Page 1

Број 119

Февруари 2013

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! После месецот исполнет со многу денови за прославување, во февруари се интензивира темпото на работа. Така и ние во МАЦЕФ работиме на исполнување на превземените обврски и тоа на неколку полиња: Завршни работи со реализацијата на проектите финансирани преку ГЕФ/СБ канцеларија во Скопје; Реализација на обврските со Вардарски плански регион; Реализација на обврските со Скопски плански регион; Започнување на реализацијата на задачите со општина Аеродром; Целосно реализирање на задачите во меѓународниот ИПА проект RE-SEE. Со задоволство ја проследуваме информацијата за успешниот настап на Македонска компанија на меѓународниот саем во Солун. Секоја информација од овој вид сакаме да ја споделиме со нашите читатели. Од таа причина – испратете нѝ кус прилог за вашите успеси. Се очекува брзо усвојување на измените на Законот за енергетика. Заедно со него (во кус временски период) треба да се усвои Правилникот за енергетски карактеристики на згради, со соодветна методологија. Ако добиеме било каков ваш предлог за измена/дополнување на правилникот (имаме уште десетина дена на располагање) официјално ќе ги доставиме до надлежното Министерство. Во тек е дискусија за стандардите за енергетска контрола на згради и индустрија на европско ниво. Македонскиот Институт за стандардизација е активно вклучен во дискусијата. Сите заинтересирани треба да се обратат до Институтот, или кај нас за да се приготвиме навреме за тоа што ќе ни донесе иднината. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Младите колеги од МАЦЕФ се здобија со сертификати за успешно спроведена пракса Младите колеги од МАЦЕФ, г. Мартин Крушаров и г-ца Зоја Таревска се здобија со сертификат за успешно спроведена пракса во рамките на компонента 1 од ИПА проектот што се спроведуваше преку Агенција за вработување на Р.Македонија „Практикантство како поддршка за вработување на млади лица до 27 години“ за периодот 09.04.2012-08.07.2012г. Благодарение на овој проект Зоја и Мартин се стекнаа со работно искуство и знаење во МАЦЕФ, а за да приказната се заврши уште поуспешно, МАЦЕФ ја вработи г-ца. Зоја Таревска. Македонската компанија саемот EnergyTech 2013

ОзонАИР

се

претстави

на

ОзонАир имаше свое претставување на саемот EnergyTech 2013 каде имаше успешна презентација на своите производи наменети за ЕУ пазарот. Меѓународниот саем во Солун одржан од 21 до 24.02.2013, организиран од HELEXPO, е сублимат од повеќе тематски групирани целини од изложувачи и тоа, EnergyTech, Infacoma, Furnidec-business и Furnima. На саемот се претставија 300 изложувачи од повеќе земји од регионт и Европа меѓу кои од Австрија, Бугарија, Кипар, Данска, Македонија, Германија, Романија, Србија, Црна Гора, Швајцарија, Шпанија, Сирија, Словачка итн. Според официјално добиените податоци, саемот го имаат посетено 45.000 посетители. ОзонАир, како производител на опрема за вентилација и климатизација со вградени системи за заштеда на енергија и топлински пумпи, како и други производи за автоматска контрола, беше единствена компанија претставник од Македонија. Општа оценка е дека посетителите на штандот на ОзонАир беа позитивно изненадени од квалитетот на производите. Интересот на потенцијалните нови дистрибутери и самостојни купувачи, за опремата беше извонредно голем, што резултираше со склучување на повеќе договори за соработка со компании од различни делови на Грција. Учеството на ОзонАир на оваа меѓународна манифестација, претставуваше доследно и успешно претставување на компанијата, а воедно и на нашата држава. Им честитаме! Активности на МАЦЕФ Технички прием на зафатите во ОУ „Лирија“ и ЈУОДГ „Снежана“ Како круна на тримесечната работа во месец февруари беше извршен технички прием на зафатите за спроведување на мерки

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 119

Страница 2

за енергетска ефикасност во ОУ Лирија и ЈУОДГ Снежана во општина Чаир. Техничкиот прием беше извршен во присуство на претставници од сите вклучени страни, меѓу кои и МАЦЕФ како овластен надзор на спроведувањето на мерките. При техничкиот прием беше утврдено дека зафатите се комплетно и коректно завршени, со што објектите се подготвени за користење со подобрени работни услови и намалени потреби за енергија. Објектите беа реконструирани како дел од проектот за одржлива енергија на Светска банка и Министерството за економија на Република Македонија. (ИП) МАЦЕФ ќе изработува општинска програма за енергетска ефикасност на општина Аеродром МАЦЕФ победи на јавниот повик за изработка на општинска програма за енергетска ефикасност на општина Аеродром со што ја доби задачата да го подготви овој стратешки документ. Договорот е потпишан и веќе се започнати подготовките околу реализацијата. Главните активности на терен се започнати, а се очекува целиот проект да заврши до крајот на месец март. (ИП) Подготовка на ОПЕЕ на општините од Вардарски плански регион Како дел од проектот за подготовка на општинските програми за енергетска ефикасност на општините од Вардарскиот плански регион, во периодот меѓу 30 јануари и 6 февруари 2013 години беа посетени 6-те општини: Кавадарци, Демир Капија, Неготино, Росоман, Градско и Лозово. Претставниците на МАЦЕФ, заедно со претставници на ЕЕ тимовите од споменатите општини извршија увид во околу 30 општински објекти од регионот, со извршување на соодветни мерења, при што беа остварени и контакти со корисниците на истите. Посетите кои беа остварени се првиот дел од подготовката на општинските програми, бидејќи во следниот период се очекува сумирање на резултатите од посетите, пресметување на потрошувачката и на потенцијалните мерки од енергетски и финансиски аспект и секако подготовка на материјалот за самиот програм. Подоцнежните проектни активности ја вклучуваат и втората обука за претставниците на општините каде ќе се посвети внимание на начинот на пресметки на параметрите кои се од суштинска важност за подобрување на условите во објектите како и методите на определување на приоритетни активности во програмот. (ЖИ) Технички прием на основното училиште и градинката во Пехчево На 20 февруари 2013 година во Пехчево беше извршен технички прием на двата реконструирани објекти кои припаѓаат на оваа општина. Со проектот на Светска банка беа опфатени и реконструирани ОУ „Ванчо Китанов“ и градинката ЈУОДГ „7 Септември“. На техничкиот прием присуствуваа претставникот на Светска банка во улога на ко-инвеститор, претставници од компанијата „Перпарими ДООЕЛ“ како изведувачи заедно со претставници од МАЦЕФ и од Заводот за испитување на материјали како надзорни органи на објектите. Со увидот којшто е направен за време на техничкиот прием, во присуство на овластените лица од двата општински објекти, е заклучено дека планираните реконструкциски активности се завршени и објектите се подготвени за употреба. (ЖИ) Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Со почетокот на второто полугодие, МАЦЕФ започна со реализацијата на работилниците од Училишниот проект „Зелени енергетски клубови“. Оваа година се формираа вкупно 15

зелени енергетски клубови во 15 основни училишта низ Р.Македонија. МАЦЕФ се грижи за успшено спроведување и реализирање на работилниците во шест основни училишта, и тоа: ОУ „Лирија“ – о. Чаир, ОУ „Дитурија“ – о. Сарај, ОУ „Лирија“ – о. Тетово, ОУ „Крсте Мисирков“ - о. Куманово, ОУ „Исмаил Кемали“ – о. Гостивар, ОУ „Скендербег“ – с. Арачиново. Предвидени се 15 посети/15 работилници во секое од училиштата. Веќе четврта недела едукаторите од МАЦЕФ успешно ги помагаат учениците од енергетските клубови во секое од училиштата и активностите се одвиваат како што е предвидено во прирачникот за работа. Предвидено е работилниците да се реализираат до првата половина на месец Мај, а во Април се закажани и отворените денови во секое од училиштата каде МАЦЕФ едуцира. Секако , на крајот од училишната година ќе се одржи и националниот квиз за енергија. (ЗТ) Проект RE- SEEties од програмата за ЈИЕ на ЕУ Почетна конференција на проектот RE-SEEties во Будимпешта Почетната конференција на проектот RE-SEEties се одржа на 25ти февруари 2013 година во хотелот Зара во Будимпешта. RE-SEEties проектот е поддржан преку Транснационалната програма за соработка на Југоисточна Европа и кофинансиран од ЕУ. Ефикасноста на користењето на ресурси е главен приоритет во креирањето на политиките во регионот на Југоисточна Европа. Навиките во потрошувачката на ресурси на крајните корисници може да направи сериозна штета врз животната околина. Непотребната и неконтролираната потрошувачка на енергија, создавање на отпад, недостатокот на координација и свест кај потрошувачите, не’ натера да бараме решенија за користењето на достапни ресурси и да стане поефикасно од претходно. „RE-SEEties проектот цели кон промена во навиката на потрошувачите, за заедниците да можат да најдат и научат нови решенија и алатки, кои ќе бидат корисни и функционални алтернативи, а во исто време ќе бидат и одржливи.“ изјави Атила Уѓи, градоначалник на 18 реон на Будимпешта. Свои презентации имаа и г-ѓа Алесандра Пала, претставник на Заедничкиот Технички Секретаријат на Транснационалната програма на Југоисточна Европа, Јирген Харвиг од Фрајбург Футур, Сандор Финта – главен архитект на Будимпешта. МАЦЕФ е дел од проектот RE-SEEties и преку свои претставници присуствуваше на оваа конференција. Седница на управниот одбор на проектот RE-SEEties Седница на управниот одбор на проектот RE-SEEties се одржа на 25 и 26 февруари 2013 година во хотелот Зара во Будимпешта. На седницата присуствуваа и претстставници на МАЦЕФ како партнери во проектот, а се дискутираа процедурите, финансиските насоки како и организацијата на комуникацијата. На седницата се гласаше и беше усвоен Правилникот за процедури на Управниот Одбор, како и Стратегијата за комуникација и трансфер на знаењето. Исто така беа разгледани и досегашните остварувања на задачите од проектот. Беше одржана и интерактивна работилница преку која присутните се здобија со практично искуство во насока на изложениот материјал. Прва Транснационална работилница на проектот RESEEties Работилницата се одржа на 26 и 27 февруари 2013, Будимпешта. На првата транснационална работилница на проектот RESEEties, присуствуваа партнерите на проектот од 10 земји од регионот на Југоисточна Европа, меѓу кои и претставници на МАЦЕФ. Најпрво беа дискутирани резултатите од проектот и како тие да се вклопат во европските политики. Во овој дел од дискусијата,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 119

Страница 3

беа опфатени и следните активности како што е платформата на чинителите во областа на ефикасност на користење на ресурсите, вмрежувањето и тематските настани кои придонесуваат во областа. Потоа се разгледуваше темата за предвидување на динамиката на потрошувачката на ресурсите, како и алатките кои може да се користат за нејзино следење и анализа. Во текот на вториот ден на работилницата свое излагање имаше и г. Саше Паневски, претставник на МАЦЕФ, на тема современо креирање на политики во областа на енергетска ефикасност, искористување на отпадот и обновливи ресурси. (СП) Одржан почетен состанок за студијата за искористување на ОИЕ На 4-ти февруари во просториите на Центарот за развој на скопскиот плански регион се одржа почетниот состанок на групата задолжена за подготовка на студијата за потенцијалите за искористување на обновливите извори на енергија во скопскиот плански регион. На состанокот присуствуваа претставници од центарот, од општините во скопскиот плански регион и од МАЦЕФ. Беше договорена временската рамка на спроведување на проектот, како и потребата од постојана координација меѓу сите вклучени субјекти. (ИП) Состанок на експертскa групa во рамките на проектот Build-up Skills На 13.2.2013, во Стопанската комора на Македонија се оддржа состанок на експертскaта групa за неформално образование на градежни работници за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во рамките на проектот Build-up Skills. На состанокот, на кој присуствуваше и претставник од МАЦЕФ, беше претставен проекот Buld UP Skills и Предлог Извештајот на Националната статус кво анализа – (SQA), по што се разви дискусија и беа дадени предлози и насоки. Заклучокот е дека минималната годишна побарувачка на работна сила во секторот високоградба за реализирање на мерките за енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија ќе изнесува 49.000 работници, а максималната годишна побарувачка на работна сила 53.400 работници, од кои за 10.000 работници постои потреба за нивна обука.(ИП)

ПРАШ АЊ А – ОДГОВОРИ Куќи со вишок енергија (Energy plus house) Куќи со вишок на енергија (energy plus house) се куќи кои во просек произведуваат повеќе енергија годишно отколку што трошат. Оваа енергија се добива од обновливи извори на енергија. Ваквиот тип на куќи покрај системи за производство на електрична енергија од обновливи извори, поседува и добра топлотна изолација, како и апарати кои се енергетски ефикасни во комбинација со енергетски ефикасно осветлување. Eден таков пример е експерименталнaта куќа „Home for life“ . Со вишокот енергија која оваа куќа ја произведува истата ќе се исплати во рок од 40 години и во тој период од станарите нема да плаќаат сметки за комунални услуги, за греење или за потрошена енергија. Потребата да се заштеди енергија и да се заштити животната средина во последниве години е доста актуелна. Сепак, мал број луѓе решаваат да изградат сопствена нискоенергетска eкокуќа. Поради ова, компанијата VELUX започна експерименталeн

проект „Model home 2020“, при што се планира изградба на шест куќи во кои ќе се живее, работи, престојува и спие, така што сите заинтересирани ќе можат да ги видат придобивките од живеење во eкокуќа. Првиот во серијата од овие куќи - експерименти е „Home for life“ во едно предградие на данскиот град Архус, CO2 неутрална куќа која е сосема здрава за своите станари и животната средина, и која е изградена врз принципите на одржливост, што во крајна линија значи дека за 40 години самата себеси ќе се исплати. Поточно, покривот на куќата претставува вистинска мала централа за енергија, фотонапонските и сончеви колектори произведуваат онолку енергија колку што е потребно за неjзино одржување и задоволување на нејзината потрошувачка. Вишокот на електрична енергија оди во мрежа и според прецизни пресметки со овие вишоци на енергија, трошоците за целата изградбата на куќата ќе бидат исплатени за 40 години. Покрај тоа, треба да се има во предвид и дека во текот на тие 40 години станарите нема плаќаат сметки за комунални услуги, за греење или за потрошена енергија. Kомпанијата VELUX се одлучи за вистински експеримент – во куќата всели едно четиричлено семејство. (МК) Стручниот тим на МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Одлука од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија „Службен весник на РМ“ бр. 22/2013 од 11.02.2013 Методологија за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад „Службен весник на РМ“ бр. 30/2013 од 26.02.2013 Правилник за цени на топлинска енергија и системски услуги „Службен весник на РМ“ бр. 28/2013 од 25.02.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 119

Страница 4

Новости од Македонија Интезивно се работи на фасадите ефикасност во општина Центар

со

енергетска

Проектот кој го започна Општината Центар минатата година веќе е во напредна фаза. Согласно проектот 11 станбени згради ќе добијат нови услови за домување кои ќе им заштедат енергија и ќе ги намалат трошоците за затоплување на станарите, а воедно се добри за зачувување на животната средина. Повеќе... (МК)

Новости од светот

Вкупниот инсталиран капацитет на фотонапонски панели во светот достигна рекорд од 101 гигават! Европската асоцијација на индустрии за фотонапонски панели изјави дека вкупниот комбиниран инсталиран капацитет на фотонапонски панели во светот ја надмина бројката од 100 гигавати! Вестите покажуваат дека обновливите извори на енергија се дефинитивно во пораст - особено имајќи предвид дека рекордот за капацитет на ветерна енергија исто така беше надминат во 2012 година. Фотонапонските панели низ целиот свет, од големите фотонапонски фарми до панелите за лична употреба сега имаат капацитет да произведуваат исто онолку енергија колку и шеснаесет централи на јаглен или еден нуклеарен реактор, но сето тоа со чиста енергија. Како што се повеќе и повеќе сончеви панели се инсталираат во низ континентите, така и зависноста на светот од нафтата и другите фосилни горива се намалува, помагајќи да се отвори патот за продолжување на обновливите извори на енергија за во иднина. Повеќе... (ЖИ)

Занимливости Кој вели дека Македонците не биле иноватори?! Американскиот Блумберг тукушто го објави рангирањето според Глобалниот иновациски индекс на повеќе од 200 земји и региони во светот за 2012 година. Истражувањето рангираше вкупно 96 земји меѓукои се наоѓа и Македонија. Седум фактори се мерат и тоа: интензитет на истражување и развој, продуктивност, густина на висока технологија, концентрација на истражувачи, способност за производство, ниво на едуцираност и активност во домен на патентирање. МАКЕДОНИЈА: 48. место Интензитет на истражување и развој: 74. место Продуктивност: 45. место Густина на висока технологија: 28. место Концентрација на истражувачи: 52. место Способност за производство: 28. место Ниво на едуцираност: 63. место Активност во домен на патентирање: 33. Место Романија е 46., а Бугарија е рангирана како 43., Грција 41ва, а Турција 37, Хрватска 34, но убедливо во регионот предначи Словенија на 19тото место. Ако ја споредиме Словенија со Македонија, таа има далеку повисок интензитет на активности за истражување и развој и поголема база на истражувачи сето тоа дополнето со високо специјализирани кадри и поголем број на патенти. Од поширокото опкружување, САД се на прво место, а и како не би биле кога и покрај преселбата на производните капацитети на поефтини локации низ светот како прилагодување кон глобалните текови во деловното опкружување, истражувачките оддели на големите фирми останаа во земјата и со години на назад си собираат вештите научници од цел свет. Освен, Јужна Кореја која е рангирана втора, Сингапур седми веднаш после Јапонија, во привите педесет рангирани доминираат земјите од стариот континент.

Да резимираме, Македонија беше дел и од истражувањето кое ЕУ го спроведува во овој домен, Европска иновациска матрица во 2010 г., не радува што има колеги ентузијасти кои придонесуваат за да се измерат овие активности во земјата. Недостатокот од системско собирање на информации е голем проблем при спроведување на истражувањата, и тимовите кои работат на терен заслужуваат големо ‘благодарам’. Метологијата на истражувањето е комплексна, за повеќе информации отворете тука. (МД) Емисија „Енергетска азбука“ на МТВ Серијалот на едукативни емисии со наслов „Енергетска азбука“, кој е дел од Платформата за енергетска ефикасност на ЕВН Македонија и Министерството за економија започна да се емитува на Македонската радио телевизија секоја втора сабота од 02.02.2013 година на МТВ 1 во 13:30 часот. Репризата е после Дневникот во недела во 17:50 часот. На МТВ 2 со превод на албански, гледајте исто така секоја втора сабота од 19:00 часот и реприза во понеделник во 13:40 часот. Преку емисијата граѓаните се информираат за теми од енергетиката, со акцент на енергетската ефикасност. Водител на емсијата е актерот Зоран Љутков. Тој одблиску ќе ги посетува енергетските постројки и ќе ги промовира причините и начините за разумно користење на електричната енергија. Емисијата ќе има и интерактивен карактер, гледачите ќе можат преку специјално креирана Фејсбук страница да го тестираат своето знаење. (МК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org ЕУ

Интернет страна на месецот – МАЦЕФ Facebook www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Екологијата и безбедноста 2013-та, 22-ри по ред Меѓународен симпозиум 7 - 11 јуни 2013г. Бургас, Бугарија Годишниот симпозиум „Екологијата и безбедноста“ кој се организира на меѓународно ниво е отворен за сите заинтересирани учесници, кој ќе се одржи од 7-11 јуни 2013г. во Сончев брег во Бугарија. Повеќе... (БК) Енергијата и одржливоста 2013-та 19 - 21 јуни 2013г. Букурешт, Романија Меѓународната конференција „Енергијата и одржливоста 2013та“ се одржува по четврти пат која ги опфаќа темите кои се поврзани со производството на енергија, складирањето на енергијата и нејзина дистрибуција како и енергетскиот менаџмент. Оваа конференција им овозможува на научниците, професионалците, донесувачите на одлуки како и на останатите заинтересирани да се разгледаат скорешните развојни активности во оваа развојна околина која брзо се менува. Повеќе... (БК) Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Соработници: З. Таревска, И. Петрушевски, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски, M. Димитрова и М. Крушаров.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

119 infomacef