Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 112

Јули 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во жешкиот јули како „нормално“ продолжуваат сите активности. Очекувањата да се добие правилник за снабдување со топлинска енергија од АД Топлификација (правила за откажување од „услугите“) се во завршна фаза. Ќе видиме што нé очекува... Активностите на МАЦЕФ се состојат од продолжување на превземените обврски: Обука на претставници на општини, Работа на Студијата за топлифицирање на Битола, Енергетска контрола на објекти во Велес, Изработка на проектна документација за објектите во општина Пехчево, во согласност со енергетските контроли и препораките на ГЕФ проектот... Поголем број организации се пријавија на тендерите распишани од страна на Министерството за економија, за реализација на предвидените проекти за енергетска ефикасност во повеќе општини во Македонија. Извршен е увид на локациите кои се предвидени за реконструкција. Очекуваме со реализацијата да се започне веднаш во август. Ќе нè радува ако добиеме Ваши коментари или дискусија за горливите проблеми во енергетиката: покачување на цената на електричната енергија, на топлинската енергија, новиот правилник на Регулаторна комисија за енергетика итн. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Продолжува изработка на студија за топлифицирање на општина Битола, општина Новаци и општина Могила

Во месец јули продолжи изработката на техноекономската студија за топлифицирање со топлинска енергија од РЕК Битола. Компанијата ЕКОНЕРГ од Хрватска, во соработка со МАЦЕФ е задолжена за изработка на истата. На терен беше направено реонско снимање на градот, како и посета на постоечките котларници кои би се приклучиле на топлификациската мрежа. Исто така, членовите на МАЦЕФ присуствуваа на неколку состаноци во индустриските објекти. Целта беше да се утврди индустрискиот конзум на градот Битола, како и заинтересираноста на индустријата за приклучување на топлификационата мрежа. Извршена посета на општинската зграда во Велес Тимот на МАЦЕФ во месец јули изврши посета на општинската зграда на општина Велес, како дел од обврските кои МАЦЕФ ги презема за изработка на енергетски контроли за објекти во општина Велес. При посетата беше направен комплетен увид на моменталната состојбата на објектот и системите со кои располага објектот. Притоа, тимот на МАЦЕФ доби несебична поддршка од дговорните лица во општината за енергетска ефикасност, што придонесе кон успешно реализиран увид во функционалноста на зградата. Во меѓувреме, завршени се анализите за двете градинки кои беа посетени во месец јуни. Консултации со тимовите за ЕЕ како дел од обуката на општините за подготовка на програма за ЕЕ На 7-ми јуни во просториите на општина Куманово и на 10-ти јуни, во просториите на општината Валандово се одржаа консултативни состаноци на претставниците на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ со тимовите за енергетска ефикасност од петте македонски општини: Куманово и Старо Нагоричане (во о. Куманово) и Гевгелија, Валандово и Богданци (во о. Гевгелија). На овие средби беа разгледани досегашните постигнувања на ЕЕ тимовите од гореспоменатите општини во собирањето на податоците и нивното внесување во ExCite софтверската алатка како и проблемите кои настануваат при овој процес на пополнување на базите на податоци за секој од општинските објекти. Од страна на претставниците на ЕЕ тимовите беа изложени препреките кои се појавуваат во текот на нивната работа и беа разгледани начини како истите да се надминат. Како дополнителна поддршка за општинските ЕЕ тимови кон процесот на анализа на собраните податоци од страна на претставниците на МАЦЕФ беше понудена софтверска алатка за дефинирање на општите показатели во пресметките за мерките за енергетска ефикасност, која беше прифатена како средство за побрза и поефективна работа од задолжените лица од општината.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 108

Страница 2

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата ел ектронска адреса!

М ОЈ СТАВ

Дали е оправдано укинувањето на ефтината тарифа на електрична енергија? Енергијата, а посебно електричната повеќе не е социјална категорија кај нас и сите ние мораме да се навикнеме на тоа. Но, освен зголемената цена на електричната енергија регулаторната комисија за енергетика донесе и одлука со која се укинува ефтината тарифа во периодот од 13:00 до 16:00. Ова укинување за жал е издржано и оправдано. Причината е зголемената потрошувачка на електрична енергија во овој период кога имаме ефтина тарифа. Имено, ефтината тарифа беше еден вид на стимул граѓаните да ги користат домашните електрични апарати и да трошат електрична енергија во периодите кога на ниво на електроенергетскиот систем имаше намалена потрошувачка на истата, а од друга страна имаме производство кое не може да се прекине (термоцентрали на јаглен). Денес состојбата е дијаметрално спротивна: Имаме пораст на индустријата (а со тоа и на потрошувачката на ел. енергија), имаме константно голема потрошувачка на ел. енергија во домаќинствата (климатизерите пред се, а и останатите електрични уреди кои секој дом ги поседува во 5 пати поголем број). А како последица на сето тоа имаме зголемен увоз на електрична енергија чија цена на европските пазари, во дневните периоди, е значително поскапа од ноќните периоди. Заради тоа укинувањето на ефтината тарифа е неминовен потег. Меѓутоа, со тоа се појави проблемот со оптоварувањето на буџетот на граѓаните. Владата делумно го има решено тој проблем преку ваучерите за загрозените семејства. Но, останува проблемот со сите останати семејства кои имаат месечни примања под просечните, од една страна, и проблемот со немање стимул на рационалното користење на енергијата од друга страна. Решението на сите овие проблеми е во воведувањето на т.н. БЛОК ТАРИФИ со кои цената на електричната енергија која ќе ја плаќаат потрошувачите ќе зависи од месечната потрошувачка. Односно оние што ќе имаат помала потрошувачка на електрична енергија на месечно ниво, ќе имаат и пониска цена. И спротивно. Со тоа ќе се намали оптоварувањето врз буџетот на оние домаќинства на кои секој киловатчас електрична енергија и секој денар им е внимателно предвиден, а од друга страна ќе се стимулираат останатите со „подлабок џеб“ порационално да ја користат, како не би плаќале огромни сметки.

Естонија 0,1130 €/kWh, Летонија 0,1174 €/kWh. Просечната цена за електрична енергија за разгледуваниот период изнесува 0,1821 €/kWh. 0,3500 0,3000 0,2500 0,2000 0,1500 €/kWh

0,1000 0,0500 0,0000

Од 1-ви август регулаторната комисија за енергетика најави поскапување на електричната енергија од 9,83%. Со тоа новата цена на електрична енергија би изнесувала за висока тарифа 4,17 den/kWh, додека за ниската тарифа 2,09 den/kWh. Односно просечната цена ќе изнесува 3,13 den/kWh. Доколку се додаде ангажираната моќност и ДДВ, ќе ја добиеме финалната цена која ја плаќаат корисниците односно 4,92 den/kWh или 0,0801 €/kWh. Споредбено со просечната цена во Европа за разгледуваниот период цената во Македонија е за двојно поевтина. Споредено со Данска е четири пати поевтина, споредена со Бугарија е за само 14% поевтина. Битно е да се напомене дека по поскапувањето, цената на електрична енергија во високата тарифа се изедначува со цената од некои Европски земји. (ФС) Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 90 енергетски контроли за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Решение кое заслужува внимание од повеќе аспекти! Игор Петрушевски, дипл.маш.инж.

М АЦЕФ АНАЛИЗ А Анализа на цените на електрична енергија - Македонија во однос на Европа Европскиот енергетски портал (www.energy.eu) ги објави податоците за цените на електрична енергија за домаќинства од 27 земји од Европа. Како референтен месец е земен месецот ноември 2011 година. Во цената се пресметани сите давачки, како што се кај нас ангажираната моќност, комуналната такса за јавно осветлување и ДДВ. Цените се дадени во € за kWh. Од објавените податоци може да се забележи дека за разгледуваниот период најскапа електрична енергија плаќа Данска 0,3078 €/kWh, по што следи Германија со 0,2781 €/kWh, Белгија 0,2215 €/kWh. Најевтина цена на електрична енергија плаќа нашиот сосед Бугарија 0,0934 €/kWh, потоа следи

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

ПРАШ АЊ А И ОДГОВОРИ Како да ја нам алам потрош увачката на енергија во дом от? За да се размислува на намалување на потрошувачката на енергија во домот, пред се треба да имаме претстава каде се сé троши енергијата. Во следната табела е прикажано кои се постојаните потрошувачи на енергија во нашиот дом и колкав е нивниот удел во вкупната потрошувачка.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 108

Страница 3

Потрошувачка на енергијата во просечно домаќинство: Греење Топла вода Телевизор/Компјутер/мали апарати Готвење/перење Ладење/замрзнување Перење /сушење Осветлување Состојба на „stand–by“ на електричните апарати

80 % 10 % 2,6 % 2% 1,7 % 1,7 % 1% 1%

Како што можеме да видиме најголемо количество на енергија се троши за греење на домот и за подготовка на топла вода. Следствено на тоа, во овие две области можат да се остварат и најголеми заштеди. За некои зафати е потребно да се вложат значителни финансиски средства (систем со сончеви колектори), додека некои мерки можат да се постигнат со минимални или без финансиски средства. Во овој број на нашиот месечник ќе ви прикажеме неколку едноставни мерки со кои можете да ја намалите потрошувачката на енергија во домот. Едноставни мерки за намалување на потрошувачката: Мерки Намалување на температурата во текот на ноќта Затворени ролетни во текот на ноќта Кратко интензивно проветрување наместо постојано отворени прозорци и врати Грејни тела без покривки и маски Туширање, а не капење во када полна со вода Користење на ефикасни тушеви Соодветна амбиентална температура (20 °C) Редовно чистење и сервис на печките Испуштање на воздух од радијаторите Замена на сите светилки со вжарено влакно со нови енергетски ефикасни светилки Прекривање на садовите со капак додека готвите Редовно чистење на мразот од фрижидерот

Заштеди

до 12 % до 4 % до 15 % до 5 % до 6 % до 5 % до 5 % до 4,5 % до 4 % до 0,8 % до 0,2 % до 0,5 %

Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Одговорот е во GGF – Green for Growth Fund! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178. МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 87 од 10.07.2012

• МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА „Службен весник на РМ“ бр. 87 од 10.07.2012

• ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ТАРИФНИОТ СИСТЕМ ЗА ПРОДАЖБА НА ПРИРОДЕН ГАС НА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ

„Службен весник на РМ“ бр. бр. 90 од 18.07.2012

• ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЗА 2012 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 36 од 16.03.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Конференција на проектот „Телетерм“ за централно греење во општините Битола и Новаци Преку овој проект, општините Битола и Новаци ќе ги користат искуствата на регионот Аминтео од Грција за инсталирање централно греење во овој дел на Пелагонија. На конференцијата во Битола беше соопштено дека „Телетерм“ е проект за рационална употреба и заштеда на енергија и истиот ќе придонесе за редуцирање на штетните гасови во регионот, односно ќе има позитивен ефект во локалната економија. Овој проект е поддржан од ЕУ и е во почетна фаза. Во договорите и изработката на проектите вклучен е АД ЕЛЕМ, како и други субјекти кои ќе овозможат изградба на систем за воведување централно греење во Битола, Новаци и Могила. Перспективно, освен толификација очекуваме системот за пренос на топлинска енергија да се користи и за развој на оранжериското производство и други стопански гранки на кои им е неопходна ваква енергија, посочи градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. На конференцијата Повеќе... присуствуваа и претставници на МАЦЕФ. (СП) 54 станбени објекти заинтересирани за обновување на старите фасади Општина Центар започна со реализација на проектот „Енергетско ефикасни домови“, кој го спроведува заедно со невладината организација „Хабитат Македонија“. За таа цел, беше одржана прес конференција на која Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ и Извршниот директор на Хабитат Македонија Зоран Костов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој е предвидена взаемна реализација на Акциониот план за енергетска ефикасност на Општина Центар за реконструкција на фасадите на колективните станбени згради на својата територија. Врз основа на Јавниот повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради во периодот од 9.05.2012 година, до зададениот рок од 9.07.2012 година, аплицирале вкупно 54 колективни станбени Повеќе... згради. (СП) ЕЛЕМ - Втора фаза од проектот за ревитализација на шест хидроелектрани АД „Електрани на Македонија“ и компанијата БЕТОН АД од Скопје потпишаа договори за ревитализација и за модернизација на доводот „Горна Радика“ и договор за санација на доводот „Шарски води“. Двата договора се со вкупна вредност од 3,9 милиони евра, а финансиските средства ги

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 108

Страница 4

обезбеди АД ЕЛЕМ. Со реконструкцијата на доводот „Горна Радика“ или таканаречениот Речки канал, ќе се создаде можност за дополнително производство на 18 GWh електрична енергија од мавровските хидроелектрани. Меѓу придобивките што ги носи овој зафат се зафаќање на преливните води и оптимално балансирање на водниот капацитет на зафатите Штировица и Црн Камен. Реконструкцијата на доводот „Шарски води“ ќе значи и елиминирање на загубите на вода по целата должина на доводот и елиминирање на потенцијални критични места од евентуално лизгање на земјиштето во должина од 64 км, колку што изнесува и должината на каналот. Со реализацијата на овој зафат ќе се врши заштеда на вода при ремонтни активности на мавровските хидроелектрани. Предвидено е по завршувањето на градежните работи, доводот непречено да се користи и да биде еден од клучните делови за мавровските хидроелектрани во Повеќе... наредните пет децении. Владата го продолжи рокот за хидроелектраните Чебрен и Галиште Владата повторно го продолжи рокот за избор на компанија која ќе ги гради Чебрен и Галиште на барање на Комисијата која ја спроведува тендерската процедура за проектот за изградба на овие две хидроелектрани. Од Министерството за економија изјавувуваат дека, продолжен е рокот за важност на повикот, како и рокот за важност на понудите за овој комплексен проект, поради потребата од реализирање дополнителни процесни дејства. Во игра за изградба на овој енергетски проект се заинтересирани кинеската компанија „Чајна вотер електрик“ (CWE) и грчката „Паблик Пауер Корпорејшн“ (PPC). Според доставените понуди на тендерот, кинеската компанија понуди 40,5 отсто од акциите за ЕЛЕМ, а грчката 28 отсто. (МК) повеќе...

Новости од светот Јужен Поток неопходен за енергетската сигурност Списанието „Natural Gas Daily“ на Interfax објави статија за значењето на гасификацијата на Македонија за нејзината енергетска сигурност. Статијата ја опфаќа и сегашната ситуација, како и можноста за поврзување на Албанија и Косово преку транзит низ македонската мрежа. Прочитајте ја статијата на следниот линк. (СП) Британија најдобра во енергетска ефикасност Британија е шампион во енергетска ефикасност, додека Соединетите Американски Држави и Канада заостануваат зад Британија според едно неодамнешно истражување на Американскиот Совет за енергетски ефикасна економија. Германија е втора, блиску следена од Италија, Јапонија и Франција. Европската Унија, Кина и Австралија го делат шестото место а зад нив следуваат САД, Бразил, Канада и Русија. Резултатите од истражувањата покажуваат дека во оваа сфера некои држави се поуспешни од други, но поважна е констатацијата дека во сите анализирани економии постојат значителни можности за понатамошно подобрување во доменот на енергетската ефикасност. Британците можат да се пофалат со ефикасноста во нивниот индустриски сектор, додека Кинезите се први кога станува збор за градежниот. Неефикасноста на економијата на САД води кон огромни загуби Повеќе... на енергестки ресурси и пари. (МК) Високо транспарентни сончеви ќелии за прозорци кои произведуваат електрична енергија Истражувачи од Универзитетот од Лос Анџелес развија нов вид на транспарентна сончева ќелија што претставува напредок во примената на прозорците во домовите и станбените објекти со помош на способноста за производство на електрична енергија без намалување на видливоста. Се работи за нов вид на

полимерна соларна ќелија, која произведува електрична енергија преку апсорбирање воглавно на инфрацрвената светлина, а не на видливата светлина, со што ја прави ќелијата речиси 70% транспарентна за човечкото око. (БК) Повеќе... Зголемување на согорувањето на отпаден гас Новите податоци на Глобалното Партнерство за намалување на согорувањето на отпаден гас (GGFR), кое е поддржано од Светската банка, покажуваат зголемување на согорувањето на отпаден гас од нафтените рафинерии и останатите енергески постројки во износ од две милијарди кубни метри во 2011 година, во однос на претходната година. Ова претставува предупредување дека напорите за намалување на количините на согорување на овој гас имаат потреба да се одржат, па дури и зголемат. Благото зголемување на согорувањето од 138 милијарди кубни метри во 2010 на 140 милијарди кубни во 2011 година, откриено во најновите сателитски податоци, се должи во голема мера на зголеменото производство на јаглеводороди во Русија и операциите со обработка на нафта и гас во американската сојузна држава Северна Дакота. Иако оваа бројка не е голема во однос на долгорочното намалување од 20% на согорување на овој гас од 2005 година од 172 на 140 милијарди кубни метри, сепак новото зголемување е предупредувачки знак. Намалувањето на согорувањето на овој гас од 2005 година до 2010 година ги намали емисиите на стакленички гасови во обем еднаков на оние кои се емитираат од околу 16 милиони автомобили. Повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот –

МАЦЕФ Facebook

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Венеција 2012 – Четврт меѓународен симпозиум за енергија добиена од биомаса и отпад 12-ти до 15-ти ноември 2012, Венеција, Италија Целта на симпозиумот Венеција 2012 е да се фокусира на напредокот кој е постигнат во примена на технологии за обновување на енергијата од биомаса и отпад и да се поттикне дискусија во овие области. повеќе... Конференција и саем, Сончева Турција 2012 16 до 17ти октомври 2012, Истанбул, Турција Премиерниот турски настан за соларна енергија Соларна Турција, стана официјално место за средба на турски и меѓународни водачи во сончевата индустрија, кои ја препознаваат можноста и потенцијалот за раст на индустријата за сончева енергија во Турција. Овогодинешниот настан се фокусира на забрзувањето на развојот на сончевата енергија во Турција со помош на нови практики за лиценцирање и проширување на проекти во комерцијалниот и индустрискиот сектор. повеќе...

(БК)

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, , Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

112 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you