултет за електро-инженерство и компјутери, во Универзитетот од Загреб. Ќе се дискутираат теми од областа на информатичката и комуникациската технологија, енергетски извори и системи итн. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: И. Петрушевски, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

120 infomacef  
120 infomacef  
Advertisement