Page 1

Број 105

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Декември 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во Декември се сведуваат сметките што се направило во текот на целата година, но и подготовките за наредната (јасно и да ја организираме успешно „најлудата“ ноќ во годината). Во работата на секоја организација има успешни периоди и падови. Ние заклучивме дека оваа година беше доста успешна за МАЦЕФ, но со едно големо „НО“, дека можеше и требаше да биде поуспешна. Покрај другите може да се пофалиме со неколку значајни реализирани задачи:  Вработување во редовен работен однос на уште два инженера;  Изработен СЕАП заградСкопје;  Изработенпрвата (споредновиотзакон) 3 годишнаПрограмаза ЕЕ на општинаЦентар, приготвенАкционенпланза ЕЕ и изработениЕнерегетскиконтролинаситеобјективовладениена општината (ситеовиеактивности се законскаобврска);  Приготвена методологијата „од долу-нагоре“ (Bottom-up)за контрола и верификација на заштедитеод мерките за ЕЕ;  Мерки за ЕЕ за 5 општини во Вардарскиот плански регион, проследени со идејни проекти;  Реализација на проектот финансиран од Светската здравствена организација (СЗО) запоставување на сончеви колектори во 2 болници во Македонија;  Обука за реализација на мерки за ЕЕ: со 8-те плански региони (УНДП), 5 општини во соработка со Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово (проект финасиран од Светска банка), со медицинските работници (СЗО), со жените од Албанска етничка припадност (ЕВН) проследени со подготовка на летоци, брошури, постери...;  Реализација на Неделата на енергетика 2011;  Континуирано учество во работата на меѓународните проекти WEBSEFF, GGF, WIDE THE SEEи EUBuild;  Редовно месечно излегување на нашиов информативен билтен ИнфоМАЦЕФ. Нашите планови за идната година се многу амбициозни:  Какопартнеривосилниконзорциумиучествувамена 2 тендерикоисеоднесуваатнаМакедонија (ИПА, ГГФ) и 2 надвородМакедонија (ЕЦ ИПА). Во 2 проекта поминавме во втор круг (short listed).  Како ИПА партнерисмево 3 проектипријавенипрекуфондот SEE.  Партнери во еден ЕУ проект (FP7). Нашата желба и политика е преку успешно градење на брендот МАЦЕФ (квалитет и почитување на рокови) да обезбедиме финасиски средства за прием на нови млади инженери кои ќе се обучуваат дополнително преку работа. Затоа собираме CV-а од

заинтересираните колеги, како идни наши потенцијални вработени или соработници на определен рок, во зависност од проектната програма. Посебна поддршка имаме од нашите колеги, соработници, пријатели од материјалното производство, како и од академските институции, со кои имаме прекрасна континуирана соработка. Квалитетот на работата на МАЦЕФ е во неговите соработници. Но да не должиме (ова не е годишен извештај). Драги колеги и пријатели, Ви пожелувам во име на вработените во МАЦЕФ и во мое лично, име Новата Година да биде исполента со успех на работното место, со здравје, со радост во фамилијата, со бериќет, со мир во опкружувањето, без оглед на сите навестувања за тешките времиња и предизвици кои не очекуваат. Со чашка во рака од „најдоброто од Македонија“ (ракија или вино) Ви наздравувам

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнерна Sustainable Energy Europe

Активности на МАЦЕФ Приштина УНДП

На 5 и 6 декември, во Приштина, се оддржа меѓународна работилница во рамките на подготовка на проектот „Мисли Глобално Равивај Локално“ (Think Globally Develop Locally), организирана од УНДП (Братислава) и НАЛАС. Задолженитеексперти од Македонија, Молдова и Косово, ги презентираа приготвените материјали и врз основа на обемна дискусија се обезбеди подготовка на финалната форма. Активно учество во работата на овој значаен собир имаа претставниците од МАЦЕФ.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 105

Страница 2

Обука на здравствениот сектор за ЕЕ и ОИЕ Како дел од проектот „Заштита на здравјето од климатските промени“, спроведуван од Светската Здравствена Организација во Македонија, се оддржаа обуки за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Обуките се одржаа на 12.12 во Штипсо присуствона персоналот од клиничката болница во Штип, на 14.12 со персоналот од општата болница во Гостивар. Последната обукана која присуствуваа раководи-телите на сите болници во Република Македонија, во присуство на министерот за здравство г-дин Никола Тодоровсе одржа на скопскиот саем.

Проф. Д-р Константин Димитров,Игор Петрушевски од МАЦЕФ и д-р Владимир Кендровски, на присутните на обуките им презентираа информации за состојбата во здравствениот сектор поврзани со климатските промени, потенцијалот за енергетска ефикасност во македонските болници, а беа запознаени и со обновливите извори на енергија и можноста за нивно искористување.

Приготвена е брошура, постер и летоци со пригодна содржина. Во рамките на овој проект се одржа и обука на вработениот персонал задолжен за експлоатација на системите со сончеви колектори, со приготвени прирачници за нив, на експлоатација и одржување. Контрола на проектот ЕУБилд енергетска ефикасност Од 6-ти до 8-ми декември во посета на МАЦЕФ беше претставник од компанијата „Particip GmbH“, чија задача беше контрола на спроведувањето на проектот ЕУБилд енергетска ефикасност. Тој беше запознаен со досегашните активности кои МАЦЕФ ги спроведе како дел од проектот. Исто така претставникот од „Particip GmbH“ имаше разговор со неколку претставници на чинители од земјава, партнери во проектот. Генералниот заклучок беше дека проектот се спроведува коректно и резултатите од активноститесоодејствуваат со целите на проектот. Училишен проект на ЕВН Македонија Во тек се подготвителните активности на училишниот проект финансиран од ЕВН. Како што најавуваме во предходните броеви оваа година концептот на проектот е поразличен. Избрани се училиштата во кои ќе се формираат зелени енергетски клубови. Ќе се работи со вкупно 15 училишта, односно во 5 општини по 3 училишта од секоја општина. МАЦЕФ ќе работи со 6 училишта и ќе опфати 2 општини, а останатите партнер организации со по една општина, односно со 3 училишта. Општините со кои ќе работи МАЦЕФ се општина Липково и општина Студеничани, ОУ„Антон

Зако Чајупи“ с.Отља, ОУ„Дитурија“ с.Липково, ОУ„Култура“ с.Матејче, ОУ„Кемал Ататурк“ с.Количани, ОУ„Наим Фрашери“ с.Студеничани, ОУ „Алија Авдовиќ“ с.Батинци. Останатите општини кои се опфатени се Струга, Прилеп и Струмица за работа со училиштата во овие општини се одговорни партнер организациите „Малдински совет Охрид“, „Жетва на знаење“ и „Планетум“. Во тек се финални преговори со општините и административни обврски кои треба да исполнат за да одЈануари се стартува со работилниците и работата со Зелните енергетски клубови. (ЗТ) Во зима поголем интерес за ЕКО кредитите од ГГФ Откако член од тимот енергетски контролори на МАЦЕФ ја изврши енергетската контрола на фирмата „Дибонан“ од Гевгелија и дојдоа поладни денови, интересот за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК преку ГГФ кредитната линија, се зголеми. Најголем интерес има за ЕКО Плус кредитот кои да потсетиме е до износ од 500.000евра, со 7% каматна стапка, за детални информациикликнете на следниот линк.Тимот наМАЦЕФ, како техничка поддршка за кредитната линија Зелено за развој ГГФ,Ви е достапен на 30 90 177 или на z.tarevska@momee.org.mk (ЗТ) Mакедонските индустриски компании ќе штедат близу 3 мил. Евра во 2012 Заклучно со декември 2011 г. Програмата за финансирање проекти од одржлива енергија во Македонија поддржа 14 проекти во висина на задолжувањата над 4.2 миниони евра. Печатниците меѓукои Полиестердеј, Монико, Киро Дандаро, Европа 92 ќе бидат сектор кој најмногу ќе штеди на енергија во наредните години. Меѓу банките учеснички, НЛБ Тутунска банка успеала да пласира дури седум проекти додека оснатаните се на Охридска Банка- Societe General и Халкбанк. Проектите од енергетска ефикасност кои влучуваат замена на котли, ефикасни системи за пареа и централно греење како и изолација на објекти, замена на прозорци и врати се најзастапени. Двата проекти од обновливи извори на енергија на Специјал и Скопски пазар предвидуваат поставување на геотермални топлински пумпи, а Тинг Инокс од Кочани ќе постави сончеви колектори за загревање на санитарна топла вода. Вкупните годишни заштеди за сите проекти се проценети на приближно 3 милиони, додека кумулативниот повраток на инвестицијата за проекти од ЕЕ е 3 години и за ОИ 4.8 години. Се надеваме дека овие компании пионери во инвестирањето во ЕЕ и ОИ ќе отворат нови можности за зголемена конкурентност на македонските производи во регионот. Тука се вбројуваат компании од печатарска индустрија, металургија, транспорт и шпедиција, слатки и колачи, маркети, пекари, хемиска индустрија и уште многу други бидејќи можностите за заштеда на енергија се неограничени во услови на дотрајана опрема и стари машини. Инаку, WeBSEFF, во регионот поддржа 61 проект во висина од 60 милиони евра. Босна, каде кредитите почнаа да се нудат во 2009 година предводи со најголем број на реализирани проекти. Готовинискиот поврат на инвестицијата од 15 или 20%, ја прави оваа позајмица најповолна во регионот, а средствата се ограничени. Побрзајте, доколку сте решени да го зголемите својот профит на долг рок! Канцеларија во Скопје ве очекува на 3090 130. ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери,но со помош и контрола на поискусните колеги.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 105

Страница 3

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници тимот на МАЦЕФ, подготви неколку корисни совети како да заштедите енергија. 1. Обичните новогодишни светилки заменете ги со LED светилки. Овие светилки користат 90% помалку електрична енергија во однос на стандардните светилки. 2. Новогодишните светилки вклучувајте ги кога ќе се стемни надвор и не заборавајте да ги исклучите пред да си легнете. 3. Додека се вклучени новогодишните светилки исклучете го внатрешното осветлување во просторијата, светилките обезбедуваат доволна светлина за да можете да се движите низ просторијата. 4. Намалете го греењето, доколку имате гости во вашиот дом, бидејќи секое тело ослободува топлина. 5. Купувајте/подарувајте електрични уреди со енергетска класа „А“. 6. Кога готвите користете садови чија големина одговара со грејната плоча. 7. За подгревање јадења користете ја микробрановата печка. 8. Машината за перење алишта е препорачливо да работи кога е целосно полна. 9. Исклучете ги уредите кои што не ги користите 10.Проветрувајте накратко со широко отворен прозорец. Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 75 енергетски контроли за објективо Македонија. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општинитеусогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД И РЕГУЛИРАНИ ПРОСЕЧНИ ТАРИФИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ОРГАНИЗИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА „Службен весник на РМ“бр.168 од 05.12.2011 • ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЦЕНИ НА ЕЛЕКТРИЧНАЕНЕРГИЈА НА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ „Службен весник на РМ“ бр.168 од 05.12.2011 • УРЕДБА ЗА ПОВЛАСТЕНИ ТАРИФИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

„Службен весник на РМ“ бр. 176 од 21.12.2011

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичевои најнов член Демир Капија. Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Десетти собир на експерти на тема „Енергетски контроли и сертифицирање на објекти“ На 1.12 во клубот на новинари се оддржа десеттиот собир на експерти од областа на ЕЕ и ОИЕ, во организација на агенцијата за енергетика на Република Македонија. Тема на овој собир беше „Енергетски контроли и сертификација на објекти“.Г-от Андон Киров од министерството за економија имаше претставување на законската регулатива, а г-ѓата Жељка Хрс Борковиќ од Институтот „Хрвоје Пожар“ од Ребублика Хрватска ги пренесе хрватските искуства од оваа проблематика. Главниот акцент беше даден на обуката и сертифицирањето на енергетски контролори, а искуствата и видувањата на МАЦЕФ, како организација со огромно искуство во спроведување на енергетски контроли и обука на енергетски контролори ги пренесе Игор Петрушевски од МАЦЕф. (ИП) МАЦЕФ на конференција на КАС Фондацијата Конрад Аденауер и проектните партнери Институт за демократија „Социетас Цивилис“ и невладината „ФРОНТ“ 21/42 на 11-ти и 12-ти декември во хотел „Епинал “ Битола, одржаа конференција на тема „Стратегии за регионална енергетска безбедност енергетска политика за време на климатските промени“. На конференцијата присуствуваа претставници од владиниот сектор, приватни компании и невладини организации кои се засегнати со проблематиката на темата. МАЦЕФ активно учествувавше на настанот со свој придонес во две сесии кои беа од интерес на претставниците, Саше Паневски, Зоја Таревска и Даниела Димовска. На конференцијата беше дискутирана моменталната состојба на Република Македонија во однос на снабдувањето на енергија, предизвикот со кој се соочува при исполнувањето на обврските од Кјото договорот и напредокот во однос на искористувањето на обновливите извори на енергија. Проценка на економското влијание од климатските промени Канцеларијата на УНДП во Република Македонија, на 16 декември 2011 година, ја презентираше брошурата „Проценка на економското влијание од климатските промени – Национални студии на случај“ како една од нивните завршни активности за оваа измината 2011 година. Презентацијата на материјалот беше прикажана на присутниот аудиториум кој беше составен од видни личности на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 105

Страница 4

општествениот живот во републиката, како и од личности кои долго време работат на полиња кои имаат многу заедничко со причините и последиците од климатските промени. (ИП) Конференција на тема "ЕУ фондовите можност или предизвик за локален развој" Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИД), во рамките на проектот „Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите: Промоција на локален развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите” финансиран од Европска унија, организираше конференција на тема „ЕУ фондовите можност или предизвик за локален развој“. На настанот присуствуваа претставници од граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа, и тоа не само од градот Скопје, туку претставници и од другите општини од државата. Претставници на МАЦЕФ на овој настан беа Зоја Таревска и Саше Паневски. (СП)Повеќе за настанот Трибина за неискористените јаглеродни кредити и зелени сертификати Во конференциската сала на хотелот Холидеј Ин, во присуство на претставници на владата, компании кои работат во сферата на енергетиката и невладиниот сектор, се одржа трибината „Карбон кредити и зелени сертификати – неискористени механизми и инструменти од Кјото протоколот“. Оваа трибина беше организирана од страна на ДОМ, а со своја презентација се претстави доц. д-р Ана Лазаревска од Машинскиот факултет во Скопје. Претставник од МАЦЕФ на настанот беше Жарко Илиевски. (ЖИ) Стартуваше домување

проектот

на

УСАИД

за

ЕЕ

во

сектор

Министерот за економија Ваљон Сараќини со поздравно обраќање го одбележи почетокот на проектот „Енергетска ефикасност за секторот домување“ на УСАИД и Хабитат Македонија. Г. Сараќини рече: „Овој проект има сеопфатен пристап конподобрувањето на енергетската ефикасност во станбениот сектор, преку директна градежна интервенција на станбени згради. Подигањето на свеста на луѓето во однос на енергетската ефикасност ќе имапозитивно влијание и врз климата и врз животната средина, посебно преку намалувањето на емисијата на штетни гасови“.Бојан Калиманов од МАЦЕФ присуствуваше на настанот повеќе... (БК)

Рекордни постигнувања на модулите на тенка соларна филмска фолија Постигнат е нов рекорд на ефикасност на соларната енергија во категоријата на ефикасноста на модулот на тенката филмска соларна фолија. Компанијата Solibro која е подружница на големата германска соларна компанија Q-Cells SE. повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.economy.gov.mk www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.display-campaign.org/ www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Gas to Power Europe Forum 23 до 25 Јануари 2012, Берлин, Германија форум „Гасот како енергија” е дизајниран да се видат техничките, комерцијалните, законодавните и еколошките предизвици кои се својствени при градењето на иднината на Европа,за зголемување на капацитетите на производство на повеќе... енергија. 8th South-East European Congress and Exhibition on Energy Efficiency and Renewable Energy 28 до 30 март 2012,Софија, Бугарија Настанот ќе биде значајно место на средби за размена на знаења и бизниси во регионот на југо-источна Европа. Учеството претставува голема можност за стекнување на нови партнерства на глобално ниво.(БК)повеќе... 6ти меѓународен енергетски симпозиум и саем 28 до 30 јуни 2012 Измир, Турција 6-тиот по ред симпозиум, организиран од универзитетот Еге каде домаќин е Институтот за сончева енергија и Одделот за механички инженеринг ќе се одржи во јуни од 28 до 30 2012-та год. во Еге универзитетот во Измир, Турција. повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: З. Таревска, Д. Димовска, Б. Калиманов, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Новости од светот Постигнат климатски договор на ОН во Дурбан На климатските преговори кои се одржаа во Дурбан, се постигна пакт кој што за прв пат ќе ги принуди најголемите загадувачи да превземат дејства во донос на прашањето за емисиите на стакленичките гасови. Пакетот на договори го продолжува Кјото Протоколот, единствениот глобален пакт кој наложува спроведување на намалувањето на CO2 емисиите, исто така е договорена формата на фондот кој би послужил на сиромашните земји да се справат со климатските промени како и да оформат договор со легални обврзувања за намалувањето на емисиите на јаглерод.повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

105 infomacef  
Advertisement