Page 1

ИНТЕРВЈУ

ГОРЈАН СЛАВЕСКИ q

Chicago, November 2019, Issue No 3 Free Publication

СТР. 8

SIP & PAINT q... 6

МACEDONIAN CONVENTION q... 28

FASHION SHOW q ...24

www.macedoniansocial.org


Macedonian Social

Содржина

3

УРЕДНИЧКИ ПЕЧАТ

6

SIP & PAINT

8

Интервју

12

ГОРЈАН СЛАВЕСКИ - ГОГО SAN FRANCISCO

14

OFFSHORE CHICAGO

16

Интервју ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

18

КАКО ДО ПОДОБАР ИМУНИТЕТ

20

ПРАВИЛА НА ИСХРАНА

22

ТУЛУМБИТЕ НА ТЕТА

24

MAGIC OF WINTER FASHION SHOW

26

ИВАНА НАСКОВА

28

МАКЕДОНСКИ ЦРКОВЕН СОБИР

30

НИКОЛА МАРИЧ

32

АНГЕЛА ЦВЕТКОВСКИ

34

ТРЕТМАН СО ТИКВА

35

СЕДУМТЕ СЕСТРИ

36

НАДВОР ОД ТЕМНИНАТА

39

МОЗАИК ИКОНА

40

МАК МИКСЕР

42

МАКЕДОНСКО УЧИЛИШТЕ

45

HALLOWEEN PARTY

КНИГА НА МЕСЕЦОТ


УРЕДНИЧКИ ПЕЧАТ

З МАРИЈА ГЛАВЧЕВА Уредник

Главен Уредник Марија Главчева Арт Директор Емил Ивановски Уредници Даки Станојкова, Душица Димитрова Јасна Величковска

а бројот 3 постои толкување дека е ангелски број кој ја има енергијата на убавото, чувството на уживање, креативноста и имагинацијата. Инспирира, креира и расте, токму како Macedonian Social.

Драги наши поддржувачи, читатели, љубители на македонскиот пишан збор, чест и задоволство ми претставува да Ве поздравам по 3-ти пат од името на тимот и да Ви порачам дека и овој пат се потрудивме да сме уникатни, веродостојни на квалитетот и стандардите кои ги поставивме. Сакаме да сме секогаш во чекор со новитетите и со Вас ги споделиме сите актуелни случувања, личности кои имаат што да кажат, таленти и многу најави за настани кои допрва треба да се случат. Ветуваме дека и со број 3 нема да останете рамнодушни. Накратко, забавни, уникатни и супер оригинални. Пишуваме директно од Чикаго за македонците и македонските работи. Обоени во боите на есента, во ова есенско и ноемвриско издание доаѓаме со добро познатите содржини и нашите супер соработници: Зорана, Кика, Марија, отец Георги, Тања, Калина, Невена и Билјана. И секако, тимот заслужен за финалниот изглед на 3 број на МС, Јасна, Емил, Даки, Душица и Александар, секој маестрален во она што го прави и допринесува за Macedonian Social да биде на ниво и достигнува успех. Верувајте, даваме се од себе, оваа екипа не знае за стоп, за граници и бариери. Благодариме што го подржувате овој проект, секој ваш паричен допринос и реклама е чекор до уште едно издание на МС и продолжување на мисијата која што ја започнавме. Следете не на инстаграм и лајкнете ја страната на ФБ. Посетете ја и www.macedoniansocial.org за да останете во тек. Ако имате прашања, идеи или предлози, слободно пишете ни на contact@macedoniansocial.org До следниот број,

Фотографија Емил Ивановски

Со почит,

E-mail contact@macedoniansocial.org

Марија Главчева

Website www.macedoniansocial.org Instagram @macedoniansocial YouTube www.youtube.com/macedoniansocial Facebook @macedoniansocial www.facebook.com/macedoniansocial Cover Art Емил Ивановски

MACEDONIAN Social 3


Macedonian Social

Macedonian Social продолжува да биде присутен таму кај што сте вие, а вие продолжете да не’ читате. Благодариме на вашата поддршка. Пракајте ги вашите слики и коментари на contact@macedoniansocial.org


Macedonian Social

Event

Sip & Paint КОГА УМЕТНОСТА И ЗАБАВАТА ДОБИВААТ НОВО ИМЕ

Сторија

Марија Главчева

M

acedonian Social е секогаш во тек со убавите трендови и уметноста. Затоа кога ќе се спојат виното и сликањето настанува ,,Sip and paint “, еден поинаков начин на доживување на уметноста, а во исто време и уживање во неа. Тоа е всушност сликање во групи каде што секој може да пие од омиленото вино а во исто време и креира ремек-дело. Затоа екипата на Macedonian Social организираше токму вакво дружење и цртање во ,,Chicago Sip & Paint“, настан кој беше пополнет до последното столче. Боите, четките, хартијата и се она што беше потребно за цртање секако беше овозможено од студиото, а за вкусното вино кое се пиеше додека се црташе се погрижи Lemont Valley Market и сите присутни имаа можност да ги пробаат вкусните еклери од Yummy Bites catering- Ирена. MACEDONIAN Social

6


За самото времетраење на настанот, Лили ќе каже дека најчесто тие траат по 3 часа. Студиото има на располагање околу 200 бои за сликање, а може да се црта на хартија, стаклени чаши за вино или на дрвени даски. Еве уште една идеја за тоа како може да го прославите вашиот роденден, да имате тим билдинг, или пак да уживате во слободното време со вашите најблиски. Посетете ја и веб страната www.sipandpaintchicago.com, и дознајте се за овој интересен пристап на уметноста. Ние како организатори на овој настан навистина бевме среќни што на еден поинаков начин ја доближивме уметноста и забавата до сите оние кои присуствуваа. Ветуваме дека ќе организираме што повеќе вакви интересни нешта, затоа што секој има потреба од нешто поинакво, различно и оригинално. Од самите фотографии ќе видите дека забавата беше загарантирана, а цртањето на ниво. Ние ќе ви порачаме дека следниот пат треба навистина да ни се придружите, а Лили од ,,Chicago Sip & Paint“ ќе ви каже:  Лили: Мој совет до сите читатели на Macedonian Social е да му дадат на цртањето шанса. Навистина е забавно, релаксира и се ужива во самиот процес на создавање на уметничко дело. И никој не треба да се грижи дека треба да црта совршено, затоа што не постои совршенство во уметноста.

Присутните имаа за задача да нацртаат девојка на плажа која чита Macedonian Social. Целиот процес на сликање беше предводен од инструктор кој чекор по чекор покажуваше како треба да оди сликањето и кои техники, бои и четки треба да се користат. Затоа што ,,Sip and paint “ е забава, сликање и пиење омилено вино, воопшто не е потребно да се поседува искуство или талент за цртање. Треба само желба за убаво поминато време и забавата е загарантирана. Нашата домаќинка, сопственичката на ,,Chicago Sip & Paint“, Лили Митева ќе каже дека македонците навистина уживаат во уметноста и имаат навистина талент за тоа. Конкретно за сите оние кои присуствуваа на ова групно цртање таа ги пофали со чиста 10-ка, затоа што навистина е заслужена. Ја запрашавме од кога постои ова место и какво искуство црпи од уметноста?  Лили: Само што прославиме 5 години постоење во Јули. Навистина сум среќна и благодарна, затоа што навистина уживам во она што го правам. Благословена сум со оваа работа затоа што нема поубаво чувство да гледам како луѓето излегуваат од моето студио среќни и задоволни од тоа како си поминале и што нацртале.


Интервју

ГОРЈАН СЛАВЕСКИ

ГОГО Г

орјан Славески - Гого по потекло од Скопје, со боксот почнува да се занимава уште од 15 години. Неговите почетоци биле во школските сали, улици и подруми полни со влага. Почнува активо да се занимава со боксот во Македонија, но наидува на затворени врати и неверувања во неговиот потенциjал за професионален боксер. Така разочаран од системот во својата родна земја судбината пред пет години го натерала да замине и почне нов живот токму во Чикаго. Незнаејки што друго да работи, бидејки боксот е она што го исполнува тој почнува активно да тренира. Напорната работа и упорноста резултираат тој во 2015г да стане професионален боксер. Екипата од Macedonian Social го пронајде Гого, разговаравме со него за неговите успеси и падови, за неговите планови и за соработката со музичкото дуо ДНК.

Сторија

Јасна Величковска

Фотосесија

Емил Ивановски

MACEDONIAN Social

8


MS Од каде желбата да спортуваш бокс? Што претставува боксот за тебе? Почнав со фудбал и се надевав дека кариерата ќе ја градам во фудбалот. Подоцна сватив дека во боксот можам да успеам повеќе и со упорна работа станав професионален боксер. Желбата за боксот како спорт не произлезе во ниеден момент, беше само пронаоѓање на самиот себе во спорт каде што нема тимска соработка и потпора на соиграчи. Додека пак денес истиот тој спорт прерасна во пасија, љубов, кариера и начин на живот. MS Какви беа почетоците на твојата боксерска кариера во Америка? q Со првото доаѓање во Америка, во Алјаска, почнав да барам локални клубови каде можам да тренирам. Откако дојдов во Чикаго почнав да се натпреварувам аматерски, и имав 7 победи. Сепак со текот на времето одлучив да за занимавам со боксот професисионално и да живеам од тоа. Точно, боксот е тежок спорт, но го препорачувам на сите како хоби. За професионална кариера не би го препорачал на секој, бидејки налага многу жртва и е доста ризично сето тоа што го правиме и издржуваме. MS Имаш многу борби, натпревари, издвој некој кој се од посебно значење за твојот успех? Дали си наградуван? q Во професионалниот бокс нема награди (освен парично на крај од борбата), но се трудам да ја донесам мојата кариера до највисоко ниво. Немам некои посебни награди, секоја борба ми има многу значење. MS Дали боксот ти е хоби или професија? Спортуваш ли нешто друго? Што правиш во слободно време? q Боксот ми е професија. Се пронаоѓам во било која спортска активност затоа што сум атлета, во слободно време играм фудбал, пливам, кошарка итн, најчесто моето слободно време е поврзано со спорт. MS Каде се одвиваат тренинзите и колку пати во неделата? q Тренирам 6 денови во неделата, некогаш и по два пати дневно и обично тренинзите се многу напорни. Тренинзите за бокс се во Des Plains-Gregory Boxing, а тренинзите за физичка и кондициона припрема се во PXM Cross fit во Edgewater. MS Дали постојат посебни правила за исхрана и тренинзи пред натпревар? q Не само пред натпревар, начинот на живот како боксер бара постојана посветеност и стриктна диета, напорни тренинзи и упорност.

MS Дали некој од македонските компании во Чикаго те има спонозирано, колку знаат да го вреднуваат твојот труд? q Од нашите компании ме имаат еднократно спонозирано повеќе компании, некои од нив навистина го ценат мојот труд и даваат вистинска морална и финансиска поддршка и сум многу благодарен за сето тоа. MS Можам да кажам дека боксот како спорт е многу тежок , дали секој може да го спортува?

MACEDONIAN Social 9


Macedonian Social

За да станеш Шампион треба да веруваш во себе и покрај тоа што никој друг не верува во тебе.

MS Што е разликата меѓу македонскиот бокс и американскиот? Направи некоја компарација. q За споредбата на американскиот бокс со македонскиот ќе премолчам, затоа што нема никакви сличности. MS Која е целта во твојот живот , во однос на спортот? Кој е твојот идол? q Целта е светска титула. Идол немам. MS Неодамна беше дел од видео записот на ДНК. Кажи ни како дојде до соработка со нив? q Соработката со ДНК се случи спонтано, не беше планирано, ми дадоа многу поддршка и решија да бидам дел од спотот, сакаа да помогнат на било каков начин. MS Твојот совет за читателите на Macedonian Social? q Мојот совет за читателите на Macedonian Social е да не се откажуваат од своите соништа, да го прават она што ги прави среќни по секоја цена. Животот е краток и вреди да се ризикува СЕ, доколку тоа „се” ги прави несреќни во моментот, или на долгорочен план.

MACEDONIAN Social

10


LEMONT VALLEY MARKET Lemont Valley Market располага со сите видови на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Вкусот на Струмка, Фанта, Кока Кола или Швепс ќе ве вратат назад во Македонија, каде многу генерации пораснаа со нив. За љубителите на пивото Lemont Valley Market ви нуди Златен Даб и Скопско пиво, а пак за оние кои го обожаваат ликерот овде можете да ги најдете сите видови на домашна ракија и Мастика. Неизбежно е да се споменат најпродаваните македонски вина со кои секоја слава, роденден или прослава не поминуваат без нив.

Дали сте обожавател на бело, црвено или пак розе вино овде се најпознатите македонски брендови Тиквеш и Бовин, а за оние со стил овде е Попова Кула која веќе години наназад е број еден винарија со најквалитетните вина од Македонија. Овaа винарска куќа произведува 11 различни сорти на грозје:  Станушина  Вранец  Прокупец  Кабернет Совињон  Мерлот  Совињон Бланк  Темјаника  Шардоне  Жилавка  Мускат Отонел  Мускат Хамбург Во Lemont Valley Market можете да уживате во вкусот на Лаваца кафе кое може да го добиете во еспресо, макијато, фрапе, американо, лате или пак нес кафе варијанта.

Наскоро се најавуват две нови локации на Lemont Valley Market во Crown Point во Индијана и North side Чикаго, каде исто така има доста населеност на македонци. Но се надеваме дека во иднина ќе се прошират низ цела Америка. Ние со задоволство ви препорачуваме да го посетите маркетот и да ги испробате сите производи кои се прифатливи и неодоливи за секого. А еве и еден мал подарок од нас 10% попуст, при вашата следна посета.

Lemont Valley Market

349 Front St, Lemont, IL 60439

10% OFF Valid thru 12/31/19

MACEDONIAN Social 11

Macedonian Social


Не сте биле во Сан Франциско ако не го посетите Golden Gate Bridge.

Авантурите на една бринета

САН ФРАНЦИСКО КАЛИФОРНИЈА

Град од кој застанува здивот на мал милион начини

С

местена на Пацифичкиот Океан, со идеална клима и природа, Калифорнија е држава која плени со својата убавина. Но еден факт е сигурен, каде и да одите, кои градови да ги посетите ќе бидете уверени дека секој град живее сам за себе и секој е различен од другиот. Секој крајбрежен град има своја вибрација, убавина и автентичност која ќе Ви даде чувство како да сте прв пат во оваа прекрасна држава. Една работа што е заедничка за сите нив е тоа што сите изобилуваат со прекрасни плажи, а сето останато е приказна сама за себе. Ако на Вашата листа за патување не сте го ставиле Сан Франциско или сте се двоумеле дали да го посетите, уште сега погледете во календарот и резервирајте ги Вашите слободни денови за посета на овој прекрасен град. Она што го прави препознатлив пред сите други градови е тоа што целиот град е сместен на брдо. Или сте во подножјето и пред себе имате поглед на угорници, или сте горе и го имате Сан Франциско на дланка. Ако сте во добра кондиција и сакате да пешачите, добрата вест е дека овој град може да се испешачи и види во неколку дена. А ако сте од оние помрзеливите, електричните тротинети ќе бидат ваш најдобар другар. Со околу 260 сончеви денови во годината, овој град може да се пофали со идеална клима во секој период од годината. Наочари за сонце за преку денот и тенка јакна за вечерта и вие сте на вистинското место.

Ако сте сместени во центарот на градот сите работи ќе Ви бидат на дофат. Прошетајте до Union Square, испијте кафе во едно од кафулињата и бидете пасивен набљудувач на брзиот живот во Сан Франциско. Обиколена со безбројни бутици, продавници за сувенири, уметнички галерии и салони за убавина, Union Square плаза е препознатлива туристичка дестинација. За сите вљубеници во уметноста на само неколку блока од оваа плаза се наоѓа Музејот на современата уметност. Сместен на четири спрата со 33,000 изработки од уметнички слики, склуптури, фотографии и дизајни, овој музеј е еден од најголемите во САД а воедно и на светско ниво. Ако сакате да избегнете од топлото сонце и брзиот живот, одвојте неколку часа од вашата агенда за посета на овој музеј и отидете си со уште едно искуство побогати. Ако сепак повеќе сакате да уживате во надворешните активности, прошетајте во Yerba Buena Gardens одма наспроти Музејот на уметноста и почастете се со освежителен коктел во B restaurant & Bar каде ќе уживате во прекрасната глетка на овој парк. Ноќта поминете ја во безбројните ресторани и барови со превкусна храна и жива музика. Ако неможевте да се изнаситете на убавините на овој град преку денот тогаш ноќта поминете ја во некој од многуте барчиња на MACEDONIAN Social

12

покривите и уживајте во погледот на многубројните облакодери облечени во ноќна светлина. Сан Франциско е дом на најозлогласениот затвор во САД, Alcatraz. Па ако сте во посета на овој град, посетата на истиот е задолжителна активност. На само 2км од крајбрежјето сместен на мал остров, посетата на овој затвор ќе ви да даде чувство како да сте дел од една историја толку блиска, а сепак


толку далечна. Единствена пристапност до овој осторв ќе имате со фери бродчиња кои нудат превоз и слободни активности но имајте на ум дека картите се распродаваат многу брзо, така да обезбедете ги навреме. Да се види и почувствува место кое било дом на најомразените криминалци е повеќе од животно искуство. Аудио турите кои се дел од посетата на овој затвор се одличен водич кој ќе ве однесет во еден свет кој ќе ви остане во сеќавање засекогаш. Познато како место од кое никој не успеал да се избега, овој остров е повеќе од еден затвор. Надвор од ќелиите и високите ѕидови, ќе видете прекрасна флора и фауна и преубава панорама од Сан Фрациско и неговите убави мостови. Иако во употреба како затвор бил само 29 години и е затворен поради големите трошоци за одржување, Алкатраз оставил белег во Американската историја за кој ќе се зборува и прераскажува за уште многу идни генерации. Недалеку од фери пристаништето, на околу 10 мин одење посетете го Pier 39, место каде забавата никогаш не завршува. Полно со туристи и локалци, улична музика, храна и пиење, Pier 39 е одлична дестинација за да ги средите импресиите од посетата на Алкатраз и да се вратите назад во реалноста. Ова е место кое живее преку целиот ден и ноќ, така да, кога и да се одлучите да го посетите нема да погрешите, забавата е загарантирана. А кога сте веќе во овој дел од градот, не пропуштајте да ја посетите и најкривата улица во светот – Lombard Street.

Ако сакате да побегнете од брзиот живот во Сан Франциско и сеуште имате време за истражување и авантури, изнајмете кола и посетете ја Napa Valley. На околу еден час возење од Сан Франциско, Napa Valley е рај за сите љубители на вино. Со повеќе од 400 винарии, Napa Valley е една од најпознатите и најголемите светски региони за производство на вина. Прошетајте низ огромните гроздови пространства, тестирајте ги најдобрите бели и црвени вина, научете го нивниот процес на создавање и уживајте во спектакуларните пејжази пред вас. Ако сепак не сте љубители на класичните вина, тогаш посетата на Domaine Chandon Winery е вистинското место за вас. Вкусете ги многубројните газирани вина и шампањи, пробајте од највкусната локална храна и бидете дел од оваа бајка. Легендата вели, кој еднаш ја посетил Napa Valley ќе сака да остане засекогаш. Но ако мора да си отидете, потруди се да не бидеш ти возачот за враќање. До следната авантура, во следниот број на Macedonian Social.

Pier 39 е место кое живее ден и ноќ и кaдe забавата е загарантирана

Прошетајте до Union Square, испијте кафе во едно од кафулињата и бидете пасивен набљудувач на брзиот живот во Сан Франциско.

Не сте биле во Сан Франциско ако не го посетите Golden Gate Bridge. Овој мост е еден од најпрепознатливите интернационални симболи на Сан Франциско. Долг 1.5 км, Golden Gate Bridge ги поврзува Сан Франциско Беј и Пацифичкиот океан. Без разлика дали ќе го посетите преку ден или ноќ ќе бидете воодушевени од неговата убавина и нема да сакате да си заминете од оваа глетка.

Macedonian Social

MACEDONIAN Social 13


Anica & Anita Dimitrovi

Ask us about our popular baby policies! Set your children for financial success

FInancial Services Professional New York Life Insurance Company 201 Jones Rd, 5th FLoor Waltham, MA 02451 508.241.2453 admimitrova#@ft.newyorklife.com

So much has changed New Country

New Home

New Career

What boxes haven’t you checked? Retirement Plan

Insurance Protection

Business Protection

Let’s meet to take the next step on your Journey Registered Representative offering securities through NYLIFE Securities LLC (member FINRA/SIPC), A Licensed Insurance Agency. 1821153.

WILLOWBROOK KIA 7345 S Kingery Hwy, Willowbrook, IL 60527

630-985-5000

OVER 450 KIAS IN STOCK SIGN AND DRIVE LEASE SPECIALS $0 DOWN $0 SECURITY DEPOSIT*

STOP BY AND MEET OUR STAFF Trajce Cvetkovski

Dragan Markovski

Danny Mijatovic

* With approved credit. Plus tax, title, lcense & $169.27 doc. fee. $0 due at lease inception. Length of term may vary


OFFSHORE

ЧИКАГО ТРЕНД

И

СО ТАЊА

ако летото штотуку замина, тоа не значи дека забавата на отворено и коктелите завршија. Бидете секогаш расположени за нова авантура. На површина од околу 3300 метри квадратни пред неколку месеци се отвори најголемиот rooftop во Америка. И ни помалку ни повеќе туку во нашиот Чикаго. Со незаменливиот поглед на езерото Мичиген и магичната панорама на Чикаго Offshore Rooftop & Bar е место кое мора да се посети. Се наоѓа на трети кат во зградата за настани во Navy Pier. Можете да уживате на зајдисонце или во вечерната глетка на Чикаго со уникатни коктели и внимателно избрано мени од познатиот кувар Michael Shrader и неговиот тим. Offshore се состои од затворен простор и тераса што го прави погоден за било кое годишно време. Во затворениот простор каде што место ѕидови е само стакло, така што секогаш може да уживаш во глетката, има сепариња, високи маси и дел за игри со пријателите односно билјард. На средината исто така се протега бар долг 30 метри кој што има 60 столови. На терасата која што зафаќа површина од околу 1800 метри квадратни се наоѓаат сепариња, високи маси и седум маси со оган кој што се идеални да создадат пријатна атмосфера во ладните Чикаго ноќи. Од понеделник до петок Offshore е отворен од четири попладне до полноќ, а за викенд од единаесет до еден наутро. Местото е погодно за бранч во сабота или недела, за излегување со пријатели, пијачка после работа со колеги или поголеми настани. Поради тоа што се простира на огромна површина постои и дел од 790 метри квадратни кој може да се изнајми за приватен настан, за кој што ќе имате можност да изберете храна од мени составено само за таа потреба. Вработените се екстра љубезни и тоа е детал кој е јаготка на шлагот за посетата на овој локал да е незаборавна!

ПОСЕТЕТЕ ГО НАЈГОЛЕМИОТ ROOFTOP ВО АМЕРИКА, КОЈ СЕ НАОЃА ТОКМУ ВО ЧИКАГО

Автор

Taња Стојкова MACEDONIAN Social 15


Патот до Успехот

Macedonian Social

ПАВЛЕ БИКОВ

РАФА “

УПОРНОСТ И ХРАБРОСТ Е КЛУЧОТ НА УСПЕХОТ И НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ОД КАДЕ СТЕ ПОЧНАЛЕ.

со предизвици за кои знаев дека морам да се справам, да изградам карактер, да успеам и знаев дека после тој праг нема назад. Поминав низ познатата рецесија во 2008 кога беше навистина тешко да се најде работа и се сеќавам дека првата година работев неколку работи пред да се одлучам да влезам во камион. Не беше лесно да се одлучам и направам тој чекор, да бидам искрен, но имав за цел да успеам и да створам нешто, а ова беше дефинитивно еден од најтрнливите патишта, но во исто време и пократок до остварување на моите замисли и цели. Возев точно 3 години пред да се одлучам да отворам компанија во 2012 година. Тука морам да напоменам дека заедно со мојот парнер Таси Митев се одлучивме на тој храбар чекор и дефинитивно не погрешивме.

В

о овој трет број на Macedonian Social наш соговорник е Павле Биков. Човекот чија приказна до успехот вреди да се раскаже. Живот чиј пат до целта не бил воопшто лесен. Денес има сопствена и успешна компанија за камиони, Rafa Trans, но тоа не било отсекогаш така. Како стигнал до она што е денес ќе дознаете од прво лице, лично од него, во ова интервју за Macedonian Social. MS Што за тебе значи успех?  Павле: За мене лично успех значи кога ќе го достигнеш тоа нешто кое си го поставил како цел и визија. Кога тоа што го работиш те исполнува и мотивира и не се штедиш самиот себе си за да продолжиш по патот на успехот.

MS Кој беше твојот пат до успехот?  Павле: Патот до успехот не е лесен воопшто, мислам на сите нас кои имигрираме овде. Јас дојдов овде во 2007 година прв пат како студент да работам во Капе Код, тоа е прекрасно место близу Бостон. Дојдов во нова средина, тотално различна од животниот стил во Македонија. Но сепак тоа беше убаво лето каде што собрав многу искуство и дознав многу работи кои понатаму ти го олеснуваат патот и ти даваат правец во животот. После тоа лето се вратив назад во Македонија. Следното лето, 2008 се вратив пак на Капе Код каде што поминав уште 4 месеци по кои одлучив да го продолжам моето патешествие и да заминам во Чикаго. Тука веќе се соочив MACEDONIAN Social

16

MS Како се справуваш со сите предизвици што ги носи бизнисот со камиони?  Павле: Секоја работа си има предизвици, но мора да најдеш начин и да се справиш со секој проблем или предизвик. Морам да кажам искрено дека во овој бизнис мораш да имаш трпение и енергија затоа што има доста работи на кои мора да си целосно посветен и фокусиран за да ја донесеш компанијата до едно ниво каде што ќе се има доста обучен кадар и луѓе со кои можете да градите стабилна и безбедна компанија. MS Кој е Павле приватно?  Павле: Јас сум роден во Штип, Македонија, Во Америка сум веќе 12 години, оженет и татко на две прекрасни деца, Тоше и Натали. Сакам да патувам често и мислам дека тоа е нешто што ми дава дополнителна енергија и желба за поголем успех. Сакам да поминувам повеќе време со фамилијата, без


MS Твој совет до сите читатели на Macedonian Social?  Павле: Секогаш имајте план и храбро до остварување на своите замисли и цели. Бидете секогаш упорни во тоа што сте го замислиле. Упорност и храброст е клучот на успехот и никогаш не заборавајте од каде сте почнале. Благодарност до Macedonian Social за ова интервју и се надевам дека ова е само почеток на Вашиот пат кон успехот. Читајте Macedonian Social.

Подготви

Марија Главчева

Фото

Емил Ивановски

разлика дали тие ќе се овде или јас ќе сум во Македонија каде што живеат моите родители и сестра. Времето поминато со фамилијата ме исполнува и дава енергија за сите предизвици. Чикаго е дефинитивно еден од најубавите градови и често гледам да уживам со фамилијата или друштво во некој од многуте разновидни ресторани. MS На што сакаш да го трошиш слободното време?  Павле: Како што кажав и претходно, сакам да патувам и уживам со фамилијата. Исто сум доста посветен на здравиот начин на живот и сакам да одам во теретана. Тоше е 7 години и е целосно посветен на фудбалот па тоа дефинитивно ми е една од омилените работи и слатки обврски што ме прави среќен и исполнува, па сум често на утакмици и тренинзи. MS Ако не си она што си денес, што би работел и бил?  Павле: Па мислам дека доколку не бев со компанијата, пак би бил во овој бизнис, тоа ми беше еден од бек ап плановите. Сигурно би имал пак неколку камиони свои во некоја компанија. MS Што е твоја инспирација и формула за успех?  Павле: Среќен сум и горд на се што сум постигнал досега. Јас сум особа која сака да си поставува цели и се трудам да го остварувам тоа што ме прави среќен. Верувајте во себе, бидете храбри и упорни за да го остварите тоа што сте го замислиле. MS По кои патеки според тебе треба младите да одат за да бидат успешни?  Павле: Пробувајте и не се плашете од предизвиците. Се што ќе започнете си има ризик но тоа не треба да не спречи да започнеме со нешто ново. Правете го тоа што ве прави среќни, а откако ќе го пронајдете тоа што Ве усреќува и исполнува, верувајте дека тоа е клучот за целосно да успеете.


Здравје

Macedonian Social

КАКО ДО ПОДОБАР ИМУНИТЕТ?

С

ите знаеме како е чувството кога сме настинати: болка во синусите, чешање во грлото, кивање и тежина во целото тело. Само што сте на стартот на настинката, а вие веднаш почнувате да се проколнувате зошто не сте ги бришеле вашите раце по ракување со вашиот колега кој штотуку кивнал или пак ги броите ноќите што не сте спиеле доволно. Никој не сака да му се случи ова чувство, затоа треба да го одржувате имунолошкиот систем во форма на против инфекција, а тајната воопшто не е комплицирана: ,,Ако се грижиш за сопственото тело, имунолошкиот ситем ќе се погрижи самиот за себе” - вели доктор Тимоти Маинарди алерголог и имунолог.

Имунитетот е способност на организмот да ги препознае туѓите тела кои го загрозуваат и да се заштити од нив.

Јадете зеленчук и овошје

Јасна Величковска

Подготви

Најважниот начин да го одржите вашиот имунитет да функционира нормално е “старо школо” начин кој ретко се зборува за него: исхрана и вежбање” - вели Др. Маиндарди. “Да се има разновидна исхрана, е тешко што и го разбирам тоа, но дефинитивно вреди да се испроба и вашиот обид ќе ве држи поздрави на подолг рок. Храната богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки и протеини ќе го брани вашето тело против бактерии. Повеќе за исхраната и здравите навики прочитајте во статијата на Зорана.

Вежбајте редовно

Под туѓи тела кои штетно делуваат на нашиот организам ги вбројуваме разните бактерии, вируси и паразити. Имунолошкиот состав има улога да ги препознае, неутрализира, уништи и отстрани истите во процес кој се вика имунолошка реакција. Имунитетот функционира како механизам чија улога е воспоставување на бариера кон напаѓачите на организмот. Може да биде вроден или стекнат, активен или пасивен. Претставува еден вид интеракција помеѓу нас и нашата околина. Секојдневното информирање и читање за здрави навики, кои може да ги практикувате во вашата дневна рутина, можат да ги намалат болните денови, и одржат вашиот имунолошки систем појак и спремен против било кој вирус. Затоа ние сме овде да ве насочиме кон неколку здрави навики кои мислам дека ќе ви бидат и те како од помош во ова сезона на вируси и настинки.

MACEDONIAN Social

18

Вежбањето е она што го одржува нашето тело стабилно. ,,Колку и да звучи досадно, редовното вежбање и здравата исхрана се најважните фактори за вашиот имунитет”. – вели Др. Маинарди. Докажано е дека луѓето кои поголемиот дел од денот го поминуваат во седечка состојба имаат поголема веројатност да настинат или да заболат со некои посериозни болести.

Спијте доволно

Кога се осеќате преплавени со вашата бескрајна “листа на задачи”, може да биде примамливо да скратите од спиењето за да постигнете се’. Но доколку се’ почесто го скратувате времето за спиење може да прерасне во сериозна последица за вашето здравје. Постои асоцијација со недостаток на сок и боледување – објаснува тој. Медицинските сестри и хирурзите кои работат по 100 часови неделно, се изложени на многу поголем ризик за заразни болести и стравување на реактивирање на некоја болест од минатото.


Мијте ги рацете со вода и сапун

Миењето на рацете е извонредно добар начин да си помогнете да ја избегнете настинката, но исто така е и појава која не толку често ја правиме. Обичен сапун и вода е навистина она што ви треба.

Користете дезинфекција за раце

Доколку сте излезени и не сте во можност да ги измиете вашите раце со сапун, друга опција е дезинфекцијата на рацете со џебен распрскувач. Може да се набави во секаква големина и е замена за вода и сапун на кожата.

Конзумирајте пробиотик

Бактериите во цревата можат да влијаат на способноста на вашето тело да избегне инфекција. Затоа докторите предлагаат да се јаде храна со живи и активни култури. Пробиотиците може да ве заштитат од одредени воспалителни состојби. На пример ферментираната храна и пијалоци како што се камбуча и кимчи, можат да понудат дополнителни придобивки во однос на редовната исхрана.

Бидете скептични за додатоците кои тврдат дека го зајакнуваат имунолошкиот систем

Големи количини на хранливи материи, што ни требаат во организмот, можеме да ги добиеме од храната што ја јадеме која е препорачано да е свежа и што помалку обработувана. Бидејки со самото пржење или варење на храната избледуваат и потребните витамини. Витамините можат да се скапи, но доколку одлучите дека суплементите се задрави за вас, ве советуваме да ја земете препорачаната доза. Бидете внимателни со индивидуалните додатоци на витамини А, Д, Е и К што можат да бидат опасни за луѓето ако се земат во поголеми дози. Затоа Внимателно

Витаминска бомба за подобар имунитет  2 моркова  1 стапче целер  Сок од 1 лимон  Сок од 1 портокал  1 јаболко  1 банана  Малку мед (по желба)  Ѓумбир во прав (врв на лажичка)  1 чаша вода

Во сезона на грип и вируси, неколку типови на храна можат да ви помогнат во тоа да и се спротивставите на болеста и да го одржите имунитетот на високо ниво.  Ананас - состојките во анансот го тераат телото да произведува гранулоцити, од кои се создадени белите крвни клетки.  Лосос - Полн е со Омега-3, протеини, витамин Е и калциум.  Лути пиперки - полни се со копсицин

Остриги - полни се со цинк  Спанаќ - содржи железо, цинк и многу

витамин А

 Путер од кикиритки - полн е со итамин Е и антиоксиданти  Карфиол - содржи глутатион (ловач на вируси).

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека да добиете сок. Разредете со вода доколку ви е преконцентрирано. По кратко време ќе забележите дека имате повеќе сила и дека здравјето значајно ви се подобрува.

 Пилешка супа - вообичаен “бабин лек” кој содржи карсонин.

Автор

Јасна Величковска

Најдете партнер за вежбање или пак запишете се на некој од групните часови кој се достапни во теретаните околу вас, а наш совет е да пробате да вежбате во природа со инструктор Зорана

Главните делови на имуниот систем се коскената срж, тимусот, лимфниот систем, тонзилите и слезината

MACEDONIAN Social 19


Macedonian Social ЗОРАНА ЧАБАРКАПА

Сертифициран инструктор по спорт и фитнес Advanced Diploma in Sport and Fitness Certificate III and IV of higher education in Sport and Fitness Australian College of Sport and Fitness, Sydney, Australia.

ПРАВИЛА НА ИСХРАНА: ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ, А ШТО НЕ!

З

а да останеме долго во цветот на младоста, потребно е да се чуствуваме младо одвнатре. Физички вежби, правилна исхрана, откажување од лошите навики се само некои од начините да си го докажете тоа себеси. И потоа… насмевка на лицето па покажете го тоа и другите да го видат. За да имате здрав живот, треба да внесувате здрава храна и пијалоци, а тоа ќе допринесе со резултати и при физичка активност. Сето ова, на долг рок значи живот ослободен од болести и повреди. Нутриционизмот го ефектира нивото на енерија, ги диктира нашите чувства, мисли и изглед. Покрај видливите знаци, дехидрирана, сува кожа, очи без сјај, опаѓање и слаба коса, лошата исхрана има многу по длабоко и суштинско влијание врз целиот организам и ги зголемува шансите за здобивање со болести. ПРАВИЛНАТА ИСХРАНА И РЕГУЛАРНАТА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА СИТЕ БОЛЕСТИ. Без ригорозни диети, со правилна исхрана, распоредени оброци во идеално време, можете не само да ги намалите килограмите туку и да го подобрите вашето здравје. Прескокнување на главните оброци и меѓуоброци составени од индустриска храна ,се главните виновници за вишокот на килограми и нарушено здравје. Нашиот организам функционира различно во одреден период од денот и треба да знаеме која храна може најдобро да ја искористи, во кое време, a кога се складираaт некорисните елементи од храната.

Колку пати ви се има случено да не ви се станува наутро од кревет, не ви се оди на работа, не ви се излегува....Колку пати сте станале уморни , а денот го започнувате со шоља кафе? Започнете го со чаша вода, јаболко, па кафе. Нема правило и не би ви посочила како да се храните, што да внесувате повеќе а што помалку. Секое тело, организам е различен, секој од нас нема да реагира исто на сите препишани начини на исхрана. Треба да откриете што е прифатливо за вас, како телото и организмот би реагирале на различен тип на храна и кога лично вас ви одговара да доручкувате или ручате. На некој денот му започнува во 6 наутро, друг се буди во 9, работи во смени, или само ноќна смена. НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА МУ СЕ ПОСВЕТИТЕ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ. Многу истражувања докажале дека повеќето смртни случаеви не се од природна смрт, туку се резултат на болест. Лошата исхрана води кон зголемена телесна тежина. Внесувањето на премногу или премалку калории во текот на денот, како и на масти, шеќери и сол или внесување на храна без хранлива вредност, може само да ни наштети. За да не се здобиеме со зголемен холестерол, висок крвен притисок и срцеви болести, потребно е да внимaвате.

MACEDONIAN Social

20

ПРАВА ХРАНА ВО ПРАВО ВРЕМЕ Со внесување на разновидна храна, го исполнуваме условот за правилна исхрана, нема вишок на хранливи и помалку хранливи материи кои се таложат во телото, а со тоа одиме кон совршено тело и добро здравје. Исто така е многу важно и времето кога се внесуваат. Храната влијае на нивото на енергија, шеќер во крвта па дури и расположението. Протеини, здрави масти, влакна и витамини,овозможуваат градење и репарација на ќелиите во нашиот организам, содржат витамин Б, Е магнезиум, железо, цинк.(јајце, млеко и млечни производи, месо, грав, бадеми, семки, тофу, брокула, урда, туна, киноа, семки од тиква, ракчиња, мали зелки). Најголема застапеност во нашата исхрана треба да имаат ОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ. Имаат најголемо значење заради неопходните витамини и минерали. Оние кои вежбаат регуларно, 4/6 пати неделно, мора да ја одберат вистинската храна, за да им помогне да го издржат тренингот, потоа да планираат кога да ја конзумираат истaта, дали пред или по тренингот, и нормално, во која количина. Во исхраната многу е важно внесувањето на калориите. Се’ што внесуваме содржи калории, и се што правиме, ги троши истите. Па така ако за цел имате да ставите на мускулна маса, потребно е да внесувате повеќе калории од што трошите 300/500 калории дополнително од што до претходно сте внесувале. Обратно, ако за цел имате да ослабете, потребно е да внесувате помалку од што трошите, или да трошите повеќе, намалете 500 калории.


ШТО Е ПИРАМИДА ВО ИСХРАНАТА

O

ва е визуелен приказ на продуктите кои треба да бидат застапени во секојдневната исхрана. Количините се индивидуални, зависно од организмот-дали сте здрави, во фаза на раст и развој, дали имате некоја хронична болест, дијабетис....или едноставно сакате здраво да се храните.

Како што можете да видите, основата на пирамидата ја сочинува сите оние намирници кои секојдневно треба да ги конзумираме (ориз, компир...) Овошјето и зеленчукот се следниот поголем дел од пирамидата. Млекото, млечните производи се богати со калциум кој е важен за коските. Месо, риба, јајца, сирење изобилуваат со протеини потребни за раст и развој.

На врвот на пирамидата се сите оние намирници кои треба што помалку да ги конзумираме во текот на денот (десерти, масти...) Храната мора да биде минимално термички обработена , да се зачуваат хранливите материи. И секако да не ја заборавиме, не е храната неопходна, ВОДАТА е.

ЗДРАВИ НАВИКИ ЗА СОВРШЕНО ТЕЛО И КОЖА

М

оже да звучи апсурдно, но внесувањето доволно течности го спречува задржувањето на истите во организмот, а тоа допринесува да слабееме. Мислиме на вода, не на засладени и газирани напитоци. Намалената употреба на сол и шеќер го елиминираат проблемот со задржување на вода во организмот. Некогаш е доволно со исфрлувањето на вишокот вода од телото, да се ослаби до 3кг. Колку и да ни се чини комплицирано, здравaтa и правилнa исхрана е многу едноставна:

 Јадете во умерени количини, користете помали чинии за порцијата да делува голема  Читајте упатство и содржина на продуктите кои ги јадете, тие можат да ни помогнат да разбереме кои се состојките на производот, колку шеќер содржи, масти, јаглехидрати и протеини.  Потребата за храна е индивидуална  Не се прејадувајте, престанете со оброкот кога ќе се осеќате 80% најадени  Секогаш јадете на маса

 Јадете бавно, и размислувајте за храната што ја јадете  Изедете ја прво салатата па главниот оброк  Јадете разновидна храна  Имајте 5 оброка дневно, најдобро во исто време секој ден  Пијте доволно вода, една чаша на сабајле на гладно, и една пред секој оброк  Внимавајте на комбинирањето на храната.  Избегнувајте пржена храна, содиум и додадени шеќери (торти, бисквити, крем, кашкавал, путер, маргарин, колбас, компир, пудинг, алкохол, газирани пијалоци)  Избегнувајте тесто и зејтин И за крај, секогаш одберете интегрална пред рефинирана храна, за да ја задоволите потребата за благо посегнете по овошје, заменете ја солта со билки, пробајте да го намалите количеството на месни производи а зголемите зеленчукот. И, доколку состојките на некој производ не знаете да ги прочитате и не знаете кои се, очигледно е дека не треба да го конзумирате истиот.

Јаглехидрати

Запомнете, Вие сте она што го јадете.

Внесувајте јаглехидрати, за сила и енергија

зеленчук, јаткасти плодови, семки, киноа, овес, ориз, грав, грашок, леќа, боранија MACEDONIAN Social 21


Macedonian Social

РЕЦЕПТИ

ТУЛУМБИТЕ НА ТЕТА

Т

улумбите како рецепт потекнуваат од Турција. Самиот збор значи пумпа, а подетално не успеавме да откриеме зошто. Но овде сме да ви го претставиме рецептот на нашата читателка Биле која е позната по превкусните “Тулумби на Тета” во Чикаго. Таа веке 8 години како секојдневно ги прави тулумбите и кој пробал од истите побарал уште. Рецептот го има научено од тетка и која знае да каже:

,,Не секој може да направи успешни Тулумби. За овој рецепт ти треба трпение бидејки процесот е долг и бара умешност со храна”.

MACEDONIAN Social

22


Н

ајпрво пригответе го шербетот кој ја има главната улога на толумбите. Тој треба да е ладен затоа Биле ни препорачува да се направи од претходниот ден за убаво да олади. За шербетот потребни се 1 килограм шеќер, 500 мл вода и неколку парчиња лимон. Ставете се од состојките во тенџере да зоврие и да добие густа смеса потоа оставете ја смесата да се излади.

Смеса за тестото 1 На шпорет ставете ја водата (500мл) и масло за јадење (100мл) да зовријат. Во посебен сад ставете 350 г. бело брашно. Кога ќе зовријат маслото и водата се додаваат во садот со брашното и се мешаат додека не се добие хомогена смеса. Истата смеса се остава да излади околу 30 мин, но внимавајте да не ја оставите (оладите) предолго.

Во специјален калап народски кажано “Тулумбарник” ( кој може да го набавите од Македонија) или пак доколку немате можност да набавите, ставете ја смесата во вреќа за филување но треба да го имате металниот дел кој ја има формата на ѕвезда. Во загреаното масло на температура од 350 °F или 177 °C ставете од смесата за пржење. Формата на тулумбите им е долгнавеста и е во вид на повеќекратна ѕвезда. Големината зависи од самите вас и за каква пригода ви се тулумбите, дали ги сакате помали или поголеми. Се пржат околу 5-7 мин или додека не добијат убава боја. Така врели се вадат од маслото и се ставаат во веќе изладениот шербет да одстојат 10 мин. Потоа ги редиме во тепсија и со преостанатиот шербет истураме врз нив.

Откако тестото ќе олади, се додаваат 5 јајца, но процесот за успешно тесто е едно по едно јајце, никако не ги додавајте сите наеднаш. Откако ќе ги измешате јајцата едно по едно добиената смеса ја оставате да одстои 20-30 мин. но внимавајте да не е повеќе бидејки тулумбите нема да ви се успешни. Следен чекор е самото правење на тулумбите односно пржењето. Во длабоко тенџере или фритеза (кој што има дома) се става масло за јадење во голема количина (1л и повеќе) во зависност од големината на садот кој што е предвиден за пржење.

Некои имаат желба тулумбата да ја јадат пресна некои ја сакаат да отстои еден ден за убаво да впие од шербетот. Оставаме на вас да изберете кој начин ви е подобар, а ние не дочекавме да одстојат, од вештите раце на Биле во гладните стомаци на екипата на МС.

Macedonian Social

Sometimes the key to happiness is finding the key to the right home.

Let us help you look for it. Residential | Commercial | Investment | Rental

Kristiana Yordanova

Broker 773.621.8836 kyordanova@StarckRE.com

©2019 BHH Affiliates, LLC. An independently owned and operated franchisee of BHH Affiliates, LLC. Berkshire Hathaway HomeServices and the Berkshire Hathaway HomeServices symbol are registered service marks of HomeServices of America, Inc.® Equal Housing Opportunity.

MACEDONIAN Social 23


Macedonian Social

MAGIC OF WINTER FASHION SHOW НА 20 ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА, МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА „СВ. ПЕТАР И ПАВЛЕ“ ВО КРАУН ПОИНТ БЕШЕ ДОМАЌИН НА СЕДМОТО ПО РЕД, ВЕЌЕ ТРАДИЦИОНАЛНО, FASHION SHOW, КОЕ ГО ОРГАНИЗИРААТ ДАМИТЕ ОД ЖЕНСКАТА СЕКЦИЈА ПРИ ОВАА ЦРКВА. Сторија

Отец Георги Фото

Емил Ивановски

Б

лагодарение на посветените во Комисијата на Fashion Show, ова случување прерасна во еден прекрасен, добро организиран и многу посетен годишен настан. Салата при „Св. Петар и Павле“ беше претесна да ги собере присутните жени, кои беа повеќе од 450. Успешноста на овој проект се должи на големиот труд што го вложуваат дамите-организатори во текот на целата година. Потребни се многу луѓе, многу време и многу работа, за настанот да биде успешен. Fashion Show-то при „Св. Петар и Павле“ ги има сите атрибути на еден класичен настан од ваков вид. Се избира тема, според која се устројуваат сцената, декорациите и модните креации. Во соработка со локални бутици, се организира модна ревија на поставена платформа, по која дефилираат модели, избрани од нашата македонска заедница.

Fashion Show е многу добра забава, ама забава која има своја благородна цел. Имено, најважното за ова случување е дека тоа има хуманитарна перспектива, која кореспондира со месецот октомври, како месец посветен за подигање на свесноста за рак на дојка кај жените (Breast Cancer Awareness Month). Овој Fashion Show настан има за цел да ја подигне свеста кај жените за овој проблем, но истовремено претставува и донаторски настан преку кој се собираат средства за помош на оние жени што се борат со оваа болест. Овие средства се собираат преку лотарија за многубројните кошници со различни награди, подарени од донатори. Досега на ваков начин се собрани десетици илјади долари. 100% од овие средства, како и посебно дадените донации, се одредени и донирани за овие хумани цели. Еден дел се донира на Methodist Hospital Breast Center, друг на организацијата Simply wigs, која донира перики на заболени од рак, со што во некоја мера се олеснува тешкотијата на MACEDONIAN Social

24

оние што се подложуваат на хемотерапија, која може да има различни нус појави, вклучително и губиток на коса. Еден дел од средствата се распоредуваат на заболени од рак од нашата заедница, како знак на поддршка и солидарност. Многубројни се пораките на благодарност што се упатуваат до организаторите на Fashion Show-то, во кои пациентите коишто добиле перика или донација, емотивно раскажуваат како тој мал гест на поддршка им помогнал да не се чувствуваат осамени и малодушни. Голема е сатисфакцијата да се биде дел од планирањето и организирањето на еден ваков забавен и хуманитарен настан, но истото бара многу работа и време. Вредните рганизатори апелираат до сите оние што сакаат да помогнат во иднина, на било кој начин, со работа, време или донација, да ја контактираат Женската секција при „Св. Петар и Павле“ и да се вклучат во организацијата, бидејќи ваквата помош е многу повеќе од добредојдена.


Темата за овогодинешната седма по ред ревија беше Магијата на Зимата, или The Magic of Winter. Целата сала беше украсена во тој стил, а жените носеа снежни бои како би го симболизирале снегот. Сребрените кондури беа задолжителен дел, што допринесе забавата да биде од светски размери.

MACEDONIAN Social 25


Macedonian Social Во првите 24 часа откако пристигнав јас знаев дека Чикаго ми e влезен под кожа и во срце.

Но како и секоја љубов и Чикаго има своја маана, сообраќајот и гужвата можат да те извадат од кожа. Но со сигурност кажувам дека го сакам овој град! MS Од неодамна ја издаде твојата втора книга, ,,Вети ќе ме сакаш”, за која читателите велат дека тера на плачење и буди многу емоции. Како автор, што тебе ти разбуди таа книга?  Книгата беше напишана во еден од моите најтешки периоди, се наоѓав во нова етапа од животот и јас како и главната хероина изгубив некој кој многу го сакав и ми беше цел свет. Природно дојде да напишам книга за таа тематика, на некој начин книгата беше мојата терапија да се кренам на нозе и да се потсетам колку животот е убав и колку сеуште имам пред себе да искусам и доживеам. Не би сакала како Илина мојата хероина во книгата, да ја загубам мојата шанса за среќа и вистинска љубов. Тоа е и приказната на книгата, понекогаш животот е тежок затоа што се плашиме да побараме помош и правиме погрешни одлуки, а не е се во рацете на судбината, ние сме судбината, ние сме оние кои со секоја наша постапка го креираме текот на нашиот животен пат, затоа планирам да бидам многу внимателна со моите одлуки, затоа што животот понекогаш не дава втора шанса.

ИВАНА НАСКОВА ПИСАТЕЛКА, СТЕНД АП КОМИЧАРКА И ДЕВОЈКА - БОРЕЦ, ЧИИ ПИШАНИ ЗБОРОВИ ОСТАВААТ БЕЗ ЗДИВ И ЗАБРЗУВААТ ПУЛС

И

вана Наскова е новинарка, писателка, стенд ап комичар, лице од ТВ екраните во Македонија, девојка со големи сонови и високи цели во животот. Моментално е во посета на Чикаго и Америка, каде ужива, шета, твори и истражува. Кога веќе ни дојде на гости, ја искористивме шансата да ја запрашаме за животот, кариерата, книгите и она што ќе биде следно од неа.

MS Има најава за оваа книга да се претвори во филм. Нешто се крчка?

MS Ивана, веќе 2 месеци си во Чикаго. Малку на одмор и релаксација. Како ти се допаѓа овде?  Чикаго беше љубов на прв поглед! Слушнав од многу луѓе за неговата убавина, но навистина зборови не ја опишуваат убавината на овој град! Прошетав и видов многу места и градови, но Чикаго е мојата прва љубов во Америка, а првата љубов не се заборава. Ја сакам енергијата на градот, ја сакам архитектурата, парковите, езерото, плажите, ги сакам луѓето овде. Во првите 24 часа откако пристигнав јас знаев дека Чикаго ми е влезен под кожа и во срце. Интересно е како во исто време овде можеш да се почуствуваш како да си во некој мал град, но и секогаш да се изненадуваш со нови места и парчиња од градот. MACEDONIAN Social

26

 Затоа што се планира книгата да се пласира на Американскиот пазар уште во првиот момент еден од агентите кои се заинтересирани да ја издадат книгата го предложи токму тоа, приказната да се претвори во филм. Искрено затоа што доаѓам од земја каде навистина можностите се многу ограничени и одредени работи тешко се случуваат, кога првиот пат тој ми кажа за понудата за филм јас почнав да се смеам, за потоа да бидам уверена од човек кој има повеќе од 40 години искуство во ова поле, дека ДА, мојата книга е толку добра. Дека ДА, возможно е од неа да се случи прекрасен филм кој исто така ќе ги освои срцата на публиката. Тука веќе сфатив дека Америка можеби навистина е земјата на можностите, каде соништата се остваруваат.


MS Првата твоја книга ,,Совршениот странец” пишува за среќата, втората е тажна, што е следно?  Третата книга е веќе во тек, таа е еден вид на водич за девојките кои ја бараат својата вистинска љубов. Можеби не сум експерт на ова поле, но она што самата го искусив на своја кожа и она што го слушнав од луѓето околу мене, преточено во книга, мислам дека има големи шанси да помогне кога ќе се заплеткаме во сите оние прашања кои не мачат кога почнуваме да се гледаме со некој. Не сум сигурна сеуште но мислам дека ќе биде книга од која и момците ќе можат многу да научат за девојките. Спремна сум да го кажам секое мое искуство во ова поле и можеби затоа што сакам да бидам брутално искрена, ова ми е најтешката книга за пишување досега.

 Стенд Ап комедијата е нешто што излезе сосема случајно и за многу брзо време напреднав многу и во тоа поле. Имав неколку настапи надвор од Македонија и тоа ми дава мотивација да пробам и овде да го направам истото, зошто да не. Но сега засега книгите имаат приоритет. А во меѓувреме веќе имам толку материјал за следните Стенд Ап настапи кои ќе ги имам, затоа што инспирација ми се моите лични искуства и она што го забележувам околу мене, а верувајте за 2 месеци овде се случија толку многу работи што се одличен материјал за Стенд Ап шоу.

MS Кога се враќаш на работните обврски во Македонија?  Пишувањето е мојата работна обврска и таа не престана ниту додека сум овде во Америка. Напротив обврските се зголемија, третата книга во тек, претходните две се преведуваат и припремаат за издавање и тоа се процеси кои одземаат доста време и енергија. Но кога го работиш тоа што го сакаш, само небото е граница! MS Последниот ТВ проект на кој работеше беше ,,На шанк со Ивана”. Имаш во план да се вратиш на ТВ екраните во Македонија?

MS Твој совет за сите читатели на Macedonian Social?  Негувајте го она што е наше и што е дел од нашата култура. Овој весник е токму тоа. Овој весник е Македонија, овој весник сте вие. За поздрав се вакви проекти и секогаш ќе се радувам кога во земја толку далеку од мојата ќе можам да најдам списание на македонски јазик во кое се раскажуваат приказни за успешни македонци. Таков човек сум, се гордеам кога некој од нашето парче земја ќе направи нешто и за истото ќе прочитам во македонски весник. Одлични сте и знам дека ќе бидете уште подобри, посебно затоа што позади весникот како уредник застанува моја драга колешка и другарка, Марија Главчева, вистински професионалец и човек кој од секогаш ова го работела со многу љубов! Подготви

Марија Главчева Тука веќе сфатив дека Америка можеби навистина е земјата на можностите, каде соништата се остваруваат.

 Со ситуација како што е сега медиумскиот простор во Македонија, би била луда да се нафатам на такво нешто! Трн во здрава нога што би рекле старите. Жал ми е што ова ни се случува, таков шунд и неквалитет во медиумскиот простор не се сеќавам дека постоело досега. Нека не се навредат колегите, но се што беше добро и квалитетно укинавме, за да дадеме простор на турски серии, некои емисии каде деца настапуваат со текстови на песни од кои ми се крева коса и водители и новинари кои го немаат потребното школо и искуство и сето тоа е нешто каде не би сакала да се мешам. Секоја чест на луѓе кои се трудат да го спречат сево ова и да направат нешто добро, но јас мислам дека пониско во калта телевизискиот медиум кај нас не можеше да падне. MS Какви импресии имаш од Чикаго и нашата заедница овде?  Се радувам што сретнав толку пријателски лица овде, но во исто време и се растажував на секоја тешка животна приказна и борба за да се дојде во Америка и да се успее овде. За поздрав се сите оние наши луѓе овде кои безрезевно подаваат рака и помагаат, оние кои не го прават тоа и сеуште злобно коменираат и завидуваат зад грб треба под итно да поработат на губење на тој “балкански” менталитет. Се радувам што првите се побројни од вторите. MS Работиш и како стенд ап комичар. Дали можеби некогаш би направила стенд ап овде во Чикаго? Од што црпиш инспирација за стенд ап? MACEDONIAN Social 27

Фото

Емил Ивановски


НАСТАНИ

MACEDONIAN CONVENTION 2019

Св Кирил и Методиј, Blasdell, NY

МАКЕДОНСКИ ЦРКОВЕН СОБИР КАКО ПОМИНА МАКЕДОНСКАТА КОНВЕНЦИЈА 2019?

Т

имот на Macedonian Social присуствуваше и на овогодинешната, 45-та, јубилејна конвенција која се оддржа во црквата Св. Кирил и Методиј во Blasdell, NY, настан на кој се собраа голем дел од македонски иселеници низ Америка и Канада. Од нашето искуство од овa случување ќе споделиме дека беше навистина чест да се биде дел од овој 3 дневен настан кој со своите содржини и активности беше рај за душа и мелем за очи. Како и секоја година, конвенцијата се одржа во првиот викенд во месец Септември. Петок навечер се оддржа забавата за млади во салата на црквата. Саботата преку ден се оддржа традиционалниот турнир во фудбал. Саботата навечер започна со претставување на сите играорни групи, секоја од нив претставувајќи се со своја, оригинална оро-кореоргафија. На така убаво загреаната атмосфера се продолжи со забава за сите присутни, на која свиреше групата Балкан Ентертаинмент од Торонто. Неделата започна со пречекот на неговото високо преосвештенство, метрополитот Методиј, потоа следуваше утринската богослужба, па повторно турнирот во фудбал , на кој победи екипата на Ајакс, Онтарио-Канада. Неделата вечер се одржа гала вечерта, збогатена со прекрасната изведба на Соња и Оливер, доделување на награди и младинската игранка.

Следната година конвенцијата ќе се одржи во Детроит, Мичиген, а во 2021 година, домаќин на конвенцијата ќе биде Краун Поинт, Индијана. За тоа дека ова 3 дневно случување беше убавина за сите сетила покажуваат и фотографиите кои нашиот тим ги сликаше на конвенцијата. Уживајте во нашата мала гала-изложба од слики забележани од призмата на објективот на Macedonian Social. Следната година се гледаме во што поголем број во градот домаќин, Детроит. Конвенцијата е настан, случување на која се негува македонската традиција, музика, храна, спорт, се шират пријателства, се разменуваат контакти, па тоа нека остане така и биде што по масовно од година до година.

Macedonian Social Сторија

Марија Главчева Фото

Aлександар Митковски

MACEDONIAN Social

28


Macedonian Social

MACEDONIAN CONVENTION 2019

MACEDONIAN Social 29


МЛАДИ ТАЛЕНТИ

Macedonian Social

Н ИКОЛА МАРИЧ МЛАД АТЛЕТИЧАР ЗАКИТЕН СО 37 МЕДАЛИ НА СВОИ 24 ГОДИНИ

В

о ова издание на Macedonian Social ќе ве однесеме на стазите за трчање каде младиот талент Никола постојано се закитува со медали, признанија и пофалници. Тој е уште еден македонски талент кој се гордее со своите успеси. Никола Марич е роден во Лаке Форест Илиноис , но по потекло е од Битола. Го има завршено средното училиште во Аурора, Илиноис за да денес е студент на Benedictine university во Lisle Illinois. Со атлетиката се занимава последните шест години каде се има натпреварувано на различни настани како трчање 100 и 200 метри, долг скок, штафетно трчање 4x100 и 4x200 и многу други. Поразговаравме детално со Никола за неговите постигнувања на само 24 години, па еве што тој ни откри.

MS Од кога почна да се занимаваш со овој спорт?  Со трчање или атлетика почнав да се занимавам од седмо одделение. Порано играв амерички фудбал, но по повреда на Quadriceps muscle на десната нога морав да прекинам за да подоцна сфатам дека трчањето е она што ме исполнува. MS Како се одржуваш, колку пати тренираш и што вклучуваш во тренинзите?  Кога не е сезона се обидувам да останам во форма со тоа што одам во теретана и дигам тегови. За моето вежбање во сезона трчам по 200 метри или помалку за да ја задржам кондицијата. По тренингот со трчање одам во теретана, каде дигам тегови, но тие не се многу тешки, целта ми е мускулите да се зголемат постепено на безбеден начин. На крајот од целото вежбање се истегнувам за да можат MACEDONIAN Social

30


MS Дали атлетичарите имаат свој режим на исхрана? Како се храниш за подобра кондиција?  Јадам многу тестенини за да внесам повеке јаглехидрати, како и зеленчук за витамини и минерали што му се потребни на моето тело. Се обидувам да останам подалеку од црвеното месо пред трчање затоа преферирам бело пилешко месо. Не конзумирам газирани пијалоци, кафе и чај кога сум во сезона. MS Дали имаш добиeно медали, признанија, пофалници? Наброј некои што ти се позначајни ?  Во текот на мојата шест годишна патека се имам закитено со 37 медали и 24 признанија од 1во до 8мо место. Од година во година се трудев да постигнам се поголем и поголем успех. Еден од моите соништа беше да се пласирам во натпреварот на State Level, каде и ми се исолни желбата со некои потешкотии. Беше неизвесно дали ке учествуваме на Illinois State Finals со мојот тим бидејќи ден пред тоа јас ја повредив ногата и беше ставено под знак прашалник дали можам да издржам да трчам со истегнати мускули. Добивав голема поддршка од мојот тренер кој беше постојано со мене, правевме интензивни вежби и напори за

мускулите да се прилагодат на моето тело и да не чувствувам болка наредниот ден. MS Koи се твоите успеси? Наброј некој натпревар и каде си бил досега?  Имам учествувано на настани одржани во Илиноис државата, овде можам да ги споменам Purdue University, Illinois State University, Bellville HS , Noth Central college во Naperville, Rockford, Romeoville, Wheaton, Hinsdale HS и многи други. Во 2018 во Illinois Wesley University учествував во трчање во затворен простор 4x200 каде се пласирав на 8то место. Следната година во 2019 исто така зедов учество во трка на отворено на 200 метри. Имам учествувано и на Illinois State Finals каде бев 8ми на стаза 4x200 метри. MS Колку најдолго имаш истрчано? Кој е твојот рекорд?  Јас обично трчам на кратки стази, но ова се некои од моите рекорди: 100m (11.74), 200m (22.38), долг скок (6.47m), препони 110m (16.64) и 300m (42.7) како и штафетно трчање 4x100 (43) и 4x200 (1:28.38) школски рекорд во Metea VH.

да се натпреварувам. Се пласиравме на 6то место што бевме пресреќни што добивме можност да се натпреваруваме во финалето со најдобрите во цел Илиноис. Јас и мојот тим го освоивме 8то место во 4x200 метри за време од 1:28:38. MS Што работиш во моментов, дали имаш некој натпревар и во блиска иднина? Кој е твојот идол?  Во моментов се подготвувам за мојата прва сезона на Универзитетот Бенедиктин. Работам кревање тегови и се враќам на трчање секој ден. Сезоната во затворен простор започнува во јануари, така што едвај чекам да се натпреварувам

во новата година. Карл Луис е мојот идол, затоа што тој беше носител на светски рекорди на 100 метри и шампион на долг скок. MS Планови за во иднина?  Моментално сум студент на Универзитетот Бенедиктин отсек хемија, но овде не застанувам продолжувам со трчањето и нижењето на успеси. Исто така секоја година во Јануари волoнтирам во Step up for kids Lurie children’s Hospital во Чикаго каде се качувам по скали 80 спрата во АОН зградата. Се за децата. MS Твој совет за сите читатели на Macedonian Social?  Мој совет е доколку се насочите кон нешто и работите напорно, ќе го постигнете успехот и никој не може да ве сопре во вашите намери. Затоа работете го она што го сакате, а не она што другите го сакаат. Ви благодарам на можноста што ми ја дадовте да ја споделам мојата приказна пред македонската јавност во Чикаго и се надевам има многу како мене за кои еден ден ќе се пишува и за нив како за мене денес.


АНГЕЛА ЦВЕТКОВСКИ А

Macedonian Social

нгела Цветковски е млад студент која доаѓа од Детроит, фамилијарно по потекло од Македонија. Таа студира политички науки со историја на уметноста на Оакланд Универзитетот во близина на Детроит, односно Рочестер, Мичиген. Оваа дама е уште еден доказ дека нас македоците не има насекаде, од Америка до Австралија. Желбата да истражува, испитува и твори ја натерало да се запише токму на овој универзитет каде и се отвараат врати за успешна кариера. Млада, талентирана, насмеана и секогаш отворена за соработка ја прифати нашата понуда да ни долови интересна информација од нејзината посета ова лето во Израел. Веста дека во Израел студентите од Оакланд универзитетот откриле библиски град одекна како вирус по медиумите во САД, бидејки не се случува секој ден. MS Ангела, од кои причини замина за Израел, и што се случуваше таму? q Многу ме интересира историја и историја на уметноста, поготово од античко време и археологија. Археологијата е заедно поврзана со античката уметност и историја. И по тоа, археологијата во многу места на светот е поврзана со политиката. Ова лето нашата група од Оaкланд Универзитетoт ја водеше Професор Мајкл Питлик во Израел на археолошките наоѓалишта заедно со Хибру Универзитетот и нивниот реномиран Професор Јосиф Гарфинкел, кој е директор на ископувањето секоја година. Локалитетот кај што копавме се наоѓа во близина на античкиот град Лакиш, кој што бил важен центар на

МАКЕДОНКАТА КОЈА ГО ОТКРИ БИБЛИСКИОТ ГРАД ВО ИЗРАЕЛ

Доказите не лажат. Историјата можеби е точна, но археологијата е прецизна

MACEDONIAN Social

32


10-ти век пред нашата ера местото било Филистинска населба и археолозите велат поради ова, локацијата и други работи дека е Зиклаг, град напишан во библијата каде што Давид нашол засолниште од Цар Саул. Но, има некои експерти кои што не се согласуваат со ова мислење. Затоа ова ми е големо искуство и поука дека археологијата не е прецизна и има место за разни интерпретации, неизвесности, и пространости понекогаш. MS Што претставува откривањето на библискиот град за тебе? q Големо искуство и големо изненадување. Годинава бев прв пат на археолошко ископување, и Археологијата благодарна сум дека е заедно поврзана беше во Израел затоа со античката што е полн со многу уметност и историја остатоци од разни антички култури. Археологијата во Израел е важна за многу луѓе низ цел свет, затоа што воедно има библиска поврзаност. Нашето откритие сугерира дека библиските описи за Кралот Давид дека владеел со соединето царство, навистина содржат некаква вистина. Има некои теории кои сугерираат дека Давид не бил моќниот крал што е запишан во библијата, но само бил главен на некои племиња. Некои археолози се минималисти, а некој се максималисти. Минималистите велат дека не треба да се употребува Се пронаоѓам библијата како референца во уметноста никогаш во археологија. А додека уживам и максималистите рачунаат дека творам “Сé” во библијата е факт. Нашиот директор, Јосиф Гарфинкел, спаѓа некаде во средина. Тој вели дека некои работи што се напишани во библијата, како имиња на градови и податоци од прилика Царството на Јуда. За време од 200 можат да дадат индиции и да помогнат години меѓу 12-тиот и 10-тиот век пред со истражувањето. Јас исто мислам дека нашата ера, Лакиш бил напуштен, и сите библиските текстови се вредни извори како ние кои учествувавме во ископувањето што и оние кои биле други текстови од тоа прво мислевме дека се копа во нашето време. место за да пронајдеме дали луѓето од Лакиш се преселиле таму за тие години. MS Дали проектот е завршен или сé Но наместо тоа ние откривме библиски уште се истражува? град, што беше неочекувано. Сите бевме пријатно изненадени. Местото кај што q Местото кај што копавме се вика копавме е тел, што значи дека во земјата Кирбет Ал Раи, и за сега немаат намера има слоеви што се откриваат еден по пак да копаат таму наскоро. Сезоните за еден, и се што е подлабоко е од постаро ископување се во зима и во лето и траат време. Ние најдовме докази за населби од по три недели. На ова место ископините разни култури преку разни векови таму. Во почнале во 2015 година и до сега имало

6 сезони. Директорите на проектот и студентите од моето школо нема повеќе да копаат таму. Идната година имаат план да копаат на друго место. MS Што работиш во слободно време? q Во слободно време цртам, сликам или читам. Ова лето додека бев во посета на Ерусалим ја нацртав Давидова Кула, а исто така го имам нацртано и Манастирот на Свети Јован Канео Охрид пред две години. Се пронаоѓам во уметноста и уживам додека творам. Сликам на платно, цртам со графит и јаглен, а исто така и на дрво.

MS Кои се твоите идни планови? q Идната година треба да дипломирам на факултетот за Политички Науки и Историја на Уметноста, а потоа планирам да студирам Правен Факултет.

Подготви

Јасна Величковска


Macedonian Social

Есенски третман за убаво лице

Рецепт

ТРЕТМАН СО ТИКВА

К

ралицата на есента-ТИКВАТА е дефинитивно најдобрата есенска козметичка алатка која придонесува за блескава и убава кожа. Како од самата тиква, така и семките од неа имаат и многу бенефици кои содржат многу витамини корисни за нашата кожа.

Состојките кои ги содржи тиквата се:     

Витамини А, Ц, Е и Б Фолна киселина Фосфор Калциум Железо

Cите овие состојки помагаат при  Намалување на порите  Хидратација на кожата  Еластичност  Заштита од сончевите зраци  Превентира рано стареење на кожата  Го подобрува имуниот и дигестивниот систем Тиквата исто така содржи и овошни ензими, кои помагаат при отстранување на мртвите клетки на кожата, како и намалување на црвенило на кожата, нејзино хидрирање и природен сјај.

МАСКА ОД ТИКВА

Третманот од тиквата поинаку се нарекува и Pumpkin Treatment и постапката за истиот е:  На самиот почеток се прави длабок пилинг на кожата  Потоа се нанесува маска од тиква и се остава да отстои 15-20 минути.  Истата маска се отстранува со влажни и ладни сунгерчиња  Следува длабинско чистење на црнки или акни  Следен чекор е коолинг маската, која треба да отстои околу 15-тина минути  Потоа се прави 10 минутна масажа со масло од тиква  И овој третман се завршува со нанесување на Витамин Ц серум, колаген и хидрататна крема со СПФ 30

Душица Димитровски

Aвтор

MACEDONIAN Social

34

Во овој број, со сите читатели на

Macedonian Social ќе споделиме

домашен рецепт за маска од тиква  3 лажици пире од тиква  1 1/2 лажичка мед]  1 1/2 лажичка млеко  1/2 лажичка јаболков оцет Помешајте го сите состојки и нанесете ги на чисто и суво лице. Оставете ја маската да отстои 15-20 минути, а потоа измијте го лицето со топла вода. И за крај на домашниот третман нанесете дневна или ноќна крема, зависно кога ќе го правите третманот.


КНИГА НА МЕСЕЦОТ

Macedonian Social

СЕДУМТЕ СЕСТРИ

Лусинда Рајли

С

амиот наслов ни кажува дека станува збор за серијал од седум книги посветени за “Седумте сестри”.Писателката Лусинда Рајли моментално се наоѓа на број еден листата за најпродавани книги ширум светот. Нејзините книги претежно се со прекрасна љубовна и семејна содржина, измешани со иднината и сегашноста. Моментално на македонски се преведени првите пет кои ние во ова издание на Macedonian Social ќе ви доловиме дел од содржините на секоја книга. Маја, Али, Ѕвезда, Кеке, Тиги и Електра се посвоени од еден таинствен милјардер што тие го викаат Тате Солт кој умира и им остава загатка на секоја од нив како да стигне до вистинското семејство. Имињата ги имаат добиено по ѕвездите односно соѕвездието “Седумте сестри”.

“Приказната на Маја”

Маја Д’Аплиез и нејзините пет сестри се собираат во домот на нејзиното детство, Атлантида каде секоја од нив добива загатка како да го дознаат нивното вистинско потекло. Маја, нејзината трага ја одведува преку светот, во Бразил, до една палата во Рие Де Женеиро каде успева да ги состави делчињата од својата животна приказна.Овде писателката се навраќа 80 години порано во Рио од каде и се започнало.Татко и на Изабела (прабаба на Маја) има амбиции да ја омажи ќерка си во аристократска фамилија, а таа млада и желна да го види светот сеуште не е спремна за брачни обврски. Верена пред самата свадба таа оди на патување каде се заљубува во скулптурот кој во тоа време е помошник на градење на Исусовата Скулптура во Париз. По ова нејзино патување таа сфаќа дека животот веќе нема да е ист.

“Сестрата создадена од Бура” Станува збор за приказната на Али втората ќерка која е посвоена од страна на богаташот.Тој и остава писмо и еден мал предмет кој треба да и послужи како помош до нејзината цел. Од Швајцарија, Али заминува во Норвешка каде дознава дека потекнува од музичкото семејство на Ана Ландвик која пеела во “Пер Гинт” и поврзаноста со големиот музичар Григ. Таа исто така се запрашува и кој всушност бил нејзиниот татко посвоител, и зошто седмата сестра недостасува.

“Сестрата од Сенка”

Приказна што ги пренесува читателите од единствените планински и езерски предели во Кент, прекрасната “Градина на Англија”. Ѕвезда, најзагадочната од сите сестри се колеба да зачекори од безбедноста на блиското пријателство со сестра и Кеке, која е само неколку месеци помала. Тие две се многу блиски меѓу себе , како по годините така и по дружбата. Но во очај, решава да замине од дома, каде ја наоѓа книжарницата во Лондон, каде и се отвара цел нов свет. Исто и во третиот дел, Лусинда се навраќа сто години наназад. Раскажува за своеглавата и независна Флора која е заречена дека никогаш повеќе нема да се мажи. Ѕвезда дознава повеќе за неверојатното патување на Флора, па затоа решава и таа да тргне по истиот патот за да ја пронајде нејзината љубов.

“Бисерната Сестра”

Кеке Д’Аплиез никогаш и никаде не се вклопува. По смртта на татко и таа го напушта колеџот и гледа како нејзината сакана сестра Ѕвезда се одалечува од неа, разочарана заминува со една црно-бела фотографија кој е единствениот доказ за потеклото како и името на една

MACEDONIAN Social 35

австралиска пионерка што живеела пред сто години. На патот за Сиднеј, Кеке оди на единственото место каде се чувствува сигурна – Тајланд. Таа таму го запознава мистериозниот Ејс, човек осамен исто како неа, каде дознава дека тој крие голема тајна. Конечно таа во Австралија го наоѓа она што отсекогаш мислела дека е невозможно, а тоа е Дом.

“Сестрата на Месечината”

Петтата епска приказна од овој серијал е за сестрата Тиги која е најмистична и најдуховна од сите сестри. Таа патува до дивите планини на Шкотска, каде се занимава со нејзината професија, а тоа е грижа на ретки видови на животни. Како и останатите сестри и таа наоѓа некој во кој се вљубува. Овде таа открива од каде доаѓа нејзиниот темперамент, и дознава дека има циганска крв. За сестрата Електра и седмата сестра која е сеуште мистериозна и не знаеме за што станува збор во некое од наредните изданија на МС.

Подготви

Јасна Величковска


П

ред да навлеземе во темата, да расчистиме нешто - кога ќе дојде тој нагон да се чувствувате дека треба да седнете на интернет и да ги пребарате вашите симптоми за да откриете што не е во ред со Вас, бидете прво сигурни, она 100% сигурни, дека не сте опкружени со токсични личности. Смешно или не, ова има голема улога. Бидејќи секоја абнормална реакција во абнормална ситуација е тотално нормална. Професионалните лица кои се бават со специјализација за менталното здравје, кога имаат клиент или пациент тие неможат да побараат крвна слика, ехо, магнетна резонанца или рентген, за да видат што се случува. Начинот на кој што тие можат да дијагностицираат е преку симптоми и каква слика симптомите опишуваат. Симптомите, интензитетот на истите, времетраењето колку долго се присутни тие симптоми, и како влијаат на секојдневието на таа особа, се само мал елемент од таа слика. Некои нарушувања пак се предиспозирани од генетиката, додека некои пак се јавуваат во текот на животот предизвикани од животни ситуации, и како таа особа реагира, се справува, и преживува низ тие ситуации. На пример, особата која ја знаете како ведра, енергична, секојдневно среќна и полна со енергија, сега приметувате дека е без насмевка, без енергија или желба за социјализирање. И пред да речете дека се мрзливи и ги ставите во таа кутиичка каде вие би мислеле дека тие можат да се променат ама не сакаат, да ги објасниме разликите.

Macedonian Social

НАДВОР ОД ТЕМНИНАТА Депресијата е нарушување на расположението кое може да го доживее секој, без разлика на пол, возраст или социјален статус.

Пишува, Марија Ризоска Psychotherapist & Life Coach

комфорт. Во екстремни случаеви овие задоволства се заменети со секс, алкохол или коцкање, живеени во смисла како трчање по оној мал момент на адреналин кој ќе донесе задоволство. Преку овие задоволства, плачење или разговарање за загубата, тажните луѓе осеќаат некое олеснување. Многу е важно да се знае дека тагата е поврзана со одреден тригер.

Тагата е една од шесте основни човечки емоции што сите ги искушуваат во животот – страв, гнев, среќа, одвратност, изненаденост и тага. Како емоција, тагата е негативна и најчесто се случува кога има било каков вид на загуба, без разлика дали е финансиска, материјална, социјална или душевна. Луѓето кои се тажни во основа покушуваат да се справат со таа загуба која ја доживеале. Во зависност од значењето кое го имало она што го изгубиле, луѓето може да бидат тажни од неколку минути па до неколку години, но, најчесто тоа се кратки периоди на тажни емоции. Најчесто тажните луѓе имаат нагон да ги паузираат своите секојдневни активности за да можат да размислат и да рефлектираат за она што го изгубиле. Човечкото тело ова го процесира со намалување на физичката енергија и зголемување на менталната енергија, со што како резултат на тоа ќе приметите дека таа особа не е повеќе расположена за активности и бара задоволство во едноставните работи како комфортна храна или социјален

Доколку симптомите на тага не поминат, истите почнат да се влошуваат и тагата е константна повеќе од две недели, научниците препорачуваат личноста да се консултира со медицинско лице. Доживувањето на тажните симптоми во подог период или нивно влошување може да резултира со нарушување на неурохемијата. Истражувањата кои се водени преку годините докажале дека доколку особата е заглавена во таа тажна ситуација и тие тажни емоции во подолг временски период, тогаш има намалување на нивото на серотонин (исто така познат како неуротрансмитер за среќа), хипокампусот (кој е одговорен за човечките емоции и меморија) се смалува, и има нарушување на конекцијата и растот на мозочните клетки, кои играат исто така голема улога во ова. Доколку се примети дека таа тажна личност веќе неможе да функционира секојдневно како што функционирала претходно, и неможе да извршува основни дневни функции, можно е сето тоа да е знак на депресија.

Користете ги своите ресурси затоа што животот е бесценет и секоја лоша ситуација има решение.

MACEDONIAN Social

36


Да се разбереме на неколку полиња:  НЕ, депресијата не може туку така да исчезне;  НЕ, не значи дека таа особа е мрзлива ако претежно е во кревет;  НЕ, не може така да преминат преку тоа!  ДА. Професионалната помош е морална во оваа ситуација. Имајте разбирање дека депресијата е покомплексна од тоа. Ако може да замислите цироза и како црниот дроб е оштетен, тогаш разберете дека депресијата е слична на тоа и дека неурохемијата и мозокот се нарушени. Депресијата е нарушување на расположението кое може да го доживее секој, без разлика на пол, возраст или социјален статус. Она дека богатите луѓе се посреќни е мит. Многу луѓе кои имаат висок социјален статус, и можност да си дозволат се што ќе посакаат во животот, истотака се соочуваат со чувства на тага, осаменост, неисполнетост и депресија.

Депресијата има неколку симптоми кои се битни и константни преку денот и претежно секој ден:  Чувство на обесхрабреност  Тага  Безнадежност  Недостаток на мотивација  Загуба на интерест во оние активности во кои претходно таа личност наоѓала задоволство Во екстремни случаеви на депресија, може да приметите дека личноста се изолира и не комуницира со никого, нефункционирајќи во училиште или на работа. Оние битни аспекти во животот како што се фамилијарните/љубовните врски, учење или работен статус, социјален живот, веќе не се битни за таа особа. Нивоата на физичка енергија сега се веќе на минимум, мотивацијата и концентрацијата скоро и не постојат, и има драстични промени во спиењето и јадењето (било тоа да е премногу или премалку). Личната хигиена исто така е замарена.

1-800-273- 8255

National Suicide Prevention Line е телефонска линија каде би можеле да добиете помош без да го откриете вашиот идентитет.

За разлика од тагата, депресијата не е поврзана со специјален тригер и депресивната особа не може да каже што не е во ред. Наместо тоа тие имаат чувства на дисконекција помеѓу нивниот мозок и телото. Депресивната особа може да има желба и рационални мисли дека на пример мора да се движи за да се чувствува подобро, и сепак покрај сето тоа пак да остане во кревет. Претежно во такви ситуации луѓето не разбираат што се случува со нив, и се чувствуваат виновни што неможат да се променат. Ова има влијание на самопочитувањето и најчесто може да води до мисли за самоубиство. Кај децата, симптомите на депресија се искажани преку тага, иритабилност, загриженост, необјасниви болки, одбивање на одење во училиште, одбивање на активности со другарчињата. Кај тинејџерите, симптомите на депресија се искажани преку чувства на негативност, гнев, екстремна сензитивност, чувства на безвредност, или самонанесување на физичка болка преку површни посекотини на телото. Доколку симптомите на депресија почнат да се влошуваат или траат подолги периоди, можно е таа особа да доживува она што во оваа професија се нарекува големо депресивно нарушување или исто така познато како клиничка депресија. Во овој случај, особата плаче во неконтролирани моменти, со неконтролирани периоди, има изгубено надеж дека ќе дојдат подобри денови, се чувствува немоќно дека може да ја смени таа ситуација, и чувствува дека животот не е вреден да се живее. Ова би биле случаеви во кои би побарале професионална помош што побрзо.

Имајте на ум да прашате дали личноста има план и кој е тој план. Ако личноста има активни мисли за самоубиство во никој случај да не ја оставате таа особа сама. 911 е најбрзата опција за помош покрај линиите за превенција на самоубиството. Затоа некогаш кога ќе приметите некоја особа која се однесува различно од тоа што ја знаете, или од средината и културата од која доаѓа, пробајте да тргнете со своето размислување од место на разбирање, а не на осудување. Прашајте се можеби што ги мачи, дали можеби поминуваат низ некој тежок период, дали можеби скоро во животот имале некаква загуба? Се разбира, секое правило има исклучоци, и некои луѓе се едноставно “различни” и тоа им е основата на однесување, но исто така не знаете кому би можеле да помогнете или да спасите живот. Доколку знаете некого со симптоми на депресија и сметате дека професионална помош би им помогнала, или Вие сте таа особа, контактирајте: contact@innsaeichicago.com или јавете се на +1.312.799.0406 Марија Ризоска нуди lifecoaching сесии и психотерапија на Македонски, Бугарски, Српско-Хрватски и Англиски. Нејзина најголема страст и специјализација се деца и тинејџери со психолошки проблеми и проблеми во однесувањето, како и динамика во човечките врски, било тоа на љубовно, фамилијарно, бизнис или социјално поле. Доколку би сакале да дознаете повеќе посетете : www.innsaeichicago.com или InnSaei Chicago на Facebook или Instagram.


МАК МИКСЕР ВО ЧИКАГО ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА

Н

а 18ти Октомври 2019, македонците од Чикаго и околината се собраа во локален бар во Чикаго, каде членови на македонската заедница имаа прилика да се дружат и да разговараат за најразлични теми. Настанот беше промовиран од страна на генерацијата М, програма за младата генерација на Обединетата Македонска Дијаспора, чија цел е да се едуцираат, зајакнат и обединат македонците на возраст од 16 и 29 години низ целиот свет.

Кристина Димитриевски, глобален ко-претседател на генерацијата М и Алекс Полински, претставник на генерацијата М во Чикаго, беа главните организатори. Присуствуваа над 20 Македонци, кои воспоставија нови и ги зајакнаа веќе постоечките меѓусебни врски. Ова беше првиот настан организиран од страна на Алекс Полински како единствен претставник за Чикаго. Алекс со нетрпение очекува да биде домаќин на повеќе настани во иднина и да допринесе кон зајакнување на врските меѓу младите Македонци во Чикаго.

Macedonian Social MACEDONIAN Social

38

Следниот настан на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е прославата на 15-годишнината од формирањето на ОМД и церемонијата за доделување награди за 40 под 40 на 9 Ноември, 2019 година, во историскиот хотел Монако во Вашингтон. Доколку сте заинтересирани да присуствувате на овој настан, или ако ви требаат повеќе информации за ОМД или Генерација М, посетете ја вебстраната на Обединетата Македонска Дијаспора www.umdiaspora.org


Фото

Емил Ивановски MACEDONIAN Social 39


Load Type

Refrigerated goods & General Frieght Locations

Company Truck & Trailer Leasing 9001 W 79th Place, Justice, IL 60458 | Tel 708-929-4281 | Fax 708-929-4290

MACEDONIAN Social

40


Macedonian Social

СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ МОЗАИК ИКОНА

С

тојкоски Мирослав од Гостивар - Р. Македонија по професија е инжинер, технолог моментано вработен во приватна фирма во лабораторија за испитување на квалитет на асфалт. Изработката на мозаици е негово хоби, со кое почнал да се занимава пред четири години. Целта му била да го пополни неговото слободно време. Изработката на уметнички дела во вид на мозаик му преставува големо задоволство и целосно го исполнува. Бидејќи како што и самиот вели дека е верник, се одлучил за правење на слики од светци, кои ги донира во нашите храмови. Досега има направено повеќе мозаици меѓу кои: Св. Никола, Богородица, Вознесение Христово, Св. Ѓорѓија, Тајната вечера, Св. Илија, Архангел Михаел, а во изработка е и Архангел Гаврил. Неговите синови се во Чикаго и често пати ја споменувале црквата Св. Кирил и Методиј како и прекрасниот однос на отецот Тони, кој им е голема поддршка. Така Мирослав или накратко Миле дошол на идеја да изработи икона мозаик, во знак на благодарност и како би оставил трага од својата работа. Мозаикот Свети Кирил и Методиј го работел околу шест месеци, од кои три интензивно, бидејќи зимскиот период е послободен. Материјалот од кој е изработена е стакло во боја, од плочки во големина 2х2цм, кои потоа со елмас ги засекува и ги крши на помали парчиња. Парчињата се кршат со специјални клешти и се лепат со лепак на шперплоча. Готовата икона е испратена со помош на карго на Turkish airlines од Скопје која од неодамна се наога во холот на црквата Св. Кирил и Методиј и ја краси оваа црква со ремек делото на овој донатор. Сторија

МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

MACEDONIAN Social 41

Јасна Величковска


Macedonian Social

Prv u~ili[en den so roditelski sostanok

МАКЕДОНСКО УЧИЛИШТЕ “СВ НАУМ” КАТЧЕ ВО КОЕ СЕ УЧИ, НЕГУВА И ПРОДОЛЖУВА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА

Н Nastavni~kiot tim...

овата учебна година започна, како за сите училишта, така и за македонското школо ,,Св Наум”. Ова е катче во кое децата од најразлични возрасти се едуцираат на македонски јазик, образуваат, учат, дружат и се забавуваат. Училиштето функционира под покровителство на црквата ,,Св. Кирил и Методиј” во Вилоубрук, ИЛ и се наоѓа во посебна зградичка, зад самата црква, видлива од патот Кингери (Route 83). Иако школото започна, тоа не значи дека пријавувањето на нови ученици не е дозволено. Сите заинтересирани деца се добредојдени било кое време, во текот на целата година да се приклучат. Може да дојдат исто така пробно, на час или два да видат самите деца и родители дали се спремни да се вклучат во програмата или треба да почекаат. Моментално македонското школо брои помеѓу 20-30 деца. Единствениот услов кој треба детето да го исполни е да има 3 или повеќе години. Часовите се одржуваат еднаш неделно, во недела од 10:30 до 12:15, но постои иницијатива за зголемување на бројот на часови во текот на неделата, во попладневните часови. Тенденцијата е да се поделат децата на групи според возраста и според моменталното познавање на македонскиот јазик. За деталната програма и активности ја запрашавме Лилјана Алексовска Стојковска, учителка и волонтерка, жена која од се срце сака сите македонски деца во Чикаго и околината да научат да пишуваат и зборуваат на македонски.


*

Целта на нашето училиште е да ги претстави пред учениците сите аспекти на Македонскиот јазик, вклучувајќи зборување, читање, пишување и основна граматика. Тенденцијата е конверзацијата во училницата да биде исклучиво на македонски јазик. За постарите ученици се трудиме да презентираме елементи од Македонската историја, географија, култура и обичаи. Програмата и активностите не се строго дефинирани, флексибилни сме и се раководиме од возраста на запишаните деца и нивното моментално познавање на Македонскиот јазик. Наставата е интерактивна и покрај редовните активности како читање, пишување, зборување, разновидни вежби и игри, вметнати се и аудио/видео елементи за да на децата им биде поинтересно и полесно да следат. Покрај академските активности, во текот на годината организираме активности од забавен и едукативен карактер, како на пример филмски претстави, еколошки ден, спортски ден, приредби и забави за празниците итн... Школото ,,Св. Наум” во оваа структура постои веќе 7 години, со тенденција традицијата да продолжи со што поголем број на ученици. На прашањето какви приредби и настани ќе подготви училиштето и учениците, Лилјана ќе каже: Како и минатите години, планираме да организираме празнична програма на крајот на првото полугодие, која обично е во координација со црковната програма и доаѓањето на Дедо Мраз. За пролет се планира еколошки ден, кога го уредуваме училишниот двор и садиме цвеќиња и дрвца, олимписки ден што се состои од разновидни спортски игри од натпреварувачки карактер. За крајот на учебната година и патрониот празник на црквата ,,Св. Кирил и Методиј “ планираме да подготвиме приредба.

Ekolo[ki den

*

Priredba za Patronatot na crkvata Novogodi[na priredba so Dedo Mraz

Kraj na u~ebnata godina Наставничкиот тим на македонското школо е од волонтерски карактер и се состои од 5-6 учителки, кои се менуваат во текот на месецот. Секој е добредојден да се приклучи и стане дел од учителите, така што ако имате време, идеи и желба, добредојдени сте и Вие да бидете дел од ова едукативно катче кое многу значи. И за самиот крај на оваа сторија за Македонското училиште, Лилјана ќе каже: На читателите на Macedonian Social им препорачувам да го рашират добриот збор за ова школо и да ги запишат своите деца во училиштето. Ова е начин да им овозможиме на младите Македонци да го научат мајчиниот јазик и само така ќе се негува македонската култура и традиција, на овие простори, далеку од родната грутка.

*

MACEDONIAN Social 43


Н

Ова место освојува на прв поглед затоа што е интимно, приватно, а сепак отворено за сите. Овде слободно може да испланирате да го прославите Вашиот роденден, семејна веселба, крштевка, приватна или корпоративна забава, веридба или baby shower. Создадете спомени за цел живот и хармонија на чувствата токму во ,,Скадарлија”. Вратите се отворени секогаш и за секого само закажете на време. Кога станува збор за забави, не можат а да не се споменат настаните кои се организираат овде. Богатата музичка програма, посебно во петок и сабота навечер е приказна за која секој прераскажува како било. Затоа не дозволувајте да Ви раскажат, дојдете и забавувајте се.Ова е место на кое ако сте биле еднаш се враќате засекогаш, било за доручек, вкусен ручек или неодолива вечера, забава или настан кој не смее да се пропушти.

а само 15 минути од центарот на Чикаго, во срцето на населбата Брукфилд, ИЛ, се наоѓа местото кое никого не остава рамнодушен по својот стил, храна, изглед и програма. Ова е катче во кое секој се чувствува како дома, топло, пријатно и добредојдено. Ресторант ,,Скадарлија” е онаа уникатна локација која за многу брзо време стана популарно и атрактивно збирно место на сите македонци, балканци но и странци кои не можат да одолеат на тој шарм. Храната во ,,Скадарлија” е толку вкусна што едноставно не можеш да престанеш да јадеш. Буди спомени на скарата од Македонија, бурекот на баба, специјалитетите на мама. Менито нуди разновидни јадења, со или без месо, домашни рецепти од

РЕСТОРАНТ КОЈ ОСВОЈУВА НА ПРВ ПОГЛЕД македонските краишта, десерти за сите вкусови. Домашната ракија со мезе е дефинитивно мевлем за душа. Од пијалоци ги има сите видови на алкохолни и безалкохолни, разни коктели и листа на вина.

,,Скадарлија”, љубов на прв, втор и секој следен поглед и доаѓање MACEDONIAN Social

44


Halloween Party Macedonian Social Еден од највозбудливите и најинтересни празници во Америка е Halloween. Заштитен знак на овој празник е маската и забавите под маски кои се организираат со цел да се одбележи и прослави. За таа цел, како и минатата година, па така и оваа, женската секција и одборот на црквата ,,св.Кирил и Методиј” во Вилоубрук, на 27 Октомври, Недела, организираа Halloween Party за децата. За возрасните имаше ручек по повод празникот св. Петка. За најдобрите, најоригинални и најинтересни маски имаше и награди.

Фото

Александар Митковски

MACEDONIAN Social 45


info@truxins.com (331)240-1101

MACEDONIAN Social

46


Macedonian Social

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ

M

acedonian Social е непрофитна организација во која секој може да донира и рекламира. Делуваме од Чикаго, но сакаме цел свет да слушне за убавите работи кои вредат да бидат прочитани и видени. Затоа дозволете секој и секаде да дознае за Вас и вашиот бизнис или организација. Контактирајте не на

contact@macedoniansocial.org

или на телефонскиот број

1 708 646 3170 Вашето лого, реклама или мото може да биде прикажано во магазинов или на вебсајтот на Macedonian Social. Затоа што убавиот збор железни порти отвара, така заедно може да го обиколиме и влеземе во сечиј дом, бидеме дел од сечие секојдневие и допреме до секого и секаде. Ќе информираме за убавото и позитивно и затоа бидете дел од нашата голема македонска фамилија. Взаемната поддршка е повеќе од добредојдена, затоа вратите на Macedonian Social се широко отворени за сите.

DEAR FRIENDS

M

acedonian Social is a non-profit organization in which everyone can donate and advertise. We are a Chicago based organization, but we want the whole world to hear about the beautiful Macedonian things that are worth reading and seeing. So let everyone, and everywhere know about you, and your business or organization. Contact us at

contact@macedoniansocial.org or call, or text on the phone

1 708 646 3170. Your logo, ad or motto can be displayed in the magazine, or our website at

www.macedoniansocial.org

Because the beautiful word can open iron gates, so together we can walk around and enter each other’s home, be part of everyday life and reach everyone and everywhere. We will inform about the beautiful and positive, and therefore be part of our great Macedonian family. Mutual support is more than welcome, and our doors are wide open to everyone.

MACEDONIAN Social 47


VisualEtiquette www.visualetiquette.com

847-641-0796

PHOTO VIDEO DESIGN

Profile for MacedonianSocial

Macedonian Social 3  

Обоени во боите на есента, во ова есенско и ноемвриско издание доаѓаме со добро познатите содржини. Продолжете да не читате. Благодариме

Macedonian Social 3  

Обоени во боите на есента, во ова есенско и ноемвриско издание доаѓаме со добро познатите содржини. Продолжете да не читате. Благодариме

Advertisement