Page 1

Број 118

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јануари 2013

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец јануари беше исполнет со многу денови за прославување, но и со многу задачи кои се обидовме да ги реализираме квалитетно како и сите задачи досега. Ја одбележуваме активноста на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во секторот на обука на општините кои припаѓаат во него при изработка на Програмите и Плановите за енергетска ефикасност. Во согласност со добиената работа (јавен повик) ние ги започнавме активностите, со желба да собереме што е можно повеќе информации пред „загревањето“ за локалните избори. Информираме дека во соработка со нашите редовни надворешни соработници, ја добивме задачата од Центарот за развој на Скопскиот плански регион за изработка на студија за потенцијалот на обновливите енергетски извори во регионот. Како многу важен настан го сметаме потпишувањето на Меморандумот за изградба на гасна мрежа во општина Чаир потпишан од надлежниот министер и градоначалникот. МАЦЕФ приготви основен материјал за оправданоста на започнувањето на оваа активност. Лично мене особено ме радува што младите колеги од МАЦЕФ континуирано го зголемуваат своето образование, посетувајќи насочени експертски обуки, организирани од еминентни организации. Гасификација на општина Чаир Реализација на проектот со Вардарски плански регион Обука на младите членови организирана од УСАИД и ЛинкАкрос Нашата комуникација со колегите од секторот на енергетиката е континуирана. Но, очекуваме да добиваме информации од нашите членови за нивните активности, а уште повеќе ако нивните идеи не се релизираат од определени пречки. Да се обидеме да помогнеме во таа насока (освен ако не бараат финасиска помош, ха, ха...). Но и тука можеме да помогнеме затоа што можеме да ве упатиме на вистинска адреса каде може да се побара квалитетен кредит. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко.

МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Гасификација на општина Чаир На 26.01, во просториите на Министерството за економија, министерот за економија, г-дин Ваљон Сараќини и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити потпишаа Меморандум за започнување со активност за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас во општината Чаир.

Конференција за медиуми

МАЦЕФ приготви студиска анализа за енергетската, економската и еколошката оправданост за гасифицирање на општина Чаир, што важи и за останатите општини во Скопје, низ кои поминува изградената мрежа за пренос на природен гас. Професорот по Цитираме (извод од медиумите):

термоенергетика Консантин Димитров истакна дека „Со овој Меморандум се забрзува процесот на гасификација на градот Скопје“, додавајќи дека гасификацијата на општина Чаир, има повеќе придобивки, се намалува загадувањето, финансиските ефекти се значителни поради ниската цена на гасот за 50 проценти, а инвестицијата се враќа за помалку од две години, со што истовремено се помага на индустријата, бидејќи цевките и се друго што е потребно за спроведување на гасификацијата се произведуваат во Македонија. Започна реализацијата на проектот за изработка на општински програми за енергетска ефикасност за 6 општини во Вардарскиот плански регион Претставниците на МАЦЕФ и вардарскиот плански регион одржаа почетен состанок за проектот за изработка на општински програми за енергетска ефикасност за 6 општини во Вардарскиот плански регион. На состанокот беше дефиниран моделот на реализација, директните учесници, како и временската рамка на спроведување на активностите. (ИП)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 118

Страница 2

Обука на општините од Вардарски Плански Регион за енергетска ефикасност

четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција. Тема на работилницата беше „Зајакнување на

капацитетите на граѓанските организации за поднесување пријави за грантови: Рефлексија на пријавите поднесени на првиот циклус за грантови“.

Во просториите на Туристичкиот инфо-центар во Неготино во организација на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион се одржа првата работилница од проектот „Изработка на

тригодишни програми за енергетска ефикасност и годишни акциони планови за нивно спроведување”. Обуката се одржа на

24.01.2013 година. Едукатори на обуката беа претставници од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Темите на обуката беа законските обврски кои ги има општината поврзани со енергетската ефикасност, Програмите за енергетска ефикасност, соодветните Акциски планови и задачите на тимовите за енергетска ефикасност, правилно собирање на податоци за енергетските карактеристики на објектите кои се под владение на општината, возниот парк и јавното осветлување. Дел од обуката беше и раководење со Системот за следење на потрошувачката на енергија – ExCITE. (СП) Посета на општините Кавадарци и Демир Капија Во рамки на проектот „Изработка на тригодишни програми за

енергетска ефикасност и годишни акциони планови за нивно спроведување”, на Центарот за развој на Вардарскиот плански

регион, кој го спроведува Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, во Јануари беа направени посети на општините Кавадарци и Демир Капија. Најпрво, на 29.01.2013 година, беше спроведена посетата на општина Кавадарци. Претставниците на МАЦЕФ, заедно со претставниците на општина Кавадарци, извршија посета на 6 општински објекти. Беа собрани податоците за енергетските карактеристики на објектите, кои понатаму ќе се користат за формирање на општинската Програма за енергетска ефикасност. Потоа, на 31.01.2013 година, беше спроведена и посетата на општина Демир Капија. Во таа прилика, тимовите на МАЦЕФ и на општина Демир Капија посетија 7 објекти. Посетени беа вкупно 13 објекти. За успешна работа и спроведување на проектот, МАЦЕФ во наредниот период ќе ги посети и преостанатите општини кои се опфатени со проектот на Центарот за развој на Вардарски плански регион. (СП) МАЦЕФ на промоција на првиот македонски веб центар за организациски развој На крајот од месец Јануари, во просториите на Мала станица, се одржа презентација на првиот македонски веб центар за организациски развој - Микс ИТ. На настанот присуствуваше г-ца Зоја Таревска од МАЦЕФ. Центар од ваков тип е новина на нашиот пазар и претставува корисна алатка за сите организации кои градат одржлива конкурентска предност преку знаењето на своите вработени. На презентацијата на веб порталот кој овозможува ефикасно организациско учење преку интернет беа претставени материјалите и практичните алатки кои ги сочинуваат итернет предавањата и тимот врвни предавачи кои им се нудат на пошироката јавност. За повеќе информации посетете ја интернет страната на МиксИТ http://mixit.mk/. (ЗТ)

МАЦЕФ-ци дел од работилницата за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации - проект на УСАИД Во последниот понеделник од месец Јануари, во хотел Порта, се одржа Работилница за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации. Работилницата беше дел од проектот на УСАИД за граѓанско општество, а се спроведува преку, Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со

На работилницата присуствуваа и младите колеги од тимот на МАЦЕФ, г-ца Зоја таревска и г. Мартин Крушаров. Работилницата беше од особена корист, а се разработуваа различни прашања и проблеми кои се појавуваат при подготовка на проектни апликации. Особено внимание се обрна на најчестите грешки кои ги прават граѓанските организации при подготовка, потоа демистификација на апликацијата за грантови и најважно и најкорисно, детално се обработи рамката за евалуација на проектните идеи. (ЗТ) Г-ца Зоја Таревска успешно ја заврши обуката за претприемништво Нашата млада колешка г-ца Зоја Таревска, успешно ја заврши обуката за претприемништво, како круна од двомесечната обука за Професионален развој и женско претприемништво. Обуката ја спроведуваа квалитетни предавачи од организацијата ЛинкАкрос, подржани од општина Аеродром и Амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Обуките за професионален развој и женско претприемништво беа поделени во два дела. Теоретскиот дел ги опфати темите за кариера и одредување професионални цели, женско претприемништво - бариери и можности и професионални презентации, додека практичниот дел опфати работилници составени од игри со улоги, дискусии, видеоматеријали, презентации и работа на тимски проекти со цел активно и интерактивно учество, како и поттикнување на тимска работа. Серификатите за успешно завршена обука ги додели амбасадорот на САД во Македонија, НЕ Пол Волерс, градоначалникот на о. Аеродром, Ивица Конески и претставник од ЛинкАкрос.

Честитики за З оја Таревска!

ПРАШ АЊ А – ОДГОВОРИ Што се тоа Aвтономни куќи ? Автономна куќа е куќа дизајнирана да работи независно од инфраструктурните системи за поддршка, како што се електричната енергија од мрежа, гас од мрежа, општински водоводни системи, канализациони системи, комуникациски услуги, а во некои случаи и јавни патишта.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 118

Страница 3

Предностите на овие куќи се: намалени влијанија врз животната средина, зголемување на безбедноста како и пониски трошоци на сопственост. Објектите одвоени од мрежа (off - grid) во најголем случај се потпираат многу малку на државните служби и поради тоа се побезбедни и поудобни за време на катастрофи или воени напади. (Овие објекти не би имале прекин на електрична енергија или вода ако системот за јавни набавки затаи поради некоја причина.) Повеќето од истражувањата и објавени статии во врска со автономните објекти, се фокусираат на станбени згради. Експертите објаснуваат дека е можна изградба на „куќа без сметки“, која ќе биде удобна без централно греење и ладење, ќе произведува електрична енергија за своите потреби, ќе собира вода за своите потреби и ќе се справува со сопствениот отпад . „Куќа без сметки“ може да се изгради за иста цена како и конвенционална куќа , но таа ќе биде (25%) помала. Затоа што архитектите и инженерите посветуваат поголемо внимание на недостатоците на транспортните мрежи и зависноста од далечни ресурси, тие во нивниот дизајн настојуваат да вклучат повеќе автономни елементи. Автономијата подразбира обезбедување на сигурни извори на топлина, електрична енергија, вода и храна. Притоа, мора да се води сметка и за влијанијето врз животната средина. Автономните објекти можат да ја зголемат безбедноста и да ги намалат штетните влијанија врз животната средина со користење на природни ресурси локација (како сончева светлина и дожд), кои инаку непотребно се губат. Автономните објекти обично се енергетски ефикасни, а со тоа и економични, од очигледна причина што објект кој е одвоен од мрежа треба да има помали енергетски потреби за да може полесно да ги задоволи. Структурата на автономните објекти не секогаш е еколошка. Целта за независност од системи за поддршка, е поврзана со, но не е и идентична со другите цели на еколошки зелен објект. Сепак, автономните објекти обично вклучуваат определен степен на одржливост, преку употреба на обновливи извори на енергија и други обновливи ресурси, производство на стакленички гасови во количина не поголема отколку што трошат, како и други мерки. (МК) Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручниот тим на МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ОД НАДЗОРЕН ИНЖЕНЕР ЗА ГРАДБИ ОД ВТОРА КАТЕГОРИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 13/2013 од 23.01.2013 ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ТАРИФА ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕГУЛИРАНА ДЕЈНОСТ ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС И СНАБДУВАЊЕ СО ПРИРОДЕН ГАС НА ТАРИФНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ ПРИКЛУЧЕНИ НА СИСТЕМОТ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ТЕХНОЛОШКО – ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ – СКОПЈЕ, (ДТИРС) ЗА 2012 ГОДИНА И ГОДИШЕН ПРИХОД ПО СОСТАВНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА РЕГУЛИРАН ПЕРИОД 2012 2016 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 11/2013 од 21.01.2013 ИСПРАВКА ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 10/2013 од 16.01.2013 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕРАБОТКА, ТРЕТМАН И/ИЛИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ОТПАД, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ДОЗВОЛАТА КАКО И МИНИМАЛНИТЕ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА ПРЕРАБОТКА, ТРЕТМАН И/ИЛИ СКЛАДИРАЊЕ НА ОТПАД „Службен весник на РМ“ бр. 9/2013 од 15.01.2013 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2013 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 4/2013 од 09.01.2013 ПРОГРАМА ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПЕНИ И ВГРАДЕНИ СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2013 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 4/2013 од 09.01.2013 ПРОГРАМА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2013 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 4/2013 од 09.01.2013

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА „Службен весник на РМ“ бр. 13/2013 од 23.01.2013

Отворање на центар за енергетска ефикасност во Неготино Преку проект на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, ќе се отвори Центар за енергетска ефикасност во градот Неготино. Центарот за енергетска ефикасност ќе биде сместен на подрачјето на Неготино во информативниот центар Желкова куќа, а предвидена е и набавка на соодветна опрема за мерење на заштедата на енергијата во објектите кои се во сопственост на Локалните самоуправи, на уличното осветлување и возниот парк, при што со имплементацијата на проектот се очекува да дојде до заштеда на ограничените енергетски ресурси на локално ниво. (СП) Акција за реконструкција на стари фасади во општина Карпош

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 118

Страница 4

Заврши конкурсот за реконструкција на старите и оштетени фасади на станбените објекти на територија на општина Карпош. Реконструкциите се дел од програмата „Да го вратиме сјајот на старите згради“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност на колективните згради. Во нејзини рамки, во изминатата година беа обновени фасадите на четири објекти. Исто како и тогаш, сега е предвидено да се вградат термички материјали, а и да се постават ПВЦ-прозорци со соодветна изолација. Основните критериуми за една зграда да биде избрана за реконструкција, се староста на објектот, состојбата на фасадата, бројот на жителите и местоположбата на зградата. Повеќе (ЗТ) Кампања за енергетска ефикасност во Гевгелија, Валандово и Богданци Во рамки на проектот Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка, на 04.01.2013 во општина Гевгелија започна кампањата „Штедам енергија“. Проектот ќе се реализира и во општините Богданци и Валандово и има за цел да ја подигне свеста и да го зголеми знаењето за енергетската ефикасност кај средношколците преку едукација и презентација на придобивките од неа. Во кампањата, како главна целна група ќе бидат вклучени и професорите, родителите, граѓаните, општинските администрации и локалните невладини организации. Во следните два месеци ќе се организираат повеќе активности и натпревари за избор на најдобри фотографии и цртежи од областа на енергетската ефикасност. Оваа кампања ја спроведува Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија од Гевгелија, преку финансиска средства од УНДП и општина Гевгелија. Повеќе (СП) ЕЛЕМ најавуваат нови електрани и стабилни извори на енергија Од ЕЛЕМ нагласуваат за нивна долгорочна стратегија за зголемување, проширување и надградба на постоечките капацитети за производство на електрична енергија, како и модернизирање на постоечките капацитети. Целта на ЕЛЕМ е да постигне минимално ниво на трошоци, но преку призмата на максимизација на продуктивност и искористеност на ресурсите. Надградбата на капацитетите за производство на електрична енергија би биле ефикасни и економични. Генералниот директор на ЕЛЕМ истакна дека се планира ревитализацијата на електраните, за новата ХЕЦ „Света Петка“, за паркот на ветерни електрани „Богданци“, за подготвителните активности поврзани со проектот ХЕЦ „Бошков Мост“, за проектите Луково Поле, Чебрен, Галиште и Вардарска Долина, како и за гасификацијата на Македонија и за цената и потрошувачката на електричната енергија. Повеќе (ЗТ) Македонија годинава ќе троши повеќе енергија Македонија годинава ќе потроши 81.897 тера џули финална енергија, што е за 5,2 отсто повеќе отколку лани. Пораст на потрошувачката ќе има кај сите видови енергија и енергенти, а најголем ќе биде кај природниот гас, по што ќе следат нафтените деривати и геотермалната енергија, предвидува Предлог енергетскиот биланс за 2013 година. Повеќе (МК)

Новости од светот

Одобрен националниот план за обновлива енергија на Бугарија Кабинетот на Бругарија го одобри долгорочниот план за обновлив енергетски развој, со поставување на целите за 2020 како и серија на мерки со кои ќе се постигнат тие цели. Со ова започнаа и подготовките за објавување на тендер за права за бушење на големи делови од Црното Море. Националниот план за обновлива енергија поставува цел, 16% од домашната потрошувачка на енергија да се добива од обновливи извори, со што се постигнува планот на ЕУ 2020 за намалување на зависноста од фосилните горива како и охрабрување на употребата на обновливите извори на енергија. Повеќе... (БК)

Германија вложува 300 милијарди долари во зелена енергија Германија сака да се насочи кон обновливите извори на енергија како што се ветерот и сончевата енергија, која ќе чини 300 милијарди долари, јавува АлЏезеира. Според некои извори, 2013-та треба да биде година на зелената енергија, особено во Европа. Помина повеќе од една година откако канцеларка Ангела Меркел како цел го постави укинувањето на нуклеарната енергија во Германија од 2022 година. Но, цената на транзиција кон обновливите извори на енергија ќе треба да ја платат потрошувачите. Повеќе... (МК)

Занимливости Истражувањето на сончевите ќелии со големо откритие за нова технологија на нанопроводници Истражувачи од Lund Универзитетот во Шведска покажаа како нанопроводниците можат да го обезбедат патот кон поевтини и поефикасни сончеви ќелии. Технологијата на производство на сончевите ќелии со нанопроводници сеуште не е излезена надвор од лабораториите за испитување на таа технологија, но планот е дека технологијата може да се искористи кај големите сончеви централи во сончевите региони како што се земјите САД, јужниот дел од Шпанија и Африка. Повеќе... (БК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ Интернет страна на месецот – MACEF Facebook www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.motorchallenge.org/ www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации 9-ти конгрес и конференција за енергетска ефикасност и обновлива енергија 29 до 34 мај 2013 Софија, Бугарија Овој конгрес се одржува по 9-ти пат и неговата цел ќе биде да се поттикне трансфер на „know-how“ и стимулирање на инвестициите. Повеќе... 6ти Енергетски форум – Европа 2013 23 до 25 април 2013 Берлин, Германија Шестиот по ред енергетски форум кој се одржува во Берлин на кој ќе земат учество 50 говорници, вклучувајќи 17 претставници на претпријатија како и 7 регулаторни тела од преку 17 земји. Повеќе... Меѓународна конференција за енергетската економија и политика 16 до 18 мај 2013 Кападокија, Турција Целта на конференцијата е да се разговара за енергетски ориентираната економска политика, актуелните прашања, случувања, иновации во областа на енергетската економија и да се разгледа енергетскиот сектор од глобална гледна точка. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Соработници: З. Таревска, И. Петрушевски, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

118 infomacef