Page 1

Број 106

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јануари 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Иако е јануари месец на прослави, тоа е и почеток на годината во која ќе нé очекуваат значителни искушенија – и за стопанството но и за домаќинствата. На сите страни се зборува за рецесија – а проблемите од стопанството директно влијаат на домашниот буџет. Предвиденото зголемување на цената на електричната енергија, посебно е чувствително зголемувањето на цената на топлинската енергија (Топлификација), сите нé принудува да превземаме сопствени мерки за „заштита“. Треба да одбележиме дека Министерството за економија, во рамките на своите овластувања, директно се вклучува во информирање на граѓаните, но и насочено, кон производителите на енергија и РКЕ. МАЦЕФ продолжува со својата дејност – информирање, совети, обука, услуги. Трендот на глобализација сите нé приморува да се поврзуваме меѓу себе, здружени да бидеме посилни. Средбата со ЕКОНЕРГ и првиот заеднички настап, се една од активностите во таа насока. Ги одбележуваме следниве содржини: Насоки за активност во Министерството за економија Изработка на Програм за ЕЕ на општина Гази Баба Нов училишен проект на ЕВН Активности на кредитната линија за ЕЕ WeBSEFF и GGF

Урбана енергетска композиција – сонце и Топлана Запад

Горната слика ја прикажува разликата во однос на дејствувањето на природата и човекот, како и „предностите“ на животот во урбана средина. Но важи и народната „Фали село, живеј во град“ Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Конференција за медиуми во Министерството за економија На 5 јануари, во просториите на Министерството за економија, на состанок со министерот за економија г-дин Валон Сарачини и раководителот на секторот за енергетика М-р Виолета Кецкаровска, присуствуваше претседателот на МАЦЕФ, проф. Др. Константин Димитров. Врз основа на досегашната успешна соработка во организирањето на промотивни конференции и подготвка на материјали поврзани со енергетската ефикасност, реализирани предавања и обуки на различни нивоа (градинки, основни училишта, средби со граѓаните, општини, регионални центри) се заклучи да се продолжи уште поинтензивно соработката во таа насока. Беше одржана и конференција за медиуми од која наведуваме изводи од дневните информативни гласила: - „Замена на старите светилки со компактни флуоресцентни

енергетски поефиксни светилки, поставување на ПВЦ прозори, топлинска изолација на надворешните ѕидови, купување на апарати со највисока А класа кои трошат најмалку енергија, исклучување на апаратите по завршување на нивното користење“, се само дел од мерките за заштеда на електрична

енергија, кои ги истакна министерот на прес конференцијата. Во таа насока тој посочи дека со практикување на мерките за енергетска ефикасност може да се заштедат од 20 до 40 % од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу седум проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија. Според професорот К. Димитров, граѓаните мораат да ги менуваат своите навики во однос на трошењето на електричната енергија за да го заштитат домашниот буџет. Тој смета дека се што ќе се вложи денес во однос на практикување на мерките за енергетска ефикасност во иднина дури трикратно ќе се исплати. Изработка на Програма за енергетска ефикасност на Општина Гази Баба МАЦЕФ, преку конкурентен јавен повик на општина Гази Баба, а како резултат на најквалитетна понуда, ја доби задачата да изработи Програма за енергетска ефикасност на општината за периодот од 2012-2015, придружена со едногодишен Акциски план за 2012г.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 106

Страница 2

МАЦЕФ, професионално пристапи кон извршување на подготвителните задачи и во тек е анализа на сите потрошувачи на енергија (образовни објекти, градинки, јавно осветление), кои се во надлежност на општината и изработка на енергетски контроли со насоки за подобрување на ЕЕ на истите, како и можностите за намалување на емисиите на CO2. При тоа поставени се мерни инструменти за контрола на потрошувачката на енергија пред и после реконструкции како и термографски снимки на секој објект и поедини критични места кои не функционираат оптимално (радијатори и сл.). Во следната фаза експертскиот тим на МАЦЕФ ќе изработи комплетна временска и финансиска рамка за спроведување на мерки и реализација на програмата. Целата програма се работи во тесна комуникација со задолжените лица во општината за енергетска ефикасност. (Фотографија: од енергетската контрола во ОУ „Наум Охридски – с. Булачани“) (ИП) ЕКОНЕРГ во Македонија Една од водечките фирми во Хрватска, во секторот на енергетиката и енергетската ефикасност е секако компанијата ЕКОНЕРГ, која оствари деловна посета на Македонија на 31.01.2012. Воспоставени се цврсти контакти за соработка со МАЦЕФ, пред се за взаемно користење на ресурсите, а како почеток е соработката во еден јавен повик. Г-дин З. Мужек, генерален директор на оваа компанија, пред претставниците на Министерството за економија, ја изрази подготвеноста за брзо и квалитетно пренесување на искуствата од Хрватска, особено сега кога ќе бидат членки на ЕУ. Училишен проект ЕВН – Обука на енергетските менаџери од општините Во рамки на Училишниот проект на ЕВН Македонија на 25-ти јануари, во просториите на МАЦЕФ се одржа обука за општинските административци од енергетскиот сектор на општините кои се вклучени во овогодинешната реализација на проектот. Обуката ја водеа З.Таревска и Д. Димовска, свое излагање имаше и асс. проф. Македонка Димитрова. Присуствуваа вкупно пет енергетски менаџери од општините Студеничани, Липково, Струмица, Струга и Прилеп, претставници од партнерските организации и одговорните за проектот од ЕВН Македонија. Тема на обуката беше „Унапредување на соработката помеѓу енергетските менаџери и училиштата со цел намалување на трошоците за енергија“. Се разговараше за обврските на општините за заштеда на енергија, можностите за соработка со училиштата во процесот на заштеда на енергија во јавниот сектор и подигање на јавна свест кај населението, улогата на енергетскиот менаџер за ефикасна реализација на активностите од проектот и се презентираше прирачникот „Зелени енергетски клубови“. Оваа година проектот е освежен и добива друга димензија во смисла на неговото спроведување и изведување на активностите. За успешна реализација неопходна е поддршка од енергетските менаџери од општините кои се опфатени. (ЗТ) Соработка на МАЦЕФ со Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово Во рамки на соработката на МАЦЕФ со Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово во проектот „Енергетските ресурси – Виза за зелена иднина“, во месец ноември во седум општини од североисточниот регион беа реализирани вкупно 12

работилници за ученици и општинската администрација и наставниците. Беше отворен и конкурс за литературни и ликовни творби за учениците од посетените училишта. Отворениот конкурс наиде на голем интерес кај учениците, така што на крајот беа собрани вкупно 500 литературни и ликовни творби. Поради големиот број на творби организаторите наидоа на сериозна задача, па поради тоа одредувањето на победниците се одвиваше во две фази. МАЦЕФ учествуваше како стручна комисија во втората, финална фаза на прогласување на победниците. Клучен фактор за одредување на победниците во двете категории беше творбите да ја пренесуваат основната порака за значењето на енергетската ефикасност, а притоа тоа да биде приспособено само од детска возраст. (ДТ)

М АЦЕФ им честита на победниците, како и на сите учесници за покаж аната креативност!

Студија за ефектите од мерките за енергетска eфикасност во болниците во Македонија Во првиот месец од новата 2012 година, тимот на МАЦЕФ, ги посети објектите на Клиничките болници во Штип и Гостивар, каде кон крајот на 2011 со донација на Светската здравствена организација се реализираше вградувањето на сончеви колектори и термостатски вентили. Овие посети се дел од проектот на регионалната канцеларија на СЗО кој што има за цел да се измерат придобивките од превземените мерки за енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија. Системите за искористување на сончевата енергија, кои се инсталирани во споменатите здравствени објекти, се опремени со уреди за мерење на енергијата која се добива од ОИЕ. Како дел од активностите на проектот, но и од причини за да се контролира и оптимизира работата на системите, членовите на МАЦЕФ поставија своја дополнителна дијагностичка опрема на дадените локации со што се овозможуваат дополнителни извори на информации и избегнување на грешки при работата, како и спречување да се прикажат добивки кои не се валидни и релевантни. Останатите активности се распределени во месеците февруари и март 2012 година, при што е планирано финалната верзија на извештајот да биде готова до крајот на март. Крајната цел на овој проект е изработка на студија која ќе ги прикаже придобивките од примената на ОИЕ, намалување на потрошувачката на електрична енергија за добивање на топла вода, заштеди на гориво со регулирање на внатрешната температура во здравствените објекти, како и на приказ на намалувањето на емисиите на стакленичките гасови преку превземените мерки во двете институции од здравствениот сектор. (ЖИ) Вкупно 15 проекти во Македонија лани поддржани од WeBSEFF Ком паниите ќе заш тедат близу 3 м илиони евра заради см алена потрош увачка на ен ергија!

Вкупно 15 проекти во Македонија во висина на задолжувања над 4,4 милиони евра заклучно со декември 2011 година поддржа WeBSEFF - Програма на ЕБОР/ЕУ за финансирање проекти за одржлива енергија за Западен Балкан, соопшти Канцеларијата на Програмата во Скопје (Проект реализиран од страна на E3 I nternational и DAI (USA) и М АЦЕФ (www.webseff.com).

Вкупните годишни заштеди за сите проекти се проценети на приближно 3 милиони евра, додека просечниот повраток по инвестиција за проектите од енергетска ефикасност е три години, а за обновливи извори нешто повеќе од четири години. - Периодот на повраток значително се намалува со готовинскиот грант за успешно реализиран проект од 15 или 20% во зависност од видот на инвестицијата. Овие компании - пионери во инвестирањето во енергетска ефикасност и обновливи извори, ќе отворат нови можности за зголемена конкурентност на македонските производи, локално и во поширокиот регион, истакнува Јасминка Капац, координатор на Канцеларијата на Програмата во Скопје, а пренесува МИА.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 106

Страница 3

Проектите се пласираат од страна на банките-учеснички во Македонија, меѓу кои се Охридска банка - Сосиете Генерал, Халкбанк и НЛБ Тутунска банка. WeBSEFF во регионот поддржа 61 проект во висина од околу 31 милион евра, што ја прави најповолна програма за финансирање одржливи решенија во регионот на Западен Балкан. Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Одговорот е во GGF – Green for Growth Fund! Експертски тим од МАЦЕФ е бесплатна техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК кои се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој. Особеноста на оваа кредитна линија е ниската каматна стапка по која се даваат кредитите, поволните услови, брзината на доделување како и единствената најдобра понуда на експертска помош од МАЦЕФ. Еко кредитите се наменети за физички и за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица Еко кредит..., односно до 500.000 евра за правни лица Еко Плус кредит.... Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна! За повеќе информации обратете се на z.tarevska@momee.org.mk или на 30 90 178. ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ Сакам да поставам топлинска изолација на ѕидовите во дом от. З а таа цел м е интересира која варијанта е подобра – да ставам внатреш на или надвореш на изолација?

Правилно е да се изолира од надворешната страна на ѕидот, секогаш кога има можност за тоа, заради елиминирање на т.н. „топлински мостови“. Но кога ситуацијата тоа не го дозволува (на пример во згради), изолирање од внатрешната страна на ѕидот е одлична опција.

Предности и недостатоци на изолирање на ѕидовите од внатрешна страна:

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ПРАВИЛНИК ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ "Службен весник на РМ" бр. 182 од 28.12.2011

• ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ВКУПНАТА ИНСТАЛИРАНА

МОЌНОСТ НА ПОВЛАСТЕНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД СЕКОЈ ОДДЕЛЕН ОБНОВЛИВ ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА "Службен весник на РМ" бр. бр. 12 од 26.01.2012

• ПРОГРАМА ЗА ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА ЕНЕРГЕТСКИ МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ЗА 2012 ГОДИНА "Службен весник на РМ" бр. 12 од 26.01.2012

• ПРОГРАМА ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПЕНИ И ВГРАДЕНИ СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРСКИ ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2012 ГОДИНА "Службен весник на РМ" бр. 12 од 26.01.2012

СИСТЕМИ

ВО

• МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ВРЕДНОСТА НА ДОБРАТА И ВЛИЈАНИЈАТА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА "Службен весник на РМ" бр. 11 од 24.01.2012

• ПРАВИЛА ЗА ПРОДАЖБА НА ВИШОЦИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И МОЌНОСТ ЗА 2012 ГОДИНА "Службен весник на РМ" бр. 11 од 24.01.2012

• ПРАВИЛНИК

ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА, НАЧИНИТЕ, ПОСТАПКИТЕ, МЕТОДИТЕ И СРЕДСТВАТА ЗА МЕРЕЊЕ НА ЕМИСИИТЕ ОД СТАЦИОНАРНИТЕ ИЗВОРИ "Службен весник на РМ" бр. 11 од 24.01.2012

• ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ

Потребно е реновирање - просторот не може да се користи додека не се заврши со процесот на поставување, има полоши топлински перформанси во споредба со надворешната изолација, но е поефтина од надворешната изолација.

"Службен весник на РМ" бр. 13 од 27.01.2012

Ја префрла точката на роса од надворешната страна на ѕидовите, ѕидовите се потопли и дел од топлината се враќа преку зрачење на ѕидовите, се заштедува простор, подобро изгледа но, инвестицијата е повисока. Во секој случај, независно кој вид изолација се поставува, поставувањето треба да биде изведено од искусни професионалци, со квалитетни сертифицирани материјали, по македонски и меѓународни стандарди!

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и најнов член Демир Капија.

Предности и недостатоци на изолирање на ѕидовите од надворешна страна:

Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 70 енергетски контроли за објекти во Македонија.

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Прва нискоенергетска станбена зграда во Карпош Во Карпош беше промовирана првата комерцијална нискоенергетска зграда градена на територијата на општината. Станува збор за приватна инвестиција на фирмата „ВЕНС

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 106

Страница 4

инженеринг“, која вградува високи стандарди во веќе изграден објект со кои се користат обновливи извори на енергија за затоплување и прават заштеда на енергијата. На вчерашната презентација градоначалникот Стевчо Јакимовски го најави носењето на Правилникот кој ги дефинира горните дозволени граници кои мора да ги применат инвеститорите при повеќе... проектирањето на објектите. (СП) Интензивирање на соработката помеѓу ЕВН Македонија и МЕПСО за постабилен енергетски систем ЕВН Македонија и МЕПСО потпишаа договори со кои ги регулираат меѓусебните права и обврски за работење и одржување на 38 заеднички трансформаторски станици ширум земјава. Заедничкото користење на трансформаторските станици наложуваат нивно техничко, финансиско и правно детално дефинирање со цел утврдување на правата и обврските на двете компании меѓусебно и во нивните односи со трети лица. Со раздвојувањето на дејностите пренесување и дистрибуција на електрична енергија од старото интегрирано електростопанство, се изврши функционална поделба во 38 трансформаторски станици (во кои е интегрирана опрема за висок, среден и низок напон). Во овие објекти, се оперира со специфична опрема која е заедничка за дејностите на ЕВН Македонија и на МЕПСО и има значајна улога во функционирањето на трансформаторските станици. (ЖИ) повеќе... Пилот-проект на Општина Аеродром и УНДП - енергетски ефикасна градинка Општина Аеродром во соработка со проектот на УНДП „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“ од 10.1.2012 година почнаа со комплетна реконструкција на градинката „Калинка“ како пилот-проект за создавање целосно енергетски ефикасна градинка. Реконструкцијата на објектот опфаќа промена на покривот и ѕидовите, поточно ќе се заменат дрвените со нови ѕидови, ќе се заменат вратите како и прозорците со нови модерни ПВЦ производи со висококвалитетна изолација, ќе се промени комплетно и електричната инсталација, а ќе се стави и нова фасада со топлинска изолација. Исто така, ќе се постават сончеви колектори преку кои ќе се обезбедува топла вода, така што ќе се редуцираат трошоците. повеќе...

Новости од светот Објавен повикот за предлози - Интелигентна Енергија Европа Повикот за предлози проекти за 2012 година е отворен и сите заинтересирани субјекти може да најдат повеќе на информации на интернет страницата на ИЕЕ програмата. Оваа Програма како дел од Рамковната програмата за Конкурентност и иновативност на Европската Комисија (2007-2013) поддржува конкретни проекти и развивање на најдобри пракси во областа на ЕЕ, ОИЕ, чист транспорт и локални инвестиции во енергетика. (СП) повеќе... Намалени амбиции за заштеда на енергија во зградите Предложената Директива за ЕЕ, документ кој по неговото донесување беше сметан како најважниот дел од законодавството на ЕУ за заштеда на енергија досега, жестоко е критикувана заради значително „разводнување“ на првично предвидените мерки за реновирање на јавните згради. Со новите измени во последниот извештај за Директивата за енергетски карактеристики на зградите, задолжителните цели дополнително се „омекнаа“. Така што сега се однесуваат само на зградите во сопственост и владение на централните власти, со корисна површина поголема од 250 m2. Во некои земји членки постои одредено ниво на отпор на идејата реновирањето на зградите да има обврзувачки карактер, со оглед на тековните финансиски ограничувања во унијата. Франција претпочита мерење на вкупниот износ на заштедена енергија, наспроти воведување на задолжителна квота за реновирање на зградите. И Австрија не поддржува фиксен

процент на реновирани објекти на годишно ниво од вкупниот број на објекти во земјата, бидејќи веќе долго време се вложува во реновирање на зградите, за кои што постојат прецизни податоци. Овие реновирани објекти не би се земале во предвид доколку стане законски задолжително годишно да се реновираат 3% од вкупниот број на објекти во земјата. (ИП) Концесиски договор помеѓу Групацијата „3 Капацитети на енергија“ и Албанија Групацијата „3 Капацитети на енергија“ потпиша договор со Албанија за инвестирање во Хидроцентрала на реката Шала, чиј вкупен капацитет е 127,6 MW. Со потпишувањето на овој договор групацијата се здоби со право на концесија од 75 %. Вкупната инвестиција се проценува на 180 милиони долари, а финализирањето на проектот е предвидено да заврши во 2015 година со поврзување на хидроцентралата на електроенергетската мрежа. Значајно е дека производството на електрична енергија во Албанија се базира на електрична енергија произведена од хидроцентрали со вкупен инсталиран капацитет од 1450 MW и од 2009 година функционира само една термоцентрала со вкупен инсталиран капацитет од 97MW. Со реализација на овој проект вкупниот инсталиран капацитет ќе се зголеми за околу повеќе... 10%. (ДТ) Новиот собирач на CO2 може да помогне во расчистување на воздухот Истражувачи во Калифорнија пронајдоа ефтина пластика која е со способност за отстранување на големи количини на јаглерод двооксид од воздухот. Покрај тоа, новиот материјал би можел да овозможи развој на батерии на основата на „вештачките дрва“ кои ја намалуваат концентрација на CO2 во атмосферата со што ќе се зголемат шансите за одбрана од катастрофални климатски повеќе... промени. (БК)

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации 8th South-East European Congress and Exhibition on Energy Efficiency and Renewable Energy 28 до 30 март 2012,Софија, Бугарија Настанот ќе биде значајно место на средби за размена на знаења и бизниси во регионот на југо-источна Европа. Учеството претставува голема можност за стекнување на нови партнерства на глобално ниво. (БК) повеќе... 6ти меѓународен енергетски симпозиум и саем 28 до 30 јуни 2012 Измир, Турција 6-тиот по ред симпозиум, организиран од универзитетот Еге каде домаќин е Институтот за сончева енергија и Одделот за механички инженеринг ќе се одржи во јуни од 28 до 30 2012-та год. во Еге универзитетот во Измир, Турција. (БК) повеќе... Глобална конференција на тема глобалното затоплување 8 до 12 јули 2012, Истанбул,Турција Овој настан претставува мултидисциплинарна меѓународна конференција на тема глобалното затоплување и климатските промени како и можностите за потенцијални решенија. (БК) повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

106 infomacef  
Advertisement