Page 1

Број 104

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Ноември беше исполнет со голем број активности од секторот на енергетиката – посебно што мораме да ги загреваме становите и да плаќаме се повисоки цени на сметка на Топлификација АД. Атмосферата се вжештува и заради „тврдата комуникација“ меѓу Централната власт и Топлификација АД. Но, во секој случај корисниците на услугите на Топлификација веќе офкаат и со прифатеното покачување на цената од околу 9%, а уште повеќе ако се прифати барањето од 13-14%. Во секој случај: ЕНЕРГИЈАТА Е РОБА! ТАА ИМА СВОЈА ЦЕНА! Од ова следува дека ќе купуваме толку роба (енергија), колку што ни дозволува домашниот буџет (а тоа не е многу). Манифестацијата одржана во Истанбул (преку ЕУбилд) е вистински погодок. Покрај присуството на над 600 учесници, една од првите награди (пренослив компјутер) го доби најмладиот член од делегацијата – студент на Универзитетот Американ Колеџ, кој учествуваше во изработката на промотивни материјали од секторот на ЕЕ. Успешно се заврши проектот со Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово. Останува уште реализацијата на конкурсот за творби од секторот на ЕЕ и ОИЕ. Реализирани се дијагностички испитувања на опремата во Пивара Скопје, оддел безалкохолни пијалоци. Приготвени се 3 пријави како ИПА партнери во меѓународни проекти. Очекуваме дека сите три ќе бидат предложени во „кусата листа“ предлози, за да приготвиме крајни понуди (следната година) Приготвивме и 2 пријави на меѓународни јавни повици во Косово, во партнерство со силни и реномирани партнери. Реализирани работилници за ЕЕ во 5 општини Меѓународна конференција ЕУбилд во Турција Реализирана е контрола на ЕЕ во рамките на кредитната линија ГГФ Училишен проект на ЕВН Посетете ја рубриката прашања и одговори Голема раздвиженост во секторот се чувствува во овој период, кога повеќе странски компании го истражуваат нашиот пазар. Се очекува значаен проект во секторот на ЕЕ, финасиран од УСАИД. Претставниците на овие компании организираат средби со позначајните „играчи“ испитувајќи ги нивните капацитети и можни форми за соработка. И кај нас дојдоа претставниците на повеќе компании со кои имавме искрени дискусии за нашите можности и очекувања. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловениот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Европскиот ден на претприемачот На 2-ри ноември,во просториите на хотелот Александар Палас, во рамките на „Европскиот ден на претприемачот“, фондацијата Конрад Аденауер и Европската Бизнис Асоцијација организираа работилница на тема „Зелени политики како

фактор за развој на мали и средни претпријатија и претприемништво“. Своја презентација имаше проф. Д-р. Константин Димитров, потенцирајќи ја улогата на граѓанскиот сектор во оспособување на кадрите за претприемништво и отварање свои мали претпријатија

Состанок со Deloit На 03.11 во просториите на МАЦЕФ се оддржа состанок со претставници на реномираната меѓународна компанија Deloitte. На состанокот, на претставниците на Deloitte им беа претставени капацитетите на МАЦЕФ и нашите искуства и активности на полето на енергетиката и енергетската ефикасност. Како резултат од средбата беше потенцирана желбата за меѓусебна соработка во иднина.(ИП) УНДП – Работилница за ЕЕ и користење на софтвер за енергетски мониторинг Во рамките на проекот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“, УНДП организираше работилница за ЕЕ и користење на софтверот ExCITE. МАЦЕФ приготви материјал кој беше претставен на претставниците на Центрите за развој на 8-те републички плански региони. За одбележување е особениот интерес кој беше покажан за соработка и помош на општините при изработката на Програмите за енергетска ефикасност, како и новиот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија Интернационален самит во Истанбул Како дел од активностите на проектот „ЕУбилд“, на 22-ри и 23-ти ноември во Истанбул, Турција се одржа третиот меѓународен самит за квалитет во градежништвото, насловен како „Самит за глобална конкуренција и одржливост - Енергетска ефикасност во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 104

Страница 2

градежниот сектор“. Воведната презентација се фокусираше на потрошувачката на енергија во градежниот сектор, според истражувањето направено од страна на европскиот центар „Global Buildings Performance Network“. Во ЕУ-27 има објекти со вкупна површина од 24 милијарди m2. Сепак, само Данска, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија поседуваат 65% од вкупната површина на зградите во ЕУ. Интересно да се чуе е дека 75% од зградите се станбени, а само 25% се комерцијални и јавни згради. Само 50% од сопствениците на зградите живеат во сопствени домови, додека другата половина се потстанари, од каде се наметнува прашањето колку втората група е мотивирана за инвестирање и дали сопствениците се подготвени да се откажат од нивниот профит и да инвестираат во енергетската ефикасност. На самитот на кој учествуваа претставници на компании од градежниот сектор и енергетска ефикасност, учествуваше и делегација од Република Македонија, претставници на проектот ЕУбилд. (ИП) Проект Wide the SEE by Succ Mode Од 28-30 ноември во Ксанти, Грција се одржа редовен состанок на Управниот одбор и работни средби на работните групи на проектот Проширување на употребата на термални сончеви колектори во ЈИЕ. На средбите се дискутираше за досега сработеното и следните чекори за забрзување и завршување на преостанатите активности. МАЦЕФ во наредната година ќе организира регионална конференција во февруари месец, на тема енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. (ФП) www.widethesee.eu Реализирана енергетска контрола на опрема Енергетските контролори, членови од тимот на МАЦЕФ за техничка поддршка на фондот ГГФ – Зелено за развој, извршија енергетска контрола во компанијата апликант за кредит кој фондот го нуди преку ХАЛКБАНКА во делот на нестандардни мерки. Беше извршена контрола на дел од опремата која компанијата ќе ја менува со цел да добие поефикасно производство и да ги исполни основните услови на кредитот ЕКО Плус. МАЦЕФ ја потврди извршената проценка и контрола на апаратурата и заклучи дека компанијата ги исполнува условите за добивање на кредит бидејќи предвидената опрема овозможува заштеда на енергија и ја намалува емисијата на штетни гасови повеќе од задолжителните 20%. Само за потсетување, ЕКО и ЕКО Плус кредитот се достапни во ХАЛКБАНКА, наменети за физички, односно за правни лица преку фондот ГГФ – Зелено за развој, а МАЦЕФ е техничка поддршка. Главната поволност на оваа кредитна линија е пониската каматна стапка и брзината на доделување на кредитот. Техничката услуга и контрола од страна на МАЦЕФ е бесплатна за инвеститорот. Повелете информирајте се на 3090 178 или на е-mail: z.tarevska@momee.org.mk. (ЗТ) Училишен проект на ЕВН За потребите на Училишниот проект на ЕВН Македонија, МАЦЕФ изработи Прирачник за енергетските зелени клубови за младите од основните училишта опфатени со проектот. Прирачникот е изработен со намена да биде основно средство за работа на „Зелените енергетски клубови“, а воедно претставува и практикум за наставниците кои ќе бидат директно вклучени во работата на клубовите. Прирачникот содржи бројни задачи и активности на тема: основи на енергија, потекло на енергија, изворите на енергија, видовите на енергија, разумно користење на електричната енергија, енергетска ефиканост и потрошувачка на електрична енергија. Активностите се со интересна содржина со што преку анимација и пракса учениците ќе се запознаат со темите поврзани со енергија. Времетраењето на активностите е различно, некои активности се предвидени да се одвиваат континуирано во текот на учебната година, дел се краткотрајни и дел се со промотивна цел. (ЗТ)

Работилница за потребите на Училишниот проект -ЕВН На 26.11. во просториите на МАЦЕФ се одржа работилница меѓу сите партнерски организации кои се вклучени во реализација на училишниот проект на ЕВН. „Младински совет Охрид“, „Жетва на знаење“ - Прилеп, „Планетум“ - Струмица, „Конект“ и „МАЦЕФ“ се партнерските организации кои учествуваа на работилницата. Беше презентиран прирачникот за „Зелени енергетски клубови“ и измените во проектот. „Конект“ ги презентираа измените во проектот и логистиката на проектот, „МАЦЕФ“ го претстави прирачникот и детално ја презентираше содржината и начинот на реализација на активностите и предвидените задачи. Беа дискутирани и прифатени забелешките и предлозите од колегите. Се надеваме на успешна соработка и оваа година и успешна работа. (ЗТ) Работилници за ЕЕ и ОИЕ Во периодот од 7 до 11 ноември МАЦЕФ во соработка со Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово реализираше вкупно 12 работилници во рамки на проектот „Енергетските ресурси – Виза за зелена иднина“, финансиран од Светска Банка. На работилниците беше обработена темата зголемена енергетска ефикасност и поголема примена обновливите извори на енергија во објектите, а беа посетени вкупно 5 општини од североисточниот регион на Македонија: Старо Нагоричане, Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Со имплементацијата на работилниците беа опфатени две целни групи, во првата целна група беа учениците од четврто до осмо одделение од основните училишта, а втората целна група беше составена од општинската администрација и наставниците од основните училишта. Воедно работилниците предизвикаа голема заинтересираност кај двете целни групи. (ДД) Недела на енергетика Македонија 2011 По завршувањето на традиционалната манифестација „Недела на енергетика Македонија 2011“, не стивнуваат реакциите и интересот за темата на годинешниот централен настан – конференцијата „Ние инвестиравме во ефикасни објекти, А ВИЕ?“ и дебатата „Идејни проекти наспроти реализирани проекти“. Заради тоа на официјалната страница на www.energyweek.mk ги поставивме конференцијата презентациите од конференцијата, како и заклучоците од дебатата. (ИП) ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

Oбукa за подготовка на проектни пријави за ЕУ фондови Преку „Социетас Цивилис“ - Скопје во рамките на проектот „Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите - промоција на локалниот развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите“ се организира обука за подготовка на проектни апликации за ЕУ фондови. Обуката се одржа во хотел Арка на 14 - 15 ноември и 21 - 22 ноември. Обуката ја посетија учесници од граѓанските организации и локалните самоуправи од Скопје, меѓу кои имаше и претставници од МАЦЕФ. Целта на обуката беше претставниците од граѓанските организации и од локалната самоуправа да соработуваат и заедно да дојдат до проектни идеи кои ќе ги развиваат во проектни апликации. (СП)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 104

Страница 3

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Која е разликата меѓу обуката за енергетска контрола организирана од страна на МАЦЕФ и обуката која ја организира ЕБРД BAS (Business Advisory Services)? Разликата е суштинска и се состои во следното (табела): Business Advisory МАЦЕФ Обуката трае 60 часа Обуката ја спроведуваат професори од Машински, Електро, Архитектонски и Градежен факултет, како и сертифицирани тренери за обука на енергетски контролори Кандидатите изработуваат реферат за извршена енергетска контрола на еден објект Кандидатите полагаат испит на Машински факултет Кандидатите добиваат Уверение дека се СЕРТИФИЦИРАНИ како енергетски контролори Кандидатите се обучуваат да користат 2 специјализирани софтвери: за пресметка на заштеди на енергија и за економски придобивки и смалена емисија на штетни материи Кандидатите ги добиваат БЕСПЛАТНО лиценцираните софтвери за натамошно користење при својата дејност Уверението е потврдено од МАЦЕФ, Машински Факултет Скопје и ЕНСИ од Норвешка Обуката се плаќа

Services 30 часа Обуката ја спроведува еден енергетски контролор, кој претходно ја поминал обуката во МАЦЕФ Не Не

Кандидатите добиваат Уверение дека ПОСЕТУВАЛЕ тренинг курс

Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано 135 енергетски контроли за објекти во Македонија. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Нема таква обука

Не добиваат софтвери Уверението е потпишано од консултантот (ТЕД консултинг Скопје) и раководителот на канцеларијата на БАС програмот Обуката е бесплатна

Како да проверам колку трошат енергија електричните апарати во домаќинството? Сакате да воведете мерки за енергетска ефикасност во вашиот дом? Променете го режимот на користење на електричните апарати за домаќинство со помош на калкулаторот на А.Д. ЕЛЕМ! Овој калкулатор можете да го најдете на веб страната на ЕЛЕМ и е одлична алатка за намалување на потрошувачката на енергија во секое домаќинство. Проверете колкаво количество електрична енергија користи секој уред, колкава е потребата за електрична енергија на сите уреди заедно и колку би платиле за електрична енергија. Проверете кој уред е најголем потрошувач, одредете нов режим на користење на апаратите и заштедете енергија и пари! (СП) врска до калкулаторот Која е врската меѓу светилките во однос на осветлувањето изразено во вати [W] и новите во лумени [lm]? Како да се поврзат? Преминот кон новите ознаки често носи забуна. Врската е прикажана на следниот дијаграм. За стандардни домашни потреби нивото на осветленост треба да биде на ниво на 500 lux. lux=lumen/m2

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ПРАВИЛНИК ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА И ДРУГИТЕ РЕСУРСИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ ШТО КОРИСТАТ ЕНЕРГИЈА (*) „Службен весник на РМ“ бр. 154 од 04.11.2011 • ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИН И УСЛОВИ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ТАРИФИ ЗА ПРЕНОС, УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМОТ ЗА ПРЕНОС И ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС „Службен весник на РМ“ бр. 151 од 31.10.2011 • ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ГОРНИТЕ ГРАНИЦИ-ПЛАФОНИТЕ НА ЕМИСИИТЕ НА ЗАГАДУВАЧКИТЕ СУПСТАНЦИИ СО ЦЕЛ УТВРДУВАЊЕ НА ПРОЕКЦИИТЕ ЗА ОДРЕДЕН ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА НАМАЛУВАЊЕТО НА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕМИСИИТЕ НА ЗАГАДУВАЧКИТЕ СУПСТАНЦИИ НА ГОДИШНО НИВО „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 09.11.2011

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и најнов член Демир Капија. Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Работилница „Анализа и планирање на енергетската политика во Македонија: Првични резултати“ На 02.11 во дипломатик салата на Скопски саем се одржа работилницата на која беше претставен моделот за развој на македонскиот енергетски систем со

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 104

Страница 4

помош на софтверскиот пакет „МАРКАЛ“, кој треба да придонесе при изработката и на наредните стратешки документи за развој на енергетиката. На настанот на кој присуствуваше претставник од МАЦЕФ, како главна забелешка беше посочен недостатокот на квалитетни податоци, кои претставуваат главен влезен параметар на софтверот и предуслов за квалитетна анализа, а со тоа и квалитетни стратешки документи. (ИП) Потпишани се проектните документи за изработка на Трет национален извештај за климатски промени како и за пренесување на искуствата на Р.Бугарија на тема проблематиката на стакленички гасови Mинистерот за животна средина и просторно планирање, во соработка со УНДП во Македонија, ги потпишаа проектните документи за изработка на „Трет национален извештај за климатски промени кон рамковната конвенција за климатски промени на ОН„ како и за реализација на проектот „Користење на бугарското искуство за мониторинг, рапортирање и верификацијата на емисии на стакленички гасови потребни за учество во шемата за трговија со емисии на ЕУ“. Повеќе... Најавен е почетокот на кампањата за собирање на отпадни батерии Министерството за животна средина и просторно планирање го најавува отпочнувањето на едукативна кампња за подигање на јавната свест за негативното влијание на отпадните батерии кои не се соодветно складирани по нивната употреба. Повеќе... Згради што ќе штедат енергија Подобрување на енергетската ефикасност на вкупно 26 згради во седум општини од државата и подобрување на управувањето со зградите преку обуки на на сопствениците е целта на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност на станбентите згради кој беше претставен во Тетово. - Овој проект ќе трае три години, а наша цел е да се изберат згради на кои ќе бидат применети мерките за енергетска ефикасност како поставување на термофасади и промена на вратите и прозорците за што ќе се формира обновлив фонд од кои одбраните субјекти ќе може да го користат за заеми во реализацијата на зафатите - рече проектната координаторка на проектот Елена Мицева. (СП) Повеќе...

Новости од светот Плочки кои произведуваат електрична енергија Дизајнирани се за употреба во области со висок интензитет на движење на пешаци. Плочките ја конвертираат кинетичката енергија на пешачките чекори во електрична енергија, која може да се складира во литиумска батерија, или да се користи за улично осветлување, знаци, звучници, аларми и рекламирање. Овие плочки се направени од речиси 100% рециклиран материјал (најчесто гума) и малку од нерѓосувачки челик. (ФС) Повеќе... Нуклеарната енергија - 14% од вкупното производство на електрична енергија Според Свеската нуклеарна асоцијација, во светот постојат повеќе од 440 нуклеарни реактори кои работат во 30 земји. Вкупниот капацитет на нуклеарните централи изнесува 377 000 MWe. Електричната енергија која што е произведена во овие нуклеарни централи учествува со околу 14% во вкупното производство на електрична енергија во светот, односно 2716 TWh. Најголемото производство на електрична енергија е од јагленот кој учествува со 40%, потоа следува гасот, водата итн. (ФС) Повеќе...

Задкулисна битка околу Директивата за енергетска ефикасност Целите предложени во предлог директивата за енергетска ефикасност се оспорени од земјите членки, на чело со Велика Британија и Холандија, кои вршат притисок за некои одредби да бидат целосно избришани. Во последната верзија на ЕУ документот предвидено е подточката од оригиналната Директива „задолжителна годишна стапка од 3% на

реновирање на јавните објекти поголеми од 250 метри квадратни“ да се замени со „јавните објекти поголеми од 500 метри квадратни“, со што ќе се намали бројот на објекти

кои задолжително мора да се реновираат. Поради ова, постојат многу прашања од страна на земјите-членки за тоа каква ќе биде импликацијата од оваа конкретна одредба, која според објаснувањата е направена поради „тековните буџетски ограничувања на земјите-членки“. Повеќе... Договорот за заштеда на енергија одложен до 2012 година ЕУ министрите за енергија го повторија своето противење за донесување обврзувачки цели за заштеда на енергија, оставајќи го политичкиот договор за следното данско претседателство во првата половина на 2012 година. Повеќе… Европските Градоначалници помовираа заштеда на енергија и покрај застојот во разговорите Над 3.000 градоначалници се здружија во напор да покажат дека целите за енергетската ефикасност може да се имплементираат преку „bottom-up“ пристапот, и покрај стагнирањето на разговорите за предложената ЕУ Директива за енергетска ефикасност. Преку кампањата „Engage“ (вклучи се), градоначалниците испратија порака до националните лидери дека „луѓето сакаат да знаат што може да направи за да се заштеди енергија и треба да им се објасни зошто треба да се двои отпадот“. Повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Gas to Power Europe Forum 23 до 25 Јануари 2012, Берлин, Германија форум „Гасот како енергија” е дизајниран да се видат техничките, комерцијалните, законодавните и еколошките предизвици кои се својствени при градењето на иднината на Европа, за зголемување на капацитетите на производство на енергија. повеќе... 8th South-East European Congress and Exhibition on Energy Efficiency and Renewable Energy 28 до 30 март 2012, Софија, Бугарија Настанот ќе биде значајно место на средби за размена на знаења и бизниси во регионот на југо-источна Европа. Учеството претставува голема можност за стекнување на нови партнерства на глобално ниво. (БК) повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

104 infomacef  
104 infomacef  
Advertisement