Page 1

Број 100

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Сакаме да ја споделиме со Вас нашата радост и задоволство за овој скромен успех: 100 броја на ИнфоМАЦЕФ во континуитет, 100 месеци непрекинато информирање за битни и помалку битни случувања во нашето општество, но пред сé, за активностите на МАЦЕФ. Вложуваме напори да бидеме актуелни, да ја промовираме нашата работа, да ги промовираме успесите на нашите производители и здруженија насочено – енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Од овој број воведуваме нова рубрика: ПРАШАЊА ОДГОВОРИ. На Вашите прашања ќе Ви одговориме на неколку начини и тоа: лично на Вашата адреса, на нашата web адреса во оваа рубрика, а ако прашањето е од посебен интерес за голем број корисници, а не е од итен карактер, ќе го објавиме и во ИнфоМАЦЕФ. Одговорите ќе бидат приготвени од компетентни лица, а ќе се советуваме и со производителите на опрема која е наменета за енергетска ефикасност. Да Ве потсетиме:општините кои граничат со Бугарија сеуште , имаат можност да приготват и пријават заеднички проекти финасирани од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка. МАЦЕФ е подготвен да пружи стручна помош на секоја општина или Здружение од овој дел на Македонија, како и целосно да развие проектен предлог. Сакаме да го привлечеме Вашето внимание на следните активности: Работна средба во Киев на Joint Research Centre, EC Светска Здравствена организација – започнува реализацијата на поставување на сончеви колектори во 2 болници ЕУбилд – Активности во Македонија WidetheSEE – Време е за сончев колектор на вашиот покрив Вардарски плански регион – енергетски контроли во 5 општини Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата! Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловениот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ EC JRC – Работна средба во КИЕВ Заедничкиот истражувачки Центар на Европската Kомисија (Joint Research Centre of European Commission) организираше работна средба со наслов Политики за енергетска ефикасност. Состанокот, на кој присуствуваа над 80 експерти, беше поделен во неколку сесии, и тоа: 1. Политики за енергетска ефикасност 2. Национални Политики за енергетска ефикасност 3. ЕСКО и финансирање 4. Финансирање на енергетската ефикасност и Политики за енергетска ефикасност

Провокативни воведни излагања, кои предизвикаа опсежни дискусии, имаа истакнати претставници на секторите кои се релевантни за оваа област меѓу кои ги истакнуваме: EC JRCИнститут за енергија, Генералниот директорат за енергија на ЕК, Економската комисија за Европа на ОН, Енергетската заедница, Алијансата за заштеда на енергија (САД), УНДП како и ЕБОР, СБ, ЕИБ, Меѓународната агенција за енергетика, ИФЦ, GreenMax Capital Advisors и EVO од финансискиот сектор. Континуираната успешна и плодна работа на МАЦЕФ во секторот, го привлече вниманието на ЕУ институциите. Истражувањето на тема Energy Efficiency Strategy – Policies in the Republic of Macedonia приготвено од проф. д-р Константин Димитров, Јасминка Капац и асс. м-р Огнен Димитров беше помеѓу рефератите кои побудија интерес за дискусија. Потребно е да се потцрта дека Република Македонија, во реализацијата на својата Стратегија за одржлив развој, посвети големо внимание на подготовка на стратешките документи во секторот на енергетиката како што се Стратегиите за енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, Акциониот план за ЕЕ, заедно со новиот Закон за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 2

енергетика. Со овие документи, рамо до рамо со Хрватска, Македонија е меѓу водечките земји во регионот во исполнувањето на обврските превземени со потпишување на договорот со Енергетската Заедница. Највеќе прашања упатија колегите од Украина пред кои стои предизвик за приготвување на споменатите стратешки документи, како нова земја која се приклучува кон Енергетската Заедница. Инаку, Киев е прекрасен град, со голем број културноисториски споменици меѓукои и споменикот на браќата Кирил и Методиј и голем број на цркви кои секогаш предизвикуваат возвишени чувства од изгледот и фреските. СЗО ги реализира планираните ЕЕ мерки во клиничките болници низ Македонија Во почетокот на август 2011 година почнува реализацијата на финалната фаза од проектот „Намалување на влијанието на климатските промени во здравствениот сектор во Македонија“ со која е планирано поставување на сончеви колектори за топла вода и термостатски вентили во клиничките болници во Штип и Гостивар. Носител на овој проект е Канцеларијата на СЗО во нашата земја, а проект менаџер е г-ца Маргарита Спасеновска. Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ во овој проект е консултант на СЗО, но и надзорен орган при реализацијата додека изведувач на финалните активности е компанијата „Еуропроект“ од Штип. Според динамичниот план на изведувачот, во месеците август и септември планирано е поставување на сончеви колектори на пералната, инфективното и детско одделение во клиничката болница во Штип, како и на главната зграда и пералната во клиничката болница во Гостивар. Покрај ова, во двете болници во болничките ќе се постават & термостатски вентили простории за соодветно раководење со потребите од топлинска енергија во објектите. Проектот е придружен со семинари кои ќе им овозможат на раководителите и вработените во здравствените објекти соодветно да раководат со потрошувачката на енергија во болниците. МАЦЕФ подготви ѝ прирачник за потребите на семинарот. Тркалезна маса: Проект ЕУбилд енергетска ефикасност Проектот ЕУбилд енергетска ефикасност на 29-ти јуни во просториите на Стопанската комора на Македонија одржа втората тркалезна маса насловена „Неповолни услови за

материјали кои прифатливи.

се

енергетски

ефикасни

и

еколошки

Проект WidetheSEEbySuccMode Како дел од активностите на проектот изработен е компјутерски програм за пресметка на потребната количина на санитарна топла вода, во зависност од типот и големината на објектот. Со програмот може да се направи пресметка колку јаглероден двооксид би се заштедил во однос на енергенсот кој моментално се користи за загревање на санитарна топла вода. Исто така, базата на податоци ќе вброи сончеви колектори кој се нудат на нашиот пазар, со што ќе се овозможи споредба во однос на корисна површина и ефикасноста на самите сончеви колектори. Програмот е моментално во ексел верзија, интернет верзијата ќе биде достапна за заинтересираните од октомври оваа година на страницата на проектот - www.widethesee.eu Во јули се одржа состанок на проектниот конзорциум во Мишколк, Унгарија. Во работната група за домаќинства, во која е активен МАЦЕФ, се финализираше Кампањата и алатките за подигање на свеста кај целните групи за придобивките од употребата на сончеви колектори за топла вода за домашни потреби. Предлог кампањата е во тек на пробна реализација во Романија и Унгарија и се очекува повратните резултати да помогнат во нејзино усовршување. Сите комуникациски алатки ќе бидат достапни на англиски и македонски јазик на веб. Вардарски Плански регион – енергетски контроли Во согласност со условите на јавниот повик, МАЦЕФ во соработка со ВИНТ ДОО (Филипс), преземаа обврска да спроведат наменски енергетски контроли во училишните згради на териториите на општините Чашка, Градско, Демир Капија, Росоман и Лозово. Покрај анализата на можностите за замена на прозорци и засенчување, изолација на покривите и нови фасади, ќе се приготват и елаборати на ниво на идеен проект за нови електрични инсталации и системи осветлување и греење. Училишен сервис на ЕВН Македонија - во ново руво од следната учебна година Со финалниот квиз во месец јуни успешно се заврши уште една фаза од проектот Училишен сервис на ЕВН. Добриот прием на проектот се повод за воведување на новини од следната учебна година.За таа цел претставници од ЕВН, Конект и МАЦЕФ, веќе интензивно работат на редизајн на проектните активности. Ве уверуваме дека новиот концепт ќе претставува вистински поттик кај младите за разумно користење на

кредитирање или ниска свесност за реалните трош оци за интелегентно градење?“. На дебатата учествуваа

претставници од градежниот сектор, вклучувајќи градежни компании, проектанти како и производители на градежни материјали. Дискусијата се насочи кон моменталните потешкотии во пристапот до капитал од страна на градежниот сектор, домаќинствата и јавните претпријатија. Беа дискутирани и видовите на инструменти за преземање на ризик, како и локалните регулаторни и политички бариери за да се реплицираат практиките за финансирање на земјите од ЕУ на локалниот пазар. Заклучоците укажаа на сeуште ниска свест кај корисниците мала инвестиција во ЕЕ има големи придобивки на долг рок. Од друга страна, пак, законите не пропишуваат повисоки стандарди за енергетската ефикасност како во градежниот сектор така и во останатите сектори. Законската регулатива е во зачеток, а токму таа треба да ги обврзе фирмите на задолжително инвестирање во системи и градежни

енергија и запознавање одблизу со значењето и улогата на енергетскиот раководител. Ова воедно претставува одбележување на јубилејни 5. години од реализација на проектот во Македонија.

Нова рубрика

ПРАШ АЊ А - ОДГОВОРИ

Во изминатиот период добивме бројни прашања кои се однесуваат кон практични проблеми: Кој систем за греење овозможува користење со најниски финансиски трошоци? Кој тип на прозорци да се купат? Дали е доволно да се вгради изолација од 5 сантиметри на фасадата или треба повеќе? Дали се исплатува вградување на сончев колектор за топла вода и за колку години ќе се врати инвестицијата? Дали вградувањето на топлинската фасада бара посебни знаења и вештини, и дали секој ѕидарски работник може да ја вгради? Дали кај котелската постројка, која е во употреба веќе 15 години е доволно да се замени само горилникот или треба да се набави нова котелска постројка – што е економски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 3

поприфатливо? Дали е поповолно котелот за топла вода (бојлер) да биде постојано вклучен и да ја одржува водата на температура потребна за капење или економски поповолно е да го вклучуваме непосредно пред капење? Во секојдневниот живот се појавуваат голем број прашања кои граѓаните не можат да одговорат правилно со стручно објаснување. Со долгогодишно искуство, ние сме подготвени да одговораме на ваквите прашања. Секако, дека ги немаме сите одговори, но можеме да се посоветуваме со производителите на соодветна опрема кои со задоволство ќе ги дадат потребните информации. Нашите одоговори ќе ги испраќаме директно до Вас преку електронска комуникација, а ќе ги објавувамеи на нашата веб страница www.macef.org.mk. Во ИнфоМАЦЕФ ќе ги поместуваме оние кои ќе бидат од корист за поголема група читатели. Очекуваме нашите одговори да бидат понатаму надополнети од производителите на материјали и опрема.

е од 7%, со рок на отплата до 84 месеци, до 100.000 евра за физички лица ЕКО кредит...,односно до 500.000 евра за правни лица ЕКО Плус кредит... Карактеристично за овие кредити е бесплатната техничка поддршка (проценка, консултации, информации) која ја придружува кредитната линија. Техничката поддршка се реализира преку МАЦЕФ односно консултантски тим достапен во повеќе региони на Македонија, и тоа: проф. д-р С. Арменски, проф. д-р Д. Ташевски, проф. д-р Р. Филковски, проф. д-р Т. Самарџиоска, В. Лабудовиќ проф. д-р А. Арсенов, И. Петрушевски и Ж. Илиевски – Скопје, Љ. Гаштеовски – Кочани, д-р Р. Цветановски и П. Ристески - Кичево, м-р Ј. Пејчиновски и Д. Мечкаров – Битола, Б. Стојчевски – Куманово, М. Дрмов – Штип. За повеќе информации контактирајте нé на 02 3090 177 или на z.tarevska@momee.org.mk. МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС •

Очекуваме прашања! Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

„Службен весник на РМ“ бр. 100 од 25.07.2011 •

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Одлука за целите и годишната динамика на порастот на учеството на енергија од обновливи извори на енергија во финалната потрошувачка на енергија,

„Службен весник на РМ“ бр. 100 од 25.07.2011 •

Кодекс на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики,

Правилник за изменување и дополнување на правилникот за страндарди и нормативи за урбанистичко планирање,

Одлука за донесување на измена и дополнување на мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија („Сл. весник на РМ" бр. 83/2008) и нивно објавување во „Сл. весник на РМ",

„Службен весник на РМ“ бр. 99 од 22.07.2011

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

Одлука за вкупната инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија произведена од секој одделен обновлив извор на енергија,

„Службен весник на РМ“ бр. 100 од 25.07.2011 •

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано 80 енергетски контроли за објекти во Македонија. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

Уредба за екодизајн на производи,

„Службен весник на РМ“ бр. 98 од 19.07.2011

„Службен весник на РМ“ бр. 95 од 14.07.2011

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

ГГФ – ЕКО кредити на ХАЛКБАНК

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци и Кичево. Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

ХАЛКБАНК, позната како една од најголемите банки на турскиот банкарски пазар е достапна & во Македонија, преку превземање на ИК Банка под својот бренд. . Официјалната промена на името во АД ХАЛКБАНК побуди зголемен интерес кај клиентите за условите кои ги нудат ЕКО кредитите финансирани од ГГФ, наменети за физички лица и ЕКО Плус кредит за правни лица. Тие се наменети за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. Каматната стапка по која се достапни овие кредити

Промоција на EXCITE софтверот и порталот за енергетска ефикасност На 1-ви јули во мултибизнис центарот на Скопски саем се одржа презентација на софтверот ЕXCIТЕ. Софтверот претставува онлајн база на податоци за потрошувачката на енергија во објектите кои се под надлежност на локалните самоуправи во Република Македонијасо површина поголема или еднаква на 1000 m2. За пополнување на оваа база ќе бидат одговорни лица од локалната администрација, кои претходно посетуваа соодветна обука. Се очекува овој софтвер да биде клучна алатка за регулирање на енергетските заштеди и зголемување на општинските буџети, а со тоа да придонесе за благосостојбата на сите граѓани. www.eeopstini.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 100

Страница 4

ИПА предлог проект за прекугранична соработка – Инфо ден Струмица На 13 јуни во Струмица во Домот на АРМ се одржа инфо ден за вториот повик за предлог проекти на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, финансирана од ИПА. Тим од МАЦЕФ присуствуваше на оваа информативна сред ба на која имаше претставници од локалните власти, невладини организации, медиуми и др. Експертите од Министерството за регионален развој и урбанизам и од Министерството за локална самоуправа од Бугарија и Македонија и ЗТС ги претставија целите на програмата и дадоа детални објаснувања за насоките за подготовка и пријавување на предлог-проектите. Експертите дадоа одговор на многу прашања, укажуваа на недостатоци и грешки од предходниот повик и беа задоволни од интересот од македонска страна. Средбата за МАЦЕФ претставува можност за остварување нови контакти, размена на информации и отворање патишта за идна соработка со организации и општини ширум Македонија и Бугарија. Ова е одлична пракса за поттикнување на локалните чинители кон искористување на финансиските стимулации од ЕЗ. Првите неформални собирачи на отпад се стекнаа со правно признавање во Македонија 19-те неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Комунална хигиена Скопје“ и добија легитимации, со што правно се признава работа. Илјадници луѓе во Македонија зависат од неформалното собирање на материјали за рециклирање. При усвојувањето на Законот за пакување и отпад од пакување, голем предизвик беше како да се вклучат неформалните собирачи во формалниот систем за управување со отпад. Сé досега, овие собирачи се сметаа за некомпатибилни со Повеќе... современиот систем за управување со отпад. Енергетски ефикасно училиште во Челопек Селото Долно Челопек во тетовско, ќе добие училишна зграда што ќе биде енергетски ефикасна. Објектот ќе користи природни ресурси како што се сонцето и ветерот, со кои ќе се намалат трошоците на одржување. Истовремено, се очекува да Повеќе... се намали и емисијата на штетни гасови. ТЕЦ „Неготино“ може да користи и јаглен Доколку ТЕЦ „Неготино“ почне да користи јаглен, наместо мазут како досега, можно е голем дел од невработените луѓе во нашата земја да се преквалификуваат во рудари. Ова беше истакнато на советувањето на Здружението на енергетичарите ЗЕМАК, кое се одржа на 7 јули во Неготино на тема „Можности за искористување на јагленови наоѓалишта во Неготино и Повеќе... Мариово со јамска експлоатација“. ИПАРД-денови Од 18 јули до 26 август се одржуваат ИПАРД-информативни денови, за запознавање на земјоделците и компаниите со можностите за користење на средства од ИПА-компонентата за рурален развој, од Програмата за 2007-2013 година. Информативната кампања ја организира телото за управување со ИПАРД фондовите, при Министерството за земјоделство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во Повеќе... земјоделството.

Новости од светот Нов Европски фонд за енергетска ефикасност Советот на министри и Европскиот парламент се согласија со предлогот на Европската Комисија, кој беше подготвен во мај 2010, за распределба на околу 146 милиони евра од Европската програма за енергија (ЕПЕ) кон нови финансиски

фондови наменети за одржлива енергија. Придонесот на ЕУ е од средствата за EПЕ 2009 година, кои не можат веднаш да бидат наменети за проекти од инфраструктура, ветерна енергија и складирање на СО 2 . Фондот е замислен како средство за проширување на финансирањето на проекти за енергетска ефикасност, кои инаку не се со краткорочен период на поврат на средства и не се привлечни за инвестирање. Повеќе... Фотоволтажни ќелии Компанијата „First Solar“ постави нов светски рекорд за кадмиум-телор (CdTe) фотоволтажни ќелии. Коефициентот на ефикасност кој го постигнуваат овие ќелии изнесува 17,3%. Перфомансите на ќелиите ги потврди националната лабораторија за обновливи извори на енергија на САД, a Повеќе... претходниот рекорд изнесуваше 16,7 %. Сомневања го засенија лансирањето на шемите на ЕУ за одржливост на биогоривата Производителите на биогорива ги поздравија шемите кои се алатка за надминување на проблемите поврзани со одржливоста, но имаше и значителна доза на критики од страна на граѓанските организации заради недоволната дефинираност на условите на користење на земјиштата и влијанието врз нив. Новиот систем и овозможува на биодизел индустријата да побара воспоставување на петгодишен зелен стандард во рамките на ЕУ, или слични национални Повеќе... стандарди.

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.momee.org.mk www.energyweek.com.mk www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.worldbank.org www.erc.org.mk www.ase.org/ www.rec.org www.euractiv.com/

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

Најповолни заеми во Македонија – www.webseff.com

Манифестации НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2011 КОНФЕРЕЦИЈА: „Ние инвестиравме во ЕЕ објекти – А ВИЕ?“ 19.10.2011, Конгресен центар на Скопски саем Повеќе информации наскоро... МЕГАБИЛД Истанбул 08 - 11 септември 2011, Турција МЕГАБИЛД е еден од најпопуларните домашни и меѓународни собири на полето на градежната индустрија во Турција, чија цел е да ги собере на едно место производителите на градежни материјали, трговците на големо и мало како и архитектите, изведувачите и инвеститорите. Повеќе... „6-та Конференција за одржлив развој на енергија, вода и системи за животна средина во Дубровник“ (SDEWES 2011) 25-29 септември, 2011 г., Дубровник, Храватска Повеќе... Енергетска ефикасност во градежниот сектор 10-14 октомври 2011 г., Германија Информативно патување во Берлин и Лајпциг на тема „Енергетска ефикасност во градежниот сектор” наменето за институции, донесувачи Пријавување Повеќе информации на одлуки и експерти.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

100 infomacef  
Advertisement