Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 110

Maj 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец мај навистина ни донесе големо задоволство. Пред се заради добивањето на престижната меѓународна награда. Проектот е инициран и финасиран од ЕВН Македонија, но интелектуалниот дел од задачата во голема мерка е реализиран преку тимот на МАЦЕФ, а посебно со реализацијата која ја спроведуваме двојазично. Проектот на УНДП за оспособување на општините самостојно да си ги приготвуваат своите стратешки документи е за почит. Дополнително преку работа да се развива меѓуопштинската соработка. Нашето задоволство е многу големо заради учеството во овој проект и комуникацијата со тимовите од 7 општини. Проектот е амбициозен, но и очекуваните резултати не се за потценување. Ние продолжуваме со реализацијата на нашите превземени обврски, пред се проектот раководен од ГЕФ канцеларијата на Светска Банка. Тригодишниот Програм за енергетска ефикасност на општината Гази Баба е претставен пред директорите на училиштата и градинките, НВО, граѓаните како и пред советниците на општината. Ги препорачуваме дел од информациите од нашите активности: Национално признание „Energy Globe Award“ Обука на општините за ExCITE софтверската алатка Програм и Акционен план за енергетска ефикасност на општина Гази Баба Реализација на мерките за енергетска ефикасност во рамките на проектот финасиран од ГЕФ/СБ Економско инженерство или инженерска економија Ја согледуваме реалноста со лимитираниот пазар во Македонија и од таа причина се обидуваме да се поврземе со компании со слична дејност од регионот. Сметаме дека единствен начин да се влезе во економски натпревар рамноправно со компаниите од ЕУ, е тој – здружување, концентрација на интелектуален и финансиски капитал и жесток натпревар со конкуренцијата. Ние сме на самиот почеток од реализацијата на оваа идеја, но првите чекори се направени. Како резултат на почетокот на реализацијата на оваа идеја е заедничката работа на студијата за топлифицирање на Битола со топлинска енергија добиена од РЕК Битола. Посебно ја одбележуваме активноста на проектот ЕУБилд со одржувањето на форумот за дефинирање на потребата од специфичен кадар економски инженери. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Училишен сервис – национално признание “Energy Globe Award”

На 10ти Мај во просториите на Американ колеџ – Скопје, се одржа свечена церемонија за доделување на националното признание Energy Globe за проектот „Училишен сервис“ – ЕВН Македонија. Настанот беше поддржан од Австриското одделение при Австриската амбасада во Македонија. Наградата ја прими проф.асс. Македонка Димитрова во име на МАЦЕФ и конзорциумот на проектот. Нескромно може да се пофалиме дека проектот заслужено го доби ова национално признание, бидејќи веќе петта година успешно се спроведува на цела териотрија на Македонија. Пред се, тоа се должи на тимот невладини огранизации: КОНЕКТ, МАЦЕФ, Жетва на знаење-Прилеп, Младински совет – Охрид , Планетум – Струмица и ЕВН Македонија кои посветено работат од 2007 год., а за успехот покажуваат и статистиките на проектот, едуцирани повеќе од 30.000 ученици, во 84 општини и повеќе од 250 училишта. Оваа награда е поттик за тимот кој учествува во дизајнот на проектот и долгогодишната напорна работа, но и предизвик да ја оправдаме наградата во училишните години кои следуваат. Проектот од Македонија заедно со други Energy Globe одржливи иницијативи од 150 земји на 5ти Јуни беше презентиран online пред светската јавност на веб страницата www.energyglobe.info. Денешницата ја наметнува одржливоста на проектот, а тоа претставува голем предизвик за проектниот тим да ги едуцира младите за значењето на енергијата преку креативни решенија и соодветен пристап. Особен предизвик е осовременување на постоечките образовни програми со нови содржини како што е овогодишниот концепт за Зелени

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 110

Страница 2

енергетски клубови кој се покажа како мошне интересен и успешен. Имено, Зелените енергетски клубови завршија со реализација на активностите за оваа училишна година. Успешно се реализирани сите активности во 14 училишта од 5 општини низ Македонија, Липково, Студеничани, Прилеп, Струга и Струмица. За крај на училишната година закажан е и Националниот квиз за енергија, каде учениците од 14-те училишта ќе ги одмерат силите на знаење за енергија и официјално ќе се заокружи крајот на оваа сезона на училишниот проект на ЕВН Македонија. Меѓународна соработка – пат кон иднината? На 18 мај во Загреб се одржа средба на МАЦЕФ (К. Димитров) со претставниците на 3 сродни компании од Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Основна цел на средбата беше да се согледаат заедничките интереси од здружувањето. Бидејќи интересот е видлив, се разговараше за можните форми на здружување, финансискиот план, кадровскиот потенцијал, очекувања, динамика ... Желба е секоја од овие организации да се поврзе хоризонтално со сродните организации во својата земја (формирање на кластери), за да можеме квалитетно заеднички да настапуваме пред трети клиенти надвор од регионот, а во регионот да оствариме определена предност заради здружувањето. Економско инженерство или инженерска економија Во рамките на проектот EU build – Energy Efficiency , во просториите на Машински факултет Скопје МАЦЕФ организираше тркалезна маса со предизвикувачка содржина: 1. Дали во Република Македонија постојат студиски програми кои произведуваат експерти за енергетска ефикасност и енергетски менаџмент? 2. Дали од економистот треба да се очекува да биде и инженер, и спротивно? 3. Колку е квалитетна економската анализа и бизнис планот, без продлабочени технички познавања? 4. Дали енергетскиот менаџер е занимање, професија или уште една дополнителна обврска? 5. Енергетски контролор – нова професија или насочена специјалност за инженерите? 6. Што не треба да се испушти при обуката за енергетски контролор и менаџер? Расправата се реализира во присуство на знатен број поканети експерти од академскиот сектор – Машински факултет, Факултет за електротехника и информатички технологии, Економски факултет, Технолошко-металуршки факултет и др. Обука на општините за ExCITE софтверската алатка На 03.05.2012 во просториите на Машинскиот факултет Скопје се одржа обука за ExCITE софтверот. Настанот го организираше UNDP, како дел од нивниот проект за изработка на општински програми за енергетска ефикасност. Предавач беше г-нот Илија Саздовски. Г-нот Саздовски имаше своја презентација за значењето на ExCITE софтверот и како истиот може да им помогне на општините во исполнувањето на нивните обврски. Потоа следуваше практичниот дел од обуката, во кој беше внесен еден објект во софтверот. МАЦЕФ зема активно учество на настанот преку свои претставници. На почетокот, свое обраќање имаше и проф. д-р Константин Димитров. Обуката беше наменета за општините и на неа присуствуваа шест општини.

Проверка и дообука на ЕЕ тимовите од Валандово, Богданци и Гевгелија Како дел од проектот на УНДП Македонија, за усовршување на активностите на ЕЕ тимовите во различни општини на 17-ти и 18-ти мај, претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ остварија средби со соодветните тимови од општините Богданци, Гевгелија и Валдандово. Главна цел на средбите, според агендата на УНДП, беше проверка на начинот на собирање на податоците кои се енергетски важни за јавните објекти и нивно бележење во ExCite софтверот соодветно креиран за таа намена. Во состав на проверката, беше извршена и дообука на некои од членовите на овие тимови кои не учествуваа на обуките организирани од УНДП неколку месеци претходно. Во периодот на посетите беа извршени и три енергетски контроли на објекти кои припаѓаат на гореспоменатите општини со што се изврши и теренско доусовршување на локалните енергетски администратори. Од посетата е заклучено дека ЕЕ тимовите на овие општини соодветно ја извршуваат својата задача, иако рокот за завршување на нивната задача е доста кус. На крајот на посетата искажана е подготвеноста на МАЦЕФ за асистирање и советување на ЕЕ тимовите за сите можни пречки во текот на нивната работа со енергетските контроли и пополнувањата на базите на податоци за јавните објекти од соодветните општини. Програм и Акционен план за енергетска ефикасност на општина Гази Баба Во согласност со законските обврски, работен тим составен од претставници на одделот за Локален економски развој при општина Гази Баба, предводени од г-дин Сашо Трајков, во соработка со МАЦЕФ, ги изработија следниве документи 3 годишен програм за енергeтска ефикасност Годишен Акционен план за енергетска ефикасност.

Дополнително МАЦЕФ изработи енергетски контроли на 26 објекти, сопственост на општината. На 30 мај програмата и планот беа јавно претставени пред директорите на установите, невладиниот и граѓанскиот сектор. На 31 мај овие документи беа претставени и пред советниците на општина Гази Баба. Беа поставени знатен број на прашања кои се однесуваа на динамиката на реализацијата на предвидените мерки. Градоначалникот Тони Трајковски ги запозна заинтересираните присутни за започнатите и реализираните активности: модернизирани 3 градинки преку средства добиени од ГЕФ/СБ проектот, изработена техничка документација за изградба на нова градинка, во фаза на изработка на техничка документација за изградба на ново училиште, реконструкција на систем за греење во едно училиште... Овие проекти ќе започнат со реализација оваа година, а се изработени во согласност со сите неопходни мерки за енергетска ефикасност.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 110

Страница 3

Студија за ЈПП за улично осветлување За потребите на општината Гази Баба Analysis and Advisory Group во соработка со МАЦЕФ, изработи Студија за Јавно приватно партнерство за улично осветлување на општината Гази Баба. Резултатите од студијата покажуваат дека инвестицијата во оваа мерка на енергетска ефикасност е исплатлива во многу кус рок. Анализирано е целосно заменување на сегашните живини светилки преку три алтернативни решенија: ЕЕ натриумски светилки, ЕЕ металокерамички и со ЛЕД светилки. Најповолни финансиски резултати покажува варијантата со натриумски светилки. Советниците од Советот на општината треба да донесат решение дали да објават тендер за ЈПП, или да земат кредит и да ја реализираат оваа мерка со сопствени средства. Студија за топлифицирање на Битола Како што веќе најавивме започнавме со изработката на студијата за дефинирање на оправданост (економска, енергетска, еколошка) за централизирано снабдување со топлина на градот Битола од когенеративен процес во РЕК Битола. За таа цел предвидена е реконструкција на два блока со можност за регулирано одземање на пара. Реализацијата на оваа задача започна со првата посета на локацијата на комбиниран тим составен од ЕКОНЕРГ (Хрватска) и МАЦЕФ. При тоа анализирани се појдовните услови и начинот на работа. Ќе се посвети посебно внимание на потребите за користење на топлинска енергија во земјоделието на двете општини Новаци и Могила. За градот Битола од инетерес е развојот на градот и оној дел од индустријата кој има потреба од нискотемпературска топлинска енергија. ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата ел ектронска адреса! Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 90 енергетски контроли за објекти во Македонија.

М АЦЕФ АНАЛИЗ А Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Одговорот е во GGF – Green for Growth Fund! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК , а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178.

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Физибилити студија за потенцијалот за обновливи извори на енергија на општините кои припаѓаат на Вардарскиот плански регион На 8-ми мај беше организирана јавна презентација на студија за

Потенцијалот на обновливи извори на енергија во општините кои спаѓаат во Вардарскиот плански регион.

Изготвувачи на студијата, а воедно и нејзини презентери беа претставниците на Симак инженеринг со учество на експерти од Институтот за обновлива енергија при Националната академија на науки – НАН од Република Украина.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Беа презентирани резултатите на изготвувачите на студијата. Во документот е прикажан потенцијалот за обновливи извори на енергија на 9 општини од регионот кој е структуриран во три категории насловени како потенцијал на сонце, потенцијал на биомаса и потенцијал на ветер. Во презентацијата е рагледуван и потенцијалот на геотермалната енергија иако во печатените материјали не постоеше расположлив податок од истражувањата. Претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, учествуваа во дискусијата. Беа поставени

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 110

Страница 4

доста прашања, како и сериозни забелешки во однос на потполноста на студијата и пристапот кон дефинирање на енергетскиот капацитет на поедините општини (на пр. целосно е испуштен потенцијалот на дрвената маса од шумите, или не е прикажан потенцијал на сончева енергија за општина Кавадарци и сл ???). Воопшто не беше прикажан модел и содржин на ГИС системот кој со проектната задача беше предвидено да биде дел од овој проект. Заклучокот од оваа презентација е дека забелешките дадени од страна на присутните ќе бидат добредојдени при финализирање на студијата. Јавен повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради во општина Центар Врз основа на Акциониот план за енергетска ефикасност на Општина Центар за 2012 година („Службен гласник на Општина Центар” број 4/2012), Општина Центар го објави јавниот повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на општина центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на фасади на нивните станбени згради. Реконструкцијата на фасадите опфаќа: обнова на фасада со вградување топлинска изолација од страна на Општина Центар и замена на старите и дотраени врати и прозорци со нови од страна на заинтересираните заедници на сопственици на станови на Повеќе... колективни станбени згради. Жалбата за „Бошков Мост“ усвоена Европската банка за обнова и развој, која го финансира проектот ХЕ „Бошков Мост“, во втората половина од месец мај го објави извештајот со кој потврдува дека жалбата на еколошката организација Еко-свест за проектот е основана. Во ноември 2011 година, пред директорите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) да одлучат за финансирање на проектот, Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест поднесе жалба дека Банката не ги следела своите еколошки процедури во процесот на одобрување на проектот. По оценката на жалбата како основана ќе следи нова постапка за детална анализа кои процедури ги прекршила Банката во процесот на одлучување по проектот. Постапката за оценка на чекорите на Банката по основ на „Бошков Мост“ би требало да заврши најдоцна до оваа есен, кога ќе бидат предложени мерки или други решенија за отстранување на негативните ефекти на проектот врз животната средина. Повеќе... Гасификација на општина Крива Паланка Според проектот, примарната мрежа во Kрива Паланка, наменета за индустријата и домаќинствата, ќе биде долга 6 километри. Ќе почнува од селото Kонопница и ќе води до гимназијата „Ѓорче Петров“ и ученичкиот дом „Боро Менков“. Трасата во Kратово, пак, е долга 9 километри, од кои 4 километри ќе минуваат од фабриката „Иднина“ до градот. Изградбата на гасоводот во Kрива Паланка ќе чини околу 400.000 евра, вклучувајќи ја и мерно-регулациската станица, а во Kратово Повеќе... околу 250.000 евра.

Новости од светот Стандардот за енергетска ефикасност на Охајо создава работни места и им заштеди 100 милиони долари на потрошувачите и бизнисите

Новиот извештај на Советот за заштита на природните ресурси (NRDC) открива дека потрошувачите и бизнисите заштедиле околу 100 милиони долари поради државниот стандард за енергетска ефикасност. Таа политика исто така создала околу 4000 работни места. Таа бројка се предвидува да достигне 32300 до 2025 година преку целосно спроведување на овој стандард. „Овој извештај јасно покажува дека сегашната иницијатива на Охајо е издржана економска политика“ кажа Дилан Саливан, научник во NRDC и коавтор на извештајот. „Освен почистиот воздух, овој стандард го стимулира создавањето на нови работни места и заштедува милиони на потрошувачите и бизнисите. Оваа политика е разумна и законодавните тела треба Повеќе... да ја поддржат и засилат.“ Ѓ

Потенцијалот за користење на алгите како гориво е поголем од очекуваното Алгите би можеле да станат важен извор на одржливо биогориво за употреба кај автомобилите и авионите. Но можеби би требало да го промениме начинот на кој растат алгите од затворен систем во систем на отворени езерца кои треба да бидат финансиски исплатливи и со ниска емисија на јаглерод. Сето ова е поради досегашното производство на алги во затворени системи кои обично се користат како козметички состојки – кои користат повеќе енергија за да го одржат екосистемот изолиран од опкружувачката околина. повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации “Green” Policies and Measures Towards Economic Growth 11 јуни 2012, Софија, Радисон Блу Гранд Хотел Во има на Министерство за економија, Енергија и Туризам на Бугарија, Школата за политика “Димитар Паница“ организира меѓународна конференција со горенаведената тематика 7ма конференција на тема одржлив развој на енергијата, водата и животната средина 1 до 6 јули 2012, Охрид 7-мата конференција по ред која ќе се одржи во Охрид е посветена на подобрување и проширување на познавањата на методи, политики и технологии за зголемувањето на повеќе... одржливиот развој. (БК) 6-ти меѓународен енергетски симпозиум и саем 28 до 30 јуни 2012 Измир, Турција 6-тиот по ред симпозиум, организиран од универзитетот Еге каде домаќин е Институтот за сончева енергија и Одделот за механички инженеринг ќе се одржи во јуни од 28 до 30 2012-та год. во Еге универзитетот во Измир, Турција. (БК) повеќе... Глобална конференција на тема глобалното затоплување 8 до 12 јули 2012, Истанбул,Турција Овој настан претставува мултидисциплинарна меѓународна конференција на тема глобалното затоплување и климатските промени како и можностите за потенцијални решенија. (БК) повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, , Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

110 infomacef  
Advertisement