Page 1

Број 109

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Април 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во минатиот број коментиравме дека „не е јасно“ на кој начин ќе се оправда најавената обврска да се плаќа 50% ако се откаже еден станар од задоволството да ги користи услугите на Топлификација. Наведовме и аргументи за тоа. Последните информации се: станарите ќе платат „оштета“ на Топлификација за некористење на услугите, но „во рамките од 15 до 50 проценти“. Очекуваме да видиме официјален документ за оваа измена од Регулаторната комисија и тогаш ќе можеме да приложиме и наши сознанија, пресметки, а и предлози. Ако бидеме поканети од учесниците на јавните расправи (Регулаторна комисија за енергетика, Сојузот на потрошувачите на РМ или Стопанските комори), подготвени сме активно да учествуваме и да придонесеме за правилен пристап кон овој горлив проблем. Во изминатиот месец свечено се предадоа во употреба градинки кои беа реконструирани/модернизирани во насока на енергетската ефикасност. Финансиската помош беше обезбедена преку ГЕФ/СБ фондот за енергетска ефикасност и преку УНДП. Овие убави примери за инвестирање во мерки за енергетска ефикасност, ќе послужат како мотивација и за другите општини, преку користење на свои средства од буџетот, кредит или делумна донација, да ги приготват објектите за исполнување на потребните стандарди за користење. Меѓуопшинска соработка – УНДП/МАЦЕФ за изработка на Програми за енергетска ефикасност Во МАЦЕФ се примени 2 практиканта во согласност со програмата на Владата на РМ Посета на Берлин – проект ЕУБилд МАЦЕФ продолжува со работа на енергетските контроли и изработката на проектна документација за реализација на мерките за енергетска ефикасност за објекти (училишта и градинки) во општините Чаир, Конче, Желино и Пехчево во рамките на проектот финасиран од ГЕФ/СБ Информација за заштедите реализирани со мерки за енергетска ефикасност во ОУ „Партенија Зографски“ Со задоволство ја објавуваме информацијата приготвена од колегата С. Митовски (задолжен за реализација на мерки за ЕЕ во општина Кисела Вода). Овие резултати треба да ги мотивираат и останатите – и за спроведување на мерки но и за нивно објавување пред стручната јавност. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Предадена студијата за користење на сончева енергија за потребите на СЗО Во оваа студија финансирана од страна на Светската Здравствена Организација, канцеларија Скопје, прикажани се енергетските придобивки со поставувањето на сончевите колектори во болниците во Штип и Гостивар. Анализата се засновува на мерени резултати и контрола на динамиката на користење на топлата вода, во зависност од намената – детско одделение, инфективно, општа зграда, перална. Прикажани се резултати од мерења за време на три зимски месеци. Направена е проценка за придобивките на ниво на цела година. Во меѓувреме мерењата продолжуваат и се споредуваат со создадениот алгоритам за проценка на количината на енергија која се добива од сончевите колектори. Се надеваме дека резултатите ќе ги поттикнат и другите болници (во најмала мера) да пристапат кон инвестиции за оваа намена. Обука на 5 општини за изработка на Општински Програми за енергетска ефикасност Во рамките на еден од своите програми за остварување на меѓуопштинска соработка, УНДП започна активност која треба да ги обедини капацитетите од неколку општини за да можат да реализираат активности, кои сами не можат да ги спроведат.

г. Боран Ивановски (УНДП) и учесниците

При реализацијата на активноста која се однесува на законската обврска општините да изработат 3 годишни програми за енергетска ефикасност, МАЦЕФ (преку јавен повик) е избран да помогне на општините. Наша задача е да приготвиме специјализирани листи за собирање на потребните податоци, нивна контрола, подготовка на содржина и насоки за изработка на Програмот, обука за користење на софтвер за дефинирање

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 109

Страница 2

на мерките за енергетска ефикасност. Дел од задачите се реализирани. За секоја од петте општини (Куманово, Старо Нагоричане, Гевгелија, Богданци и Валандово) определен е еден вработен од МАЦЕФ кој непосредно ќе помага при реализацијата на овие обврски. Студиска посета на Берлин – Каде е Македонија на поле на ЕЕ во градежни објекти Во април, организирано од главниот проектен партнер ИМСАД од Турција, тимот на проектот ЕУбилд оствари студиста посета во Берлин, Германија за подобро запознавање со тамошните напредни пракси за зголемување на ЕЕ во градежниот сектор.

СТРУЧНА АКТИВНОСТ Надзор во Цементара Усје Во рамките на своите дејности, МАЦЕФ ја доби задачата да оствари стручен надзор (дел машинство и електрика) на реализацијата на модернизацијата на парна котлара и систем за развод на природен гас и топла вода за греење на објектите во ТИТАН – Цементарница Усје. Се предвидува вградување на современ високоефикасен котел, како и целосна опрема за котларницата. Реализацијата на оваа задача е доверена на реномираната македонска компанија КРАТЕР. Студија за топлифицирање на Битола На јавниот конкурс објавен од ЕЛЕМ, ЕКОНЕРГ (Хрватска) во соработка со МАЦЕФ ја доби задачата да приготви студија за утврдување на можноста за топифицирање на градот Битола со користење на топлина од РЕК Битола. Оваа задача подразбира трансформација на блоковите од чисто кондензациски во постројки со регулирано одземање на пара. Студијата треба да покаже дали овој проект е економски оправдан, како и кои се придобивките од аспект на смалување на загадувањето на градот преку локалните котларници и индивидуалните ложишта.

Во рамки на престојот, беа реализирани средби со Министерството за транспорт градежништво и урбан развој на Германија, DENEFF – Германска корпоративна иницијатива за енергетска ефикасност, KfW групацијата - федерална развојна банка, BDI – Федерација на германските индустрии и ББС – Асоцијација на производители на градежни материјали. Проектните координатори и националните истражувачи од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција и Македонија (г. Игор Петрушевски и г-ѓа Македонка Димитрова), имаа увид во праксите и напорите кои германците ги вложуваат во унапредување на секторот и начинот на кој ги поврзуваат чинителите. Би ја издвоиле посетата на Комората ББС, која располага со систематизирани податоци за изградба на станови повеќе од 60тина години, а со тоа обезбедува одговорно планирање за наредните години. Нивната повеќесекторска анализа упатува на силни влијанија на проместување на индустриските центри и мигрирање на населението во Германија, а со тоа и промени во навиките и потребата од изградба на нови станови и ЕЕ реконструкција на старите. На сликата e прикажан начин на реконструкција на стар историски објект, каде по реконструкција на фасадата со современи ЕЕ градежни материјали, старата фасадата се налепува на новиот слој и во целост се враќа автентичниот изглед на објектот. При посетата на германското министерство, делегацијата имаше беше запознаена и со најновиот експеримент на ЕЕ објект, „Energy + house“, во кој веќе е сместено семејство и се испитуваат заштедите. Се работи за објект кој произведува електрична енергија, а истовремено се користи и како станица за електрично полнење на овој тип на автомобили. Фактот на работење на мнозина лоби групи за застапување на интересите пред клучните институции и нивното влијание на промени во политиките за унапредување на ЕЕ упатува на силно развиен систем на здруженија кои имаат клучна улога во формирање на политиките. Ова е сектор кој во Македонија сеуште не функционира во формални рамки, а во Германија се покажува како многу значаен.

Средба Economic Consulting Associates Ltd (UK) Во рамките на меѓународната соработка, МАЦЕФ се обидува до воспостави богата комуникација со врвни консултантски куќи, кои се присутни и во нашиот регион. Таква средба се оствари и

со г. Реј Томкинс, а тема беше можноста за активирање на ЕСКО компаниите. Разгледани беа и усогласени заклучоците кои се однесуваат на основните проблеми кои една ваква компанија треба да ги разреши и кои се патиштата на меѓународните институции да помогнат во оваа насока. Училишен проект - Зелени енергетски клубови МАЦЕФ, во почетокот на 2011 година во име на конзорциумот кој го спроведува проектот „Училишен сервис na ЕВН Македонија “ го пријави истиот на конкурсот за награда Енерги Глоуб за одржливост. По повеќе од шест месеци оценување на пристигнатите проекти од повеќе од 150 земји, жирито реши да му додели на проектот национално признание Енерги Глоуб. Известувањето за убавата вест го соопшти Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје, што преставува пракса во сите држави во светот каде се доделуваат награди од овој вид. Проектот, покрај МАЦЕФ, заеднички го спроведуваат здруженијата на граѓани Младински совет од Охрид, Планетум од Струмица, Жетва на знаење од Прилеп, под координација на Конект од Скопје. За 2012 година, ОН ја одбра темата „одржлива енергија за сите" и го покани Energy Globe во рамките на денот на активности заеднички да го спроведат ова мото во целиот свет. Оваа иницијатива Energy Globe ја организира во соработка со трговските комори на Австрија во единствена акција за -Best Practice Projects- на која што учествуваат проекти од 151 земји во светот што Energy Globe ги доделува на национално ниво. Презентацијата на овие проекти, секако и на „Училишниот сервис“ ќе се направи онлајн, а 5-ти јуни или на Светскиот ден на животната средина на ОН. Притоа во согласност со

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 109

Страница 3

временските зони во 1 минутни интервали ќе бидат претставени победниците на Energy Globe од сите 150 земји учеснички! Им честитаме на спроведувачите на проектот за повеќегодишната успешна работа! WeBSEFF најпопуларен помеѓу печатниците во Македонија Засега најповолната кредитна линија која во Македонија била достапна на индустријата и комерцијалните објекти, WeBSEFF – Програма на ЕБОР/ЕУ за финансирање проекти од ЕЕ и ОИЕ, се покажа како најпопуларна помеѓу печатниците. Следи приказ на применетите мерки за ЕЕ и проектираните заштеди во една печатница, чија инвестиција се покажа како оправдана. Со зголемување на обемот на производството значително се зголемуваат трошоците заради неефикасната опрема за печатење, која ја купиле како веќе користена, а тоа се должи на старите системи на УВ ламби, кои ги сушат боите бавно, и го забавуваат целиот процес на производство. Во 2010, преку WeBSEFF тие ги заменија 12 сета на УВ ламби кај три машини, со поефикасни модели каде има можност за регулирање на потрошувачката на енергија во согласност со димензиите на печатените материјали, како и дополнителни заштеди во енергија и време преку воведување на понова технологија која има вграден воздушен систем за ладење. Тимот на експерти, кој е бесплатно достапен на инвеститорите, потврди дека кредитот, од 78000 евра, ќе се врати за околу две и половина години само од енергетските заштеди. Заштедите во енергија на годишно ниво се приближно 25000 евра. Кредитот се квалификува за готовински грант од 15% или нешто повеќе од 11,000 евра за проекти од енергетска ефикасност за УВ системи за сушење. Канцеларијата на програмата е достапна на 02 3090 130 или на www.webseff.com. ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Во овој број решивме да ви претставиме објаснувања на некои основни поими во енергетиката кои често ги среќаваме во медиумите, а не сме сигурни што значат Финална потрошувачка на електрична енергија енергијата наменета за финалните корисници. Бруто-производство на електрична енергија збир од произведена електрична енергија од хидроцентрали и од термоцентрали. Нето-увоз претставува разлика меѓу влезот и излезот во националната територија. Енергетска зависност е однос меѓу нето-увозот и вкупно потрeбната енергија, и го покажува степенот на зависност на државата од увоз на енергенти. Вкупно потрeбната енергија го претставува количеството енергија потрошена во државата и претставува збир од брутопримарното производство, нето-увозoт и салдотo на залихи. Бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија = вкупно бруто - производство + увоз – извоз.

Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 90 енергетски контроли за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

М АЦЕФ АНАЛИЗ А Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Одговорот е во GGF – Green for Growth Fund! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178. МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • УРЕДБА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ И УСЛОВИТЕ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКА КРИЗНА СОСТОЈБА, НАЧИНОТ НА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ОВИЕ УСЛОВИ, МЕРКИТЕ ШТО СЕ ПРЕЗЕМААТ ВО СЛУЧАЈ НА КРИЗНА СОСТОЈБА, КАКО И ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ДЕЈНОСТИ "Службен весник на РМ" бр. 53 од 25.04.2012

• ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ТАРИФНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА

ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ГАРАНЦИЈА ЗА ПОТЕКЛО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ВИСОКО ЕФИКАСНИ КОМБИНИРАНИ ПОСТРОЈКИ "Службен весник на РМ" бр. 53 од 25.04.2012

• ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ТАРИФНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА

ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ГАРАНЦИИ ЗА ПОТЕКЛО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА "Службен весник на РМ" бр. 53 од 25.04.2012

• ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ТАРИФНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДА ЗА

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 109

Страница 4

УТВРДУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА УСЛОВИТЕ И ИНСТАЛИРАНАТА МОЌНОСТ НА ПОСТРОЈКИТЕ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ПРИ СТЕКНУВАЊЕ НА СТАТУС НА ПОВЛАСТЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ "Службен весник на РМ" бр 53 од 25.04.2012

• ОДЛУКА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ПО ОСНОВ НА

НАДОМЕСТОК ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ФОСИЛНИ ГОРИВА КАКО НАМЕНСКИ ДОТАЦИИ НА ОПШТИНИТЕ ЗА 2012 ГОДИНА "Службен весник на РМ" бр. 53 од 25.04.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од светот

Новости од Македонија Пилот-проект на Општина Аеродром и УНДП На 20-ти април беше промовиран реконструираниот објект „Калинка“ во градинката „Срничка’, која според реализаторите е првата целосно енергетски ефикасна градинка во Македонија. Во реконструкцијата на градинката „Калинка“ која чини околу 8 милиони денари, учествуваа Општина Аеродром и УНДП. Реконструкцијата на објектот опфати промена на покривот, обнова на ѕидовите со поставување на топлинска изолација, замена на старите врати и прозорци со нови модерни ПВЦ прозорци со низок коефициент на пропустливост, а комплетно е променета и електричната инсталација. Исто така, поставени се и сончеви колектори преку кои се обезбеди бесплатна санитарна топла вода, со што се придонесува да се заштеди електрична енергија, односно да се намалат трошоците за истата. Проценките за потенцијалот за заштеда се дека потрошувачката на енергија може да се намали и до 60%. Се надеваме дека овој позитивен пример ќе биде спроведен и во останатите градинки во општина Аеродром. Мерки за ЕЕ во ОУ Партенија Зографски На 25-ти април беше промовирано реконструираното основно училиште „Партение Зографски”, во кое во изминатиот период се имплементираа мерки за енергетска ефикасност како дел од проектот за одржлива енергија на светска банка. Предвидено е годишната потрошувачка на топлинска енергија да се намали за 83%, а на вкупната енергија за 74,5%. Финансиската заштеда ќе изнесува 3,9 мил. денари годишно, а емисиите на CO2 ќе се намалат на 92,5 t/god. Мерките се спроведоа во две фази:

1 . Воведување на Енергетски менџмент - управување ,регулација и мониторинг на топлинската енергија спроведено во 2010 г. 2. Поставување на термоизолација на надворешните ѕидови и замена на дотраените прозори со енергетски ефикасни прозори - спроведено 2011-2012 год [Приготвил: Славко Митовски дипл.маш.инг.]

Проблеми и предизвици при имплементација еколошкото законодавство во Македонија

На 5-ти април се оддржа тркалезна маса Проблемите и предизвиците при имплементација на еколошкото законодавство во Република Македонија” на кое и воедно се промовираше публикацијата со наслов "Водич во еколошкото право на Република Македонија". Тркалезната маса беше поделена на 2 панела на кои се дебатираше за хармонизацијата на еколошкото законодавство на Р.М. со европските стандарди како и можните бариери и решенија при имплементација на еколошкото законодавство. На тркалезната се дојде до заклучок дека сеуште постојат големи предизвици во поглед на ова прашање во Република Македонија како на пример непознавањето на еколошкото право од страна на судиите и јавните обвинители, непостоењето на точна бројка на случаи и пресуди за кои судот одлучувал по ова прашање и сл.

на

Европа најавува голем енергетски пакет за земјите во развој Европската комисија најави нова мулти милионска иницијатива за поддршка на земјите во развој, кон нивната цел за одржливо производство на енергија. Програмата за зелена помош ќе обезбеди помош од експерти од цела Европа на посиромашните земји за развој на извори на енергија со ниска емисија на CO2. повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации „Пуштете го сонцето во вашиот дом“ настан за целото семејство 9ти јуни, Плоштад Македонија, Скопје Завршен настан на проектот на МАЦЕФ - Проширување на употребата на сончеви колектори во домаќинствата, бесплатни совети за граѓаните, изложба на сончеви колектори, детско катче ВЕ ОЧЕКУВАМЕ! 7ма конференција на тема одржлив развој на енергијата, водата и животната средина 1 до 6 јули 2012, Охрид 7-мата конференција по ред која ќе се одржи во Охрид е посветена на подобрување и проширување на познавањата на методи, политики и технологии за зголемувањето на одржливиот развој. (БК) повеќе... 6-ти меѓународен енергетски симпозиум и саем 28 до 30 јуни 2012 Измир, Турција 6-тиот по ред симпозиум, организиран од универзитетот Еге каде домаќин е Институтот за сончева енергија и Одделот за механички инженеринг ќе се одржи во јуни од 28 до 30 2012-та год. во Еге повеќе... универзитетот во Измир, Турција. (БК) Глобална конференција на тема глобалното затоплување 8 до 12 јули 2012, Истанбул,Турција Овој настан претставува мултидисциплинарна меѓународна конференција на тема глобалното затоплување и климатските промени како и можностите за потенцијални решенија. (БК) повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, , Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

109 infomacef  
109 infomacef  
Advertisement