Page 1

Број 115

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

 Од уредникот

Во овој број:

a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Октомври не го почувствувавме како студен месец – климатските промени почнуваме да ги чувствувамме без примена на специјализирани прецизни инструменти. Дали тоа ќе го почуствуваат граѓаните кои се приклучени кон Топлификација во своите сметки? На едно конкретно прашање на граѓаните до нас: „Каде да се обратиме за вградување на мерач на топлинска енергија од Топлификацискиот систем и каде можеме да го купиме?“, првичните сознанија се застрашувачки – Можете да ги нарачате ЕДИНСТВЕНО преку Топлификација инженеринг – тие ќе ги купат и вградат, (а богами и наплатат). Ќе истражиме кој им го дал тоа монополско право и на кој начин потрошувачите можат да бидат заштитени. Но тоа е исто така и задача на Организацијата на потрошувачите на Македонија! Вашето внимание сакаме да го насочиме кон продолжувањето на соработката на МАЦЕФ со Здружениот Истражувачки Центар на ЕЗ. Веќе трета година учествуваме на нивните експертски, тематски, тесно насочени собири. Но месецот треба да биде одбележан и со Меѓународната конференција организирана од ЗЕМАК, во Охрид. Со нетрпение го очекуваме првиот состанок на тимот од меѓународниот проект составен од учесници од 10 земји, каде Македонија е претставена преку градот Скопје и МАЦЕФ, а ЗЕЛС е набљудувач. EU JRC – Тематска конференција во Италија ЗЕМАК „Енергетика 2012“ „RE-SEEties: Кон ефикасна употреба на ресурси во урбани заедници“ Доделување на сертификати за енергетски контролори И покрај тоа што во Македонија сеуште не е донесен правилникот со кој ќе се официјализираат сертификатите на енергетските контролори, потребите на животот и обуката ги надминуваат тие бариери. На Машинскиот факултет беа доделени сертификатите на уште една мала група енергетски контролори, поле сериозна обука, вежби, семинарски работи и испит. Се подготвуваме интензивно за „Недела на енергетика Македонија 2012“. Конференцијата ќе биде на 30-ти ноември, а нашите членови и симпатизери ќе добијат навремена информација каде ќе се одржи манифестацијата. Ве очекуваме на оваа конференција, а посебно на терминот предвиден за Дискусија и искажување на вашите ставови. До скоро видување Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ EU JRC – Тематска конференција во Италија Од 25 до 26 Октомври 2012 година, се одржа конференција со наслов „Влијанието врз животната средина и социјалните аспекти на неконвенционалните извори на енергија во Европа“ во Арона-Италија. Организатор на конференцијата беше

European Commission - Joint Research Centre, Institute for Environment and Sustainability.

Активно учество земаа претставници на водечките институти од повеќе земји, како: Италија, Исланд, Норвешка, Полска, Романија, Бугарија, Холандија, Украина, Русија, Велика Британија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Босна и Србија. Претставник од Р. Македонија, Јасминка Димитрова Капац, со своето излагање на тема Одржливиот разој во Р. Македонија даде осврт на влијанието на енергетиката од социјален аспект, влијанието врз животната средина и спроведувањето на политиката за одржлив развој. ЗЕМАК „Енергетика 2012“ - Употреба на санитарна топла вода во здравствени објекти учество на МАЦЕФ МАЦЕФ се претстави на интернационалниот симпозиум „Енергетика 2012“ со трудот „Употреба на сончеви колектори за Санитарна топла вода во здравствени објекти“. Трудот ги содржи анализите и мерењата кои ги изведе МАЦЕФ на поставениот сончев колекторски систем во Клиничката Болница Штип. Симпозиумот „Енергетика 2012“ се одржа во Охрид од 4 до 6 Октомври во хотел „Метропол“ во организација на ЗЕМАК. На него се претставија голем број на експерти и чинители во енергетиката, како од Македонија така и од странство.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 115

Страница 2

МАЦЕФ и Град Скопје почнуваат со работа на проектот „RE-SEEties: Кон ефикасна употреба на ресурси во урбани заедници“ Проектот е дел од Транснационалната програма за Југоисточна Европа на Европската унија. Партнерите во проектот доаѓаат од девет европски држави – Германија, Грција, Унгарија, Италија, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска и Македонија. Освен МАЦЕФ и Град Скопје, како партнер набљудувач во проектот учествува и ЗЕЛС. Ефикасната употреба на ресурси е главен приоритет во креирањето на политики во Југоисточна Европа. Проектот зема во предвид посебно два клучни елементи кога станува збор за ефикасната употреба на ресурси – енергија и отпад. Долгорочната визија на проектот е да ги претвори Југоисточните градови во урбани заедници кои ефикасно ги користат ресурсите, во согласност со политиките на Европската Унија. Доделување на сертификати за енергетски контролори Минатиот месец на машинскиот факултет во Скопје, на свечена церемонија беа доделени сертификатите на кандидатите кои успешно го поминаа третиот циклус на обуки за енергетска контрола на градежни објекти. Обуката се состоеше од 60 часа предавања и практични вежби, од обучувачи од машинскиот факултет, факулетот за електротехника, градежниот факултет, архитектонскиот факултет, стручни лица од реномираните компании, како и експерти од Норвешката консултантска куќа ЕНСИ. За да се здобијат со сертификати кандидатите освен што требаше да ги поминат сите 60 часови обука, мораа успешно да го поминат испитниот дел.

Во некои држави поимот „нискоенергетска куќа“ е поврзан со конкретен градежен стандард. Со овие стандарди се бара да се ограничи потрошувачката на енергија која се употребува за греење на простор затоа што во многу климатски зони потребата од таа енергија зазема најголем дел од вкупните енергетски потреби. Исто така, можат да бидат регулирани и други типови на енергетски потреби. Во Германија, нискоенергетската куќа има ограничена специфична потрошувачка од 50 kWh/m² год., додека во Швајцарија изнесува 42 kWh/m² год. Нискоенергетска технологија Нискоенергетските објекти типично имаат добра топлинска изолација, енергетски ефикасни PVC прозорци, ниски нивоа на инфилтрација на воздух и вентилација со повторно искористување на отпадната топлина, со цел да се намали потрошувачката на енергија за греење и ладење. Овие објекти може да употребуваат и пасивна или активна сончева технологија како и технологии за рекуперација на отпадна топла вода, за повторно искористување на толината од тушевите и машините за миење садови. Количината на потрошена енергија за осветлување и различни апарати за домаќинство се намалува со користење на флуоресцентно и LED осветлување и ефикасни апарати за домаќинство. Добрата топлинска изолација (Weatherisation) дополнително ја зголемува енергетската ефикасност на овие објекти. Ниско-енергетски куќи можат да бидат направени од густи или лесни материјали, но вклучена е и одредена внатрешна топлинска изолација за да се намалат летните максимални температури и за одржување на стабилни зимски температури. Подобрувањата кои може да ги имаат нискоенергетските куќи во однос на греење, ладење, вентилација и греење на вода се: • Aпсорпционен ладилник • Цевки за ладење во земја • Геотермална топлинска пумпа • Вентилација со повторно искористување на топлината • Повторно искористување на топлина од санитарна топла вода • Сезонско складирање на топлина Сончеви колектори за топла вода (МК) •

Испитниот дел се состоеше од полагање на финален испит, а мораа и целосно да изработат една енергетска контрола и да ја презентираат пред стручната комисија. Сертификатите на кандидатите им ги додели продеканот на машинскиот факултет, Доц. Д-р Зоран Марков, по што се одржа пригодна прослава. Список на контролорите: Илија Саздовски; Павлина Здравева; Горан Капац; Љупчо Мантев; Саше Паневски; Бојан Калиманов; Филип Стојановски Им честитаме на новите енергетски контролори и им посакуваме успешна и плодна работа!

ПР АШ АЊ А – ОДГОВОР И

Што се Ниско енергетски куќи? Како што најавивме во претходниот број на ИнфоМАЦЕФ, во наредните изданија ќе ви претставиме повеќе информации за енергетски ефикасните објекти. Нискоенергетска куќа е било каков тип на куќа што од проектантска и градежна гледна точка употребува помалку енергија отколку вообичаена или просечна современа куќа. Во практиката базирана на одржливо проектирање, одржлива архитектура, ниско-енергетско градежништво и енергетски ефикасно уредување ниско-енергетските куќи често користат активни и пасивни сончеви техники и компонети за проектирање, со што се намалува потрошувачката на енергија. Општа употреба Значењето на поимот „нискоенергетска куќа“ се менувал со текот на времето, но во Европа во општ случај означува куќа која употребува околу половина од количината на енергија пропишана според Германските и Шведските нискоенергетски стандарди за греење на простор, обично во опсег од 30 kWh/m² год. до 20 kWh/m² год. За куќи со потрошувачка под 20 kWh/m² год. се користи поимот „ултра нискоенергетски куќи“. Национални стандарди

Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 123 од 02.10.2012

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 115

Страница 3

• ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД „Службен весник на РМ“ бр. 123 од 02.10.2012 • ИСПРАВКА ОД РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 123 од 02.10.2012 • ОДЛУКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ НА ЦРНА РЕКА И УЧЕСТВО ВО ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО СО АД ЕЛЕМ „Службен весник на РМ“ бр. 129 од 18.10.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Министерството за економија и ЕВН Македонија со заедничка платформа за енергетска ефикасност Со пораката „Размисли и заштеди“ Министерството за економија и ЕВН Македонија почнуваат заедничка Платформа за енергетска ефикасност. Целта на оваа платформа е преку конкретни активности да се подигне свеста за потребата од промената на навиките во насока на рационално искористување на енергијата. Исто така, во рамките на платформата посебен фокус ќе биде ставен на поголема примена на енергетската ефикасност во малите и средните претпријатија. Македонија има обврска за поголема примена на енергетската ефикасност како потписник на Атинскиот меморандум, со кој се предвидуваат заштеди на енергија од најмалку 9% до 2018 година или околу 1710 GWh, односно 1% годишно ниво. Министерството за економија изготви и Стратегија за унапредување на енергетската ефикасност во Република Македонија до 2020 и Акционен план за енергетска ефикасност, со што треба да се Повеќе... обезбеди поголема примена на овој концепт. (ФС) Одбележани 10 години од Федерацијата на фармерите на РМ и пет години „Моја земја“ МАЦЕФ на 04. Октомври присуствуваше на одбележувањето на 10 години од постоењето на Федерацијата на фармерите на РМ и пет години од постоењето на списанието „Моја земја“. Настанот се оддржа во Музејот на македонската борба. Поздравен говор земаа Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, амбасадорот на Кралството Шведска Ларс Вахлунд, претседателот на ФФРМ Петко Златев. На настанот присуствуваа претставници на владини и невладини институции, претставници на амбасади, организации од регионот, пријатели, претставници од бизнис заедницата.

МАЦЕФ им го честита 10-годишниот јубилеј и им посакува да продолжат со успешната работа како и досега. (ФС)

Работилница „Алатки за анализа кои се користени при анализа на енергетскиот сектор“ На 29-ти октомври се одржа работилница во организација на Светската банка. Работилница се одржа во хотелот Бест Вестерн и истата беше со тема „Алатки за анализа кои се користени при анализа на енергетскиот сектор“. На оваа работилница, на која присуствуваше и претставник на МАЦЕФ, говорници беа: проф. д-р Рубин Талески, кој ја презентираше енергетската анкета. Анкетата беше спроведена во повеќе од 700 домаќинства и беа опфатени домаќинсвта од сите региони од нашата држава. Анкетата даде јасна слика за потрошувачката на енергија во домаќинствата и се надеваме дека во иднина овие анкети ќе се спроведуваат во рамките на пописот. Втор говорник беше г-динот Драган Блажев, кој даде осврт на потрошувачката на енергија во индустрискиот и јавниот сектор. Податоците кои беа користени за оваа анализа беа главно од државниот завод за статистика и доста голем дел од податоците беа засновани на практично искуство. Како последен говорник беше г-динот Александар Дединец, кој го претстави Маркал моделот. Со помош на овој модел е разработено сценарио за очекувањата за потребата на енергија во нашата држава до 2051 година. Енергетска политика на Македонија во контекст на интеграција во ЕУ На 2-ри Октомври во ЕУ Инфо центарот во Скопје се одржа панел дискусија на тема „Енергетска политика на Македонија во контекст на интеграцијата во Европската Унија“ која воедно е и анализа публикувана во најновиот број на политичкото списание „Политичка мисла“ на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје. Темата на настанот даде приказ на ситуацијата во енергетскиот сектор во земјава во контекст на приближување кон ЕУ стандардите и за состојбите со енергетиката и енергетската политика на Македонија. На настанот се водеше дискусија помеѓу претставници од високи државни функции и експерти од областа на животната средина и енергетиката во Македонија. Се дискутираа предизвиците и перспективите за одржлива климатска и енергетска политика. Во овој дел учество зема и претставник од МАЦЕФ, г-ца З. Таревска и ги истакна ставовите на здружението во врска со политиките за енергетика кои се водат и спроведуваат во Македонија споредбено со оние во ЕУ. (ЗТ) Презентација на енергетски ефикасно осветление претставници на МАЦЕФ присуствуваа на презентација која ја одржа компанијата I-Impuls во Стопанска Комора на Македонија. На настанот беа претставени нови модели на енергетски ефикасни светилки за домаќинства, индустриско осветлување и улично осветлување. Беа прикажани нивните карактеристики и предности меѓу кои се намалената приклучна моќност, намалениот број на потребни светилки, моменталното вклучување, поголемиот квалитет на светло, високата трајност и сл. Исто така, по завршувањето на презентацијата, беше отворена дебата за начинот и условите под кои македонските банки го потикнуваат и кредитираат инвестирањето во енергетски ефикасно осветлување. Македонија во Дуинг Бизнис напредува и во енергетскиот сектор Постапката за добивање нов приклучок за електрична енергија во земјава е значително поедноставна и е потранспарентна,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 115

Страница 4

бидејќи наместо за 90, сега може за 40 дена да се дојде до бараниот приклучок, но и да се потрошат и помалку пари. Оваа придобивка на која работеше тимот на ЕВН-Македонија, со ресорните министерства и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја рангираше Македонија во најновиот извештај "Дуинг бизнис" на Светска банка за 20 места повисоко. Во анализата на Банката кај индикаторот за приклучок на електрична енергија лани бевме рангирани на најлошото 121 место, а годинава сме на 101-то место, но се очекува оваа позиција значително да се подобри идните години. Со новите мрежни правила за електрична енергија процедурата за добивање на приклучок е многу пократка, а се намалува и времето за изградба на енергетска инфраструктура. Новите мрежните правила предвидуваат дозвола за нестандардна мрежа да се издава за најмногу за 40 дена, а не како досега за 60 дена - објаснуваат од Повеќе... ЕВН-Македонија.

Новости од светот Газпром најде резерви и ресурси на гас во полуостровот Јамал 11 гасни и 15 нафтени, гасни и кондензатни полиња со околу 16 tcm на истражени и претпоставени резерви на гас и речиси 22 tcm на самото место и прогнозирани резерви на гас се откриени на полуостровот Јамал и во нејзините соседни области. Резервите на кондензат се проценуваат на 230,7 милиони t и оние на нафта 291,8 милиони тони. Полуостровот Јамал е стратешки нафтен и гасен регион на Русија. Комерцијален развој на морските и копнените полиња на Јамал е од клучно значење за обезбедување на производството на гас на Русија по 2010 година. Во однос на резервите на гас, областа Bovanenkovskoye е најзначајниот еден на полуостровот Јамал (4.9tcm). Првичните резерви на гас од полињата во Kharasaveyskoye, Kruzenshternskoye и JuzhnoTambeyskoye e околу 3,3tcm. Предвиденото производство на гас во полуостровот Јамал е: Година 2011 2015 2020 2025 2030 Производство 7,9 75135200310(bcm) 115 175 250 360 (СП) Повеќе... Русија ќе и испорачува гас на Србија до 2021г. На 13-ти Октомври министрите за енергетика на Србија и Русија во Белград заедно со српскиот премиер И. Дачиќ, потпишаа спогодба за испорака на природен гас за Србија. Дачиќ истакна дека спогодбата ќе придонесе за енергетската стабилност на Србија и ќе ја гарантира сигурноста на испораките на гас за следната деценија. Документот предвидува Русија да ѝ доставува на Србија по пет милијарди кубни метри гас годишно до 2021 година. Наскоро се очекува да се потпише и спогодба за стратегиско партнерство меѓу двете земји, од која дел ќе биде и Повеќе... потпишаната спогодба за испорака на гас. Анализа

Ирак наскоро ќе биде нова светска „нафтена сила“? Меѓународната агенција за енергија, ИЕА, предвидува дека може да се зголеми сегашното производство на нафта од 3 милиони барели дневно. Реална е проценката дека до крајот на 2020 год. црпењето нафта би можело да достигне двојно поголем обем, а до 2035год. е реално да се очекува дневно производство од 8 милиони барели нафта дневно. Тогаш Ирак би можел да ја потисне Русија од втората позиција на најголемите светски производители на нафта. Прва и натаму е Саудиска Арабија. Сепак, за да се постигне тоа, државата на реките Тигар и Еуфрат мора да совлада уште некои пречки. Секако, голема пречка е политичката ситуација на Ирак. Иако помина скоро една деценија како земјата се бори за демократизација по режимот на Садам Хусеин, сеуште безбедносната ситуација влијае врз потенцијалните инвеститори. Засега, Саудиска Арабија го покрива недостатокот од иранска нафта, бидејќи сеуште трае нафтеното ембарго од ЕУ, но не се исклучува можноста набрзо да се појави на пазарот и новата нафтена сила – Ирак. (ЗТ) Повеќе...

Занимливости

Нова студија која тврди дека домаќинствата можат да ги намалат трошоците за електрична енергија

Со едноставните промени во домот, може да се постигне драматичен ефект на намалување на потрошувачката на енергија. Ова го покажа пилот студијата на Универзитетот Сури. Пилот студијата ги проучува електричните уреди како се користат во домот. Во едно домаќинство кое е опфатено во студијата, забележале дека со перење на алиштата на пониска температура истиот уред трошел за 60% помалку енергија. Во студијата се наведува дека доколку се замени ладилникот може да се постигнат заштеди на електрична енергија од 39 до 66%, со замена на машината за миење на садови може да се постигне заштеда од 8 до 21 %. Освен што се заштедува енергија во исто време се намалува и емисијата на јаглерод диоксид. (ФС) Повеќе... Мексиканска текила ќе се користи за добивање биогориво Мексиканската текила ќе се користи и за добивање биогориво, како алтернатива за дизел горивото. Проектот започнал кога Мексикаците сфатиле дека непотребно трошат суровина при производствто на националниот пијалок. Имено, лани исфрлиле 323 милиони килограми отпад од агава кој можел да биде искористен при производството на биогориво. (ФС) Повеќе... Сименс започна со тестирање на 154 метарски ротор од најголемата ветерна турбина Компанијата SIEMENS ENERGY започна со теренско тестирање на новиот 154 метарски ротор за 6 MW офшор ветерна турбината во Østerild, Данска. Турбината со ознака SWT-6.0-154 е опремена со најдолги роторски перки, од кои секоја е од по 75 метри во должина. Со рекордниот ротор со дијаметар од 154 метри, секоја SWT-6.0-154 турбина може да произведе 25 милиони киловат часови на чиста електрична енергија. Ветерната турбина SWT-6.0 претставува најголемата ветерна турбина во Повеќе... својата класа со тежина од само 200 тони. (БК)

Корисни интернет адреси Хит на месецот –

EUbuild EE Facebook

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2012 30.11.2012 Конференција на тема: „Финансирање на проекти за ЕЕ и ОИЕ“ Претставување на национален извештај за Македонија и прирачник од проектот „ЕУбилд Енергетска ефикасност“ Повеќе информации наскоро... Конференција за ветерна енергија Романија 2013 15-ти и 16-ти јануари 2013 Букурешт, Романија Најголемата годишна конференција за ветерна енергија во Романија. Ветерна енергија Романија е најголемиот настан посветен на развојот на ветерната индустрија во Романија. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ф. Стојановски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

115 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you