НУ КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Бр.05-555/4 12.05.2015 год.
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БР. 04-1/2015 ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА проект Реконципирање на постојаната музејска поставка во Кинотека на Македонија
-конкурсна документација-
Скопје, мај 2015
[меморандум на договорниот орган]
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ Почитувани, НУ.Кинотека на Mакедонија со адреса на ул.Никола Русински бр.1, телефон за контакт, 3071814; 3071815, факс 3071813, електронска пошта kinoteka@ukim.edu.mk има потреба од набавка на изработка на идејно решение за проект Реконципирање на постојаната музејска поставка во Кинотека на Македонија.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за избор на идејно решение по пат на конкурс за избор на идејно решение, во согласност со член 21 став 3 и член 105 од Законот за јавни набавки („Сл.весник на РМ“ бр. 136/07,130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14 и 130/14). Ве молиме Вашето идејно решение за горенаведениот предмет на конкурсот да ни го доставите најдоцна до 22.06.2015 година до 12,00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган. Со оваа покана, Ви доставуваме конкурсна документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на идејното решение. Отворањето на пристигнатите идејни решенија нема да биде јавно и ќе се изврши од страна на формирана Жири комисија од страна на договорниот орган по истекување на крајниот рок за поднесување на идејните решенија во просториите на договорниот орган. Однапред Ви се заблагодаруваме за соработката.
Во Скопје 11.05.2015 година
Овластено лице м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска _____________________________
Инструкции за учесниците 1. Договорен орган 1.1 Договорен орган е НУ Кинотека на Mакедонија со адреса на ул.Никола Русински бр.1, телефон за контакт, 3071814; 3071815, факс 3071813, електронска пошта kinoteka@ukim.edu.mk 1.2. Лице за контакт кај договорниот орган е Игор Старделов, тел. 3071 814, електронска пошта igors@maccinema.com 2. Рок, начин и услови за учество на конкурсот за избор на идејно решение Учеството на конкурсот е анонимно. Анонимноста на учесниците мора да се запази пред жири комисијата се додека таа не донесе мислење или одлука. За таа цел учесниците задолжително треба да ги достават идејните решенија во неозначени коверти и можат да користат шифри, наместо лични податоци. Анонимноста треба да се запази се до поднесување на извештајот од страна на жири комисијата. На најдобро рангираниот учесник Кинотеката на Македонија ќе му додели награда која е утврдена со одлуката и огласот за спроведување на конкурсот за избор на идејно решение. Крајниот рок за поднесување на проектите изнесува најмалку 35 дена од датумот на испраќањето на огласот за објавување во „Сл.весник на РМ„ и на веб страницата на Бирото за јавни набавки. Учесниците треба да ги достават своите проекти најдоцна до 22.06.2015 год. до 12 часот, во архивата на Кинотека на Македонија на ул.Никола Русински бр.1, Скопје. Проектите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени во предвид во оценувањето на истите. Содржината на поднесените проекти е доверлива до истекот на крајниот рок за нивно поднесување. 3. Предмет, цел и задача на конкурсот за избор на идејно решение Предмет на конкурсот за избор на идејно решение е - изработка на идејно решение за проект Реконципирање на постојаната музејска поставка во Кинотека на Македонија Ќе се врши избор на 1 (едно) идејно решение за проект Реконципирање на постојаната музејска поставка во Кинотека на Македонија. Пристигнатите идејни решенија ќе се вреднуваат врз основа на почитувањето на конкурсните барања, изводливоста, одржливоста, оригиналноста и репрезантивноста на решението, креативноста и инвентивноста во пристапот на изготвување, современиот третман на проектот, единственоста на решението и задоволувањето на сите прописи и нормативни акти за проектирање . Целта и задачата на започнување и реализација на конкурсот за избор на идејно решение е целокупниот простор предвиден за изложбената поставка во функција на Кинотеката на Македонија да добие културолошки и едукативен аспект претставувајќи ја кинематографијата и нејзините составни чинители – производство, дистрибуција, прикажување, едукација, филмска култура, аматерски филм, филмска критика и публицистика и заштита на аудиовизуелното наследство, односно да се претстави севкупната слика за развојот на македонската кинематографија, со посебен акцент на ”Вардар филм„.
При изготвување на идејното решение, договорниот орган на учесниците на конкурсот ќе им овозможи пристап до соодветната документација за објектот кој е предмет на конкурсот за избор на идејно решение и посета на локацијата. 4.Трошоци за поднесување на идејното решение 4.1 Учесниците ги сносат сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на идејното решение, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за избор на идејно решение. 5. Конкурсни услови • Конкурсот е јавен и анонимен. Право на учество имаат домашни и странски правни и физички лица. • Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 22.06.2015 год. до 12,00 часот. • Конкурсот завршува со избор на најдобро конкурсно идејно решение. • Конкурсните материјали и останатата коресподенција поврзана со конкурсот се пишува на македонски јазик. • Оценувањето на трудовите ќе го врши Жири комисија составена од 5 члена. 6. Жири комисија Оценувањето на идејните решенија поднесени на конкурсот ќе го врши Жири комисија избрана од договорниот орган, составена од 5 (пет) члена. Жири комисијата е самостојна во донесувањето на одлуките. Жири комисијата ќе ги оценува поднесените идејни решенија според критериумите за оценување, за што ќе поднесе извештај до договорниот орган и до учесниците на конкурсот. 6.1.Жири комисијата ќе го изврши оценувањето на идејните решенија и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот. 7. Критериуми за избор на најдобро рангираниот проект Жири комисијата ќе изврши избор на најдобро идејно решение врз основа на следниве критериуми: - Креативност и современ изглед на предложениот внатрешен дизајн; - Едноставна изведливост на предложените решенија; - Употреба на материјали и системите кои не подразбираат високи трошоци за набавка, вградување, изведба и одржување на целокупните работи и елементи наменети за реконструкција на изложбената поставка; - Лесна согледливост на просторот и добра функционалност; - Флексибилност
на
изложбената
поставка
и
можност
за
лесна
трансформација на просторот, според различните потреби; - Можности за вклучување на интегрирани технологии и системи за интерактивно и мулти-медиско проследување на поставката и аудиовизуелните материјали. Жири комисијата е независна во одлучувањето при изборот на најдобар проект врз основа на критериумите утврдени во конкурсот.
8. Начин на поднесување на проектите Проектите се предаваат задолжително во аналогна форма и во дигитална форма (ЦД со текстуално образложение и сите графички прилози во формата pdf и dwg како и 3D анимација). Трудот во дигитална форма се предава во пластична опаковка со напишана шифра на трудот на самото ЦД. Трудот во аналогна форма се предава во непрозирна опаковка со список од сите прилози.Сите графички и текстуални прилози мораат да бидат означени со шифра во долниот десен агол. Графичките прилози да бидат презентирани на А3 формат, печатени во боја, а текстуалните прилози на А4 формат. Учесникот може да предаде по еден конкурсен труд. Сите заинтересирани учесници можат да ја посетат Кинотеката на Македонија и да добијат дополнителни информации доколку им се потребни. Трудовите се предаваат во затворен пакет со натпис за ,,Конкурс бр.05- /2015 со шифра и со јасно напишана препорака ,,Не отварај,,. Податоците за авторот треба да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со ознака ,,Автор,, и назначен со истата шифра. Во друг затворен плик со назнака ,,Адреса за враќање на трудот,, и назначен со иста шифра, треба да се наведе адресата на која ќе се врати ненаградениот конкурсен труд. Останатите прилози кои треба да ги достават учесниците се наведени во Проектната програма. 9. Награди Договорниот орган ќе додели: - прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 40.000,00 денари. - два откупа од по 3.000,00 денари. Оваа награда истовремено ќе претставува и откуп на авторските права и обештетување на авторот во целост, за што истиот мора да пополни и да достави соодветна Изјава за согласност дадена во прилог на конкурсната документација . Со исплатата на конкурсниот труд договорниот орган се стекнува со право на употреба на наградениот труд во целост. 10. Дополнителни информации Конкурсната документација може да се преземе преку веб страната на Бирото за јавни набавки. Дополнителни информации и материјали (ЦД) можат да се подигнат во архивата на Кинотеката. Само учесниците кои ја презеле документацијата по објавениот конкурс имаат право да учествуваат. Пријавените кандидати прифаќаат дека дале согласност за откривање на идентитетот по извршениот избор. Конкурсниот труд што нема да ги содржи сите елементи опишани во конкурсната документација, односно е доставен ненавремено или е некомплетен нема да биде предмет на разгледување од страна на жири комисијата. Идејните решенија кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на конкурсот. 11. Известување на учесниците на конкурсот До сите учесници на конкурсот се доставува известување за извршен избор на најдобро идејно решение во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на одлуката за избор на најдобро идејно решение. 12. Завршни одредби • Со учество на конкурсот изготвувачот на трудот ги прифаќа условите на конкурсот, • Договорниот орган со доделување на наградата ги откупува авторските права, • Договорниот орган го задржува правото да врши измени во идејното решение, • Жири комисијата нема да ги разгледува оние конкурсни трудови кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите и расписот на конкурсот.
Прилог 1 – Изјава со која учесникот на конкурсот ги отстапува авторските права врз идејниот проект
ИЗЈАВА
Јас_________________________________, учесник на конкурсот за избор на идејно решение за проект Реконципирање на постојаната музејска поставка во Кинотека на Македонија објавен на ден _______________.2015 год., од страна на НУ Кинотека на Македонија, изјавувам дека се согласувам со целосен откуп/отстапување на авторските права врз мојот идеен проект кој го доставувам во прилог.
Место и датум
Учесник на конкурсот
----------------------
--------------------------------
ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за реконципирање на постојната музејска поставка во Кинотека на Македонија со посебен акцент на „Вардар филм“ Целокупниот простор предвиден за изложбената поставка во функција на Кинотеката на Македонија треба да има културолошки и едукативен аспект претставувајќи ја кинематографијата и нејзините составни чинители – производство, дистрибуција, прикажување, едукација, филмска култура, аматерски филм, филмска критика и публицистика и заштита на аудиовизуелното наследство, односно да се претстави севкупната слика за развојот на македонската кинематографија. Функционалната поделба на просторот треба да овозможи повеќенаменско користење, односно претставување на содржините на светската и пред се на македонската кинематографија по периоди, што значи дека поставката треба да има конкретен тек/правец и насока: — во смисла на насока и патека на движење на „нарацијата“ на поставката; — или поделба на истото по сегменти. Значи, во секоја од просториите (влезната аула заедно со видеотеката и галеријата) да биде сместена музејска поставка за различен период од развојот на кинематографијата во континуитет. За посетителите да добијат заокружена слика за развојот на македонската кинематографија, на адекватен начин и во континуитет, треба да бидат претставени следните изложбени целини: — почетоците на филмот во светот и кај нас, од своите почетоци до моментот на почетокот на филмската продукција кај нас; — филмската продукција кај нас – од своите почетоци до актуелниот миг и со особен акцент на продуцентската компанија „Вардар филм“; — дистрибуцијата, прикажувањето и наградите, од своите почетоци до актуелниот миг; — развојот на киномрежата, од своите почетоци до актуелниот миг; — заштитата на аудиовизуелното наследство кај нас, од своите почетоци до актуелниот миг. За таа цел, потребно е да се претпостават/предвидат различни типови на витрини во зависност од потребите на експонатите (дробни и крупни музејски експонати – единечни и/или групирани). Исто така, потребно е да се предвиди простор за останатите крупни единечни експонати (филмски проектори, филмски копирки, монтажни маси, и слично). I.
ПРОСТОРИИ (ПРОСТОРНИ СЕГМЕНТИ) НА МУЗЕЈСКАТА ПОСТАВКА — Влезна партија (фоаје) со површина од 400 м2 — Видеотека (мини-кафетерија) со површина од 50 м2 — Галерија со површина од 125 м2 — Дополнителна просторија (спомен-соба) околу 55 м2 Вкупно: околу 630 м2
II.
СОДРЖИНИ НА МУЗЕЈСКАТА ПОСТАВКА
1. Светска кинематографија – предисторија, почетоците на кинематографијата, филмови и автори кои го одбележале првото филмско столетие (преку фотографии, плакати, крупни и дробни музејски експонати, видео-презентации и други презентации со помош на новите технологии и сл.) 2. Македонска кинематографија А. Период 1897-1945 Почетоци (први фотографии, први филмски снимања и проекции, крупни и дробни експонати, плакати, фотографии, видео-презентации и други презентации со помош на новите технологии) Браќа Манаки (камера 300, други апарати, фотографии, макета на киното во Битола, крупни и дробни експонати, плакати, фотографии, видео-презентации и други презентации со помош на новите технологии) Арсениј Јовков и пионерите на филмот во Македонија (Кирил Миноски, Благоја Поп Стефанија, Сифрид Миладинов, Благоја Дрнков, Хигиенски Завод, народен Универзитет – фотографии, портрети, крупни и дробни експонати, плакати, видеопрезентации и други презентации со помош на новите технологии) Б. период 1945 до денес Конституирање на повоената кинематографија (факсимили од документи, одлуки, решенија, записници, логоа, видео-презентации и други презентации со помош на новите технологии...) Вардар филм (артефакти, документи, експонати од продуцентската компанија, други крупни и дробни експонати, плакати, фотографии, видео-презентации и други презентации со помош на новите технологии...); Филмска продукција (фотографии од секвенци од играни, документарни и анимирани филмови, плакати, факсимили од сценарија, договори, книги на снимања и друга пишувана документација, портрети на автори, сценографски и костимографски скици, реплики на сценографски решенија и костими, техника, реквизити, како и други крупни и дробни експонати, плакати, фотографии, видео-презентации и други презентации со помош на новите технологии...) Дистрибуција и прикажување (развој на киномрежа, графикони, документи, фотографии и плакати од странски филмови, кино сали, експонати, проектори, монтажни маси, премотувачи, итн...) Едукација, филмска култура, аматерски филм и филмска критика и публицистика (ФДУ, документи, факсимили, фотографии, плакати, прес-клипинзи, изданија...) Награди (плакети, признанија, статуетки, и други дробни експонати...) Општествени организации и институции (Друштво на филмски работници, Киносојуз, Кинотека...) Филмски фестивали – ИФФК „Браќа Манаки“, Скопски филмски фестивал, Астерфест, Синедејс, Фестивал на аматерски филм, Македокс... (плакати, фотографии, каталози, статуетки/награди/плакети и разни други дробни пропагандни материјали, како што се: билтени, програмки/летоци, покани, итн.) III. РЕЖИМ НА РАБОТА НА ПОСТАВКАТА (ПО СЕГМЕНТИ НА ПРОСТОРОТ) 1) Влезна аула (фоаје): фиксен режим / постојана поставка.
Заради специфичното користење на влезната аула, при конципирањето на изложбената поставка треба да се внимава да не се нарушат главните движења кон кино-салата, библиотеката и кон главните скали кон горниот кат на кој се сместени канцелариите на Кинотеката и Универзитетот
за
Аудиовизуелни
Уметности
-
просториите на
Европска
Филмска
Академија ЕСРА. Бидејќи фоајето е збирно место на поголем број посетители на кино-проекциите, треба да се внимава поставката да не го попречува слободното движење, а оттаму и безбедноста на корисниците. Вратата кон сервисните скали лоцирани на северната фасада не смее да биде блокирана. 2) Видеотека со мини-кафетерија и гифт-шоп: фиксен режим / постојана поставка; Просторијата треба да биде решена на начин што ќе овозможи непречено проследување на дел од изложбената поставка, но и можност за дружење. Треба да се предвиди: работен простор (пултови) за двајца вработени; можност за прегледување на видео материјали и информации на таблет и лаптоп-компјутери и преку други технологии; треба да се обезбеди простор за седење и да се предвидат автомати за кафе и пијалоци, кои нема да пречат на режимот на користење на просторот. да служи и како гифт-шоп за книги, ДВД-а и сл. Напомена:
Дел,
или
целата
просторија
може
да
биде
интегрирана со главното фоаје, но треба да се предвиди режим на користење кој ќе овозможи заштита на продажните изданија и на материјалите за прегледување, како и на просторот за вработени. 3) Галерија: мешан фиксен и мобилен режим / фиксна и променлива поставка. Централниот дел од просторот, како и евентуално горниот/високиот дел од ѕидовите – да биде фиксен режим со постојана поставка, додека долниот/нискиот дел од ѕидовите – да биде со мобилен режим и променлива поставка (да се предвидат можности за употреба на тој простор за различни видови изложби и слично). Во рамките на галеријата би можело да се предвиди и дополнителна платформа – мезанин (не повеќе од 20-25% од површината на
постоечкиот простор од 125м2) каде би биле сместени пунктови за прегледување на визуелни и аудио материјали за посетителите. Капацитетот, во зависност од идејното решение, треба да овозможи пристап на 6-12 корисници. 4) Дополнителна просторија со спомен-соба: фиксен режим / постојана поставка. Во дното на просторијата, кон страната на северниот ѕид да се предвиди магацински
простор
сместен
во
мезанин
со
соодветен
пристап.
Површината на мезанинот не треба да биде поголема од 40% од вкупната површина на оваа просторија т.е. треба да изнесува приближно од 20м2 до 22м2. IV. АРХИТЕКТОНСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ Што се однесува до неопходните потреби за интервенции на елементите на просторот, потребно е да се предвидат и запазат следните работи: — Интервенции на подовите Освен за галеријата и за видеотеката (кафетеријата), каде е дозволена употреба на еластична, монолитна подна облога (пр. винил, линелеум или сл.) во сите останати простории подните обработки остануваат исти. Дозволени се интервенции од типот на инфо-графика и/или фокални решенија со соодветни, тенки и самолепливи подни сегменти. — Интервенции на ѕидовите и плафоните Преградниот
ѕид
од
гипс-картон
помеѓу
галеријата
и
дополнителната просторија (спомен собата) може целосно или делумно да се отстрани и дозволена е интервенција до носивата конструкција на армирано-бетонското ѕидно платно. Максималната широчина на отворот, според лимитацијата на ѕидната конструкција во ширина, може да изнесува максимум 2.50м до 2.60м. Ѕидот помеѓу фоајето и видеотеката, исто така може делумно или целосно да се интервенира. Останатите
ѕидови
не
смеат
да
се
интервенираат
со
дополнителни отвори. Во сите простории, освен во Галеријата, може да се интервенира со боја за ѕидови и/или со посебни ѕидни сегменти, но треба да
се има на ум економичноста и одржливоста на предложените материјали и/или ѕидни облоги. Истото важи и за плафоните. — Интервенции на главните скали кон првиот кат Обработката на скалниците треба да остане непроменета. Минимални
интервенции
се
дозволени
на
оградата
и
ракофатите, но не смее да се врши видоизмена на нејзината конструкција. — Интервенции на скалите кон галеријата Обработката
на
соодветствува
скалниците на
треба
да се
ново-предвидената
промени
подна
и да
облога
во
галеријата. Доколку според идејното решение постои оправданост за редефиниција, измена и/или предвидување на нов тип на скали кои би ја подобриле функцијата на просторот, во тој случај скалите можат да бидат предмет на интервенција. — Интервенции на облогите на столбовите во влезното фоаје Освен во случај на интегрирани решенија кои се дел од целокупниот дизајн на просторот, мермерната обработка на столбовите треба да биде задржана. — Интерванција на влезните врати во кино-салата Во склоп на идејното решение, влезните врати во кино-салата треба да соодветствуваат на новиот дизајн на ентериерот, па оттаму можат да бидат и интервенирани (заменети, обработени со соодветна облога и сл). V. ОСВЕТЛУВАЊЕ — Да се реши (дизајнира) вештачкото осветлување во сите просторни сегменти опфатени според идејното решение за реконструкција на изложбената поставка, со посебен акцент на правилното осветлување на изложбените експонати. — Да се конципира флуксот на природното осветлување и транспарентноста (еднонасочно и/или двонасочно со принтани фолии и/или слично) на стаклените отвори; со графички апликации на истите – како кај горниот дел на влезната партија (фоајето), така и во високиот дел на истиот. — Ѕидот на кој е струјната табла (струјомери, осигурачки, прекинувачи...) физички да се оддели од музејската поставка, но да биде пристапен.
VI. ЕЛЕМЕНТИ ВО ЕНТЕРИЕРОТ И ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА — Да се предвидат нови изложбени паноа, витрини, постаменти и слични подвижни и фиксни елементи за презентација на изложбената поставка. — На ѕидот над влезовите во кино-салата и кино-кабината да се предвиди видео ѕид т.е. монитор (или монитори) на кои ќе одат најави и инсерти од филмската програма, како и други комерцијални или некомерцијални содржини. — Пултот за продажба на карти да се промени или да се направи нов дизајн кој ќе кореспондира со целокупниот простор. — Да се предвидат и пунктови и/или интегрирани системи за проследување на видео и аудио записи (проспектори и сл.) преку дигитални прожектори, скринови и друг тип на мулти-медиски системи и нови технологии за проследување и доживување на слики и звуци. — Да се предвиди можност за интерактивно проследување на изложбените експонати (интефејс дизајн) преку “паметните” електронски направи (пр. телефони, преносни компјутери и сл.) — Да се предвидат соодветни елементи за сигнализација: пр. инфо-табли, тотеми, банери и слично, кои јасно ќе даваат информации и дирекции на корисниците и посетителите на просторот. Напомена Постоечките витрини во влезното фоаје (вкупно 4 со димензии: 100x100x225см) треба да бидат интегрирани во предложеното решение.
КРИТЕРИУМИ ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА КОНКУРСНИТЕ ТРУДОВИ При валоризацијата на приложените идејни решенија, предност ќе имаат и посебно ќе се оценуваат следните аспекти: — Креативност и современ изглед на предложениот внатрешен дизајн; — Едноставна изведливост на предложените решенија; — Употреба на материјали и системите кои не подразбираат високи трошоци за набавка, вградување, изведба и одржување на целокупните работи и елементи наменети за реконструкција на изложбената поставка; — Лесна согледливост на просторот и добра функционалност;
— Флексибилност
на
изложбената
поставка
и
можност
за
лесна
трансформација на просторот, според различните потреби; — Можности за вклучување на интегрирани технологии и системи за интерактивно и мулти-медиско проследување на поставката и аудиовизуелните материјали. Сите приложени решенија, од технички аспект, треба да ги поседуваат следните прилози: 1.
Текстуален дел Текстуално
образложение
на
концептот
(есеј)
со
информации
кои
кореспондираат со графичките прилози. Формат: А4 Максимален број на зборови: 500 Тип и големина на фонт: Arial, 11 2.
Текстуално-графички референци во функција на концептот и идејното решение (пожелно е да бидат во продолжение на текстуалниот дел, на А4 формат, но делумно можат да се најдат и ускладени на графичките прилози, според избор на авторот).
3.
Графички прилози Формат: 100/70 см (B1 формат) Број на формати: максимум 3 Материјален носител: високограмажна хартија (хамер), или слична подлога за дигитален печат Содржина на форматите: 3.1. Основи на приземје и дел од 1-ви кат со диспозиција на елементите од ентериерот, со легенда и јасни обележувања на целините, сегментите и распоредот. Размер 1:100 3.2. Пресеци и изгледи со јасно обележани елементи. Размер 1:100 и 1:50 Секоја поединечна просторија треба да ги содржи (минимум) сите 4 изгледи и доколку треба да се даде одреден карактеристичен пресек, во тој случај треба да има минимум по еден подолжен и еден напречен пресек. Доколку е потребно, треба да се приложат и дополнителни карактеристични пресеци, т.е. изгледи неопходни да се проследи
дизајнерската
замисла
за
изложбената
поставка
и
предложениот концептот (пр. во случај кога станува збор за повеќе слоеви на распоредот на поставката). 3.3. Детали со поединечни елементи и сегменти (витрини, паноа и сл). Размер: 1:100, 1:50 или според потребната големина за согледување 3.4. Дијаграми со анализи на: 3.4.1.
Површините
3.4.2.
Движењата
3.4.3.
Осветлувањето, како и шема на осветлување
3.5. 3Д прикази и/или фото-монтажи 3.6. Прикази на предложената фиксна и мобилна опрема на ентериерите (пр. самостоечки витрини, ѕидни витрини, пултови, места за проследување на видео записи, опрема за седење, и сл.) Овие прилози не мора да бидат детално разработени, доволен е концепциски приказ и/или референтни визуелни патокази кои ќе ја доловат идејата за опремата. Секако, можат да бидат прикажани и авторски решенија (изгледи, 3Д рендери и сл.) на елементите предвидени за ентериерот. 4.
Прилози во дигитален формат (на CD) 4.1. Текстуален прилог во Word документ, или на PDF формат 4.2. Графички прилози во: AutoCAD (снимени макс. до верзија 2012) формат; или на PDF во висока резолуција (B1 формат со мин. 150dpi). За поединечните прикази (рендери и сл) може и во JPG формат со коректна резолуција за екранско проследување. Напомена Конкурсните трудови кои не ги задоволуваат минималните критериуми според бараните прилози, ќе бидат дисквалификувани. Во склоп на проектната програма, доставени ќе бидат следните материјали: 1. Основи на приземје и кат во печатена форма на А3 формат (1:200) 2. Фотографии (во дигитална форма) Дополнителни информации (од типот на поединечни мерки и детали) заинтересираните можат да ги проследат на лице место, во просториите на Кинотека на Македонија.