Page 1

Број 116

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ

Активности на МАЦЕФ Традиционално по 8ми пат НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2012

НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2012

 Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во согласност со воспоставената традиција, по осми пат ја организираме Недела на енергетика. Оваа година прославуваме мал јубилеј, 10 години постоење и инвестирање во енергетската ефикасност. Од таа причина нашите напори беа насочени кон организирање на конференцијата и предвиденото јубилејно годишно собрание предвидено за месец декември. Во ноември заврши и двогодишниот проект ЕУБилд, чија завршница беше дел од конференцијата. Но, спектакуларното финале на овој проект беше во Истанбул, во присуство на 700 делегати. Сакаме да го привлечеме вашето внимание и кон настанот организиран од град Скопје, на кој зедовме учество презентирајќи го новиот заеднички проект. Општина Карпош е активна во овој сектор. По изработката на општинскиот правилник за изградба на згради со осврт кон мерки за енергетска ефикасност, организираа манифестација и пуштање во работа на обновена градинка. Недела на енергетика Европа во мојот регион/град Реализација на објекти финасирани од ГЕФ проектот Карпош – Денови на енергетска ефикасност Нé очекуваат студените декемврски денови, со дискусија околу тоа дали ќе имаме централно греење (Топлификација) и колку ќе се зголемуваат цените на енергентите. Добро е да се знае дека цената на енергијата нема да се намалува. Секое домаќинство ќе треба да размислува и да планира што може да превземе за да ги намали своите трошоци за енергија во наредниот период. При тоа не мислиме да се планира за една грејна сезона, туку подолгорочно, затоа што инвестирањето во мерките за енергетска ефикасност ги овозможува придобивките на подолг период. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Тимот на МАЦЕФ е горд што и оваа година успешно ја реализира традиционалната манифестација, НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2012. Манифестацијата се одржа на 30-ти Ноември во Свечената сала на Град Скопје. Манифестацијата беше реализирана во коорганизација со ГИЗ – Канцеларија Скопје, помогната од проектот ЕУбилд ЕЕ на ЕУ, под покровителство на Град Скопје и Министерството за економија на Р.Македонија, спонзорирана од ЕВН Македонија. Централен настан на овогодинешната НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА беше конференцијата ФИНАНСИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА: Р ЕТРОСПЕКТИ ВА И Р АЗ ВОЈНИ ПР ЕПОР АКИ. Темата беше привлечна за голем број учесници во оваа проблематика. За успешноста на настанот говори и бројната посетеност од академскиот сектор, финансискиот сектор, бројни приватни бизниси, медиуми и граѓански организации. Вниманието го задржавме со презентирање и дискусија на актуелни теми кои се од витално значење за напредок на економијата и развој на енергетската политика на нашата земја. Манифестацијата свечено ја отворија г. Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје, г. Ваљон Сараќини, Министер за економија, г. Мартин Клауке, претставник во име на Амбасадорот на Европска Унија и г. Џејмс Макбет, национален директор на Канцеларијата на ГИЗ во Македонија. Проф. д-р Константин Димитров прв ја презентираше 10 годишната успешна приказна на МАЦЕФ – 10 години инвестирање во енергетска еф икасност , а потоа г. Огнен Димитров од Град Скопје ги претстави плановите на градот за гасификација, промоција и меѓународна соработка на полето на ОИЕ и ЕЕ. Свое претставување имаа и Министерството за економија на Република Македонија, ЕВН Македонија и ЕЛЕМ, кои зборуваа за резулати и инвестиции на полето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Компанијата ЕВРОПА АД Скопје ги претстави резултатите од реализацијата на проект за енергетска ефикасност, како позитивен пример во нашата земја. Националниот истражувач на проектот „ЕУбилд енергетска ефиксност“, г-ѓа Македонка Димитрова го презентираше „Националниот извештај: Финансирање на енергетска ефикасност во Македонија“, а локалниот координатор и раководител на проектот, г. Игор Петрушевски од МАЦЕФ, го презентираше „Водичот - Препораки за финансиска поддршка за ЕЕ во згради– перспективи“. По претставувањето на темите се разви плодна дискусија од која се донесоа вредни заклучоци. За

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 115

Страница 2

повеќе информации посетете ја официјалната интернет страна на манифестацијата www.energyweek.mk (ЗТ) Завршни настани на проектот „ЕУбилд Енергетска ефикасност“ Во месец ноември беа одржани финалните активности на проектот ЕУбилд Енергетска ефикасност, кои се содржеа од настани на кои беше претставено се она што се сработи во период од 2 години, додека траеше проектот. Како резултат беа дадени препораки во форма на прирачник и насоки за подобрување во форма на декларација. „4-ти интернационален самит за квалитет во градежништвото“, во Истанбул Македонската делегација во состав, проф. Д-р Константин Димитров, асистент Македонка Димитрова и Игор Петрушевски учествуваа на самитот, чија тема оваа година беше „Одржливост – енергетска, економска и еколошка“. На настанот беа претставени резултатите од проектот и беше промовиран „Прирачник“, кој содржи основни информации и препораки за подобрување на финансирањето на енергетската ефикасност во земјите учеснички во проектот. (ИП) Завршна конференција на ИПА програмата за граѓански здруженија при директоратот за проширување на ЕУ, во Загреб На завршниот настан, на кој присуствуваа националниот координатор и истражувач, беа презентирани позитивните искуства од спроведувањето на двегодишните проекти од целата програма за социоекономско партнерство, на директоратот за проширување. Како резултат беа дадени и насоки за подобрување на следните повици во форма на декларација. (ИП) Финализирање на спроведување на мерки за ЕЕ во објектите од проектот на Министерство за економија на РМ и Светска банка Кон крајот на месец ноември изведбата на мерките за енергетска ефикасност од фазата машинство во ОУ„Лирија“ во општина Чаир и ОУ„Гоце Делчев“ во општина Конче го достигнаа својот финален стадиум. МАЦЕФ, чиишто претставници како надзорни органи вршеа преглед при изведбата на овие училишта ги дефинираше завршните надзорни извештаи со цел подготовка на целосната проектна документација. Во ОУ „Гоце Делчев“ општина Конче, изведбата на дополнителниот систем за централно греење во стариот објект е веќе изведен со што со неговата неколку неделна пробна работа ќе создаде услови за негов технички прием и со тоа ќе ги подобри работните услови за учениците и вработените во овој објект. (ЖИ) Контрола од Министерството за социјална работа и политика, АВРМ и Министерство за финансии МАЦЕФ е вклучен во програмата со која се овозможува на млади стручни лица да се стекнат со пракса, финасирана од ИПА програмата (компонента I) спроведена од Агенцијата за вработување и поддржана од Министерството за труд и социјална политика.

Претставници на овие институции беа во контрола за да ги утврдат условите за работа на младите инженери кои се на обука во МАЦЕФ. Стартувана новата котлара во Цементарница УСЈЕ -Титан Новата котлара во Цементарница УСЈЕТитан, функционира со полна „пареа“. Изведбените работи околу топловодната и гасната линија, иако со мало задоцнување во однос на грејната сезона, се завршени со што реновираниот објект е стартуван и ги исполнува задачите за кои и е првично планиран. Последната фаза пред неговото официјално пуштање во работа е приготвувањето на финалните документи меѓу кои и извештајот од надзорниот орган МАЦЕФ. (ЖИ) Противпожарен дом во општина Македонска Каменица По барање на Канцеларијата на УНДП во Македонија, во средината на ноември, МАЦЕФ направи посета и увид во Противпожарниот дом во општина Македонска Каменица, со цел да се утврди состојбата на системот за греење на овој објект. За таа цел МАЦЕФ приготви елаборат за избор на систем на греење,како и основен проект. Елаборатот за избор на тип на котлара, по барање на инвеститорот, опфати разгледување на техничките, економските и финансиските предизвици при функционирањето на котларите на течно гориво, на цврсто гориво - пелети и на електрична енергија. Основниот проект за објектот пак, технички ја разработи идејата за избраниот тип на котлара и сите дополнителни системи. (ЖИ) МАЦЕФ на конференција „Европа во мојот регион/град” На 27.11.2012 година, во Музејот на македонската борба за самостојност, Град Скопје организираше меѓународен настан - конференција под мотото „Европа во мојот регион/град”. Настанот се одржа во рамки на Отворените денови – Европска недела на градови и региони 2012, чијашто годинешна приоритетна тема е „Градовите – Движечка сила за регионален развој”. На овој настан, МАЦЕФ премиерно го претстави новиот проект кој го реализира заедно со град Скопје како дел од транснационалната програма за ЈИЕ на Европската Унија, „RE-SEEties – Кон ефикасна употреба на ресурси во урбани заедници во ЈИЕ“ кој се спроведува во девет земји. На конференцијата присуствуваа и претставници од повеќе градови од регионот, како: Загреб, Ниш, Белград и Приштина. Во рамките на конференцијата свое обраќање имаа градоначалникот на Град Скопје, г. Коце Трајановски, градоначалничката на Град Софија, г-ѓа Јорданка Фандакова, како и претставници од релевантни институции во Македонија. (СП) МАЦЕФ на денови на енергетска ефикасност на општина Карпош На вториот ден од манифестацијата Денови на Енергетска Ефикасност на општина Карпош, МАЦЕФ зеде активно учество. Свое излагање со презентација имаше г-дин Саше Паневски и ја претстави студијата која ги содржи анализите и мерењата кои ги изведе МАЦЕФ на поставениот сончев колекторски систем во Клиничката болница Штип со наслов: „Употреба на сончеви

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 115

Страница 3

колектори за санитарна топла вода во здравствени објекти“. Г-дин Бојан Калиманов, исто така имаше свое излагање и ги претстави добиените резултати од спроведената анкета на граѓанското мислење за придобивките од употребата на топлински сончеви колектори која беше реализирана во рамките на Проектот за проширување на употребата на термални сончеви колектори преку успешни модели. (БК)

ПРАШ АЊ А – ОДГОВОРИ ШТО Е ПАСИВНА КУЌА? Во овој број на ИнфоМАЦЕФ пишуваме за пасивните куќи како енергетски ефикасни објекти. Пасивните куќи претставуваат одлична можност за нова и технолошки напредна градба, како во резиденцијални, така и во комерцијални и институционални проекти. Пасивна куќа претставува многу добро изолирана, скоро херметички затворена градба која воглавно се загрева со пасивно сончево греење, со топлината која се ослободува од луѓето, електричната опрема и сл., при што енергетските загуби се сведени на минимум. Останатите потреби за топлина се обезбедуваат од извор со мал капацитет. Со правилно затемнување и ориентација на прозорците, се минимизира и потребата од уреди за ладење. Вентилатор со рекуперација обезбедува постојано и урамнотежено снабдување со свеж воздух. Како резултат се добива систем кој не само што ги намалува трошоците за греење и до 90%, туку и обезбедува одличен квалитет на воздухот во внатрешноста. Пасивната куќа е сеопфатен систем. Самиот збор „пасивна“ добро го опишува капацитетот на овој систем за примање и задржување на енергијата. Работејќи со природни ресурси, бесплатната сончева енергија се апсорбира и распределува ефикасно, без да се користат „активни“ системи, за да се овозможи куќата да дојде до „нулта“ потрошувачка на енергија. Главна карактеристика на пасивните куќи се: тројно застаклување на прозорците, суперизолација, (речиси) херметичка конструкција на зградата, природни материјали за градба, минимален премин на топлина низ конструкцијата и вентилација со урамнотежен поврат на енергија. Технички спецификации • херметички затворена конструкција на објект ≤ 0.6 ACH при притисок од 50Pa; • годишни потреби од топлина ≤ 15 kWh/m2 годишно; • примарна енергија за греење, ладење, вентилација, санитарна вода и осветлување ≤ 120 kWh/m2 годишно; • кoeфициент на премин на топлина кај прозорци U≤0,8 W/m2/K; • вентилациски систем со рекуперација со ефикасност од најмалку 75%, со мала потрошувачка на електрична енергија при потрошувачка од 0.45 Wh/m3; • конструкција без топлински мостови ≤ 0.01 W/mK (МК) Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручниот тим на МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ ЗДРУЖЕНИЈАТА И ФОНДАЦИИТЕ ЗА 2012 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 123 од 144 од 15.11.2012

ЗА НА

• ПРАВИЛА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 123 од 144 од 15.11.2012 • ПРАВИЛА ЗА СНАБДУВАЊЕ ВО КРАЕН СЛУЧАЈ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 123 од 144 од 15.11.2012 • ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД И РЕГУЛИРАНИ ПРОСЕЧНИ ТАРИФИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ОРГАНИЗИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 02.11.2012 • ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЦЕНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 02.11.2012 • ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 15.11.2012 • ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА И ДРУГИТЕ РЕСУРСИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ ШТО КОРИСТАТ ЕНЕРГИЈА (*) „Службен весник на РМ“ бр. 146 од 20.11.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

МАЦЕФ на настан во организација на РЕХАУ - Енергетски комфорен систем г-ѓа Јасминка Димитрова Капац од МАЦЕФ, беше дел од настанот во организација на РЕХАУ, оддел објектна техника и обновливи енергии кој се одржа во конгресниот центар на Скопски саем на 14-ти ноември. На настанот се зборуваше за неколку модули, а посебно внимание се даде на класата на објекти според потрошувачката на енергија и греење, ЕКС – енергетски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 115

Страница 4

комфорен систем и негови компоненти. Влијанието на ЕКС на потрошувачката на енергија за греење, ладење и вентилација, резултати од мерењата на мониторинг системот на објектот „Експро“ во Струмица и новитети кај топлинските пумпи. Настанот го посетија инженери и архитекти кои сакаат да го продлабочат своето знаење во оваа проблематика. (ЈДК)

11% од анкетираните компании, а по 6% им припаѓаат на градежништвото, хемиската индустрија, трговијата и на текстилот, по што следуваат другите гранки. Дури 50% од компаниите работат во стари објекти, 34% во релативно нови и само 16% во нови енергетски ефикасни објекти. Повеќе (МК)

Работилница за зелен развој на Светска банка

Корисни совети за тоа како да заштедите гориво Најверојатно ви се познати, но сепак, во време кога цената на горивата секојдневно расте, убаво е да ве потсетуваме на малите корисни совети кои значат многу за економичноста при возењето. - Загреан мотор е далеку поефикасен од ладен – затоа, најдобро е, доколку сте во можност, да возите прво на најоддалечената дестинација на која сте тргнале, а потоа и до останатите. - Колку е можно повеќе - избегнувајте ги сообраќајните метежи. - Можеби не сте знаеле, возилата трошат повеќе гориво доколку ги возите во пониска брзина. Затоа, прилагодете го степенот на менувачот, со брзината на возилото. Горивото се троши побрзо при забрзување и намалување на брзината, отколку кога одржувате константна брзина. - Држете ги прозорците затворени и избегнувајте го вклучувањето на клима-уредот, колку што е можно повеќе. - Исфрлете го непотребниот товар. Сè што не користите, или го користите ретко, извадете го од автомобилот. Полесен автомобил ќе помине поголема дистанца со исто гориво, отколку натоварен. - Проверувајте го притисокот во пневматиците на две недели, или при секоја посета на бензинската пумпа, каде точите од “скапоценото” гориво. Повеќе... (ЗТ)

На 14-ти ноември, Светската Банка организираше настан во просториите на Делегацијата на Европската унија. Настанот беше организиран со цел да се претстават резултатите од Програмата за зелен развој на пошироката публика и чинителитие во оваа сфера, како владини институции, меѓународната заедница, академскиот сектор, цивилното општество итн. Присутните на настанот можеа да ги слушнат презентациите на Анита Коџоман од УНДП, Џозеф Лесард – претставник на УСАИД, Даринка Јантинска од Министерството за животна средина и просторно планирање и Ерика Јоргенсен, лидер на работниот тим на програмата. По презентацијата, (СП) следеше плодна дискусија. Повеќе... Четврта средба од циклусот „Форуми во заедницата“ На четвртата работна средба во рамки на проектот „Форуми во заедницата“, која се одржа на 7.11.2012 година во ОУ „Љубен Лапе“, граѓаните на Општина Аеродром ги разгледуваа програмите за енергетска ефинасност, животна средина и локален економски развој.По разгледувањето на програмите граѓаните даваа предлози коишто работната група детално ќе ги разгледа и ќе одлучи дали има можност да бидат предвидени во постојните програми или пак, да се предвидат средства во буџетот на Општина Аеродром за нивна реализација. Вкупниот буџет наменет за овој форум изнесува 4,8 милиони денари, средства кои по половина ги издвоија Општина Аеродром и Швајцарската агенција за развој и (СП) соработка. Повеќе...

ЗЕЛС со акциски план за енергетска ефикасност

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС го промовираше Акцискиот план за развој на нови политики и промоција на локални иницијативи во справувањето со климатските промени 2012 - 2015. Јакнење на локалните капацитети за исполнување на обврските од Законот за заштита на животната средина, Законот за енергетика, Стратегија за употреба на обновливи извори до 2020, анализа на правната рамка и лобирање за нејзино подобрување, создавање услови за воспоставување на компании за енергетски услуги (ЕСКО), подобрување на енергетска ефикасност на објектите во јавните установи, поддршка за формирање на јавно-приватни партнерства, како алтернативна форма на финансирање и стопанисување со јавните објекти, се дел од активностите предвидени во Акцискиот план на ЗЕЛС. Повеќе... (МК)

Новости од светот

Компаниите во Западен Балкан не водат сметка за енергетската ефикасност Дури 20 проценти од компаниите во Западен Балкан воопшто не се способни или не се подготвени да обезбедат веродостојни податоци за својата потрошувачка на енергија, само дел од компаниите, трошоците за енергија ги држат под 3% од нивните приходи, додека просекот изнесува 6,4%. Најголем дел, 56% од компаниите планираат и водат сметка, но само 5% имаат реализирани студии за зголемување на енергетската ефикасност во своите објекти и процеси на производство. Ова го покажува анкетата спроведена од 16 коморски експерти во 105 компании во шест земји од Западен Балкан. Од метало-преработувачката и електро индустријата се

Занимливости

Корисни интернет адреси Хит на месецот

НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2012 www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org ЕУ

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.motorchallenge.org/ www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Втора меѓународна конференција за динамиката на флуиди и термодинамички технологии 15-ти до 16-ти март 2013г. Истанбул, Турција Конференција која ќе ги обедини инженерите од цел свет во делот на флуидната динамика и термотехничките технологии. Повеќе... (БК) Форум за енергетска револуција 05-ти до 07-ми февруари Есен, Германија Изложувачи и експерти ќе изложат решенија за производството, транспортот и складирањето на енергијата. Производителите на инсталации за фотоволтаични системи, комбинирано производство на енергија, обезбедувачи на транспортот и можностите за складирање ќе се обединат. Повеќе... (БК) Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, Јасминка Димитрова Капац, С. Паневски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

116 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you