Page 1

Број 117

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Декември 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:  Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ

Годишно собрание на МАЦЕФ – 10 години постоење

 Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во месец декември 2002 година беше регистриран МАЦЕФ како научно здружение со основна цел да промовира енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Нашето мото беше и сеуште е дека ние, преку мерките за енергетска ефикасност ПРИДОНЕСУВАМЕ да се смали загадувањето на животната средина, за разлика од бројните здруженија од ЕКО секторот кои никнаа како печурки (беше мода) и многу зборуваа за екологијата, макар да и тоа е многу потребно. Не бевме целосно разбрани, ни се потсмеваа, но нашата проценка се покажа точна – денес има бројни организации чија основна дејност е енергетската ефикасност, а и Државата веќе не го заобиколува овој сектор. Ние растеме од година во година – со бројот на вработени, со финансиските показатели и со се поголемата соработка со стопанството и меѓународните институции. Горди сме дека сме препознатливи и на меѓународно ниво. Вашето внимание ќе го насочам и кон работата на МОМЕЕ која почна скромно, но се повеќе, во тесна соработка со МАЦЕФ, се промовира како еден од носителите на оваа дејност при соработката со општините. Квалитетот на нашата работа, се потврдува преку редовната соработка со EC JRC (European Commission Joint Research Centre) при што не сме само посетители, туку редовни презентери на нашите достигнувања кои се од заедничка вредност за ЕУ. Како што е познато, ние не добиваме субвенции – нашата дејност се финансира преку услуги кон стопанството, општините и меѓународните проекти. Во декември реализиравме повеќе завршни технички посети во неколку објекти од проектот финасиран преку ГЕФ/СБ Фондот, како круна на неколку месечната работа. Годишно собрание на МАЦЕФ Годишно собрание на МОМЕЕ ЕСКО Работилница - EC JRC Технички прием на објекти Се надевам дека нема да предизвикаме незадоволство кај вас, почитуван читателе, со тоа што малку повеќе се фалевме за постигнатите резултати. Сметаме дека тоа ќе ни биде простено, заради овој мал, но за нас многу голем јубилеј – 10 години континуирана работа! Повторно ќе се фалиме после дополнителни 10 успешни години – се надеваме, но и работиме во таа насока. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МАЦЕФ 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

По повод одбележувањето на 10-годишното постоење и успешната работа на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, на 14-ти декември во Свечената сала на Град Скопје се одржа јубилејното Годишно собрание на МАЦЕФ. Текот на собранието се одвиваше по претходно утврден дневен ред, а со поздравен говор и презентација го отвори претседателот на МАЦЕФ, проф.д-р К. Димитров, кој ги прикажа активностите на здружението за изминатите 10 години напорна работа и вложување во енергетската ефикасност. Во насока на долгогодишната заедничка соработка, МАЦЕФ на своите најблиски соработници, индивидуалци и институции, им додели пригодни признанија и благодарници. Во вториот дел од годишното собрание беа презентирани годишните извештаи за изминатата година на МАЦЕФ и МОМЕЕ и предлог плановите за новата 2013 година. Според прикажаните резултати се изведува заклучокот дека МАЦЕФ од година во година се повеќе се развива и реализира, а тоа го покажуваат и бројките, односно пораст од над 10% на обртот на финансиски средства во споредба со претходната година. (ЗТ) МАЦЕФ НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕСКО ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА Работилницата беше одржана на 5-ти и 6-ти декември во Истанбул. Организатор на работилницата беше Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската Комисија. Целта на настанот беше да се развие дискусија помеѓу компетентните

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 117

Страница 2

организации, експерти, ЕСКО и финансиски институции во земјите членки, земјите кандидати и потенцијални кандидати и соседи на Европската Унија и Русија на тема ЕСКО. Подетално, целта на работилницата беше собирање на информации за статусот на пазарот за енергетски услуги во споменатите земји, пречки и потенцијали за енергетски услуги и енергетска ефикасност. Беа презентирани и успешни практики. Посебен фокус беше даден на финансиските механизми за ЕСКО. На работилницата, своја презентација одржа и Саше Паневски како претставник на МАЦЕФ. Тој зборуваше за состојбата во Македонија, потенцијалот и пречките, како и финансиските можности во нашата земја. Презентациите и повеќе информации за настанот можете да најдете на следниот линк . (СП) ПОЧЕТЕН СОСТАНОК БУДИМПЕШТА

ЗА

ПРОЕКТОТ

RE-SEETIES

ВО

Во рамки на проектот RESEEties, од програмата ЈИЕ на ЕУ, на 6-ти и 7-ми декември во Будимпешта се одржа почетен состанок на кој се договорија и утврдија деталите за реализација на активностите од проектот. На првиот ден од состанокот, секој претставник во проектот имаше можност да се претстави со куса презентација за тоа која е мисијата и полето на дејствување на партнерската организација, како и дефинирање на улогата на секој од проектните партнери. На состанокот присуствуваше и претставник од МАЦЕФ, г-ца Зоја Таревска, проектен асистент на проектот. Заедно со МАЦЕФ на состанокот присуствуваа и претставници од Град Скопје, кои исто така се партнери во проектот. Следствено, на состанокот се обработуваа сите работни пакети на проектот, проследени со симулации, интеракција и дискусија. Посебно се дискутираа и анализираа финансискиот дел на проектот и проектниот менаџмент. Следната средба на партнерите од овој проект е планирана да се одржи во месец февруари 2013 година. (ЗТ) ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИПА ПРАКТИКАНСТВО На 19-ти декември во хотел „Александар Палас“ се одржа официјално затворање на проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени”, во кој учествуваше и МАЦЕФ. Проектот беше спроведен од страна на делегацијата на Европската Унија, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. На настанот се презентираа позитивните искуства од практикантите и фирмите кои беа дел од проектот. Секако и МАЦЕФ го презентираше учеството во проектот, а практикантите г. Мартин Крушаров и г-ца Зоја Таревска ги пренесоа позитивните искуства од праксата. Ги охрабруваме сите организации, фирми и институции да учествуваат во следната најавена фаза на истоимениот проект, бидејќи претставува одлична можност младите луѓе да се стекнат со искуство, а воедно и можност за фирмите да најдат соодветни кадри. (ЗТ) МАЦЕФ Е НАГРАДЕН СО ИПА ПРОЕКТ ОД ПРОГРАМАТА ЗА МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА МАЦЕФ ја продолжува успешната соработка со општините и ја развива на повисоко ниво преку користење на европските фондови. Најнов пример е одобрувањето на проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновлива енергија во пограничните региони“ од програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Партнери во овој проект се Центарот за развој на југозападниот плански регион и МАЦЕФ од Македонија,

како и Регионалниот совет на Корча и Европскиот центар за енергетска ефикасност од Албанија. Целта на овој проект е да се подобрат условите за рационално искористување на енергијата и обновливите извори во гореспоменатите региони. Се очекува во најскоро време да започнат и активностите за спроведување на овој проект. (ИП) МАЦЕФ ЌЕ ИЗРАБОТУВА ОПШТИНСКИ ПРОГРАМИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗА 6 ОПШТИНИ МАЦЕФ победи на повикот за изработка на општински програми за енергетска ефикасност за 6 општини во Вардарскиот плански регион. При изработката ќе се изврши и обука на општинските кадри за: собирање на податоци, пресметка на евентуални заштеди и изработка на програмите. МАЦЕФ ќе раководи и ќе биде техничка помош во спроведувањето на задачите од страна на лицата од општинската администрација, а воедно ќе врши крајна проверка и одобрување на изработените програми. Со ова МАЦЕФ продолжува да биде лидер во нашата земја во изработка на општински програми за енергетска ефикасност и соработка со општините, а воедно и ги спроведува целите зацртани со националниот акциски план за енергетска ефикасност. (ИП) ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ОБЈЕКТИ На 28 декември 2012г. е извршена завршна контрола на реализацијата за реконструкција на објектите со спроведување на мерки за енергетска ефикасност во с.Групчин, с.Чифлик и основното училиште „Јане Сандански“ во општина Чаир. Објектите беа реконструирани како дел од проектот за одржлива енергија на Светска банка и Министерството за економија на Република Македонија, а МАЦЕФ како овластен надзор на спроведувањето на мерките го изврши техничкиот прием на објектите. СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА WINROCK INTERNATIONAL Во согласност со претходно доставените информации и покажаниот интерес за соработка, на 29-ти декември се одржа состанок со претставниците на групацијата заради можно ангажирање во проектот Competitiveness through Clean Energy Investment program. До крајот на месец јануари ќе се знае дали МАЦЕФ ќе биде ангажиран и нивото на ангажман во овој повеќегодишен проект. ОБЈАВЕН ТРУД ВО СПИСАНИЕТО „ПОЛИТИЧКА МИСЛА“ НА МЛАДИТЕ ЧЛЕНОВИ НА МАЦЕФ Трудот „Учество на граѓанските организации во градењето на капацитети на општините“ на кој заеднички работеа г-ца Зоја Таревска и г. Саше Паневски е валоризиран со свое место во декемврискиот број на списанието „Политичка мисла“. Списанието излегува квартално, во издание на Фондација Конрад Аденауер – Македонија и Институтот за демократија „Социетас Цивитас“. Во трудот е изложено позитивното искуство на МАЦЕФ со општините, со фокус на конкретен проект кој претставува пример за функционалност меѓу двете сфери од општественото дејствување. Ви препорачуваме да го прочитате трудот и доколку имате било какви коментари, би сакале да ги споделите со нас. Текстот може да го прочитате на следниот линк од електронското издание на списанието http://www.kas.de/wf/doc/kas_33131-1522-2-30.pdf?121217170011 (ЗТ)

ПРАШАЊА – ОДГОВОРИ КУЌИ СО НУЛТА ЕНЕРГИЈА – ZERO-ENERGY HOUSE Куќите со нулта нето енергетска потрошувачка и нулта емисија на јаглерод двооксид се нарекуваат куќи со нулта енергија. Нулта нето енергетска потрошувачка значи дека овие куќи можат да бидат независни од електричната мрежа, но во пракса ова значи дека во определен временски период овие куќи се приклучени на мрежата, додека во останатиот временски период енергијата која се произведува во овие куќи се враќа во електричната мрежа. За да се постигне ваков режим на работа, произведената електрична енергија во овие куќи се добива од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 117

Страница 3

обновливи извори на енергија. И покрај тоа што го делат името „zero net energy“ постојат неколку дефиниции за значењето на тој термин во пракса, со значителни разлики помеѓу дефинициите во Европа и Северна Америка.  Нулта нето потрошувачка на енергија во рамките на објектот (zero net site energy use). Ваков вид на куќа произведува електрична енергија од обновливи извори на енергија која е еднаква на онаа количина на енергија која ја троши куќата. Вака во САД се дефинираат куќите со нулта енергија;  Нулта нето енергетска емисија (net zero energy emissions). Надвор од САД и Канада, куќите со нулта енергија се дефинираат како куќи со нулта емисија на енергија, поточно како куќи кои не емитираат јаглерод двооксид;  Нулта нето цена на енергијата (net zero cost). Во овие куќи цената на купената енергија е урамнотежена со цената на енергија што се продава и се генерира во состав на објектот;  Нулта нето потрошувачка на енергија на изворот (zero net source energy use). Овие објекти количински произведуваат енергија колку што употребуваат, вклучително и енергијата која се употребува за транспорт на енергијата до објектот. Овие објекти мора да произведат повеќе електрична енергија од zero net site energy објектите затоа што треба да се покријат и загубите при преносот;  Нулта потрошувачка на енергија надвор од објектот (net offsite zero energy use). Според оваа дефиниција, за куќи со нулта емисија на енергија се сметаат и оние куќи кои купуваат електрична енергија добиена само од обновливи извори на енергија, иако енергијата е добиена надвор од границите на објектот;  Одвоени од мрежа (off-the-grid) се оние куќи со нулта енергија кои се приклучени само на извори на енергија во состав на објектот. Ваквите куќи бараат определени капацитети за чување (акумулирање) на произведената енергија од обновливи извори. (МК) Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручниот тим на МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС ОДЛУКА ОД РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА НА МАКЕДОНИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 168 од 27.12.2012

РЕПУБЛИКА

ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 168 од 27.12.2012

УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ И ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА КОИ СЕ УТВРДУВА ПОТРЕБАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЈАТА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (*) „Службен весник на РМ“ бр. 164 од 24.12.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

УСВОЕН ЕНЕРГЕТСКИОТ МАКЕДОНИЈА

БИЛАНС

НА

РЕПУБЛИКА

На 5-ти декември, беше претставена проекцијата за енергетскиот биланс на Македонија за 2013 година, во просториите на Стопанската комора на Македонија. За прв пат билансот го претстави еден ресорен министер, г-дин Валон Сараќини, потенцирајќи ја важноста на овој сектор за одржување на стопанството во кондиција. Во дискусијата, забележително беше барањето на трговците со енергија, стопанските субјекти реално да ги планираат своите потреби за енергија. Во спротивно, ако се направи договор за испорака на поголема количина на енергија (на пр. природен гас), а таа не се искористи, сепак таа мора да се плати иако не е превземена. ОПШТИНА ЧАИР ИЗГРАДИ МОДЕРЕН СИСТЕМ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ Општина Чаир на 19-ти декември 2012г. го пушти во употреба новиот модерен систем за јавно осветлување, изграден по принципот на енергетска ефикасност. Министерот за економија Ваљон Сарачини, кој по овој повод ја посети општината, упати честитки до градоначалникот Изет Меџити за успешно спроведување на проектот и апелираше сите општини да го следат примерот на Чаир. - Овој проект овозможува рационализација на потрошувачката на електрична енергија во услови кога цените на енергентите постојано растат. Само со замената на постојните светилки со ЛЕД светилки, општината ќе ја намали потрошувачката на енергија за најмалку 60 отсто, изјави министерот Сарачини. Повеќе... (СП) АЕРОДРОМОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ СО СИСТЕМ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ На презентацијата на новиот систем за управување со објекти на аеродромот „Александар Велики“ на 4 декември 2012г. присуствуваа министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст. Преку презентираниот систем за управување со објекти на аеродромот „Александар Велики“ се врши контрола

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 117

Страница 4

на основните енергетски системи во објектот, односно осветлувањето, греењето, ладењето и вентилацијата преку софтверска алатка, со што се овозможува заштеда и оптимизација на потрошувачката на енергија. Истовремено преку „SCADA“ системот се прикажува моменталната потрошувачка на енергија, а при нејзино зголемување системот алармира и овозможува намалување на оптимално ниво со користење на Системот за управување со објекти. Повеќе... (МК)

Новости од светот МАКЕДОНИЈА ТРОШИ ДВА ПАТИ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ЗАПАДНА ЕВРОПА Балканските држави трошат два пати повеќе енергија по долар од бруто домашниот производ (БДП) од земјите во Западна Европа, се наведува во редовниот извештај на Светската банка. Од Банката потенцираат дека владите на земјите (Албанија, БиХ, Србија, Косово, Македонија и Црна Гора) од Југоисточна Европа преку своите национални акциски планови за енергетска ефикасност се обврзале до 2018 година да заштедат околу 9% од финалната потрошувачка на енергија. - Балканските земји треба прво да решат повеќе пречки како што се ниските цени на енергијата, недоволната информираност за технологиите, енергетските монополи. Клучен структурен проблем на сите земји се ограничувањата околу снабдувањето со енергија - се вели во извештајот и се посочува дека регионот без значајни инвестиции во енергетиката до 2020 година ќе стане увозник на електрична енергија. Повеќе... (МК) ЈАГЛЕНОТ ЌЕ ЈА „ОТСТРАНИ“ НАФТАТА ОД ТРОНОТ - ПРВ СВЕТСКИ ЕНЕРГЕНТ Јагленот, кој е најголем „виновник“ за емисијата на стакленички гасови, ќе ја „отстрани“ нафтата од местото прв светски енергент за десет години. „Благодарение на големиот број на извори и незапирливата потреба за електрична енергија на економиите во подем, јагленот во првата деценија на 21-от век учествувал со скоро една половина во растот на светската побарувачка за енергија“, пишува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во својот извештај. Новите светски економски сили како што се Индија, а на прво место Кина се „заслужни“ за тој пораст, пишува ИЕА и напоменува дека и Европа бавно ја решава зависноста од јаглен, и покрај предупредувањата на еколозите. Во својата студија ИЕА го разгледува развојот на пазарите на јаглен во наредните пет години. Повеќе... (МК)

фокусираат на подобрувањето на националната енергетска ефикасност. Целта на овој проект е употребата на биомасата за производство на топлинска и електрична енергија за потребите за греење на пластениците на компанијата ПКБ земјоделство, како и за потребите на околното училиште и психијатриската болница. Повеќе... (БК)

Занимливости ИЗРАЕЛСКИ ИСТРАЖУВАЧИ ЈА КОРИСТАТ ‘РЃАТА ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА Користејќи ја енергијата на сонцето и ултратенките филмски фолии од железен оксид (општо познат како ‘рѓа), истражувачите од Израелскиот институт за технологија „Technion“ пронашле нов начин за делење на молекулите на водата на водород и кислород. Ова би можело да биде голем чекор во развојот на соодветна замена на фосилните горива. Со помош на ова откритие може да се оствари дизајнот на евтини сончеви ќелии кои комбинираат фотоелектроди од ултратенок железен оксид со конвенционалните фотоволтажни ќелии кои се засновани на силикон или други материјали за производство на електрицитет и водород. Повеќе... (БК)

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org ЕУ

Интернет страна на месецот – www.energyweek.mk www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.motorchallenge.org/ www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Форум за нафта и гас од Црното море 2013 05-ти до 07-ми март 2013г. Софија, Бугарија Форумот насловен „Нафтата и гасот од Црното море“ ќе се фокусира на можностите кои произлегуваат од зголемената активност за експлоатација на нафтата и гасот во регионот на Црното море и надминувањето на предизвиците за нивното производство и транспорт до пазарните потрошувачи. Повеќе... (БК)

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПЕК ВО ВИЕНА На 12-ти декември 2012г. во Виена се одржа конференција на ОПЕК на која беше најавено дека нивното досегашно ниво на производство (30 милиони барели на ден) ќе биде задржано и понатаму. Во изјавата на крајот на состанокот, беше заклучено дека најголемиот предизвик на глобалниот пазар за нафта во 2013 ќе биде несигурноста на светската економија, особено кревкоста на Евро зоната како клучен проблем. На конференцијата, ОПЕК исто така одлучи дека својот следен редовен состанок ќе го одржи во Виена на 31-ти мај 2013 година. Повеќе... (СП)

ЦИЕ Енергетска конференција 19-ти до 20-ти март 2013г. Варшава, Полска Конференција за дебатирање и решавање на актуелните прашања со кои се соочува развојот на енергетскиот пазар во Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Повеќе... (БК)

СРБИЈА И ШВАЈЦАРИЈА ВО СОРАБОТКА СО ДОГОВОР ЗА БИОМАСА Според изјава на српското Министерство за енергија, договорот се состои од 7,5 милиони евра на инвестиции во биомаса и други обновливи енергетски проекти како и иницијативи кои се

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Меѓународна конференција за далечинска енергетика 2013 24-ти до 26-ти март 2013г. Порторож, Словенија Словенечката подрачна енергетска асоцијација организира Меѓународна конференција за далечинска енергетика, на која ќе се разменат знаења од областа на дистрибуцијата на гас, далечинско греење и ладење. Повеќе... (БК)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

117 infomacef  
117 infomacef  
Advertisement