Page 1

Број 102

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ 8 септем ври 2011 20 години сам остојност! 20 години на слободен м акедонски јазик ! М акедонски пари! М акедонска војска. Нека ни се честити наш ите успеси! Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец септември е одбележан со неколку големи настани – 1. Свечeно одбележување на денот на независноста! 2. Успехот на нашата кошаркарска репрезентација на Европското првенство! 3. Тркалезна маса – Инфраструктура, развој и енергетика. Како по традиција, во овoј месец се започнуваат енергично подготовките за нови проекти, се сумираат резултати од работата преку летото, проследени со прераскажувања на доживувањата, успесите (службени и лични), разочарувања... Нашиот успех зависи од пронаоѓање и вклучување на талентирани личности кои штотуку ја започнуваат својата кариера, а кои можат да учествуваат и финализираат различни проекти. За таа цел, ние приготвуваме база на податоци за квалификувани кандидати. Како што и можеше да се очекува, бевме ангажирани на повеќе полиња – завршување на превземни обврски, активно учество во дискусиите организирани од Министерствата, граѓанскиот сектор, производните организации, подготовки на пријави на јавните повици во земјата и надвор од неа. Во секој случај тимот беше интензивно ангажиран, а колегите „успеаа“ да побегнат од секојдневните обврски барем на по десетина дена. Основните задачи кон кои бевме насочени беа: Светска Здравствена организација – завршна фаза на поставување на сончевите колектори на болниците во Штип и Гостивар Вардарски плански регион – прикажани се резултатите од проектот зацентрализирано снабдување со топлинска енергија ИПА фонд: Подготвена и предадена пријавата за финасирање на соработката на општината Старо Нагоричани со Благоевград (БГ) ЕУбилд – Активности во Македонија поврзани со подготовката на нашата традиционална Недела на енергетиката Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) -мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловениот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ МАЦЕФ и Европското првенство во кошарка Природно е да се запрашате која е пак врската меѓу МАЦЕФ, чија основна задача е енергетската ефикасност и екологијата со кошарката. Врската нагледно е прикажана на сликата:

Не се работи единствено за радоста која ни’ ја причинија со своите успеси нашите кошаркари. Ниту пак гордоста со која ни’ ги исполни градите и чувството на патриотизам, потребата тоа да се сподели на „новиот“ плоштад. Сметаме дека врската е многу поконкретна од следниве причини: нашите кошаркари играа енергично и беа многу ефикасни. Со други зборови беа „енергетски ефикасни“, што спаѓа и во нашиот сектор на дејствување. Браво и честито наш и м ом чиња ! ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Развојот и растежот на МАЦЕФ може да се засновува единствено на вклучување на млади (со мало или никакво искуство), талентирани кадри, во секојдневната работа. Преку учеството во нашата работа како волонтери, договори за соработка на определен проект, или редовно вработување, се стекнуваат нови, практични знаења, кои се високо ценети и барани на пазарот на специјализиран труд. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 2

користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги. Претходниот профил на образование е широк: енергетско и еколошко машинство, електротехника, градежно и архитектонско инженерство насочено кон енергетиката. Според тоа очекуваме да ни’ испратите своја биографија и писмо во кое ќе ги наведете вашите желби и очекувања од работата (еден вид сопствена проценка на своите карактеристики). Ние ќе ве поканиме на разговор и заради можен ангажман. Ќе формираме база на податоци на овој кадар, а Вашите податоци, единствено со ваша согласност, ќе ги доставиме и до компаниите со кои соработуваме, а повремено се јавуваат за да им предложиме млади способни личности за вработување.

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

Регионалниот координатор на проектот „ЕУбилд енергетска ефикасност“ во посета на МАЦЕФ Регионалниот координатор на проектот „ЕУ билд енергетска ефикасност“, г-ѓа Ајген Еркал од комората на производители на градежни материјали од Истанбул – ИМСАД, од 14-ти до 16-ти септември беше во посета на МАЦЕФ. Целта на посетата беше запознавање со активностите кои МАЦЕФ, како национален имплементатор, ги спроведува како дел од проектот, а беа дискутирани и деталите за претстојната манифестација „Недела на енергетика Македонија 2011“. Меѓу другото г-ѓа Еркал имаше работна средба со претседателот на МАЦЕФ, проф. Д-р Константин Димитров, при што беше запознаена со структурата и проектите на МАЦЕФ. (ИП)

Проектот на СЗО за поставување на сончеви колектори е во завршна фаза Со мало задоцнување заради доцнењето на испораката на поедини елементи од инсталацијата, продолжува реализацијата на овој проект. Носител на овој проект „Намалување на влијанието на климатските промени во здравствениот сектор во Македонија“ е Канцеларијата на СЗО во нашата земја, а проект менаџер е гца Маргарита Спасеновска. Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ во овој проект е консултант на СЗО, но и надзорен орган при реализацијата, додека изведувач на финалните активности е компанијата „Еуропроект“ од Штип. Предвидено е до 15-ти октомври инсталациите во болниците во Штип и Гостивар да бидат во функција. Вардарски Плански регион – енергетски контроли Во согласност со условите на јавниот повик, МАЦЕФ во соработка со ВИНТ ДОО (Филипс), превземаа обврска да спроведат наменски енергетски контроли во училишните згради на териториите на општините Чашка, Градско, Демир Капија, Росоман и Лозово. Покрај анализата на можностите за замена на прозорци и засенчување, изолација на покривите и нови фасади, ќе се приготват и елаборати на ниво на идеен проект за нови електрични инсталации и системи за осветлување и греење. Тимот на МАЦЕФ изготви идеен проект за систем на греење за ООУ „Методи Митевски – Брицо“ - општина Лозово. Бидејќи училиштето нема централен систем за греење секоја училница и канцеларија се загрева со индивидуален извор на топлина (печка на дрва). Ходниците на училиштето не се загреваат. Грејната површина која се загрева изнесува 718 m2. За задоволување на моменталните потреби за греење, училиштето

троши 80 m3 огревно дрво, односно 171 111 kWh/god. Произлегува дека специфичната потрошувачка е 238 kWh/m2. Во идејниот проект е предвидено да се загреваат и ходниците со што вкупната загревна површина изнесува 1250 m2. Со вградување на централниот систем за греење ќе се намали потрошувачката на 55,6 m3, односно 119 088 kWh/god. При тоа ќе се постигне заштеда од 30%. Доколку се применат мерки за енергетска ефикасност, следствено ќе се намали инвестицијата односно потребниот топлинскиот капацитет. Така на пример ако се постави топлинска изолација на таван, потрошувачката ќе изнесува 97 778 kWh/god, односно 45,7 m3. Топлинскиот капаците на училиштето ќе се намали за 17,8% . Од економска гледна точка инвестицијата за вградување на систем за централно греење изнесува 1 200 000 денари. Периодот на поврат на средства изнесува 17,5 години. Високиот период на поврат на средства произлегува заради ниската цена на огревното дрво која изнесува 1,32 den/kWh. Но при тоа меродавни се смалената опасност од пожар, почиста работна средина во училниците, а нема ниту опасност од изгореници на учениците. (ФС) Проект на Светска банка – „Зелен Развој“ Светска банка го финасисра проектот Green Grow th and Clim ate Change Analytic and Advisory Support P rogram , при што во него е вклучена и Република Македонија. Изготвувачите на Проектот John Rogers, Govinda Timilsina и Leszek Kasek, на 15 овој месец го реализираа првиот состанок со тимот на МАЦЕФ во нашите простории. Најнапред беа продискутирани целите на Проектот, начинот на негова реализација и што се очекува од евентуалните партнери од Македонија. На кусо беше презентиран портфолиото на МАЦЕФ и неговите можности, посебно отвореноста за соработка со експертите од целата Држава. На вториот состанок, одржан на 21 овој месец присуствуваше единствено г-дин John Rogers, кој е задолжен за подготовка на влезните податоци за софтверскиот програм приготвен од нивниот тим. Беа продискутирани модалитетите за подготовка на податоците, временските термини и финасиските предуслови. Постои можност тимот на МАЦЕФ да биде ангажиран за превземање на дел од активностите. УНДП/НАЛАС спроведува регионален проект На регионално ниво УНДП (Братислава) и НАЛАС го реализираат проектот „Think Globally, Develop Locally”. Основната задача на проектот е да се формира мрежа за поддршка при спроведувањето на политиката за спречување на климатските промени на локално ниво. Овој 4-годишен проект има и други задачи за реализација – од еколошки, финасиски, регулаторен како и родов аспект. Претставниците на овие институции г-дин Зоран Морвај и гдин Георги Христов, реализираа посета на МАЦЕФ за да стекнат продлабочен увид во состојбите во нашата Држава, од аспект на реализацијата на мерките за енергетска ефикасност. Како заклучок од средбата произлезе дека во проектот треба да се вклучат и квалитетни кадри/институции кои располагаат со подетален увид во состојбата за секоја од земјите кои се предмет на анализата. Македонска Каменица – топлификациски систем Во согласност со потребата на подготовката на севкупната документација за реализирање на договор за Јавно Приватно Партнерство на ЈП „Доминг“ од Македонска Каменица со странски партнер за модернизирање и ставање во функција на топлификацискиот систем, тимот на МАЦЕФ го приготви Извештајот за влијанието на животната средина на овој систем. Очекуваме дека во најскоро време ќе се постигне договор за овој вид на партнерство и да се реализира значителна инвестициска активност во овој град. РЕЦ во Македонија Во соработка со три општини и тоа Карпош, Аеродром и Арачиново, МАЦЕФ приготви пријава на проектот „Зелен пакет јуниор“ при канцеларијата на РЕЦ во Македонија. Проектот е

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 3

наменет за учениците од 1-во до 5-то одделение од основните училишта. Целта е да придонесе кон подобар квалитет на живеење, преку поттикнување на личната одговорност на граѓаните за подобрување на сопствениот однос и поголема грижа за животната средина. (ДТ)

Нова рубрика

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано 80 енергетски контроли за објекти во Македонија. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци и Кичево. Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

23.09.2011 Инфраструктура, развој и енергетика Во рамките на одбележувањето на 20 годишнината од независноста на Република Македонија, Министерството за економија организираше тркалезна маса во просториите на МАНУ, во присуство на сите релевантни учесници во секторот на енергетиката. Треба да се нагласи зголемениот интерес на Државата за секторот на енергетиката, кој е видлив преку подготвените стратешки документи од секторот на енергетиката. На оваа тркалезна маса беа собрани највисоки претставници на Државата, МАНУ, организациите од секторот на производство, транспорт, дистрибуција и трговија со енергија, граѓанскиот сектор, претставниците на меѓународните институции како и медиумите.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

• •

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Правилник за високоефикасни комбинирани постројки (*)

„Службен весник на РМ“ бр. 128 /2011

Одлука за изменување и дополнување на одлуката за давање согласност на утврдената стапка на надоместок од вкупниот приход на друштвата кои вршат енергетска дејност за финансирање на работењето на регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2011 година; „Службен весник на РМ“ бр. 131/2011 Одлука за формирање на државна мрежа за мониторинг на животната средина „Службен весник на РМ“

Ги одбележуваме обраќањата на г-ѓа Теута Арифи, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, г-дин Валон Сараќини, министер за економија, академик Георги Старделов, претседател на МАНУ, а посебно директно насочените информации за плановите што и каде ќе се гради. Од плодната дискусија произлегоа предлози на заклучоци. Национална програма за ЕЕ во јавни згради во Република Македонија 2012-2018 На 29 овој месец, Министерството за економија организираше презентација на нацрт верзијата на Програмата. Носителот на Програмата ЕНСИ, во осработка со ТИМЕЛ, ги презентираа основните концепти на Програмот. Во плодната дискусија, при што беа присутни голем број претставници кои учествуваат во овој сектор, се дадоа поголем број сугестии и насоки како да се збогати концепцијата на овој документ.

бр. 122/2011 •

Листа на загадувачките материи и супстанции „Службен

весник на РМ“ бр. 122 и 123 /2011 •

Правилник за техничките и другите услови во врска со инсталирањето и работата на постројките кои работат со опасни материи и супстанции и начинот на тестирање на постројките од страна на експерти пред пуштањето во работа и во редовни интервали за време на работењето „Службен весник на РМ“ бр. 123/2011 (ИП)

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир,

Иако учеството на овој дел од терцијарниот сектор во вкупниот енергетски биланс на РМ е релативно мал (околу 3%) неговата реализацијата ќе биде пример за сите останати сектори, посебно што мерките за ЕЕ се обврзувачки, во согласност со Законот за енергетика. Со цел да се добие квалитетн Програм, МАЦЕФ ги презентираше своите забелешки и предлози пред еминентниот присутен состав, а ги достави до Министерството и во писмена форма.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 4

Универзитетот на ЈИЕ доби интелигентна зграда Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово стана првиот универзитет во регионот со еколошка зграда, која користи алтернативни извори за загревање, ладење, добивање на санитарна топла вода и производство на електрична енергија. Ректорот д-р Замир Дика, министерот за животна средина на Македонија, г-дин Абдулаким Адеми и амбасадорот на Италија во Македонија, г-дин Фабио Кристијани, официјално ја отворија еколошката зграда со нулта емисии на јаглероден двооксид. Исто така, во рамките на оваа активност беше организирана работилница на која присуствуваа и претставници на МАЦЕФ, насловена „Трансформација на Универзитетот на ЈИЕ во универзитетски кампус со ниски емисии - 2020, настава за одржлива иднина“. (ИП)

на бродот. Фотонапонските панели служат за напојување на целокупната електроника во која спаѓаат: осветлувањето, сензорите за движење и сателитската комуникација. Изградбата на овој брод ќе чини околу 2 милијарди долари. Повеќе... Нафтените резерви на Албанија Оваа година Албанија претставува единствена земја во Југоисточна Европа со забележителен видлив раст на странски инвестиции. Според проценките, оваа земја поседува околу 6 милијарди барели нафта. Во изминатите три години, владата на Сали Бериша лиценцираше 220 хидроелектрани од кои веќе 40 се градат. Албанија располага и со потенцијал од обновливи извори на енергија и тоа сончева енергија и ветерна. Повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk

Менување на навиките – како до енергетски ефикасна општина, (Прирачник) На 29 септември во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје, невладината организација Аналитика го презентираше прирачникот - Менување на навиките, чија што цел е да одговори на потребите на општините во зголемувањето на свесноста за енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, како и да биде добра референтна точка при планирање и имплементирање на проекти од областа на енергетиката. На настанот присуствуваа градоначалници на поедини општини како и невладини здруженија кои се бават со проблематиката на енергетската ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија во општините ширум републиката. Прирачникот се состои од повеќе корисни информации почнувајќи со приказ на основните чекори кои се потребни за успешно реализирање на проекти од областа на енергетската ефикасност, кои се особено погодни за општините кои немаат искуство во подготовка на енергетски проекти. Накусо е опишан стручно-техничкиот дел во областа ЕЕ и секако можности за финансирање на ЕЕ проекти. (БК) Скопје се приклучи кон европската недела на мобилност Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на 16-ти септември 2011 ја потпиша повелбата за вклучување на Градот Скопје во Европската недела на мобилност, најраширената кампања за одржлива мобилност која се одржува од 2002 година и во која што членуваат и се активни неколку илјади градови од Европа со повеќе од 220 милиони жители. Со тоа Градот Скопје ја промовираше алтернативната мобилност, заштитата на животната средина и обезбедувањето подобри услови за живот на граѓаните. Мотото на годинешното одбележување на Европската недела на мобилност е „Алтернативна мобилност“ како потврда на амбициозните цели на Европската унија до 2020 година земјите членки да ги намалат емисиите на штетните гасови во атмосферата, да ја зголемат енергетската ефикасност и да го зголемат процентот на користење обновливи извори на енергија. Повеќе...

Новости од светот

Сонце и ветер заедно Компанијата „SolarSailor“ која применува обновливи извори на енергија во поморство и австралиската бродска компанија „Forgacs Engineering Pty Ltd“ ги здружија силите да го изградат привиот брод кој ќе се движи на сончева и ветрова енергија. Бродот може да остане неограничено време на море со помош на примарниот погон (ветерницата) која служи за движење

www.energyweek.com.mk www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.worldbank.org www.erc.org.mk www.ase.org/ www.rec.org www.euractiv.com/

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

Манифестации НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – 19.10.2011 “Ние ивестиравме во ЕЕ згради – а Вие?“ Промоција на успешни реализирани проекти. Промоција на можности за финасирање. www.еnergyweek.mk Енергетска ефикасност во градежниот сектор 10-14 октомври 2011 г., Германија Информативно патување во Берлин и Лајпциг на тема „Енергетска ефикасност во градежниот сектор” наменето за институции, донесувачи на одлуки и експерти. Пријавување Повеќе информации ЕНЕРГОФОРУМ 2011, 20 - 21 октомври Вајн, Република Словенија Ова е шеста година по ред на конференција организирана специјално за енергија на тема развој на пазарот на гасот како енергенс и електричната енергија во Република Словенија и Европската Унија. повеќе... Gas to Power Europe Forum -23 to 25 January 2012 Берлин, Германија форум “Гасот како енергија” е дизајниран да се видат техничките, комерцијалните, законодавните и еколошките предизвици кои се својствени при градењето на иднината на Европа, за зголемување на капацитетите на производство на повеќе... енергија. 6th International ENERGY FORUM on Solar Building Skins 06 - 07 December 2011, Bressanone, Italy www.energy-forum.com Wind Power Romania 2012 Jan 17 - Jan 18 2012; Bucharest, Romania Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

102 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you