Page 1

Број 101

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Август 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колеги и пријатели, Овој Билтен излегува пред голем ата прослава на М акедонскиот народ – 20 години сам остојност, 20 години на слободен м акедонски јазик, м акедонски пари, м акедонска војска. Иако од сите страни притиснати од наш ите соседи кои не се радуваат м ногу на наш ите достигнувања, ние, сите заедно, одим е напред. Нека ни е честит овој празник! Нека ни се честити наш ите успеси! Нашата мала прослава со 100-от број на ИнфоМАЦЕФ, помина и ние сме насочени кон тоа да продолжиме до следната стотка – но и со повисок квалитет на информациите. Иако наша основна цел е да ја информираме јавноста за дејноста на МАЦЕФ, сепак внесуваме информации од значително поширок интерес. За жал, не добиваме доволно информации од вас, почитувани колеги и читатели. А би сакале да ги пренесеме на јавноста сите ваши успеси – презентации на саеми, добиени награди, склучени зделки. Да се радуваат на Вашите успеси поголем број колеги. А може би некои од нив се и Вашите следни инвеститори..? За нашата нова рубрика Прашања - Одговори, веќе имаме прашања, а приложуваме еден одговор. Прашувајте - а ние ќе Ви обезбедиме квалитетен компетентен одговор. Во изминатиов месец интензивна е активноста на подготовка на предлози-пријави на заеднички проекти финасирани од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка. МАЦЕФ интензивно работи на подготовката на еден проект, а за вториот постои можност во последен момент да биде вклучен. Сакаме да го привлечеме Вашето внимание на следните активности: Светска Здравствена организација – со полна пареа се поставуваат сончевите колектори на болниците во Штип и Гостивар Вардарски плански регион – изработка на 2 проекта за котлара и централно греење и 7 проекти за модернизација на електричното осветлување ИПА фонд: Соработка со општината Старо Нагоричани и Благоевград (БГ) ЕУбилд – Активности во Македонија WidetheSEE – Време е за сончев колектор на вашиот покрив Поздрав од редакцијата,

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловениот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ СЗО ги реализира планираните ЕЕ мерки во клиничките болници низ Македонија Во почетокот на август 2011 година почна реализацијата на финалната фаза од проектот „Намалување на влијанието на климатските промени во здравствениот сектор во Македонија“ со која е планирано поставување на сончеви колектори за топла вода и термостатски вентили во клиничките болници во Штип и Гостивар. Носител на овој проект е Канцеларијата на СЗО во нашата земја, а проект менаџер е г-ца Маргарита Спасеновска. Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ во овој проект е консултант на СЗО, но и надзорен орган при реализацијата, додека изведувач на финалните активности е компанијата „Еуропроект“ од Штип. Според динамичниот план на изведувачот, во месеците август и септември планирано е поставување на сончеви колектори на пералната, инфективното и детско одделение во клиничката болница во Штип, како и на главната зграда и пералната во клиничката болница во Гостивар. Покрај ова, во двете болници ќе се постават и термостатски вентили во болничките простории за соодветно раководење со потребите од топлинска енергија во објектите. Проектот е придружен со семинари кои ќе им овозможат на раководителите и вработените во здравствените објекти соодветно да раководат со потрошувачката на енергија во болниците. МАЦЕФ подготви и прирачник за потребите на семинарот. Вардарски Плански регион – енергетски контроли Во согласност со условите на јавниот повик, МАЦЕФ во соработка со ВИНТ ДОО (Филипс), превземаа обврска да спроведат наменски енергетски контроли во училишните згради на териториите на општините Чашка, Градско, Демир Капија, Росоман и Лозово.

Проф. д-р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 2

Покрај анализата на можностите за замена на прозорци и засенчување, изолација на покривите и нови фасади, ќе се приготват и елаборати на ниво на идеен проект за нови електрични инсталации и системи за осветлување и греење. ИПА фонд за прекугранична соработка МАЦЕФ е учесник во подготовката на предлог програм преку ИПА фондот за прекугранична соработка со Бугарија. Програмот е предвидено да се спроведе од страна на градоначалникот на општината Старо Нагоричане г-дин Миодраг Јовановиќ, дипл.маш.инж. и Валери Смиленов, Областен управител на Благоевградскиот Регион и Маргарита Хаджиева, главен експерт во дирекцијата „АКРРДС“. Одржани се повеќе работни средби а Пријавата е во завршна фаза. Овие активности се презентирани и во Република Бугарија (види Повеќе...). 22.08. Средба со претставници на CHEMONICS Подрачјето за Енергетска Ефикасност е „оптимален енергетски ресурс за Република Македонија, а не само мерка“ е дефинирано и во стратешките документи за развој на енергетскиот сектор. Од таа причина и финасиските институции ги насочуваат своите финасиски средства кон овој сектор (фондот прекѕ ЕБОР – WeBSEFF, фондот и кредитна линија Green for Growth Fund кој го управува АД Халкбанк, како и ГЕФ проектот донацијата на Светска Банка, кој сега го управува Министерството за економија на РМ, откако управувањето и го одзедоа на Агенцијата за Енергетика). Се очекува да се отворат дополнителни линии за финансисрање во овој сектор (ЕЕ во земјоделие, индустрија, градежен сектор), а во таа насока делува и МАЦЕФ преку проектот финансиран од Европската Унија - EUBuild Еnergy Efficiency. Од таа причина експертски тимови на финансиски институции и консултантски организации ги истражуваат карактеристиките на Македонскиот пазар т.е. каде најбрзо би се вратиле вложените инвестиции. Во оваа насока се оствари многу квалитетна средба на експертскиот тим на МАЦЕФ со претставниците на компанијата Chemonics: Kathryn Leoni и Joshua Leland (Regional Representative Europe and Eurasia). Како заедничко резиме произлезе:  постои значителен потенцијал за примена на мерки за енергетска ефикасност;  на секторот индустрија треба да се посвети посебно внимание во следниот период;  потенцијалната соработка да ја развиваме како партнери, а не како „подизведувачи“. Оваа компанија е ангажирана со активности низ целиот свет, а повеќе можете да најдете на www.chemonics.com Македонска Каменица – топлификациски систем ЈП „Доминг“ во Македонска Каменица е задолжено за топлификацискиот систем кој не е во функција цели 11 години. Во изминатиот период МАЦЕФ е ангажиран во подготовката на тендерската документација и подготовката на работниот програм за ставање во функција, реконструкција и модернизација на постоечкиот топлификациски систем. Во согласност со увидот во состојбата, нашите препораки се: вградување на нов котел на флуидизиран слој, во кој ќе може да се користи како гориво јаглен и во форма на прашина (каракетристика на јаглените во тој регион), отпадна дрвена прашина и био-маса, како и биомасата

од градскиот смет. Но предложивме во втората фаза од развојот на системот да се вгради когенеративна постројка на природен гас. Снабдувањето со природен гас би се реализирало во прва фаза со компримиран, а подоцна течен природен гас. Работниот програм е атрактивен и за странските инвеститори кои го најавија и потврдија својот интерес за ЈПП со свои банкарски гаранции. Очекуваме позитивни вести во текот на месец септември со надеж да се започне инвестицискиот процес веќе во оваа година. 25.08. Проштална средба со Д-р Гинтер Офнер Членот на Управниот одбор на ЕВН АГ и Претседател на Надзорниот одбор на АД ЕВН Македонија м-р Штефан Шишковиц организираше прием по повод промена во менаџментот на ЕВН Македонија Холдинг и заминувањето на главниот извршен директор д-р Гинтер Офнер. На овој прием срдечни зборови за позитивната улога на Д-р Офнер во Македонија упати премиерот г-дин Н. Груевски. Ќе ни недостасува неговото длабоко познавање на случувањата во енергетскиот сектор и подготвеноста да учествува во активностите на МАЦЕФ, подигнувајќи го квалитетот на тие манифестации и укажувајќи ни при тоа голема чест. Убедени сме дека трасираниот пат на соработка, ќе се продолжи и во иднина.

М у посакувам е успеш на работа на Д-р Оф нер на новото работно м есто Нова рубрика

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Со вградувањето на новите мерачи на електрична енергија (струјомери), кои беа поставени без надомест од страна на корисниците, ЕВН Македонија стана нивен сопственик. Значи ли тоа дека сета инсталација до мерачот е во сопственост на ЕВН Македонија, и со тоа дали таа треба да се грижи за нејзината исправност. Ова е од особена важност за станбените згради, каде има електро соби во кои се сместени повеќе мерачи и главни осигурувачи инсталирани пред мерачите. Прашањето гласи: до каде е ингеренцијата на ЕВН Македонија, а каде почнува на станарите? Г-дин Максим Гонев Проблематиката на прашањето е регулирана со подзаконскиот акт „Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија“ (Службен весник на РМ бр.83 од 10.07. 2008г.), Член 47, Точка 2 и Точка 3. Одговорот на Вашето прашање, кој н& го потврдија и од „ЕВН Македонија“, гласи: − Мерните ормари со сета опрема во него, ОСВЕН БРОИЛОТО, се во сопственост на зградата, односно станарите и тие ја имаат обврската за нивно одржување. − МЕРНИОТ УРЕД - БРОИЛОТО Е ВО СОПСТВЕНОСТ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА и обврската за негово одржување е на компанијата. Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано 80 енергетски контроли за објекти во Македонија. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 3

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА •

• Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

ГГФ – ЕКО кредити на ХАЛКБАНК

• •

воздух од загадување (1), „Службен весник на РМ“ бр. 112 од 24.08.2011 Правилник за изменување на правилникот за пренослива опрема под притисок, „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 25.08.2011 Правилник за изменување на правилникот за едноставни садови под притисок, „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 25.08.2011 Правилник за изменување на правилникот за барањата за ефикасност на новите топловодни котли во кои согоруваат течни или гасовити горива, „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 25.08.2011 Правилник за изменување на правилникот за апарати на гас, „Службен весник на РМ“113 од 25.08.2011 Правилник за изменување на правилникот за опрема под притисок, „Службен весник на РМ“113 од 25.08.2011

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ХАЛКБАНК, позната како една од најголемите банки на турскиот банкарски пазар е достапна & во Македонија, преку превземање на ИК Банка под својот бренд. . Официјалната промена на името во АД ХАЛКБАНК побуди зголемен интерес кај клиентите за условите кои ги нудат ЕКО кредитите финансирани од ГГФ, наменети за физички лица и ЕКО Плус кредит за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица ЕКО кредит...,односно до 500.000 евра за правни лица ЕКО Плус кредит... Карактеристично за овие кредити е бесплатната техничка поддршка (проценка, консултации, информации) која ја придружува кредитната линија. Техничката поддршка се реализира преку МАЦЕФ односно консултантски тим достапен во повеќе региони на Македонија, и тоа: проф. д-р С. Арменски, проф. д-р Д. Ташевски, проф. д-р Р. Филковски, проф. д-р Т. Самарџиоска, В. Лабудовиќ проф. д-р А. Арсенов, И. Петрушевски и Ж. Илиевски – Скопје, Љ. Гаштеовски – Кочани, д-р Р. Цветановски и П. Ристески - Кичево, м-р Ј. Пејчиновски и Д. Мечкаров – Битола, Б. Стојчевски – Куманово, М. Дрмов – Штип. За повеќе информации контактирајте нé на 02 3090 177 или на z.tarevska@momee.org.mk. •

• •

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Уредба за индикативни цели за заштеда на енергија во Република Македонија, „Службен весник на РМ“ бр. 112 од 24.08.2011 Правилник за обновливи извори на енергија (*) „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 25.08.2011 Правилник за опасните и штетните материи и супстанции и нивните емисиони стандарди што можат да се испуштат во канализација или во систем за одводнување, во површински или подземни водни тела, како и во крајбрежни земјишта и водни живеалишта(*) (*) „Службен весник на РМ“ бр. 108 од 12.08.2011 Одлука за утврдување на регулиран максимален приход и регулирана просечна цена за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за греење и тарифни ставови за 2011 година, „Службен весник на РМ“ бр. 104 од 01.08.2011 Уредба за определување на согорувачките капацитети кои треба да преземат мерки за заштита на амбиентниот

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци и Кичево. Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

ОТВОРЕН ПОВИК 01/2011 за доделување на договор за јавно приватно партнерство за реконструкција, модернизација и одржување на јавното осветлување во општина Струга Лице за контакт: Владислав Жупан тел:046/781 335, e-mail: vladislav_zupan@t-home.mk. ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРОНСКА И ЕЛЕКТРИЧНА ОПРЕМА Владата на РМ го усвои текстот на предлог Законот за управување со електрична и електронска опрема кој го подготви Министерството за животна средина и просторно планирање. Усвојувањето на овој закон истовремено нуди можност за искористување на корисните компоненти од отпадната електрична и електронска опрема. Со донесувањето на законот извршено е усогласување со повеќето ЕУ директиви кои го опфаќаат правилното ракување со електричната и електронска опрема. Законот опфаќа 10 катергории на електрична и електронска опрема и неколку поткатегории. Повеќе... СТУДИЈА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ПРОЕКТОТ „ЛУКОВО ПОЛЕ“ АД ЕЛЕМ и германската консултантска компанија „Поири Инфра“ склучија договор за изработка на Студија за влијанието врз животната средина од реализацијата на проектот „Луково Поле“ и веќе од 1-ви септември, германскиот консултант треба да почне со конкретни активности на терен. Изработката на студијата ќе биде финансирана со кредит од Светска Банка доделен на ЕЛЕМ за подготвителни активности. На потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, г. Абдилаќим Адеми, кој истакна дека Проектот Брана Луково Поле е опфатен во Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за период до 2030 година и Просторниот план на РМ до 2020 година, како и Водостопанската основа на РМ. Реализацијата на Луково Поле треба да придонесе кон зголемување на уделот на обновливата енергија во вкупното производство на електрична енергија во Македонија. Според хидролошките анализи, од проектот треба да се обезбеди

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 4

дополнително производство на околу 160 GWh ел. енергија на годишно ниво во постојните хидроелектрани. Повеќе...

чисто гориво и околу 8% фатен и компримиран гас. 2% остаток е под TCLP стандарди за безбедно депонирање. Повеќе...

ЗАШТИТАТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПРИОРИТЕТ ВО РАБОТАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и заменик министерот Стево Темелковски остварија средба со представниците на невладиниот сектор од охридско –струшкиот регион со цел запознавање со состојбите и проектите кои се реализираат за заштита на Охридското езеро.Повеќе...

Прва енергетска берза на Балканот Бугарија се приготвува да формира берза за енергија здружена со своите соседи. Партнери ќе бидат Македонија, Грција и Србија, а идејата е во иднина да се вклучат во проектот и останатите балкански земји. Седиштето на берзата ќе се наоѓа во Софија, а причината е што Бугарија е прва во регионот во однос на производство на енергија, но од друга страна предност е и нејзината географска поставеност. Бугарија веќе работи со Норвешка на формирањето на новата институција, бидејќи оваа нордиска земја има големо искуство во слободната трговија со енергија. За сега е одлучено да се користи така наречен „здружен“ модел на берзата, што ќе овозможи олеснување на зделките и намалување на цените во различни земји. Повеќе...

Новости од светот

Револуционерна парна микро турбина Компанијата „Technopa engineering“ на пазарот нуди интересен компактен модул микротурбинагенератор со парна турбина без лопатки (на принципот предложен од Никола Тесла). Oваа инсталација ги заменува редуцирните вентилите за пареа. Со неа, наместо преку адијабатска редукција на притисокот (100% деградирање на енергијата, поточно ексергијата), се овозможува да се оствари истиот процес, но со производство на енергија. Овој тип на турбини може да се користи за производство на електрична енергија од отпадна пареа. http://www.technopa.eu/module.html Тарифи за микро - производство Законот за енергија на Велика Британија (2004) го дефинира микропроизводство како производство на електрична енергија до 50 kW (и 45 kW за топлина). За да се квалификува за повластена тарифа микро- системите за електрична енергија мора да бидат сертифицирани (Microgeneration Certification Scheme). MCS е шема за сертификација за обезбедување дека технологиите и инсталациите на микро- системите се на многу висок стандард. Сегашните тарифи за микро -производство во PV системи се: за нови инсталации : 1/4/2011 - 31/3/2012 ≤ 4kW (осовременување *) 43.3 p/kWh ≤ 4kW (нови градби **) 37.8p/kWh > 4 - 10kW 37.8p/kWh > 10 - 50kW 32.9p/kWh * „Осовременување“ значи инсталирање на постоечка вселена зграда ** „Нови градби“ значи инсталирње на нова зграда пред првото вселување Компанијата Агрокор (Хрватска) инвестира во енергетски централи на биогас Во Хрватска, компанијата за храна и пијалоци Агрокор ќе гради централа на биогас. Планирано е таа ба биде изградена во градот Загреб од градежната компанија ГХ Холдинг од Република Словенија и ќе биде со инсталиран капацитет од 1 MW. Како гориво ќе се користи отпадоци од храна. Ова е први од повеќето проекти на компанијата Агрокор за изградба на централи на биогас. Се очекува вкупната инвестиција во текот на следните пет години да изнесува 135 € милиони евра, со што ќе се оствари развојот на централи на биогас со вкупен повеќе... инсталиран капацитет од 30 MW. Претворање на пластиката во гориво Канадска компанија JBI која ја претвора пластиката во гориво, развила процес кој ја користи отпадната пластика како основен материјал кој се претвора во гориво. Ефикасност: JBI постигнува речиси 90% конверзија на пластични отпад во

Европска недела за мобилност (European mobility week) 2011 Во периодот од 16 до 22 септември во 1035 градови од Европа ќе се одвива кампањата Европска недела за мобилност (European mobility week) 2011. Кампањата Европска недела за мобилност има за цел подигнување на свеста на граѓаните за поголема употреба на јавниот транспорт, велосипедите па и пешачењето, а истовремено да ги поттикне европските градови за поголема промоција на овие модели на транспорт и инвестиции во нова инфраструктура. Крајната цел на оваа кампања е да им се укаже на граѓаните за потребата од борбата против загадувањето предизвикано од автомобилите, а за возврат да се постигне поквалитетно урбано живеење. Повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.eubuild.com www.energyweek.com.mk www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.worldbank.org www.erc.org.mk www.ase.org/ www.rec.org www.euractiv.com/

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

Манифестации НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2011 КОНФЕРЕЦИЈА: „Ние инвестиравме во ЕЕ објекти – А ВИЕ?“ 19.10.2011, Конгресен центар на Скопски саем Настан на кој ќе бидат претставени успешните приказни и позитивни искуства од инвестирање во енергетска ефикасност во градежниот сектор. Ве очекуваме и вие да ја раскажете Вашата! Енергетска ефикасност во градежниот сектор 10-14 октомври 2011 г., Германија Информативно патување во Берлин и Лајпциг на тема „Енергетска ефикасност во градежниот сектор” наменето за институции, донесувачи на одлуки и експерти. Пријавување Повеќе информации ЕНЕРГОФОРУМ 2011, 20 - 21 октомври, Вајн, Република Словенија Ова е шеста година по ред на конференција организирана специјално за енергија на тема развој на пазарот на гасот како енергенс и електричната енергија во Република Словенија и Европската Унија. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

101 infomacef  
Advertisement