Page 1

Број 113

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Aвгуст 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:  Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Август е месец за одмарање, сите да ги наполнат „батериите“ за престојната „жешка“ есен и зима: финансиски, политички, а и енергетски. Се разгорува дискусијата во однос на новиот Правилник за користење на енергијата од Топлификација АД, особено правото/можноста да се откаже таа услуга и обврската да се плаќа, иако индивидуалниот стан е исклучен од системот. Ќе биде корисно да се организира форум од стручни лица (од секторот на термоенергетика и право) за јавно да се анализира оваа состојба и евентуално да се понудат прифатливи решенија за сите заинтересирани страни. Во август, вработените во МАЦЕФ беа ангажирани на завршување на обврските (енергетските контроли во Велес, изработката на проектите за Енергетска Ефикасност - ГЕФ проектот, топлифицирање на Битола и др.), како и сите активности поврзани со тоа. Во исто време се подготвуваме за организирање на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА 2012, редовното Годишно собрание но и одбележување на малиот, но за нас значаен јубилеј – 10 години континуирана работа. Подготовките се во тек и за започнување на реализацијата на двата меѓународни проекта до крајот на оваа година. Но, за ова ќе имаме повеќе соопштенија по започнувањето на проектите и првичните резултати. Се гордееме со напредувањето на нашите членови – и во однос на квалитетот и во однос на активностите, а уште повеќе кога тоа е осознаено и признато и од странските институции. Горди сме што нашиот активен член Македонка Димитрова, МППА, е назначена за амбасадор на Energy Globe за Македонија. Честитки до Дона од сите вработени во МАЦЕФ за ова извонредно признание. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Енерги Глоуб со претставник во Македонија За 2013-та година за прв пат во Македонија глобалната фондација „Energy Globe“ назначи свој амбасадор за проширување на мисијата. Асс. Македонка Димитрова од Универзитет Американ Колеџ Скопје и долгогодишен активист на МАЦЕФ, ја прифати поканата на организацијата да се залага за создавање на свест за одржлив развој кај младите во земјата. Како официјален претставник на „ENERGY GLOBE Foundation“, една од највисоко признатите награди за животна средина во светот, таа ќе се обиде да го зголеми бројот на проекти од Македонија кои би можеле да се спроведуваат од други чинители и да се постигнат истите позитивни резултати од нивната претходна реализација. Во почетокот на мандатот, кој трае една година, Амбасадорката нé информираше дека во тек е повик за нови проекти со висок степен на одржливост во следните категории: Земја (земјоделие, култури за енергетски потреби, градежни материјали, згради, изолација и сончеви системи); Оган (снабдување со енергија и ефикасно користење на енергијата); Вода (вода за пиење, разни употреби/третман или процесирање во вода); Воздух (загадување на воздух, квалитет на воздух, заштита од климатски промени, намалување на стакленички гасови); Млади (било кој одржлив проект развиен од страна на млади луѓе). Димитрова потсети дека крајниот рок за поднесување резултати од завршени проекти за влез во конкуренција за награди за 2012 година е 12 октомври 2012, а пријавите се едноставни за доставување. Повеќе информации на www.energyglobe.info. Надзор во ОУ„Лирија“, о. Чаир Како дел од обврските кои МАЦЕФ ги има кон ГЕФ Проектот за одржлива енергија што го реализира Министерството за економија во соработка со Светската банка, а се однесуваат на обновување на основните училишта со спроведување на мерки за енергетска ефикасност, тимот на МАЦЕФ во соработка со Заводот за Испитување на материјали при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, започна со третата фаза - надзор на спроведувањето на предвидените мерки. Во тек е обновување на објектот на основното училиште Лирија во општина Чаир и неговите системи со спроведување на мерки за енергетска ефикасност. Покрај улогата на координатор и раководител на надзорот на спроведување на сите фази, стручниот тим на МАЦЕФ има и директна задача за надзор на спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност на системот за греење, со што ќе се осигура квалитетно извршување на работните задачи. По завршувањето на спроведувањето на мерките во ОУ Лирија, активностите продолжуваат во ЈУДГ „Снежана“, исто така во општина Чаир. (ИП)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 113

Страница 2

Посета на ОЈУДГ „7 Септември“ во Пехчево Како дел од проектот на Светска банка и Министерството за економија на Република Македонија, во август беше извршена посета на градинката „7ми Септември“ во Пехчево. Тимот на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ изврши мерења на самиот објект од аспект на неговата архитектура како и на системите за греење, со цел подготовка на основен проект за реконструкција на градинката со мерки за енергетска ефикасност. Увидот на објектот беше извршен во присуство на претставници на градинката со што се добија реални информации за начинот на користење на системите, како и со проблемите со кои се соочува техничкиот персонал при ракувањето со овие системи. Основните проекти коишто треба да се приготват за градинката опфаќаат проект за реконструкција на обвивката на објектот, како и проект за реконструкција на системот за греење. (ЖИ) Енергетска проверка на ОУ „Васил Главинов“ Тимот на МАЦЕФ во текот на месец август направи енергетска проверка на ОУ „Васил Главинов“. За време на енергетската проверка направен е увид на системот за греење, архитектурата, столаријата и електричната инсталација. Целта на оваа проверка е да се приготват проекти за да се намали потрошувачката на енергија, и при тоа да се подобрат условите за престој на учениците и вработените. Со намалувањето на потрошувачката на енергија ќе се намали и емисијата на CO2. (ФС) Училишен проект на ЕВН Македонија Со почетокот на учебната година започнуваат и подготовките за новата сезона на Училиш ниот проект. За потсетување, проектот се реализира во соработка со 5 здруженија од цела територија на Република Македонија, меѓу кои и МАЦЕФ, а е финансиран од ЕВН Македонија. Концептот на проектот за оваа учебна година останува речиси непроменет и ќе продолжи да се спроведува двојазично, на македонски и албански јазик. Фокус се училиштата во руралните средини низ различни општини во Македонија. МАЦЕФ ги покрива училиштата во северо– западниот дел на Македонија. Секако, релизацијата на активностите на терен не би била успешна без нашите колегиволонтери со кои имаме долгогодишна соработка и верба во нивната умешност и работа со ученици. Во втората половина на месец септември, најавени се средби со градоначалниците и одговорните од секторот за енергетска ефикасност во општините, во чии училишта е предвидена реализација на проектот. Соработката на повисоко ниво се прави се со цел проектот да добие на значење. Така, заедницата во која децата живеат и растат ќе влијае во промената на навиките на жителите на таа општина и ќе ја крене свеста за значењето на енергенсите и однесувањето кон нив. Повеќе за проектот и изминатите резултати може да прочитате на http://www.kids.evn.com.mk/. (ЗТ) ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да

го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата ел ектронска адреса!

ПР АШ АЊ А – ОДГОВОР И Како да изберете осветлување кое ќе ви заштеди пари?

Осветлете го вашиот дом со истото количество светлина за помалку пари. Извршете замена на старите светилки со вжарено влакно со нови енергетски ефикасни светилки.

Нови светилки: Која е разликата ? Стандардните светилки со вжарено влакно употребуваат многу енергија за да произведат светлина. • 90% од енергијата се оддава како топлина • Таа е изгубена енергија е пари, кои ние ги отфрламе Новите енергетски ефикасни светилки нудат широк избор на бои и светлосни ефекти. Новите светилки се исто така многу поефикасни, т.е. ви заштедуваат пари. Какви типови на светилки можете да изберете ? Трите најчесто употребувани типови на ефикасни светилки се халогени светилки, LED светилки и CFL светилки. Секој од овие типови е поефикасен од стандардните светилки со вжарено влакно. Енергетски ефикасни халогени светилки - околу 25% заштеда на енергија Енергетски ефикасните халогени светилки содржат капсула со гас околу вжареното влакно за да се зголеми ефикасноста на светилката. Ваквиот тип на светилка е околу 25% поефикасна и може да трае 3 пати повеќе од стандардната светилка со вжарено влакно. Ги има во различни бои и може да се употребуваат со потенциометри. CFL светилки - околу 75% заштеда на енергија Компактните флуоресцентни светилки (анг. кратенка CFL) се всушност извиткана верзија на долгите цевчести флуоресцентни светилки неонки, кои можеби веќе ги имате во кујната или гаражата. Поради тоа што тие употребуваат помалку електрична енергија од стандардните светилки со вжарено влакно, инвестицијата во нив се исплаќа за околу 9 месеци и потоа овие светилки почнуваат да ви штедат пари секој месец. Ваква светилка употребува четвртина од енергијата и трае десет пати подолго од стандардна светилка со вжарено влакно, притоа произведувајќи исто количество светлина како стандардната светилка. Ако сакате да ги користите со потенциометар, потребно е при купувањето да изберете CFL светилка со таква можност. LED светилки - од 75% до 80% заштеда на енергија Светилките со диоди (LED) ја употребуваат истата технологија како LED индикаторот на вашиот телефон, но се дизајнирани да го осветлуваат вашиот дом. Таа технологија е една од денешните енергетски најефикасни технологии и е во постојан и брз развој. LED светилките со висок квалитет употребуваат од 20% до 25% од енергијата и траат 25 пати подолго од стандардните светилки со вжарено влакно кои ги заменуваат. Иако цената им е повисока, LED светилките на долгорочен план се исплатливи поради нивната долготрајност и многу малата потрошувачка на енергија. (МК) Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 113

Страница 3

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК , а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178. (ЗТ) МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД И ТАРИФНИ СТАВОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ДЕЈНОСТ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА И ТАРИФНИ СТАВОВИ ЗА ГРЕЕЊЕ ЗА 2012 ГОДИНА НА: - СНАБДУВАЊЕ ЗАПАД ДООЕЛ СКОПЈЕ - СКОПЈЕ СЕВЕР АД-СКОПЈЕ - СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ СКОПЈЕ - ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ-СКОПЈЕ - ТОПЛИФИКАЦИЈА АД-СКОПЈЕ - СНАБДУВАЊЕ ЦЕНТАР ДООЕЛ СКОПЈЕ

„Службен весник на РМ“ бр. 96 од 30.07.2012

• ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ПРОЦЕНУВАЧ НА ВРЕДНОСТА НА ДОБРАТА И ВЛИЈАНИЈАТА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

„Службен весник на РМ“ бр. 102 од 13.08.2012

• ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МАШИНИ*

„Службен весник на РМ“ бр. 103 од 17.08.2012

• ПРЕГЛЕД НА ИЗЈАВИ/ПОДНЕСОЦИ НА ЕУ (БРИСЕЛ) ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ КОН КОИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ИМА ПРИДРУЖЕНО ВО ПЕРИОДОТ 1 ЈАНУАРИ - 30 ЈУНИ 2012 ГОДИНА

„Службен весник на РМ“ бр. 108 од 30.08.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

ХЕЦ „Света Петка“ започна со работа Од 1-ви Август започна со работа новата Хидроелектрична централа (ХЕЦ) „Света Петка“ со која целосно се искористува хидропотенцијалот на реката Треска. Во изградбата на централата искористени се висококвалитетни градежни материјали и најмодерна технологија со што се обезбедува високо ниво на опременост, минимални трошоци за одржување, сигурен систем и висока стапка на искористеност. Инсталираната моќност на хидроцентралата е 36,4MW и годишно производство од околу 66 GWh електрична енергија. Според генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ д-р Влатко Чингоски, Хидроцентралата Света Петка како дел од повеќенаменскиот хидросистем Скопско Поле потсистем КозјакМатка има основна задача да го искористи хидроенергетскиот потенцијал на истечните води од хидроцентралата Козјак и локалните води од сливот на реката Треска. Оваа акумулација треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од хидроцентралата Козјак. Хидроцентралата Света Петка фактички функционира како проточна хидроцентрала меѓу хидроцентралите „Козјак“ и „Матка“. Повеќе... (ДТ) Електрична енергија од ветерниот парк „Богданци“ се очекува во втората половина од 2013 година АД „Електрани на Македонија“ и „Siemens Wind“ од Данска, во конзорциум со грчки „Siemens AS“ потпишаа договор за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на шеснаесет турбини на ветер за Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Со оваа активност е заокружена меѓународната тендерска постапка за изградба и пуштање во работа на првата електрана од ваков вид во Македонија. Турбините се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 MW, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Монтажата на овие ветерници ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност на ПВЕ „Богданци“ од 36,8 MW, со што се заокружува првата фаза во изградбата на овој визионерски енергетски објект. Вредноста на договорот изнесува 41,1 милиони евра, кои се обезбедени преку кредит од германската KfW банка и сопствени средства на АД ЕЛЕМ. Со договорот за набавка на турбините вклучена е и обврска на производителот за нивно одржување во времетраење од десет години од пуштањето во функција. Повеќе... (МК) Ново енергетски општина Прилеп

ефикасно

улично

осветлување

во

Кејовите „1-ви Мај“ и „9–ти Септември“ добија ново улично осветлување од втората фаза за осветлување. Осветлувањето се врши на „Кеј 1-ви Мај” кој е во должина од 600 метри и на „Кеј 9ти Септември”, во должина од 900 метри. Во овој инфраструктурен зафат вкупно се поставени шеесет метални столба долги 12m со модерни светилки. Инвестицијата од овој тип, ја чини општината пет милиони денари. Повеќе... (СП)

Новости од светот Балканот се соочува со нова криза во снабдувањето со електрична енергија Летниот пораст на конзумот моментно успешно се покрива со увоз на електрична енергија од Словенија, Унгарија и помал дел од Бугарија. Сепак ако сушата продолжи, или пак таа дополнително земе замав, и така нискиот водостој на реките и акумулациите во регионот на есен и зима овој реон може да се соочи со сериозни проблеми во редовното снабдување со електрична енергија. Трговците укажуваат дека продолжувањето на ваквата ситуација неминовно ќе резултира со раст на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 113

Страница 4

цената на електричната енергија на регионалните и меѓународните пазари, што дополнително ќе ги оптоварат државите во регионот и енергетските компании кои мораат да го увезуваат недостигот на електрична енергија. Колку е сериозна состојбата стана јасно кога минатата недела романската „Хидроелектрика“, инаку една од најголемите извознички на електрична енергија во регионот, заради нискиот водостој во акумулациите се повика на „виша сила“ и ги откажа сите договорени количини на електрична енергија наменети за извоз. Балканот дополнително го оптоварува рекордно ниското ниво на водостој на реката Дунав, а и останатите водостои во регионот се соочуваат со многу негативна хидролошка проценка. Повеќе... (МК) Регионално летно училиште во Фојница, БиХ „Обновлива енергија и енергетски ефикасно планирање“ Осмото интернационално летно училиште за обновлива енерија и енергетска ефикасност се одржува од 23ти август до 3ти септември во Фојница, Босна и Херцеговина. Предавачи на ова летно училиште се истакнати предавачи во областа на одржливата енергија од регионот и пошироко. Централна тема на летното училиште оваа година е изработка на акциони планови за одржлива енергија. Студентите ќе се запознаат со проблематиките на темата, формата на акциониот план и ќе добијат печатени материјали. Повеќе информации за летното училиште можете да дознаете тука (СП) Европската супермрежа поставува високи очекувања Разбирајќи ги ограничувањата на некои обновливи извори, европските лидери пред повеќе години го активираа планот за решавање на климатските прашања и создавање на најдобро можно сценарио за обновлива енергија. Тие се надеваат дека проектот за Европска супер мрежа ќе ги поврзе локалните обновливи извори во сите делови на Европа со интерконекција (поврзување) за пренос на енергија и рециклирање на отпад, притоа зајакнувајќи ги државните економии и овозможувајќи им на сите да го споделат богатството. Големиот план Иницијативата за мрежа покрај Северното море е од Германија, Данска, Норвешка, Шведска, Белгија, Франција, Луксембург, и Обединетото Кралство. Овие земји потпишаа меморандум за разбирање во 2011 година, кој ќе го поттикне искористувањето на енергијата од ветерот и ќе помогне во искористувањето на идеалните видови на обновлива енергија во различни делови од Европа во текот на следната деценија. Иако некои интерконекции веќе постојат, според Њујорк тајмс повеќето европски земји се уште се потпираат на сопственото производство на електрична енергија. Една огромна мрежа за пренос може да ја намали цената на енергијата и да обезбеди снабдување со енергија низ Европа. Ова ќе овозможи ефикасен пренос на енергија и ќе создаде конкуренција што дополнително може да ги намали цените. Во идеални услови, далноводите за подводен пренос ќе бидат поставени на бреговите на овие земји и ќе бидат поврзани во една робусна крајбрежна мрежа. Тоа ќе ги отфрли стравувањата од непостојано снадбдување, и ќе ѝ помогне на Европа да ја постигне својата цел со застапеност од 20 проценти на обновливи извори на енергија во вкупното производство на енергија до 2020 година. Повеќе... (МК)

Занимливости Стадион со нула емисии на CO2 е номиниран за награда за инженерство Фудбалскиот стадион „Arup“ кој е дел од групата на стадиони кои се изградени за Светското првенство во фудбал 2022 кое ќе се одржуви во Катар, е номиниран за инженерска награда за Светски архитектонски новини во 2012-та. Стадионот со нула емисии на CO2

кој има изразен футуристички изглед, функционира на сончева енергија, оспособен е за складирање на енергијата во батерии, користи биогорива во времето кога сончевата енергија треба да се дополни, има покрив кој се повлекува и има уреди за ладење под седиштата како би се избегнала употребата на воздушно кондиционирање на воздухот кој е поскапа опција. Повеќе... (БК)

Корисни web-адреси Хит на месецот –

MOMEE.org.mk

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Конференција „Поттикнување на енергетската ефикасност во Република Македонија“ 12-ти септември 2012, Скопје Конференцијата е со почеток во 10.00, во хотелот „Александар Палас“ во организација на Министерството за економија на Република Македонија. Целта на оваа конференција е разгледување на тековните активности и постигнати резултати во областа на енергетската ефикасност, како и превземање на натамошни активности во предметната област. Свое обраќање

на настанот ќе има и проф.д-р К. Димитров од МАЦЕФ, на тема „М еѓународно искуство и добри практики во областа на енергетската еф икасност во регионот и Европск ата Унија“. ЗЕМАК - Меѓународен симпозиум „Енергетика 2012“ 04 - 06 октомври 2012, Охрид Меѓународното советување „Енергетика 2012“ се одржува на секои две години во организација на ЗЕМАК. Оваа година ќе биде во хотел Метропол – Белви во Охрид. Ова е важен настан за здружението, по одбележувањето на јубилејот – 20години од оформувањето на ЗЕМАК. На настанот ќе бидат презентирани избрани реферати и научни трудови од областа на енергетиката, ќе се дискутира за досега постигнатото на тоа поле и што значи постоењето на ЗЕМАК за Македонија. Повеќе информации на http://zemak.mk/simpozium.html Гео-енергија Европа 2012 4 - 5 декември 2012, Будимпешта – Унгарија Конференција и изложување, која претставува ваен настан во полето на индустријата. Креатори на политики и експерти од областа на геотермалната енергија ќе земат учество на настанот. Повеќе... Конференција за ветерна енергија во Романија 15 - 16 јануари 2013, Букурешт – Романија Најголемата годишна конференција за ветерна енергија во Романија. Оваа конференција е најголемиот настан посветен на развојот на ветерната индустрија во Романија. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ф. Стојановски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

113 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you