Page 1

Број 111

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јуни 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Јуни беше навистина „жежок“ месец за сите членови на МАЦЕФ, особено за вработените. Интензивната меѓународна соработка, работните задачи во Македонија, се надоврзуваа една зад друга. Но професионалната посветеност кон извршувањето на обврските не дозволи да има застој во ниеден сегмент од нашата работа. Реализацијата на сите предвидени програми се одвиваше со однапред предвидената динамика: реализацијата на обврските кон Министерството за економија и ГЕФ/СБ проектот, работните задачи поврзани со студијата за топлифицирање на Битола, обуката на општините за подготовка на своите програми и планови за енергетска ефикасност. Не помалку посветивме време и на стручните активности, изработка на проекти и надзор при градба. Со завршувањето на учебната година се сумираат и активностите во секторот на работа со учениците – промоција на мерки за енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија. Вашето внимание ќе го насочиме кон следниве содржини: Делегација на МАЦЕФ во Брисел – Европска недела на

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА

Македонската делегација на проектот „ЕУбилд енергетска ефикасност“, чиј координатор во Македонија е МАЦЕФ, присуствуваше на неколку настани организирани во состав на

Одржлива енергија.

Меѓународна конференција за Балкански политики за зелен економски развој во Софија. Меѓуопштинска соработка – УНДП/МАЦЕФ за изработка на програми и планови за енергетска ефикасност. Претставен и усвоен Програм и Акционен план за енергетска ефикасност на општина Ѓорче Петров. Со посебно задоволство ја одбележуваме прославата на 20 години активно работење на ЗЕМАК. Бројните меѓународни конференции организирани од ова здружение, бројните стручни средби, а особено редовното издавање на квалитетнто списание Енергетика, го определуваат ЗЕМАК како активен чинител во формирањето на енергетската мисла и политика во Македонија. Поголем број колеги добија естетски убаво оформени благодарници за повеќегодишната работа. Се радувам што и јас бев меѓу тие кои го добија ова признание, како еден од претходните претседатели на здружението. За нас и јули ќе биде „жежок“ месец, и тоа не единствено заради високите температури, туку заради бројните обврски кои треба да ги реализираме во предвидените рокови. Очекуваме да почне интензивно модернизирање на поголем број објекти (училишта и градинки) преку финансиската помош која се доделува од страна на ГЕФ/СБ фондот. Од законодавната област треба да очекуваме дискусија по измените на Законот за енергетика, како и Правилникот за цената на топлинската енергија. ЖЕШКО! Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

европската недела на одржлива енергија во Брисел. На настаните кои се одржуваа од 18-ти до 22-ри јуни, претставници од земјите учеснички во проектот – Турција, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Белгија, имаа свои презентации. На првиот работен ден презентација имаа националните истражувачи, при што беа претставени мноштво од информации за земјите учеснички во проектот, поврзани со градежниот сектор и енергетската ефикасност. Професорката Македонка Димитрова ги претстави резултатите од исцрпното истражување кое се одвиваше цела година, а кое ќе биде сублимирано во национален извештај и претставено во Македонија во текот на есента. Вториот работен ден претставниците од различни

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 111

Страница 2

сектори (академски, финансиски, невладини, донаторски, јавен) имаа презентации за најдобрите пракси во нивните земји. Презентации од македонската делегација имаа професорката Илијана Петровска од универзитетот Американ колеџ, г. Трајче Андреевски, раководител на проектот за одржлива енергија на Светска банка и г. Илија Саздовски, раководител на проектот на УНДП за енергетска ефикасност во градежниот сектор. Сите презентации наидоа на навистина голем интерес од присутните гости, а како круна на настанот беше свеченото потпишување на манифестот (превземи тука) во европскиот парламент, од страна на локалните координатори од сите земји учеснички. Повеќе информации за настанот можете да најдете на официјалната интернет страна на проектот www.eubuild.com, како и на Фејсбук страната. (ИП) Balkan Polices for Green Economic Growth На 11 јуни, во Софија, се одржа меѓународната конференција со горниот наслов, во согласност со предметот и заложбите за Рио+20 Конференцијата на Обединетите Нации за Одржлив Развој.

На оваа конференција, покрај презентациите на Министерот за економија и енергетика на Бугарија Г-дин Делан Добрев, заменик министерот на Косово, и други високи претставници од регионот, повикан реферат претставиja Проф. Др. К. Димитров и Асс. Мр. Огнен Димитров, со наслов Energy Efficiency as P illar for Green Econom y Grow th .

Посебно доживување претставуваше Церемонијата на свечено отварање која се одржа во хотелски комплекс изграден на темелите на историски ископини. Со чашка „акумулирана сончева енергија“ старите познаници, директорот на Светска Банка за овој регион Г-дин Маркус Репник и К. Димитров посакаа успешна работа на оваа значајна конференција. Учесниците на Конференцијата приготвија и декларација (превземи тука). Презентациите можат да се видат на официјалната интернет страница страна. Училишен проект – ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ на енергетските клубови во Липково и Студеничани и национален квиз за енергетика На почетокот од месец јуни се реализираа ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ во општините Студеничани и Липково, како дел од предвидените активности на училишниот проект со цел промоција на енергетските клубови и информирање на јавноста за нивните активности. На отворените денови учествуваа енергетските клубови од училиштата во општините Липково и Студеничани. Заедно со тимот едукатори, учениците твореа и ги изведуваа најинтересните експерименти од прирачникот за работа на клубовите, а тоа привлече и побуди интерес кај многу млади жители од општините. За релизација на отворените денови добивме голема поддршка од градоначалниците,

енергетските менаџери, директорите на училиштата и наставниците ангажирани за клубовите во овие општини. Им благодариме на општините Липково и Студеничани за поддршката во реализација на активностите! На 7-ми јуни во хотел Континентал се одржа Националниот квиз за енергетика што традиционално се одржува на крајот од секоја сезона на Училишниот проект. Учество земаа 84 ученици од 14 училишта во 5 општини од сите региони на Македонија. Се натпреваруваа по 6 ученика од 14-те енергетски клубови со стекнатото знаење за енергетската ефикасност. Победници се учениците од ОУ„Ашим Агуши“ од с.Радолишта – Струга, второ место ОУ„Јосип Броз Тито“ од Струга и трето место им припадна на учениците од ОУ „Алија Авдовиќ“ од скопското село Батинци. МАЦЕФ беше одговорен за работа со енергетскиот клуб од селото Батинци и особено ни е драго што едно од победничките места го понесоа основците токму од тоа училиште, ЧЕСТИТКИ ДО НИВ! За време на квизот беа изложени сите творби од клубовите, а во тек е изборот за најдобар постер на тема енергетска ефикасност. МАЦЕФ беше одговорен за логистиката на квизот и го модерираше настанот. Квизот претставуваше забава за учениците и настан на кој учесниците можеа да ги измерат знаењата, а официјално го означи и крајот на овогодинешната сезона на училишниот проект. Задоволството е големо знаејќи дека кај уште една генерација ученици ја поттикнавме свеста за значењето на енергијата и енергетската ефикасност. (ЗТ) Програм и Акционен план за енергетска ефикасност на општина Ѓорче Петров Во согласност со законските обврски, работен тим составен од претставници на секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при општина Ѓорче Петров, предводени од г. Димитар Руме-нов и г-ѓа Васка Трпкоска, во соработка со МАЦЕФ, ги изработија следниве документи:

3 годишен програм за енергетска ефикасност Годишен акционен план за енергетска ефикасност.

Дополнително, МАЦЕФ изработи енергетски контроли на 13 објекти, сопственост на општината. На 21 јуни програмата и планот беа јавно претставени пред комисија од невладиниот и граѓанскиот сектор. На 29 јуни овие документи беа претставени и пред советниците на општина Ѓорче Петров. Беа поставени прашања кои се однесуваа на динамиката на реализацијата на предвидените мерки.Овие документи се усвоени од страна на советниците на општината. (БК) Елаборат за усогласеност сомерки за ЕЕ Општина Карпош донесе одлука секоја нова градба, за да добие градежна дозвола, треба да приложи елаборат за усогласеност на проектот со мерки за минимална енергетска ефикасност. Како мерило служи Правилник приготвен од администрацијата на општината. Иако сметаме дека овој правилник не е целосен, тој претставува корисен чекор кон изработка на проектна документација, која на корисниците ќе им обезбеди помала потрошувачка на енергија за греење. МАЦЕФ изработи два елабората за потребите на фирмите АЛЕАНТ и УРБАН ИНВЕСТ Инженеринг. WidetheSEE – отворен ден „САКАМ СОНЧЕВ КОЛЕКТОР“ Како финална активност од проектот „Проширување на употребата на термални сончеви колектори преку успешни модели“, беше организиран отворен ден за граѓаните.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 111

Страница 3

Отворениот ден се одржа во сабота (09.06.2012), на плоштадот Македонија од 10:00 до 18:00 часот. Во рамките на самиот настан, имаше повеќе активности како што се: изложување на сончеви колекторски системи, бесплатни инженерски совети за поставување на сончеви колекторски системи, ликовно катче каде најмладите цртаа мотиви на сончеви колектори и екологија, делење на промотивни материјали - боенки, маици, капчиња и сл. Настанот немаше да биде комплетен без

Изработка на студија за топлифицирање на општина Битола, општина Новаци и општина Могила Во месец јуни започна првата фаза од изработката на техноекономската студија за топлифицирање со топлинска енергија од РЕК Битола. Компанијата ЕКОНЕРГ од Хрватска, во соработка со МАЦЕФ е задолжена за изработка на истата. Целта на студијата е да се види дали е економски исплатливо да се изврши топлифицирање на овие општини и кое техничко решение е најдобро да се примени. Во првата фаза ќе се изработи мапа на градот Битола, потоа ќе се определи потребниот топлински капацитет.(ФС) Обука на општините за програми за енергетска ефикасност и RETScreen На 04 јуни 2012 година, УНДП организираше обука наменета за општинитена тема - Програми за енергетска ефикасност и RETScreen алатката.

поддршката од македонските компании: Леов компани, Етерна Солар и Еуротерм. Целта на овој настан беше информирање на граѓаните за придобивките од употребата на обновливите извори на енергија и нивна практична примена. Голема благодарност до сите посетители што присуствуваа на настанот. (ФС) МАЦЕФ учествува во програмата „Форуми во заедницата“ МАЦЕФ активно учествува во форумските сесии кои се дел од програмата „Форуми во заедницата“. Програмата ја финансира Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведува Фондација Отворено општество со поддршка од ЗЕЛС и општина Карпош. Целта на програмата е да се поддржи партиципативниот развој на локалните заедници преку вклучување на жителите во процесите на одлучување. МАЦЕФ активно учествува во досегашната реализација на предвидените активности од форумот. На форумот избрана е темата Енергетска ефикасност во основни училишта и градинки, според која треба на следните форумски средби да се предложат проектни идеи за енергетско ефикасни училишта и градинки. Бидејќи енергетската ефикасност е доменот на дејствување на МАЦЕФ, а во име на долгогодишната соработка со општина Карпош, особено задоволство е што МАЦЕФ е поканет да учествува и може да сподели искуства и да ги информира граѓаните повеќе околу значењето на енергетската ефикасност преку една ваква форма на граѓанско учество. МАЦЕФ ја поздравува оваа иницијатива, иако мала, но е вистински чекор кон непосредна форма на демократија. (ЗТ) Енергетска контрола во објекти во општина Велес МАЦЕФ започна со извршување на своите обврски кои произлегуваат од договорот за изработка на три енергетски контроли со насоки за подобрување на ЕЕ за вкупно три објекти во општина Велес. Со изработката на трите енергетски контроли ќе бидат опфатени општинската зграда и два објекти од детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“, и тоа: објект Клон 4 – населба Тунел и објект Клон 5 – до ОУ „Кирил и Методиј“. Кон средината на месец јуни тимот на МАЦЕФ ги посети двете детски градинки, беа направени соодветни мерења и беше утврдена општата состојба на објектите и системите со кои располагаат објектите. Посетата на објектите се одвива во непосредна кооординација со лицата од општината задолжени за енергетска ефикасност. (ДТ)

Проф. д-р Константин Димитров ги претстави редоследот и елементите кои ги сочинуваат програмите за енергетска ефикасност, додека г-дин Саше Паневски говореше за RETScreen софтверската алатка, посебно за моделот за енергетска ефикасност. На обуката присуствуваа претсавници на пет општини. Целта на оваа обука беше општините да го добијат неопходното знаење и подршка во исполнувањето на нивните законски обврски.

Дополнителна обука, поддржанаод градоначалникот на општината Валандово, беше одржана и за нивните потреби на во просториите на МАЦЕф, на 19 и 20 јуни. Обуката беше проширена со предавања за собирање на потребни податоци од аспект на енергетска ефикасност и ExCITE алатката. Предавањата ги oдржaа Жарко Илиевски и Саше Паневски. ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата електронска адреса! Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 90 енергетски контроли за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 111

Страница 4 Штедење топлинска енергија во градинка„Буба Мара“ Градинката „Буба Мара“ во општина Аеродром, во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во изминатиот период го реализираше еко-стандардот 1 - заштеда на енергија, во чии рамки беа заменети старите дотраени со нови ПВЦ прозорци. Во проектот под име „Кој штеди – тој има!“, во градинката „Буба Мара“ се постави мерач за штедење на топлинската енергија. Повеќе... (СП)

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

М АЦЕФ АНАЛИЗ А Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Одговорот е во GGF – Green for Growth Fund! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна!

Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК , а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178. (ЗТ)

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

МЕПСО – Пазар за тргување со електрична енергија на дневна основа МЕПСО ќе формира пазар за тргување со електрична енергија на дневна основа, со што за прв пат во Македонија се создава организирано место за тргување со електрична енергија на дневна основа. Основањето и организацијата на пазарот за учесниците е утврдено од страна на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), воедно РКЕ ги усвои и донесе „Правилата за пазар на електрична енергија“. Најважните новости кои се воведуваат се: - Воведување дневен пазар на електрична енергија со примена на листа на приоритети; - Воведување балансни групи; и - Пенализација на часовно ниво наместо досегашната пракса на неделно ниво.(ДТ) Повеќе... Канцеларија за координирана аукција на Југоисточна Европа На 13 јуни МЕПСО и енергетските систем-оператори од девет држави од Југоисточна Европа потпишаа договор со кој основаа нова заедничка компанија за поефикасен и полесен начин на пренос на електрична енергија во регионот на ЈИЕ. Новата компанија, чие име е „Канцеларија за координирана аукција на Југоисточна Европа“ (СЕЕ ЦАО), треба да го оптимизира закупот на преносните капацитети и да ги намали досегашните трошоци за прекуграничен пренос на електрична енергија со што ќе ја олесни трговијата со електрична енергија во ЈИЕ.(ДТ) Повеќе...

Новости од светот Во Германија произведени рекордни 22 гигават часови електрична енергија од Сонцето Германија ја надмина границата од 20 гагават часови на производство на електрична енергија од сонцето. Сончевите електрани за еден час во текот на еден ден во месец Мај произведоа рекордни 22 гигават часови електрична енергија. Меѓународниот економски форум за обновлива енергија соопшти дека тоа е еднакво на силата на 20 нуклеарни централи. Всушност искористувањето на сончевата енергија е предизвик и цел за Германија, бидејќи уште минатата година по хаваријата во јапонската нуклеарна централа Фукушима, Германските власти одлучија постепено да ја напуштаат нуклеарната енергија и да ја заменат со обновлива енергија од ветерот, сонцето и електраните на биомасата. Дека Германија навистина се ориентира кон обновливи извори има инсталирано соларни елеткрани со капацитет кој одговара на силата на фотоволтаичките паркови во остатокот од светот и покрива околу 4% од годишната потрошувачка на електрична енергија. Германија планира да стане светски лидер во користењето на обновливите извори, а во моментот со нив покрива 20% од повеќе... потрошувачката.(ЗТ)

Корисни web-адреси Хит на месецот –

МАЦЕФ Facebook

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ МАЦЕФ страна на Facebook www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации 10-та Глобална конференција со тема одржливо производство 31 октомври до 2 ноември 2012, Истанбул, Турција 10та по ред конференција на која се дискутира за добри примери на имплементирани идеи, модели, системи и методологии кои што се веќе развиени за разни аспекти на одржливоста фокусирани особено на повеќе... производството.(БК) Самит - Идните Градови 16ти октомври 201, Истанбул, Турција По втор пат ќе има можност на едно место да се соберат оние кои ги водат, проектираат и управуваат со најуспешните градови, истакнувајќи нови иновативни приоди кон урбаното планирање, транспортот, енергијата, архитектурата и самоодржливоста.(БК) повеќе... Меѓународна конференција: „Одржливо искористување на природните енергетски извори на национално и регионално ниво“ 16 – 18ти октомври 2012, Бањска Бистрица, Република Словенија 10-та јубилејна меѓународна ENEF конференција. На конференцијата ќе биде нагласена потребата од изнаоѓање на опции за подобро и поефикасно искористување на енергијата со цел постигнување на повеќе... одржлив развој на општеството.(ДТ)

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, , Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

111 infomacef  
Advertisement