Page 1

Број 107

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Февруари 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Февруари дополнително ги испразни буџетите на домаќинствата. Студеното време, зголемената потрошувачка на енергија предизвикаа големи нервози кај сите нас, а и во државната управа. После многу години се превземаа мерки за штедење на електричната енергија, заради спречениот извоз од неколку земји, евидентниот недостаток при зголемена потрошувачка. Јасно дека политичките партии го искористија моментот да се препукуваат меѓу себе, дека требало ТЕ Неготино да се вклучи, наместо да се купува скапа електрична енергија, да се градело досега повеќе... и се во стилот „сите генерали се умни после битката“. Ние континуирано продолжуваме со својата дејност – информирање, совети, обука, услуги. Ја прошируваме комуникацијата со поголем број организации и фирми од странство кои работат во секторот на енергетската ефикасност. За нас е од посебно значење дека МАЦЕФ ќе го води тимот составен од Центарот за испитување на материјали, Denkstatt од Австрија и CREARA од Америка. На јавниот повик преку PIO/WB, нашиот тим е избран да поднесе финасиска понуда за реализација на енергетски контроли, проектирање и надзор при реализација на предвидените мерки. Со други зборови ние не сме подизведувач (sub-contractor), како во многуте проекти каде што учествуваат македонски фирми, туку рамноправни партнери и лидери. ФАО – развој на нов проект за користење на биомаса во енергетиката МОЈ СТАВ – повторно на дневен ред

Изработка на Програм за ЕЕ на општина Гази Баба Активности на кредитната линија за ЕЕ WeBSEFF и GGF Подолго време не е активна рубриката МОЈ СТАВ при што очекувавме коментари и прилози за актуелни теми. Не сакаме да веруваме дека сите сили во таа насока „се трошат во Собранието“. Од таа причина сметам дека е добро повторно да Ве потсетам на таа можност, јасно со мој коментар, при што со задоволство очекувам реакција, позитивна или негативна. Секој коментар е придонес за младите инженери кои немаат можност да располагаат со доволно информации, од повеќе причини.

- меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Проект на ФАО – Користење на био-маса во енергетиката На 9.02. во просториите на МАЦЕФ се одржа подготвителна средба на основните чинители кои треба да овозможат успешна реализација на проектната програма, на која носител е светската организација за храна ФАО со наслов (во оригинал)

„Using wood energy to improve sustainable economic rural development a nd a chieving t he 2 020 r enewable e nergy t argets f or the Western Balkans“. Куси информации за проектот: Земји учесници – Македонија, БиХ и Црна Гора; траење на проектот 2 години; буџет на проектот - 1 милион US$.

Во име на ФАО проектот го претстави координаторот проф. Др. Бранко Главониќ (Београд). На состанокот присуствуваа претставници на Министерството за економија, УНДП, УСАИД, СНВ Македонија, како и претставник на асоцијацијата на приватни сопственици на шуми. Во многу плодната дискусија, при што се претставија подетално потребите за Македонија, се искажа подготвеност за активно учество на УСАИД и УНДП во овој проект. Дополнително се одржа средба и во Министерството за земјоделие и шумарство. Изработка на Програма за енергетска ефикасност на Општина Гази Баба Тимот на МАЦЕФ продолжува со изработката на општинска

Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на:

Програма за енергетска ефикасност на општината за периодот од 2012-2015, придружена со едногодишен Акциски план за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 107

Страница 2

2012г. Во првата фаза завршена е анализата на сите потрошувачи на енергија (образовни објекти, градинки, јавно осветление), кои се во надлежност на општината и изработени се енергетски контроли со насоки за подобрување на енергетската ефикасност на истите. Исто така извршени се и термовизиски мерења на сите објекти кои се во надлежност на општината и се предмет на анализа на оваа програма. Во тек е изработка на комплетна временска и финансиска рамка за спроведување на мерки и реализација на програмата. Целата програма се работи во тесна комуникација со задолжените лица во општината за енергетска ефикасност. (Фотографијата: од термовизиските мерења на ЦОУ „Наум Охридски – с. Булачани“) Училишен проект – Активни ЗЕЛЕНИ ЕНЕРГЕТСКИ КЛУБОВИ Во втората половина на месец февруари, два тима едукатори волонтери од МАЦЕФ започнаа со одржување на работилниците и изведба на активностите предвидени во прирачникот за Зелените енергетски клубови. Клубови се формираа во шест училишта во две рурални општини и тоа, о.Студеничани и во о. Липково. Едукаторите ги изведуват активностите заедно со учениците членови во клубовите во основните училишта во село Отља, с. Матејче, с. Липково, с. Батинци, с. Студеничани и с. Горно Количани. Тимовите интензивно работат со клубовите, секојдневно се во некое од училиштата поради набиениот распоред, со цел квалитетно и навремено да се изведат сите активности од прирачникот. Клубовите во сите училишта кои ги покрива МАЦЕФ бројат од 20 - 30 деца од 4-6 одделение и секој клуб има по еден задолжен одговорен наставник – лидер кој ги следи активностите. За успешното работење на клубовите особено е важна и соработката што ја имаме со енергеткските менаџери од двете општини и со директорите на училиштата. Со оглед на тоа што ова е нова идеја на училишниот проект на ЕВН, неочекувано добро функционират клубовите и интересот кај децата е голем. Ова го потврдува фактот дека МАЦЕФ со своите идеи размислува во вистинска насока за подигање на свеста кај најмладите. Работата на клубовите ќе продолжи до крајот на учебната година, а предвидени се и отворени денови на секој клуб посебно и квиз за најуспешните на крајот од учебната година.

и производителите да имаат полза т.е. повисока цена од таа која им е договорена со трговците? Проблемот е многу сличен со состојбата со нашите производители на зеленчук, чии производи ги откупуваат накупци и потоа со голем профит ги продаваат надвор од Македонија.

М ОЈ СТАВ

Производство на електрична енергија во ТЕ Неготино или купување по цена од 150-160 €/MWh Со студените денови, се зголеми потрошувачката на електрична енергија. Земјите кои извезуваа електрична енергија го спречија извозот. Јасно, енергијата на располагање вртоглаво ја зголеми својата цена на регионалните пазари. Веднаш тоа стана и тема за политички пресметки меѓу Владата и опозицијата. Една жешка тема беше и – да се увезе електрична енергија по цена од 150-160 €/MWh, или да се вклучи ТЕ Неготино, која користи мазут како гориво. Мојот коментар снимен од ТВ АЛФА на оваа тема беше „елегантно“ избришан, за да се пласира поентата на другиот снимен соговорник дека (парафразирам) „подобро и поефтино е да се вклучи ТЕ Неготино, отколку да се купи електрична енергија“. Мојот став во однос на ова прашање (кој не беше прикажан) е: „На

првиот час на студентите од насока термоенергетика им кажуваме дека за да се произведе 1 kWh електрична енергија, потребно е во нашите термоцентрали да се вложи (согори) гориво со големина од 3 kWh (вложуваш три од горивото, добиваш еден во електрична енергија)“. При денешна цена на мазутот од 45.761 денар за килограм, при негова долна топлинска моќ од 11 kWh за килограм, неговата цена е 67.64 €/MWh. Тоа значи дека произведениот MWh во ТЕ Неготино, ЕЛЕМ ќе го чини 203 €/MWh. Да резимирам – ова е цена при оптимална работа т.е. максимален капацитет на производство, инаку е уште повисока. Секоја цена пониска од 200 €/MWh е поповолна за ГРАЃАНИТЕ (тие го плаќаат цехот на крај). Овие резултати ги гарантирам, како носител на гаранциските и нормативните испитувања на карактеристиките на турбинската постројка воТЕ Неготино. Проф. Др. Константин Димитров Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 90 енергетски контроли за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Прашање: Во периодот кога се создаде недостаток на електрична енергија на слободниот регионален пазар, трговците со електрична енергија ја подигнаа цената до неверојатни граници дури до 600 €/MWh (Франција). За да се обезбедат граѓаните со електрична енергија, изузетно потребна во тие студени денови, ЕЛЕМ купи електрична енергија која се движеше во границите од 140-150 €/MWh. Но во исто време, приватните производители на електрична енергија (ТЕ-ТО и КОГЕЛ СЕВЕР), ја продаваа по цена од 60-80 €/MWh. Прашањето е за дискусија: има ли можност (механизам?) да се поефтини цената која ја плаќа ЕЛЕМ (т.е. граѓаните), а при тоа

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

М АЦЕФ АНАЛИЗ А

Поголем европски развој преку енергетска ефикасност Намалување на трошоците од ветерна енергија од морските ветрници, природен гас и енергетска ефикасност се само дел од решенијата што Европската Унија може да ги примени со цел да ги постигне своите амбициозни цели и да ја зголеми својата конкурентност во енергетската арена. Бидејќи енергетската инфраструктура е изградена да трае неколку децении, енергетските компании имаат долгорочна перспектива при донесување на нивните одлуки за инвестиции. Ова наведува на тоа дека треба да се размислува и за годините

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 107

Страница 3

по 2020г. Целите на Европа за 2030г. за обновлива енергија, намалување на емисиите на јаглероден двооксид и енергетска ефикасност ќе помогнат да се осигура дека одлуките за инвестирање направени во текот на следните пет години ќе ја приближат Европа до поеколошка и поконкурентна економија. Целосната анализа можете да ја превземете тука. Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Одговорот е во GGF – Green for Growth Fund! Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна!

Експертски тим на МАЦЕФ е БЕСПЛАТНА техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит... За повеќе информации обратете се на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178.

WeBSEFF актуелни проекти – Скопски Пазар Геотермалните топлински пумпи (ГТП) се најчеста причина за задолжување преку програмата на ЕУ/ЕБОР за проекти од одржлива енергија за Западен Балкан. Дури пет проекти своите заштеди ги темелат на ГТП. Скопски Пазар е една од фирмите која на два пати зема кредит за свои објекти каде постави геотермални топлински пупми за потребите за климатизирање, греење, ладење и проветрување. Оваа мерка ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија, нафта или гас во услови немање ингеренции врз растечките цени на енергенсите. Но, клучната придобивка од геотермалните КГЛП системи е високата ефикасност во работењето, бидејќи тоа се темели на релативно стабилната топлина на земјата за снабдување во греење. Во овој случај, водата во еден од системите има 14 степени и ќе има потреба од многу мало догревање кога системот за греење ќе биде програмиран на 18 степени за зимски режим на работа (и 25 степени во летниот период) за разлика од потребите на конвенционалните системи. За таа цел, стандарден уред би бил во употреба 12 часа дневно и 14 часа за време на викендот (работни часови на трговски центри), а геотермалниот систем ќе работи само 6-8 часа во текот на денот. Системот ќе се прилагодува на надворешните температури и ќе се активира кога тие се пониски. За време на летото, системот ја користи релативната постојана температура на земјата за ладење. Поволно кај овие кредити е готовинскиот грант за инвеститорите од 20% за системи за КГЛП кои ќе работат на обновливи извори на енергија. Инаку, само еден од кредитите тежи четврт милион евра, а се враќа за нешто повеќе од пет години. Годишните заштеди на електрична енергија се проценуваат на 360 МWh, а паралелно системот ќе штеди 200t емисии на јаглероден двооксид годишно во споредба со конвенционален систем. Заштедите на енергија се проценети на 45,800 евра на годишно ниво што претставува поттик и за други бизниси во индустријата да размислуваат за поставување на геотермална топлинска пупма за потребите на греење и ладење пред сé.

Телефонот на локалната канцеларија на WeBSEFF e 02 3090 130.

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ОДЛУКA ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2012 ГОДИНА "Службен весник на РМ" бр. 23 од 15.02.2012 • УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОВЛАСТЕНИ ТАРИФИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА;"Службен весник на РМ" бр. 19 од 09.02.2012 • ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ ПРИКЛУЧЕНИ НА ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ ВО СОПСТВЕНОСТ НА АД ЕЛЕМ – СКОПЈЕ "Службен весник на РМ" бр. 27 од 24.02.2012

• ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА

ПОТРОШУВАЧИТЕ ПРИКЛУЧЕНИ НА ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ ВО СОПСТВЕНОСТ НА АД ЕЛЕМ - СКОПЈЕ "Службен весник на РМ" бр. 27 од 24.02.2012 • ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД И РЕГУЛИРАНА ПРОСЕЧНА ТАРИФА ЗА 2012 ГОДИНА, ОСНОВЕН ПРИХОД ЗА 2012, 2013 И 2014 ГОДИНА, КАКО И ТАРИФИ ЗА ПРЕСМЕТКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА 2012 ГОДИНА ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕГУЛИРАНАТА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА АД ЕЛЕМ-СКОПЈЕ, ПОДРУЖНИЦА "ЕНЕРГЕТИКА" "Службен весник на РМ" бр. 30 од 29.02.2012 • ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД, ПРОСЕЧНА ЦЕНА, КАКО И ЦЕНИ ЗА ПРЕСМЕТКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕГУЛИРАНАТА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ НА АД ЕЛЕМ СКОПЈЕ, ПОДРУЖНИЦА ЕНЕРГЕТИКА ЗА 2012 ГОДИНА "Службен весник на РМ" бр. 30 од 29.02.2012 • ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД И РЕГУЛИРАНА ПРОСЕЧНА ЦЕНА ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ ЗА 2012 ГОДИНА НА АД ЕЛЕМ-ПОДРУЖНИЦА ЕНЕРГЕТИКА - СКОПЈЕ "Службен весник на РМ" бр. 30 од 29.02.2012 • ПРОГРАМА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2012 ГОДИНА ; "Службен весник на РМ" бр.16 од 02.02.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Анкета за енергетска ефикасност на УНДП Овој прашалник е дел од иницијативата на Развојната Програма на Обединатите Нации за подобрување на енергетската ефикаснот. Цел на прашалникот е да се воочи мислењето на граѓаните, нивните познавања и што тие превземаат по прашањето на заштеда на енергија и енергетска ефикасност, како би можеле да ги унапредиме нашите активности и им пружиме на граѓаните што подобра поддршка. Анкетата можете да ја пополните на следната интернет адреса (СП): http://www.surveymonkey.com/s/eevd Повеќе... Кисела Вода заштеди 200 илјади евра со мерки за енергетска ефикасност Општината Кисела вода лани заштедила близу 200.000 евра со мерките за енергетска ефикасност во јавните објекти што се во надлежност на општината и во делот на уличното осветлување - Изминатата година се реализира и проектот за евидентирање и

нумерирање на уличните столбови, се изврши и мониторинг за потрошувачката на електрична енергија во сите објекти. Во завршна фаза се активностите за евидентирање и мапирање на трафостаниците за улично осветлување. Заштедени се 12 милиони денари – информира Славко Митовски, претставник на тимот за енергетска ефикасност во општината. (СП)

Повеќе...

МАЦЕФ на информативен форум во општина Карпош На покана од општина Карпош на 28.02, МАЦЕФ учествуваше на „Информативен форум“ во организација на општина Карпош и Швајцарската агенција. На форумот присуствува граѓани на општина Карпош, невладини организации, претставни-

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 107

Страница 4

ци од бизнис секторот, администрација и претставници од секторот за образование. Форумот имаше информативен карактер со цел да ги претстави идните планирани проекти за развивање, на теми „Енергетска ефикасност во образование“ и „Лица со посебни потреби“ на територијата на општина Карпош. Проектите ги финансира Швајцарската агенција, ќе се реализират во општина Карпош со поддршка на општината и соработка со невладините организации кои се на територија на општина Карпош. Темата за предлог проект која го засега МАЦЕФ, се разбира е „Енергетска ефикасност во образование“. Во таа насока и ќе ги развива предлозите за поголема енергетска ефикасност во образованието. Планирано е да се одржат уште пет форуми од различен тип во рок од 6 месеци, под наслов „Форуми во заедницат“, а потоа да се започне со реализација на предлог проектите. Проектот е предвиден да трае до Ноември 2013г. МАЦЕФ ја поздравува ова иницијатива на општина Карпош, им се заблагодарува за досегашната соработка и се надева на успешна реализација на новиот проект. Партнерски ден помеѓу Р. Македонија и Р. Албанија На 1-ви Февруари, во Тушемиште - Албанија, успешно беше организиран Партнерски ден за Албанските и Македонските граѓански организации. Овој настан беше заедничка иницијатива на Македонската и Албанската канцеларија на ТАКСО. 78 претставници од различни граѓански организации, кои доаѓаат од двете земји (од кои 34 беа од Македонската страна), активно учествуваа на настанот и покренаа иницијативи за различни партнерства во различни заеднички полиња на интерес. Целта на оваа активност беше да се информираат граѓанските организации од Македонската и Албанската страна за различните можности кои ги нудат програмите за финансирање од Европската Комисија, размена на идеи во однос на соработката на граѓанските организации, со заедничка цел за взаемна соработка во заеднички активности. Специфичната цел на настанот беше да се информираат учесниците за можностите за финансирање од веќе објавениот повик на ЕУ во рамките на ИПА за преку гранична соработка, под финансиска алокација за 2007 – 2013. Претставници на МАЦЕФ учествуваа на овој настан, при што остварија комуникација со две граѓански организации од Р. Албанија, со кој се надеваме на плодна соработка на наредните повици.

Новости од светот Поголем европски развој преку ефикасност

Намалување на трошоците од ветерна енергија од морските ветрници, природен гас и енергетска ефикасност се само дел од решенијата што Европската Унија може да ги примени со цел да ги постигне своите амбициозни цели и да ја зголеми својата конкурентност во енергетската арена, пишува Андерс Елдруп, извршен директор на ДОНГ Енергетика од Данска. Во врска со енергетиката тој истакнува – „Европската унија си

постави амбициозна цел, да се зголеми уделот на обновливите извори на енергија и до 2050 година да биде декарбонизирана“. Според неколку студии, ваква енергетска трансформација, наспорти зависноста од увезена фосилна енергија во голема мера ќе ја зацврсти европската конкурентност. Бидејќи енергетската инфраструктура е изградена да трае неколку децении, енергетските компании имаат долгорочна перспектива при донесување на нивните одлуки за инвестиции. Ова наведува на тоа дека треба да се размислува и за годините по 2020г. Целите на Европа за 2030г. за обновлива енергија, намалување на емисиите на јаглероден двооксид и енергетска ефикасност ќе помогнат да се осигура дека одлуките за инвестирање направени во текот на следните пет години ќе ја приближат Европа до поеколошка и поконкурентна економија.ЗТ За изворниот текст кликнете овде.

Шефот на комисијата за климатски промени при ЕУ повикува на „исклучителна внимателност“ со биогоривата Нацрт извештајот за оцена на влијанието врз животната средина, покажува дека емисиите на стакленички гасови од

биогорива, како што се палминото масло, соја и семе од репка, може да ги надминат оние на фосилните горива доколку се разгледуваат пошироки фактори. Причината е затоа што тропските шуми и мочуришта, често се расчистуваат и се претвараат во ниви, со цел да се надоместат плодните земјишта кои се преземени за одгледување на биогорива, процес познат како „индиректна промена на користење на земјиштето, или ILUC. повеќе... Анкета открива широка поддршка за акција во електричните мрежи Во истражувањето во кое беа вклучени претставници на бизниси, индустриски здруженија, невладини организации и тинк-тенкови, 81% од испитаниците изјавиле дека создавањето на единствен европски пазар на електрична енергија, и потребната мрежна инфраструктура, треба да биде приоритет на политиката на ЕУ. Речиси 98% од анкетираните во истражувањето сметаат дека Европа треба да ги надгради, прошири и целосно интерконектира своите електрични мрежи, со цел да се постигне единствен пазар на електрична енергија, а 75% сакаат ЕУ да ја зголеми финансиската поддршка за да се овозможи тоа. повеќе... ЕУ Политичарите ги поддржаа предлозите за заштеди на енергија Членовите на Европскиот парламент поддржаа сет на предлози за заштеда на енергија на 28.02.2012, отворајќи го патот за можен договор до крајот на јуни за закон со кој би можело да се поттикнат нови работни места, намалени приходи на домаќинствата и намалување на увозот на гориво. Данска, која сега претседава со ЕУ, како приоритет има поставено постигнување на политички договор за подобрување на енергетската ефикасност преку најразлични мерки. повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации 8th South-East European Congress and Exhibition on Energy Efficiency and Renewable Energy 28 до 30 март 2012,Софија, Бугарија Настанот ќе биде значајно место на средби за размена на знаења и бизниси во регионот на југо-источна Европа. Учеството претставува голема можност за стекнување на нови партнерства повеќе... на глобално ниво. (БК) 6ти меѓународен енергетски симпозиум и саем 28 до 30 јуни 2012 Измир, Турција 6-тиот по ред симпозиум, организиран од универзитетот Еге каде домаќин е Институтот за сончева енергија и Одделот за механички инженеринг ќе се одржи во јуни од 28 до 30 2012-та повеќе... год. во Еге универзитетот во Измир, Турција. (БК) Глобална конференција на тема глобалното затоплување 8 до 12 јули 2012, Истанбул,Турција Овој настан претставува мултидисциплинарна меѓународна конференција на тема глобалното затоплување и климатските промени како и можностите за потенцијални решенија. (БК) повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, , Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

107 infomacef  
Advertisement