Page 1

Број 108

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Март 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Март ни донесе изненадување, како вообичано – студено за 8-ми март, а веднаш после тоа премин во летен режим. „Загревање“ предизвикува дискусијата околу измената на правилата за користење на топлинска енергија од топлификациските системи – ако станот е исклучен треба да плаќа 50 % од сметката. Прашање е: кој ја определи (пресмета) вредноста дека е токму 50%? На точниот одговор награда „телевизор во боја“ (такви беа едно време најголемите награди). На јавниот повик преку PIO/WB, нашиот тим беше избран да поднесе финасиска понуда за реализација на енергетски контроли, проектирање и надзор при реализација на предвидените мерки. Понудата е прифатена и во тимот кој го води МАЦЕФ учествуваат Заводот за испитување на материјали Скопје, CREARA (USA) и DENKSTATT gmbh (Austria). Во досегашниот период реализрани се контролите во општините Чаир, Конче и Пехчево. Свечено завршување на проектот за влијанието на климатските промени МОЈ СТАВ – Регулаторна комисија и Топлификација Изработка на Програма за ЕЕ на општина Ѓорче Петров МАЦЕФ интензивно работи на енергетските контроли во 3 општини во рамките на проектот финасиран од ГЕФ/СБ Активности на кредитната линија GGF Затоа што подолго време не е активна рубриката МОЈ СТАВ, немаме допонителни коментари и реакции на коментарот од минатиот број. Во овој број провоцираме со жешката тема поврзана со новите правила кои ги приготвува Регулаторната комисија за енергетика. Очекувам да се јави некој колега со идентичен, спротивен став, или да ги надополни наведените размисли. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Клуб на пратенички на Собранието на РМ Во организација на овој клуб, во салата „Борис Трајковски“ се одржа дебата за Влијанието на климатските промени врз здравјето и меѓусекторската поврзаност при спроведување на мерките за адаптација и ублажување на климатските промени. Во присуство на претставници на Светската здравствена организација (финансиер на овој проект), претставници на амбасади, високи претставници на меѓународните организации (ГИЦ, УНДП), претставници на министерствата на РМ, пратеничките од Собранието на РМ имаа плодна и богата дискусија. Проф. Др. К. Димитров (МАЦЕФ) имаше воведно излагање кое ги поврзуваше секторите на климатските промени, здравјето и јасно Енергетската ефикасност. Финализирање на проектот за климатски промени Значењето на овој проект го потцртаа министерот за здравство г-дин Никола Тодоровски, министерот за заштита на животната средина г-дин Адеми Абдилаќим и амбасадорот на република Германија во Македонија г-ѓа Гудрун Штајнакер. МАЦЕФ беше активно вклучен во реализацијата на дел од оваа тригодишна програма, со обука и примена на мерки за енергетската ефикасност во здравствениот сектор. Во рамките на овој проект, финансиран од Светската Здравствена Организација, беа изработени неколку Стратешки документи, проекти за алармирање на граѓаните, како и пригодни брошури од кои една беше приготвена од МАЦЕФ еф икасност и „Енергетска

обновливи извори на енергија во здравствениот сектор“.

На оваа свечена седница, од страна на СЗО беа доделени и посебни благодарници на министрите, амбасадорката на Република Германија, како и на членовите на Одборот на овој проект. Проф. Др. К. Димитров посебно е среќен за укажаната чест затоа што е во таа група, заедно со МАЦЕФ. ВИНАРИЈА ТИКВЕШ - Кавадарци Извршена е длабинска енергетска анализа на можноста за смалување на финасиските трошоци за електрична енергија преку формирање на резервоар за студ. Анализата покажува дека инвестицијата ќе се врати назад најмногу за 2 години, а и порано, ако се спроведат сите предвидени мерки. Останатите мерки ќе се разработуваат дополнително. На потег е техничкото раководство на винаријата.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 108

Страница 2

Изработка на Програма за ЕЕ на Општина Ѓорче Петров Како резултат на професионалноста и исполнителноста, МАЦЕФ е постојано ангажиран во изработка на општинските програми за енергетска ефикасност. Овој пат добивме можност и задача да ја подготвиме програмата на општина Ѓорче Петров, придружена со Акциски план и енергетски контроли на објектите во општинска надлежност. Следствено на стандардната процедура, во тек е анализа на сите потрошувачи на енергија (образовни објекти, градинки, јавно осветление), кои се во надлежност на општината и изработка на енергетски контроли со насоки за подобрување на енергетската ефикасност на истите, како и можностите за намалување на емисиите на CO2. (Фотографија: од енергетската контрола во ЈУДГ „Детска Радост – клон Детелинка“) Полагање испит за енергетски контролори На Машинскиот факултет во Скопје уште една генерација на слушатели – енергетски контролори го полагаше завршниот тест. После прослушаните 60 часа настава и вежби, одржани од тренерите вработени во МАЦЕФ, професори од Машински, Електро, Архитектонски и Градежен факултет, како и експерти од стопанството и од фирмата EN SI – Enegry Saving International од Норвешка, после изработен пример на енергетска контрола и запознавање со работата со дијагностичка опрема, завршниот писмен тест успешно го положија 7 кандидати. Кандидатите добија специјализиран софтвер за изработка на техничкиот и економскиот дел од пресметката. Им честитаме и ги покануваме на натамошна заедничка соработка. 5 март ден на ЕЕ Секоја година на 5-ти март светот го слави Светскиот ден на енергетската ефикасност, при што се дава акцент на можностите кои ги нуди овој ресурс од економска и еколошка гледна точка. За нас во МАЦЕФ зборот „енергија“ секогаш е придружен со зборот „ефикасност“, и од таа причина, од своето формирање во 2002 година, работиме на промовирање на разумно и одговорно управување со ресурсите. Се трудиме да ја доближиме проблематиката за енергетиката на нашите сограѓани и соработници, да им докажеме дека патот до успешен бизнис и економичен начин на живот е веднаш пред нив, а тоа е и глобален тренд. МАЦЕФ се посветува на енергетска ефикасност не само затоа што е „тренди“ во светот, туку затоа што навистина е нужна и потребна. Како изминуваат децениите и вековите животот ни станува се поудобен. Ако во минатото не можелo да се замисли дека ќе има корист од електричната енергија, а денес не може да се замисли животот без неа, тогаш да размислиме за иднината и да се „грижиме“ за изворите на енергија кои ни го олеснуваат животот. Енергетската ефикасност е начин на живот. Да живееме енергетски ефикасно и да штедиме енергија, за иднината, за нашите наследници!

МАЦЕФ не постои да го измени светот, но среќни сме што во ова мало парче земја опстојуваме и работиме со цел да придонесеме за поубава иднина и почиста околина. (кликнете на сликата за зголемена верзија)

Регионална конференција за ЕЕ на ЦРПМ На 20 Март 2012 година МАЦЕФ присуствуваше на регионална конференција „Постигнување на социјална и економска одржливост преку енергетската ефикасност на централно и локално ниво“, која се одржа во хотел Континентал. Конференцијата беше организирана од Центарот за истражување и креирање политики и беше поддржана од страна на Канцеларијата GIZ во Македонија. Конференцијата имаше за цел да се справи со прашања поврзани со енергетската ефикасност, енергетската сиромаштија, обновливи извори на енергија и различните начини како локалните заедници може да се направи ефикасно користење на енергијата. Имаше два панели: (1) Правење на локалните власти да бидат енергетски ефикасни (2) Енергетска сиромаштија. Оваа еднодневна конференција имаше повеќе од 100 учесници од: локалните власти, државните институции, граѓанското општество, бизнисите и медиумите. Завршен настан на Програмата „Почиста и поефективна индустрија во Македонија“ На 21 март 2012 година се одржа завршниот настан на програмата „Почиста и поефективна индустрија во Македонија“. Со тригодишната програма која обезбеди техничка помош за идентификување на проекти за енергетска ефикасност за македонската индустрија, како и градење на локалните капацитети кај младите инженери со цел развој на проекти за енергетска ефикасност, беше работено со многу македонски компании на проблеми поврзани со заштеда на енергија како и подобрување на перформансите во животната средина. Исто така проектот опфати соработка со околу 30 локални консултанти, меѓу кои и експерт од тимот на МАЦЕФ. Иако во моментот проектот се наоѓа во завршна фаза на програмата, Центарот за климатски промени и понатаму продолжува со активната работа на ова поле. Им посакуваме успех! Училишен проект - Зелени енергетски клубови Зелените енергетски клубови во основните училишта во с.Студеничани, с.Батинци, с.Отља, с.Липково и с. Матејче работат со полна пареа. Поголемиот дел од активностите кои се предвидени во прирачникот се реализирани, а некои и се повторуваат по барање на учениците. Активностите се реализираат паралелно во сите 5 училишта, волонтерите се секојдневно на терен и посветено работат со децата. Голема поддршка имаме и од наставниците кои се назначени за лидери на клубовите. Заедно со волонтерите им помагаат на учениците да ги сфатат поимите и да ги изведат активностите. Покрај реализацијата на активностите учениците и творат, креираат литературни и ликовни творби на тема енергија. Интересна активност која може да ви ја издвоиме е поставување налепници од страна на патролите (клубовите). Патролите имаат изработено налепници и поставено над секој прекинувач и штекер, поставија покрај прозорците, покрај електричните уреди, за тоа како најефикасно и разумно да се користат светилките, ел. апарти, и како

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 108

Страница 3

да се проветрува. Исто така поставија и налепници над чешмите во тоалетите за правилно затворање на славините и користењето на водата. Ова е само мал дел од активностите кои се изведуваат веќе два месеци, по два часа во неделата, со секое од предвидените училишта. Веруваме дека ќе продолжиме со истото темпо и во следните месеци, до крајот на учебната година. ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Прашање: Во периодот кога се создаде недостаток на електрична енергија на слободниот регионален пазар, трговците со електрична енергија ја подигнаа цената до неверојатни граници дури до 600 €/MWh (Франција). За да се обезбедат граѓаните со електрична енергија, исклучително потребна во тие студени денови, ЕЛЕМ купи електрична енергија која се движеше во границите од 140-150 €/MWh. Но во исто време, приватните производители на електрична енергија (ТЕ-ТО и КОГЕЛ СЕВЕР), ја продаваа по цена од 60-80 €/MWh. Прашањето е за дискусија: има ли можност (механизам?) да се поефтини цената која ја плаќа ЕЛЕМ (т.е. граѓаните), а при тоа и производителите да имаат полза т.е. повисока цена од таа која им е договорена со трговците? Проблемот е многу сличен со состојбата со нашите производители на зеленчук, чии производи ги откупуваат закупци и потоа со голем профит ги продаваат надвор од Македонија. Ги очекуваме вашите мислења и ставови и се надеваме дека ќе развиеме плодна дискусија на нашата facebook страна

М ОЈ СТАВ

Дали е оправдано становите кои се исклучуваат од мрежата на топлификацискиот систем да плаќаат 50% од пресметаните трошоци? Мојот став е дека проблемот има повеќе димензии и дека е потребно многу внимателно да се обработи. Одлука која се состои во една алинеја (еден член) во Правилникот за снабдување со топлинска енергија сигурно нема да биде оптимална. А. Приложената формула за пресметка на потрошената топлинска енергија е НЕТРАНСПАРЕНТНА и не е ЈАСНА, а тоа е основната обврска која се бара со ЕУ Директивите и Законот за енергетика. Има поедноставни форми со кои станарите лесно, јасно и недвосмислено ќе можат месец по месец да ги следат трошоците за греење. Б. Пред се за одлуката – или сите станови се приклучени, или целата зграда (со сите индивидуални станови) се исклучува од централизираниот систем. Новиот закон за домување го овозможува ова решение, при што одлуката ја донесува мнозинството станари. Во тој случај нивната одлука е крајна и никој не може да ја оспори. Со купување на стан каде има заеднички системи, секој станар прифатил да ги почитува заедничките услови. Но ако се дозволи исклучување на поедини станови од централниот систем, а мерењето на потрошувачката на енергија е заедничко за целата зграда (тука се јавуваат сите проблеми) сметам ДЕКА НЕ Е ОПРАВДАНО, НИТУ ДОКАЖАНО дека МОРА да плаќа тој учесник 50% од пресметаната потрошувачка. Мојот став се засновува на можноста да се појават различни случаи како на пример:

1. Станот се загрева на пример со топлинска пумпа. Зошто да плаќа дополнително и на топлификација? 2. Станот се загрева со дрва. Температурата во станот, со мерење е на ниво на комотни 24оС. Дали тој станар може да бара од Топлификација да му плати за енергијата која се пренесува од неговиот стан во „постудениот“ стан загреван од Топлификација едвај на ниво на 20оС? 3. Во претходните години направената пресметка за количината на енергијата која се предава во станот кој се исклучил од топлификацискиот систем беше на ниво од приближно 1 метар цевка да одговара на едно ребро од радијатор. Во тој случај износот кој требаше да се плати излегуваше просечно на ниво од 15 до 20%. Проф. Др. Константин Димитров Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 90 енергетски контроли за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

М АЦЕФ АНАЛИЗ А Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Одговорот е во GGF – Green for Growth Fund! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178. МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА НУКЛЕАРНИ ТЕХНОЛОГИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2012 ГОДИНА "Службен весник на РМ" бр. 32 од 06.03.2012

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 108

Страница 4

• УРЕДБА

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ДЕЈНОСТИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ ЗА КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ИЗРАБОТУВА ЕЛАБОРАТ, А ЗА ЧИЕ ОДОБРУВАЊЕ Е НАДЛЕЖЕН ОРГАНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА "Службен весник на РМ" бр. 36 од 16.03.2012

• ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРОЦЕНТОТ НА ЗАФАЌАЊЕ ОД

ВКУПНИОТ ГОДИШЕН ПРИХОД НА НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ДЕЈНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2012 ГОДИНА "Службен весник на РМ" бр 38 од 21.03.2012

• ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ (Пречистен текст)

"Службен весник на РМ" бр. 39 од 22.03.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“ Во рамки на проектот „Ревитализација на шест хидроелектранивтора фаза“ беа потпишани договори помеѓу АД ЕЛЕМ од една страна и АНДРИЦ Хидро и ЕТРА Колектор од друга страна. Потпишаните договори опфаќаат ревитализација и модернизација на хидроелектраните Вруток и Равен. Придобивките од овие зафати значително ќе ги подобрат производствените перформанси на хидроелектраните, како што е зголемување на достапниот енергетски производствен капацитет на ХР Вруток од 168 МVA на 184 МVA (мегаволт ампери), можноста за дополнително производството на еколошки прифатлива електрична енергија до 50 GWh годишно, потоа подобрување на ефикасноста и намалување на загубите кои се претвораат во поголем потенцијал за производство на електрична енергија, како и заштеди во трошоците за одржување. Проектот со чија реализација се продолжува животниот век на хидроелектраната „Вруток“се очекува да заврши во мај 2014 година. (ДТ) Повеќе... Потпишани 21 Договор за концесија за мали ХЕЦ Во Министерството за економија на 19-ти март беа потпишани 21 договор за концесија за мали хидроелектрични централи. Договорите ги потпиша министерот Ваљон Сарачини со 10 компании. Локациите каде што ќе се градат малите хидроелектрични централи се на реките: Бистрица, Пена, Брза Вода, Крива река, Одранска, Беловишка, Бачишка, Јабланица и др. Со потпишувањето на овие 21 договори за концесија, вкупната бројка на потпишани договори за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи изнесува 68, а треба да започнат со работа 3 години од потпишувањето на овие договори. Вкупниот инсталиран капацитет изнесува 23,3 МW, очекуваното годишно производство е 87 GWh, а проценетата инвестиција изнесува 40 милиони евра. Со овие договори вкупниот инсталиран капацитет ќе се зголеми за 67 отсто, додека производството на електрична енергија би се зголемило за 62 отсто во однос на претходно потпишаните. (ДТ) Повеќе... Промовиран „Вториот преглед на состојбата во областа на животната средина во Република Македонија“ Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Абдилаќим Адеми и директорот на одделот за животна средина при Економската комисија на Обединетите нации за Европа, г. Марко Кајнер го промовираа „Вториот преглед на состојбата во областа на животната средина во Република Македонија“. (БК) Повеќе...

Новости од светот БМВ и Хонда поставуваат фотоволтаични панели на сопствените објекти Производителите на автомобили БМВ и Хонда поставуваат фотоволтажни панели на нивните производствени капацитети низ целиот свет. Хонда ги поставува своите Soltec CIGS тенки ФВ панели во сите продажни салони во Јапонија, а ќе започне со 9 kW систем во Adachi Odai. Хонда веќе има најголем комбиниран сончев капацитет од сите производители на автомобили кои работат во Јапонија со 3,3 MW, но сега ја проширува својата програма со поставување на ФВ панели на повеќе од 100 продажни салони и додава дополнителни 1 МW на постоечкиот капацитет. Во меѓувреме, БМВ ја заврши инсталацијата на 400 ФВ панели со вкупна моќност од 96 kW во својот музеј и Повеќе... центарот за посетители во Јужна Каролина. (СП) Компанијата Сименс ја доби првата нарачка за потребите на сончевата централа во Индија Компанијата Сименс Енергија е избрана за снабдување со сончеви воздушно-ваакумски колектори за потребите на параболичната термоцентрала која ќе се гради во Раџастан Индија. Сименс ќе обезбеди преку 17000 сончеви колектори за сончевата термоцентрала која ќе се изгради како дел од националната програма на индиската влада за промовирање на употребата на сончевата енергија. Овој програм предвидува инсталирање на скоро 20 GW сончев енергетски капацитет во Индија до 2020-та година. Со поставените 17000 сончеви колектори ќе се произведе топлина за 50MW централа, која се очекува да се стави во употреба 2013-та година на пролет. (БК) Повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Тркалезна маса „Економско инженерство или инженерска економија?“ 23.04.2012 – Машински факултет Скопје Во рамки на проектот ЕУБилд енергетска ефикасност, во коорганизација со Машинскиот факултет од Скопје, ќе се одржи тркалезна маса наменета за академскиот сектор во РМ. Цел на тркалезната маса е да се добие одговор на прашањето: Дали тоа треба да се отворат нови образовни профили насочени кон енергетската ефикасност или пак да се создадат програми за доквалификација на постоечките кадри Повеќе... 7ма конференција на тема одржлив развој на енергијата, водата и животната средина 1 до 6 јули 2012, Охрид 7-мата конференција по ред која ќе се одржи во Охрид е посветена на подобрувањето и проширувањето на познавањата на методите, политиките како и технологиите за зголемувањето на одржливиот развој. повеќе... 6-ти меѓународен енергетски симпозиум и саем 28 до 30 јуни 2012 Измир, Турција 6-тиот по ред симпозиум, организиран од универзитетот Еге каде домаќин е Институтот за сончева енергија и Одделот за механички инженеринг ќе се одржи во јуни од 28 до 30 2012-та год. во Еге повеќе... универзитетот во Измир, Турција. (БК)

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, , Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

108 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you