Page 1

Број 103

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец октомври е секогаш од посебно значење за нашиот Центар, затоа што во тој период традиционално ја организираме препознатливата и очекувана Недела на енергетиката. Дека навистина е очекувана веќе имавме претчувство, затоа што колегите прашуваа за датумот и местото на одржувањето, пред да биде тоа најавено. Втората потврда е бројот на заинтересираните – над 130 учесници во салата на Град Скопје, во која немаше доволно место за седење на сите присутни, кои стоеја или се снаоѓаа да ги користат и скалилата меѓу редовите за седење. Интересот се засновува на избраната тема и по традиција, учество од странство на претставниците на меѓународниот проект ЕУбилд. Основните задачи кои го одбележаа овој месец и за кои сметаме дека треба да се најде место во овој информатор се следниве: Недела на енергетика Меѓународна конференција во Белград Нов проект на ЕВН во секторот на енергетска ефикасност Потпишан договор за изработка на студија за Италијанска фирма – сектор производство Прокредит банка промовира нова кредитна линија за ЕЕ Се реализираа и голем број на средби со претставници на призводители на опрема за ЕЕ и обновливи извори. На крај, но не и помалку важно – во Скопје се организираше штрајк со глад против ставот на ЕУ во однос на македонскиот јазик и кон Македонија во целост. Лично го поддржав овој протест со потпишување во книгата која организаторот ќе ја достави до надлежните во ЕУ. Иако не е во делот на енергетска ефикасност, оваа мерка ја сметам за ЕФИКАСНА во намерата да се спречи натамошното обезличување на нацијата Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко.

МАЦЕФ е член на: - член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на RЕЕЕP, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловениот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Недела на енергетика На 19-ти октомври во Град Скопје се одржа централниот настан од традиционалната манифестација, регионалната конференција насловена „Ние инвестиравме во ЕЕ објекти – А Вие?“ и дебатата „Идеи наспроти реализирани проекти“. Фокус на овогодинешната конференција беа успешните приказни за енергетски ефикасни објекти кај нас. Конференцијата предизвика голем интерес заради фактот што учесниците можеа директно да се уверат во придобивките од енергетската ефикасност директно од компаниите кои се решија да вложат и да реализираат вакви проекти. Целта на дебатата пак, беше да се споделат искуствата во обезбедување финансиски средства и да се дадат практични совети за надминување на препреките во добивање финансиска поддршка од финансиските институции.

На оваа меѓународна конференција учествуваа и претставници од Турција, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои го реализираат проектот ЕУбилд, во кој учествува и МАЦЕФ. Конференцијата е реализирана под покровителство на проектот ЕУбилд, во соработка со Канцеларијата за Енергетска ефикасност при градот Скопје, и Универзитетот Американ колеџ, а со поддршка на Министерството за економија. Повеќе информации, како и презентациите и фотографии од настанот можете да најдете на официјалната интернет страна www.energyweek.mk. (ИП) Соработка со Италијански компании Во согласност со едногодишната конструктивна соработка помеѓу МАЦЕФ и неколку компании од Италија, на средбата со сопственикот на компанијата DEL PEZZO Srl, Antoio Del Pezzo и консултантот Mr. Antonio

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 103

Страница 2

Grassini, се потпишаа неколку спогодби и еден конкретен договор кој треба да се реализира во следните 3 месеци. Предмет на договорот е од секторот на производство на сончеви колектори и нивно вградување во градежни објекти со цел глобално да се зголеми енергетската ефикасност. Животна средина и ЕЕ во регионот на Југоисточна Европа – Global Compact Network На 6 октомври, во Белград, во организација на Глобалниот договор на ОН во Србија и Стопанската комора на Србија, се одржа меѓународната конференција со горенаведениот наслов. Покрај рефератите на г-дин Juerg Staudenmann (УНДП), Ивица Радовиќ, државен секретар во Министерството за животна средина, рударство и просторно планирање, Милош Бањац, помошник министер во Министерството за инфраструктура и енергетика, свои излагања имаа и повеќе светски познати компании.

Панел дискусијата – Искуства во однос на ЕЕ во регионот ја отвори со свое излагање проф. Д-р Константин Димитров, МАЦЕФ, со својот повикан реферат „Energy Efficiency – Is It N ecessity? “. Провокативната содржина, која е слична во целиот регион, предизвика опширна дискусија, која се продолжи неколку часа после официјалното завршување на конференцијата. ЕУбилд тимот во посета на пасивниот објект на ЕКСПРО во Струмица Како дел од активностите на проектот ЕУбилд енергетска ефикасност, во рамки на манифестацијата „Недела на енергетика“, проектниот тим составен од координаторите и националните експерти од Македонија, Турција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија беа во посета на пасивниот објект на компанијата ЕКСПРО. При посетата гостите беа запознаени со концептот на пасивна куќа и детално беа информирани за сите системи и специфики на објектот. Гостите беа воодушевени од она што го слушнаа и видоа и изразија желба таков објект, кој воедно е отворен за посетители, да се изгради и во нивните земји. (ИП) Енергетска ефикасност во згради - обука на ЕБОР - БАС програма Во периодот од 03 до 07 октомври 2011 во хотелот Средно Водно, двајца претставници од МАЦЕФ учествуваа на обука за „Енергетска ефикасност во згради“, организирана од страна на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР во рамки на програмата БАС. Обуката на тема ЕЕ во згради беше спроведена од ТЕД Консалтинг од Скопје. Предавач беше гдинот Живко Димов. На 5 дневната обука присуствуваа 31 учесник од различни технички области. На крајот на обуката на сите учесници им беа доделени сертификати за учество. (ДД) „Како да заштедиме електрична енергија?“ Проектот „Како да заштедиме електрична енергија?“ е уште еден доказ за успешната соработка на ЕВН Македонија со МАЦЕФ. Проектот се спроведува веќе неколку сезони, а од месец октомври и МАЦЕФ е вклучен во изведба на активности од овој проект.

Целта на проектот е подигнување на свеста за штедење на електрична енергија во домот кај социјално загрозени категории на граѓани (претежно жени) на кои им се сменети броилата и се од регионите во кои е потребно подобрување на мрежата (нас. Топаана, нас. Шуто оризари, с. Теќе, с. Желино, с. Матејче, нас. Есперанто, с. Студеничани и с. Батинци). Активностите предвидуваат работилници со жени во секој од предвидените региони. Работилниците ги водат претставници од МАЦЕФ и преку интерактивна комуникација со присутните се учат начини и постапки како разумно да ја користат електричната енергија во домот. Исто така, на работилниците се информираат граѓаните и за поволностите кои ЕВН Македонија ги нуди за плаќање на заостанат долг и поволности за социјално загрозените домаќинства. (ЗТ) ПЛАЗМА – Град Скопје На 25.10. во просториите на град Скопје се одржа презентација на технологија за третман на градскиот смет и негова трансформација во квалитетно гориво, со современа ПЛАЗМА – технологија. Презентацијата, во организација на МАЦЕФ, беше реализирана од страна на г-дин Војко Голоб, директор на компанијата „Нове Енергије“, овластен застапник на производителот на технологијата. Присутни беа директорот на ЈП „Дрисла“, г-дин Горан Ангелов, како и членовите на канцеларијата за ЕЕ на град Скопје. Оваа компанија ќе учествува на тендерот за набавка на постројка за обработка на медицински отпад, како и на тендерот за ЈПП за третман на сметот во депонијата „Дризла“. ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги. Претходниот профил на образование е широк: енергетско и еколошко машинство, електротехника, градежно и архитектонско инженерство насочено кон енергетиката. Според тоа очекуваме да ни’ испратите своја биографија и писмо во кое ќе ги наведете вашите желби и очекувања од работата (еден вид сопствена проценка на своите карактеристики). Ние ќе ве поканиме на разговор и заради можен ангажман. Ќе формираме база на податоци на овој кадар, а Вашите податоци, единствено со ваша согласност, ќе ги доставиме и до компаниите со кои соработуваме, а повремено се јавуваат за да им предложиме млади способни личности за вработување.

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

Прокредит Банка - нова кредитна линија за ЕЕ На 27-ми октомври Прокредит банка го промовираше својот нов производ „ЕКО кредит“, наменет за правни и физички лица кои сакаат да инвестираат во енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија. Воедно оваа кредитна линија ќе биде придружена со бројни настани и активности за актуелизација на енергетската ефикасност и финансирање проекти. МАЦЕФ како организација која е синоним за енергетска ефикасност во нашата земја, беше поканета со излагање за моменталните трендови и случувања на ова поле кај нас, да даде дополнителна актуелност на оваа иницијатива на Прокредит Банка. Карактеристики на оваа кредитна линија се намалени каматни стапки до 2%, продолжен рок на отплата до 15год. и флексибилно

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 103

Страница 3

обезбедување. Повеќе информации за кредитната линија можете да дознаете тука. (ИП)

УНДП/НАЛАС спроведува регионален проект Во минатиот број на нашиот информатор, најавивме дека на регионално ниво УНДП (Братислава) и НАЛАС го реализираат проектот „Think Globally, Develop Locally”, со основна задача да се формира мрежа за поддршка при спроведувањето на политиката за спречување на климатските промени на локално ниво. Во меѓувреме е реализиран заклучокот на меѓународниот тим, и во изработката на овој проект вклучен е и проф. Д-р Константин Димитров од МАЦЕФ Училишниот проект во новата учебна година со ново руво И оваа учебна година МАЦЕФ останува партнер на ЕВН Македонија за спроведување на активностите од училишниот проект. Со освежен концепт на проектот, со нова динамика и активности кои ќе придонесат за поголема ангажираност, свесност и ефективност кај учениците. Оваа година децата ќе бидат дел од 15 енергетски клубови кои ќе се основаат во училиштата и активно ќе работат во текот на целата година. Тие ќе бидат основани во различни општини со цел да се опфатат и руралните средини. Задачата на клубовите ќе биде развивање на конкретни мерки за енергетска ефикасност во нивните училишта, населеното место и општината. За текот и реализацијата на активностите енергетските клубови ќе имаат постојана поддршка и соработка со општините и со инженери од МАЦЕФ. Новиот концепт на проектот ќе креира одржливи акции за енергетска ефикасност во училиштата кои ќе користат за идните генерации. (ЗТ)

Нова рубрика

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Како да изберете квалитетни ПВЦ прозорци При избор на прозорци со ПВЦ рамки најчесто цената е главниот фактор. Иако таа е важна, сепак не смее да биде пресудна. Важна работа при изборот е да се знае што се купува, за да не се случи за значително помала сума на пари да се добијат прозорци со значително полоши карактеристики од оние кои се малку поскапи. Еден ПВЦ прозорец се состои од: • Рамка и крила од ПВЦ профил • Оков • Гуми за затнување • Стакло ПВЦ проф ил - Сите профили се изработуваат од поливинил хлорид, што претставува еден вид на пластика. При нивната изработка производителите додаваат и разни додатоци, со цел да ги подобрат нивните карактеристики: белината, мазна површина, подобра отпорност на УВ зраците, еластичноста. ПВЦ профилите се разликуваат по бројот на комори, бројот на затнинки (гума за затнување), ширината на самиот профил и дебелината на надворешниот слој на профилот. На нашиот пазар можат да се најдат производите на поголем број компании, од кои набројуваме само неколку: REHAU, VEKA, GEALAN, SALAMANDER и др. Често можеме да слушнеме дека една рамка има три комори, друг пет итн. Всушност станува збор за воздушни комори кои се сместени внатре во самата рамка. Од фотографијата може да се забележи дека во средната комора има поставено челичен профил (обележан со црвена боја), кој овозможува стабилност и цврстина на ПВЦ рамката. Меѓутоа овој профил ги вложува топлинските карактеристики на рамката, па поради тоа во последно време се прават композитни профили кои се самоносечки, односно челичната конструкција е изоставена од рамката. Моментално кај нас на пазарот се нуди профилот Генео, кој е производ на РЕХАУ. Дебелината на ѕидовите на профилот најчесто е во граници од 1,5 mm до 2 mm и истата не смее да биде помала од 1,5 mm. Бројот на воздушни комори и ширината на профилот има многу важна улога врз коефициентот на пропустливост на топлина „U“ [W/m2K]. Профилите кои имаат поголем број на комори и поголема ширина на ПВЦ профилот имаат подобри изолациски својства во споредба со профилите со помал број на комори и помала ширина на ПВЦ профилот.

Гуми за затнување. Гумата за затнување има задача да го спречи навлегувањето на прашина, вода, ветер, бучава во самиот прозорец. Најчесто прозорците имаат по две гуми за затнување, но се почесто се сретнуваат и прозорци со три гуми за затнување. Кај овие прозорци најважна е средната гума за затнување. Таа овозможува дополнителна заштита и заштеда на енергија при различни временски услови. На сликите подолу се прикажани профилите со 2 и 3 затнинки. Стакло Стаклото е битен фактор кај сите видови прозорци и затоа треба да се посвети посебно внимание при изборот. ПВЦ прозорците стандардно се изработуваат со двојно застаклување 4-16-4. Ова значи дека прозорецот има две стакла, секое со дебелина од 4 mm на меѓусебно растојание од 16 mm, просторот е херметички затворен и може да биде исполнет со воздух или некој друг инертен гас, а најчесто се употребува аргон. Исто така за подобрување на топлинската изолација наместо обичното стакло се става ниско емисивно стакло, на кое е нанесен специјален премаз. Оков Треба да се внимава да биде од реномиран производител и со гарантиран квалитет. Во спротивно, може бргу да се оштети и да ја смали функционалноста на целиот прозорец. На крај, а не помалку важно: Барајте од продавачот-производителот да ви даде ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ и АТЕСТ од испитување во овластена лабораторија (таа работи во рамките на Факултетот за дрвна индустрија). И од најдобри рамки, со најдобро стакло, може да се добие лош краен производ. (ФС)

Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано 135 енергетски контроли за објекти во Македонија. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 03.10.2011 • ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „Службен весник на РМ“ бр. 136 од 03.10.2011 • ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОИЗВОДИ „Службен весник на РМ“ бр. 136 од 03.10.2011 • ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА „Службен весник на РМ“ бр. 136 од 03.10.2011 • ПРАВИЛНИК ЗА ЛИЦЕНЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ДЕЈНОСТИ „Службен весник на РМ“ бр. 143 од 15.10.2011 • ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРОДАЖНА ЦЕНА НА ПРИРОДЕН ГАС ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ОД 2011 ГОДИНА „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 17.10.2011 (ИП)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 103

Страница 4

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци и Кичево. Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Награден проектот за енергетска ефикасност на ЕВН Македонија Во конкуренција на 63 проекти на 38 претпријатија, ЕВН Македонија доби признание за општествено одговорни практики за 2010 година во категоријата односи на пазарот со корисници на тема енергетска ефикасност. Наградата ја додели министерот за економија г-дин Ваљон Сарачини. МАЦЕФ беше еден од главните реализатори на овој проект. (ДД) Повеќе... Конференцијата “Енергетски предизвици, актуелна состојба и банкарство” На конференцијата која се одржа во мултибизнис центарот на скопски саем, учество земаа владини институции, инвеститори, компании, факултети, финансиски институции, невладини организации и други засеганати страни во енергетскиот сектор. Заклучоците од оваа конференција кажуваат дека новиот закон за енергетика без преодните одредби донесе нови проблеми за оние кои веќе ги започнале своите активности при изградба на постројки од обновливи извори. Државата мора да ја зајакне секундарната легислативата во ОИЕ, но истовремено и да размисли за создавање на посебен Закон за обновливи извори на електрична енергија. (БК) Повеќе... На Патот кон Зелен развој Светската банка и Република Македонија се здружија во изнаоѓање на нови начини за развој, со истовремена заштита и подобрување на животната средина. Светска банка формално ја промовираше Аналитичката и Советодавна Програма за поддршка на Зелениот развој и климатските промени кон крајот на септември 2011 година, со финансиска поддршка од Светската банка и владите на Норвешка и Шведска. Програмата ќе ја надгради Македонската национална стратегија за одржлив развој и обврските што произлегуваат од пристапот кон Европската унија. Фокус на програмата е креирање на работни места, сеопфатен развој, прилагодување кон климатските промени, намалување на емисијата на стакленички гасови, реформи во политиките и јавните инвестиции. Програмата за зелен развој вклучува студии, анализи, техничка помош и тренинг. (ЖИ) Повеќе... Регионален концепт на планирање во енергетскиот сектор и политиките Министерот за економија, г-дин Ваљон Сарачини, учествуваше во работата на Деветтиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, кој на 06.10 се одржа во Кишињев, Република Молдавија, претседавач на енергетската заедница во 2011 година. Со состанокот претседаваше г-дин Валериу Лазар, потпретседател на Владата на Молдавија и министер за економија, заедно со г-дин Фабрицио Барбасо, заменик на генералниот директор за енергетика во соодветниот директорат. На Министерскиот совет присуствуваа повеќе министри надлежни за енергетика на земјите - потписнички на Договорот за основање на енергетската заедница. На овој состанок едногласно е потврдена заложбата Ерменија да стане набљудувач на Енергетската заедница без право на дискусија и право на глас. (ЖИ) Повеќе...

Собир на експерти од областа на ЕЕ и ОИЕ На 06.10 Во просториите на Машинскиот факултет во Скопје се одржа собир на експерти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. На овој собир, со наслов „Финансиски алатки за поддршка на енергетиката“ беа отворени и преку дискусија разгледани проблемите со финансирањето на проектите од енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. (ЖИ) Во РЕК „Битола“ успешно e завршена модернизацијата и автоматизацијата на Термоелектраната „Битола 2“ Во РЕК „Битола“ успешно e завршена модернизацијата и автоматизацијата на Термоелектраната „Битола 2“. Успешното завршување на модернизацијата на вториот блок, како и модернизацијата на првиот и третиот блок, се почеток на еден силен инвестициски циклус на ЕЛЕМ кој во наредните четири години ќе има вкупна вредност од 300 милиони евра, истакна министерот Ставрески во РЕК „Битола“. Повеќе...

Новости од светот Шкотска финансира возила со ниско ниво на емисија на штетни гасови во јавниот сектор 4,2 мил. фунти се ставени на располагање за охрабрување на државните органи да се користат возила со ниска емисија на штетни гасови, најави Алекс Нил, секретар на кабинетот за инфраструктура и капитални инвестиции. Оваа финансиска најава помага na Шкотска за намалување на емисиите за 42% до 2020 година и се базира на повеќе од 4,3 мил. фунти, достапни минатата година на локалните власти кои добиле средства за да им се помогне да се заменат возилата на конвенционално гориво со алтернативни возила со ниска Повеќе... емисија на штетни гасови. (СП)

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.energyweek.mk www.energyweek.com.mk www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.worldbank.org www.erc.org.mk www.ase.org/ www.rec.org www.euractiv.com/

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

Манифестации Gas to Power Europe Forum 23 to 25 January 2012, Берлин, Германија форум „Гасот како енергија” е дизајниран да се презентираат техничките, комерцијалните, законодавните и еколошките предизвици кои се својствени при градењето на иднината на Европа, за зголемување на капацитетите на производство на Повеќе... енергија. 8th South-East European Congress and Exhibition on Energy Efficiency and Renewable Energy 28 до 30 март 2012, Софија, Бугарија Настанот ќе биде значајно место за размена на знаења и можност за бизнисите во регионот на југоисточна Европа. Учеството претставува голема можност за стекнување на нови Повеќе... партнерства на глобално ниво. (БК) Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

103 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you